Една од најхаризматичните ѕвезди во Холивуд е несомнено Дензел Вашингтон, а неговите цитати ќе ви покажат колку е важно да верувате во себе и никогаш да не се откажувате од сопствените соништа.rnrnrn
„Среќата настапува во моментот кога ќе се сретнат можностите и подготовката.”
rn
„Во Лос Анџелес сите се ѕвезди.“
rn
„Треба да ги зграпчите моментите кога ќе дојдат.“
rn
„Ние го правиме она што треба за да можеме да го правиме она што сакаме.“
rn
„Кога нешто не разбирате, го етикетирате и осудувате.“
rn
„Бидете добри во она што го работите, но никогаш не заборавајте дека луѓето со кои работите се вашето највредно богатство. Почитувајте ги.“
rn
„Мојата вера ми помага да сфатам дека околностите не ја диктираат мојата среќа ниту мојот внатрешен мир.“
rn
„Ако сакаш да бидеш воин, мора да тренираш.“
rn
„Не плашете се да доживеете голем пораз, ниту пак да сонувате за големи работи.“
rn
„Никогаш не знаете како ќе им влијаете на луѓето.“
rn
„Секој неуспешен експеримент е чекор поблиску до успехот.“
rn
„Постојат два вида болка во овој свет. Болката што боли и болката што ве менува.“
rnrnrn„Бес“ е името на тенкот со кој управува четата на полковникот Дон Колиер. Составена е од најразлични луѓе, никој по своја вина залутан во Втората светска војна во моментите кога таа е при крај. Извонредна воена драма која се фокусира на хуманата страна на луѓето кои учествувале во војната.rn
rn rn
2. Нов почеток (Begin Аgain)
rnrnrnКира Најтли игра млада перспективна пејачка која е во сенка на своето славно момче, чија улога ја толкува Адам Левин од Марун 5. Таа ќе биде откриена од еден музички продуцент кој е пред пропаѓање и е единствениот кој верува во нејзиниот потенцијал. Филмот е исполнет со многу поп рок музика, а една од нив доби и номинација за Оскар.rn
rn rn
3. Ако останам (If I stay)
rnrnrnМлада девојка паѓа во кома после тешка сообраќајка. Тогаш има едно од оние искуства кога душата го напушта телото, а тоа е моментот кога ќе може да реши дали сака да се врати во живот и да живее многу поразлично од порано или да не се мачи со таквиот живот.rn
Филм за докажувањето на сопствената вредност во ситуација кога никој не е безбеден…rnrnРежија: Даниел ЕспинозаrnrnУлоги: Рајан Рејнолдс, Дензел Вашингтон, Роберт Глисон, Вера Фармига, Сем ШепардrnrnВреметраење: 115 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 10 февруари 2012rnrnЖанр: акција, мистеријаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
rnrnКога еден млад потценет агент на ЦИА конечно ќе добие задача којашто може да му донесе напредок во кариерата, сомнителен сплет на околности ќе го доведе пред упропастување на дадената шанса. Тогаш тој ќе се најде во дилема дали да се повлече додека случувањата околу него се мистерија или да не ги послуша авторитетите и да се бори за докажување на својата вредност, иако тоа носи големи ризици.rnrnrn„Засолниште“ (Safe House) е извонредна возбудлива акција со одлична приказна, а кога на тоа ќе се додаде она што за секој филм може да го направи харизматичниот Дензел Вашингтон, ќе добиете 115 минути во кои сигурно ќе уживате.rnrn
rn
rnПриказна: Тобин Фрост (Дензел Вашингтон) е поранешен агент на ЦИА кој сега е криминалец баран од неговата поранешна служба. Тој од агент на МИ6 ќе добие фајлови со доверливи информации кои ќе сака да ги продаде на друг за огромна сума пари. Токму пред да ги предаде ќе биде нападнат од Варгас (Фарес Фарес), криминалец кој исто така сака да ги добие фајловите. Во обидот да се спаси, Фрост ќе влезе во американскиот конзулат во Кејп Таун, а оттаму ќе биде проследен до засолништето, место во кое ЦИА ги носи затворениците на тајни испрашувања и чување.Засолништето го чува Мет Вестон (Рајан Рејнолдс), млад амбициозен агент на ЦИА. Тој ќе добие задача да го чува, но тогаш засолништето ќе биде пробиено од Варгас и неговите платеници кои се дојдени по Фрост. Вестон ќе успее да побегне од куќата заедно со Фрост и ќе добие задача да го премести во друго засолниште. Ќе добие инструкции да оди на стадион каде што ќе добие информации за локацијата на новото засолниште, но тогаш Фрост ќе направи диверзија по која тој ќе побегне облечен како полицаец, а Вестон ќе биде приведен во станица…Кога и како да го гледате: Иако многу работи остануваат мистерија до самиот крај, овој филм не е многу тежок за гледање. Не треба да очекувате ниту кој знае какви акциони сцени, туку интересна и возбудлива приказна која вас и целото друштво ќе ве држи заинтересирани за крајот, така што „Засолниште“ е совршен избор за филмско викенд опуштање во друштво.rn
Филм за однесувањето на луѓето во пост-апокалиптичен свет, за опстанокот и за вербатаrnrnЛокација и време: С. Америка, во иднинатаrnrnУлоги: Дензел Вашингтон, Гери Олдман, Реј Стивенсон, Мила Кунис, Џенифер БилсrnrnРежисери: Алберт Хаџис, Ален ХаџисrnrnЖанр: акција, трилер, авантура, драма, мистерија, вестернrnrnВреметраење: 118 мин.rnrnПремиера: 15 јануари 2010rnrnЈазик: англискиrnrnВеб-сајт:thebookofeli.warnerbros.comrnrnНаша оценка: 8/10rnrn[divider scroll_text=””]rnШто се случува со луѓето кога на светот каков што го знаеме сите му дошол крајот? – Тотална анархија, состојба во која луѓето не знаат за чувства и совест… сите живеат за да опстанат, а опстанокот на едните значи загрозување на животите на други. Во потрагата по храна, вода и безбедно преноќиште, малкумината кои го познаваат светот од порано, трагаат и по нешто многу позначајно – изворот на вербата кој може да го врати човечкото во сите.rn[divider scroll_text=””]rnrnrn
rnrnПриказна: Илај е еден од постарите луѓе кои опстанале по „големиот блесок“. Тој сам тргнува на запад, патем борејќи се за својот живот со секој кој ќе го предизвика и испровоцира. Неговиот пат има цел, но пречките го прават неговото пристигнување неизвесно до самиот крај.rn.rn
Илај:„Сиве овие години ја носев (библијата) со себе и ја читав секојдневно, толку се занесов во чувањето, што заборавив да живеам според она што го научив од неа.“
rnНеговата цел е да ја заштити книгата која ја носи со себе и да ја однесе на запад каде може да добие значење од кое ќе се роди новиот свет. На патот е пресретнат од мафијашот Карнеги кој владее со едно опустошено и разрушено гратче. Откако тој ќе разбере дека Илај ја има светата книга, ќе се обиде да направи се за да ја добие. Имајќи ја, тој би владеел со луѓето.rnrnrnrnКинематографија: „Книгата на Илај“ е спој од уметнички кадри кој го одземаат здивот. Со оглед на тематиката, сосема оправдано се застапени тмурни и еднолични бои, помеѓу кои доминира бојата на земјената прашина. Затоа пак, специфичните локации кои се внимателно избрани (Ново Мексико), силно влијаат за доловување на чувството кое се стреми да го наметне приказната – самотија, напуштеност, суровост, нечовечност. Од ваквите кадри ќе посакате да си направите постер за во дневната соба.rnrnПерфектната кинематографија, специфично развиената приказна и улогата која беспрекорно ја носи Дензел Вашингтон до самиот крај, му даваат на овој филм, квалитети кои дефинитивно го разликуваат од останатите филмови од овој тип..rnrnrn.rn
Солара: „Како беше порано?“rnИлај: „Луѓето имаа повеќе отколку што им беше потребно. Немавме поим што е скапоцено, а што не е. Фрлавме ствари за кои денес луѓето се убиваат едни со други.“
rnКога и како да го гледате? Филмот гледајте го во друштво за да не се почувствувате како да сте сами во светот кој станал одвратно место за живеење. Сепак, гледајте го внимателно и посветено, иако и нема да можете поинаку. Тој самиот ќе ви го привлече вниманието. Совршено би било филмот да го гледате на филмското платно или барем на голем екран или проекција. Но, ако не сте во можност, направете си мини домашно кино – испружете се на каучот во дневната соба, изгасете го светлото и уживајте на раат, без да ве вознемируваат.rnrnrnrnСлични филмови: „Јас сум легенда“, „Воден свет“, „Пат“ (не го препорачуваме), „Лудиот Макс“rn
изворот на вербата кој може да го врати човечкото во сите.rnrn