КАФЕ ПАУЗА

Tag: дентално здравје

  • Бели дамки на забите, зошто некои луѓе ги имаат, а други не?

    Бели дамки на забите, зошто некои луѓе ги имаат, а други не?

    Ова е прилично честа состојба и е наречена стоматолошка флуороза.  Доколку се појави во детството, тогаш е безопасна, но ако се појави во зрелоста, тогаш таа е здравствен симптом.rnrnБели дамки на забите, зошто некои луѓе ги имаат, а други не?rnrnАко имате бели дамки на забите и тоа отсекогаш било така, нема потреба од загриженост, велат стоматолозите. Тоа е забна флуороза која се развива во текот на детството, откако ќе никнат трајните заби. Официјално се наведува како развојно нарушување на забите или емајлот, што е предизвикано од прекумерно внесување на флуорид за време на развојот.rnrnОваа појава на забната обвивка има изглед на т.н. „бели дамки“ на забот, заради големата количина на флуор во водата за пиење. Флуороза на емајлот на забите се јавува само за време на детството и нема причина за загриженост ако се појави.rnrnНо, ако белите дамки ненадејно се појават во животот на возрасните, тогаш тие може да бидат причина за загриженост. Таквите дамки, потоа, може да бидат симптом на ран кариес, особено ако белите дамки се наоѓаат во близина на непцата. Ова се случува кога бактериите во устата, кои биле јаглехидрати почнуваат да лачат киселина што ја напаѓа структурата на забот. Потоа, белата дамка се појавува како лезија под која почнува да се формира шуплина.rnrnВо тој момент, процесот на расипување на забите сè уште може да се запре – пред сè со нанесување на флуорид на белите дамки, што му помага на забот во задачата на самолекување.rn

    А од каде потекнуваат темните дамки?

    rnНадворешни причинители за промените на забите се најчесто животните навики, како што се пушењето и пиењето кафе и темни напитоци. Внатрешните причини за промена на бојата на забите се посложени и може да бидат резултат на таложењето пигменти во самата структура на забите.rnrnМоже ли да се појават како резултат на земањето на одредени антибиотици, поради генетски причини, стареење или како резултат на нервна смрт на забите. Но, освен забот, може да потемнат и непцата, а тоа е веќе естетски проблем.rnrnРешението за овие проблеми е избелувањето – процес што ги обезбојува наслагите на забната површина од различно потекло со млаз што е мешавина од ситни зрнца песок, воздух и вода.rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто никогаш не треба да ставате пластично капаче на вашата четка за заби?

  • Зошто секојдневно треба да јадеме по една лажичка сусам?

    Зошто секојдневно треба да јадеме по една лажичка сусам?

    Ако во вашата храна често додавате сусам, тогаш му правите голема услуга на вашиот организам. Постојат неколку видови сусам: црн, бел, црвен… И сите сорти се разликуваат не само по бојата, туку и по маслата и протеините кои ги содржат. Витамините Б, А, Е, лецитинот, ниацинот, бројните минерали како калциумот, калиумот и магнезиумот, фосфорот, железото и цинкот, самите говорат за вредноста на оваа, по големина ситна, но по влијание голема и моќна билка.rnrnЗошто секојдневно треба да јадеме по една лажичка сусам?rn

    Дентални и забни болести

    rnСусамот ги зајакнува забите и позитивно делува на здравјето на усната празнина и непцата, а со неговата употреба се намалуваат воспаленијата, инфекциите и забниот камен.rn

    Го зајакнува кардиоваскуларниот систем

    rnСусамот го намалува крвниот притисок, како и ризикот од појавата на срцеви болести. Доколку го консумирате во комбинација со мед, тогаш ќе го зајакнете имунитетот, ќе го стимулирате менталното и физичкото здравје и ќе го подобрите квалитетот на косата и кожата.rn

    Антиоксиданс

    rnСусамот содржи две единствени соединенија од групата лигнани – сезамин и сезамолин. Резултатите од последните истражувања ја покажуваат важноста на сусамот во улогата на зајакнувањето на нашиот организам и делувањето во борбата против слободните радикали. Сусамот исто така е многу корисен во борбата со потешките заболувања како што е карциномот на цревата и грлото и борбата за подобро здравје, воопшто.rn

    Здравјето на кожата и убавината

    rnСусамовото масло ги смирува иритациите, а со тоа што содржи витамин Е и цинк, делува и на здравјето на кожата, нејзината еластичност и го забавува процесот на стареење и прераната појава на брчки.rn

    Аналгетик

    rnЛокалното аплицирање на заболените места го покажува влијанието на сусамовото масло како одлично во намалувањето на болките. Се препорачува и за слабото снабдување на ткивата со крв и слабата циркулација.rn

    Афродизијак

    rnСо редовното консумирање на сусамот, се намалува ризикот од импотенција кај мажите и позитивно делува на јакнењето и поттикнувањето на виталните функции и зајакнувањето на репродуктивното ткиво.rn

    Го регулира менструалниот циклус

    rnПоради оваа причина, сусамот е препорачан како составен дел од исхраната на секоја жена, посебно во предменструалниот период. Инаку, ги намалува менструалните болки и ги ублажува симптомите на ПМС.rn

    Ги зајакнува коските

    rnСусамот е богат со калциум, а неговото влијание при длабокото навлегување во ткивата, дополнително зборува за неговата важност во зачувувањето на здравјето и цврстината на нашите коски. Посебно се препорачува за лицата заболени од остеопороза.rn

    Нутритивен тоник

    rnСусамот е лесен лаксатив и лесно го регулира варењето на храната и работата на цревата, како и на целокупното функционирање на дигестивниот систем.

  • Се плашите ли од вашиот стоматолог?

    Се плашите ли од вашиот стоматолог?

    Гостински пост: д-р Гоце КрстиновскиrnrnВо САД, пресметале дека 50% од населението има некаков страв од стоматолошки интервенции. Од нив, околу 40 милиони луѓе се опишани како „дентофобици“, лица кои го запоставуваат денталното здравје како резултат на стравот од стоматолог. Колкав ли е тој процент кај нас?Се плашите ли од вашиот стоматолог?Контролата на тој страв е предизвик дури и за современата стоматологија. Обидите да се обезбеди безболност на процедурите ја создале денталната анестезија, а потоа, се појавил страв и од неа!rnrnОд првата употреба на воден раствор на кокаин, за анестезирање на заби во долната вилица, во 1800 година, се чини дека сетот од шприц и игла не еволуирал многу…rnrnНе сосема… Постои апарат кој целата процедура на анестезирање во устата ја носи на едно сосема поинакво ниво. Тоа е систем за компјутерски асистирана анестезија, кој со помош на сензори за контрола на притисок го вбризгува анестетикот во посакуваното место. Се плашите ли од вашиот стоматолог?Уште подобри вести за оние плашливите: компјутерот го чувствува движењето на малата игла низ ткивото и испушта капки анестетичко средство пред неа, така што таа секогаш врви низ претходно анестезирано подрачје.Се плашите ли од вашиот стоматолог?Во многуте клинички студии, пациентите кои ги примиле двете, и традиционалната и компјутерската анестезија, изјавиле дека не би се вратиле на стариот начин на анестезирање. Зборот со којшто најчесто било опишано чувството при компјутерски асистираната анестезија бил: „удобно“.rnrnПа, можеби кога ќе одите на следна посета кај стоматологот, нема да го имате тоа грозно чувство во стомакот!Се плашите ли од вашиот стоматолог?rnrnАвторот е специјалист по орална хирургија и имплантологијаrnконтакт-имејл: gocebt23@yahoo.comrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.