КАФЕ ПАУЗА

Tag: Денот на вљубените

  • Уникатни честитки за Св. Валентин

    Уникатни честитки за Св. Валентин

    Автори: Елена Јошеска и Симона РистоскаrnrnЗа оние кои ги сакаме не е потребен посебен празник или пак некој скап подарок за да им подариме малку повеќе внимание и љубов. Сè што е потребно, е малку инспирација и време за да создадеме нешто уникатно и несекојдневно. Зошто да не ја изненадите саканата личност со слатка порака во интересно изработена картичка?rnrnПодолу можете да погледнете неколку рачно изработени картички, кои сигурно ќе ви дадат некоја идеја, како и убави мисли за љубовта, колку за да добиете инспирација. Најважно од сè, уживајте во вниманието што го подарувате и насмевката која со сигурност ќе ја измамите кај саканата личност.rnrn

    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Понекогаш, твоето присуство ми го одзема здивот и сите нешта што сакам да ги кажам не можат да го пронајдат својот глас. Тогаш, во молк, можам само да се надевам дека моите очи ќе зборуваат место моето срце“ – Роберт Секстон
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Љубењето длабоко ти дава сила. Да бидеш љубен длабоко, ти дава храброст.“ – Лао Це
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Најдобрите и најубавите нешта во светот, не можат да се видат ниту да се допрат. Можат само да се почувствуваат.“ – Хелен Келер
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Ако знам што е тоа љубов, тоа е поради тебе“ – Херман Хесе
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Те сакам на овој начин затоа што не познавам друг начин на сакање. Те сакам на начин, во кој не постојам јас и не постоиш ти и сме толку интимни што твојата рака на моите гради е мојата рака, а кога заспивам и твоите очи се затвораат.“ – Пабло Неруда
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Најголемата љубов е онаа која ја буди душата и те тера да се бориш за повеќе, онаа која разгорува оган во срцето и носи мир во мислите. Тоа е она што ти ми го подари мене. И тоа е она за кое се надевам дека ќе можам вечно јас да ти го дарувам тебе.“ – Николас Спаркс
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Те сакам значи, те сакам повеќе од кој било друг што те сака, те сакал или ќе те сака, и исто така, те сакам на начин на којшто никој друг не те сака, ниту те сакал, ниту ќе те сака, и исто така, те сакам така како што никој друг, никогаш сакал ниту ќе сака некого.“ – Џонатан Фоер
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Мојата иднина е всушност решено прашање од минатото. Ти беше мојата прва љубов и ти ќе бидеш мојата последна.“ – Боб Дилан
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Љубовта нема никаква врска со она што очекуваме да го добиеме. Само со она што се очекува да го дадеме, а тоа е сè.“ – Кетрин Хепберн
    rnrn
    Уникатни честитки за Св. Валентин
    „Велат дека кога некој навистина ти недостига, дека и таа личност го чувствува истото. Но не верувам дека е можно да ти недостигам толку, колку што ти ми недостигаш мене сега. “ – Една Милеј
    rnrnrnОва се уште неколку предлог картички со кои ќе го израдувате вашиот партнер и кои перфектно го отсликуваат значењето на изреката „малите нешта го прават животот поубав“.rnrnУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. Валентин
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни состаноци за Денот на вљубените

    Креативни состаноци за Денот на вљубените

    Секоја година за 14-ти февруари се случува истото. Секој пар си има своја традиција… Некои одлучуваат да останат дома гледајќи романтичен филм, други излегуваат на романтична вечера каде што секогаш разменуваат црвени подароци со срциња, а некои пак не му придаваат големо значење на денот и не прават ништо поразлично од секојдневните излегувања. Доколку ви е здодеано од рутинските состаноци за Денот на вљубените, еве неколку идеи како можете без многу напор да го/ја оставите партнерот/ката без зборови.rn

    Слатки бакнежи

    rnНапишете му/ѝ покана за интимна вечера на интересна хартија, замотајте ја во ролна и заврзете ја со црвена машна. Купете различни видови мали чоколатца. Смислете различни видови бакнежи или побарајте идеи на интернет и одберете ги оние кои најмногу ви се допаѓаат. На мали ливчиња запишете по еден вид бакнеж и залепете ги врз чоколатцата. Спакувајте ги во кутија. После вечерата, за десерт понудете го партнерот со чоколатце. Потоа замолете го да ви го демонстрира бакнежот што му/ѝ се погодил. Продолжете наизменично да одбирате по едно чоколадно колаче и да ги испробувате бакнежите. Тие засекогаш ќе останат во вашите сеќавања.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Караоке настап

    rnНапишете необична и забавна песна која ќе ја опишува вашата љубов кон партнерот. Најдете караоке верзија од неговата/нејзината омилена песна која ќе ви користи како матрица и ако сте доволно храбри однесете го партнерот на караоке забава, качете се на сцената и испејте му/ѝ ја песната. Настапот продолжете го така што ќе го повикате партнерот да ви се придружи во дует. Доколку сте посрамежливи, сè ова можете да го изведете и во домашна атмосфера. Вашата песна ќе остане во неговите/нејзините мисли долго време.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Серенада на гитара

    rnАко романтиката ви е појака страна еве една идеја која секогаш успева. Замолете пријател (кој знае да свири на гитара) да биде ваш личен келнер вечерта. Во трпезаријата украсете малку да изгледа како да е приватен дел од елитен ресторан, а на масата поставете свеќи и цвеќиња. За време на десертот, побарајте од пријателот да ја отсвири омилената песна на вашиот партнер. Тој/таа никогаш нема да ја заборави серенадата.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Заедничка топла бања

    rnИсецкајте различни видови овошје и пуштете музика. Запалете оган во каминот (или загрејте друго грејно тело), поставете ги пешкирите блиску до него и истуширајте се заедно. Кога ќе завршите, завиткајте се во топлите пешкири и наместете се покрај каминот. Замолете го партнерот да ги затвори очите и почнете да му давате од овошјето. Неговата/нејзината задача ќе биде да погодува за каков вид овошје се работи. Романтичноста на овој состанок ќе остане долго време во вашите сеќавања.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Со превез на очите до прекрасно место

    rnВеднаш кога ќе пристигнете пред домот на вашиот партнер заврзете му/ѝ ги очите и однесете го/ја на сосема неочекувано место. Може да биде на некој планински предел со убав поглед на градот, покрај река или езеро… Какво било место што ќе остави голем впечаток откако ќе биде тргнат превезот од очите. Прошетката ќе биде незаборавна за него/неа.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Вашиот прв состанок

    rnПробајте да го рекреирате вашиот прв состанок. Облечете ја истата облека што ја носевте, одете по истиот пат до местото каде што бил вашиот прв бакнеж. Доколку сте биле на кафе или на вечера, нарачајте го истото како и тогаш. А како поклон подгответе мал албум со слики од поважни настани со интересни посвети. Ова е совршен начин да се потсетите зашто сте заедно за Денот на вљубените.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Зајдисонце под отворено небо

    rnИспратете до партнерот разгледница на која има прекрасно зајдисонце. На неа напишете тој/таа да се облече во многу топла облека. Потоа со кола отидете до езеро или до река во близина и доколку дозволуваат условите, постелете ќебе на земјата и имајте пикник на зајдисонце. Кога ќе завршите со јадењето извадете од колата вреќи за спиење и наместете се да ги гледате ѕвездите. Моментите за време на зајдисонцето и отвореното небо ќе бидат оние што тој/таа ќе ги памти многу долго време.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Необичен љубовен состанок

    rnИспланирајте комплетно необичен состанок за Св. Валентин. Одете на билјард, куглање, пеинтбол, во музеј… Или пак на кое било друго место за кое сте разговарале со партнерот, меѓутоа никогаш не сте нашле време да отидете. Можеби вашето идно заедничко хоби ќе започне токму оваа вечер.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубенитеrn

    Потрага по скриеното богатство

    rnНацртајте кратка и едноставна мапа за вашиот партнер. На поголем картон нацртајте „X“ и исечете го по неговите линии. Замолете ваш пријател непосредно пред состанокот да ја однесе мапата до домот на вашиот партнер, а вие за тоа време отидете до целта, земете го знакот во едната рака, големо чоколадо во другата и почекајте да бидете пронајдени. Тој/таа одлично ќе се забавува за време на потрагата.rnrnКреативни состаноци за Денот на вљубените
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовни дестинации за романтично бегство

    Љубовни дестинации за романтично бегство

    Доколку сте решени со партнерот да заминете на некое романтично патување, а не сте сигурни каде сакате да појдете, овие неколку препораки ќе ви бидат добредојдени. Европа изобилува со многу интересни и романтични места кои можат да ја разгорат страста во вашата врска. Ова се дел од најпосетуваните дестинации за овој период од годината, кога се наближува Денот на вљубените.rn

    1. Виена, Австрија

    rnГлавниот град на Австрија е една од колевките на културата во Европа. Бидејќи културата, уметноста и љубовта се поврзани на некој начин, тогаш овој град може да ви понуди навистина возбудливо доживување. Прекрасната архитектура, познатите музеи и културни случувања кои ги има во изобилство, ќе придонесат да го искористите времето максимално и да уживате во секој момент. Задолжително посетете го музејот на Зигмунд Фројд и пробајте некои од фантастичните слатки.rnrnЉубовни дестинации за романтично бегствоrn

    2. Венеција, Италија

    rnПрекрасниот град на вода во Италија, е местото кое целиот свет го смета како симбол за вистинска љубов и романтика. Доколку имате услови да појдете, возењето на гондола, прекрасното капучино и мостот на воздишките со сигурност ќе ја разгорат страста во вашата врска.rnrnЉубовни дестинации за романтично бегствоrn

    3. Прага, Чешка

    rnЗа златниот град на Европа веќе имавте прилика да прочитате. Прекрасните дворци, Карловиот мост и куќата на познатиот писател Франц Кафка се места кои задолжително морате да ги посетите доколку се наоѓате во главниот град на Чешка. Доколку не сте големи љубители на културата, можете да се сместите во романтичен хотел со поглед кон реката Влтава и да уживате во прегратката на вашиот партнер.rnrnЉубовни дестинации за романтично бегствоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Жешки“ парфеми за Св. Валентин

    „Жешки“ парфеми за Св. Валентин

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnДенот на вљубените само што не дошол, а вие немате никаква идеја што да ѝ поклоните на вашата партнерка? Ангелите на „Victoria’s secret“ се токму тука за вас! „Victoria’s secret“ издаде специјално креирана колекција на парфеми спакувани во ексклузивни и луксузни пакувања наменети токму за овој празник. Адријана Лима и Линдзи Елингсон се ангелите кои одблиску ќе ве запознаат со мирисната нота на парфемите.„Жешки“ парфеми за Св. ВалентинЕден од новите парфеми што можете да ги купите е „Simply Gorgeous“ (Едноставно прекрасен). Поседува волшебна нота проследена со мирис на црвени јаболка, цвеќиња и ќилибар.„Жешки“ парфеми за Св. ВалентинВториот парфем е „Bombshell in Love“ (Секс-бомба). Станува збор за лимитирано издание спакувано во луксузно розово шише на пруги, романтично, а истовремено и гламурозно. Се одликува со пријатна нота од црвен грејпфрут, малина и азиска круша, со силни ноти на божур цвеќиња, јасмин и пурпурна фрезија, придружени со основните ноти на сандалово дрво, мошус и крем розово кедрово дрво.„Жешки“ парфеми за Св. ВалентинДодека ги разгледувате и се двоумите кој од парфемите ќе го изберете, можете да ја погледнете жешката фотосесија на прекрасните ангели направена токму за Денот на вљубените.„Жешки“ парфеми за Св. Валентин„Жешки“ парфеми за Св. Валентин„Жешки“ парфеми за Св. Валентин„Жешки“ парфеми за Св. Валентин„Жешки“ парфеми за Св. Валентин„Жешки“ парфеми за Св. Валентин„Жешки“ парфеми за Св. Валентин„Жешки“ парфеми за Св. Валентин
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што мислат мажите, а што жените за св. Валентин?

    Што мислат мажите, а што жените за св. Валентин?

    Св. Валентин е ден на вљубените, но, тоа не значи дека сите сакаат да го празнуваат. Како и да е, и кај нас се повеќе се практикува неговото одбележување, па ред е да видиме какви се размислувањата на таа тема. AskМen во партнерство со TresSugar испитаа илјадници мажи и жени за да дознаат кој пол повеќе сака да го празнува овој ден, на кој начин, кои се очекувањата итн. Некои резултати се очекувани, но има и изненадувања.rnrnШто мислат мажите, а што жените за св. Валентин?rn

      rn011

    • 50% од жените мислат дека овој ден е романтичен, а 61% од мажите веруваат дека е комерцијална завера.
    • rn

    rn

      rn011

    • И мажите и жените се согласуваат дека испраќањето цвеќе на работното место на партнерот покажува внимание. Не се согласуваат баш во врска со црвените рози. 53% од жените мислат дека тие се клише, додека 60% од мажите ги сметаат за класика.
    • rn

    rnrnШто мислат мажите, а што жените за св. Валентин?rn

      rn011

    • Изненадувачки е што повеќе жени би сакале да ја поминат вечерта во домашна атмосфера (40%), одошто да бидат изнесени во град (30%), додека кај мажите е обратно. Дополнително, 7% од жените би си поминале совршена вечер за св. Валентин во друштво на пријателките, додека мажите не се баш за оваа варијанта (3%).
    • rn

    rn

      rn011

    • На прашањето: Дали некој ви изјавил љубов на Денот на вљубените, 20% од жените одговориле потврдно, наспроти 17% од мажите кои го делат ваквото искуство.
    • rn

    rnrnШто мислат мажите, а што жените за св. Валентин?rn

      rn011

    • Мажите мислат дека треба да потрошат повеќе пари на подарок од жените.
    • rn

    rn

      rn011

    • И двата пола сакаат акција на 14 февруари, до душа мажите малку повеќе од жените (73 наспроти 68 проценти).
    • rn

    rn

      rn011

    • Кога жените би можеле да избираат со која славна личност да ја поминат вечерта на Денот на вљубените, тоа би бил Рајан Рејнолдс, зад кого се редат Џорџ Клуни, Џони Деп, Рајан Гослинг, и Џејмс Франко. Мажите пак сонуваат за Мила Кунис, но многу од нив би ја избрале и Џесика Алба, Натали Портман, Меган Фокс и Кристина Хендрикс.
    • rn

    rnrnШто мислат мажите, а што жените за св. Валентин?rn

      rn011

    • Кој пол како го доживува Денот на вљубените?rn

        rn011

      • романтично: 24% од мажите, 25% од жените
      • rnrn011

      • лигаво: 54% од мажите, 48% од жените
      • rnrn011

      • им се лоши на 20% од мажите и на 26% од жените
      • rn

      rn

    • rn

    rn

      rn011

    • Купувањето подароци не е неопходно за скоро половина од мажите, тие сакаат само секс, а 20% не сакаат ништо. Жените, пак, најмногу сакаат романтична вечера (25%), 14% картичка со посвета, исто толку сакаат секс, на 12% доволно им е цвеќе, а 13% не сакаат ништо. Сепак жените се поромантични.
    • rn

    rnrnШто мислат мажите, а што жените за св. Валентин?rn

      rn011

    • Колку се трудат да бидат романтични луѓето во врска? – Разликата помеѓу мажите и жените не е голема, но најголем е процентот на оние кои се обидуваат да покажат романтичност, барем еднаш неделно.
    • rn

    rn

      rn011

    • Повеќе мажи имале секс за една вечер, токму на Денот на вљубените (12%) во однос на жените (2%), или барем се поискрени на оваа тема. Многу повеќе мажи, исто така очекуваат секс-авантура за овој св. Валентин одошто жени.
    • rn

    rnrnШто мислат мажите, а што жените за св. Валентин?rn

      rn011

    • И мажите и жените сметаат дека паровите треба заеднички да прават планови (57% жени, 46% мажи), но доста веруваат и дека мажите се оние кои треба да планираат (35% мажи, 30% жени).
    • rn

    rn

      rn011

    • Жените се повеќе склони да ја поминат оваа вечер со своите пријателки (50% од испитаните жени го направиле ова), во однос на 25% од мажите кои би се дружеле со другарите за св. Валентин. Мажите во поголем број случаи не би се ни сложиле да ја прослават вечерта со пријатели, (доколку немаат романтична средба, подобро не би правеле ништо), за разлика од жените меѓу кој на малкумина не би им одговарало друштвото на нивните пријателки.
    • rn

    rnШто мислат мажите, а што жените за св. Валентин?rn

      rn011

    • Мажите треба да честат за денот на вљубените. Барем така веруваат 70% од жените. Но, тоа е во ред, бидејќи дури на 80% од мажите, тоа им е сосема ОК.
    • rn

    rnШто мислите вие?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музика за сексуално уживање на св. Валентин

    Музика за сексуално уживање на св. Валентин

    Слатките мечиња, перничките во облик на срце и куклите што се бакнуваат и велат: „I Love you“ веќе одамна станаа клише подароци за празникот на вљубените. Секој оној кој е вистински задоволен од својата љубовна врска, овој ден ќе го памети по магичните, љубовни моменти поминати со својот партнер, а не по подарок каков што има секој втор во градот. Ова не значи дека подарокот треба да го изоставите, туку да одберете нешто оригинално, што има симболично значење за вашата врска. Во комбинација со подарокот, изрежете едно цеде со овие секси песни според жанрот на музика кој го преферирате. Миризливи свеќички, заводлива музика и личноста која ја сакате е во вашите прегратки. Можете ли да посакате подобар начин за празнување на Денот на вљубените?Музика за сексуално уживање на св. Валентин rn

    Рок плејлиста:

    rn1. Kings of Leon – Sex on Firern

    rn2. Red Hot Chili Peppers Blood Sugar Sex Magik rnrn3. Muse – Hysteriarnrn4. HIM – Wicked Gamernrn5. The Subways – Rock ‘n’ Roll Queenrnrn6. Def Leppard – Pour Some Sugar on mernrn7. Garbage – Queerrn.rn

    Сенузална плејлиста:

    rn1. Justin Timberlake – What Goes Around…Comes Aroundrn

    rn2. Fluke – Atom Bombrnrn3. Adele – Rolling in the Deeprnrn4. Melanie Fiona feat. Busta Rhymes & Raekwon – Give it to Me Rightrnrn5. Madonna – Justify my Lovernrn6. Rue De Soleil – Higherrnrn7. Drill – What You Arern. rn

    Брза плејлиста:

    rn1. Flo Rida feat. Kesha – Right Roundrn

    rn

    2. Moby – Lift Me Up

    rn

    3. The Chemical Brothers – Hey Boy Hey Girl

    rn

    4. Nelly Furtado feat. Timbaland – Promiscuous

    rn

    5. The Bravery – Ours

    rn

    6. UNKLE – With You in My Head

    rn

    7. Igor Garnier Feat. Minja – Be Allright

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #20

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #20

    По повод Денот на вљубените, Кафе пауза ви подарува едно утринско љубовно кафе со 2 шеќерчиња во форма на срце, едно за вас, едно за вашиот љубен. Се надеваме дека убаво ќе ве засладиме и оваа слатка љубов ќе ве држи дооооолго време.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #20
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1440×900) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #19

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #19

    Време е да се подготвите за Денот на вљубените на секој можен начин. Веќе сите зборуваат за тоа по медиумите, продавниците се полнат со меки и плишани предмети со црвена боја, еуфоријата расте. Вие ќе го одбележите денот со стил, веруваме во тоа, а во меѓувреме, не заборавајте да се чувствувате љубовно. Напијте се по едно кафе со срце. Има и за вас, и за вашиот љубен.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #19
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1680×1050) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn