КАФЕ ПАУЗА

Tag: Денот на вљубените

  • Брутално искрени честитки за сопругата по повод Св. Валентин

    Брутално искрени честитки за сопругата по повод Св. Валентин

    Последниве неколку години професорот по маркетинг Екант Виeр од Австралија ѝ правел уникатни љубовни честитки на својата жена по повод Денот на вљубените. Иако тие не се она што би се очекувало од еден романтичен потег, дефинитивно се доказ за една зрела и стабилна врска во која романтиката е брутално реална.rnrn

    Со тебе, само една жена на светот ми е потребна …со само една жена би можел да излезам на крај.
    Со тебе, само една жена ми е потребна
    …со само една жена би можел да излезам на крај.
    rnrn
    Те сакам бидејќи... Сум во триесеттите години од животот и почнуваат да ми снемуваат други опции
    Те сакам бидејќи…
    Сум во триесеттите години од животот и почнуваат да ми снемуваат други опции
    rnrn
    Те сакам бидејќи маката што сум со тебе… …е помала од маката која би ја имал ако треба пак да излегувам на состаноци.
    Те сакам бидејќи маката што сум со тебе…
    …е помала од маката која би ја имал ако треба пак да излегувам на состаноци.
    rnrn
    Секогаш ќе бидеме заедно Бидејќи веќе имам многу инвестирано во нас.
    Секогаш ќе бидеме заедно
    Бидејќи веќе имам инвестирано во нас, па не сакам да пропадне.
    rnrn
    Вечно заедно …заради децата…
    Вечно заедно
    …заради децата…
    rnrn
    Сакам да бидам со тебе до крајот на животот… бидејќи тоа ме плаши помалку отколку да сум сам
    Сакам да бидам со тебе до крајот на животот…
    бидејќи тоа ме плаши помалку отколку да сум сам
    rnrn
    Заедно сме посилни... Финансиски
    Заедно сме посилни…
    Финансиски
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавата реклама за Св. Валентин која ќе ве ви го стопи срцето

    Најубавата реклама за Св. Валентин која ќе ве ви го стопи срцето

    Шварцкопф направиле одлична реклама по повод Денот на вљубените, која можеби е најубавата воопшто направена во чест на овој ден. Гледајте го видеото, нема ни да почувствувате дека се работи за реклама.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен маникир – 40 идеи за Денот на вљубените

    Љубовен маникир – 40 идеи за Денот на вљубените

    Доколку го обожавате духот кој владее насекаде околу нас кога се приближува Денот на вљубените, можете и самите да направите да се чувствувате уште поисполнето. Без разлика дали ќе го поминете овој ден со љубениот или не, дајте им љубов на вашите нокти – направете маникир во знакот на љубовта. Ви даваме 40 одлични идеи. Изберете го маникирот кој ви се допаѓа или пак инспирирајте се и направете нешто сосема оригинално.rnrnЉубовен маникир – 40 идеи за Денот на вљубенитеrnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Силвер и Зорка засекогаш – пони коњчиња кои стапија во брак

    Силвер и Зорка засекогаш – пони коњчиња кои стапија во брак

    Машкото шетландско пони Силвер и женката Зорка, биле дотерани како младоженец и невеста во руската зоолошка градина Ројев Ручеј, во сибирскиот град Краснојарск, на 14 февруари. Вработените во зоолошката градина ја организирале венчавката на овие две неодоливи пони коњчиња, за да го обележат Денот на вљубените.rnrnСилвер и Зорка засекогаш - пони коњчиња кои стапија во бракrnrnНа фотографиите можеме да забележиме дека сведоци на нивната љубов, се двете камили. :)rnrnСилвер и Зорка засекогаш - пони коњчиња кои стапија во бракrnrnШто можеме да речеме друго освен: „Честито свадба коњчиња! Бидете среќни до крајот на вашите животи!“rnrnСилвер и Зорка засекогаш - пони коњчиња кои стапија во брак
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филмска листа за романтични ноќи

    Филмска листа за романтични ноќи

    Ако сте наумиле да поминете романтична филмска ноќ со саканата или саканиот, мора да ги имате предвид овие филмови.rnrnФилмска листа за романтични ноќиrn

    Неверство во кралскиот двор (A Royal Affair)

    rnФилмска листа за романтични ноќиРежисер: Николај АрселrnrnУлоги: Алисија Викандер, Мадс Микелсен, Микел Бо ФолсгардrnrnПремиера: 29 март 2012rnrnВреметраење: 137 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка приказна: Данскиот кандидат за годинешниот Оскар раскажува приказна за една англиска принцеза која ќе склучи брак од интерес со налудничав дански принц. Таа постојано ќе мора да ги трпи неговите љубовници и останатите понижувања, но деновите во недостаток на љубов и внимание ќе престанат кога во дворецот ќе пристигне новиот кралски лекар, со кого таа ќе започне страсна љубовна врска.rnrnrnrn

  • Како да го преживеете Денот на вљубените ако сте сингл?

    Како да го преживеете Денот на вљубените ако сте сингл?

    Звучи тажно, меѓутоа факт е дека многу луѓе се без партнер на Св. Валентин, а денот знае да биде многу депресивен без некој специјален во вашата прегратка. Наместо да тагувате што овој Ден на вљубените треба да го поминете сами, прочитајте како да го преживеете без многу мака и со главата горе.rnrnКако да го преживеете Денот на вљубените ако сте сингл?rn

    1. Помислете дека овој ден е измислен за пари

    rnПомислете дека Денот на вљубените е всушност една голема фарса од празник, чија цел е да се спечалат многу пари од сите тие рози и чоколади кои луѓето ги купуваат за нивните љубени. Плус, Св. Валентин и не е наш празник, така што размислувајте во оваа насока и гордо излезете и прославете си го нашиот Св. Трифун, без да се чувствувате осамено.rn

    2. Не сте само вие

    rnОколу 60 милиони луѓе во светот ќе го поминат овој ден без партнер. Запомнете и дека да се биде сингл на Валентин, не е ништо поразлично од тоа да се биде сингл во кој било друг ден од годината.rn

    3. Повикајте пријател или семеен член

    rnДенот на вљубените баш и не мора да го поминете со партнер. Па кој може баш секогаш да темпира да биде во љубовна врска токму на 14 февруари?! Јавете ѝ/му се на најдобриот пријател или пријателка или на некој член од семејството и излезете некаде на прошетка со жешко „coffee to go“ во рака. Воедно, можете да се појавите со црвена роза, чисто онака, за да го обележите и вие празникот симболично и да ѝ покажете на личноста која ве удостоила со своето присуство, дека ја почитувате.rn

    4. Избегнувајте луѓе кои се фалат „колку се заљубени“

    rnДенес тргнете се настрана од пријателите кои постојано се фалат со тоа колку нивниот љубовен партнер е најсовршен во цел свет, бидејќи ќе ве растажат. Наместо со пријателите кои се во врска, овој ден поминете го со некои кои се сингл, за да можат да сфатат како се чувствувате.rnrnКако да го преживеете Денот на вљубените ако сте сингл?rn

    5. Не ни помислувајте да му/ѝ се јавите на бившиот/ата

    rnДенес, како што се вели, љубовта е во воздухот и изгледа како сите да се во пар, па вам сосема природно може да ви падне на ум да му/ѝ свртите на бившиот/ата, особено доколку неодамна сте раскинале. Колку и да не можете да му одолеете на искушението, имајте на ум дека доколку ве одбие и ви го скрши срцето, тоа нема да ви го подобри, туку уште толку ќе ви го уништи денот. Јавете се само кај пријателите, не кај бившите.rn

    6. Спуштете ги „розовите очила“

    rnЛесно е да ве фати љубомора кон сите оние кои се галат и гушкаат пред ваши очи на Св. Валентин. Но, важно е да останете реалистични и да сфатите дека ниедна врска во светот не е совршена и дека романтиката која ја гледате на 14 февруари, не го репрезентира секојдневието на оние кои се во пар. Наместо да им завидувате, потсетете се кои работи не ви недостигаат од врските и помислете на сите предности и искуства коишто можете да ги стекнете како сингл цура/дечко.rnrnКако да го преживеете Денот на вљубените ако сте сингл?rn

    Уште неколку екстра совети:

    rn

      rn011

    • Забавувајте се денес! Само затоа што низ цел град се продаваат срциња и плишани мечиња, не значи дека вие треба да се заклучите дома и да плачете во аголот од собата. Договорете се со вашите сингл пријатели и журкајте се најдобро што можете, и оп: ќе заборавите дека воопшто е некаков си таканаречен „Ден на вљубените“.
    • rn

    rn

      rn011

    • Доколку пак, ви се укаже прилика да „ќарите“ некој/а на овој ден, не значи дека треба да ја испуштите приликата. Но, не ризикувајте да се „изгорите“, ако гледате дека флертот и не резултира баш најдобро…
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако нема кој да ви купи, тогаш сами купете си чоколатца или рози. Па има ли поубаво чувство од самостојноста во тоа да си се почестите со нешто што знаете дека сигурно ќе ви се допадне?! (за разлика од подарокот кој би го добиле од замислениот партнер, кој може и да не е баш според ваш ќеф.)
    • rn

    rn

      rn011

    • Поминете време со некое мило животинче. Животните не се скржави, тие ја шират љубовта и секогаш ќе ви покажат дека ве сакаат.
    • rn

    rnКако да го преживеете Денот на вљубените ако сте сингл?rn

      rn011

    • Ако немате никој во моментов, не значи и дека ама баш никој во светот не ве сака. Голема е веројатноста дека имате таен обожавател кој помислува на вас многу често, и особено денес.
    • rn

    rn

      rn011

    • Само затоа што сте сингл денес, не значи дека ќе бидете сингл засекогаш. Љубовта може да се појави кога најмалку ја очекувате.
    • rn

    rn

      rn011

    • И за крај, доколку ниеден од овие совети не направи да се чувствувате подобро, помислете на оние помалку среќните луѓе во светот. Оние кои ги напуштиле своите домови поради војна, кои ги изгубиле своите најблиски во трагедија или оние кои едвај можат да си дозволат корка леб дневно. Ако се замислите, ќе сфатите дека да се биде сингл на Валентин е ништо, во споредба со сето она со коешто треба да се соочуваат овие луѓе секој ден.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најромантичната приказна за Свети Валентин која ќе ве расплаче

    Најромантичната приказна за Свети Валентин која ќе ве расплаче

    Ова е приказна за постара жена која на секој Свети Валентин добива специјален букет цвеќиња од нејзиниот сопруг, и истата е доказ дека вистинската љубов е вечна и бесмртна. Со сигурност ќе ви го стопли срцето и солзи ќе ви навират во очите…rnrnНајромантичната приказна за Свети Валентин која ќе ве расплачеrnrnСо мојот мил сопруг Џон бевме во брак 46 години. Секој Свети Валентин тој ми ги праќаше најубавите цвеќиња, во кои имаше картичка со едноставна порака сочинета од пет зборови: „Мојата љубов кон тебе расте“. Четири деца, 46 букети и вечна љубов, се неговото наследство за мене, откако тој почина пред две години. На првиот Свети Валентин без него, 10 месеци откако го изгубив, бев шокирана кога добив прекрасен букет адресиран до мене… од Џон. Лута и со скршено срце, му се јавив на цвеќарот да му кажам дека е настаната грешка. Цвеќарот ми одговори: „Не госпоѓо, не е грешка“. Пред да почине, вашиот маж се подготви за многу наредни години и побара од нас да му гарантираме дека Вие ќе продолжите да ги добивате вашите букети на секој Свети Валентин. Тотално трогната, ја спуштив слушалката и ја земав прикачената картичка во букетот. На неа пишуваше „Мојата љубов кон тебе е вечна“.rnrnПриказната е пронајдена како исечок од некое списание, а под неа е потпишана 68-годишната Сју Џонстон, од Хјустон, Тексас.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Медени срциња за Св. Валентин

    Медени срциња за Св. Валентин

    Сладок десерт за двајца

    rnМедени срциња за Св. Валентинrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 200 грама путер
    • rn011

    • 100 грама плус 3 супени лажици шеќер во прав
    • rn011

    • 1 жолчка од големо јајце
    • rn011

    • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 300 грама брашно
    • rn011

    • прстофат сол
    • rn011

    • 200 грама џем од малини
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Во тавче ставете два слоја хартија за печење и загрејте ја рерната на 150 степени.rnrn2. Матете ги путерот и 100 грама шеќер додека добиете пенеста смеса.rnrn3. Додадете ги жолчката и екстрактот од ванила и продолжете да матите.rnrn4. На крајот додадете ги брашното и солта и замесете тесто.rnrn5. Тестото поделете го на 2 еднакви дела и секој дел растегнете го додека постигнете дебелина од 5 милиметри. Потоа едниот дел обложете го со најлонска фолија и ставете го во фрижидер.rnrn6. Со калап во форма на срце од другото тесто направете срциња.rnrn7. Извадете го тестото што претходно го ставивте во фрижидер и со истиот калап направете уште такви срциња. Потоа, со помал калап во срцевидна форма направете по едно мало срцевидно прозорче во половина од направените срциња.rnrn8. Внимателно со шпатула пренесете ги сите срциња на хартијата за печење. Печете ги во претходно загреаната рерна 10-12 минути. Извадете ги кога ќе добијат убава златна боја и оставете ги целосно да се изладат.rnrn9. На оние срциња кои немаат прозорче ставете по малку џем од малини, а потоа врз него додајте срце со прозорче.rnrn10. На крај наросете со шеќер во прав и сервирајте.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Честитки за „Св. Валентин“ инспирирани од чудовиштата во класичните филмови

    Честитки за „Св. Валентин“ инспирирани од чудовиштата во класичните филмови

    „Класичните чудовишта како љубовџии“ (Classic Valentine Monsters) е проект на Ирма Велковска во кој таа ни претставува 8 забавни илустрации кои прикажуваат како чудовиштата од филмските класици од 20-тите и 60-тите години на минатиот век би ја искажале својата љубов. Па, доколку вашиот/та љубен/а има смисла за хумор, изберете една честитка и чувајте ја за 14 февруари. Вашиот подарок со сигурност ќе биде оригинален и неочекуван. :)rnrnЧеститки за „Св. Валентин“ инспирирани од чудовиштата во класичните филмовиЧеститки за „Св. Валентин“ инспирирани од чудовиштата во класичните филмовиЧеститки за „Св. Валентин“ инспирирани од чудовиштата во класичните филмовиЧеститки за „Св. Валентин“ инспирирани од чудовиштата во класичните филмовиЧеститки за „Св. Валентин“ инспирирани од чудовиштата во класичните филмовиЧеститки за „Св. Валентин“ инспирирани од чудовиштата во класичните филмовиЧеститки за „Св. Валентин“ инспирирани од чудовиштата во класичните филмовиЧеститки за „Св. Валентин“ инспирирани од чудовиштата во класичните филмови
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Микс од 21 љубовна песна за Денот на вљубените

    Микс од 21 љубовна песна за Денот на вљубените

    Ако сè уште размислувате како да го прославите Денот на вљубените, можеби конечно ќе се одлучите откако ќе го слушнете музичкото видео на 25-годишниот Фридрик од Шведска. Во романтична атмосфера, во боите на љубовта, ова младо момче кое е познато по неговите вирални видеа на Јутјуб, снимило симпатичен 7-минутен микс од 21 љубовна песна, отсвирени на гитара. Едвај се забележуваат премините од една во друга мелодија.rnrnМикс од 21 љубовна песна за Денот на вљубенитеrnrnПогледнете го видеото. Можеби и ќе ви се допадне идејата. Секако е подобра отколку класичните слатки во облик на срце. :-)rnrnrnrnМожете идејата да ја позајмите во целост, но ако случајно не ви оди со гитарата, пуштете ги оригиналните песни и слушајте ги во атмосферата која ја предлага Фридрик. Имајте убав празник.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.