КАФЕ ПАУЗА

Tag: Денот на вљубените

  • Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пица

    Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пица

    Наместо типичните розово црвени маникири со многу срца и стрели кои носат љубов, оваа година направете мала промена и фокусирајте се на забавни нокти за Денот на вљубените. Ако сте љубители на пица, тогаш изненадете го вашиот партнер со овој креативен и уникатен маникир кој без сомнение ќе го освежи вашиот изглед. Убав помин!rnrn(1) Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пицаrnrn1. Најпрво поминете ги вашите нокти со основа, со цел лакот да ви трае подолго, а потоа над неа ставете го првиот слој со сина боја.rnrn2. Со помош на тенка четка, на вашите средни прсти нацртајте 2 триаголника кои се допираат, додека пак на палецот и малиот прст, по 1. Користете темно жолта боја која ќе биде основата на пицата.rnrn(2) Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пицаrnrn3. За следниот чекор ви е потребна мала алатка наменета за правење кругови и светло жолта боја, со цел да нацртате кашкавал кој се топи од парчињата пица. Потоа, свртете ја истата алатка од другата страна која е поголема и потопете ја во црн лак со цел да ја зацврстите основата на парчињата, во горниот дел.rnrn4. Користејќи го истиот темен лак, со тенка четка исцртајте ја надворешноста на пиците.rnrn(3) Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пицаrnrn5. Во зависност од видот пица која ќе ја одберете, комбинирајте ги и другите бои за да ги добиете состојките кои сакате таа да ги содржи. Во овој случај, се користи црвен лак бидејќи станува збор за пица со чајна.rnrn6. Нацртајте две мали крукчиња на надворешната страна од парчињата пица и потоа спојте ги со латинската буква „V“. Исполнете ја внатрешноста со цел да добиете срце. Повторете ја истата техника за да создадете срца и на показалецот и домалиот прст.rnrn(4) Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пицаrnrn7. Завршете ги деталите со бледо кафеава боја за кората на пицата со помош на тенка алатка.rnrn8. Дозволете ѝ на вашата уметност да се исуши и ставете проѕирен лак за да ви трае маникирот подолго.rnrn(5) Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пица(6) Бидете креативни за Денот на вљубените: Забавен маникир за девојките кои се љубители на пица

  • 6 свежи идеи за паровите кои не знаат како да го поминат Денот на вљубените

    6 свежи идеи за паровите кои не знаат како да го поминат Денот на вљубените

    Не постои правилно или погрешно мислење за Денот на вљубените. Некои го слават, други го презираат, трети едноставно купуваат две шишиња вино и заспиваат пред телевизорот во топла прегратка, без воопшто да се сетат на денот. Но ако сте решиле да славите, а вие и вашиот партнер едноставно не можете да се согласите како, прочитајте неколку алтернативни идеи.rnrn6 свежи идеи за паровите кои не знаат како да го поминат Денот на вљубенитеrn

    1. Се сеќавате на тоа нешто кое планирате да го направите заедно подолго време? Епа, направете го!

    rnНе мора да резервирате маса во елитен ресторан и да ја „исцедите“ вашата банкарска сметка поради Денот на вљубените. Наместо тоа сетете се што сте планирале одамна да направите заедно. Можеби сте зборувале да почнете да одите на часови за танцување, но никогаш не сте нашле време. Или можеби сте сакале да посетите некоја винарска визба во околината. Ако сте натпреварувачки расположени, тогаш можеби добро ќе ви дојде една партија пејнтбол. Доста одложувате. Искористете го Денот на вљубените како изговор да пробате нешто ново, дури и тоа да не е романтично.rn

    2. Научете нешто ново за вас

    rnВеројатно мислите дека го знаете секој детаљ за вашиот партнер, но голема е веројатноста дека не сте во право. Што велите оваа година за Денот на вљубените да останете дома, да заштедите малку пари и да ја искористите вечерта за долг разговор со партнерот?rnНајдете интересни прашања кои ќе можете да си ги поставувате еден на друг и бидете сигурни дека сте искрени. Опфатете ги сите области, од детството, вашата врска, па сè до најголемите стравови. Отворете шише вино, галете се на каучот и откријте каде ќе ве одведат овие прашања.rn

    3. Рекреирајте некој состанок од минатото

    rnАко не ви текнува нова идеја за Денот на вљубените, тогаш што велите за повторување на моментот кога за првпат сфативте дека сте вљубени еден во друг? Повторно гледајте го првиот филм што сте го гледале заедно, излезете на пиво во барот во кој не сте влегле одамна или одете во театар на претставата што сте ја гледале заедно пред неколку години. Или ако вашиот прв состанок се случил на луда забава, тогаш организирајте мала домашна забава, само за вас двајца.rn

    4. Поминете ја вечерта заедно со пријателите

    rnАко сакате да ја прескокнете романсата, тогаш зошто да не се видите со пријателите? Можеби секој од вас може да ја помине вечерта со блиските пријатели на кои им е потребно друштво. Вашата пријателка која нема партнер би била среќна ако излезете заедно, а момците во секој случај нема да одбијат да испијат по некое пиво во омилениот бар.rn

    5. Испланирајте кратко патување

    rnЕве една идеја: Возете час или два надвор од вашиот град, најдете хотел и истражете го местото во кое ќе престојувате. Не мора да патувате во друга држава за да доживеете романтична вечер. Неверојатно е колку нови работи можете да научите од местата околу вашиот град. Колку и да звучи едноставно, една вечер далеку од дома, откривајќи нови интересни барови и пријатна хотелска соба, секогаш може да биде забавно.rn

    6. Ако не успее ништо, гледајте филмови.

    rnАх, кога „гледањето филмови“ за паровите кои се заедно подолго време, буквално значи гледање филмови. Ако не сте расположени за ништо специјално за овој Ден на вљубените, тогаш не мора да форсирате ништо. Едноставно купете неколку пива, нарачајте пица и гледајте ја омилената серија по десетти пат. Иронично е кога заедно сте мрзеливи на денот кога треба да сте полни со ентузијазам за прославата на вашата љубов. Сепак, на крајот на денот важно е само да најдете заеднички јазик, односно нешто за кое ќе се согласите и двајцата.

  • Астрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените

    Астрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените

    Денот на вљубените полека се приближува, а романтиката и љубовните теми веќе започнуваат да ги преплавуваат социјалните мрежи, како и нашите мисли. А, има ли нешто поромантично од еден силен, несебичен, праведен суперхерој кој буквално ќе ве издигне во облаците? Во продолжение погледнете кој суперхерој од познатите стрипови може да биде вашиот потенцијален партнер за Денот на вљубените, според вашиот хороскопскиот знак.rn

    1. Овен: Капетан Америка (Captain America)

    rnАстрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrnОвните уживаат во материјалните задоволства на животот и сакаат да бидат сигурни дека тоа секогаш ќе биде така. Според астролошките прогнози, постојат можности за подобар финансиски план за Овенот, па на нив е да одлучат дали ќе ги искористат тие можности или не. Бидејќи претставуваат поларни спротивности, Капетан Америка со својата смиреност и љубезност е совршениот избор за Овните.rn

    2. Бик: Зелениот фенер (The Green Lantern)

    rnАстрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrnБиковите обично знаат како добро да се снајдат во секоја ситуација. Нивните противници често немаат никакви шанси против нив, но можеби треба да им дадат една. Потребни се двајца за да се игра танго, а можеби ризикот ќе се исплати. Зелениот фенер знае како да се справи со тврдоглавоста на Биковите и затоа тој е и најдобриот партнер за нив.rn

    3. Близнаци: Зан од Неверојатните близнаци (Zan of the Wonder Twins)

    rnАстрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrnСпоред астролошките прогнози, ова е добар период за Близнаците да ги зајакнат своите врски со пријателите и најблиските. Како и секогаш, клучно е да останат позитивни и добро расположени. Зан знае како е да се биде брат близнак, па совршено ќе ги разбере сите нивни потреби.rn

    4. Рак: Молњата (The Flash)

    rnАстрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrnРаковите се секогаш емотивни, среќни и романтични, а најмногу им оди од рака кога ќе ги променат плановите во последен момент. Спонтаноста е вистинскиот пат кој треба да го изберат, бидејќи така ќе бидат пријатно изненадени. А, зарем постои некој побрз и поспонтан од Молњата?rn

    5. Лав: Спајдермен (Spiderman)

    rnАстрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrnЛавовите се инспиративни и мотивирани. Тие имаат толку многу идеи и промени, а толку малку време. Важно е да останат фокусирани на своите мисли, бидејќи некои од овие идеи гарантираат успех и подобра финансиска состојба. Спајдермен, со неговата харизма и интелигенција, ќе биде совршениот партнер за нив.rn

    6. Девица: Бетмен (Batman)

    rnАстрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrnСлободоумни, толерантни и отворени, Девиците знаат како да ги прифатат другите личности онакви какви што се. И токму поради тоа тие ја уживаат и нивната поддршка. Сега е нивната шанса да ги остварат своите најголеми соништа, бидејќи го имаат сè она што им е потребно. А, кој може да ви даде поголема поддршка (од секој можен аспект) од темниот витез?rnrn

  • Изненадете го вашиот сакан: Торта во форма на срце која можете да ја направите без калап за печење

    Изненадете го вашиот сакан: Торта во форма на срце која можете да ја направите без калап за печење

    Се ближи денот на вљубените, а вие не знаете на кој начин да го изненадите вашиот сакан? Ако нè прашувате нас, ние би ви предложиле да го изненадите со нешто слатко и вкусно во кое ќе можете заеднички да уживате. На пример, тоа може да биде некоја торта или колач со омилениот вкус на вашиот сакан и секако, во форма на срце! Откријте како да направите торта во форма на срце доколку дома немате таков калап за печење со овој помош на овој лесен и едноставен трик.rnrn1-iznenadete-go-vashiot-sakan-torta-vo-forma-na-srce-koja-mozhete-da-ja-napravite-bez-kalap-za-pechenje-www.kafepauza.mk_rnrnБез калап за печење секако не може, но за овој колач ќе ви бидат потребни два – еден во форма на квадрат и еден во форма на круг. Она што е најважно е дека смесата за корите која ќе ја сипете во калапите треба да биде рамномерна. Откако ќе се испечат корите, тие треба да бидат со иста дебелина.rnrnВтората работа на која треба да обрнете внимание е пречникот на кружниот калап да биде еднаков на страната на квадратниот калап. Тоа лесно ќе го проверите со помош на линијар или метро кое ќе го наместите точно по средината на кружниот калап, а потоа добиената мера ќе ја споредите со едната страна од квадратот. Доколку се поклопуваат, можете да продолжите понатаму!rnrnСипете ја смесата за корите во калапите и испечете ја по дадените упатства. Кората во форма на круг, пресечете ја точно на средина за да добиете два еднакви дела.rnrn2-iznenadete-go-vashiot-sakan-torta-vo-forma-na-srce-koja-mozhete-da-ja-napravite-bez-kalap-za-pechenje-www.kafepauza.mk_rnrnКвадратната кора завртете ја така што да добиете ромбоиден облик. Едната половина од кружната кора наместете ја на едната, а другата половина на другата страна од квадратната кора. Исто како што е прикажано на сликата подолу.rnrn3-iznenadete-go-vashiot-sakan-torta-vo-forma-na-srce-koja-mozhete-da-ja-napravite-bez-kalap-za-pechenje-www.kafepauza.mk_rnrnЗа да го забрзате овој процес, можете да се послужите со готови кори, но во тој случај многу материјал ќе фрлите при формирањето на кружната кора. Филувајте ги корите однатре, а на крај премачкајте ја кората од сите страни и декорирајте ја по сопствена желба. rnrn4-iznenadete-go-vashiot-sakan-torta-vo-forma-na-srce-koja-mozhete-da-ja-napravite-bez-kalap-za-pechenje-www.kafepauza.mk_ 5-iznenadete-go-vashiot-sakan-torta-vo-forma-na-srce-koja-mozhete-da-ja-napravite-bez-kalap-za-pechenje-www.kafepauza.mk_

  • Што ве очекува на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак?

    Што ве очекува на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак?

    Врските кои ги градиме се тесно поврзани со нашите лични карактеристики, па затоа хороскопоските знаци се добар показател за тоа каков викенд нè очекува за Св. Валентин.rnrn0-Shto-ve-ochekuva-na-Denot-na-Vljubenite-spored-vashiot-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnКако прв знак во хороскопот, на Овенот, кој е роден лидер, не му се потребни посебни празници за да ја прослави љубовта.rnrnПоради нивната силна енергија и ентузијазам може да имаат антиВалентин (хорор филмови, мрсна храна и многу лук).rnrnТоа не значи дека нема да се заинтересираат, но секако ќе се постават себеси на прво место.rn

    Бик

    rnБикот ужива во подароци и во материјални добра и секако дека ќе очекува внимание, најмалку со чоколадо, за Денот на вљубените.rnrnСмирената и сензационалната страна на Бикот ќе има потреба да го прослави овој романтичен празник на интимен начин.rnrnКога ќе ви се закачат еднаш, закачени се засекогаш, затоа што премногу брзо се приврзуваат. Па доколку се однесувате како навистина да ви е убаво бидете сигурни дека токму таа порака сакате да ја примат.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците живеат во двоен свет што им овозможува лесно да се адаптираат во секоја ситуација, но исто така тоа ги прави и неодлучни.rnrnТие би го поминале Денот на вљубените сосем нормално и со некое попатно изненадување – лукавиот Близнак секогаш има нешто зајадливо во својот ракав.rnrnОние кои се сингл, благодарение на својата површна природа, ќе им се додворуваат на најатрактивните во клубот, а оние кои се зафатени ќе ги отвораат своите луксузни подароци.rn

    Рак

    rnРаковите сакаат да се чувствуваат сигурно и удобно, затоа ќе го поминат овој ден со некој со кој се длабоко поврзани, како брачниот партнер или семејството.rnrnБидејќи се чувствителни, слободните Ракови најверојатно ќе го искористат ова време за самосожалување и давење во својата осаменост.rnrnПриврзаните ракови никогаш нема да заборават на сите блиски да им посветат внимание на овој ден.rn

    Лав

    rnБез разлика дали се сингл или зафатени, овој ден е како створен за нив. Тие го гледаат овој ден како повод да си докажат колку другите луѓе ги ценат нив и секако – ќе очекуваат внимание и подароци.rnrnСамоуверениот и вообразен Лав мора да има закажано некаква прослава на овој ден, макар и со пријателите, а притоа ќе се преправа дека не му е грижат за тоа.rnrnТие се енергични, живи и сакаат секаков повод за забава што значи дека нивниот Ден на вљубените ќе биде еден забавен бал.rn

    Девица

    rnМногу се пребирливи, но штом еднаш успеете да го тргнете нивниот лукав слој, ќе го пронајдете нивното топло срце.rnrnНим не им е грижа за овој ден, па затоа настојуваат да размислуваат логички и практично.rnrnЗошто да потрошат еден ден на сакање кога треба да ги сакате 365 дена? Баталете ги досадните подароци — Девиците многу лесно ги согледуваат вештачките изливи на љубов за да би го освоиле така лесно нивното срце.rn

    Вага

    rnТие се премногу дружељубиви, но исто толку и нерешителни, што значи дека тие ќе го поминат Денот на вљубените правејќи планови во последната минута со личноста која штотуку ја одбрале.rnrnНо, како романтични и шармантни индивидуалисти со нетрпение го очекуваат овој ден.rnrnТие сакаат да флертуваат – нека не ве изненадува ако повеќе флертуваат со сите во клубот отколку со вас.rnrnНа крајот на денот, Вагите се повторно оние нежни луѓе кои бараат баланс и фер игра и секогаш ви се враќаат.rn

    Скорпија

    rnТие се независни луѓе и затоа нема да им пречи сами да го прослават овој ден, особено затоа што тие секогаш сакаат да наздрават за своја душа.rnrnТие се многу страсни љубовници кои секогаш со сигурност ги искажуваат своите чувства вклучувајќи го и она: Те сакам!rn

    Стрелец

    rnТие се позитивни луѓе, оптимистични индивидуалисти кои имаат големо срце и уште поголема имагинација. Слободните Стрелци нема во никој случај да ги начекате како дремат дома, туку ќе одат да гледаат некој филм кој ќе ја понесе нивната инспирацијата.rnrnОние кои имаат партнери ќе прават нешто авантуристичко, затоа што обожуваат да истражуваат нови нешта.rn

    Јарец

    rnЈарците се вредни и одлучни луѓе, кои го користат својот прагматизам за да го достигнат посакуваното – всушност, и да немаат закажано состанок за Денот на вљубените тие ќе се досадуваат, сè додека некој не се сложи со нив да го гледа „50 нијанси на сиво“.rnrnПоради нивната конзервативна природа, понекогаш знаат да бидат песимистички расположени, па нека не ве чуди ако веќе најават дека сами ќе бидат на Денот на вљубените…. и дека самите ќе си пратат букет цвеќе за ефектот да биде поголем.rn

    Водолија

    rnТие сакаат да се уникатни, а нивната љубов кон другите ќе ги натера да земат учество во Денот на вљубените. Како креативни и со различни идеи, тие сакаат да си создадат своја верзија на овој празник.rnrnОние кои се зафатени играат воздржана игра бидејќи не сакаат да искажуваат чувства во јавност, но доколку се сингл тогаш претпочитаат да се дружат со пријателите затоа што важат за многу дружељубиви луѓе.rn

    Риби

    rnКако и нивниот симбол, Рибите не сакаат да пливаат сами и токму затоа тие на овој ден ќе бидат во нечие друштво. Тие се трагачи по авантури, па затоа и ќе прават нешто несекојдневно.rnrnПонекогаш се подредени, па затоа Рибите ќе ги остварат сите желби кои срцето на партнерот ќе ги посака на овој празник на заљубените.

  • Совршен маникир за Денот на вљубените

    Совршен маникир за Денот на вљубените

    Подготвени сте за Денот на вљубените? Има само уште неколку дена, па доколку сè уште немате идеја за маникир, погледнете ги овие одлични предлози кои со сигурност ќе ви се допаднат. Бидете креативни и изненадете го вашето момче со уникатен дизајн кој ќе го привлече неговото внимание. Маникирот е најдобриот моден додаток, па токму затоа изберете мудро…rnrnСовршен маникир за Денот на вљубенитеrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

    Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

    Без разлика дали сте сингл или во врска, вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен партнер за Денот на вљубените. Таа е секогаш тука за вас, знае точно сакате и кога го сакате тоа, ве познава толку добро што не ви потребни зборови за да комуницирате и ве видела дури и во најлошото светло. Па, зарем има подобра личност со која би можеле да го поминете овој ден? Погледнете зошто треба да бидете со вашата пријателка на Денот на вљубените…rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    1. Можете да изедете цела кутија чоколади без да бидете осудувани

    rnПред вас стои цела кутија со чоколади во форма на срце и не ви е проблем сами да изедете сè бидејќи и вашата најдобра пријателка е веќе на половина пат од таа цел.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    2. Пиете вино само со една цел – да се опијаните!

    rnМожеби виното прави да се чувствувате секси кога сте со вашето момче, но кога сте со вашата најдобра пријателка виното има само една цел, а таа е комплетно да се опијаните.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    3. Таа најдобро ве прегрнува

    rnЗошто би сакале груба прегратка од некој испотен и влакнест маж кога вашата пријателка не само што нежно ве прегрнува туку и мириса на ванила и колачиња.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    4. Заедно ќе го гледате „The Notebook“ и двете подеднакво ќе уживате во него

    rnЗарем има подобро време од Денот на вљубените за целосно да се изгубите во нереалната слика за љубовта и врските? Вашето момче постојано ќе превртува со очите за време на овие „лигави“ романси, но вашата најдобра пријателка е онаа која ќе ви подава марамчиња за вашите солзи додека и таа самата плаче.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    5. Таа активно ги слуша вашите проблеми и навистина се грижи за вас

    rnТаа не ве слуша поради чувството на обврзување, туку затоа што навистина сака да ви помогне. Звучи како одлична вечер помината со неа, нели?rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    6. Таа знае што навистина сакате за Денот на вљубените

    rnЕдно шише евтино вино, мала кутија со чоколади и многу озборување. Се разбира!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    7. Вие вистински уживате во времето поминато со неа

    rnОбожавате да поминувате време со вашата најдобра пријателка и тоа не го правите поради обврската да ја видите, туку затоа што навистина сакате да сте покрај неа. Дури и во оние денови кога ги мразите сите, таа е единствената која вистински ја сакате.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    8. Таа никогаш не ве одбива

    rnВие сте си најважниот приоритет и никогаш не ги заборавате оние денови кои имаат посебно значење за вас. Но, дури и во оние „луди“ моменти, таа секогаш е тука да ве поддржи!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    9. Вашиот однос не вклучува секс

    rnБидејќи немате сексуални односи една со друга, не чувствувате никаков притисок да бидете средени или да носите неудобна долна облека. Вие се чувствувате пријатно покрај неа дури и ако сте во тренерки и со мрсна коса!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    10. Никогаш нема да „раскинете“

    rnНе треба да се грижите за рокот на траење на вашето пријателство бидејќи знаете дека секогаш ќе бидете една покрај друга. Вие толку добро се познавате и сте искрени една со друга, што знаете дека дури и ако се појави проблем, можете брзо и едноставно да го решите.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    11. Не постои притисок за подарок

    rnОдеднаш Денот на вљубените не е толку стресен кога не „полудувате“ околу совршениот подарок за вашиот партнер. Тој е само уште една вечер помината покрај вашата најдобра пријателка, со многу алкохол и одлична забава.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    12. Денот на вљубените не ви создава притисок да ја дефинирате вашата врска

    rnДали состанокот на овој ден значи дека сте во официјална врска? Вие сте веќе 6 месеци заедно, па дали тоа води кон нешто сериозно? Кога сте покрај вашата најдобра пријателка нема време за овие дилеми. Едноставно фатете ја за рака и заборавете на целата драма!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    13. Таа нема да се противи доколку побарате од неа да одите заедно во кино на „50 Shades of Grey“

    rnПа, зошто да не би ја поминале оваа вечер во кино на еден од најочекуваните филмови за оваа година? По читањето на книгите, сигурно веќе со месеци едвај чекате да го видите совршеното тело на Џејми Дорнан на големото платно и неговата изведба на неверојатниот Кристијан Греј.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    14. Не постои непријатна тишина за време на вечерата

    rnВие две толку добро се познавате што дури и да ви снемаат теми за разговор (што да бидеме реални не е можно да се случи), сепак ќе најдете начин како да ја исполните тишината со пријатни чувства.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    15. Таа ве видела во вашето најлошо светло и сè уште е покрај вас

    rnНаместо да ги криете оние темни страни од вашата личност, постојано чувствувајќи се лошо за нив, таа ве мотивира да ги изнесете на површина и да се справите со нив најдобро што можете. Токму затоа, покрај неа вие сте подобра личност!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрата музичка плејлиста за Денот на вљубените

    Најдобрата музичка плејлиста за Денот на вљубените

    Зарем може да се организира совршениот љубовен состанок ако ја немате соодветната музичка плејлиста? Доколку веќе имате планови за Валентин во домашна атмосфера, тогаш топло ви ја препорачуваме оваа одлична плејлиста од 2 часа која ќе ја исполни вашата вечер со многу љубов, страст и романтика. Уживајте!rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Искрени, невообичаено хумористични пораки за Денот на вљубените

    Искрени, невообичаено хумористични пораки за Денот на вљубените

    Како што се ближи Денот на вљубените, веројатно на сите парови веќе низ глава им се вртат идеи како да го прослават овој ден. Од подароци до романтични вечери и прошетки, сите барем еднаш сме ги поминале овие клише идеи кои ни се веќе досадни. Па ако ги ставиме настрана сите традиционални, познати начини, а земеме предвид дека креативноста и хуморот се секогаш добра комбинација, тогаш следниве фантастични инспиративни картички се една одлична идеја да ја изненадите саканата личност.rnrn

    Не чиниш помалку од повеќето луѓе
    Не чиниш помалку од повеќето луѓе
    rnrn

  • 15 слатки нешта кои можете да ги правите со вашиот партнер за Денот на вљубените

    15 слатки нешта кои можете да ги правите со вашиот партнер за Денот на вљубените

    Сè уште немате идеја како ќе го поминете Денот на вљубените? Погледнете ги овие романтични, забавни и слатки предлози кои со сигурност ќе ви се допаднат, а за кои не е потребно многу планирање…rnrn15 слатки нешта кои можете да ги правите со вашиот партнер за Денот на вљубенитеrnrn1. Споделете десерт – Постои нешто многу интимно при делењето храна со друга личност, па токму затоа порачајте го вашиот омилен десерт со два сета прибор и уживајте заедно во него.rnrn2. Гледајте романтичен филм – Дури и да не сте љубители на овој жанр, сепак дајте им шанса на оние клише романтични комедии кои ќе ве насмеат, но и ќе ви помогнат да се почувствувате поблиски.rnrn3. Прошетка во парк – Направете долга прошетка во парк, без разлика на времето. Прегрнете го вашиот партнер и уживајте во мирната околина околу вас.rnrn4. Направете домашен пикник – Наместо да се тресете на студеното време, направете простор во вашата дневна соба, постелете ќебе и поставете го пикникот дома. Можете дури и да гледате романтичен филм покрај виното и десертот.rnrn5. Останете во кревет – Направете пуканки и поминете ја вечерта разговарајќи за вас и вашата врска. Зарем има подобар начин да се почувствувате поблиски?rnrn6. Засадете цвеќе – Прославете ја вашата љубов така што ќе засадите нешто во нејзина чест. Одберете цвет кој ви се допаѓа и на двајцата, купете земја и саксија и посадете го заедно во вашиот дом.rnrn7. Гответе заедно – Готвењето е едно од најпотценуваните активности кои еден пар може да ги прави заедно. Подготовката на храната ве исполнува со топлина, ги допира сите ваши сетила и потоа прави да се чувствувате убаво во пределот на вашиот стомак.rnrn8. Пејте песни – Организирајте си ваш караоке концерт и снимајте ги вашите брилијантни настапи. Ова би било уште позабавно доколку и двајцата немате талент за пеење. :)rnrn9. Танцувајте во дневната соба – Кога последен пат сте танцувале заедно? Пуштете го радиото, пронајдете канал со романтична музика, прегрнете се и дозволете ѝ на музиката да го води вашето тело.rnrn10. Пијте вино и играјте игри – Секогаш има нешто забавно и секси во малиот пријателски натпревар помеѓу паровите кој е зачинет со 1-2 чаши вино. Играјте карти или монопол и дозволете му на вашиот натпреварувачки дух да надвладее!rnrn11. Предизвикајте се на видео игри – Зарем има подобар начин да се помине оваа вечер? Одберете ретро игри како Пекмен или Тетрис, или пак поминете на оние подинамичните од типот на „Need For Speed“. За да биде поинтересно, договорете се победникот да добие нешто, како на пример, масажа.rnrn12. Составете заедничка приказна – Бидете креативни и составете ваша сопствена бајка. Секој нека кажува по една реченица, наизменично и не заборавајте да ја запишете за да можете потоа гласно да ја прочитате.rnrn13. Одете на балет или во театар – Кога последен пат сте биле во театар? Или пак, сте гледале ли некогаш балетска претстава? Сигурни сме дека нема да се разочарате.rnrn14. Бакнете се секогаш кога еден од вас ќе каже „Те сакам“ – Бакнежите се несомнено најдобар начин да се поврзете со вашиот партнер, па зошто да не ѝ дадете шанса на оваа мала игра? Токму затоа секој пат кога еден од вас ќе каже „Те сакам“, другиот мора веднаш да подари бакнеж.rnrn15. Споделете ја вашата љубов – Се сеќавате на оние малите картички за Денот на вљубените кои ги испраќавте и добивавте на училиште? Па, зошто да не го направите тоа и вие? Напишете неколку љубовни картички и споделете ги со случајни минувачи во центарот на градот. Сигурно некому ќе му го разубавите денот.rnrn15-slatki-neshta-koi-mozhete-da-gi-pravite-so-vashiot-partner-za-denot-na-vljubenite-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.