КАФЕ ПАУЗА

Tag: Денот на вљубените

  • Поминете го Денот на вљубените како вистинска Французинка

    Поминете го Денот на вљубените како вистинска Французинка

    Секој ден во Париз, или во кој било друг дел од романтичната Франција, делува како сценарио од бајките, но мора да признаете дека Денот на вљубените звучи како совршен датум за да ја бакнете вашата сакана личност под Ајфеловата кула. И додека фантазирате за градот на светлината, ние решивме да ви покажеме како префинетите Французинки и вечни заводнички се подготвуваат за овој ден. Погледнете ги овие 7 совети кои ќе ви покажат како да се претворите во вистинска Парижанка.rnrnКако да го поминете Денот на заљубените како една Французинкаrn

    Бидете подготвени

    rnПодготвувањето за Денот на заљубените почнува уште од моментот кога ќе ги отворите очите, ќе облечете фустан и ќе отидете до првата пекара да купите кроасан и кафе. Запаметете дека Французинките секогаш се подготвени, затоа што никогаш не се знае кој може да сретнат зад аголот – можеби токму тоа да биде нивната судбинска средба и Денот на заљубените да почне на најдобар можен начин. Мотото на тамошните жени е: „Никогаш не дозволувајте да не бидете подготвени“.rn

    Имајте повеќе избори

    rnЗа момчињата треба да размислувате како за колачи: Тие се вкусни, но не е доволен само еден залак за да го засити вашиот апетит. Морате да пробате и ванила и чоколадо и портокал, за да знаете кој има најдобар вкус. Брижит Бардо во една прилика изјавила: „Можеби ќе ме нарекуваат грешница, но јас сум во мир со самата себе.“ Затоа, само напред. Не запирајте се себеси ако нешто ви одговара или нешто навистина сакате. Па, нели е Денот на вљубените!rn

    Не се опседнувајте премногу

    rnБез оглед на тоа дали сте во кратка или долга врска, или пак сте сингл, треба да запаметите дека ова е комерцијален празник! Не е важно ако ова вечер ја поминете сами, без својата сакана личност. Иако ова е ден за заљубените души, не е единствен кога треба да ја ширите љубовта!rnrnКако да го поминете Денот на заљубените како една Французинкаrn

    Изедете ги сите слатки работи

    rnСлободно поминете го Денот на заљубените во најдобро друштво, со најдобри слатки работи. Запаметете, тоа е дозволено на овој ден. Заборавете на линијата и диетите и дозволете си себеси да паднете во светот на чоколадата. Бидете креативни, па спакувајте го омиленото чоколадо на најромантичен начин и подарете ѝ го на саканата личност.rn

    Нахранете ја својата фантазија

    rnКога станува збор за Денот на вљубените, можете да одберете некоја секси долна облека, а и да ги исполните сите свои желби, како и желбите на вашиот партнер. Направете го овој ден вреден за паметење!rn

    Блескајте

    rnЗа да блескате секој ден, па дури и на Денот на вљубените, неопходно е пред сѐ да се обожавате себеси, па и работите околу вас. Правете го она што ви одговара, без оглед на тоа дали станува збор за коктел со вашите пријатели, партнерот, па дури и вечер помината со вашиот миленик. Угодувајте си себеси. Ако плановите за Денот на вљубените ви пропаднаа, тоа не значи дека треба да бидете сами и очајни. Французинките сигурно би отишле сами во некој бар, би си купиле пијалак или би организирале ноќно пливање во некој луксузен хотел.rn

    Ризикувајте

    rnКетрин Денев во една прилика изјавила: „Ако се обидувате да измерите каква ќе ви биде иднината, никогаш нема да се осмелите да ризикувате во сегашноста.“ А, тоа не е секогаш добро! Во некои ситуации ви е потребно барем малку ризик за да ги свртите работите во своја корист. Овој ден направете нешто што никогаш претходно не сте го направиле. Веќе долго време ви се допаѓа некое момче? Испратете му порака или подарок и привлечете го неговото внимание. Сите средства се дозволени!rnrnКако да го поминете Денот на заљубените како една Французинка

  • Патот до срцето на мажот е преку стомакот: Вкусни десерти за Денот на вљубените

    Патот до срцето на мажот е преку стомакот: Вкусни десерти за Денот на вљубените

    Денот на вљубените, како што самото име си кажува, е ден на кој се слави љубовта. Имајќи го тоа на ум, зарем има подобар начин да се прослави овој убав ден од подготовката и потоа уживањето во слатки десерти? Сигурно и вие би се согласиле дека корелацијата помеѓу Денот на вљубените и вкусните десерти е сосема оправдана! Па, доколку сте во потрага по оригинален подарок со кој ќе го израдувате вашиот партнер на 14 февруари, тогаш ние ви предлагаме тоа да бидат вкусни колачи на кои нема да остане рамнодушен. Запомнете, патот до машкото срце е преку неговиот стомак!rn

    Чоколадни мафини со вишна

    rnrnrnАко чоколадата се сложува добро со нешто, тогаш тоа дефинитивно се вишните. Затоа, овој десерт е сосема соодветен за повторно освојување на неговото срце!rn

    Потребни состојки за мафините:

    rn

      rn011

    • 2 лажици растително масло
    • rn011

    • 6 лажици несолен омекнат путер
    • rn011

    • 100 грама бел шеќер
    • rn011

    • 100 грама кафеав шеќер
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 2 лажички екстракт од ванила
    • rn011

    • 130 грама брашно
    • rn011

    • 6 лажици какaо во прав
    • rn011

    • 1/2 лажичка сода бикарбона
    • rn011

    • 1/4 лажица прашок за печиво
    • rn011

    • 1/4 лажичка сол
    • rn011

    • 170 милилитри млеко
    • rn011

    • 150 грама слатко од вишни
    • rn

    rn

    Потребни состојки за глазурата:

    rn

      rn011

    • 230 грама несолен омекнат путер
    • rn011

    • 360 грама шеќер
    • rn011

    • 2 лажички павлака
    • rn011

    • 70 грама слатко од вишна
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте ја рерната на 180 степени, а тавата за мафини обложете ја со хартија за печење. Во голем сад изматете ги маслото, путерот и шеќерот. Мешајте сѐ додека смесата не стане воздушеста. Додајте ги јајцата, едно по едно, и измешајте добро, а потоа додајте го и екстрактот од ванила. Во друг сад измешајте ги брашното, какаото, сода бикарбоната, прашокот за печиво и солта.rnrnПостепено додавајте ја оваа мешавина во претходната и мешајте додека целата не се соедини. Со оваа смеса наполнете ја тавата и печете од 15 до 20 минути. Извадете ги мафините од тавата и оставете ги да се изладат. Потоа, со помош на нож или со шприц за шлаг внимателно направете длабнатина и пополнете ја со вишни. Изматете ја глазурата од путер, шеќер и павлака, и премачкајте ги мафините, а потоа украсете ги со вишни.rnrnСовет: За да проверите дали мафините се добро испечени, забодете една чепкалка за заби во нив и доколку по нејзиното извлекување таа е чиста, тогаш мафините се готови.rn

    Тортички со јагоди

    rn2-neka-povtorno-se-zaljubi-vo-vas-vkusni-deserti-idealni-za-denot-na-vljubenite-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку вие и вашиот партнер не сте љубители на вишните, тогаш ви предлагаме друг вкусен чоколаден десерт кој вклучува одлична замена за нив – јагоди!rn

    Потребни состојки за тортичката:

    rn

      rn011

    • 115 грама путер
    • rn011

    • 250 грама искршено чоколадо
    • rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 60 грама брашно
    • rn011

    • 1 лажичка прашок за печиво
    • rn011

    • 1/4 лажичка сол
    • rn011

    • Околу половина килограм исечкани јагоди
    • rn

    rn

    Потребни состојки за глазурата:

    rn

      rn011

    • Околу 250 грама искршено чоколадо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНа слаб оган стопете го чоколадото и путерот и оставете да се излади. Изматете ги јајцата и шеќерот, а одделно измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Смесата од путер и чоколадо измешајте ја со онаа од јајца и шеќер, а на крај додајте ја сместа со брашно.rnrnСипете го тестото во подмачкана тава и печете од 20 до 25 минути во рерна која претходно е загреана на 180 степени. Истиот трик со чепкалката за заби помага и во овој случај. Посипете ги исечканите јагоди врз колачот, а остатокот од чоколадото истопете го и прелијте го врз нив. Колачот мора да се излади од половина до еден час пред сервирање. Уживајте!rn

    Колач во чаша со шампањ

    rnrnrnВерувале или не, можете да приготвите вкусен десерт и без чоколада! Можеби овој е и највкусен, бидејќи вклучува шампањ!rn

    Потребни состојки за сирупот:

    rn

      rn011

    • 4 лажици шампањ (розовиот е одличен избор)
    • rn011

    • 1 лажичка шеќер
    • rn

    rn

    Потребни состојки за колачот:

    rn

      rn011

    • 4 лажици брашно
    • rn011

    • 1/4 лажица прашок за печиво
    • rn011

    • 1 лажица шеќер
    • rn011

    • 2 лажици млеко со низок процент на млечни масти
    • rn011

    • 2 лажички сируп од шампањ (кој претходно го приготвивте)
    • rn011

    • 1/2 лажичка растително масло
    • rn011

    • 1-2 капки розова боја за храна
    • rn

    rn

    Потребни состојки за глазурата:

    rn

      rn011

    • 170 грама слатка павлака
    • rn011

    • 1 лажичка шампањ
    • rn011

    • 2 лажички шеќер
    • rn011

    • 1-2 капки розова боја за храна
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо мал сад пригответе го сирупот, измешајте го шампањот и шеќерот, а потоа гответе додека не зоврие на слаб оган. Подготовката на сирупот трае околу 3 минути, а смесата би требало да се намали и згусне, во однос на почетниот изглед.rnrnНа ред е колачот. Измешајте ги сите состојки и печете во микробранова печка на највисоката температура, околу 1 минути.rnrnКога станува збор за глазурата, помешајте ги сите состојки и добро изматете ги со миксер. Пред да го полиете колачот со глазурата, оставете го да се излади.rnrnСовет плус: Колачот е повкусен доколку се послужи додека е топол!

  • За сите мрзливи парови: Како да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера?

    За сите мрзливи парови: Како да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера?

    Новогодишните и божиќните празници нѐ оставија без скршен денар. Згора на сѐ, се ближи Денот на вљубените и повторно треба да смислувате нешто спектакуларно за да го изненадите саканиот или саканата. Можеби сте се договориле дека ништо нема да си купувате, но сигурно ќе сакате барем некако да го обележите денот на љубовта.rnrnЗа сите мрзливи парови: Како да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера?rnrnНајпрво треба да сфатите дека секој ден треба да ја прославувате љубовта, а не еднаш годишно. Токму затоа не постои апсолутно никаква причина да потрошите еден куп пари на подароци и романтични вечери. Со малку фантазија и креативност ќе можете да си поминете одлично и во домашна атмосфера. Еве што можете да направите…rn

    Симнете ги сите ваши омилени филмови

    rnПод „омилени“ се мисли на филмови кои и двајцата уживате да ги гледате. Направете листа на филмови кои ги обожавате и симнете ги од Интернет. Ако се сеќавате на првиот филм што сте го гледале заедно, можете да почнете од него.rn

    Подгответе си вкусна храна

    rnКупете некое добро вино и направете ги вашите омилени десерти. Доколку ретко појадувате заедно затоа што секогаш брзате, одвојте малку време утрото за да подготвите посебен појадок и не ги соблекувајте пижамите.rn

    Составете музичка плејлиста од сите песни што ги обожавате

    rnСигурно постојат некои песни што и двајцата ги обожавате, бидејќи на некој начин ја одбележале вашата врска и ве потсетуваат на убавите моменти поминати заедно. Пуштете си ги сите „ваши“ песни и танцувајте со партнерот или партнерката. Нека ве понесе моментот и претворете ја дневната соба во ваш личен љубовен подиум. Можете да се бакнувате страсно и да танцувате како сакате, бидејќи сте заштитени од очите на јавноста. Слободно прекршете ги сите општествени правила и норми, никој не ве гледа!rnrnИзненадете го партнерот и со овие 5 оригинални честитки за Денот на вљубените.

  • За сите сингл девојки: Како да го поминете Денот на вљубените сами?

    За сите сингл девојки: Како да го поминете Денот на вљубените сами?

    Денот на вљубените само што не пристигнал и вие немате ни потенцијален додворувач, а не пак нешто повеќе. Но, тоа не значи дека не можете да уживате и да си го прославите денот! Има толку многу забавни работи кои можете да ги направите што целосно ќе заборавите дека сте сингл. Искористете го празников за да ја прославите љубовта: Љубовта кон себеси, кон вашите пријатели, семејство, кон целиот свет! Романтичната љубов не е единствениот вид љубов што постои. Прочитајте ги овие 7 идеи и поминете си одлично за Денот на вљубените и покрај тоа што немате партнер…rnrnЗа сите сингл девојки: Како да го поминете Денот на вљубените сами?rn

    1. Посветете си време на себе

    rnСо оглед на тоа што Денот на вљубените ја прославува љубовта, поминете го денот сакајќи се себеси. Земете си слободен ден од работа или завршете еден час порано и правете што сакате. Почестете се со маникир или останете дома, нарачајте си вкусна храна и изгледајте ги сите филмови што актерот во кој потајно сте заљубени некогаш ги снимил. Направете си целовечерен маратон со вашите омилени серии. Како ќе одлучите да го поминете денот, останува само на вас.rn

    2. Посветете се на работата

    rnДоколку горенаведеното опуштање ви делува претерано, можете да го направите токму спротивното. Искористете го денот за да завршите или почнете нешто што веќе некое време сте го планирале. Завршете го проектот што цело време го одложувате, испратете ги сите имејлови што ги одбегнувате или средете си го плакарот.rn

    3. Вљубете се во нешто ново

    rnДали отсекогаш сте сакале да почнете со јога или да научите како да танцувате? Дали сте сакале да научите да зготвите некое вкусно јадење? Поставете си некаков предизвик и направете нешто што никогаш претходно не сте се осмелиле да го направите.rn

    4. Подарете љубов

    rnИстражувањата докажале дека добрината е заразна, така што започнете епидемија. Направете им љубовни писменца на луѓето што ви се блиски, на вашите колеги и пријатели, па дури и на оние кои не ги познавате толку добро, како на пример на келнерот кој секогаш ви носи најубаво кафе. Доколку не сте расположени да подарите љубов на ваков начин, секогаш можете да волонтирате. Вклучете се во некоја хуманитарна организација и направете го светот подобро место за живеење.rnrnЗа сите сингл девојки: Како да го поминете Денот на вљубените сами?rn

    5. Разменете си подароци со другарките

    rnКому му треба дечко кога имате толку прекрасни пријателки? Соберете ги вашите најдобри другарки, напишете си ги вашите имиња на листови хартија, секоја од вас нека извлече по едно ливче и нека ѝ купи подарок на личноста која ја извлекла. Потоа, соберете се за Денот на вљубените и разменете си ги подароците. Дотерајте се и излезете некаде. Прославете го денот на пријателската љубов!rn

    6. Организирајте забава

    rnДоколку мислите дека вашето друштво нема да биде расположено за размена на подароци, поканете ги вашите пријателки кај вас дома и организирајте мала интимна забава.rn

    7. Размислете што очекувате од љубовта

    rnМожеби моментално не сте заинтересирани за почнување љубовни врски и мислите дека никогаш нема да доживеете вистинска љубов, но не заборавајте дека секој може неочекувано да се заљуби, па дури и вие. Токму затоа, одвојте некоја минута за да запишете кои се вашите цели во љубовта. Анализирајте ги вашите грешки од минатото и добро размислете како би сакале да изгледа вашата следна љубовна врска. Без разлика дали планирате да останете сингл во наредните 10 години или сакате од утре да почнете да барате дечко, оваа анализа ќе ви ги разјасни работите и ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор.rnrnДоколку го поминувате Денот на вљубените сами, ќе ви треба и музичка плејлиста во која ќе можат да се пронајдат сите оние кои нема да го прославуваат овој празник.

  • Направете сами: 14 декорации за Денот на вљубените кои ќе ги воодушеват сите околу вас

    Направете сами: 14 декорации за Денот на вљубените кои ќе ги воодушеват сите околу вас

    Се приближува Денот на вљубените, ден кога многу парови одлучуваат да го поминат заедно во романтична атмосфера. Но, доколку веќе ви е досадно постојано да го повторувате истото, а имате малку слободно време, дефинитивно нема да погрешите доколку изберете некои од овие проекти кои можете да ги направите самите, а да уживате со вашите најсакани.rn

    1. Омбре декорација за на ѕид

    rnНаправете сами: 14 декорации за Денот на вљубените кои ќе ги воодушеват сите околу васrnrnИзберете неколку соодветни гранки од дрво, составете ги во облик на срце и обојте ги во четири нијанси на боја за да ја направите оваа интересна декорација.rn

    2. Полици

    rnНаправете сами: 14 декорации за Денот на вљубените кои ќе ги воодушеват сите околу васrnrnСтавете нежни розови цвеќиња врз полиците во вашиот дом и дополнете ги со слатки пораки за Денот на вљубените.rn

    3. Нежни рачно направени подметки

    rnНаправете сами: 14 декорации за Денот на вљубените кои ќе ги воодушеват сите околу васrnrnОвие рачно изработени подметки можете да ги составите во вид на венец и да ги закачите онаму каде што најмногу одговараат во вашиот дом.rn

    4. Цвеќиња кои висат на ѕидот

    rnНаправете сами: 14 декорации за Денот на вљубените кои ќе ги воодушеват сите околу васrnrnБидете креативни и направете интересни декорации кои ќе висат на вашиот ѕид и ќе ви направат романтична атмосфера.rn

    5. Картички со пораки во омилената боја

    rnНаправете сами: 14 декорации за Денот на вљубените кои ќе ги воодушеват сите околу васrnrnНаправете неколку картички и обојте ги во омилената боја, а потоа напишете некоја слатка порака.rnrnПогледнете уште креативни декорации на наредната страница…rn

  • Без розова и црвена боја: 6 необични модни комбинации за Денот на вљубените

    Без розова и црвена боја: 6 необични модни комбинации за Денот на вљубените

    Не сите ја сакаат розовата или црвената боја. Постојат девојки кои никогаш не ги носат овие бои, бидејќи едноставно не одговараат на нивниот стил. Од друга страна пак, постојат и оние кои ги сакаат овие бои, но не сакаат да ја почитуваат „традицијата“ за Денот на вљубените, кој сите парови, помалку или повеќе, сакаат да го одбележат на некој начин. Ако се пронаоѓате во некоја од овие две групи, тогаш е време да се одлучите што ќе облечете. Побрзајте, времето истекува!rnrn0-bez-rozova-i-crvena-boja-6-modni-kombinacii-za-denot-na-vljubenite-koi-ne-se-stereotipni-www.kafepauza.mk_rnrn1. Ништо не му недостига на црниот фустан, без разлика дали изгледа лежерно или елегантно. Црната секогаш убаво прилега, ја истакнува фигурата на најдобар начин, а и кога е некоја посвечена прослава во прашање таа е секогаш добар избор.rnrn1-bez-rozova-i-crvena-boja-6-modni-kombinacii-za-denot-na-vljubenite-koi-ne-se-stereotipni-www.kafepauza.mk_ 2-bez-rozova-i-crvena-boja-6-modni-kombinacii-za-denot-na-vljubenite-koi-ne-se-stereotipni-www.kafepauza.mk_rnrnНа следната страница погледнете ги останатите модни комбинации кои ќе ви дадат оригинален и уникатен изглед на Денот на вљубените.rn

  • Што всушност сакаат мажите за Денот на вљубените?

    Што всушност сакаат мажите за Денот на вљубените?

    Денот на вљубените само што не пристигнал, но тоа сигурно веќе го знаете ако сте во врска. Можеби не му придавате значење на овој празник, но треба да имате на ум дека 37% од мажите и 13% од жените изјавиле дека нивните партнери би биле многу разочарани кога би го заборавиле 14-ти февруари. Доколку не сакате да ги растажите вашите сакани, запаметете ги следниве неколку факти што ќе ви помогнат да приредите незаборавно романтично изненадување за Денот на вљубените…rnrnШто всушност сакаат мажите за Денот на вљубените?rn

    Девојките се посебно расположени за критикување на Денот на вљубените

    rn14-ти февруари е малку контроверзен ден, бидејќи во последните години стана многу комерцијализиран. Луѓето обожаваат да го критикуваат однесувањето на заљубените парови на овој ден, но тоа е така затоа што 52% од жените и 16% од мажите признале дека им завидуваат на романтичните изненадувања што си ги приредуваат партнерите еден на друг. Иако станува збор за денот на љубовта, многумина сметаат дека не треба да направите некој огромен романтичен гест, како што е понуда за брак на Денот на вљубените. Според 63% од жените и 69% од мажите ваквите гестови на овој ден се клише.rn

    Мажите и жените имаат различна замисла околу тоа како би требало да изгледа совршениот љубовен состанок за Денот на вљубените

    rn50% од мажите и 60% од жените сметаат дека идеален начин да се прослави Денот на вљубените е со романтично патување. Но, доколку моментално не сте во можност да одвоите пари за ваков луксуз, постојат и поевтини опции. Па, што всушност сакаат мажите? 32% од нив одговориле дека би биле најсреќни доколку го поминат целиот ден во кревет со партнерката, а 57% најмногу би уживале во посебна масажа со среќен крај. Момците се многу скромни и едноставни, се согласувате?rn

    И мажите и жените се согласуваат дека поентата на Денот на вљубените не е да се подарат чоколади и цвеќиња

    rnКога ќе се спомене Денот на вљубените, веднаш помислуваме на Милка чоколадо во форма на срце, кадифени мечиња, црвена роза и романтична вечера. Но, љубовта не треба да доаѓа во облик на материјален подарок купен од продавница. 45% од мажите сметаат дека цвеќињата се одличен начин за да ѝ изјават љубов на партнерката, но само 4% од жените се согласуваат. Всушност, една третина од жените претпочитаат накит, а 40% од нив би сакале да поминат ден во спа-центар.rnrnШто се однесува до мажите, една петина од нив најмногу би се израдувале на карти за некој спортски натпревар, а неверојатни 70% не сакаат ништо друго освен секс. Според ова, слободно можеме да кажеме дека мажите не се заинтересирани за традиционалните подароци за Денот на вљубените. Не губете време на смислување необични подароци и не трошете пари на скапи парфеми. Еротска масажа и целовечерно водење љубов е она што вашиот партнер навистина го посакува.rnrnАко сѐ уште немате идеја какво изненадување да приредите, погледнете ги овие искрени, невообичаено хумористични пораки за Денот на вљубените.

  • Музичка плејлиста за сите оние кои нема да го прославуваат Денот на вљубените

    Музичка плејлиста за сите оние кои нема да го прославуваат Денот на вљубените

    Иако не станува збор за празник од нашата традиција и култура, сепак многумина го прославуваат. Љубовните парови прават посебни планови и си купуваат подароци, децата си праќаат љубовни писменца на училиште, а продавниците се исполнети со производи во духот на овој љубовен празник. Сепак, сите луѓе имаат различно мислење за овој ден. Некои решаваат целосно да го игнорираат, други решаваат да го прослават Свети Трифун наместо Денот на вљубените заедно со друштво и вино, а трети остануваат дома и се самосожалуваат поради тоа што никој не ги поканил на љубовен состанок.rnrnМузичка плејлиста за сите оние кои нема да го прославуваат Денот на вљубенитеrnrnДоколку сте од оние кои сметаат дека овој празник е глупав, веројатно ќе останете дома и ќе гледате филмови или ќе објавувате Фејсбук статуси во кои ќе ги исмевате сите вљубени кои бесрамно ви ја „фрлаат“ нивната љубов во лице. Слободно можете да го правите тоа, а уште поголема инспирација ќе добиете ако ја слушате вистинската музика. Оваа музичка плејлиста не ги прославува среќните парови и нивната љубов, туку сингл животот, скршеното срце и силата да се продолжи понатаму. Вклучете ги звучниците до максимум и подгответе се за емоционален ролеркостер со следниве 10 песни…rn

    1. Meghan Trainor – „Me Too“

    rnrnТреба да се сакате себеси без разлика дали сте сингл или во врска за Денот на вљубените. Оваа песна ќе ве потсети токму на тоа!rn

    2. Beyoncé – „Sorry “

    rnrnКако треба да се чувствувате поради тоа што сте сингл за Денот на вљубените? Повторувајте по Бијонсе: „Не ми е жал“.rn

    3. Katy Perry – „Wide Awake“

    rnrnОваа песна совршено го отсликува чувството што се јавува по лошото раскинување. Сигурно ќе се пронајдете и ќе се почувствувате среќни што конечно сте се ослободиле од токсичната личност во вашиот живот.rn

    4. Katy Perry – „Roar“

    rnrnОваа песна можеби веќе ви станала здодевна, бидејќи навистина многу се „вртеше“ по сите радиостаници и телевизиски канали, но мора да признаете дека секогаш кога ќе ја чуете се чувствувате моќни и непобедливи!rnrnПродолжете на следната страница за останатите песни…rnrn

  • 7 работи кои не треба да ги објавувате на социјалните мрежи за Денот на вљубените

    7 работи кои не треба да ги објавувате на социјалните мрежи за Денот на вљубените

    Полека, но сигурно на најдолгиот месец во годината му се ближи крајот. Тоа значи дека за кратко време ќе дојде и Денот на вљубените кој и покрај тоа што не е дел од нашата традиција и култура, многу млади сепак го прославуваат. Овој празник за некои парови претставува голем и среќен настан што со нетрпение го очекуваат, а на други, пак, им предизвикува главоболка. Без разлика во која група припаѓате, ова се 7-те работи кои никако не треба да ги објавите на социјалните мрежи за Денот на вљубените…rnrn7 работи кои не треба да ги објавувате на социјалните мрежи за Денот на вљубенитеrn

    1. Фотографии на кои се бакнувате со партнерот во уста

    rnФранцускиот бакнеж нека остане само ваш, не мора на сите да им покажувате што се случува кога сте сами.rn

    2. Долната облека што сте ја добиле како подарок

    rnДа ве потсетиме дека вашите и родителите на партнерот ве имаат за пријатели на Фејсбук и гледаат сѐ што ќе објавите.rn

    3. Подароците што сте ги добиле

    rnПрекрасно е тоа што вашиот партнер ви подарил 101 роза, но ако го објавите тоа на социјалните мрежи ќе делува како фалење, а никој не сака фалбаџии.rn

    4. Етикети со цена

    rnВеќе ако инсистирате да го објавите подарокот што сте го добиле, барем направете го тоа достоинствено.rn

    5. Вечера со свеќи

    rnКвалитетот на фотографијата и онака нема да биде добар поради лошата осветленост, така што причината поради која објавувате ваков интимен момент е очигледна: Сакате да се фалите и да ги направите другите љубоморни!rn

    6. Долги срцепарателни љубовни изјави на Фејсбук

    rnМожеби ќе добиете 200 лајкови на долгиот љубовен текст посветен на вашиот партнер што самите сте го смислиле, но единствената личност која треба да ви биде важна во таков случај е вашиот сакан или сакана. Доволно е само тој или таа да ги прочитаат вашите искрени зборови, нема потреба сите ваши 1.000 пријатели на Фејсбук да знаат како се чувствувате.rn

    7. Пораката што сте ја добиле за Денот на вљубените

    rnПовторно, ваквите интимни работи треба да останат само меѓу вас. Дали навистина сакате вашиот професор од средно да знае како вашиот партнер се почувствувал кога прв пат ве здогледал? Секако дека не!rnrnДоколку немате идеја какво изненадување да му приредите на партнерот, погледнете ги овие креативни состаноци за Денот на вљубените.

  • 7 мажи откриваат што навистина сакаат тие за Денот на вљубените

    7 мажи откриваат што навистина сакаат тие за Денот на вљубените

    Денот на вљубените, како што сите знаат, е католички празник кога се слават животите на многуте светци кои го носат името Валентин, вклучувајќи го и Свети Валентин од Рим, кој според легендата, тајно ги венчавал војниците на кои им бил забранет бракот. Одличен ден за прослава и молитва, се согласувате?rnrnСекако, ова не е точно бидејќи сите знаеме дека Денот на вљубените е ден за чоколада, секс и ужасно непријатна долна облека. Купувањето подароци за дамата во вашиот живот е лесно, накит, цвеќиња или пријатна вечера и ќе бидете безбедни. Но, што е со мажите? Мажите, познати како полот за кој е најтешко да се избере подарок, преферираат нешто различно од жените. Еве што тие би сакале да добијат од своите љубени.rn

    „Сакам само денот да го поминам заедно со мојата девојка.“

    rn7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубенитеrnrnОва е навистина скромно и неодоливо. Но, девојките ќе поминат две недели размислувајќи што да ви подарат, па убаво би било ако им дадете мала помош.rn

    „Не знам, некое вкусно чоколадо. Минатата година добив специјално направени чоколади, при што секоја од нив беше направена со различен бурбон.“

    rn7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубенитеrnrnМажите најчесто сакаат скромен подарок во духот на празникот.rn

    „Сакам да одам на состанок со некого. Не ми е важно со кого, но би сакал девојка на која ѝ се допаѓам или која е заинтересирана за мене.“

    rn7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубенитеrnrnА има ли некој што не би го сакал тоа!? Пријатната атмосфера збогатена со вкусен оброк ќе бидат доволни за убава вечер.rn

    „Што би сакал? Убава вечера и неколку пијачки би биле доволни.“

    rn7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубенитеrnrnЕдно нешто е сигурно и важи за повеќето мажи. Тие лесно се задоволуваат.rn

    „Грамофонска плоча (а тоа веројатно и ќе го добијам, бидејќи мојата девојка не знае да скрие ништо).“

    rn7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубенитеrnrnМожеби тој нема да се изненади, но убаво е кога партнерката знае што би сакал нејзиниот партнер. Токму затоа и индиректно дајте ѝ до знаење кои се вашите желби за да може да го избере совршениот подарок.rn

    „Вино.“

    rn7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубенитеrnrnДобар избор. Виното е подарок кој никогаш не излегува од мода.rn

    „Дружба полна со ентузијазам.“

    rn7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубенитеrnrnГолема е веројатноста дека под „дружба“ се подразбира секс.