КАФЕ ПАУЗА

Tag: Денот на вљубените

  • 4-те хороскопски знаци што го мразат Денот на вљубените со целото срце

    4-те хороскопски знаци што го мразат Денот на вљубените со целото срце

    За некои знаци, Денот на вљубените е најубавиот празник во годината. Тие со целото срце го чекаат овој ден за да ги опсипат саканите со љубов, внимание и многу подароци. Но, кога станува збор за овие 4 хороскопски знаци, тие попрво би лежеле на кауч и би гледале во таванот пред нив наместо да се „мачат“ со сите очекувања што ги носи овој ден. Погледнете за кои знаци станува збор…rnrnrn

    1. Јарец

    rnЈарците се одговорни, детерминирани и дисциплинирани, но исто така знаат да бидат и песимисти коишто не сакаат другите да им кажуваат што да прават. Нивната практичност им помага да направат совршен план за трошење и штедење, па затоа и не сакаат да „фрлаат“ пари за непотребни нешта. Тоа е и причината зошто не сакаат никој да им кажува дека токму на тој ден треба да купат подарок за партнерот, на тој начин покажувајќи ги своите емоции и однесувајќи се на одреден начин.rn

    2. Водолија

    rnДодека Водолиите се интелигентни, пријателски настроени и креативни, тие исто така можат да бидат и малку емоционално одвоени. Нивните артистички мозоци понекогаш прават да изгледаат неодговорно, па затоа и сосема ќе заборават дека Денот на вљубените воопшто постои. Но, тоа не е нивна вина. Ако се навистина инспирирани да бидат романтични и да го слават овој ден со партнерот, ќе организираат нешто навистина спектакуларно, а ако почувствуваат дека некој ги притиска да го сторат тоа – најверојатно ќе одложуваат, ќе заборават или едноставно ќе кажат дека не се заинтересирани.rn

    3. Девица

    rnДевиците се организирани, одговорни и реалистични, и празникот што вклучува на цвеќиња што умираат, чоколади што се јадат и претерано скапи вечери им изгледа будалесто на нив. Тие попрво би ги потрошиле парите на нешто што ќе трае, како на пример, инвестирајќи во некое парче технологија или пак, во брендирана чанта. Девиците се едноставно премногу логични за да потрошат цела плата на цветни декорации.rn

    4. Скорпија

    rnДодека Скорпиите се најинтензивните и најемотивните знаци во целиот Зодијак, тие исто така можат да бидат и љубоморни, опсесивни и параноични, па целата идеја за Денот на вљубените може да биде премногу за нив. Притисокот да најдат совршен подарок, порака со длабоко значење и да организираат незаборавен љубовен состанок може да ги фрли Скорпиите во лудило, па затоа и попрво би го прескокнале целиот овој процес. Исто така, љубовта на Скорпиите не може да биде задржана за само еден ден во годината.rnrnДознајте и што навистина мислат сите хороскопски знаци за Денот на вљубените.

  • Отворено писмо до сите сингл девојки за Денот на вљубените

    Отворено писмо до сите сингл девојки за Денот на вљубените

    Денот на вљубените е еден од најтешките денови во годината. Многумина си создаваат притисок дека треба да бидат заљубени во овој период од годината, па кога тоа нема да се случи, се чувствуваат тажно и изолирано. Но, што е овој ден толку поразличен од останатите 364? Зарем само денес треба да чувствуваме љубов и да бидеме во прегратката на саканите? Прочитајте го следново моќно писмо од анонимен автор што се појави на социјалните мрежи, а е наменето за сите девојки што сами ќе го поминат овој празник…rnrnОтворено писмо до сите сингл девојки за Денот на вљубенитеrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnДраги сингл девојки на Денот на вљубените,rnrnНе знам во каква состојба е вашето срце. Можеби тоа е исполнето без партнер, можеби ви е празно чекајќи го совршениот за да го пополни или пак, можеби е скршено на илјадници парчиња откако било повредено верувајќи на погрешна личност. Без разлика на ситуацијата, вашето срце заслужува да биде чувано и сакано, па затоа и ви пишувам мало писмо.rnrnЗнам какво е чувството да сте сами во време кога сите ја слават својата љубов. Знам и какви мисли постојано ви се вртат во глава: „Што да направам за да ме сакаат“, „Каде треба да одам за да го најдам вистинскиот?“, „Зошто нештата не испаднаа како што треба?“rnrnИ покрај тоа што ова се сосема нормални прашања, сепак сакам да знаете дека наоѓањето партнер не е одговорот.rnrnМожеби вашето срце е исполнето бидејќи никогаш не сте се отвориле никому. Можеби вашето срце е празно чекајќи го совршениот затоа што не се сакате себеси и не можете да поднесете да бидете сами. А можеби и вашето срце е скршено на парчиња затоа што сте ја изгубиле љубовта кон себе кога сте се заљубиле во некој друг.rnrnАко нешто од ова ви има логика, тогаш ве предизвикувам да се обидете да се чувствувате поудобно во својата кожа, токму онаму каде што сега се наоѓате. Не се обидувајте да го менувате срцето само за да најдете нешто што вие сметате дека би било љубов. Вашето срце, исто како и вас, не е совршено па одвреме-навреме ќе прави грешки.rnrnНо, тоа никогаш нема да престане да чука или да се откаже од вас. Никогаш нема да престане да ви дарува љубов. Токму затоа и овој ден треба да се посветите на него, на вашето срце, што досега никогаш не ве напуштило – ниту во добро, ниту во лошо. Па, наместо да чекате некој да ви ја пополни дупката или да ви ги сошие искршените парчиња, зошто да не го направите самите тоа, со вашата љубов?rnrnПрегрнете се себеси и прифатете се во целост. И славете ја сезоната на љубовта, затоа што сте совршени токму онакви какви што сте. Вам не ви треба никој друго освен самите вие за да се чувствувате среќно и заљубено. Не ви треба партнер за да се чувствувате како да припаѓате. Никогаш не заборавајте го тоа.rnrnДа наздравиме за вас и за вашето прекрасно срце. Се надевам дека знаете дека сте сакани!rnrn[/message_box]rnrnПрочитајте го и ова писмо до сите оние на кои им недостига некој за време на празниците…rnrn 

  • 7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено

    7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовремено

    Без разлика дали го прославувате Денот на вљубените со вашиот сакан или пак го претпочитате Свети Трифун, сигурно ќе ве заинтересира фактот што 14-ти февруари е ден што не е толку морничав денес за разлика од минатото. Историските традиции за Денот на вљубените вклучуваат многу чудни суеверија и обичаи што го прикажуваат овој љубовен празник во сосема ново светло.rnrn7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовременоrnrnДенот на вљубените отсекогаш се поврзувал со љубовта, врските, храната и судбината. Можете да откриете многу работи за едно општество според начинот на кој се однесуваат љубовните парови. Ако се вратиме назад низ историјата за Денот на вљубените, можеме да откриеме како настанале модерните обичаи на подарување цвеќиња, честитки и слично. Ова се 7-те најчудни традиции поврзани со Денот на вљубените што постоеле во минатото…rn

    1. Подарете му на партнерот јајце од препелица

    rn7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовременоrnrnВо средновековниот период во Европа, луѓето верувале дека на 14-те февруари сите птици го бираат својот партнер за таа година. Луѓето пишувале долги поеми за идните љубовници и ја прославувале љубовта. И храната што ја јаделе на овој ден го отсликувала тоа: Тие јаделе егзотична храна за зголемување на плодноста и убавината, од јајца од препелица па сѐ до јаболка и круши. Во Средниот век најубавиот подарок што сте можеле да му го дадете на вашиот партнер бил јајце од препелица.rn

    2. Украсете го домот со фенери од репка

    rn7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовременоrnrnВо Средниот век луѓето навистина го прославувале Денот на вљубените. Оделе на забави, се дотерувале, на облеката закачувале симболи на љубовта како што е знакот за бесконечност и ги украсувале домовите со запалени фенери. Но, нивните фенери сигурно би предизвикале големо чудење денес. Тие биле направени на тој начин што свеќите биле ставени внатре во испразнети репки. Нема поголем знак за љубовта од огнена репка!rn

    3. Извлечете си го партнерот на лотарија

    rn7 историски традиции за Денот на вљубените што се романтични и морничави истовременоrnrnОвој обичај бил преземен од старите Римјани, но се практикувал и на Британските острови во 17-ти век. Имено, луѓето организирале лотарии за Денот на вљубените. Луѓето доаѓале на забави и извлекувале имиња од еден голем сад. Името што ќе им се паднело е партнерот со кого требале да ја поминат вечерта. Картичките биле поделени според пол и секој човек можел да извлече по една, па затоа најчесто сите завршувале со 2 различни партнера што доведувало до конфузија. Најчесто, мажите завршувале со онаа жена што ја извлекле, а не обратно. Потоа, ѝ давале подароци на нивната извлечена партнерка, ја носеле картичката неколку дена закачена на облеката и овој обичај најчесто завршувал со раѓање нова љубов.rnrnПродолжете на следната страница за останатите необични традиции…rnrn

  • Мрачната историја на Денот на вљубените за којашто најверојатно не сте чуле досега

    Мрачната историја на Денот на вљубените за којашто најверојатно не сте чуле досега

    Денот на вљубените е одличен изговор за да се препуштиме на љубовта и романтиката. Иронично, но овој ден на розите, чоколадите и честитките во форма на срце имаат своја мрачна историја…rnrnМрачната историја на Денот на вљубените за којашто најверојатно не сте чуле досегаrn

    Како Денот на вљубените (Свети Валентин) го добил своето име?

    rnДенот на вљубените го означува датумот на егзекуцијата на Свети Валентин од страна на римскиот император Клавдиј Втори за време на 3-тиот век од наша ера. Па, каков злочин извршил Свети Валентин за да си ја заслужи смртта? Најпопуларната теорија гласи дека тој венчавал војници и покрај тоа што бракот бил незаконски за нив. Наводно, императорот сметал дека љубовта и романтиката ги правеле војниците послаби.rn

    Зошто Денот на вљубените се слави на 14-ти февруари?

    rnУште пред егзекуцијата на Свети Валентин, датумот 14-ти февруари се поврзувал со плодноста и крвта. Помеѓу 13-ти и 15-ти февруари, Римјаните го прославувале празникот на Луперкалија на тој начин што жртвувале коза и куче и потоа камшикувале голи жени, со цел да им ја зголемат плодноста. Во 5-тиот век од наша ера, папата Гелазиј Први го прогласил празникот Луперкалија за незаконски и официјално го прогласил 14-ти февруари за празник на Свети Валентин, односно Денот на вљубените.rn

    Денот на вљубените како меч со 2 острици низ историјата

    rnКако што минувале годините, Денот на вљубените почнал да се спојува со норманскиот празник „Денот на Галатин“ (Галатин значело „љубовник на жените“). Додека Џефри Чосер да го напише делото „Парламент на птици“ (Parliament of Fowls) во доцен 14-ти век, каде што Денот на вљубените се споменува како денот кога птиците си наоѓаат партнери, Денот на вљубените веќе влегол во јавната свест како ден поврзан со љубовта. Во доцниот 16-ти век, Вилијам Шекспир го споменал Денот на вљубените за да го претскаже самоубиството на Офелија во „Хамлет“.rn

    Денот на вљубените во денешно време: Крв и рози

    rnИако Денот на вљубените и понатаму се поврзува со срца и цвеќиња, во последниот век, тој се поврзува и со крвопролевања и убиства. Ова се неколкуте крвави случаи што го обележале Денот на вљубените:rn

      rn011

    • Масакрот на Денот на вљубените во 1929 година.
    • rn011

    • Нерешеното убиство на младите љубовници Џеси МекБејн и Патриша Ман што се случило на Денот на вљубените во 1971 година.
    • rn011

    • Нерешеното убиство на тинејџерите Николас Кунселман и Стефани Харт (кои биле во врска) на Денот на вљубените во 2000-та година.
    • rn011

    • Убиството на Рива Стинкамп извршено од страна на Оскар Писториус на Денот на вљубените во 2013 година.
    • rn011

    • Самоубиството на повозрасен пар во Алабама на Денот на вљубените во 2015 година.
    • rn

    rnСепак, не би сакале да ви го расипеме расположението, така што наместо да мислите на мрачната историја на Денот на вљубените, почнете да размислувате како ќе го поминете денот со вашите сакани или што ќе правите дента доколку сте сингл.

  • Претворете ги старите делчиња од сложувалка во најслаткиот венец за Денот на вљубените

    Претворете ги старите делчиња од сложувалка во најслаткиот венец за Денот на вљубените

    Се ближи Денот на вљубените, а вие немате поим што да им подарите на вашите сакани. Не сакате да трошите премногу пари за подарок што знаете дека нема да им користи, но немате идеја како да ја употребите вашата креативност. Веројатно знаете дека подароците што се направени од срце најмногу ги радуваат луѓето. Па затоа, нема да погрешите доколку ја претворите вашата стара сложувалка во прекрасен љубовен подарок.rnrnПретворете ги старите делчиња од сложувалка во најслаткиот венец за Денот на вљубенитеrn

    Што ви е потребно:

    rn

      rn011

    • Стара сложувалка
    • rn011

    • Хамер
    • rn011

    • Панделка во боја што ќе одговара
    • rn011

    • Пиштол со топол лепак
    • rn

    rn

    Упатство за работа:

    rn1. Нацртајте поголемо срце на хамерот. Исечете го срцето така што ќе почнете со сечење 0,5 центиметри надвор од линијата. Преклопете го срцето на половина и сечете 0,5 центиметри внатре во линијата. Отворете го срцетоrnrn2. Одберете делчиња од сложувалката во бојата што најмногу ви се допаѓа. Со помош на пиштолот со топол лепак, залепете ги делчињата на хамерот, така што ќе ги редите што е можно поблиску без да се преклопат.rnrn3. Залепете уште еден слој на делчиња од сложувалка за да ги покриете празнините во првиот слој.rnrnНаправете панделка и ставете ја на венецот. Ако сакате да го закачите венецот на нешто, врзете ја панделката на врвот од срцето.rnrnДоколку сакате да го изненадите партнерот на поинаков начин, следниве идеи за креативни состаноци за Денот на вљубените можеби ќе ви помогнат.

  • Што навистина мислат хороскопските знаци за Денот на вљубените?

    Што навистина мислат хороскопските знаци за Денот на вљубените?

    Денот на вљубените е навистина чуден празник. Никој нема да ви каже ништо ако решите да не го славите Божиќ или Велигден, но со овој празник приказната е друга. Бидејќи Денот на вљубените ги истакнува нашите љубовни животи, многу луѓе чувствуваат притисок дека треба да го скријат нивното вистинско мислење за овој ден. Па, ако сакате да знаете што некој мисли за овој празник, можеби астрологијата ќе ви помогне во тоа.rnrnШто навистина мислат хороскопските знаци за Денот на вљубените?rn

    Овен: Се надеваат дека ќе му подарите искуство

    rnЖелбата на Овните за авантура постои и на Денот на вљубените. Овие луѓе сакаат нови искуства наместо традиционални подароци. Па, оставете ги кутиите во форма на срце и сентименталните картички дома.rn

    Бик: Не сакаат премногу внимание

    rnДевојките Бикови сакаат да го прославуваат Денот на вљубените, сè додека не претерате. Големите љубовни гестови се добри, но за нив поважна е личната поврзаност.rn

    Близнаци: Прифаќаат сè

    rnНајдобрата одлика на Близнаците е нивната способност за прилагодување. Тие ќе прифатат каков било предлог, па дури и да го прескокнете прославувањето. Едноставно не го сфаќаат Денот на вљубените премногу сериозно и не знаат зошто се крева толкава врева околу него.rn

    Рак: Се надеваат на вистинско прославување

    rnЕмоционалниот знак тајно се надева на вистинско прославување на овој празник. Тие сакаат балони во форма на срце, ливчиња од рози и чоколадо.rn

    Лав: Планираат нешто посебно

    rnЛавовите се познати по нивната верност и љубов, па Денот на вљубените го гледаат како можност да ги покажат тие чувства. Наместо да чекаат од партнерот, голема е веројатноста тие да испланираат нешто.rn

    Девица: Мислат дека е најдобро да си ги зачувате парите

    rnЗа практичните Девици е сосема во ред да не го прослават празникот. Не гледаат причина зошто да трошите пари на цвеќе кое на крајот секако ќе овене.rn

    Вага: Очекува изненадување

    rnВагите го следат своето срце, па без разлика дали признаваат или не, Денот на вљубените е важен празник за нив. Навистина се надеваат на изненадување или на некој романтичен гест.rn

    Скорпија: Попрво би го поминале денот во кревет

    rnСтрасните Скорпии не го презираат овој празник, но радо би го поминале на грб… и во неколку други интересни позиции.rn

    Стрелец: Возбудени за прославување со партнерот

    rnОптимистичните и забавни Стрелци не се „луди“ по романтиката на Денот на вљубените, но ја ценат можноста да го поминат денот со оние кои ги сакаат, без разлика дали тоа е партнерот или пријателите.rn

    Јарец: Мислат дека Денот на вљубените е заговор

    rnЈарците се убедени дека овој празник е создаден за трошење пари. Па, баш и не сакаат да го прославуваат. Во ред е да ги однесете на вечера, но не очекувајте да се израдуваат на кадифеното мече.rn

    Водолија: Повеќе би сакале да го прослават „Денот на пријателите“

    rnНе дека Водолиите не уживаат во романтиката, но тоа едноставно не е нешто за нив. Сепак, никогаш нема да одбијат прилика за прослава со пријателите. Па, на 14-ти февруари повеќе сакаат да го прослават Денот на пријателите.rn

    Риби: Сакаат да даваат подароци

    rnНикој нема несебично срце колку Рибите кои навистина го сакаат Денот на вљубените. Омилениот дел им се подароците, но не оние што ќе ги добијат, туку оние што тие ќе ги подарат. Истото важи и за сите други празници и прослави каде што се вклучени дарувања.rnrnДознајте и кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак.

  • Зошто луѓето што стапуваат во брак со наставници се најсреќни?

    Зошто луѓето што стапуваат во брак со наставници се најсреќни?

    Потребен е посебен карактер за да се биде наставник. Тоа значи да се направи кариера заснована на страст да се создаде разлика во младите животи. Оваа кариера заслужува многу повеќе почит одошто добива, бидејќи не е само уште една обична работа – тоа е животен стил!rnrnЗошто луѓето што стапуваат во брак со наставници се најсреќни?rnrnНавистина е голем стрес да се работи со 30-тина млади возрасни одеднаш, за кои и треба да бидете одговорни. Потребно е да го вложите целото срце за да успеете да ја постигнете целта на работата, односно да допрете до младите умови. Наставниците се несебични. Децата им се прв приоритет и им се полни душата кога ќе ги научат како да изградат среќен живот. Тие се нечиј ментор, модел на однесување, личност на која можете да се доверите – не се само луѓе што предаваат лекции.rnrnНаставниците ги менуваат животите на децата преку добрина и лични примери, најчесто дури и без да знаат. Тие минуваат многу повеќе време во училниците одошто дома, а дури и кога се дома размислуваат како да си ги организираат часовите за на учениците да им биде многу подобро.rnrnИмајќи го сè ова на ум, кога станува збор за врските, односно за бракот, ако одберете наставник или наставничка, вие всушност станувате дел од нивниот посебен животен стил. Станувате дел од училишната заедница која одбирате да ви биде фамилија. Тоа значи дека ќе слушате како вашиот партнер е под стрес поради ученик, предавање или лоша родителска. Можеби дури и ќе бришете солзи од неговото/нејзиното лице по напорните денови кога ќе им изгледа како да не прават никаква разлика. И големи се шансите дека нема да имате многу слободни викенди, што би ги поминале заеднички без прекини од неговата/нејзината работа.rnrnНо сè ова ќе се исплати бидејќи вие стапувате во брак со несебична личност што знае како да се грижи за другите. Некој што ги става сите пред себе. Некој што никогаш нема да престане да верува во вас и да ве мотивира да бидете подобри. Наставниците се и луѓе од кои можете многу да научите, и тие никогаш не би се откажале од вас. Тие ќе ви даваат шанси сè додека не покажете дека биле во право затоа што не си заминале. Вие стапувате во брак со некој кој верува во вас повеќе и одошто самите верувате.rnrnЗарем не изгледа неверојатно? Ако сте во врска или во брак со наставник, тогаш знаете точно што сакаме да кажеме. Споделете го овој текст со нив и покажете им дека ги цените повеќе одошто тие мислат.rnrnПрочитајте и зошто мажите што стапуваат во брак со медицински сестри се најсреќни!

  • 5 начини да ја одржите страста кога сте во врска на далечина

    5 начини да ја одржите страста кога сте во врска на далечина

    Врските на далечина и онака се тешки сами по себе, но тоа особено доаѓа израз во месецот на љубовта. Сепак не дозволувајте далечината да ве обесхрабри, бидејќи дури и кога сте во врска на далечина, секој ден може да ви биде како Денот на вљубените. Во продолжение ви откриваме 5 начини кои вашата драга половина ќе ја воодушеват иако не можете да ја прегрнете.rnrn1-5-nachini-za-da-ja-odrzhite-strasta-koga-ste-vo-vrska-na-dalechina-www.kafepauza.mk_rn

    1. Напишете љубовна писмо

    rnОживејте ја љубовта од омилениот филм на секоја дама. Ако вашата драга живее за романтика како онаа од филмот „Бележникот“, рачно напишаното љубовно писмо сигурно ќе биде вистински погодок. Иако нема ништо лошо во слатката порака или видео повикот, сепак неочекуваното писмо на домашна адреса е многу поромантично и посебен начин за искажување на љубовта.rn

    2. Купете карти за настан во близина на место на живеење на партнерот

    rnАко подолг период не сте можеле да се ослободите од работните обврски, тогаш изненадете ја саканата личност со карти за настан во нејзина близина. На тој начин конечно ќе го одредите денот на вашето повторно видување, што самото по себе е причина за веселба, па на тој начин и ќе го претворите истиот во ваш сопствен ден на љубовта.rn

    3. Оставете сѐ на страна и изненадете ја саканата личност

    rnДоколку ви се ослободи денот, не размислувајте ниту за момент. Не е важно кој дел од денот е, ниту колку саканата личност е оддалечена од вас, бидејќи на крајот од краиштата сѐ се сведува на љубовта. „Скокнете“ во вашиот автомобил, кој никогаш не ве изневерил во ваквите прилики и поминете го слободното време со вашата сакана личност. Вакво изненадување е тешко да се засени.rnrn2-5-nachini-za-da-ja-odrzhite-strasta-koga-ste-vo-vrska-na-dalechina-www.kafepauza.mk_rn

    4. Заменете го „вистинскиот“ љубовен состанок со онлајн вечера

    rnАко сепак не можете да оставите сѐ настрана, онлајн состанокот со вечера ќе го замени оној во вашиот омилен ресторан. За среќа, денешните врски на далечина полесно се поднесуваат, бидејќи имате прилика да комуницирате со саканата личност со помош на технологијата. Испланирајте го љубовниот состанок однапред и одвојте неколку часа за вечера со свеќи. Освен тоа, не заборавајте дека тоа е вистински љубовен состанок, па дотерувањето е задолжително за двајцата.rn

    5. Изненадете ја вашата значајна половина со испорака на омиленото јадење

    rnАко сакате да приредите вистинско изненадување, откако ќе го испланирате вашиот онлајн љубовен состанок, организирајте и испорака на омиленото јадење на вашата сакана до нејзиниот куќен праг. Тоа ќе ја направи вечерата уште попосебна, а трудот сигурно ќе биде ценет.

  • 15 начини секојдневно да го прославувате Денот на вљубените

    15 начини секојдневно да го прославувате Денот на вљубените

    Поминаа тие 24 часа кога се прославува Денот на вљубените. Но, сите знаеме дека љубовта треба да се слави секој ден, а не еднаш годишно. Па, како да ја одржувате љубовта во врската во текот на целата година? Успешните врски не се едноставни и бараат да се вложи многу труд, особено ако сте зафатени и постојано уморни. Но, замислете си врска во која блискоста, чоколадите и љубовните пораки се секојдневие, а не исклучок! Звучи прекрасно, се согласувате? Ова се 15-те начини како да го прославувате Денот на вљубените секој ден…rnrn15 начини како да го прославувате Денот на вљубените секој денrn

    1. Не им обрнувајте внимание најпрво на милениците

    rnКолку пати сте се вратиле дома од работа и прво сте се поздравиле со вашето куче, а дури потоа со партнерот? Секогаш кога ќе си дојдете дома најпрво поздравувајте се со саканиот или саканата, па потоа со децата и со милениците.rn

    2. Средете го хаосот

    rnКој сака да живее во хаос? Секако дека никој! Одвојте неколку минути за да го средите домот и ќе бидете посмирени, а и вашиот партнер ќе биде задоволен.rn

    3. Цвеќињата не се само за посебни прилики

    rnНекои луѓе не сакаат цвеќиња, но повеќето сакаат, па дури и мажите. Кој би можел да одолее на букет од балони со љубовна порака?!rn

    4. Постојано приредувајте изненадувања

    rnПостојано одбирајте нови ресторани и места за излегување, испланирајте ненадејно патување, подгответе романтична вечера без никаков повод, измасирајте го партнерот. Ова се мали работи што можат да направат чуда за да го зацврстат вашиот љубовен однос.rn

    5. Излегувајте на љубовни состаноци

    rnОва е многу важно за секоја љубовна врска. Еднаш неделно одете на љубовен состанок и тоа нека ви биде еден вид ритуал. Дури и да имате деца, многу е важно да поминувате време сами заедно. Децата ќе забележат дека вашата љубов расте и ќе бидат среќни што нивните родители сакаат да се заедно.rnrn15 начини како да го прославувате Денот на вљубените секој денrn

    6. Праќајте си љубовни пораки

    rnНека ви биде цел да испратите барем една љубовна порака неделно. Тоа можете да го направите преку СМС порака, да оставите порака на огледалото во тоалетот или во автомобилот. Можете да напишете порака на тема „50 прекрасни сеќавања што ги имам со тебе“ или „50 причини зошто те сакам“.rn

    7. Вложувајте во врската

    rnНе дозволувајте да помине годината без да одите на брачен семинар, да почнете со некој курс што и двајцата ќе ве интересира или да побегнете од светот. Овие работи се совршени за да се зближите повеќе.rn

    8. Дознајте сѐ за вашиот партнер

    rnЦелта нека ви биде да научите сѐ што можете за вашиот сакан или сакана. Бидете љубопитни и поставувајте прашања. Дознајте која им е омилената боја, чоколадо или најубаво сеќавање од детството.rn

    9. Немојте постојано да одговарате со „Да, злато“

    rnНемојте да го смирувате партнерот. Тоа не е во ред и нема да ѝ помогне на вашата врска. Ако не знаете што се случува со саканата личност и зошто се однесува невообичаено, прашајте. Доколку не можете моментално да завршите некоја работа, кажете го тоа отворено наместо да давате празни ветувања.rn

    10. Бранете се меѓусебно

    rnНема поубаво чувство од тоа кога знаете дека има некој до вас кој ве чува и штити. Бранете ја вашата љубов и чест.rnrn15 начини како да го прославувате Денот на вљубените секој денrn

    11. Пофалете се со вашиот партнер

    rnЕднаш неделно, без разлика дали се работи за пријател или колега, пофалете се со вашиот партнер. Вашата сакана личност ќе дознае за тоа и ќе се почувствува прекрасно.rn

    12. Не правете споредби

    rnТревата е секогаш позелена кај соседот. Нормално дека постојат луѓе со поубава коса или со повитка линија, но никако немојте да правите споредби. Не заборавајте дека сте ја нашле љубовта на вашиот живот.rn

    13. Одржувајте контакт со очи

    rnДобриот контакт со очи е знак за грижа и внимание. Залутаниот поглед кажува дека партнерот не ви значи доволно. Кога вашите сакани зборуваат, слушајте ги внимателно и гледајте ги право во очи.rn

    14. Почнувајте го и завршувајте го секој ден со држење раце

    rnБидете дел од оние парови чија љубов не згаснала дури и по 50 години заеднички живот. Држете се за рака и изјавувајте си љубов. Редовно искажувајте ја вашата благодарност и за најмалите гестови, како на пример ако партнерот ги измил садовите.rn

    15. Не го повишувајте тонот

    rnНикој не сака слуша викање. Никогаш не правете го ова!rnrnДоколку навистина сакате да го зацврстите односот со партнерот, прочитајте ги и овие едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска.

  • 10 креативни активности за Денот на вљубените кои ќе ве зближат повеќе со вашиот партнер

    10 креативни активности за Денот на вљубените кои ќе ве зближат повеќе со вашиот партнер

    Многумина уживаат да го прославуваат Денот на вљубените и се во потрага по некои интересни и креативни начини за да го изненадат својот партнер. Освен вообичаените активности кои повеќето ги практикуваат, погледнете и неколку необични и забавни идеи со чијашто помош можете да го направите овој ден вреден за помнење.rnrn10 креативни активности за Денот на вљубените кои ќе ве зближат повеќе со вашиот партнерrnrn1. Подгответе ја неговата омилена вечера. Не мора да трошите еден куп пари за да уживате во заедничкото присуство. Подгответе му го омилениот оброк, а исто така направете и некој десерт. Ова е и забавно и романтично, а и ќе имате можност да зборувате и да се чувствувате поблиски.rnrn2. Направете романтични фотографии. Наместо да се фотографирате како и вообичаено, денес бидете поразлични и посетете го местото каде што прв пат сте се запознале или пак одете на некое друго место кое има посебно значење за вас и направете нови заеднички спомени.rnrn3. Направете си еден на друг романтична плејлиста. Наместо да бидете поврзани со технологијата цела вечер, можете да се договорите со вашиот партнер да си направите плејлиста со романтични песни. Така, снимете ги на ЦД и уживајте заедно во меѓусебниот избор.rnrn4. Гледајте романтичен филм. Изберете некој филм кој и на двајцата ви се допаѓа, а атмосферата надополнете ја со омилената ужина. Не пропуштајте покрај себе да имате и некој пијалак и топло ќебе.rnrn5. Сокријте романтични подароци и оставете го вашиот партнер да ги наоѓа. Направете го позабавен Денот на вљубените така што ќе сокриете неколку креативни подароци, па потоа ќе му оставите пораки на вашиот партнер по кои треба да се води за да ги открива скриените „богатства“. На крај, уживајте заедно во конечниот резултат!rnrn10 креативни активности за Денот на вљубените кои ќе ве зближат повеќе со вашиот партнерrnrn6. Гответе заедно во домашна атмосфера. Наместо да излегувате и да трошите пари во ресторани, одлучете и двајцата да го прифатите предизвикот на готвењето. Покажете ги своите кулинарски способности, а потоа, како заслужен одмор, запалете свеќи и релаксирајте се во топла бања.rnrn7. Играјте некоја игра. Уште една идеја која може да ја искористите доколку останувате дома, е да играјте некоја игра. Без разлика колку време ќе ви треба за да ја завршите, вечерта е само за вас. Обложете се, па на крај исплатете ја вашата „казна“.rnrn8. Изградете „куќичка“ од ќебиња. Потсетете се на детството и играјте си со ќебињата така што ќе направите повеќе интересни „соби“. Секогаш е добра идеја да останете во топла атмосфера, помеѓу ќебињата кои нудат удобност.rnrn9. Испланирајте авантура на отворено. Во зависност од тоа какво е времето во вашето место на живеење, не е лоша идејата и да испланирате нешто надвор од вашиот дом. Ако има снег, можете да се лизгате или да правите некои Снешко. Ако времето е тивко и мирно, тогаш можете да шетате, да фотографирате и слично.rnrn10. Посетете неколку значајни локации во вашиот град. Шетањето во други градови или пак, држави може да ве чини многу пари. Па, ако не сте решиле да заминете некаде надвор од вашиот град, можете да прошетате и да посетите значајни места заедно, па така да дознаете нешто повеќе и за вашите желби и интереси.rnrn10 креативни активности за Денот на вљубените кои ќе ве зближат повеќе со вашиот партнер