КАФЕ ПАУЗА

Tag: Денот на вљубените

  • 4 хороскопски знаци што ќе бидат поштедени од ретроградниот Меркур на Денот на вљубените

    4 хороскопски знаци што ќе бидат поштедени од ретроградниот Меркур на Денот на вљубените

    Ретроградното движење на Меркур започнува на 17 февруари, а ретроградниот Меркур е познат по предизвикувањето неред и незгоди кога станува збор за распоредот, за размислувањето и за јасната комуникација, па затоа дефинитивно треба да преземете некои мерки на претпазливост доколку сакате да ги реализирате вашите планови.rnrn4 хороскопски знаци што ќе бидат поштедени од ретроградниот Меркур на Денот на вљубенитеrnrnОвој транзит ќе биде најинтензивен и најкорисен за водените знаци, а најпредизвикувачки за огнените знаци. Припадниците на хороскопските знаци Рак, Скорпија и Риби треба да се подготват за некои тешки трансформации што ќе започнат токму на Денот на вљубените. Од друга страна, пак, личностите родени во хороскопските знаци Овен, Лав и Стрелец треба да бидат сигурни дека сè е испланирано како што треба за Денот на вљубените и да внимаваат на начинот на којшто комуницираат со своите партнери. Но, некои хороскопски знаци ќе бидат најмалку погодени од ретроградниот Меркур, па во продолжение прочитајте за кои знаци станува збор.rn

    1. Бик

    rnЌе чувствувате дека срцето ви чука забрзано на овој Ден на вљубените, па не дозволувајте стравот од ретроградниот Меркур да ве спречи да имате забавна вечер. Барате личност со која ќе се поврзете длабоко, а денес е одличен ден за таков почеток. Ако сте во врска, можеби ве очекуваат некои мали тензии, но ќе ги надминете многу лесно ако го сослушате вашиот партнер пред да донесете заклучок.rn

    2. Вага

    rnРомантиката скриена во вас излегува на виделина и ќе сакате да го затрупате вашиот партнер со подароци и со нежности. Но, имајте на ум дека вашите планови може неочекувано да се променат во последната минута. Најдобро е да останете смирени и да ја прифатите ситуацијата.rn

    3. Јарец

    rnДодека некои хороскопски знаци ќе се дават во драма, вие ќе бидете поштедени од негативните ефекти на ретроградниот Меркур. Додека луѓето околу вас ќе бидат загрижени и вознемирени, вие ќе бидете премногу рамнодушни за да бидете погодени од каква било драма. Правењето големи планови е многу храбар потег, а денес е совршен ден да ризикувате и да го следите вашето срце.rn

    4. Водолија

    rnРетроградното движење на Меркур може да предизвика некои емотивни проблеми да испливаат на површина токму на Денот на вљубените, но тоа не е нешто со коешто не можете лесно да се справите само со помош на малку повеќе трпеливост. Можно е да се појават некои тензии во врската и можеби ќе треба да вложите малку повеќе напор за да се справите со тоа. Ако ситуацијата почне да ескалира, подобро е да го оставите решавањето на проблемот за подоцна кога ќе бидете одморени, а денес фокусирајте се на прославувањето на празникот.rnrnПрочитајте што ве очекува на Денот на вљубените според хороскопскиот знак.

  • Идеални колачиња за Денот на вљубените: Бакнежи од вишни

    Идеални колачиња за Денот на вљубените: Бакнежи од вишни

    Најдобар, но исто така и највкусен начин да ја изненадите вашата сакана личност за Денот на вљубените е да ги направите овие вкусни бакнежи со многу љубов. Уште и ако таа ги обожува десертите, сигурно овие колачиња ќе ја воодушеват. Отсекогаш е познато дека патот до срцето на саканиот води преку стомакот, затоа загрејте ја рерната и фатете се за работа, бидејќи состојките за овој оригинален подарок веќе се во вашата кујна!rnrnИдеални колачиња за Денот на вљубените: Бакнежи од вишниrn

        Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    •     100 г сушени вишни
    • rn 011

    •     2 белки
    • rn 011

    •     1 лажичка сок од лимон
    • rn 011

    •     110 г шеќер
    • rn 011

    •     1 лажичка рендана кора од лимон
    • rn 011

    •     50 г рендано чоколадо
    • rn 011

    •     50 г растопено чоколадо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Загрејте ја рерната на 130 степени. Исечкајте ги вишните. Изматете го белките, шеќерот и сокот од лимон во цврст снег. Матете додека шеќерот не се растопи и смесата не стане сјајна.
    2. rn 011

    3. Потоа додајте ги и сечканите сушени вишни и ренданата кора од лимон и промешајте со шпатула.
    4. rn 011

    5. Со помош на 2 лажици, формирајте колачиња и редете ги во плех, врз хартија за печење и печете ги 40-50 минути. Исечкајте го млечното чоколадо, стопете го и украсете ги колачињата со тоа што ќе ги наросите и со рендано чоколадо.
    6. rn

    rnМожеби сакате да им го засладите денот на своите блиски и со овој неверојатен десерт: Торта „Снегулка“.

  • Што да му подарите на секој хороскопски знак за Денот на вљубените?

    Што да му подарите на секој хороскопски знак за Денот на вљубените?

    Дали сакате да ја израдувате саканата личност? Ако не знаете како, астрологијата ќе ви го олесни пронаоѓањето на совршениот подарок. Близнаците, Раковите и Девиците сакаат сè што е практично, а Овенот, Бикот, Вагата и Рибите се големи естети. Лавовите, Скорпиите и Јарците го ценат престижот, Водолиите ги воодушевува сè што е ново и модерно, а Стрелецот сè што е необично и егзотично.rnrnШто да му подарите на секој хороскопски знак за Денот на вљубените?rn

    Овен

    rnНема да погрешите ако изберете производ за нега на коса.rnrnНа мажите купете им капа, парфем или патики, а на дамите украси за коса, шминка, накит (особено обетки) и интересна долна облека.rn

    Бик

    rnПретставниците на овој хороскопски знак се сензуални, сакаат сè да помирисаат, да допрат, да слушнат и да пробаат, па најдобро е да им подарите ароматичен парфем, шише квалитетно вино, квалитетен паричник, ЦД со нивната омилена музика и сл.rnrnНа мажите можете да им подарите шал, ремен, облека за низ дома, а на жените долна облека од црна чипка, накит и цвеќе.rn

    Близнаци

    rnИдеален подарок за овие личности е книга од нивниот омилен писател, брендирани очила за сонце, парфем, телефон, таблет или лаптоп затоа што тие сакаат да бидат во тренд и во чекор со сите случувања.rnrnМажите ќе ги развесели и белезица, а жените букет, прстен, ракавици и лак за нокти.rn

    Рак

    rnШто и да им подарите на претставниците на овој хороскопски знак, спакувајте го внимателно, така што ќе им дадете до знаење дека ви значат, а уште повеќе ќе ги изненадите ако ставите и порака со неколку убави зборови.rnrnОвие личности сакаат квалитетни пијалаци, особено вино, мирисливи свеќи, рамки за слики, антиквитети, но и домашни миленичиња. Дамите сакаат накит со бисери, свила, крзно и цвеќиња.rn

    Лав

    rnЛавот ги цени убавината и хедонизмот, како и уметноста, па сигурно ќе го развеселите со влезница за некоја премиера, со уметничка слика или со шише квалитетно вино.rnrnДамите нема да останат рамнодушни ако добијат брендирана облека, златен накит, чанта од познат дизајнер, квалитетна шминка, но и плишана играчка.rn

    Девица

    rnОвие личности сакаат убави, но практични подароци, така што ако сакате да ги израдувате, нема да погрешите ако им подарите рачен часовник, интересна книга, таблет, лаптоп, мобилен телефон или милениче.rnrnПриродната козметика, накитот и шминката се исто така добар избор за дамите, а за мажите сè што е поврзано со нивното хоби.rn

    Вага

    rnВагите се елегантни и уживаат во сè што е убаво, било да е тоа парфем, театарска претстава, концерт или ЦД со омилената музика.rnrnМожете да им подарите и козметиката за коса, елегантен шал, нараквици или мирисливи свеќи, а на дамите бонбони, букет цвеќиња со посвета, накит, ароматична купка и сл.rn

    Скорпија

    rnЗа да ги импресионирате припадниците на овој хороскопски знак ќе мора многу да се потрудите.rnrnНа мажите купете им шише квалитетен пијалак, книга за масони, јакна или кошула потпишана од нивниот омилен дизајнер, а на жените долна облека од чипка, фустан со реси, парфем, маскара и цвеќе.rn

    Стрелец

    rnКако љубители на патувањата, на музиката и на спортот, идеален подарок за Стрелците е ориентален сувенир, ламба или интересно парче накит, спортска облека или влезница за концерт на нивната омилена група.rnrnПонежниот пол ќе биде воодушевен од ракавици, очила за сонце, голема чанта или домашно милениче.rn

    Јарец

    rnОвие личности сакаат подароци што се практични, па добар избор за нив е историска книга или книга од областа што особено ги интересира, паричник, компјутерски делови, парфем со опоен мирис, икона, чанта, чевли, влезница за во театар.rnrnДамите ќе ги израдувате и со цвеќиња, со накит и со марама.rn

    Водолија

    rnСо овој знак управува Уран, симболот на новитетите, па ако навистина сакате да ги импресионирате припадниците на овој хороскопски знак, изберете нешто модерно.rnrnТоа може да биде најновиот модел на мобилен телефон, музички уред, часовник, фотоапарат, камера, компилација од нивните омилени песни или парфем и козметика за коса, а за дамите може и фен, пегла за коса, чорапи и цвеќиња.rn

    Риби

    rnОваа романтична и уметничка душа е желна за внимание, а подарокот што ќе ѝ се допадне може да биде приврзок со скапоцен камен во форма на Риби, влезница за концерт, збирка поезија, ароматично масло за масажа или парфем.rnrnНа овие личности можете да им подарите и уметничка слика, книга, камера, а женските претставници на овој хороскопски знак сакаат високи потпетици, шминка, накит и цвеќиња.rnrnПогледнете кои се најдобрите романтични филмови ако сакате да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера.

  • 4 хороскопски знаци што ќе имаат драматичен Ден на вљубените

    4 хороскопски знаци што ќе имаат драматичен Ден на вљубените

    Иако вие сакате да се воздржите од каква било драма, универзумот ќе предизвика изненадувачка напнатост на најромантичниот ден во годината. Хороскопските знаци што ќе бидат емотивно погодени од позицијата на Месечината обично не се наоѓаат среде драма, па нема да може да се справат со новонастанатата ситуација.rnrn4 хороскопски знаци што ќе имаат драматичен Ден на вљубенитеrnrnДобрата вест е дека овие хороскопски знаци сепак може да уживаат во Денот на вљубените ако внимателно ги испитаат сопствените чувства и ако одвојат време да разговараат со партнерот пред Месечината да ги инспирира да се нурнат во емотивната бездна. Погледнете кои хороскопски знаци ги очекува драма за Денот на вљубените.rn

    Водолија

    rnФрустрациите на работното место може да создадат конфликт во вашиот личен живот бидејќи постои можност да ве натераат да останете на работа прекувремено. Наместо да се вознемирувате, обидете се да се фокусирате и да ги завршите задачите, но и малку да ги поместите плановите. Останувањето прекувремено на работа за да го завршите тоа што го работите ќе ви се исплати понатаму.rn

    Бик

    rnБиковите ги контролираат своите чувства прилично добро, но вашите емоции може да бидат засилени за Денот на вљубените. Тоа ќе предизвика да им се спротивставите на другите ако не ве третираат онака како што заслужувате. За да избегнете драма, обидете се веднаш да ги решите сите нерешени проблеми што ги имате со партнерот. Пронајдете мирен и јасен начин за комуникација додека сè уште можете да ги контролирате своите чувства.rn

    Лав

    rnПодгответе се за бура затоа што ќе бидете изгубени во вашите емоции, а тоа е навистина голем предизвик за вашата личност. На овој ден е најдобро да останете дома наместо да правите големи планови. Ако сакате да избегнете драма, поминете ја вечерта во мирна атмосфера без да чувствувате притисок дека треба да стигнете навреме или дека треба да внимавате да бидете постојано расположени затоа што сте во јавност.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите ќе почувствуваат низа екстремни емоции на Денот на вљубените – ќе бидат расположени, а потоа нема да бидат расположени, ќе бидат премногу критички настроени кон себе, ќе бидат недоверливи и сл. Треба да бидете подготвени за интензивните емотивни предизвици. Сè додека сте искрени, можете да избегнете драма. Објаснете му на вашиот партнер што се случува со вас и обидете се да не се потпирате на моменталното расположение.rnrnПрочитајте кои 8 работи (не) треба да ги правите за време на ретроградниот Меркур и на Денот на вљубените.

  • 4 хороскопски знаци што се опседнати со Денот на вљубените

    4 хороскопски знаци што се опседнати со Денот на вљубените

    Ако сте романтичар што со нетрпение го очекува Денот на вљубените, причината можете да ја барате во астрологијата. Некои хороскопски знаци го користат секој момент за да ги искажат своите романтични чувства, а 14 февруари е уште една дополнителна можност за тоа.rnrn4 хороскопски знаци што се опседнати со Денот на вљубенитеrnrnХороскопските знаци што се опседнати со Денот на вљубените се авантуристи, сакаат изненадувања, имаат разгорени страсти и чувствуваат потреба за изразување. Иако сите хороскопски знаци ја ценат љубовта на свој начин, некои од нив се среќни што ќе можат да ги изразат своите емоции во јавност, а во продолжение прочитајте за кои хороскопски знаци станува збор.rn

    Бик

    rnМесечината ќе се движи низ вашиот сектор на врските и бракот, а тоа значи дека Бикови што се во врска ќе се зближат уште повеќе со својот партнер, а личностите што се слободни ќе имаат можност да пронајдат соодветен партнер за себе. Бидејќи Бикот е знак што ужива во работите што му причинуваат задоволство, припадниците на овој хороскопски знак ќе го направат Денот на вљубените да биде најстрасниот и најромантичниот ден и на сите можни начини ќе направат својот партнер да се чувствува сакано. Тоа што другите хороскопски знаци го сметаат за смешно, Бикот може навистина да го цени.rn

    Рак

    rnРакот не е знак што сака да ги искажува своите емоции, особено кога станува збор за романтичните чувства. Но, на 14 февруари, Месечината ќе го осветли нивниот романтичен сектор, така што овие личности ќе се чувствуваат инспирирани и мотивирани да бидат дел од Денот на вљубените. На овој ден ќе бидете исполнети со длабоки романтични чувства. Нема секогаш да се чувствувате инспирирани да ја изразите вашата љубов, но оваа година ќе имате храброст да го направите тоа, па затоа искористете ја можноста.rn

    Лав

    rnЛавот е еден од хороскопските знаци што сакаат да ги изразуваат своите емоции. Не е изненадување тоа што припадниците на овој хороскопски знак се опседнати со Денот на вљубените бидејќи тогаш имаат можност да бидат во центарот на вниманието. Овие личности најверојатно ќе ја купат најголемата мечка и ќе уживаат во романтичните гестови. Марс, планетата на страста и сексот, ќе го загрее вашиот сектор на романсата на Денот на вљубените. Ако сте во врска со Лав, подгответе се за најепскиот Ден да вљубените, но потрудете се и вие да го импресионирате вашиот партнер.rn

    Овен

    rnНа Овните не им се потребни љубовни изјави од страна на партнерот и тие немаат проблем да ги изразуваат своите чувства преку целата година. Овие личности ќе ви речат дека сакаат нешто поскромно бидејќи тие мислат дека Денот на вљубените е преценет, но ако им приредите изненадување можеби ќе ги натерате да го сменат мислењето. Ако направите нешто големо и смело за да го изненадите Овенот, со таа постапка навистина ќе го импресионирате. Неочекуваните подароци се најдобриот начин за да ги освоите овие личности.rnrnПрочитајте што ве очекува на Денот на вљубените според хороскопскиот знак.

  • Најдобрите романтични филмови ако сакате да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера

    Најдобрите романтични филмови ако сакате да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера

    Можеби романтичните филмови не ви се омилениот жанр, но тие се совршен избор за Денот на вљубените. Без разлика дали сакате романтични комедии, тинејџерски љубовни афери или инспиративни животни приказни, Денот на вљубените е совршена можност да имате романтична филмска вечер, а во продолжение погледнете кои се најдобрите филмови за таа вечер.rn

    1. „50 први состаноци“ (50 First Dates)

    rnhttps://youtu.be/Y-9wSAd0dMMrnrnПо првото успешно запознавање, Хенри (Адам Сендлер) сфаќа дека ако сака да биде во врска со Луси (Дру Баримор), мора да ја шармира и да го освојува нејзиното срце секој ден до крајот на животот.rn

    2. „Раскинување“ (The Break-Up)

    rnhttps://youtu.be/ljnEUL-fdt0rnrnШто се случува кога љубовта не е доволна? Иако ја прекинале врската, Гери (Винс Вон) и Брук (Џенифер Анистон) одбиваат да го напуштат заедничкиот стан, а тоа ќе доведе до уште поболно раскинување и засилени чувства.rn

    3. „Љубовта нема правила“ (Something’s Gotta Give)

    rnhttps://youtu.be/0YyEQosnwaIrnrnПо состанокот со млада девојка, еден постар музички магнат се заљубува во нејзината мајка. Филмот е во режија на Ненси Меерс, а во главните улоги се Џек Николсон и Дајан Китон.rn

    4. „Господин Дидс“ (Mr. Deeds)

    rnhttps://youtu.be/5aB1aJrxfvwrnrnДидс има пицерија и живее скромно во гратчето каде што сите го обожаваат. Но, тој наследува 40 милиони долари од својот вујко и се сели во метрополата каде што ќе биде опкружен со преваранти.rn

    5. Тоа што жените го сакаат (What women want)

    rnhttps://youtu.be/VFwHs7fEUNsrnrnЕкспертот за рекламирање Ник (Мел Гибсон) се обидува да креира реклами за типични женски производи, а при обидот да влезе во женската психа, доживува несреќа, по што станува способен да слушне сè што мислат и што сакаат жените.rn

    6. „Свадбата на мојот најдобар пријател“ (My Best Friend’s Wedding)

    rnhttps://youtu.be/cvnJeQi3eQ8rnrnЏулијан (Џулија Робертс), за време на студирањето, ја прекинала својата врска со Мајкл согласувајќи се да се венчаат ако сè уште се слободни на 28 години. Кога Мајкл (Дермот Мулрони) ја бара Џулијан непосредно пред нејзиниот 28-ми роденден, тој ѝ соопштува дека за три дена ќе се ожени со Кимберли (Камерон Дијаз).rn

    7. „На патување во Америка“ (Coming to America)

    rnhttps://youtu.be/KFroCRDXw5ErnrnМладиот принц Аким (Еди Марфи) од измислената африканска држава Зимунда наполнил 21 година и сака уште малку да го прошета светот пред да се смири. Така, тој доаѓа во САД преправајќи се дека е сиромашен студент.rn

    8. „Романса во Сиетл“ (Sleepless In Seattle)

    rnhttps://youtu.be/-Lj2U-cmyekrnrnПопуларната романтична комедија од 90-тите е во режија на Нора Ефрон, а во главните улоги играат Том Хенкс и Мег Рајан. Том го глуми Сем, чиј осумгодишен син смета дека е време да си најде нова сопруга, а Мег е Ени која ја слуша целата приказна преку радио и смета дека Сем можеби е мажот на нејзиниот живот.rn

    9. „Во добро и зло“ (Silver Linings Playbook)

    rnhttps://youtu.be/Lj5_FhLaaQQrnrnПат Солатано (Бредли Купер) изгубил сè, својата куќа, сопругата и својата работа. Тој завршил во психијатриска клиника и по осум месеци се враќа да живее со своите родители (Роберт Де Ниро и Џеки Вејвер), но незадоволен од тоа, тој одлучува да стори нешто за да си го врати претходниот начин на живот, па се среќава со Тифани (Џенифер Лоренс).rn

    10. „Подобро не може да биде“ (As Good As It Gets)

    rnhttps://youtu.be/rrRl2QQKkI8rnrnМелвин Удал (Џек Николсон) е вреден њурошки писател кој има опсесивно-компулсивно нарушување. Неговиот живот се менува откако неговиот сосед што е геј ќе биде претепан и мора да оди во болница.rnrnПогледнете кои филмови може да ве прошетаат низ светот овој викенд.

  • 4 хороскопски знаци што мислат дека Денот на вљубените е преценет

    4 хороскопски знаци што мислат дека Денот на вљубените е преценет

    Ако Денот на вљубените не ви претставува нешто посебно, можете да ги обвините ѕвездите за тоа. Според астролозите, овие хороскопските знаци се против Денот на вљубените, не затоа што станува збор за спротивставување на романтиката, туку затоа што славењето во јавност не е автентично за нив.rnrn4 хороскопски знаци што мислат дека Денот на вљубените е преценетrnrnВо продолжение ќе откриете кои се хороскопските значи што најмалку сакаат да создаваат врева и на Денот на вљубените да се појават вооружени со букет и со кутија чоколатца.rn

    1. Јарец

    rnЗа припадниците на овој хороскопски знак, кога станува збор за љубовта, важи правилото колку поедноставно, толку подобро. Јарците по природа се романтични личности и многу вложуваат во својата врска, па ќе бидат многу позадоволни со некоја слатка картичка со љубовна порака, отколку со претерано испланирана вечера. Овие личности може да се расположат со нешто што е клучно и автентично за врската, па затоа прескокнете ја резервацијата и испланирајте нешто позначајно и приватно.rn

    2. Водолија

    rnДенот на вљубените е спротивност на сè она за што копнеат Водолиите кога станува збор за романсата. Припадниците на овој хороскопски знак не сакаат бонбони и мечиња, туку сакаат интелектуална сигурност дека тие се единствената личност на својот партнер. Подарувањето книга на тема за која овие личности споменале дека ги интересира, ќе биде многу подобра опција отколку подарувањето букет, па научете го љубовниот јазик на партнерот ако сакате да го импресионирате.rn

    3. Овен

    rnОвните знаат дека се број еден и не им е потребна парада за да го почувствуваат тоа. Тие повеќе би сакале да се забавуваат во некој бар отколку цела вечер да гледаат во очите на партнерот. Па, ако сте Овен, известете го вашиот партнер пред време дека нешто поскромно е идеално за вас. Ако вие сте во нова врска со Овен, не притискајте го партнерот да искажува љубов во јавност. Тоа нема да го промени нивното мислење за Денот на вљубените и само ќе создаде тензија.rn

    4. Стрелец

    rnСтрелците се многу отворени за своите чувства, па Денот на вљубените не им е нешто посебно. Овие личности ги изразуваат своите чувства цело време, но не сакаат романтики, па затоа не трошете ги парите на љубовни картички или скапи рози. Од Стрелците не очекувајте романтично изненадување на Денот на вљубените затоа што поверојатно е дека тоа ќе се случи во некој обичен вторник.rnrnПрочитајте кои 8 работи (не) треба да ги правите за време на ретроградниот Меркур и на Денот на вљубените.

  • 8 работи што (не) треба да ги правите за време на ретроградниот Меркур и на Денот на вљубените

    8 работи што (не) треба да ги правите за време на ретроградниот Меркур и на Денот на вљубените

    Ретроградното движење на Меркур ќе започне на 17 февруари, а ваквите движења предизвикуваат проблеми и збрки во сферите од животот со коишто управува Меркур. Тука спаѓаат комуникацијата, транспортот, технолошките уреди, распоредот и рационалното размислување. Ваквите проблеми вклучуваат праќање порака на погрешна личност, пропуштен состанок поради гужва во сообраќајот, појавување на погрешно место или проблеми со вашите апликации за состанување.rnrn8 работи што (не) треба да ги правите за време на ретроградниот Меркур и на Денот на вљубенитеrnrnОчигледно е дека овој транзит предизвикува проблеми кога станува збор за јасната комуникација и за правењето планови со вашиот партнер. Но, доаѓа и Денот на вљубените, па постојат многу мерки за претпазливост што можете да ги преземете за да избегнете некои од вообичаените стапици. Прочитајте ги советите на астролозите за да знаете што треба и што не треба да правите за Денот на вљубените и за време на ретроградниот Меркур.rn

    1. Анализирајте ја и преиспитајте ја вашата врска

    rnРетроградните движења не постојат за да ви го уништат животот. Тие постојат за да ве натераат да забавите и да го разгледате патот па кој сте тргнати за да бидете сигурни дека се движите во вистинската насока. Или ќе да бидете сигурни дека ја трошите вашата енергија на вистинската личност или ќе продолжите понатаму.rn

    2. Не избрзувајте со нова романтична афера

    rnНе брзајте и одвојте доволно време за да ги запознаете и да ги разберете другите луѓе. Планетите имаат тенденција да ја замаглуваат вистината, па треба да бидете сигурни дека не проектирате идеализирана верзија на вистината во вашата реалност поради некои избрзани одлуки.rn

    3. Бидете директни и јасни во вашата комуникација

    rnЗаобиколувањето и метафорите може да звучат романтично, но не се добра идеја за време на ретроградниот Меркур. Во овој период може да се случат некои недоразбирања, па не заборавајте да кажете отворено што мислите додека разговарате со своите најблиски. Бидете директни. Ако добиете чудна порака од вашиот партнер, побарајте појаснување пред да се вознемирите.rn

    4. Не ги ставајте потенцијалните партнери на пиедестал

    rnРиби, знакот во кој Меркур ќе започне со своето ретроградно движење, има тенденција да живее во фантазија. Ако премногу се потпирате на ваквата енергија за време на ретроградното движење, може да останете измамени и со скршено срце. Не правете идоли од луѓето и ако нешто ви изгледа премногу добро за да биде вистинито, отворете ги очите. Не дозволувајте да бидете занесени од бран емоции предизвикани од бонбони и цвеќиња.rn

    5. Одржувајте ги границите во љубовта

    rnОдржувањето на вашите граници во љубовта е задолжително за време на овој период. Време е да погледнете објективно на тоа што е помеѓу вас и на вистината за безусловната љубов. Направете чекор назад за да бидете сигурни дека ја заштитувате вистината и дека не ја трошите залудно својата енергија за некој друг.rn

    6. Не очекувајте дека ќе стигнете навреме

    rnРетроградните периоди се познати по тоа што го изместуваат вашиот распоред. Без разлика дали одите на прв состанок со потенцијален партнер, на средба со стар пријател или на состанок со долгогодишниот партнер, одвојте доволно време бидејќи големи се шансите да не стигнете навреме.rn

    7. Потпрете се на вашата интелигенција и објавете ги своите чувства

    rnПланетата Меркур владее со вашето рационално размислување, но веројатно ќе се чувствувате збунето сè додека да започне нејзиното ретроградно движење. Пишувањето е секогаш препорачливо за време на ретроградниот Меркур, а вашата мисловна енергија ќе биде посилна од вообичаеното. Користењето на вашиот интелект за да се усогласите со вистинските потреби на вашето срце може да биде најдобрата стратегија и чекор напред во сите видови односи.rn

    8. Бидете внимателни со поранешните партнери

    rnРетроградните движења имаат тенденција да ги натераат луѓето да ги анализираат врските од минатото. Во овој период, големи се шансите дека некој поранешен партнер ќе сака да ви се врати. Пред да го пречекате со раширени раце, одвојте малку време и простор за да размислите дали вреди да му дадете втора шанса.rnrnПрочитајте што ве очекува на Денот на вљубените според хороскопскиот знак.

  • Што ве очекува на Денот на вљубените според хороскопскиот знак?

    Што ве очекува на Денот на вљубените според хороскопскиот знак?

    Ретроградното движење на Меркур ќе започне на 17 февруари, само неколку денови по Денот на вљубените. За жал, вашите кутии со чоколатца и букетите рози нема да останат заштитени од хаосот што следува. Во случај да не знаете, ретроградните движења на Меркур се одвиваат 3-4 пати годишно, во кои планетата на комуникацијата, на рационалното размислување и на транспортот започнува да создава хаос и застој во животот на луѓето. Меѓутоа, негативните ефекти од ретроградното движење на Меркур ќе ги почувствувате и за Денот на вљубените, уште пред да започне ретроградното движење на оваа планета.rnrnШто ве очекува на Денот на вљубените според хороскопскиот знак?rnrnСите хороскопски знаци ќе ги почувствуваат ефектите од оваа неодлучна планета, па вашите планови можеби ќе бидат откажани во последен момент или можеби ќе се појави вашиот поранешен партнер и ќе ви ја уништи новата романтична врска. Како и да е, единственото нешто што е сигурно е дека 14 февруари оваа година нема да биде здодевен. Во продолжение прочитајте што ви подготвува Меркур за Денот на вљубените врз основа на вашиот хоросопски знак.rn

    Овен

    rnРетроградниот Меркур ќе ви предизвика многу главоболки на Денот на вљубените. Не предизвикувајте ја среќата и испланирајте заедничка ноќ со партнерот, а сите други поголеми планови оставете ги за подоцна. Останете дома со партнерот и одморете ги главата и умот бидејќи вашиот мозок е презаситен и ви треба одмор. Исчистете го распоредот и овој ден посветете му го на само на вашиот партнер.rn

    Бик

    rnМожно е да постои тензија помеѓу вас и вашите пријатели или вашиот партнер бидејќи во овој период повторно се отвораат старите рани и тие ќе предизвикаат излегување на површина на старите проблеми. Можеби ќе продолжите една поранешна расправија со ваш пријател, но не расправајте се додека не слушнете што има да каже другата страна, а потоа љубезно решете го проблемот. Ако постојат нерешени проблеми, очекувајте дека ќе мора да ги решите.rn

    Близнаци

    rnНеуспешните обиди за комуникација на работното место може да ве принудат да го средите безредието на колегите – дефинитивно не многу романтични вибрации за Денот на вљубените. Неочекуваните проблеми на работа може да го спречат реализирањето на вашите романтични планови. Но, немојте да се вознемирувате бидејќи можете да го прославите Денот на вљубените подоцна во вечерните часови.rn

    Рак

    rnОрганизирањето патување без многу пречки ќе биде речиси невозможно за време на ретроградниот Меркур, па вашите планови за тој викенд најверојатно ќе пропаднат. Ако планирате романтично бегство за Денот на вљубените, бидете подготвени за откажување на плановите. Но, добрата вест е што можете да испланирате романтична вечер во вашиот град. Бидете флексибилни и креативни ако сакате да имате незаборавна и романтична вечер без да го напуштите градот.rn

    Лав

    rnРаспоредот ви е неуреден, а комуникацијата уште понеуредна, па сите ваши невешти планови за Денот на вљубените ќе ве направат многу нерасположени. Обидете се да ги контролирате вашите емоции и поставете граници за себе и за другите. Вашите планови ќе бидат тешки за реализирање, па бидете подготвени да преземете одговорност за сопствените планови и постапки.rn

    Девица

    rnМеркур е вашата владејачка планета, така што ретроградното движење ќе ве погоди точно на најболните места на Денот на вљубените, особено кога станува збор за вашата сакана личност. Можеби постојат повеќе личности за коишто сте заинтересирани, но оној за којшто сте најмногу заинтересирани не ви обрнува доволно внимание. Ве очекуваат многу измешани сигнали и недоразбирања, па обидете се да не сфаќате сè премногу лично.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Песната што треба да ја слушате на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак

    Песната што треба да ја слушате на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак

    Ако ја барате љубовната песна што сакате да ја слушате на Денот на вљубените, вашиот хороскопски знак може да ви помогне во изборот.rnrnПесната што треба да ја слушате на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знакrnrnБез разлика дали сте мечтателна Вага која копнее да слуша песни полни со фантазија и чувства или Скорпија кој секогаш знае да избере совршена песна за Денот на вљубените, треба само да им се препуштите на емоциите и да уживате во музиката.rnrnНекои парови можеби сакаат да излезат на состанок со цвеќиња и бонбони, други можеби претпочитаат да го поминат празникот во поинтимна атмосфера. Без оглед на вашиот стил за Денот на вљубените, астрологијата може да ви помогне да го пронајдете вашиот идеален „саундтрак“.rn

    Овен: „All Of Me” од John Legend

    rnrnrnОгнениот знак Овен многу брзо се вљубува. Тој сака песни во кои се пее за целосно предавање во прегратките на партнерот.rn

    Бик: „Lingerie” од Lizzo

    rnhttps://youtu.be/uOLdd340HiQrnrnНема подобар придружник од песнава додека Бикот го очекува својот партнер во удобноста на вашиот дом.rn

    Близнаци: „Hate That I Love You” од Rihanna Ft. Ne-Yo

    rnhttps://youtu.be/KMOOr7GEkj8rnrnСлатките Близнаци можат да бидат малку неодлучни во врска  срцето. Затоа ја сакаат оваа песна од Ријана и Не-Јо која пее за љубовта, но и ја доведува во прашање.rn

    Рак: „She Will Be Loved” од Maroon 5

    rnhttps://youtu.be/nIjVuRTm-dcrnrnИсто како и Адам Левин, на Ракот нема да му пречи да стои на вашата улица додека врне, чекајќи лудо да се вљубите во него.rn

    Лав: „Love Myself” од Hailee Steinfeld

    rnhttps://youtu.be/bMpFmHSgC4QrnrnОмилената песна за Денот на вљубените на Лавовите им е песната со порака да сакаш себе си.rn

    Девица: „Let Me Love You” од Mario

    rnhttps://youtu.be/H64QG4UsrGIrnrnВредната Девица ги покажува своите чувства со дела, а не со зборови. Токму како што се пее и во песнава.rn

    Вага: „Make Me Feel” од Janelle Monáe

    rnhttps://youtu.be/tGRzz0oqgUErnrnМечтателната и имагинативна Вага во истиот момент се буди и ѝ се предава на фантазијата, љубовта и нотите од песнава.rn

    Скорпија: „Take A Chance On Me” од ABBA

    rnhttps://youtu.be/-crgQGdpZR0rnrnМистериозни и таинствени, Скорпиите не дозволуваат партнерот лесно да ги разоткрие, но овој Ден на вљубените можеби ќе се „предадат“.rn

    Стрелец: „Blank Space” од Taylor Swift

    rnhttps://youtu.be/e-ORhEE9VVgrnrnСекој Стрелец има долг список на поранешни љубовници и овој знак сигурно нема недостиг од приказни за романтични ноќи и авантури. Затоа им се допаѓа оваа песна за живеење во моментот.rn

    Јарец: „I Will Always Love You” од Dolly Parton

    rnhttps://youtu.be/aDqqm_gTPjcrnrnНе се залажувајте дека е ова песна од Витни Хјустон – оваа балада оригинално е од кралицата на кантри музиката Доли Партон. Сериозниот Јарец сака да слушне песна за целосната посветеност на Денот на вљубените, особено во оригиналната верзија.rn

    Водолија: „That’s Amore” од Dean Martin

    rnhttps://youtu.be/OnFlx2Lnr9QrnrnКој може да не се насмее кога зборот „пица“ се користи во љубовна песна? Неконвенционални и креативни, тие посакуваат чудни љубовни песни на Денот на вљубените.rn

    Риби: „Adore You” By Harry Styles

    rnhttps://youtu.be/yezDEWako8UrnrnРибите се спремни да поминат низ оган за вас, бидејќи тие само сакаат да ве обожуваат, слушајќи музика.rnrnМожеби сакате да прочитате и какви предрасуди имаат луѓето за вас поради вашиот хороскопски знак?