КАФЕ ПАУЗА

Tag: ден

  • 20 начини да си го направите денот незаборавен

    20 начини да си го направите денот незаборавен

    Животот е полн со неизвесност и никогаш не можеме да знаеме што нè чека. Но, наместо да го поминуваме бесцелно и да мечтаеме по нештата, треба да го преземеме во свои раце и да живееме во моментот. Ова се 20 нешта кои можете да ги сторите за да создадете нови незаборавни спомени и денот да го паметите засекогаш.rnrn20 начини да го направиш денот незаборавенrnrn1. Пробајте нешто ново. Разновидноста навистина го зачинува животот. Во животот можете да направите или видите нешто милион пати, но во меморијата тоа се врежува првиот пат. Па, затоа денеска направете нешто што долго ќе го паметите.rnrn2. Забавувајте се себеси со искуства од реалниот свет. Убавите спомени се секогаш поврзани со искуства од интересни случки во живиот свет. Исклучете го телевизорот и компјутерот и излезете надвор. Имајте интеракција со светот, почитувајте ја природата, примете ги едноставните задоволства кои ги нуди животот и уживајте.rnrn3. Работете на нешто што е значајно за вас. Впуштете се во изработка на некој личен проект или пак направете нешто што одамна сте сакале, но никогаш не сте решиле да го направите. Животот е краток за да се троши бесцелно – денеска е денот кога ќе преземете акција.rnrn4. Предизвикајте го вашето тело и вашиот ум. Научете некоја нова вештина и станете креативни. Изградете нешто сами од темел, без разлика за каква ситница станува збор. Поминете ги сопствените бариери и ослободете се од ограничувањата.rnrn5. Сконцентрирајте се на помалку, но дадете сè од себе. Забавете и посветете внимание на она што го правите. Не трошете го времето лутајќи по здодевни работи. Направете го она што е навистина важно и денеска посветете му се со целата своја душа.rnrn6. Кажете ѝ „да“ на некоја спонтана прилика. Сè во животот не може да биде испланирано. Најдобрите прилики се појавуваат кога најмалку очекувате. Бидете флексибилни и спонтани и впуштете се во новата авантура.rnrn7. Довршете ја започнатата работа. Денеска е совршен ден да го довршите она нешто, кое одамна го имате започнато и оставено. Чувството на ослободување од товарот кој го носите во себе подолго време е неверојатно.rnrn8. Документирајте го денот. Направете многу фотографии или пак запишете ги впечатоците во дневник. Овие нешта ќе ви бидат одличен потсетник за во иднина. Долго време потоа, фотографиите и написите во вашиот дневник ќе ви претставуваат драг спомен, потсетник на минатото и инспирација за понатамошен успех.rnrn9. Смејте се и забележувајте го она што е добро. Сè што се случува во животот не е ниту добро ниту лошо. Сè зависи од која перспектива гледате на работите. На крајот секогаш излегува како што требало да биде, без разлика дали ќе успеете во нешто или ќе научите нешто ново. Затоа останете позитивни, ценете ги успесите и учете од грешките.rnrnrn20 начини да го направиш денот незаборавенrnrn10. Бидете автентични и свои. Џуди Гарланд еднаш рекла „Секогаш е подобро да бидеш прва верзија од себе, отколку да бидеш втора верзија од некој друг“. Ориентирајте се по оваа реченица. Не постои начин да живеете добро во туѓи чевли. Бидете свои, тоа е единствениот начин да живеете вистински.rnrn11. Помогнете некому на кој му е потребна помош. Во животот ќе добиете, само доколку дадете. Кога ќе остварите позитивно влијание врз нечиј живот, остварувате позитивно влијание и врз вашиот. Направете нешто што е поголемо од вас, со што ќе му помогнете на некого да биде среќен или помалку да пати. Тоа ќе биде одлично наградувачко искуство, кое ќе го паметите вечно.rnrn12. Земете учество во нешто во што верувате. Без разлика за што станува збор, психолошкиот исход е подеднаков и исполнувачки. Вложете се себеси во нешто во што верувате, а посветеноста ќе донесе среќа и значење во вашиот живот.rnrn13. Споделувајте искуства и поминувајте време со блиските. Нема ништо подобро од присеќавањето на убавите спомени од животот со најблиските и луѓето кои ви значат и кои биле со вас во тие убави моменти од минатото.rnrn14. Запознајте нов пријател. Луѓето се интересни суштества, кои меѓусебно се разликуваат. Запознајте нов човек денеска. Дознајте нешто повеќе за него и неговиот начин на живеење. Нивните идеи можат да ви ги отворат очите и да ви понудат нови перспективи.rnrn15. Направете нешто забавно и смешно. Најубавите моменти во животот се секогаш поврзани со забава, смеа и среќа.rnrn16. Направете нешто што одамна сакате. Сонот направете го реалност.rnrn17. Простете некому и повторно поврзете се со таа личност. Омразата и завидливоста се совршено трошење на времето. Доколку постои некој во вашиот живот кој заслужува втора шанса, дадете му ја. Доколку вие треба да се извините некому, направете го тоа. Создадете среќен крај за вашата приказна.rnrn18. Поминете повеќе време со деца. Децата живеат според нивните инстинкти без двоумење. Тие се ентузијасти, желни за знаење и љубопитни. Гледајте ги како си играат, како живеат, како создаваат и како поставуваат прашања. Впуштете се во нивната игра. Тоа ќе биде незаборавно искуство од кое можете да научите да бидете слободни и опуштени.rnrn20 начини да го направиш денот незаборавенrnrn19. Однесувајте се како денеска да е неверојатен ден. Чувствувајте се така и тоа ќе се оствари. Истражувањата покажуваат дека, иако сите мислиме дека се однесуваме како што се чувствуваме, всушност многу често се чувствуваме според начинот на кој се однесуваме. Позитивното однесување секогаш води кон убави искуства.rnrn20. Бидете присутни и живејте во моментот. Последната точка всушност ги поврзува сите претходни. Не дозволувајте животот да ви бега. Не живејте во минатото и не оптоварувајте се со иднината. Запомнете, животот се случува сега и не треба да го пропуштите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 30 трикови за подобар ден

    30 трикови за подобар ден

    Бенџамин Френклин рекол:rn
    rn

    „Едно денес, вреди колку две утре“.

    rnВчера е минато, а утре е безмалку плод на вашата имагинација. Па така, денешниот ден е единствениот ден што вистински го живеете. Еве како можете да го направите подобар.30 трикови за подобар денrnrn1. Започнете го денот неколку минути порано.rnrn2. Работете на нешто што вам ви значи.rnrn3. Завршете некоја важна или недовршена работа.rnrn4. Поминете некое време со позитивни, пријателски настроени луѓе.rnrn5. Направете нешто добро за некого.rnrn6. Бидете присутни. Фокусирајте се на она што го правите во одреден момент, на одредено место, со одредени луѓе.rnrn7. Завршувајте ги работите една по една.rnrn8. Слушајте си ги гласовите во својата глава. Кога размислувате за негативни работи, пробајте да ја свртите работата од другата страна.rnrn9. Смејте се, дури и кога нема посебна причина за тоа.rnrn10. Исклучете се и забавувајте се додека ги доживувате секојдневните искуства во животот.rnrn11. Појдете на некое ново место, видете нешто ново или запознајте нова личност.rnrn12. Направете нешто што ќе ве насмее.rnrn13. Предизвикајте си го умот – научете некоја нова вештина.rnrn14. Предизвикајте си го телото – вежбајте 30 минути.rnrn15. Дозволете му на некој да ви помогне.rnrn16. Расчистете го нередот, ослободувајќи се од непотребните работи.rnrn17. Бидете искрени со самите себе и со оние околу вас.rnrn18. Не споредувајте се со други. Наместо тоа, дозволете тие да бидат инспирација за вас.rnrn19. Поминете неколку минути во тишина, сосема сами и размислувајте.rnrn20. Фокусирајте се на решенијата.rnrn21. Бидете отворени за нови идеи и информации.rnrn22. Прифатете важна две-минутна задача веднаш кога ќе ви биде доделена.rnrn23. Држете се настрана од драмите на другите луѓе и не создавајте своја непотребно.rnrn24. Кажете „Те молам“, „Извини“ и „Те сакам“ кога можете.rnrn25. Не обидувајте се да ги направите сите задоволни. Правете го само она што знаете дека е правилно.rnrn26. Јадете здраво, запазувајќи ги трите оброци: доручек, ручек и вечера.rnrn27. Уживајте во едноставните нешта.rnrn28. Забележете го она што е добро во светот и во вашата непосредна околина.rnrn29. Размислете на сите нешта кои ги имате и почнете да го цените тоа.rnrn30. Легнете си малку порано вечер за да бидете поодморени за утре. И запомнете: „насмевката е најубавата кривина на човечкото тело“.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кога денот и ноќта стануваат пријатели

    Кога денот и ноќта стануваат пријатели

    Често велиме: „тие се различни како ден и ноќ“, што не е воопшто чудно, нели? Сепак, иако некои повеќе уживаат во денот, други се ноќни птици, денот и ноќта заедно ја прават вистинската комбинација која на сите ни треба.rnrnКога денот и ноќта стануваат пријателиrnrnОваа приказна е производ на студиото Пиксар. Филмот ја имаше својата премиера лани летоска, заедно со познатиот „Приказна за играчките 3“ (Тoy Story 3), а претставува нешто досега невидено од Пиксар, спој на 2Д и 3Д анимација. Уживајте!rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ден од животот на една манекенка

    Ден од животот на една манекенка

    Позната е париската модна недела која се одржува секои шест месеци во срцето на Франција, во главниот град Париз. Таа е дел од четирите најпознати модни недели заедно со оние кои се одржуваат во Лондон, Милано и Њујорк. Париската модна недела е гламурозна за гостите и гледачите, но за многуте манекенки кои треба да ја презентираат облеката што ја носат најдобро што можат, модната недела е задоволство и стрес во исто време.Ден од животот на една манекенкаЗапознајте ја Џули Санер. Таа е 18 годишна девојка, родена во Швајцарија. Оваа манекенка ја застапува познатата модна агенција Elite Model. Погледнете како изгледа еден нејзин ден токму за време на модната недела во Париз.Ден од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенка

    rnrnrn

    Ден од животот на една манекенка
    Џули носи фустан на Elie Saab, колекција пролет/лето 2011
    rnrnДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенка