КАФЕ ПАУЗА

Tag: ден

  • Најубавите утрински будења со шолја кафе

    Најубавите утрински будења со шолја кафе

    Како милувате да се будите и да го искусувате почетокот на денот? Со шолја кафе во комбинација со добра книга, весник, овошен сок или пак чоколадна торта? Уживајте во оваа колекција на најубавите утрински будења со вкусно кафе.rnrnНајубавите утрински будења со шолја кафе Најубавите утрински будења со шолја кафе Најубавите утрински будења со шолја кафе Најубавите утрински будења со шолја кафе Најубавите утрински будења со шолја кафе Најубавите утрински будења со шолја кафе Најубавите утрински будења со шолја кафе Најубавите утрински будења со шолја кафе Најубавите утрински будења со шолја кафе Најубавите утрински будења со шолја кафе Најубавите утрински будења со шолја кафе Најубавите утрински будења со шолја кафеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема градска светлина?

    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема градска светлина?

    Оние кои живеат во големите метрополи, знаат дека чистото небо е права реткост. Но, фотографот Тиери Коен, ни дава шанса да погледнеме како некои од најголемите градови би изгледале кога би биле сосема темни со чисти неба. За да ја креира оваа фотосерија т.н. „Затемнетите градови“ (Darkened Cities), Тиери прво го фотографирал небото на места каде што нема загадување на воздухот и ѕвездите јасно се гледаат, а потоа ги фотографирал градовите на дневна светлина, кога светилките не се запалени. Спојувањето на ваквите фотографии во една целина, го дава крајниот резултат, малку мистериозни, но сепак многу романтични фотографии.rnrn

    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Њујорк
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Хонгконг
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Лос Анџелес
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Шангај
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Париз
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Сао Паоло
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Париз
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Сан Франциско
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Париз
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Њујорк
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Хонгконг
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Шангај
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Токио
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Лос Анџелес
    rnrn
    Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема  градска светлина?
    Рио де Жанеиро
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На располагање имате 25.000 утра. Како да не ги потрошите залудно?

    На располагање имате 25.000 утра. Како да не ги потрошите залудно?

    Ако речеме дека во просек животниот век на луѓето изнесува 86 години, и да сметаме дека над 18 години сме веќе возрасни личности, тогаш живееме околу 68 години во светот на возрасните (повеќе или помалку). 68 години x 365 денови во годината = 24.820 утра. Да заокружиме на 25.000. Е сега, која е поентата?rnrn25.000 пати ќе ги отворите очите, ќе го пречекате новото утро и ќе се соочите со денот пред вас. Како тие 25.000 утра да не поминат залудно? Одговорот е – со развивање здрава утринска рутина. Па денот по утрото се познава, нели?rnrnНа располагање имате 25.000 утра. Како да не ги потрошите залудно?rnrn

    Управувајте со вашата енергија, не со вашето време

    rnМислите дека со распределбата на времето ќе бидете поефективни? Дали сте помислиле да обрнете повеќе внимание на енергијата? Под претпоставка дека вашата работа бара многу концентрација, вие може цело попладне да ѝ го посветите на работата, но да ви биде залудно или да потрошите многу повеќе време од потребното. Доколку вие сте најконцентрирани наутро, токму тој е периодот кој треба да ѝ го посветите на работата. Организирајте се според тоа за што сте најспособни во одредени периоди.rnrn

    Подгответе се претходната ноќ

    rnЗа подготвување листа на обврски, потребни ви се нецели 10 минути. Таа листа може да ви заштеди и до 3 часа наредниот ден. На пример, пред да заминете во кревет, направете листа со клиентите со кои треба да се видите наредниот ден. Испланирајте кога ќе бидат средбите, за што ќе разговарате и што ќе им понудите. Со тоа заштедувате многу време кои би го изгубиле без потреба и без никаква ефикасност.rnrn

    Не проверувајте мејл до пладне

    rnЗвучи толку едноставно, но ретко кој може да го направи тоа. Мејлот може да почека неколку часа, секако доколку е нешто навистина итно нема да ве известат по мејл. Искористете ги првите часови од денот за она што е поважно и држете се настрана од она што би ве деконцентрирало.rnrn

    Прилагодете ја температурата во собата

    rnДоколку во просторијата каде работите е премногу топло ќе се чувствувате изморено и слабо. Погрижете се просторијата да е доволно ладна за да бидете опуштени и релаксирани, и многу полесно ќе останете сконцентрирани.rnrn

    Исправете се

    rnСтојте или седете исправено. Не го поминувајте утрото лежејќи. Кога стоите мирно и исправено ќе бидете пофлексибилни и поактивни. На вашето тело му е потребен кислород за правилно да работи. Кога седите стуткани или подгрбавени, дијафрагмата е притисната со белите дробови, што го отежнува дишењето, а со тоа и патот на кислородот до мозокот.rnrn

    Развијте сопствен утрински ритуал

    rnМожеби го почнувате денот со чаша ладна вода, кафе или прво се опуштате со 10-минутна медитација? Ваквиот ритуал, доколку се применува секое утро, ќе му сигнализира на вашиот мозок дека е време ефективно да се започне денот. Вашиот ритуал ќе ви биде мотивација за извршување на обврските.rnrnКако ќе му пристапите на утрото, така ќе му пристапите и на денот. Постојат безброј примери каде луѓе кои во животот имале здрава утринска рутина доживеале длабока старост. Вежби, трчање, медитација, гледање на изгрејсонцето… Сè се врти околу тоа како го започнувате денот. Тоа влијае на нашето здравје и на резултатите од нашата работа. 25.000 утра. Дали би ги поминале во спиење или пред компјутер? Можеби е крајно време да започнете со здравите навики на почетокот на денот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Среќа

    Среќа

    Како беше онаа, пеперутката е среќа, не… среќата е пеперутка, ако трчаш по неа ќе ти бега, ако застанеш мирно, ќе ти застане на рака… да, мислам дека се разбираме, тоа е поентата. Среќа, среќа, среќа, добро луѓе, што всушност значи тоа СРЕЌА?rnrnЕве на пример како јас ја разбирам среќата.СреќаСреќа е кога на крајот од денот, се враќаш дома и сфаќаш дека всушност се чувствуваш како скапана праска, не си способен да апсорбираш какви било информации од светот околу тебе, ти течат солзи од што ти се спие, те болат колената, те боли и самиот мозок, ама не можеш да дочекаш да се разбудиш следното утро и да почнеш со новите обврски кои ги носи новиот ден. Велам среќа е, зашто си исполнет, па дури и во таа фаза на „скапана праска“ ти доаѓа да полеташ.rnrnСреќа е кога ќе се натокмиш да гледаш филм со Џејсон Стејтам во главната улога (значи не е стар, постои нешто како евергрин дури и во сексапилот), и филмот почнува да кочи, да сецка, ти доаѓа да го издрецкаш компјутерот пет пати од земја и на крај да го фрлиш низ прозор. Ама среќа е бидејќи со срце и душа чекаш да добиеш добра верзија, така долгоочекуваниот филм ќе го доживееш како нешто најдобро што можело да ти се случи во моментот.rnrnСреќа е на пример, кога имаш премногу ужасен ден, и тоа што треба да оди нагоре ќе замине удолу, и тоа што го тераш десно ќе замине лево, ама кога ќе си стигнеш дома, ќе се завиткаш во ќебенце и ќе си направиш топло кафе или чајче, сфаќаш дека всушност ти си најсреќната особа на светот.rnrnНели сонцето заоѓа за да може да изгрее? Ако секогаш ни е светло, никогаш нема да ја сфатиме убавината на зајдисонцето или на изгрејсонцето. Ако никогаш немаш чувство на лутина и гнев, како ќе го распознаеш спокојот? Ако не ги слушаш ноќните птици кои те плашат во темните ноќи, како ќе ја цениш песната на славејчињата наутро? Затоа среќа е буквално сè, дури и тоа што на прв поглед изгледа дека не е.rn
    rn

    „На крајот, нема да биде важно колку пати длабоко сте воздивнале, туку колку моменти ви го одзеле здивот“.

    rnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животот не се цени според тековниот ден

    Животот не се цени според тековниот ден

     rn

    Мисла на денот со шолја кафе: „Не дозволувај еден лош ден да направи да се чувствуваш дека имаш лош живот“.

    rn

    Животот не се цени според тековниот ден
    Десктоп позадина (1920×1440)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Еден ден“ – Дејвид Николс

    Книга: „Еден ден“ – Дејвид Николс

    Поглед од врв на планина, бакнеж и ветување… Декс и Ем, Ем и Декс… Дваесет години, две личности и еден ден

    rnrn„Еден ден“ – Дејвид НиколсНаслов на оригиналот: One Day – David Nichollsrnrn„Еден ден“ е приказна за животите на Ема и Декстер, кои подобро се запознаваат на денот на нивното дипломирање, 15 јули, денот на Св. Свитн. Оттогаш нивните судбини се вртат околу тој датум. Наредните 20 години од животите на двајцата протагонисти, со сите подеми и падови, се претставени преку 20 глави, со нагласување на датумот 15 јули. Книгата е објавена во 2009 година, а по лавината позитивни критики и задоволни читатели, во 2011 беше адаптирана како филм, со Ен Хатавеј и Џим Старџис во главните улоги.rn

    rn

    Синопис

    rnПо дипломската прослава, Декс завршува во станот на Ем, иако пред тоа не ѝ обрнувал некое посебно внимание. Зборуваат како би изгледале и што би правеле на 40 години и што сакаат од животот. Ем е паметна млада жена со визија да направи нешто значително и да го подобри светот. Нејзиниот сон е да стане учителка и да почне да се занимава со пишување. Декс е богат и разгален дечко кој ужива во женско друштво, дури речиси и нема некои критериуми за жените, нему му се допаѓа сè што се движи.rnrnЕм започнува да пишува и игра претстави, но не успева да постигне некој голем успех. За тоа време, Декс патува низ светот, уживајќи во секакви луксузи и флертувајќи со жени. Нивните животи повторно се спојуваат кога и двајцата ќе се преселат во Лондон, каде Ем работи како келнерка, додека Декс е водител во телевизиско шоу. Самиот признава дека работи тоа што другите ќе му го кажат бидејќи за тоа е способен, но неговите родители не го гледаат со гордост во очите. Ем и Декс и понатаму го негуваат своето пријателство, а се зближуваат уште повеќе по смртта на мајката на Декс и нивниот заеднички одмор во Франција. Сексуалната тензија помеѓу нив често се насетува, но остануваат доследни на своето пријателство, најмногу поради цврстиот и зрел карактер на Ем.„Еден ден“ – Дејвид НиколсДекс целосно се губи, предавајќи се на развратот, алкохолот и дрогата и уништувајќи си ја кариерата. Токму тоа е причината за прекин на пријателството со Ем. Во меѓувреме Ем одлучува да ја прекине врската со комедијантот Ијан, откако ќе сфати дека не е вљубена во него и дека не би сакала да го помине остатокот од својот живот во врска која не ја прави вистински среќна. Откако повторно ќе се сретнат на една свадба, Ем и Декс го обновуваат пријателството признавајќи дека си се потребни еден  на друг.rnrnЕм почнува повторно да пишува и заминува во Париз. Декстер овојпат е во улога на невработен сопруг и татко… Што ќе се случи со нив двајцата? Колку време ќе им биде потребно за да сфатат дека се совршени еден за друг, но не како пријатели? Колку 15 јули ќе биде среќен датум за нив?rnrn

    Лична критика

    rnСекоја приказна си има свој почеток и крај. Некогаш крајот е среќен, а некогаш не. Ако барате зрела романтична приказна, одберете ја оваа. Приказната на Ем и Декс не е бајка. Во неа се опишани многу реални ситуации и природни карактеристики на еден човек. Љубовта, пријателството, почитта, скриената желба и страст. Книгата ќе разбуди секакви чувства во вас, ќе ве поттикне на емоционалност и ќе ве наежи на крајот. Книгата има и македонски превод и се надевам дека ќе го одберете пишуваното дело наместо филмот, бидејќи откако ја прочитав, ја гледав и филмската верзија и сфатив колку работи ќе пропуштев доколку не ја прочитав книгата. Дозволете само да ви пренесам нешто од моите омилени делови:rn
    rn

    „Прекрасна си, ти баба Рого една, и кога би можел да ти дадам еден подарок до крајот на животот, би ти дал самодоверба. Или тоа, или миризлива свеќа.“

    rn„Еден ден“ – Дејвид Николс
    rn

    „Знаеш што не можам да разберам? Сите овие луѓе ти кажуваат колку си прекрасна, паметна, забавна и талентирана, без престан. И јас ти го кажувам тоа со години. Зошто не можеш да веруваш? Што мислиш, зошто луѓето ти ги кажуваат тие работи? Мислиш дека е некаков заговор, дека сите тајно се договориле да бидат фини со тебе?“

    rn

    „Пие многу кафе и пишува белешки и идеи за приказни со нејзиното стило на ленено бели страници од скапи нотеси. Понекогаш, кога ѝ оди навистина тешко, се прашува дали тоа е љубов кон пишаниот збор или само нејзин фетиш за прибор за пишување.“

    rn

    „Што и да се случи утре, го имаме денес и секогаш ќе го памтиме.“


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #82

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #82

    Доручекот Кафето е најважниот оброк во денот.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #82
    2560×1600

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Божиќна музичка плејлиста со Френк Синатра

    Божиќна музичка плејлиста со Френк Синатра

    Божиќ е еден од најубавите и најмагичните денови во годината. Тој секогаш се поминува со најблиските, со оние кои ни значат повеќе од сè. За да ја искажете својата љубов и благодарност кон нив, годинава подгответе им изненадување – целосен Божиќен пакет во комбинација со неверојатниот глас на Френк Синатра.Божиќна музичка плејлиста со Френк СинатраИ како што тој пее во една од овие песни, „Јас сонувам за бел Божиќ, со секоја честитка што ја пишувам, нека вашите денови бидат весели и светли, и нека секој нареден Божиќ ви биде бел“, така и ние ви посакуваме овој ден да ви биде исполнет со многу радости, насмевки и топлина… Среќен Божиќ!rn

    rn1. White Christmasrn 2. Silent Nightrn3. O Come All Ye Faithtfulrn4. Jingle Bellsrn5. Have Yourself a Merry Little Christmasrn6. Christmas Dreamingrn7. It Came Upon a Midnight Clearrn8. O Little Town of Bethlehemrn9. Santa Claus is Coming to Townrn10. Let it Snowrn11. Medley of Little Town of Bethlehem – Joy to the World and White Christmasrn12. Ave Mariarn13. Winter Wonderlandrn14. The Lords Prayerrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смешни цитати за (анти)воркохолици

    Смешни цитати за (анти)воркохолици

    Прочитајте неколку цитати кои слатко ќе ве изнасмеат, а голема е веројатноста и да ви го разубават работниот ден… :)rnrnСмешни цитати за (анти)воркохолици
    rn

    „Би те пратил во пеколот, но работам таму, па не би сакал да те гледам секој ден.“ – непознат автор

    rn

    „На работа, секогаш давам 100 % од себе. 10% во понеделник, 23% во вторник, 40 % во среда, 22% во четврток и 5% во петок.“ – непознат автор

    rn

    „Јас никогаш не пијам кафе на работа… главно заради тоа што ме држи буден.“ – непознат автор

    rn

    „Секогаш доцнам на работа, но надополнувам со тоа што заминувам порано.“ – Чарлс Лемб

    rn

    „Напорната работа никогаш не убила никого, но зошто да ризикувате?“ – Едгар Берген

    rn

    „Златно правило е тоа дека шегите на шефот се СЕКОГАШ смешни.“ – Роберт Пол

    rn

    „Кога шефот ќе се сопне, јас паѓам.“ – непознат автор

    rn

    „Мозокот е фантастичен орган. Започнува со работа кога се будите и не престанува сè додека не стасате во канцеларија.“ – Роберт Фрост

    rn

    „Ја сакам работата, таа ме фасцинира. Можам да седам и со часови да гледам во неа.“ – Џером К. Џером

    rn

    „Ако мислите дека вашиот шеф е глуп, сетете се: немаше да имате работа, ако тој беше малку попаметен.“ – Џон Готи

    rn

    „Нема задоволство во тоа да немаш работа. Задоволството е да имаш многу работа, а да не работиш ништо.“ – Мери Вилсон

    rn

    „Наместо да се јавувате на работа кога сте болни и не можете да отидете, јавете се кога се чувствувате добро. Кажете им колку добро се чувствувате што не морате дента да одите на работа!“ – непознат автор

    rn

    „Забушант? Не. Јас само чекам до последната секунда за да ја сработам задачата, бидејќи колку сум постар, толку сум помудар.“ – непознат автор

    rn

    „Со чесна 8-часовна работа, можеби еден ден ќе станете шеф и ќе работите 12 часа.“ – Роберт Фрост

    rn

    „Сè што сакам е чесна неделна плата, за чесно одработен ден.“ – Стив Мартин


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еден лош ден не треба да го смени вашиот поглед на животот

    Еден лош ден не треба да го смени вашиот поглед на животот

    Еден ден не смее да го диктира текот на вашиот живот. Дури и кога сметате дека тоа е најлошиот ден во вашиот живот досега, сепак тој е само една мала точка во целата шема на нештата кои поминале и на оние кои допрва ќе дојдат. Тоа што се случило – се случило, но и поминало. Пред вас има уште милиони други можности кои ќе се најдат на вашиот пат.rnrnЕден лош ден не треба да го смени вашиот поглед на живототrnrnНашиот живот не го одредуваат најголемите и најнегативните работи што ќе ни случат. И покрај тоа што мозокот на човекот работи така што се фокусира на најзначајните настани, без разлика дали тие се позитивни или негативни, понекогаш навистина е потребно да застанеме, да земеме воздух длабоко и да се обидеме да ја смениме нашата перспектива. Многу е важно кога гледате наназад, да научите како да ги препознаете вистинските „лекции“ од одредени настани кои ќе можат многу да ви помогнат во иднина.rn

    „Спомените не се статични. Ако се сеќавате на нешто во друга околина и момент, или дури и ако сте во различно расположение, вашите спомени можат да ја примат оваа нова информација,“ вели Дона Бриџ.

    rnСекако, целта не е да се обидувате целосно да ги промените вашите сеќавања, туку да го смените начинот на кој ги толкувате. Сигурно постои некое сеќавање кое отсекогаш ви било ужасно и болно, но доколку продолжите да го памтите како такво, во иднина од него нема да можете да извлечете здраво и конструктивно решение за некој друг проблем. Затоа погледнете ги овие неколку техники кои ќе ви помогнат да го смените начинот на кој размислувате за негативните спомени:rn

      rn011

    • Потсетете се на негативниот настан кога ќе бидете во многу добро расположение. На тој начин, ова сеќавање ќе ви изгледа помалку важно и ќе се чувствувате како да има помало влијание на вашиот живот.
    • rn011

    • Разговарајте за негативниот настан со близок пријател. Тие често знаат да ви понудат сосема нова перспектива на вашето искуство за која никогаш досега не сте размислувале.
    • rn011

    • Пронајдете нешто за коешто можете да се насмеете на тој негативен настан. Додавањето на еден слој хумор е одличен начин да го промените значењето на одредено сеќавање.
    • rn011

    • Кога ќе се сетите на настанот, отидете на некое ново место, како на пример во парк или на плажа додека размислувате. Тоа што ќе си дозволите удобен простор во кој можете да го видите тој настан ќе ви помогне да пронајдете завршеток или нова перспектива.
    • rn011

    • Создадете уметничко дело или музика за настанот. Ова е многу ефективен начин за промена на тоа како вашиот мозок размислува за него. Исто така е и одличен начин да трансформирате нешто „негативно“ во нешто „позитивно“ и креативно.
    • rn011

    • Пробајте да ја видите „поголемата слика“ позади настанот. И не заборавајте дека вашиот живот е преполн со различни искуства и ниедно од нив само по себе не може да го дефинира.
    • rn011

    • Пишувајте за настанот. Прифатете го и објаснете си на себе што сте научиле од него и зошто тој ве направил подобра личност.
    • rn011

    • Продолжете понатаму. По некое време мора да престанете да размислувате за тоа што се случило и да се преиспитувате себеси, бидејќи на тој начин може само да го зголемите негативното влијание.
    • rn

    rnЗа крај, никогаш не заборавајте дека во животот многу поважни се малите, секојдневни нешта кои постепено ни помагаат да се изградиме себеси. Секој ден правиме стотици избори, почнувајќи од најмалите како што ќе јадеме за доручек, какво кафе ќе се напиеме со најблиските, па сè до големите одлуки како изборот на факултет, вработување и започнување на сериозна врска… Овие одлуки се оние кои нè водат и токму во нив се наоѓа нашата вистинска моќ и слобода во изборот за тоа каков ќе ни биде животот.