КАФЕ ПАУЗА

Tag: ден

  • Тест: Кој ден од неделата сте вие?

    Тест: Кој ден од неделата сте вие?

    Вашиот омилен ден од неделата зборува многу за вас, речиси исто колку вашиот хороскопски знак. Дури и да не верувате дека е така, овој тест е забавен начин со кој ќе поминете дел од вашето слободно време. Одберете го вашиот омилен ден од неделата, денот кога се чувствувате најдобро, најмоќно и најпријатно во своја кожа, и прочитајте што тоа кажува за вас како личности.rnrntest-koj-den-od-nedelata-ste-vi-kafepauza.mkrnrn rn

    Понеделник

    rnНаправете место за ледената кралица! Понеделник е денот на оние кои се постојано зафатени со работа, преокупирани со својата кариера, постојано се со кафето во раце и не веруваат во опуштен живот без обврски, цели и задачи. Косата и облеката секогаш им е на место, секогаш со професионален изглед и доза на острина. Тие не го доживуваат понеделникот како депресивен ден, напротив, го гледаат како ден за нов почеток и нова можност да дадат сè од себе. Станува збор за личности кои не можат да безделничат и да не прават ништо, тие се одговорни и дијагностицирани воркохолици.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rn

    Вторник

    rnВторник е денот на слатките и романтични личности. Девојките кои го избрале вторник не можат да избројат колку пара балетанки поседуваат, а истото важи за нивните џемпери во пастелни бои. Сакаат светли бои и нежни нијанси. Ја имаат испланирано до точка нивната венчавка, дури и ако сè уште не го пронашле младоженецот – сè ќе биде или во розово, нежна праска боја или пак небесно сина. Поседуваат премногу аксесоари за коса, најчесто венчиња со панделки и може да ги видите како во паркот го шетаат своето кученце – страшен ѕвер висок цели две педи. Станува збор за непоправливи романтичари и сонувачи.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rn

    Среда

    rnСтанува збор за опуштени личности на кои навистина не им е грижа што другите мислат за нив и нивното хоби е прекршување на сите норми и традиционални и конзервативни правила. Овие девојки ќе ги видите во сосема опуштено издание – искинати фармерки, бела маичка и кожна јакна. Не им пречи да одржуваат пријателства со личности од спротивниот пол и воглавно се многу кул. Навидум нивната „искулираност“ ве наведува да помислите дека не им е грижа за ништо, иако не секогаш тоа е така. Во суштина може да станува збор за интровертни личности кои својата срамежливост ја кријат со ставот не-ми-е-гајле или нејќам-да-комуницирам-со-здодевни-личности.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rn

    Четврток

    rnПо малку нестабилни личности и големи филозофи кои за сè размислуваат премногу, но знаат да бидат навистина шармантни. Нивната соба по малку е хаотична и имаат свое катче каде се изолираат од светот, читаат или пишуваат. Неретко се чувствуваат како марсовци меѓу другите луѓе и тврдат дека не можат да го поднесат местото каде живеат, како и луѓето околу себе. Мечтаат и обожаваат да бидат сами со себе. Постојано се во потрага по причината и смислата за нивното постоење. Може да поминат часови читајќи нешто од сестрите Бронте или Вирџинија Вулф. Уживаат во тоа што се различни од другите и што не може секој да ги разбере. Кога станува збор за модата, обожаваат сè што е ретро и тврдат дека се минималисти. Немаат компјутер или пак не го користат често бидејќи преферираат да користат машина за пишување. И да, во план се да издадат роман во блиска иднина.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rn

    Петок

    rnОвие личности обожаваат да патуваат и не ги држи место. Секогаш може да ви зборуваат за своите авантури и искуства. Родени се во еден град, живееле во друг, а студирале во сосема друга земја. Тие се големи авантуристи, креативци и имаат големи идеи, со кои за жал, не секогаш одат до крај. Релаксирани личности за кои е тешко да не ви се допаднат. Им годи да бидат во центар на внимание и тој што ќе сака да им го одземе тоа место не е добредојден во нивно друштво. По малку се ексцентрични, како мали имале желка како домашно милениче, а нивното животно мото им е истетовирано на рамото. Може да ги најдете како лудуваат на некој концерт во сосема опуштено издание. Намерно не ја следат најновата мода и не им се допаѓа тоа што во моментот е многу актуелно и по што сите други лудуваат.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rn

    Сабота

    rnНивни идоли се Ријана или Кејша. Обожаваат да се забавуваат до зори по што неретко си заминуваат пијани. Ретко ги гледате на дневна светлина, а доколку се случи тоа, ќе ги начекате навистина мамурни. Сакаат да бидат бунтовни, често со цел да привлечат внимание. Нивното животно мото е живеј како да нема утре. Но, неретко се чувствуваат осемени и пишуваат тажна или гневна поезија. Кога дечкото ќе ѝ го скрши срцето не се лекува со колачи и романтичен филм, туку оди и му ја гребе колата. Сепак, длабоко во себе фантазира за мирен живот и стабилна љубовна врска иако никогаш нема да го признае тоа.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rn

    Недела

    rnВистинска хипи девојка која обожава да носи цвеќиња во косата. Оние кои избрале недела се грижат за своето здравје, можеби и премногу. Редовно одат на јога, сакаат да се поврзат со духовноста и да најдат излез од лудиот свет во кој живеат. Не се срамат да признаат дека иако возрасни сакаат да гледаат цртани филмови или да читаат сказни. Некогаш знаат да бидат навистина меланхолични и веруваат во парче накит кој ќе им донесе добра среќа. Веруваат во карма и судбина. Зборуваат смирено и понекогаш ги развлекуваат зборовите. Во друштвото се вистинско рамо за плачење и многу полесно им е да се искажат преку пишаниот збор.rnrnТест: Кој ден од неделата сте вие?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 начини да му го разубавите денот на вашиот партнер за помалку од минута

    12 начини да му го разубавите денот на вашиот партнер за помалку од минута

    Нели е прекрасно кога ги усреќувате вашите најблиски? Доколку вашиот партнер има лош ден, еве што можете да направите за да му го подобрите расположението.rnrn12 начини како да му го разубавите денот на вашиот партнер за помалку од минутаrnrn1. Доколку наутро излегувате порано од вашиот партнер, оставете му слатка романтична порака на перницата. Нема нешто поубаво од будење со слатки и искрени зборови. Така и целиот ден тргнува позитивно.rnrn2. Испратете му/ѝ слатка слика од вас двајцата која инстантно ќе му/ѝ го подобри денот. Бидете сигурни дека веднаш штом ја добие ќе се насмевне.rnrn3. Измасирајте го/ја. Не мора да бидете експерти. Само речете му/ѝ дека ваша должност е да го/ја опуштите по напорниот ден и дека ќе направите сè за да се чувствува убаво.rnrn4. Направете му/ѝ кафе наутро. Сè што треба да направите е да се разбудите 5 минути порано и да подготвите топло и вкусно кафе.rnrn5. Испратете му/ѝ слатка покана за нешто што ќе се случува истата вечер. Знаењето дека го/ја чека изненадување прави побрзо да мине работниот ден. Може да купите влезници за во кино или да резервирате маса во добар ресторан, или пак да подготвите романтична вечера дома.rnrn12 начини да му го разубавите денот на вашиот партнер за помалку од минутаrnrn6. Влезете во собата, бакнете го/ја и излезете и продолжете со работа. Така на вашиот партнер му давате до знаење дека без разлика колку сте зафатени секогаш ќе најдете време за него.rnrn7. Вратете се дома со шише вино и наздравете без некоја посебна причина. Потоа пуштете филм и резервирајте ја вечерта за вашиот/ата сакан/а.rnrn8. Јавете му/ѝ се на работа. Повикот нека биде краток. Така ќе му/ѝ ги оттргнете мислите од работата макар на минута, кажувајќи му/ѝ дека го сакате и ви недостига.rnrn9. Испратете му/ѝ романтична песна со убав текст. Иако долго време сте заедно, убаво е да има на ум дека вашата љубов сè уште пламти и дека негувате убави чувства еден за друг. Ова е посебно убаво доколку долго време сте во брак и одбирате да го разнежните партнерот кога најмалку очекува.rnrn10. Поканете ги на танц. Пуштете песна и танцувајте дома. Не мора да има посебна причина ни прилика. Сами направете го моментот убав и незаборавен.rnrn11. Направете трка. Кој побрзо ќе подготви сендвич или кој побрзо ќе го изеде сендвичот. Можеби ви звучи незрело, но навистина ќе му/ѝ помогнете да ги оттргне мислите од лошиот ден.rnrn12. Подарете ѝ цвет на саканата. Нема потреба од зборови. Само еден цвет е доволен за одеднаш да огрее сонце од зад облаците.rnrn12 начини како да му го разубавите денот на вашиот партнер за помалку од минута

  • Применете ги овие совети откако ќе се разбудите и имајте убав ден, цел ден

    Применете ги овие совети откако ќе се разбудите и имајте убав ден, цел ден

    Секое утро е иста рутина: отворање очи, станување, механичко движење до тоалетот, облекување и излегување. Не е чудно што не сте полни со енергија и не функционирате најдобро. Најтажно е што морате да соберите сили за да им се насмевнете на колегите кога конечно ќе стигнете на работа. Важно е да се чувствувате убаво уште од раните утра, а овие 14 совети навистина можат многу да ви помогнат.rnrn1-soveti-za-podobro-budenje.kafepauza.mkrn

    1. Запишувајте кратки забелешки во дневник

    rnТивките утра се одлично време за запишување мисли и раскажување убави моменти. Искористете го времето во кревет за да запишете некоја убава случка или едноставно да „кажете“ што ви лежи на срцето. Дури и да биде навистина малку или едноставно, сепак тоа многу ќе ви го подобри денот.rn

    2. Ослободете се од непотребен предмет

    rnИсчистете ја куќата или плакарот. Фрлањето непотребен предмет е многу корисно бидејќи создава чувство на олеснување и хармонија. Сепак, предметот мора да биде навистина непотребен и неупотреблив бидејќи на крајот би можеле сѐ да фрлите.rn

    3. Медитирајте

    rnПосветете само 10 минути од вашето скапоцено време на медитацијата. Иако мозокот доволно добро се справува со проблемите, тој е способен и за да ги направи. Медитацијата го контролира мозокот и го спречува во создавање на понатамошни проблеми. Ова е една од најважните навики бидејќи освен што го скротувате вашиот мозок, му посветувате внимание и го држите активен, медитацијата прави да се чувствувате одлично.rn

    4. Со вежбање утрата се поубави

    rnПри вежбање телото работи по истиот принцип како батеријата: нејзино тресење доведува до создавање на уште повеќе енергија. Создадената енергија се складира во телото и потоа се користи по потреба. Исто така, се создава ендорфин, односно хормонот кој е задолжен за вашата среќа.rn

    5. Мислете на саканата личност

    rnСо самата помисла на драга личност насмевката автоматски се појавува на вашето лице. А таа помисла може цел ден да ве држи насмеани, па дури може и личноста повеќе да ја приближи кон вас.rn

    6. Употребувајте „благодарам“

    rnЗборот „благодарам“ е често потценет. Нормално дека е тешко да го пронајдете вистинскиот човек кој го заслужува вашето заблагодарување. А ако не го пронајдете, земете го пенкалото и напишете писмо за благодарност. Нема потреба да го испраќате, оставете го на масата. Заблагодарувањето наутро ги зголемува шансите за убави можности за во иднината.rn

    7. Научете нов збор

    rnУбаво е ако учите некој странски јазик. Подеднакво добро е и ако научите нов збор на мајчиниот. Зборот може да се сретне во списание, на интернет или при обичен разговор. Вечерта пред да си легнете можете да побарате некој интересен збор. Учењето нови зборови го стимулира мозокот и е забавно.rn

    8. Замислете 3 моменти од денот којшто доаѓа

    rnОва е многу моќна вежба затоа што она што ќе го замислите неретко и се исполнува. А ако се замислете себеси каде што го правите тоа шансите да се случи се уште поголеми. А тоа има големи придобивки за вашето здравје и среќа.rn

    9. Прошетајте

    rnЧистиот воздух наутро може значајно да ви го подобри денот. Барем на кратко заборавете на грижите, негативните мисли и работните обврски. Прошетката низ населбата или паркот ќе ве релаксира и смири.rn

    10. Една чаша природен сок

    rnНаместо појадок, испијте една чаша сок. Така ќе бидете доволно свежи и спремни за да го почнете денот. Експериментирајте со вкусовите додека го пронајдете оној кој најмногу ви се допаѓа. Една од најубавите варијанти е мешавина од јаболко и портокал. Дури би можеле и утринското кафе да го замените со чаша свеж сок ако сте поавантуристички тип.rn

    11. Милување со домашното галениче или партнерот

    rnПостои едно истражување кое тврди дека потребни ни се најмалку 8 прегратки дневно за да можеме нормално да функционираме на емоционална база. Зошто да не го започнете денот со искажување љубов кон партнерот? А, ако немате партнер, домашните галеничиња се одлична алтернатива. Во случај да имате животинче кое не би можеле да го галите, тогаш зборувајте му нежно. И животните ја заслужуваат нашата љубов.rn

    12. Ладен туш

    rnЛадниот туш е одлична идеја рано наутро. Aко ви се допаѓа, можете да направите и комбинација од топла и ладна вода која што ја забрзува циркулацијата. Туширањето на сабајле не само што го прочистува телото туку и внесува чувство на свежина. Овој совет одлично оди со четвртиот и деветтиот од листава.rn

    13. Избегнувајте читање/гледање вести

    rnВо последно време, медиумското присуство драстично се зголеми. Но за жал, не се работи само за информирање на важни новости туку и за ширење несигурност, страв и импулсивно купување работи кои воопшто не ни се потребни. Вестите повеќе не се само за известување. Сега најважен е рејтингот. Затоа избегнувајте ги колку што можете. Денот ќе ви биде многу поубав.rn

    14. Насмејте се

    rnСмеењето е втората најдобра работа што можете да ја правите со усните. Утринската смеа ќе ви донесе смиреност и ќе ве исполни со позитивна енергија. Насмевката е знак дека сте отворени, релаксирани и спремни за интеракција со луѓето. Затоа погледнете се во огледало и насмејте се.

  • Нумерологијата ви помага да го искористите денот најдобро што можете

    Нумерологијата ви помага да го искористите денот најдобро што можете

    Личниот број којшто се добива од збирот на цифрите во датумот на раѓање има силно влијание врз карактерот и врз животот на личноста воопшто. Но, тој број во комбинација со бројот кој се добива од конкретен датум може да даде некои насоки како тој ден најдобро да го искористите.rnrnНумерологијата датира од времето на стариот век, поточно од Стар Египет, и се базира на идејата дека животот се состои од циклус на броеви и дека клучот за среќа и успех лежи во поврзувањето на тие циклуси.rnrnnumerologijata-vi-pomaga-da-go-iskoristite-denot-najdobro-shto-mozhete-kafepauza.mkrnrnПрво пресметајте го вашиот личен број. На пример, ако сте родени на 10 април 1986, вашиот личен број ќе биде:rn

    1 + 0 + 0 + 4 + 1 + 9 + 8 + 6 = 29 = 2 + 9 = 11 = 1 + 1 = 2

    rnПоточно ги собирате поединечните цифри од датумот на раѓање сѐ додека не добиете едноцифрен број. Тој број е вашиот личен број. Прочитајте за значењето на вашиот личен број за вашиот карактер.rnrnЗа да ја искористите нумерологијата на дневна база, на личниот број додадете го збирот на цифрите на конкретниот датум. Овој број ќе ви помогне да откриете на што треба да се концентрирате на тој ден.rnrnНа пример, ако ве интересира како треба да го искористите утрешниот ден, 11.04, равенката ќе гласиrn

    1 + 1 + 0 + 4 + 2 = 8

    rnЗначи ако сте родени на денешен ден во 1986, а сакате да знаете каков ќе ви биде утрешниот ден, бројот за кој треба да прочитате е бројот 8.rn

    Број 1 – Ден идеален за пронаоѓање на сопствениот пат

    rnОва е совршен ден да се изборите за она што го сакате, и секако, тоа и да го одбиете. Овој број го означува почетокот на циклусот и претставува нови почетоци. Каде одите? Што сакате? Запрашајте се себеси на овој ден и вашиот инстинкт ќе ви каже кои се вашите следни чекори. Ако веќе знаете во која насока одите, тогаш денот со број 1 ќе ви донесе енергија тоа и да го остварите.rn

    Број 2 – Идеален ден за длабоко поврзување со вашата сродна душа

    rnАко ви испадна бројот 2, на овој ден ќе бидете многу отворени за споделување емоции и ќе бидете полни со разбирање за другите. Ако ја барате вашата сродна душа, ова е идеален ден да се отворите и да ѝ кажете на таа личност што чувствувате. Не грижете се, интуицијата ќе ве води во процесот. Ако веќе ја имате пронајдено вистинската личност, ќе видите дека сте почувствителни за потребите на партнерот. Но, ако сте во фаза од животот во која љубовта ви е на второ, трето или десетто место, не очајувајте, бидејќи вистинската личност за вас е можеби пријателот за кого се грижите и го сакате.rn

    Број 3 – Идеален ден за довршување на работите

    rnНа овој ден ќе бидете најпродуктивни. Не само што ќе имате енергија за задачите, туку ќе бидете способни да се фокусирате и да препознаете кои работи мора да се довршат. Така со леснотија и без многу напор ќе ги завршувате задачите и ќе ги пречкртувате од to do листата. Иако овој ден е „зафатен“ ден полн со многу задачи и работа, на крајот од денот ве чека заслужен одмор.rn

    Број 4 – Најдобар ден да се погрижите за себе

    rnИскористете го овој ден да го средите домот. Сите обврски кои вообичаено ве окупираат, наеднаш ќе ви се видат лесни и изводливи, како што се реорганизација на финансиите, поправање на славината или одење во теретана. Овој ден е обележан со грижата за просторот во кој живеете или грижата за сопственото тело. Затоа, ако веќе некое време го одложувате одењето на забар, фатете го телефонот и закажете термин баш за овој ден. Тоа повеќе нема да ви делува како обврска.rn

    Број 5 – Погоден ден за изразување на чувствата

    rnАко се воздржувате од изразување на вашето мислење, не сте сигурни во зборовите на вашиот партнер, шеф, пријател или дете, денот означен со бројот 5 е петка за изразување и прекинување на молчењето. Тоа ќе ви дојде природно, ќе добиете ментална јасност која е потребна за искрено пренесување на чувствата, додека притоа никој нема да ви се налути или забележи.rn

    Број 6 – Денот кога изгледате најдобро

    rnОва е ден за состанок. Шест е број на убавината, естетиката и сензуалноста, па не само што точно ќе знаете како да се облечете, а притоа да ги истакнете своите квалитети, туку ќе зрачите и со посебна сексуалност. Не се работи само за добар изглед, на овој ден сте свесни за својата моќ и привлечност.rn

    Број 7 – Совршен ден за остварување на соништата

    rnВо нумерологијата, 7 е бројот кој ги поврзува небото и земјата. Затоа, овој ден ви ја дава потребната стрпливост за да истраете и да напредувате во своите амбиции и долготрајни планови. Исто така, ќе ви се врати вербата дека е возможно остварување на соништата сѐ додека во нив вложувате труд.rn

    Број 8 – Најдобар ден за враќање на рамнотежата во животот

    rnБез разлика дали работите премногу и немате време за семејството или сте многу фокусирани на семејниот живот па кариерата ви стои во место, овој ден е вистинското време за повторно воспоставување на рамнотежа. Во деновите обележани со бројот 8 ќе бидете способни да смислите начин за уживање и поврзување на двата аспекти од животот, без разлика дали се работи за топол телефонски повик кон партнерот за време на паузата за ручек или пак волонтерско пријавување за нова работна задача што значи дополнителна ангажираност и преземање поголема одговорност.rn

    Број 9 – Идеален ден за заборавање на минатото и движење кон напред

    rnОва е ден за трансформација кога ќе се преиспитате за сѐ што сте поминале во претходните 8 дневни циклуси. Сѐ се врти околу прифаќање на сопствените искуства, прифаќање на фактот дека сте дале сѐ од себе, дека сте научиле нешто ново и дека тоа научено го носите со себе за следните искуства. Денот со број 9 во основа се фокусира на едукација, па ова е одличен момент да испробате некоја нова вештина. Ќе бидете свесни за новата енергија која ќе ви овозможи да почнете нов циклус во животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За дневната продуктивност…

    За дневната продуктивност…

    „Не суди го денот по жетвата што ќе ја нажнееш, туку по семето што ќе го посееш.“ – Роберт Луис Стивенсон, шкотски поет, писател и есеист.

    rn

    За дневната продуктивност...
    Искористете ја сликата како десктоп позадина
    (2560×1600)

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали знаете зошто пролетта оваа година подрани еден ден?

    Дали знаете зошто пролетта оваа година подрани еден ден?

    Денес, 20 март, пролетта започнува точно во 17.57. Иако досега сме навикнати пролетта да ја дочекуваме на 21 март, сосема е нормално датумот повремено да варира.rnrndali-znaete-zoshto-proletta-ovaa-godina-podrani-eden-den-kafepauza.mkrnrnРамноденицата, кога денот и ноќта траат исто, настапува секоја пролет и секоја есен. Оваа година таа подрани еден ден, па така денес е денот кога денот и ноќта траат подеднакво, односно по 12 часа.rnrnИако ова може за многумина да делува збунувачки, со оглед на тоа што на училиште сите учевме дека датумот кога настапува пролетта е 21 март, сепак се работи за нормална појава, за која постои сосема логично објаснување.rnrnДатумот кога ќе настапи рамноденицата може да варира во зависност од тоа дали годината е престапна или не. Причината е во тоа што тропската година трае приближно 6 часа подолго од непрестапната календарска година. Всушност, тропската година го објаснува овој феномен на „порано настапување на пролетта“.rnrnТропската година го означува периодот во кој Сонцето, набљудувано од Земјата, треба да се појави во истата точка во истото годишно доба, на пример од една есенска рамноденица до друга есенска рамноденица.rnrnПросто кажано, тоа е времето за кое Земјата го обиколува Сонцето, за период од 365 дена, поточно 365 дена, 5 часа и 48 минути и 45,5 секунди.rnrnЗатоа, Сонцето во пролетната точка не поминува секоја година во исто време, односно касни околу 6 часа. Заради тоа, не е чудно пролетта да започне ниту на 21, на 22, па дури и на 23 март.rnrnОд истата причина постои поимот престапна година која се воведува за да се изедначи циклусот, а календарската година да се приближи до тропската.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што одредува вашиот ден на раѓање?

    Што одредува вашиот ден на раѓање?

    Порано се верувало дека денот на раѓање има големо влијание врз карактерот на човекот и неговиот животен пат. Проверете дали ќе се пронајдете во описот според вашиот ден на раѓање.rn

    Родените во понеделник се многу емотивни

    rnСо понеделник владее Месечината, а според народните преданија, во годината постојат само три понеделници кои се сметаат за несреќни – првиот понеделник во април, вториот понеделник во август и последниот понеделник во декември. Бидејќи Месечината е променлива, и луѓето родени на овој ден се такви, а најголемо влијание врз нив имаат емоциите. Во животот им е важно да имаат цврсти темели, како што се семејството, пријателите и партнерот од кои ја црпат својата енергија.rnrnШто одредува вашиот ден на раѓање?rn

    Во вторник се раѓаат борбени и темпераментни личности

    rnВторник го добил името според планетата Марс, кој според римските верувања е бог на војната. Затоа на луѓето родени на овој ден, Марс им носи голема сила, борбен дух и упорност да ги остваруваат своите цели. Сепак, под влијание на оваа планета, тие се немирни личности и склони кон нервоза.rnrnШто одредува вашиот ден на раѓање?rn

    Среда е ден кога се раѓаат интелигентни и експресивни личности

    rnСреда го добила името по планетата Меркур, римскиот бог на трговијата, патувањата и гласник на боговите. Според тоа, луѓето родени на овој ден се обдарени со интелигенција, елоквентност и големо влијание врз другите. Сепак, имаат наследено и одреден немир и љубопитство заради кои постојано им се потребни предизвици за да можат да функционираат.rnrnШто одредува вашиот ден на раѓање?rnrn

  • Едноставни навики кои ќе ви го подобрат расположението

    Едноставни навики кои ќе ви го подобрат расположението

    Доколку во последно време не се чувствувате убаво и сакате нешто да промените, можеби треба да ги разгледате следните неколку навики, кои доколку редовно ги практикувате, би можеле добро да влијаат на вашето расположение.rnrnЕдноставни навики кои ќе ви го подобрат расположениетоrnrn1. Читајте книги секој ден.rnrn2. Почнете со учење нов јазик.rnrn3. Одберете ново хоби.rnrn4. Одете на некој курс или обука.rnrn5. Будете се рано.rnrn6. Вежбајте почесто.rnrn7. Излезете од комфор зоната.rnrn8. Откријте си ги слабите страни.rnrn9. Дејствувајте.rnrn10. Учете од луѓето што ве инспирираат.rnrn1-ednostavni-naviki-koi-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-kafepauza.mk_rnrn11. Откажете се од некоја лоша навика.rnrn12. Создадете нова, продуктивна навика.rnrn13. Одбегнувајте ги негативните луѓе.rnrn14. Учете од пријателите.rnrn15. Пишувајте дневник.rnrn16. Направете си личен блог.rnrn17. Намалете го времето кое го поминувате на социјалните мрежи.rnrn18. Научете да играте шах.rnrn19. Намалете со гледањето телевизија.rnrn20. Започнете свој 30-дневен предизвик.rnrn2-ednostavni-naviki-koi-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-kafepauza.mk_rnrn21. Медитирајте.rnrn22. Научете ја вештината на јавно говорење.rnrn23. Заборавете на минатото.rnrn24. Бидете љубезни спрема луѓето околу вас.rnrn25. Направете пауза.rnrn26. Посветете се на вашиот личен развој.rnrn27. Поставете се над луѓето што не ве сакаат.rnrn28. Научете како да се справувате со тешки карактери.rnrn29. Напишете писмо до своето идно јас.rnrn30. Исполнувајте ги сите должности предвидени за денот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што прават успешните луѓе после работното време?

    Што прават успешните луѓе после работното време?

    Можеби идејата да си одите право дома после работа, да се облечете во вашите пижами и да се напиете некоја чаша вино ви звучи примамливо. Но на долг рок, ова не е вашиот рецепт за успех. Најпродуктивните луѓе всушност, имаат уникатна стратегија за одмор и полнење на батериите, после долгиот и напорен работен ден. Еве што прават тие:rnrnШто прават успешните луѓе после работното време?rnrn

    1. Се исклучуваат од технологијата

    rnБез разлика колку често ви стигаат службени мејлови, исклучете ги сите ваши електронски уреди, барем неколку часа после работното време. Доколку немате итни работни обврски, најдобро е да не ја проверувате поштата до наредното утро, за да избегнете нов стрес.rnrn

    2. Одат во кафуле

    rnДузина истражувања покажале дека умерената консумација на алкохол го смалува ризикот од мозочни и срцеви удари, како и од бројни други кардиоваскуларни проблеми.rnrnШто прават успешните луѓе после работното време?rnrn

    3. Редовно имаат секс

    rnСексот ќе го смали крвниот притисок, ќе го намали ризикот од срцев удар и заболување од рак на простата, а воедно и ќе го подобри квалитетот на вашиот сон. Сексуално активните луѓе поретко се разболуваат.rnrn

    4. Го планираат викендот

    rnИстражувањата покажале дека оние кои го планираат својот одмор и викендите, се посреќни од оние луѓе кои воопшто не го прават тоа. Најголемиот пораст на чувството на среќа, доаѓа во моментите пред заминување на патување. Затоа пронајдете време да испланирате некакви активности за претстојните слободни денови, па самото нивно очекување ќе ви помогне побрзо да ја пребродите работната недела.rnrn

    5. Свират на пијано

    rnЗа многу возрасни личности, свирењето на пијано е одличен начин да се справат со стресот, да го стимулираат мозокот, да ја подобрат координацијата и да се чувствуваат убаво.rnrnШто прават успешните луѓе после работното време?rnrn

    6. Екотерапија

    rnОва не е ништо комплицирано за правење туку едноставно, излегување на свеж воздух. Каква било надворешна активност ќе ви го подобри менталното здравје и продуктивноста.rnrn

    7. Му се посветуваат на семејството

    rnСамо затоа што сте во истата соба со членовите на вашето семејство, не значи дека навистина поминувате квалитетно време заедно. Зјапањето во смартфонот или лаптопот ве спречува да обрнете внимание на светот и луѓето околу вас.rnrnШто прават успешните луѓе после работното време?rnrn

    8. Спијат доволно

    rnШто и да правите по завршувањето на работното време за да се релаксирате, не заборавајте да одвоите барем 8 часа вечерта, за добро да се наспиете и да ја обновите енергијата за наредниот работен ден.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја зголемите вашата продуктивност?

    Како да ја зголемите вашата продуктивност?

    Дали ви се случува да легнете навечер и да си речете дека не сте завршиле ни половина од работите кои сте ги планирале за денот кој изминал? Еве како да ја зголемите вашата продуктивност, да го победите уморот, досадата и сите нешта кои ви го одвлекуваат вниманието.rnrnКако да ја зголемите вашата продуктивност?rn

    Забранет пристап до интернет

    rnИнтернетот е важна компонента на модерниот живот. Вистина е дека во многу наврати е неопходен и е вистински извор на информации. Но исто така, интернетот е број 1 занимација која ви го одзема вниманието. Ќе седнете да завршите некоја задача, но ќе ви текне да го проверите профилот на некоја од социјалните мрежи, набрзина да ѕирнете што има ново и дали некој ви пратил „животи“ за некоја од игрите кои ги играте.rnrnКога ќе решите дека треба да направите нешто, тогаш најдобро би било самите да си забраните пристап до интернет. Доколку вашата работа бара од вас да бидете пред компјутер и да користите интернет, тогаш забранете си пристап до социјалните мрежи.rnrnЌе си речете само да видам што има ново на Фејсбук, и ете залудно заминале 20 минути од вашето скапоцено време. Не само што ви одзема време туку и ве деконцентрира. Ќе преживеат твитерџиите и без вас – во часот кој следи вие имате задача која треба да ја завршите!rn

    Листа со задачи

    rnTo-do листите никогаш не излегуваат од мода. Не само што ќе се чувствувате вистински успешно откако ќе ги исполните, ваквите листи ве насочуваат, ви помагаат да останете организирани и не ви дозволуваат да заборавите некоја од вашите обврски.rnrnКако да ја зголемите вашата продуктивност?rnrnНо, она што е важно е начинот на кој ги употребувате таквите листи. Како прво, за да бидете вистински продуктивни следејќи ја вашата листа со задачи, мора да бидете навикнати да го правите тоа. Ако веќе сте почнале, правете ги постојано инаку ќе заборавате да ги погледнете работите кои сте ги запишале и нема да створите навика за да ги исполнувате. Друга важна работа е да ги запишувате вашите задачи според временскиот период во кој треба да бидат завршени и според истиот да ги подредувате по редослед. Така полесно ќе се движите низ листата. Сè е навика и важна е шемата според која го навинувате вашиот мозок.rnrnНе запишувајте непотребни работи ниту пак премногу општи. Нема потреба на вашата листа да стои дека треба да го нахраните вашето милениче кога во секој случај го правите тоа постојано. Не пренатрупувајте ги листите со непотребни работи.rn

    Одберете го вистинскиот систем за вас

    rnСите сме различни и сите би требало да си создадеме навики кои ни годат според времето со кое располагаме и според начинот на кој ги извршуваме работите. Најдете систем на исполнување на обврските кој најмногу ви одговара вам. Ако сте најконцентрирани наутро, тогаш важните нешта исполнувајте ги заедно со вашето утринско кафе. Доколку сте личност кој работи подобро под притисок, тогаш самите поставете си крајни рокови; ако по природа сте личност која ги одложува важните обврски, тогаш за инает на сите сили кои ве влечат назад, исполнете ги прво работите кои се потешки и пообемни. За брзо ќе сфатите дека нема од што да се плашите и ќе ви прејде во навика да бидете точни и продуктивни.rnrnКако да ја зголемите вашата продуктивност?rn

    Победете ги уморот и досадата

    rnСекако дека може да изгубите концентрација, особено доколку исполнувате обемна ментална задача. Ќе добиете ужасна желба за сон и во вас ќе се јави инстинкт кој ќе ви рече дека едноставно ви е премногу здодевно. Одете под ладен туш, направете јако кафе, сменете ја просторијата во која работите, одморете неколку минути па вратете се на работа. Најдете начин да ги победите уморот и здодевноста и фокусирајте се на вашата задача.rn

    Фокусирајте се на исходот

    rnШто ќе биде кога ќе ја завршите задачата? Можеби ќе бидете наградени или барем ќе знаете дека сте направиле голем чекор и ќе ви биде многу полесно. Кога ќе помислите да се откажете и она што го правите да го оставите за утре или задутре, размислете колку би било прекрасно оваа вечер да си легнете знаејќи дека сте ја завршиле работата.rnrnКако да ја зголемите вашата продуктивност?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.