КАФЕ ПАУЗА

Tag: ден

  • За подобро здравје: Ритуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутро

    За подобро здравје: Ритуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутро

    Без разлика дали се чувствувате како мечка која излегува од хибернација или очите ви се широко отворени и подготвени сте да го започнете денот, постојат некои работи кои треба да ги направите пред 10 часот наутро. Станува збор за неколку навики кои ги имаат најздравите луѓе и кои несомнено ќе ви помогнат да го започнете денот на најдобриот можен начин.rnrnРитуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутроrn

    Пијте чаша вода веднаш штом се разбудите

    rnПиењето вода веднаш штом ќе се разбудите го хидрира телото по спиењето, го поттикнува дигестивниот систем и сите останати органски системи. Ако сакате да добиете поголем ефект, исцедете свеж лимон или јаболков оцет во водата.rn

    Не го проверувајте мобилниот по првото отворање на очите

    rnЧитањето имејлови, проверувањето на најновите вести и сѐ што се случило на социјалните мрежи ќе го збркаат вашиот мозок уште рано наутро. Почекајте барем еден час пред да се посветите на екраните за да ја зголемите функцијата на вашиот мозок кој ќе стане побистар и пофокусиран.rn

    Бидете благодарни

    rnАко се фокусирате на она за што сте благодарни, целиот ден ќе ви биде попозитивен. Вдишете и издишете 10 пати и помислете на сите убави нешта во вашиот живот. На тој начин на негативните мисли ќе им биде потешко да го заземат вашиот ум.rn

    Движете го телото или уште подобро, вежбајте

    rnБез разлика дали станува збор за истегнување, танцување или вежбање, ако го придвижите вашето тело уште рано наутро, ќе бидете енергични во текот на целиот ден.rn

    Одредете ги приоритетите за денот

    rnСекое утро одредете една работа која ќе ви биде најважна и која ќе треба да ја остварите во текот на денот. Доколку можете, започнете прво со неа, па потоа извршувајте ги останатите обврски.rn

    Појадувајте здраво

    rnЗдравиот појадок ќе го поттикне вашиот метаболизам и ќе ви ја даде вистинската енергија која ќе доминира со вас во текот на денот.rnrnРитуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутроrn

    Четкајте го јазикот

    rnДа, добро прочитавте. Четкањето на јазикот ќе ви помогне да се ослободите од непријатниот утрински здив и е поврзано со процесот кој му треба на телото за да премине од сон до будење. Исто така, на тој начин ќе го отстраните слојот кој се таложи на јазикот и ќе можете подобро да го вкусите здравиот појадок.rn

    Слушајте ја омилената музика

    rnСлушањето на омилената музика е уште еден одличен начин да го започнете денот успешно. Прилагодете го темпото на музиката врз основа на тоа каков ден сакате да имате.rn

    Смешкајте се додека се гледате во огледало на 30-тина секунди

    rnОваа вежба го поттикнува позитивниот ментален став и е одлична за зголемување на самодовербата. Гледајте го својот среќен израз на лицето во огледалото и уверете се дека ќе го искористите денот максимално и ќе ги остварите вашите цели.

  • Што треба, а што не треба да правите кога вашите пријатели имаат лош ден?

    Што треба, а што не треба да правите кога вашите пријатели имаат лош ден?

    Пријателите се оние коишто може да ви го подобрат расположението кога имате лош ден. Тие се овде да ве сослушаат и притоа да ви дадат совети. Постојат луѓе коишто умеат да ви ги кажат вистинските зборови тогаш кога ви е потребно, но постојат и такви кои, за жал, ненамерно ќе го постигнат спротивното – ќе направат да се чувствувате винови.rnrnrnrnПа, овде погледнете кои работи смеете, а кои не смеете да ги правите кога вашите пријатели имаат лош ден со цел да ги смирите и да го подобрите нивното расположение.rn

    Што да правите:

    rn1. Слушајте. Без разлика дали тоа ќе биде разговор во живо или по телефон, во такви моменти бидете до нив. Не судете, само слушајте.rnrn2 .Покажете им нешто забавно. Тоа може да биде некоја ваша смешна слика или некое смешно видео. Хуморот може да излечи речиси сè.rnrn3. Понудете им помош. И да не можете да помогнете, барем прашајте. На овој начин тие ќе се чувствуваат помалку осамени.rnrn4. Споделете го вашето мислење. Ние самите себеси сме си најголеми критичари. Затоа, потсетете ги вашите пријатели дека животот не се состои само од несреќи и дека постои начин успешно да се справат со целата ситуација.rnrn5. Зборувајте им охрабрувачки. Но, не дозволувајте тоа да биде клише разговор. Бидете искрени и реални.rnrn6. Испланирајте заеднички забавни активности. Подобрете им го расположението на вашите пријатели со тоа што ќе правите забавни работи.rnrn7. Кажете им дека сè ќе биде во ред и дека не се сами. Можеби ви звучи клише, но честопати токму ова е тоа што повеќето сакаат да го слушнат.rnrnrnrn

    Што да не правите:

    rn1. Не кажувајте им „може да биде полошо“ или нешто слично. Да, повеќето нешта може да бидат полоши, но не го кажувајте ова доколку не сакате да ги повредите чувствата на вашите пријатели.rnrn2. Не споделувајте ги сопствените лоши вести. Има разлика помеѓу покажувањето дека го разбирате вашиот пријател и пренатрупувањето со вашите проблеми.rnrn3. Не кажувајте им „ќе помине“. Да, ќе помине, но проблемите се токму во овој момент и тие треба веднаш да се справат со нив.rnrn4. Не нудете им многу начини за да го подобрат расположението. Не кажувајте им дека им се потребни сто начини за да си го разубават денот.rnrnrnrnЛошите денови се стресни и непријатни. Затоа, внимавајте како ќе се однесувате со вашите најблиски!

  • 6 начини да го подобрите денот за само 5 минути

    6 начини да го подобрите денот за само 5 минути

    На сите понекогаш ни се случува да имаме лошо утро, кога сме станале на лева нога или кога некој ни го расипал расположението. За среќа, постојат неколку работи кои можат да се направат во оние моменти кога утрото е против нас, за да можеме да го спасиме остатокот од денот и успешно да се соочиме со преостанатите обврски и задачи. Во продолжение прочитајте ги 6-те начини да го подобрите вашиот ден и тоа за само 5 минути.rnrn6 начини да го подобрите денот за само 5 минутиrnrn1. Помирисајте лимон. Истражувачите од Универзитетот во Тел Авив откриле дека мирисите на цитрусите, особено на лимонот, позитивно влијаат на нашето расположение бидејќи го зголемуваат нивото на серотонинот, уште познат и како хормонот на среќата, во нашиот организам.rnrn2. Составете ја вашата среќна листа. На лист хартија напишете неколку работи кои ве прават среќни, како што е датумот кога ќе одите на одмор, омилениот цитат од познатите личности, облеката која планирате да си ја купите кога ќе добиете плата и слично. Која било мала или голема работа што ја сакате, автоматски ќе ве расположи кога ќе почнете да размислувате за неа.rnrn3. Намачкајте се со крем за сончање. Не е важно што нема да одите на плажа туку ќе одите на работа или на факултет. Мирисите кои ве асоцираат на плажа, сонце и море веднаш ќе нацртаат насмевка на вашето лице. Доволно е само да ги намачкате дланките и да се изгубите во фантазиите.rnrn4. Прегрнете некого. Вашето семејство, пријателите, партнерот, домашното милениче, не е важно. Допирот навистина има лековити својства.rnrn5. Пуштете ја вашата омилена песна. Ако немате омилена, тогаш пуштете ги универзалните химни на среќата: „Happy“ од Фарел Вилијамс и „The Bare Necessities“ од анимираниот филм „Книга за џунглата“.rnrn6. Изедете ред чоколадо. Црното чоколадо го поттикнува мозокот да испушта ендорфини, кои се заслужни за доброто расположение.

  • Кога сликите најубаво ги опишуваат деновите во животот на еден уметник…

    Кога сликите најубаво ги опишуваат деновите во животот на еден уметник…

    Велат дека сликата може многу подобро да го опише и искаже она што со зборови не може да се долови. За тоа се доказ и делата насликани од Иева Озола, уметник од Латвија, преку кои таа ги опишува местата кои ги посетува секој ден. Проектот траел една година, а откако започнала со сликање на своите денови во јули минатата година, Озола нема пропуштено ниту еден ден. Прекрасните слики насликани на мало парче бел лист, користејќи само молив и водени боички, дефинитивно раскажуваат една ретко убава приказна.rnrnrnrn

  • Водич за преживување: Како да го истуркате денот кога не сте доволно спиени?

    Водич за преживување: Како да го истуркате денот кога не сте доволно спиени?

    Би било убаво кога дефицитот на сон би се јавувал само во средношколските и факултетските денови, но за жал, човечкиот род нема таква среќа. Сите сме имале ноќи кога сме биле будни саат-два пред да станеме за на работа. Некогаш е навистина тешко да се справиме со деновите кога не сме доволно спиени, но за среќа, науката ни го чува грбот.rnrnrn

    1. Не се осудувајте да го притиснете копчето снуз

    rnАко сте отспале повеќе, треба да избегнувате да го користите копчето снуз. Тие екстра 5-10 минути спиење воопшто нема да ви помогнат да се чувствувате помалку уморно. Наместете го алармот најкасно што смеете да се разбудите и станете од креветот. Подоцна ќе бидете благодарни..rn

    2. Појадувајте, но бидете сигурни дека не внесувате шеќери

    rnНаучниците велат дека ако јадете во првиот час кога ќе станете ќе ги подобрите расположението и вашите способности за распознавање. Јадете храна од цели зрна и протеини. Шеќерот ќе ви ја одземе целата енергијата, така што, важно е да го избегнувате по секоја цена.rnrn

    1-vodich-za-prezhivuvanje-kako-da-go-isturkate-denot-koga-ne-ste-dovolno-spieni-kafepauza.mk
    Ако пиете кафе…
    rn

    3. Напијте се само една шолја кафе пред да заминете на работа

    rnЗа да не претерате со внесување на кофеин во телото, испијте само една шолја кафе додека сте дома. Не грижете се, после ќе имате уште можности за да се напиете од оваа магична напивка. И запомнете – пијте го без шеќер.rn

    4. Излезете надвор

    rnСончевата светлина ќе ви ја зголеми телесната температура и ќе ве направи поспремни за работа.rn

    5. Оставете ги очилата за сонце дома

    rnСветењето на сонцето во вашите очи може да биде корисно.rnrn

    Не носете очила за сонце
    Не носете очила за сонце
    rn

    6. Најпрво, извршете ги најтешките задачи

    rnПрвите часови по пиењето кафе се миговите кога сте најспремни да го сработите најтешкото. Не го трошете времето на лесни задачи.rn

    7. Време е за втората шолја кафе

    rnМора да почекате 30-тина минути за да делува кофеинот. Затоа, планирајте го кафето за најважните состаноци за кои ви се потребни најмногу енергија и концентрација.rn

    8. Уживајте во лесен ручек полн со цели зрна, зеленчук и посни протеини

    rnПродолжете да избегнувате шеќер бидејќи тој предизвикува замор.rnrn

    2-vodich-za-prezhivuvanje-kako-da-go-isturkate-denot-koga-ne-ste-dovolno-spieni-kafepauza.mk
    Посни протеини
    rn

    9. Совршеното време за последното кафе е раното попладне

    rnПопладне постојат најголеми шанси да заспиете, па затоа е добро да се напиете уште една шолја кафе. Избегнувајте да пиете кафе после 3 часот затоа што тоа може да го попречи сонот – а тоа е последното нешто што би го сакале.rn

    10. Остатокот од денот поминете го во средување на едноставни обврски

    rnИстражувањата покажуваат дека ако не сте доволно спиени вие можете да одржите концентрација само 10 минути.rn

    11. Пробајте да заминете од на работа барем малку порано

    rnНајдете некој глупав изговор или едноставно кажете дека ви се спие.rnrnЗа подобро да се справите со деновите кога не сте спиени, погледнете го ова видео.rnrn

  • Денот на вашето раѓање открива какви сте во љубовта

    Денот на вашето раѓање открива какви сте во љубовта

    Деновите во неделата ги добиле имињата по седумте најпознати планети и природни сателити, а се верува дека денот на раѓање има големо влијание врз карактерот на човекот и неговиот животен пат. Погледнете што открива денот на кој сте родени за вас, вашите потреби и очекувањата во љубовта.rnrn1-dali-znaevte-deka-denot-na-vasheto-ragjanje-mozhe-da-go-odredi-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    Понеделник – Ден под влијание на Месечината

    rnЖена – Вие сте чувствителни и нежни и секогаш го следите своето срце. Уживате во хармоничниот живот, па поради тоа знаете да сè прилагодите на партнерот и да му сè вовлечете под кожа. Своите чувства ги споделувате со другите, а до целосен израз доаѓате во улога на мајка. Ви се допаѓаат стабилни и искрени мажи, а во љубовта барате сигурност.rnrnМажи – Поседувате богата фантазија. Вие не сакате да бидете сами, па утеха барате во нежните чувства кои другите ги покажуваат кон вас. Многу сте посветени на членовите на вашето семејството, бидејќи само во нивна близина, ја пронаоѓате вистинската среќа и создавање.rn

    Вторник – Ден под влијание на Марс

    rnЖена – Вие сте многу страсни и знаете да заведувате. Иако вашата потреба за независност и слобода е многу нагласена, сепак знаете да му сè посветите на партнерот. Бидејќи честопати љубовта ја доживувате како игра, може несвесно да го повредите партнерот и да му нанесете болка.rnrnМажи – Покрај харизматичноста и шармот со кој зрачите, вие сте исто така убедливи и упорни. Вас ве краси смислата за хумор, насмевката која не ја симнувате од лицето и вечниот оптимизам и ентузијазам. Вашите чувства со задоволство ги споделувате со другите, ги сакате забавите, а во друштвото сте џентлмен.rn

    Среда – Ден под влијание на Меркур

    rnЖена – Кога е во прашање љубовта, вие сте многу нестрпливи. Ги сакате слободата, флертот, но и авантурите, па поради тоа постојано сте во потрага по нови искуства. Вашата спонтаност е вродена, а шармот природен. Никогаш не создавате преголеми соништа и илузии, а тешко се врзувате за емотивен партнер.rnrnМажи – Многу сте шармантни и привлчни. Поради вашиот немирен дух и смислата за хумор, многу припаднички на понежниот пол сакаат да бидат во вашето присуство. Во емотивните врски се плашите од монотонија, бидејќи чувствувате постојана потреба за промена.rn

    Четврток – Ден под влијание на Јупитер

    rnЖена – Вашата потреба за флертување и романтика доаѓа до израз во текот на патувањата. Без разлика на вашата потреба за љубов, може да живеете и сами, бидејќи сте многу независни.rnrnМаж – Вие сте заводник. Истовремено сте комформист, но во зависност од ситуацијата, комфорот воопшто не ви е важен. Сакате искрено, но исто така сте и добар актер. Иако врзувањето и бракот малку ве плашат, вие не сте некој кој би сакал да живее сам.rn

    Петок – Ден под влијание на Венера

    rnЖена – Копнеете за хармонија во сè, особено во емотивната врска. Се плашите од самотија, а заштитата која ја барате ја наоѓате во кругот на семејството. Мажите ги привлекувате со вашата неодолива насмевка.rnrnМаж – Кога изјавувате љубов, навистина го мислите тоа. Не можете да живеете без нежност и потврда за тоа дека сте сакани, па без ова не можете да го замислите ниту вашиот однос со партнерот. Бракот и семејството ви се најважни во животот, па кога ќе ја пронајдете љубовта на вашиот живот останувате со неа сè додека смртта не ве раздели.rn

    Сабота – Ден под влијание на Сатурн

    rnЖена – Многу сте таинствени, независни и оригинални. Како што не сакате да откривате многу за себе, така не ги покажувате ниту вашите чувства. За вас заведувањето е игра на интелект. Иако оставате впечаток дека сте рамнодушни, вие сте многу емотивни и имате потреба постојано да им ги покажувате своите чувства на оние кои ви значат.rnrnМаж – Љубовната сигурност во врската ви е поважна од страста во неа. Партнерот секогаш може да се потпре на вас. Под вашата привидна незаинтересираност, се крие голема нежност која понекогаш не знаете да ја искажете на вистинскиот начин. Вашите реакции се непредвидливи, многу сте емотивни и сè плашите другите да не ја забележат таа ваша ранлива страна.rn

    Недела – Ден под влијание на Сонцето

    rnЖена – Страсни сте и импулсивни, полни со ентузијазам и со задоволство преземате иницијатива. Во врската останувате сè додека вие тоа го сакате. Мажите со кои сте во врска мора да имаат нешто постигнато на професионален план. Не ги сакате компромисите и не сакате да ја жртвувате својата слобода.rnrnМаж – Амбициозни сте и многу сте сигурни во себе. Авторитетното однесување и самоиницијативните особини се оние што ве опишуваат. Сакате да зборувате, со задоволство ги слушате своите соговорници и сакате да добивате комплименти. Кон жените се однесувате заштитнички, а својата страсна природа им ја покажувате во секоја прилика.

  • Кое е најдоброто време во денот за јадење, вежбање и одмарање?

    Кое е најдоброто време во денот за јадење, вежбање и одмарање?

    Нашето тело има процеси кои почнуваат и завршуваат во одреден дел од денот или ноќта. Доколку сакате да го искористите максимумот од вашето тело, тогаш треба да ги синхронизирате вашите обврски со вашиот внатрешен часовник. Следете го овој распоред и брзо ќе го постигнете тоа…rnrnКое е најдоброто време во денот за јадење, вежбање и одмарање?rn

    Помеѓу 3 и 5 часот

    rnБелите дробови се најактивни рано наутро, па и покрај тоа што можеби ви изгледа неприродно, ова е одлично време за вежбање. Кинезите во овој период практикуваат таи чи, вежби кои се насочени кон дишењето.rn

    Помеѓу 7 и 11 часот

    rnЖелудникот и панкреасот исто така се најактивни во првиот дел од денот, па токму затоа голем број нутриционисти советуваат да се појадува во овој период.rn

    Помеѓу 9 и 11 часот

    rnМногумина полесно се фокусираат пред 12 часот, бидејќи мисловните процеси имаат најголем потенцијал наутро. Токму затоа, ова време е идеално за работа.rn

    Помеѓу 13 и 15 часот

    rnОдморете се кратко по ручекот. Енергијата во екстремитетите опаѓа и се насочува кон дигестивниот систем, односно организмот црпи енергија од храната која сте ја консумирале, па затоа се чувствуваме малку поспано. Токму затоа периодот под ручекот е идеален период за дремка.rn

    Помеѓу 19 и 21 часот

    rnДоколку би сакале полесно да заспиете и подобро да спиете тогаш пред легнувањето треба да се опуштите. Во овој период од денот, хипофизата лачи помалку серотонин, хормон кој го контролира апетитот и кардиоваскуларниот систем, а почнува да произведува повеќе мелатонин кој ни помага да заспиеме. Опуштете го вашето тело во овој период и збогувајте се со несоницата.

  • Дознајте која песна била хит на денот кога сте се родиле

    Дознајте која песна била хит на денот кога сте се родиле

    Дали некогаш сте се запрашале по која песна најмногу лудувале луѓето дента кога вие сте дошле на овој свет? Можеби да, можеби не, но секако е забавно да се знае.rnrndoznajte-koja-pesna-bila-hit-na-denot-koga-ste-se-rodile-kafepauza.mkrnrnТоа е можно со помош на апликацијата Birthday Song на музичкиот веб-сајт playback.fm. Внесете го датумот на раѓање и притиснете Find #1 Song. Потоа веднаш можете да ја слушнете, а апликацијата дополнително ќе ви каже и пред колку точно минути сте се родиле.rnrn2-doznajte-koja-pesna-bila-hit-na-denot-koga-ste-se-rodile-kafepauza.mkrnrnИ, која песна ја добивте? Ја знаете? Сте ја слушале? Ви се допаѓа?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 25 причини поради кои сабота ни е омилен ден од неделата

    25 причини поради кои сабота ни е омилен ден од неделата

    Го знаете она чувство кога ќе појдете во кујна, го гледате мијалникот преполн со садови и се запрашувате кој ви упаднал дома и ви направил таков хаос? Тоа е сабота.rnrn25-prichini-poradi-koi-sabota-ni-e-omilen-den-od-nedelata-kafepauza.mkrnrnПонеделник не е прв ден во неделата, туку петтиот ден пред сабота. Колку напорно и да сме работеле во текот на неделата, колку и натчовечки напори да сме вложиле за да ги издржиме сите извори на нервоза, ние девојките имаме силен мотив – чекаме да дојде сабота!rnrnДури и оние работи кои би требало да се завршат низ дома, а кои често ги одложуваме за викенд, едвај го чекаат овој ден. А тогаш, за инат на сите и на сите обврски, девојките го прават она заради што сабота им е омилен ден.rnrn1. Не стануваме од кревет.rnrn2. Нарачуваме сè што во својата понуда има најблискиот ресторан кој врши достава.rnrn3. Нарачуваме преку интернет сè што ќе ни се допадне без вистинска намера да го купиме.rnrn4. Ги прегледуваме сите фотки од телефонот кои заслужуваат да бидат објавени на Фејсбук.rnrn5. Спиеме колку сакаме.rnrn6. Го пропуштаме часот по аеробик.rnrn7. Не носиме градник.rnrn8. Јадеме во кревет.2-25-prichini-poradi-koi-sabota-ni-e-omilen-den-od-nedelata-kafepauza.mkrnrn9. Гледаме цела сезона од омилената серија (можеби веќе по 100-ти пат).rnrn10. Не миеме заби пред пладне.rnrn11. Јадеме ладни остатоци од она што синоќа сме го купиле враќајќи се пијани накај дома.rnrn12. Се облекуваме како за вежбање и се преправаме дека ќе одиме на тренинг.rnrn13. Ја вадиме сета гардероба од плакарoт со намера да ја средиме, но…3-25-prichini-poradi-koi-sabota-ni-e-omilen-den-od-nedelata-kafepauza.mkrnrn14. Погледнуваме во полниот мијалник и се прашуваме кој ни упаднал дома и ги извалкал сите тие садови.rnrn15. Најголемиот пат што го поминуваме е од креветот до каучот и назад.rnrn16. Одбиваме да признаеме дека постои шминка.rnrn17. Јадеме сè што има во фрижидерот под изговор дека ќе се расипе до понеделник.rnrn18. Презакажуваме сè што сме се договориле од претходно под изговор дека сме зафатени (со гледање серии, секако).rnrn19. Не контактираме со никого добри 12 часа (со исклучок на момчето што носи пица).rnrn20. Телефонот го заменуваме со далечинскиот управувач.rnrn4-25-prichini-poradi-koi-sabota-ni-e-omilen-den-od-nedelata-kafepauza.mkrnrn21. Проверуваме што сме напишале и поставиле на Фејсбук претходно и на што сме собрале најмногу лајкови.rnrn22. Ги проверуваме профилите на бившите.rnrn23. Истото го правиме и со профилите на потенцијалните момци кои ни се допаѓаат.rnrn24. Зборуваме саат и пол на телефон со најдобрата другарка која живее на 5 минути од нас.rnrn25. Си ветуваме дека наредната сабота ќе ја „потрошиме“ попаметно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 18 работи кои треба да си ги кажете секое утро

    18 работи кои треба да си ги кажете секое утро

    Секое утро го почнуваме со „Добро утро“, но дали навистина го чувствуваме како добро? Дали навистина ја чувствуваме моќта која ја имаме секое утро, но и можноста за нов ден, нов почеток, нова можност да бидеме поблиску до нашата цел? Ова се 18 мисли со кои треба да го почнувате секој нов ден за денот да ви биде поуспешен и понадежен од самиот почеток. Не заборавајте да бидете благодарни за секое утро и кога нареден пат некому ќе му посакате „Добро утро“ навистина да ја почувствувате суштината на тој поздрав.rnrn18 работи кои треба да си ги кажете секое утроrn

    1. Денес е нов ден

    rnВчерашниот ден можеби беше лош, можеби добар, сеедно, денес е нов ден. Нова можност да дадете сè од себе, да бидете она што сакате да бидете, да соберете храброст и да го направите она што долго го одлагате. Денес е нов ден, минатото не ве дефинира, сè што сакате да направите, сторете го денес.rn

    2. Наредниот ден не се брза

    rnЗемете го потребното време од денешниот ден уште од самиот почеток. Не живејте за утре или за кој било друг ден во иднина. На утре не му се брза. Престанете со вашата навика да преживувате чекајќи го утре, и живејте за денес. Не одлагајте за утре, сторете го тоа денес.rn

    3. Јас сум најдобрата верзија од себеси

    rnСите имаме мани, во нашите очи и во очите на другите. Не трудете се да го достигнете совршенството, тоа е илузија. Никој не е совршен, но вие сте најдобрата верзија од себеси. Пофалете си ги сопствените квалитети секое утро и бидете горди на себе.rn

    4. Минатото не ме дефинира

    rnВчера е минато, она што ми останува се спомените од успесите и неуспесите. Но, тоа не ме дефинира мене. Само јас можам да се дефинирам себеси.rn

    5. Не е сè како што изгледа

    rnНештата не се секогаш такви какви што изгледаат. На моменти вашиот живот ќе ви изгледа како да се движи во погрешен правец, но тоа не значи дека вашиот живот е лош, туку дека едноставно се движи онака како што треба – некогаш предвидлив, некогаш не, со подеми и падови, и тоа е сосема во ред. Нештата не се така како што ни изгледаат во даден момент, можеби целосната слика ќе ја добиеме откако ќе мине малку време и ќе можеме да ги погледнеме објективно.rn

    6. Не знам сè

    rnСо сите тие нешта што се случуваат секој миг и со забрзаното темпо на живот, во ред е да не знаете сè. Способни сте да го научите она што ви треба и оправдано ви е да прашате бидејќи нема некој кој знае сè. Секој ден е ваша нова можност да научите нешто, па сфатете го како добра лекција.rn

    7. Сите имаме тајни

    rnСекој има по некоја тајна, добра или не толку добра и тоа е во ред. Некогаш вашата тајна може да ве измачува многу и да ви врши голем притисок бидејќи ви изгледа како страшна. Во ред е да имате приватност и интима, нешта кои ги споделувате само со себе.rn

    8. Можам да си ги исполнам сите мои соништа

    rnКога станува збор за моменталните цели и соништа, нашите години не играат голема улога. Важна е нашата решителност да тргнеме смело кон своите соништа. Јас имам право на мои соништа и цели, без разлика колку бизарни или недостижни тие им изгледаат на другите. Денес е нова шанса да поработам на остварувањето на моите соништа и денес сум поблиску до нив од вчера.rn

    9. Денес е ново чудо

    rnСамо помислете каква можност ви се дава со секој нов ден. После сонот имате можност да се разбудите, да ги отворите очите, да го видите светот, да ги вдишете сите мириси и да ги почувствувате сите нешта кои ве прават среќни. Бидете благодарни за ова ново чудо, за вашето будење и за шансата која ви е дадена – шанса за нов ден. Секојдневно околу нас се чувствуваат безброј чуда, но поради некои причини не секој од нас може да ги забележи ниту пак е свесен за нив. Вие едноставно бидете благодарни.rnrn