Доколку последните неколку денови сте биле зафатени, голема е веројатноста Денот на жената да ве фатил неподготвени. Но немојте да се грижите, постојат неколку идеи за подарок што можете да го набавите веднаш. Покрај тоа, овие подароци се евтини и се одлични доколку немате многу пари за трошење.rn
1. Цвеќе
rn
rnrnОвој подарок е класика со која не можете да згрешите. Веројатно не постои личност која не се расположува кога ќе виде убав цвет. Покрај тоа, не мора да купувате само каранфил или рози, пуштете ја вашата фантазија и направете ваш букет.rn
2. Фотографија
rn
rnrnКога последен пат сте испечатиле фотографија? Најверојатно многу одамна. Па затоа ова може да биде совршен подарок за Денот на жената. Најдете некоја заедничка фотографија која буди убави сеќавања, испечатете ја и подарете ја. Сигурно нема да погрешите.rn
3. Филмска вечер
rn
rnrnПодарокот, се разбира, не мора да биде предмет. Денот на жената е одлична прилика со саканата личност да изгледате филм со силна хероина. Доколку можете да одвоите некој денар, киното е одлична опција. Во спротивно, филмската вечер можете да ја одржите и дома и да направите ваша приватна забава.rn
4. Храна
rn
rnrnПостои ли личност што не сака храна? Веројатно не. Без разлика дали станува збор за вечера во ресторан, хамбургер во некој сендвичара или чоколадо од продавница, храната секогаш е сигурен подарок.rn
5. Женско излегување
rn
rnrnОваа година Денот на жената е во петок, што значи дека имате одлична можност да организирате женско излегување со пријателките. Доколку немате пари за излегување, забавата секогаш можете да ја одржите и дома.rnrnДоколку не ви се допаѓаат овие предлози, погледнете ги совршените подароци за секоја жена во вашиот живот.


rnrnМислевте дека Стив Џобс го создал првиот компјутер? Размислете уште еднаш. Пред него се појавуваат низа имиња од математичари, физичари, технолози и научници кои историјата ги заборавила поради нивниот пол, раса или сексуална определба. Земете го за пример Алан Туринг, креаторот на првиот алгоритам и машина за декодирање. На оваа листа додадете ја и математичарката Ада Ловлејс, која се смета за личноста која ја напишала првата компјутерска програма во раните 1840-ти. Со помош на нејзиниот ментор, Чарлс Бабаџ, Ловлејс помогнала и во изградбата на првиот компјутерски прототип наречен „Аналитички мотор“.rn
rnrnМарија Склодовска Кири е првата жена која освоила Нобелова награда, првата и единствената личност која добила Нобелова награда два пати и тоа за две различни категории: физика и хемија и првата жена која станала професор чии предавања се одржувале на Универзитетот во Парис. Марија Кири е првата личност која започнала да ја истражува теоријата на радиоактивноста (термин кој таа го измислила), а на нејзиното има се припишува и изолацијата на радиоактивните изотопи и откривањето на елементите полониум и радиум.rn
rnrnРодена во 1910-тата година во Атланта, Мери Лу Вилијамс имала успешна кариера како џез музичарка и била првата жена која отворила продукциска компанија за производство на музика. Вилијамс била и учителка и ментор на дел од најголемите имиња во џезот како што се Мајлс Дејвис и Телониус Монк.rn
rnrnАјфонот и по продолжение сите негови апликации, немаше да постојат ако не беше Хеди Ламар. Покрај осветлувањето на екраните, таа во партнерство со Џорџ Антели измислила безжичен комуникациски систем кој ги усовршил радио сигналите за сите торпеда за време на Втората светска војна. Не само што Ламар помогнала во победата над фашистичките сили, туку и ја поставила основата за сите безжични комуникациски системи кои ги користиме денес.rn
rnrnНајголемиот научен настан кој го одбележа 20-тиот век, американското слетување на месечината, немаше да се случи доколку не беше Маргарет Хамилтон. Дебелите книги кои ги гледате на фотографијата се всушност кодот кој Маргарет рачно го напишала, за да може Аполо 11 успешно да слета на месечината. Кога ненадејно се појавила грешка во програмата која се заканувала да ја уништи целата операција, Маргарет го пронашла решението и успеала да се ослободи од проблемот, овозможувајќи ја една од најконтроверзните мисии на НАСА.rn
rnrnЖената отсекогаш била и ќе остане пожртвувана, за својот сопруг, своето семејство, своите пријатели, кариерата. Да, точно е дека ние сме модерни жени и си ги знаеме правата и знаеме да урламе за истите, ама тоа што си модерна жена не значи дека си го изгубила мајчинскиот инстинкт. Пак ќе се жртвуваш за своите најмили. Жената е мајка чија спремност да се жртвува за своите чеда не може да се спореди со ништо на земјава, домаќинка која го води својот дом, жена која вложува во својата кариера за да ги погази сите стереотипи и да ја покаже својата способност, и плус е сопруга која секогаш се труди да е убава и привлечна за својот сопруг, да е сакана во неговите очи. И ај сега кажете дека не треба да има ден, макар еден единствен, кога мажите ќе си ја чукнат главата во ѕид и ќе си речат: „алоо човеку, погледни каква жена имаш, купи цвеќе за ова нежно суштество со кое секоја вечер ја делиш постелата“. Да, треба да има повеќе вакви денови, ама еден е, затоа не мрчете, не ја упропастувајте атмосферата и оставете ги жените да уживаат во заслуженото внимание кое го добиваат.rnrnКако феминистка, знаев дека не смеам да пропуштам да напишам нешто за денов, па ја оставив планираната тема да мирува до наредната недела. Бидејќи претходно во повеќе наврати сум ја споменала 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn