КАФЕ ПАУЗА

Tag: демон

  • Проколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашат луѓето со векови

    Проколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашат луѓето со векови

    Куклите колку што можат да бидат убави толку можат да бидат и морничави, особено навечер со нивните крупни очи кои светат во темнината и ви се чини како да ве гледаат… Тие изгледаат како луѓе, но цртите на нивното лице се изместени. Доколку и вам ве полазуваат морници од кукли, не сте единствени. Постојат многу приказни и верувања за проколнати кукли кои кружат низ светот со години. А да не зборуваме за многубројните хорор филмови каде главните ликови се токму страшните кукли убијци.rnrnПроколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со вековиrnrnМожеби токму нивниот невин и наивен изглед е виновникот за нивната морбидност. Очите се засекогаш отворени, насмевата од лицето никогаш не изчезнува… Нешто толку весело не би можело да биде злобно, нели? Напротив! Само сетете се на куклата Чаки, Анабел и онаа мала кукла на велосипед која ги пренесуваше пораките на Џигсо во „Пила“ (Saw).rnrnТоа се измислени ликови, но што е со вистинските приказни кои луѓето ги раскажувале за нивните лични искуства со кукли кои самите се движат и предизвикуваат необјасниви настани? Доколку сте расположени за нешто малку поинакво по кое тешко дека ќе заспиете вечер, прочитајте за следниве проколнати кукли и нивните страшни приказни…rn

    Роберт

    rnПроколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со вековиrnrnМалото момче Роберт Јуџин Ото ја добил куклата Роберт како подарок. Во истиот момент, чудни нешта почнале да се случуваат во домот на Ото. Играчките исчезнувале и потоа мистериозно се враќале целите распарчени, а Ото почнал да сонува кошмари. Родителите кога поминувале покрај неговата соба, го слушале како се смее со некој кој имал длабок глас.rnrnНајстрашниот момент е кога Ото имал објаснување за оваа бизарна активност: „Роберт го направи тоа“. По некое време, Роберт го оставиле на таванот и го чувале таму, но никогаш не успеале сосема да го замолчат. За време на неговото „прогонство“ на таванот, многумина изјавиле дека виделе мало човече како се движи горе, дури и имале слушнато чекори. Доколку некогаш имате можност да зборувате со Роберт, обрнете внимане на неговото лице: Се вели дека го менува изразот.rnrnКуклата Роберт потоа станала сопственост на музејот Fort East Martello, а вработените велат дека тој продолжил со непристојното однесување. Наводно, камерите и другите електронски уреди престанувале да работат во негова близина.rn

    Менди

    rnПроколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со вековиrnrnМенди е античка порцеланска кукла создадена во 1910 година. Навечер, нејзината сопственичка наводно слушала бебешко плачење во подрумот, но кога се симнувала да провери што се случува, само прозорецот бил отворен. Менди потоа била однесена во музеј, но нејзиното однесување не се променило. Исчезнувале предмети, понекогаш се враќале назад, понекогаш не. Го снемувало ручекот на вработените. Луѓето слушале чекори.rnrnПотоа, Менди ја заклучиле сама во соба. По некое време, еден од вработените влегол кај неа и видел листови расфрлани насекаде. Електронските уреди не работеле во нејзино присуство, а посетителите изјавиле дека виделе како нејзините очи, прсти и глава се движат. Се вели дека таа дури и тропкала на ковчегот во кој била затворена.rnrnИако постапките на Менди се морничави, куклата или духот кој ја имал опседнато, не се сметале за зли. Експертите за паранормални активности тврделе дека душата на некое дете живеела во куклата и таа само барала внимание и љубов, како и секое друго нормално дете.rn

    Анабел

    rnПроколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со вековиrnrnВо 1970 година една жена ја купила куклата Анабел на старо и ја подарила на ќерка ѝ Дона. Оттогаш животот на Дона и нејзината цимерка Енџи се претворил во вистински пекол. Куклата сама се движела, менувала позиции и се преместувала од соба во соба. Тие исто така почнале да наоѓаат чудни пораки напишани со детски ракопис на животинска кожа. Пораките гласеле: „Помогни ни“, „Помогни му на Лу“. Еден ден, Дона дошла дома и нашла крв на градите и дланките на Анабел.rnrnЕкспертите за паранормални активности Лорејн и Ед Ворен преземале акција и заклучиле дека се работи за духот на сеудмгодишно девојче по име Анабел Хиџинс. Но, потоа сфатиле дека станува збор за демон кој се преправа дека е девојче, демон кој сакал да ја украде душата на едната од нив. Лорејн и Ед извршиле егзорцизам и наводно го решиле проблемот. Но, откако ја земале Анабел со нив, таа продолжила да прави проблеми и на крајот за заклучиле во ковчег.rnrnДоколку оваа приказна ви звучи познато, сигурно сте го гледале филмот „Повикување на злото“ (The Conjuring), во кој Анабел имаше споредна улога. Нејзината приказна беше толку интересна што потоа се појави филм и со нејзиното име „Анабел“ (Annabelle).rn

    Окику

    rnПроколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со вековиrnrnВо 1918 година 17-годишниот Еикичи Сузуки ја купил Окику како подарок за неговата двегодишна сестра. Таа ја обожавала куклата и си играла со неа секој ден. За жал, следната година таа умрела од настинка. Семејството ја поставило куклата на олтар во домот и секојдневно ѝ се молеле, во име на нивната ќерка. Иако куклата првично имала кратка коса, таа почнала да расте и стигнала до нејзините колена. Некои луѓе тоа го сфатиле како знак дека духот на малото девојче сега се наоѓа во куклата.rnrnСемејството се преселило во 1938 година и ја оставило куклата во храмот Маненџи каде што останала до ден денес.rn

    Пеги

    rnПроколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со вековиrnrnНе би ви препорачале предолго да гледате во фотографијата од Пеги од следнава причина: Според верувањата, самото гледање во фотографии или видеа од куклата може да предизвика опасни околности. Жртвите на Пеги изјавиле дека почувствувале болки во градите, мачнина, мигрени, дури и срцев удар откако разгледувале слики и видеа од куклата. Тие дури имале и визии од психијатриски болници, злоставување и анксиозност.rnrnШто и да правите не ја гледајте Пеги директно во очи!rn

    Џолиет

    rnПроколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со вековиrnrnЏолиет му нанесува болка на семејството кое ја чува со генерации, но тие сепак одбиваат да ја напуштат. Џолиет првично ѝ била дадена на жена за време на нејзината втора бременост како подарок од пријателка. Но, пријателката била всушност многу љубоморна на неа и Џолиет била проколната. Жената родила син кој починал третиот ден.rnrnСтанувало збор за шема: Жените раѓале една ќерка и еден син кој умирал третиот ден. Тоа продолжило да трае до ден денес и веќе 4 генерации поминале низ истото. Звуци на бебиња како плачат можеле да се чујат од Џолиет, а жените од фамилијата верувале дека тоа се гласовите на нивните починати синови. Од таа причина тие не сакаат да се ослободат од куклата која им има нанесено толкава болка. Веруваат дека на тој начин ги штитат нивните момчиња.

  • ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)

    ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)

    Една група луѓе во викторијански Лондон се здружуваат со цел да се борат против натприродни сили

    rnТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)Главни улоги: Џош Хартнет, Тимоти Далтон, Ева ГринrnrnЖанр: драма, хорорrnrnКреатор: Џон ЛоганrnrnПремиера: 28 април 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 52 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува со убиството на една мајка и нејзината ќерка доцна во ноќта, а потоа полека нè води во животите на дел од главните ликови. Многу брзо ќе ја запознаеме Ванеса Ивс (Ева Грин) која поседува мистериозни способности. Таа е заводлива, но преполна со тајни и опасност. Таа е вешт набљудувач, на моменти дури и видовита, како и силен медиум помеѓу живите и мртвите. Но, нејзините способности доаѓаат со висока цена и таа мора да се бори против своите внатрешни демони кои за неа, но и за сите околу неа се реални и опасни. Ванеса често може да се забележи во присуство на сер Малколм Мјуреј (Тимоти Далтон). Тој има тежок пат пред себе, бидејќи Мина (Оливија Луелен), неговата ќерка, е изгубена некаде во натприродниот свет и тој е подготвен на сè за да ја врати назад.rnrnТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)rnrnБидејќи во потрагата по Мина тие имаат потреба од огнена поддршка, Ванеса ќе го убеди Итан Чендлер (Џош Хартнет) кој е вешт со своето оружје да биде покрај нив во најтешките моменти. Итан е човек кој очајно бега од своето минато и кој крие една голема и длабока тајна за себе од светот. Истражувајќи ги најтемните ќошиња на мрачниот Лондон, овие ликови ќе налетаат на д-р Франкештајн од кого ќе им биде потребна помош при идентификување на едно суштество кое наликува на вампир. Тој, кој го посветил животот на своето истражување, би направи сè за да ја победи смртта и токму тоа е една од причините поради кои ќе реши да им помогне на сер Малколм и Ванеса во истражувањето на овие мистериозни суштества.rnrnТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful) ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)rnrnОна што е навистина интересно кај оваа ТВ серија е фактот што таа содржи необичен спој на многу познати ликови, како Доријан Греј, Виктор Франкенштајн и неговото чудовиште, Мина и Ван Хелсинг, кои секако со себе носат и вампири… А онаму каде што има вампири, многу јасно е дека ќе има и врколаци. И покрај тоа што оригиналните приказни за овие ликови се донекаде зачувани, сепак очекувајте и големи промени. „Penny Dreadful“ е застрашувачки психолошки трилер кој ги спојува овие класични хорор приказни со нови и свежи ликови и ги претвора во одлична драма за возрасни. Но, имајте на ум дека оваа ТВ серија не е за оние со „слабо срце“ и доколку не сте фан на крвави сцени, голотија, брутални убиства и уште многу други ужасни слики, тогаш таа дефинитивно нема да ви се допадне.rnrnТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful) ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Демонот кој се крие зад каучот

    Демонот кој се крие зад каучот

    Можеби станува збор за некој трик на светлината, но застрашувачкото лице кое се појавува на фотографијава изгледа како да е главен лик во најморничавиот хорор филм во светот. На прв поглед, нема ништо чудно во фотографијата. Гледаме само една обична дневна соба со голем прозорец.rnrnДемонот кој се крие зад каучотrnrnЛуѓето кои ја виделе на интернет се поделени на оние кои го гледаат страшното лице и оние кои не можат да го пронајдат. Како и да е, откако еднаш ќе се сретнете очи в очи со демонот, тешко дека ќе останете рамнодушни и ќе го оттргнете од мислите.rnrnПотеклото на оваа фотографија е непознато, но веројатно е создадена додека некој се криел зад перниците на каучот, а друг го фотографирал или пак можеби станува збор за фотоманипулација креирана во Фотошоп. Таа вирално се распространила откако корисници на Фејсбук и Твитер ја рашириле, за да го споделат чувството на страв, велејќи дека скокнале од место кога го виделе „демонот“ и срцето им застанало.rnrnКога сме веќе кај страшни фотографии, чиј креатор е непознат, а масовно се споделуваат на интернет, еве уште една која ќе ве извади од памет. :)rnrnДемонот кој се крие зад каучотrnrnПомош: Сѐ уште се мачите да го пронајдете демонот во сликите? Погледнете во левиот долен агол од првата слика и помеѓу двете девојки на втората слика. Признајте, се исплашивте малку нели? :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.