КАФЕ ПАУЗА

Tag: дамки

  • Работи од кои се срамиме кога сме во јавност

    Работи од кои се срамиме кога сме во јавност

    Секој од нас се посрамотува по 4 пати дневно – открива едно најново истражување. Помеѓу работите кои ни предизвикуваат црвенило на образите, спаѓаат заборавањето на нечие име, судир со уличната светилка и дамки од пот.rn
    rn

    Сите се трудиме да изгледаме смирено и кул без оглед на тоа каде се наоѓаме, меѓутоа, работите ретко се одвиваат онака како што сме планирале.“ – изјавил портпаролот на компанијата „Ladbrokes“, која го нарачала ова истражување.

    rnРаботи од кои се срамиме кога сме во јавностrnrnПогледнете ја листата со работи кои за многу луѓе претставуваат непријатност:rnrn1. Заборавање на нечие име во ситуација кога сакате да го претставите на вашите пријатели.rnrn2. Сопнување и паѓање на сред улица.rnrn3. Кога некому ќе му се обратите со погрешно име.rnrn4. Кога забележувате дека имате дамки на облеката.rnrn5. Кога на некој му мавтате и не ве забележува.rnrn6. Кога после оброкот ви се заглавила храна меѓу забите.rnrn7. Кога помислувате дека некој ви мавта вам, а всушност му мавтал на некој друг.rnrn8. Кога доцните.rnrn9. Кога заборавате каде сте се паркирале.rnrn10. Кога случајно ќе подждригнете.rnrn11. Кога ќе се изгубите.rnrn12. Кога имате дамка од пот на облеката.rnrn13. Кога зборувате за некој, а тој стои доволно близу за да може да ве слушне.rnrn14. Кога случајно ќе испратите порака на погрешна личност.rnrn15. Кога некој се обидува да влезе во тоалетот, додека сте вие во него.rnrn16. Кога автомобилот ќе ви се изгаси на семафор.rnrn17. Кога трчате по автобусот и на крај не успевате да го стигнете.rnrn18. Кога ќе се опијаните на свадба.rnrn19. Кога ќе заборавите дома некој важен документ.rnrn20. Кога имате кармин на забите.rnrn21. Кога ќе облечете нешто наопаку.rnrn22. Кога случајно ќе се удрите во уличното светло.rnrn23. Кога ќе паднете од велосипед.rnrn24. Кога на лице ќе ви останат траги од мастило од пенкало.rnrn25. Кога ќе се заглавите помеѓу подвижни врати.rnrn26. Кога на социјалните мрежи по грешка ќе споделите нешто приватно со сите.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

    Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

    Колкав дел од вашата омилена гардероба била жртва на дамки кои се создале поради инциденти при јадење, незгоди или други непредвидени случувања? Никогаш не треба да брзате, откажувајќи се од нивното отстранување. Ова се неколку начини како да се справите со нив.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Основни правила за поголема ефективност:

    rn

      rn011

    • Запаметете дека со дамките треба да се справите најбрзо што можете, бидејќи имате поголеми шанси да ги отстраните додека се свежи.
    • rn011

    • Пред да употребите некакво средство за отстранување дамки, проверете на мал дел, дали облеката може да ја загуби бојата при процесот на чистење. На овој начин ќе се осигурате дека нема да ја отстраните дамката, притоа оштетувајќи го парчето облека.
    • rn

    rn

    Дамки од црвено вино

    rnДоколку материјалот може да се пере само на суво (со хемиско чистење), употребете растворувач за суво перење. Во случај да нема ограничувања, прво директно нанесете отстранувач за дамки, а потоа преминете на процесот на перење според побарувањата на материјалот. Исто така, наместо со отстранувач, дамката можете да ја накиснете со минерална вода пред перењето.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од чоколадо

    rnНајпрво, оставете го чоколадото да се стврдне. Потоа со остар предмет нежно отстранете го чоколадото од материјалот. Ставете крпа под дамката и врз неа нанесете средство за суво чистење. Протријте ја дамката со прсти и полијте ја со топла вода. Доколку е потребно повторете ја постапката.rn

    Дамки од трева (зеленило)

    rnЗа материјали кои мораат да се перат на суво, пробајте дамката да ја отстраните триејќи ја со микс од светол оцет, вода и сода бикарбона. Хемиската реакција може да помогне дамката да биде отстранета. Доколку материјалот може да се пере на кој било начин, пробајте да ја отстраните дамката со микс од алкохол и вода (1:3). Оставете дамката да се исуши и потоа целосно исперете го парчето облека.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од крв

    rnСо дамките од крв морате да се справите најбрзо што можете. Започнете со ставање на дамката под млаз ладна вода и тријте ја со прсти. Доколку тоа не е доволно, употребете средство за суво чистење или пак отстранувач за дамки што се употребува при перење. Како домашен „лек“, можете да употребите микс од амонијак и вода и да го оставите парчето облека покиснато 20 минути.rn

    Дамки од кафе

    rnНабрзина нанесете отстранувач за дамки врз дамката. Потоа исплакнете ја со вода, загреана до температура која ја дозволува материјалот. Доколку дома немате ваков отстранувач, пробајте истото да го сторите со сјај за садови.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од мастило

    rnПоставете чиста ткаенина под дамката и прскајте ја дамката со лак за коса додека таа не излезе. По прскањето почекајте неколку секунди, а потоа протријте со друго, чисто парче ткаенина. Повторувајте го процесот додека дамката не се исчисти целосно.rn

    Дамки од масло за готвење

    rnНајпрво на мрсната дамка нанесете прашок што апсорбира (бебешка пудра, пченкарно брашно или сода бикарбона) и оставете го некое време. Доколку дамката се уште не е излезена, употребете средство за суво чистење и не заборавајте под дамката да ставите крпа или старо парче материјал.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.