КАФЕ ПАУЗА

Tag: дамки

  • Исчистете го домот со газирани пијалаци на 10 едноставни начини

    Исчистете го домот со газирани пијалаци на 10 едноставни начини

    Како што имаат штетно дејство врз вашиот организам, така газираните пијалаци можат да ѝ наштетат и на нечистотијата во вашиот дом. Еве како можете да ја употребите за чистење.rnrnИсчистете го домот со газирани пијалаци на десет едноставни начиниrnrn1. Отстранете ги масните дамки од ткаенините. Ставете газиран пијалак на мрсната дамка и оставете да отстои така 5 минути пред да ја исперете со чиста вода.rnrn2. Отстранете ја ’рѓата. Едноставно налејте газиран пијалак врз површината која сакате да ја исчистите, оставете да стои така неколку минути и избришете.rnrn3. Отстранување на маснотиите од рерната. Доволно е да отстои 10 минути пред да ја избришете со чиста крпа.rnrn4. Исчистете ги загорените садови. Ставете во нив газиран пијалак и по десет минути тие се спремни за миење.rnrn5. Полирајте ги металните површини. Намокрете ја крпата со нешто газирано и со тоа можете да истриете сè што е метално по дома.rnrn6. Отстранете ги гумите за џвакање од косата или од некоја ткаенина. Намокрете го местото со газиран сок и оставете да отстои 5 минути пред да се обидете да ја извадите гумата за џвакање.rnrn7. Отстранете ги дамките од фломастер на тепихот. Намокрете ја дамката со газиран пијалак 5 минути пред да почнете со перење.rnrn8. Исчистете ја ВЦ шолјата. Налејте газиран пијалак во ВЦ шолјата и оставете да отстои 10 минути пред да пуштите вода, исто како и кај секое друго средство.rnrn9. Отстранете ги дамките од крв. Намокрете и оставете да отстои околу 5 минути пред да почнете со перење.rnrn10. Ја отстранува нечистотијата од фугата. Фугата е она што се става помеѓу плочките, а ако сакате брзо и лесно да ја исчистите од нечистотијата, налејте малку газиран сон на неа околу пет минути пред да почнете со чистење.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 21 финта со која ќе ги вратите во живот уништените алишта

    21 финта со која ќе ги вратите во живот уништените алишта

    Ах, колку ли само мразите кога омиленото парче облека ќе ви се уништи? Или кога најмодерните штикли не можете повеќе да ги носите поради дамката која никако не можете да ја исчистите? Следниве неколку генијални совети сигурно ќе ви помогнат, па повторно ќе може да „влезете“ во вашите најсакани парчиња облека.rn

    1. Ставете го џемперот во замрзнувачот преку ноќ за да спречите растегнување

    rnАко џемперот планирате да го облечете утре, тогаш вечерва ставете го замрзнувачот, а веќе до утрото ќе биде како нов. Ова посебно се однесува на волнените и џемперите од кашмир.rnrn(1)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrn

    2. За да ја отстраните лошата миризба од фармерките, ставете ги во пластична кеса и оставете ги цела ноќ во замрзнувачот

    rnБидејќи замрзнувачот ќе ги убие сите миризливи бактерии, нема повеќе да треба да се грижите за бојата на фармерките која сигурно избледувала со секое перење во машината.rnrn(2)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrn

    3. Избришете ги дамките од пот под вашите пазуви со сок од лимон или сода бикарбона

    rnПомешајте го сокот од лимoн со малку вода и протријте ја површината на блузата каде што се наоѓа дамката. Доколку станува збор за поинтензивна дамка, тогаш наместо лимон употребете паста од сода бикарбона и вода, така што ќе ја оставите неколку минути да се впие. Потоа ставете ја блузата за перење.rnrn(3)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrn

    4. Отстранете ги дамките од дезодоранс со облеката која штотуку сте ја зеле од хемиското перење

    rnОблеката од хемиско чистење сѐ уште содржи малку пена од перењето, па триењето на чистата облека со исфлеканиот дел од вашата блуза може да помогне. Бидете внимателни да не станува збор за алишта кои пуштаат боја.rnrn(4)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrn

    5. Испрскајте ги замирисаните алишта со малку вотка за да ја отстраните несаканата миризба

    rnСовршен трик за кога немате време да ги исперете алиштата кои сакате да ги носите. Само испрскајте ги со малку вотка и оставете да се исушат. Вотката за кратко време ќе ги уништи бактериите кои ја предизвикуваат миризбата.rnrn(5)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrn

    6. Пената за бричење искористете ја за да ги отстраните флеките од пудра на вашата блуза

    rnСтавете малку од пената врз извалканото место и ставете ја блузата за перење. На овој начин флеката многу полесно ќе исчезне.rnrn(6)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrn

    7. Дамките од кармин исчистете ги со лак за коса

    rnДоколку етикетата на облеката не вели дека се само за на хемиско перење, тогаш точно над дамката испрскајте малку лак за коса и веднаш ставете ја облеката за перење.rnrn(7)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrnrn

  • За што сè можете да го искористите шампонот за коса?

    За што сè можете да го искористите шампонот за коса?

    Освен што ја негува косата и ја прави чиста и мека, вашиот шампон може да направи чуда и во домаќинството. Ако ви има останато малку шампон или пак имате некој што не го користите, не фрлајте го туку искористете го на вистински начин.rnrnza-shto-se-mozhete-da-go-iskoristite-shamponot-za-kosa-kafepauza.mkrnrn1. Доколку имате проблем со патент кој заглавува, нанесете неколку капки шампон на него, па отворете и затворете го неколкупати. Вашиот проблем ќе биде решен за неколку минути.rnrn2. Слично постапете ако имате проблем со вадење на ханзапласт. Нанесете неколку капки шампон на него, почекајте една минута и потоа ќе го извадите безболно.rnrn3. Вратете го сјајот на кожните чевли. Ставете неколку капки шампон на памучна крпа, истријте ги, а потоа поминете ги со чистата страна, и тие ќе заблескаат како да се нови.rnrn4. За рачно перење на чувствителните ткаенини наместо да купувате скапи детергенти, во водата ставете неколку капки шампон за коса.rnrn5. Истото важи и за дамките на алиштата. Ставете неколку капки шампон на дамката, истријте и оставете нека постои. Потоа исперете на вообичаениот начин.rnrn6. Употребете го шампонот како замена за пената за бричење. Шампонот има свиленкаста структура што помага бричот да се лизга подобро, многу е поблаг од сапунот и не ја суши кожата.rnrn7. Избришете ја прашината од листовите на цвеќињата во вашиот дом. Направете мешавина од вода и неколку капки шампон, намокрете ја крпата па поминете ги листовите.rnrn8. Исчистете ја четката за коса и четките за шминкање. Истријте ги со шампон, а потоа добро исплакнете. Шампонот одлично ги отстранува телесните масти.rnrn9. Измешајте шампон и сода бикарбона за да добиете паста која ќе ви помогне да ги исчистите алуминиумските тркала на вашиот автомобил.

  • 10 трикови за вашата облека кои би требало да ги знаете

    10 трикови за вашата облека кои би требало да ги знаете

    Сте се извалкале со црвено вино или ви останало жолто кај пазувите на омилената бела кошула? Без грижа, има решение. Што е со потемнетата бела гума на патиките или новите чевли кои ви создаваат болки и плускавци бидејќи не се разгазени? Продолжете со читање, за секој проблем со облеката и обувките, постои едноставен домаќински трик.rnrn10-trikovi-za-vashata-obleka-koi-bi-trebalo-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrn1. Гумата од патиките исчистете ја со комбинација на сода бикарбона и течен детергент. Четкајте со стара четкичка за заби и ќе добиете блескаво бели патики.rnrn2. Ставајте ги алиштата на закачалка така што ќе ги протнувате од долниот дел на облеката. Побрзо е и ќе спречите растегнување во делот околу вратот.rnrn3. Доколку често ви се случува да кинете хулахопки, заштитете ги така што пред да ги облечете ќе ги напрскате со лак за коса.rnrn4. Доколку пак веќе ви се скинала хулахопката, носете со себе проѕирен лак за нокти за да спречите дупката да се зголеми.rnrn5. Доколку ве стегаат новите чевли, ставете вода во пластични кеси и со нив наполнете ги обувките. Пикнете ги така во замрзнувачот преку ноќ и веќе утре чевлите ќе ви бидат сосема точни.rnrn6. За бојата на темните фармерки да ви трае подолго, користете бел (алкохолен) дестилиран оцет при перењето во машина. Не грижете се, мирисот нема да се чувствува.rnrn7. Доколку ви се откопчува патентот од фармерките, поврзете го делот за влечење со безопасна покрај копчето над него. Штом го закопчате, нема кај да мрда.rnrn8. За отстранување на незгодните жолти дамки од пот на маиците, пред перење натопете ги со лимонов сок.rnrn9. За дамките од црвено вино, можете да се послужите со бело вино, кисела вода или сол.rnrn10. За да си ја пикнете врвката назад во качулката, пикнете ја прво во сламка за сок, а потоа протнете ја низ качулката. Брзо и лесно.rnrn

  • Одличен трик за отстранување на дамките од дезодоранс на облеката

    Одличен трик за отстранување на дамките од дезодоранс на облеката

    Сигурно ви се случило да се облечете за некаде и додека се гледате на огледало пред излегување да забележите дека имате бели дамки од дезодоранс под мишките. Наместо нервозно да се пресоблекувате и да нурнете повторно во плакарот, барајќи соодветна замена за маицата или кошулата која сте ја облекле, применете го овој едноставен трик, кој е ефикасен во отстранување на лошите дамки, а потребен ви е само пар стари хулахопки.rnrnodlichen-trik-za-otstranuvanje-na-damkite-od-dezodorans-na-oblekata-kafepauza.mkrn

    Трик 1: Хулахопки

    rnЗамотајте ги хулахопките кои и онака планиравте да ги фрлите и направете ги во вид на сунѓер. Тријте го проблематичното место. Доколку дамката не е тврдокорна, би требало брзо да ја снема. За стари, тврдокорни дамки, може да треба да триете малку подолго, но по некое време и тие ќе исчезнат.rn

    Трик 2: Влажни марамчиња

    rnКако бекап варијанта, во случај кога немате стари хулахопки за фрлање, можете да се послужите и со влажни марамчиња, а доколку ја забележите дамката порано, никако немојте да го пеглате парчето облека, бидејќи тоа само ќе ја влоши ситуацијата и ќе ја направи дамката потешка за отстранување.rn

    Трик 3: Тексас

    rnДамките од дезодоранс може да се отстранат и со тексас. Затоа старите или омалени тексасни парчиња облека не ги фрлајте, туку исечете ги на парчиња и чувајте ги за кризни ситуации. Трикот исто така функционира со триење на проблематичното место. Но, треба да внимавате, бидејќи некои тексас материјали може да пуштаат, па затоа прво тестирајте на мал дел, за да не ја направите евентуално работата уште пострашна.

  • Како да ги отстраните жолтите дамки од пот на облеката?

    Како да ги отстраните жолтите дамки од пот на облеката?

    Дамките од пот на облеката многу пати нѐ натерале да се откажеме од омилената маица, кошула или фустан. За да им го вратите стариот сјај на алиштата и да ги спасите од фрлање, применете ги овие неколку супер трикови, со помош на неочекувани производи за домаќинството, кои ефикасно ги елиминираат трагите од пот и не ја оштетуваат ткаенината.rnrnkako-da-gi-otstranite-zholtite-damki-od-pot-na-oblekata-kafepauza.mkrn

    1. Сок од лимон

    rnПомешајте еднаква количина свежо исцеден лимонов сок и вода. Со мешавината натопете ги дамките од пот и добро истријте ја површината. После тоа облеката исперете ја стандардно со прашок.rn

    2. Аспирин

    rnИситнете 2 Аспирина и измешајте ги со шолја топла вода. Прелијте ја смесата врз дамката и оставете да делува околу 3 часа, а потоа исперете.rn

    3. Сода бикарбона

    rnСода бикарбоната помешајте ја со малку вода, додека не добиете смеса како тесто. Во тенок слој намачкајте ја смесата врз дамката и оставете да делува околу 1 час. Исперете во машина за перење на стандарден начин.rn

    4. Кујнска сол

    rnСолта помешајте ја со топла вода, измешајте додека не се растопи и нанесете врз дамките пред да исперете.rn

    5. Бел оцет

    rnДиректно на дамката нанесете оцет и оставете да делува неколку минути, а потоа исперете.rnrnСовет: Ниедна од наведените состојки за отстранување на дамките не треба да се користи на нежни материјали. Доколку после првиот обид, дамката не излегува, во целост повторете ја постапката додека добиете не чисто парче облека без жолти дамки од пот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Машки панталони кои се отпорни на флеки

    Машки панталони кои се отпорни на флеки

    За многу кусо време овие панталони ќе се појават на пазарот. Проектот беше претставен на познатиот сервис „Kickstarter“, а беа побарани 20.000 долари за да се започне со нивно производство.rnrnМашки панталони кои се отпорни на флеки rnrnПокрај тоа што се отпорни на секакви течности, тие се направени од многу издржлив материјал, па ќе ви биде навистина тешко да ги скинете.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Отстранете ги трагите од мокри чаши на вашата маса

    Отстранете ги трагите од мокри чаши на вашата маса

    Оставањето мокри чаши на дрвена маса може да остави трајни траги кои не можат да се отстранат со средство за чистење. Овој трик е многу едноставен и гарантира резултати. Сè што ви е потребно е пегла, парче памучна ткаенина и масата со дамки од мокри чаши.rnrnОтстранете ги трагите од мокри чаши на вашата масаrn

    Постапка:

    rn1. Вклучете ја пеглата и прилагодете ја на средна температура.rnrn2. Покријте го оштетениот дел од масата со бела маица или друго памучно парче.rnrn3. Пеглајте ја маицата врз масата сè додека трагите не исчезнат.rnrnОтстранете ги трагите од мокри чаши на вашата масаrn

    Дополнителен совет:

    rnПодобро е да пеглате врз еден слој ткаенина и бидете поупорни со поголемите дамки. Проверувајте го повремено дрвото да не го оштетите, но со неколку минути плус пеглање, би требало да исчезнат и најзафатените површини.rnrnЗа да ги покриете изгребаните делови пак, обидете се да триете врз нив со излупен орев. Нема да се случи чудо, но дефинитивно ќе ги покриете малите гребаници и дамките од потчукнување.rnrnОтстранете ги трагите од мокри чаши на вашата маса
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни примени на пената за бричење

    Интересни примени на пената за бричење

    Освен за козметички цели, пената за бричење можете да ја искористите и за чистење на некои предмети, а со неа можете дури и да решите некој домаќински проблем.rnИнтересни примени на пената за бричењеrnrn1. Отстранете ги дамките од тепихот. Нема потреба да купувате скапо средство за чистење на дамките од тепихот. Едноставно прснете малку пена за бричење врз извалканото место и со стара четкичка за заби протријте ја во тепихот. Оставете пената да постои малку врз дамката, а потоа исчистете со влажна крпа. Трикот важи и за дамките на вашата облека – тркнете до бањата и протријте врз нив малку пена за бричење.rnrn2. Запрете го чкрипењето на вратите. Доколку шарките на некоја врата од вашиот дом чкрипат, едноставно сипете малку пена за бричење на нив и протријте ја низ отворите, со четка за заби која никој не ја употребува.rnrn3. Исчистете го вашиот накит. Доколку вашиот накит почна да потемнува, грабнете ги четката за заби и пената за бричење и тријте ја површината. Оваа постапка ќе го врати сјајот на вашиот накит.rnrn4. Спречете го замаглувањето на огледалата во купатилото. Исчистете ги огледалата со пена за бричење и тие нема да се замаглуваат во текот на наредните неколку недели кога ќе се капете. Истиот трик функционира и на вратичките од туш-кабината. Нанесете малку пена за бричење на крпа и убаво пребришете ги огледалата, за да не останат дамки.rnrn5. Исчистете си ги валканите раце. Доколку не можете да ги исчистите вашите раце од боја, маснотија или некое масло со обичен сапун, тогаш исперете ги со пена за бричење. Нанесете пена на рацете, тријте неколку минути, а потоа измијте ги со топла вода.rnrn6. Исчистете ги четките и чешелите. Со пастата за бричење можете одлично да ги исчистите вашите четки и чешели за коса од насобраната прашина и нечистотија. Најпрвин убаво отстранете ги влакната од косата, а потоа нанесете пена на четките и размачкајте ја убаво по целата површина. Оставете ја пената да стои неколку минути, а потоа измијте ги четките со топла вода.rnrn7. Вратете им го сјајот на чешмите. Нема потреба да купувате абразивни средства за чистење на славината на чешмите во вашиот дом. Едноставно употребете ја пената за бричење. Сипете малку на сунѓер и со него протријте ги чешмите. Потоа исчистете ја пената со влажна крпа и чешмите ќе заблескаат како да се нови.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Умно дизајнирана шолја која ги лови „залутаните“ капки кафе

    Умно дизајнирана шолја која ги лови „залутаните“ капки кафе

    Драги кафеџии, на повидок е решение за круговите кафе на масата, врз документите на вашето биро или на тастатурата. 😉 Со оваа шолја, ваквите проблеми заминуваат во минатото. Дизајнирана е да ги „лови“ капките кафе пред тие да се излизгаат и да паднат, односно на нејзината површина е направена мала вдлабнатина во облик на прстен во кој се задржува течноста.rn(1) Умно дизајнирана шолја која ги лови „залутаните“ капки кафеОваа едноставна, но ефикасна идеја е на корејскиот дизајнер Kim Keun Ae. Обидете се и вие на вашата омилена шолја да издлабите тенко жлепче со кое трајно ќе го решите проблемот со залутаните капки кафе, или барем додека случајно не ја скршите. 🙂(2) Умно дизајнирана шолја која ги лови „залутаните“ капки кафе(3) Умно дизајнирана шолја која ги лови „залутаните“ капки кафе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn