КАФЕ ПАУЗА

Tag: дамки

  • Како да ги отстраните масните дамки од облеката?

    Како да ги отстраните масните дамки од облеката?

    Готвењето и јадењето можат да бидат неуредна работа, особено ако имате мали деца. Тестенините или некое друго зготвено јадење можат да направат масни дамки на алиштата и чаршавите кои тешко се отстрануваат. Колку повеќе ќе се впие и исуши дамката на облеката, толку потешко ќе биде нејзиното отстранување.rnrnКако да ги отстранете масните дамки од облекатаrn

    Следете ги овие 6 чекори и зачувајте ги вашите материјали од трајно уништување:

    rn

      rn 011

    1. Најпрво земете марамче или крпа за да ја впиете маснотијата од самото место, а потоа истурете сода бикарбона.
    2. rn 011

    3. Оставете да делува неколку минути. Ќе забележите дека содата ќе започне да ја впива бојата на маснотијата.
    4. rn 011

    5. Истријте ја содата со крпа или со четка за заби. Во ред е ако остане сода бикарбона, со миењето ќе излезе.
    6. rn 011

    7. Доколку дамката сè уште стои, повторете го процесот повеќе пати.
    8. rn 011

    9. Испрскајте го местото со спреј за отстранување дамки и истријте.
    10. rn 011

    11. Исперете ја облеката како и вообичаено.
    12. rn

    rnДоколку дамката сè уште стои, не ја ставајте облеката во машина за сушење бидејќи тоа ќе направи да се впие уште подлабоко во облеката. Наместо тоа, еве уште неколку совети за отстранување на најтврдокорните дамки:rn

      rn 011

    • Испрскајте малку спреј за отстранување на дамки пред да ставите сода бикарбона и повторете ги горенаведените постапки.
    • rn 011

    • Поставете стара крпа на даската за пеглање, испрскајте ја со сода бикарбона и поставете го парчето облека со дамката надолу кон крпата. Додека пеглате крпата ќе ја апсорбира маснотијата.
    • rn

    rnПогледнете го и овој едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви.

  • Одберете ја дамката што најмногу ве потсетува на лице и откријте интересни вистини за себе

    Одберете ја дамката што најмногу ве потсетува на лице и откријте интересни вистини за себе

    Психолозите, советниците и истражувачите се согласуваат дека овој брз и едноставен тест на личност е навистина корисен кога станува збор за пронаоѓање нечија вистина. Сè што треба да направите е да ја одберете дамката што најмногу ве потсетува на лице, и тестот точно ќе ги анализира дури и вашите најдлабоко вкоренети карактеристики.rnrnrn

    Дамка број 1

    rnАко сте ја одбрале оваа дамка, вие сте реални, урамнотежени и уживате во друштвото на другите. Вие ги преферирате познатите идеали и попрво би продолжиле со едноставната и обична љубовна приказна, наместо да се впуштате во нови љубовни драми. Исто така многу сте реални, па луѓето често ве сметаат за приземјена личност. Исто така ве доживуваат и како срдечна, пријателски настроена личност.rnrnrn

    Дамка број 2

    rnАко сте ја одбрале оваа дамка, вие сте прагматичен и задоволен со себе професионалец. Најмногу верувате во себе и во напорната работа, а не во среќата. Ги решавате сите задачи на реален, но едноставен начин. Вие сте многу одлучни, а другите ве доживуваат како сигурна личност. Не сте задоволни сè додека конечно не ја реализирате својата визија.rnrnrn

    Дамка број 3

    rnАко сте ја одбрале оваа дамка, вие сте паметни, нежни и обожавате хармонија. Вие сте безгрижни, но внимателни. Брзо создавате пријателства. Уживате во својата слобода, а истовремено и ја задржувате својата приватност. Понекогаш сериозно размислувате за смислата на животот, но најчесто само уживате во вашиот живот. Се криете во своето среќно место и таму се опуштате, но тоа не значи и дека сте осамени.rnrnrn

    Дамка број 4

    rnАко сте ја одбрале оваа дамка, вие сте оптимистични, весели и разиграни. Сакате да живеете слободно и спонтано. Се обидувате да уживате во животот колку што можете повеќе, а вашето мото е „Само еднаш се живее“. Многу сте љубопитни и отворени за нови искуства. Никогаш не ви е здодевно.rnrnrn

    Дамка број 5

    rnАко сте ја одбрале оваа дамка, вие сте романтични, сентиментални и сакате да мечтаете. Во контакт сте со своите чувства и емоции. Рационалноста и студеноста не ве привлекуваат, бидејќи вие секогаш делувате според своите емоции. Најмногу ја цените сосредоточеноста на постигнувањето на сопствените соништа и цели.rnrnrn

    Дамка број 6

    rnАко сте ја одбрале оваа дамка, вие сте аналитични, самоуверени и самозадоволни. Вашата чувствителност укажува на тоа дека следите нешто вредно. Делувате според своите единствени вредности и ставови. Не ве интересираат трендовите, но имате свои единствени и елегантни манири. Го формирате своето мислење за другите така што го проценувате нивното образование.rnrn

  • 10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

    10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

    Доколку забележавте дека некои ваши омилени предмети го изгубиле својот сјај и веќе не се како нови, не грижете се, бидејќи постојат некои едноставни состојки коишто веќе ги имате во вашиот дом, а можат значително да ги обноват и освежат. Нема потреба да избрзувате и да ги фрлате старите предмети, бидејќи постои едноставен начин да ги поправите, без ничија помош. Не ви се потребни никакви особени вештини, ниту опрема за тоа. Прочитајте ги овие 10 неверојатни трикови и состојки, со кои ќе ја вратите оригиналната сјајност на остарените предмети.rn

    1. Мајонез за белите дамки на дрвените површини

    rn10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како новиrnrnНа дрвениот мебел, честопати се случува да останат бели дамки од мокри чаши. Можеби до сега мислевте дека со ниедно средство за чистење, тие не се отстрануваат, но веројатно никогаш не сте се сетиле, да пробате да ги исчистите со мајонез?! На крпа, ставете мајонез и протријте го по површината на којашто има бели дамки од кондензација, сè додека не се исчистат. Со овој трик, исто така можете да ги коригирате и пукнатините на дрвените површини, така што ќе ги пополните со мајонез и ќе го оставите да се исуши неколку дена. Потоа, исполирајте ја површината со сува крпа.rn

    2. Сенф за враќање на сјајот на бакар

    rn10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како новиrnrnСте знаеле ли дека можете да употребите сенф, за да го вратите природниот сјај на продуктите направени од бакар? Сè што треба да направите, е да земете на пример, стара бакарна бразлетна, да нанесете сенф на неа и да го оставите да постои неколку минути. Потоа, исполирајте ја и исчистете ја алката, со влажна крпа.rn

    3. Бебешка пудра за гребаници на екран од мобилен телефон

    rn10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како новиrnrnДоколку сакате да ги елиминирате гребаниците коишто ги имате на мобилниот телефон, направете паста од бебешка пудра и вода, нанесете ја на екранот и тријте со крпа. Потоа, отстранете ги остатоците од смесата со крпа. Малите гребаници треба брзо да исчезнат, благодарение на овој трик.rn

    4. Лак за нокти за изгребано стакло

    rn10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како новиrnrnИзмијте го изгребаното стакло, пред да го употребите овој метод. Потоа, земете безбоен лак за нокти и нанесете мало количество на гребаницата. Почекајте околу еден час, натопете памукче со ацетон и поминете со него, по гребаницата. Овој едноставен метод, ќе ви овозможи да ја коригирате изгребаната стаклена површина.rn

    5. Кромид за чистење кожни производи

    rn10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како новиrnrnПресечете еден кромид на половина и протријте со него по валканата кожа. Потоа, очистете ја со мека крпа. Со овој трик, кожата треба да стане повторно сјајна, како нова.rn

    6. Лак за коса за дамки од козметика

    rn10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како новиrnrnДоколку имате дамки од козметички продукти на вашата облека, истите може да ги отстраните со помош на лак за коса. Прснете лак врз дамката, протријте го со салфета и исперете ја облеката на вообичаен начин. Лакот за коса, е исто така многу ефикасен во отстранување дамки од лак за нокти. Прснете на стара четка за заби и очистете ја дамката од лакот.rn

    7. Бебешки шампон за гребаници на очила за сонце

    rn10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како новиrnrnДоколку сакате да ги отстраните ситните гребаници коишто се создале на вашите очила за сонце, тоа можете да го направите со употреба на бебешки шампон. Потребно е да истурите малку од шампонот на секое од стаклата и добро да ги протриете. Отстранете го вишокот шампон со салфета и вашите очила повторно ќе изгледаат како да се нови.rn

    8. Пепел од цигари за гребаници на дрвени површини

    rn10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како новиrnrnДруго решение за обнова на оштетени дрвени површини, е пепелта од цигарите. Направете смеса од пепел и вода и нанесете од неа на оштетените делови. Потоа, нежно полирајте го дрвото со сува крпа и отстранете ја пепелта.rn

    9. Путер за дамки од мрсни бои

    rn10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како новиrnrnПомешајте путер и прашок за перење во гранули, во сооднос 1:1. Нанесете од пастата на облеката со дамки од мрсни бои и нежно протријте со четка за заби. Почекајте 10-20 минути смесата да постои на дамката и потоа исперете го парчето облека, на вообичаен начин.rn

    10. Креда за мрсни дамки на облека

    rn10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како новиrnrnОбичната креда за пишување по табла, ќе ви помогне да се ослободите од масните дамки на облеката. Здробете ја кредата, за да ја претворите во прав и нанесете го на дамката. Кога ќе забележите дека кредата ги апсорбирала мрснотиите, исперете ја облеката како и секогаш.rnrnМоже да ве интересираат и овие 10 едноставни тајни што ќе ви ја спасат облеката.

  • 10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

    10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот дом

    Производството на сол започнало пред околу 4000-5000 години и оттогаш, солта е значаен составен дел од нашето секојдневие. Луѓето, имаат откриено многу примени на овој скапоцен минерал, освен во исхраната. Така на пример, солта може значително да го олесни чистењето на разни предмети во домаќинството. Во продолжение, погледнете ги 10-те најефикасни примени на солта во вашиот дом.rn

    10. Отстранете ја маснотијата од тавите и тенџерињата

    rn10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот домrnrnИстурете околу 120 грама сол на површината на тавчето. Потоа, со класична кујнска крпа, почнете да ги триете валканите делови, сè додека не се исчистат. На крајот, едноставно измијте ја тавата на вообичаен начин и уживајте во блескавата површина.rn

    9. Отстранете ги дамките од дрвена даска за сечкање

    rn10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот домrnrnПосипете малку сол врз валканата дрвена површина и протријте ја со половина лимон. Дозволете му на дрвото да ја апсорбира мешавината, а потоа измијте ја даската под млаз вода.rn

    8. Отстранете го обоениот талог од вазната

    rn10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот домrnrnСо обична сол, можете многу лесно да го исчистите зелениот талог, којшто честопати се создава во вазните. Направете концентриран раствор од сол и малку вода и истурете го во вазната. Добро протресете ја вазната и потоа измијте ја со вода и сапун.rn

    7. Направете си домашен пилинг за лице

    rn10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот домrnrnЗа да си направите едноставен пилинг во рамките на вашиот дом, измешајте малку сол и путер, во размер 1:2. Добро промешајте ги состојките, додека не добиете хомогена смеса и нанесете ја на лицето, со кружни движења. Подобро е малку да го загреете путерот на почетокот, за да биде топол. Откако ќе завршите со нанесување на пилингот, измијте го убаво лицето и нанесете крем за лице.rn

    6. Спречете создавање мувла на кашкавалот

    rn10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот домrnrnЗавиткајте го кашкавалот во парче ткаенина, којашто претходно ќе ја натопите во солена вода. Со овој метод, ќе спречите создавање мувла на кашкавалот и ќе го зголемите неговиот рок на траење, за уште неколку дена.rn

    5. Исчистете ги плочките

    rn10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот домrnrnПомешајте 60-тина грама сол во 3,5 литри вода и додајте прашок за перење. Исчистете ја површината со плочки со растворот, обрнувајќи внимание на споевите, бидејќи таму се крие најмногу нечистотија.rn

    4. Направете си третман на стапала

    rn10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот домrnrnДоколку сакате да си направите одличен третман за стапала, ставете 120-240 грама сол во леген. Потоа, додајте топла вода во легенот, ставете ги стапалата во него и уживајте во третманот, сè додека не се олади водата. Можете и неколкупати да додавате малку жешка вода, доколку сакате подолго да уживате во третманот.rn

    3. Отстранете ги дамките од чај и кафе од шолјите

    rn10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот домrnrnПомешајте 1 лажица сол со 1 лажица оцет и ставете го растворот во шолја, на којашто има тврдокорни дамки од кафе и чај. Оставете го растворот да делува неколку часа и потоа измијте ги садовите, на вообичаен начин.rn

    2. Намалете го горчливиот вкус на кафето

    rn10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот домrnrnДоколку сакате да биде помалку горчливо и да има подобар вкус, експертите препорачуваат да додадете прстофат сол во приготвеното кафе.rn

    1. Избелете ги пожолтените навлаки за перници

    rn10 примени на солта, коишто ќе ви го олеснат чистењето на вашиот домrnrnНавлаките за перници, коишто пожолтуваат со тек на време, можете да ги избелите на многу едноставен начин. Помешајте 1 супена лажица сол во чаша со минерална вода. Ставете ја мешавината во сад со зовриена вода и оставете ги пожолтените навлаки во него, околу 1 час. Одржувајте ја постојано температурата на водата, за ефикасно да ги избелите навлаките.rnrnМоже да ве интересираат и овие 15 домаќински трикови за блескав дом.

  • Природна маска која ќе ви помогне да се ослободите од дамките и лузните на лицето

    Природна маска која ќе ви помогне да се ослободите од дамките и лузните на лицето

    Доколку имате навика да го чепкате лицето, знаете колку лесно може да ви засмета некоја нерамнина, па од незабележителна акна или црнка да направите рана, а потоа и дамка која не исчезнува. Иако не ве поддржуваме во оваа навика, ако сепак некогаш ви се појави лузна од чепкање на лицето, оваа едноставна природна маска ќе ви помогне да го вратите неговиот еднаков изглед.rnrnПриродна маска која ќе ви помогне да се ослободите од дамките и лузните на лицетоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 кафена лажичка мед
    • rn011

    • 1 кафена лажичка цимет (или 2 капки етерично масло од цимет)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка, користење и чување:

    rnДобро измешајте ги медот и циметот и од добиената смеса нанесете на проблематичните делови на лицето. Оставете да делува 20-25 минути, а потоа исплакнете се со вода. Остатокот од подготвената смеса можете да го чувате во фрижидер 4-5 дена. Потоа треба да направите нова.rnrnОваа маска можете да ја нанесувате и на целото лице, но во тој случај, држете ја само 10 минути.rn

    Контраиндикации:

    rnМедената маска со цимет не им се препорачува на лицата кои страдаат од купероза, розацеа и други васкуларни заболувања на кожата, бидејќи медот дополнително ги жири крвните садови.rnrnКако замена за мед може да послужи и бела или зелена глина. И во тој случај се меша со цимет во прав во ист сооднос, а потоа се разблажува со вода до посакуваната густина.rn

    Алтернативен третман на дамките на лицето со микс од етерични масла

    rnЕтеричното масло од чајно дрво помешано во еднакви пропорции со етерично масло и лаванда и сок од лимон (1:1:1) исто така делува ефикасно во отстранувањето на дамките од лицето настанати како последица на акни и црнки.rnrnМешавината се нанесува на проблематичните делови од лицето и се остава да делува 15 минути. Потоа се отстранува со влажно марамче. Се применува секој втор ден, а по едномесечно користење, дава одлични видливи резултати.

  • Што гледате на сликите? Одговорот на ова прашање открива многу работи за вас

    Што гледате на сликите? Одговорот на ова прашање открива многу работи за вас

    По смртта на психологот Херман Роршах, неговиот психолошкиот тест (Роршахови дамки) бил обработен и претворен во популарно средство за анализирање на личноста. Швајцарскиот психолог Херман Роршах во 1921 година го развил овој психолошки тест за да дијагностицира шизофренија на своите пациенти. После неговата смрт, тестот (спротивно на неговите желби) станал многу популарно средство за анализирање на особините на поединци.rnrnШто гледате на сликите: Одговорот на ова прашање открива многу работи за васrnrnВо меѓувреме ваквиот начин на разоткривање на човечките особини станал дел од поп-културата, па се појавиле и многу други слични тестови, а еден од нив ќе ви го претставиме во продолжение. Без разлика дали верувате дека толкувањето на дамките може да открие каква личност сте, ви препорачуваме да се забавувате со анализирањето на сликите и одговорите.rn

    Слика број 1:

    rn2-shto-gledate-na-slikite-odgovorot-na-ova-prashanje-otkriva-mnogu-raboti-za-vas-www.kafepauza.mk_rn

    Печено пиле

    rnПонекогаш, баш како и сите други луѓе, се сомневате во она што го правите, но генерално сте сталожени, се служите со вашите приоритети и знаете што ви е потребно. Ретко се отуѓувате од луѓето. Вас ве одржува заедништвото и здружувањето.rn

    Лице на мачка

    rnВие сте страсни и гласни. Сакате да го имате главниот збор и се фаќате во „договор“со проблемите кога ќе наидат. Со ништо не задоцнувате. Важно ви е покрај себе да имате личност која ќе ве слуша и разбира, но и која секогаш ќе биде на ваша страна.rn

    Контури на женско лице

    rnИмате цврсти ставови и високи стандарди за секој аспект од животот. Педантни сте, брзи и го очекувате истото од другите. Стрпливоста не е предност за вас. Сѐ сакате сега и веднаш.rn

    Ракета или кула

    rnМногу работите и секојдневно самите си наметнувате нови предизвици со желба да станете уште посилни. Сите во вашата околина ве ценат поради исклучителната професионалност. Меѓутоа, вашиот приватен живот страда поради потребата да имате сѐ под своја контрола и затоа мора малку да се опуштите.rn

    Слика број 2:

    rn3-shto-gledate-na-slikite-odgovorot-na-ova-prashanje-otkriva-mnogu-raboti-za-vas-www.kafepauza.mk_rn

    Раце склопени во молитва

    rnВие сте остроумна душа. Духовниот дел е важен елемент во вашиот живот. Знаете дека за остварувањето на сите цели е потребно трпение и концентрација, па вас тешко ќе ве попречат од патеката која сте ја зацртале. Не ги разбирате луѓето кои се задоволуваат со живот различен од тоа што го посакуваат.rn

    Автомобил во брзо движење

    rnПремногу фантазирате, вербално сте полни со метафори и тоа е првата работа која луѓето ја забележуваат кај вас. Способни сте да создадете нов свет во својата глава кој ќе ве мотивира. Лесно знаете да ги гледате работите од друга перспектива и не ви е проблем да ги согледувате настаните од гледиштето на другите луѓе, па токму поради тоа луѓето ви веруваат и ви ги доверуваат своите проблеми.rn

    Отворена уста

    rnЧувствителни сте и дарежливи. Многу давате и знаете како да го извлечете најдоброто од животот, но кога ќе ве повредат вам ви е потребно долго време да заздравите. Искрените сте и одите по светот со отворено срце, па во блиските луѓе предизвикувате потреба постојано да ве штитат. Поради тоа понекогаш имате проблеми во пронаоѓање партнер и препознавање вистинската интимност.rn

    Слика број 3

    rn4-shto-gledate-na-slikite-odgovorot-na-ova-prashanje-otkriva-mnogu-raboti-za-vas-www.kafepauza.mk_rn

    Инсекти

    rnУспехот ви е суден. Добро се снаоѓате во работната околина, знаете да ги играте сите игри и спремни сте за работа. Истовремено знаете да бидете храбри, но и исклучително внимателни, во зависност од тоа што ситуацијата бара од вас. На крај секогаш успевате да го пронајдете најпаметниот и најлесниот пат до победата.rn

    Две колибри

    rnСакате убави работи и забавен живот. Секогаш знаете кое е најдоброто место во градот. Секогаш сте во потрага по нови возбудувања. Без размислување ги следите своите страсти, но понекогаш сепак се изморувате од тоа и паузирате, но само за момент. Животот нуди премногу убави моменти за да ги пропуштите во одмарање.rn

    Костур или коски

    rnУмерени сте, во сите аспекти на животот. Меѓутоа, често жалите поради тоа што не ризикувате на емотивен план. Често во вашиот живот преовладува монотонија поради која од една страна се чувствувате сигурно и стабилно, но од друга страна ви фали барем малку возбудување.

  • Маска од аспирин: Решение за проблемите на лицето

    Маска од аспирин: Решение за проблемите на лицето

    Освен што ја смирува болката и ја намалува телесната температура, аспиринот е корисен и за многу други работи, особено кога станува збор за негата и грижата на нашето лице. Кожата на лицето е нежна и чувствителна на секакви промени, а аспиринот не само што е одличен лек за црвенило и акни, туку и ја потхранува кожата, при што таа ќе остане заштитена од надворешните влијанија. Во продолжение прочитајте за што сѐ можете да го користите аспиринот кога се соочувате со секојдневните проблеми.rnrnМаска од аспирин – решение за проблемите на лицетоrn

    1. Нега на проблематична кожа

    rnАцетилсалицилната киселина од аспиринот помага при отстранување на вишокот маснотии од кожата и го уништува мртвото ткиво. Дерматолозите велат дека аспиринот е одличен лек и за акните, бидејќи ја намалува можноста за затворање на порите. Исто така, помага при црвенилото на кожата и особено е корисен за луѓето кои патат од псоријаза.rn

    Маска за кожа од аспирин

    rnСтавете 5 таблетки аспирин во една чаша и додајте топла, дестилирана вода. Добро измешајте додека не добиете хомогена смеса. По избор, можете да додадете и една кафена лажичка мед, бидејќи медот има лековити својства и позитивно влијае на кожата и организмот. Подготвената маска нанесете ја на проблематичните делови на кожата и оставете ја да делува 10 минути. Потоа, темелно измијте го лицето со топла вода.rnrnМаска од аспирин – решение за проблемите на лицетоrnrnОсвен како средство за нега на кожата, аспиринот ефективно и ефикасно ги решава и следните проблеми:rn

    2. Го отстранува првутот

    rnИситнете 2 до 3 таблетки аспирин и измешајте ги со количината шампон што ја користите за едно миење. Нанесете ја смесата на косата, масирајќи со прстите и оставете да делува од 3 до 5 минути. Аспиринот ќе го намали воспалението на скалпот, а со тоа и создавањето на првутот.rn

    3. Ги ублажува реакциите после убодите од инсекти

    rnАспиринот, поради неговите антивоспалителни својства, е одличен лек за намалување на отокот и болката после убодите од инсекти. Рецептот е едноставен: Навлажнете една таблетка аспирин, ставете ја на местото на убодот и залепете ја со фластер. Оставете да делува неколку минути и ќе почувствувате голема разлика.rn

    4. Ги отстранува дамките од пот на облеката

    rnИситнете 3 таблетки аспирин и смешајте ги со 50 милилитри топла вода. Делот од облеката кој има дамки потопете го во смесата и оставете да делува неколку минути. Потоа, исперете ја облеката на вообичаениот начин. Истата смеса ќе ги отстрани и дамките од никотин, трева и кал, но во тој случај облеката треба да ја оставите потопена во смесата 15 минути.rn

    5. Го поттикнува растот на растенијата

    rnАспиринот го спречува создавањето на габите, што е многу важно за растот на билките и растенијата во градината и домот. Натопете една таблетка аспирин во еден литар топла вода, ставете ја течноста во шише со спреј и попрскајте ги растенијата. Исто така, доколку ставите една таблетка аспирин во вазна со вода, ќе го продолжите животниот рок на цвеќето.

  • Спасете се од дамките: 3 природни средства за чист и миризлив тепих

    Спасете се од дамките: 3 природни средства за чист и миризлив тепих

    Добро и важно е да се направи темелно чистење на тепихот додека температурите сѐ уште се на наша страна бидејќи тој мора добро да се исуши т.е. да не впие влага. Иако перењето теписи на ниедна жена не ѝ е омилено, сепак тоа мора да се направи, а овие 3 евтини и природни совети ќе ви помогнат тоа да помине што е можно побезболно и есента да ја дочекате со чист и миризлив тепих. Постојат три најголеми проблеми со теписите:rn

      rn011

    1. Заглавени нечистотии во нишките на тепихот
    2. rn011

    3. Дамки
    4. rn011

    5. Непријатен мирис
    6. rn

    rnОвие 3 средства ќе им стават крај на вашите проблеми.rnrn0-spasete-se-od-damkite-3-prirodni-sredstva-za-chist-i-mirizliv-tepih-kafepauza.mkrn

    1. Средство за длабинско чистење

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • ½ филџан сода бикарбона
    • rn011

    • 10 капки етерично масло од кедар
    • rn011

    • 10 капки етерично масло од лимета
    • rn

    rnВметнете ги сите состојки во пластична вреќа и оставете ги да стојат еден ден. Пред користење на припремената смеса, исмукајте уште еднаш, посипете ја смесата по целата површина, шприцнете чиста вода и со четка добро истријте го тепихот. Смесата оставете ја да стои најмалку половина час, а потоа повторно исмукајте.rn

    2. Средство за отстранување дамки

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажичка алкохолен оцет
    • rn011

    • 3 лажички обична вода
    • rn

    rnНаправете раствор од алкохолен оцет и обична вода. Потопете крпа во растворот и со неа избришете ја дамката. Потоа, ставете ја крпата преку дамката и поминете низ неа со загреана пегла. Оцетот и водата ќе ја впијат дамката. Повторувајте го процесот сѐ додека не исчезне дамката.rn

    3. Средство за отстранување на непријатен мирис

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 лажици течен сапун
    • rn011

    • 40 мл бел оцет
    • rn011

    • ½ литар топла вода
    • rn011

    • 1 лажичка боракс
    • rn011

    • 6 капки етерично масло од лимон
    • rn011

    • 3 капки етерично масло од чајно дрво
    • rn

    rnВо стаклен сад ставете ги сите состојки и добро измешајте, на крајот ставете ги во шише со шприц и додадете вода. Добро протресете и испрскајте по целата површина на тепихот, оставете околу 20 минути и потоа исмукајте.rn

  • Генијален трик за справување со дамките од пот

    Генијален трик за справување со дамките од пот

    Обичната бела блуза е најдобриот пријател во летното попладне – секако, ако не ги земеме во обѕир потенцијалните дамки од пот. Решението е премногу лесно и евтино, па затоа може да си го дозволи секој. Кога ќе го дознаете, нема да се воздржите а да не го испробате.rnrn1-genijalen-trik-za-spravuvanje-so-damkite-od-pot-www.kafepauza.mk_rn

    Што ви е потребно?

    rn

      rn011

    • Неколку лимони
    • rn011

    • Вода
    • rn011

    • Шише со распрскувач
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rn1. Исцедете ги лимоните и наполнете го шишето со лимонов сок до половина.rnrn2. Дополнете ја останатата половина со вода, така што ќе добиете еднакви делови на лимонов сок и вода.rnrn3. Ставете ја течноста во шишето со распрскувач и протресете убаво.rnrn4. Потоа напрскајте од течноста врз дамката од пот, сè додека тој дел од ткаенината не се натопи убаво. Нежно истријте ја дамката со лимоновиот сок и по кратко време ќе забележите дека таа исчезнува.rnrnБонус совет: Послужете се со кујнска сол која ќе ви помогне полесно да триете.rn

    Сега што?

    rnОставете сокот од лимон да се впие околу еден час, а потоа ставете ја блузата во машина за перење.

  • Како брзо и ефикасно да отстраните дамки од вино и маснотии?

    Како брзо и ефикасно да отстраните дамки од вино и маснотии?

    Ниските температури многу често доведуваат до вечери поминати покрај телевизор, јадејќи пица и пиејќи вино. Токму овие маратони на топло, можат да резултираат со голем број дамки од вино и пица на вашите омилени тренерки или пижами. И што е најтрагично, за работите да бидат полоши, секогаш кога се случува ова вие носите бело.rnrnКако брзо и ефикасно да отстраните дамки од вино и маснотии?rnrnКари Бајрон тргнала во мисија да открие кој е најефикасниот метод за отстранување на овие страшни дамки и по читањето многу совети и губењето многу маички, таа конечно го открила најдобриот, наједноставниот и најбрзиот метод за отстранување дамки. Сè што ви е потребно е сјај за садови и оцет и можете да започнете. Погледнете го видеото за подетално објаснување…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.