КАФЕ ПАУЗА

Tag: дами

  • Правила за дами

    Правила за дами

    Зборот „дама“ за првпат се појавил пред 300 години и се користел како женски еквивалент на зборот „господин“. Денес овој збор сè поретко се употребува, а како негова замена многу почесто можеме да го слушнеме зборот „госпоѓица“ или „госпоѓа“.rnrnЗа сите припаднички на „загрозениот“ вид на дамите и за сите оние кои сакаат да станат дел од него, ова се неколку правила кон кои треба да се придржуваат:rnrnПравила за дами rnrn1. Треба да знаеш колку кратко е прекратко, без разлика дали се работи за фризура, фустани или за мажи.rnrnrn2. Светот е една голема модна писта. Затоа секогаш биди добро облечена и чекори самоуверено.rn rnrn3. Твојот фустан треба да биде доволно тесен за да покаже дека си жена, но доволно широк за да покаже дека си дама.rnrnrn4. Однесувај се како да имаш невидлива круна на главата.rnrnrn5. Шминката не треба да ја прекрие, туку да ја истакне убавината.rnrn6. Три збора кои ниедна дама не смее да ги заборави: мал црн фустан.rnrn7. Постои само едно правило кога се работи за облека, накит, шминка и парфеми: помалку е повеќе!rnrn8. Три броеви кои дамите никогаш не ги откриваат: бројот на години, бројот на килограми и бројот на долната облека.rnrn9. Насмевката е најубавиот дел на твоето тело.rnrn10. Сакај го своето тело! Тоа е единственото кое го имаш.rnrn11. Тајната на убавината е во среќата.rnrn12. Не е важно што мислат другите, сè додека си ти среќна.rnrn13. Не очекувај другите да те сакаат и почитуваат, ако не се сакаш и почитуваш самата себе.rnrn14. Грешките се неизбежни. Научи како да си простуваш себеси.rnrn15. Не задоволувај се со ништо помалку од она што го заслужуваш.rnrn16. Размисли пред да дејствуваш. Заработи пред да потрошиш. Почекај пред да критикуваш. Обиди се пред да се откажеш.rnrn17. Чувај го оној кој ќе направи сè за да те насмее.rnrn18. Убавината го привлекува погледот, но карактерот го заробува срцето.rnrn19. Ако се двоумиш помеѓу две нешта, секогаш избери го второто. Да беше првото доволно добро, второто немаше да биде опција.rnrn20. Не дозволувај грешките од минатото и стравот од иднината да ја расипат убавината на сегашноста.rnrn21. Ако тој те напушти, тогаш тоа е негова загуба, не твоја.rnrn22. Подобро е да бидеш сама, отколку да бидеш изневерена и непочитувана.rnrn23. Ако некој ти каже дека го полудуваш, тоа значи дека правиш нешто или навистина добро или ужасно лошо.rnrn24. Можеш истата грешка да ја направиш по вторпат, но тогаш тоа нема да биде грешка, туку твој личен избор.rnrn25. Успехот е најдобрата одмазда!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 највлијателни модни икони

    9 највлијателни модни икони

    Автор : Мандевска БојанаrnrnСекој од нас секојдневно одвојува барем по неколку минути за својот изглед. Средениот изглед, надополнет со одредени додатоци и прошаран со соодветни чевли и чанти, се грижа речиси на секоја дама. Би излажале доколку би рекле дека не се чувствуваме убаво кога сме средени дотерани од глава до пети. Грижата за својот изглед е важна етапа од патот кон изградба на сопствен стил. За некои дами изградбата на сопствен стил и не е баш лесен. Желбата „слепо“ да се следат модните хитови и да се облече парче од секоја нова модна сезона, е во контрадикција со изградбата и негувањето на сопствен стил.9 највлијателни модни икониДодека едните неуспешно се борат и потпаѓаат под влијанието и притисоците на модните трендови, постојат и такви кои и пркосат на модата и со својот изглед и стил се изградуваат себе си во модни икони. Вродениот сензибилитет искажан преку соодветните парчиња облека се главната причина за изградба на сопствен препознатлив стил. Утврдувањето на тоа што најдобро прилега на физичкиот изглед, карактер, темперамент и правилниот начин на нивно носење им помогнало на одредени дами на „невин“ начин себеси да се изградат во модни икони. Нивното појавување и функционирање пред пошироката јавност никогаш не останало незабележано, туку напротив привлекло многу погледи и создало многу модни следбеници.rnrn

    Одри Хепберн

    rnНејзиниот избор бил удобност во секое парче облека и елеганција наместо сексапил. Кога ќе се спомене името на Одри, прва слика која ви излага пред очи сигурно е девојката со добро држење во црн фустан и големи очила. Со нејзината појава во филмот „Појадок кај Тифани“, направи малиот црн фустан да биде задолжително парче облека за секоја жена. Свој белег остави и со појавата и носењето на црни капри панталони, балетанки и куси мантили.9 највлијателни модни икониrn

    Принцезата Дијана

    rnТаа е одличен пример за тоа како една жена може да се трансформира од обична срамежлива девојка, во модна икона. Нејзините први јавни појавувања се обележани со недостаток на стил и срамежливо движење. Но, нејзиното созревање е причината за нејзината голема преобразба и постанувањето модна икона. Свој белег остави со дизајнирани фустани со јаки бои, интересни наметки, панталони и костими.9 највлијателни модни икониrn

    Дајана Рос

    rnТаа е обележјето на 70-тите години и симболот на диско ерата. Таа се смета и за кралица на музиката, благодарејќи на нејзината работа во еден од највлијателните бендови во 60-тите години, „The Supremes“. Но, моден успех доживува една деценија подоцна. Препознатлива е по турбаните, додатоците со реси, долгите и лелеави фустани како и по крзното.9 највлијателни модни икониrn

    Бети Пејџ

    rnДа не се појавеше таа, денес можеби немаше да постојат ни следбеничките на нејзиниот стил: Дита Вон Тисе, Кети Пери, Кристина Агилера и многу други. Црвените усни, кадриците, истакнатиот струк, градниците, кусите тесни шорцеви, црните корсети и тесните здолништа, се карактеристиките на овој стил. Истакнувањето на сексуалноста на жената е главен атрибут на овој моден стил.9 највлијателни модни икониrn

    Грејс Кели

    rn

    Таа е позната како девојката со вроден стил полн со елегантност и лице од кое зрачи невиност. Ракавици, бисерни обетки и ѓердани и свилени марами се парчињата со кои таа го обележала својот стил.9 највлијателни модни икони

    rnrn

    Мерлин Монро

    rnРусокосата бомба ќе остане вечен симбол на сензуалноста. За неа беа карактеристични тесни фустани, фармерки со изразито висок струк, капри панталони и широки џемпери, околувратник на фустаните и секако високи потпетици.rn

    9 највлијателни модни икони

    rnrn

    Брижит Бардо

    rnСимпатичната Французинка се прослави како девојка со впечатлив стил. Таа се прослави со деколтираните џемпери и бели маички, исечените фармерки, балетанките, црните качкети, како и со интересните бикини и кратки шорцеви.9 највлијателни модни икониrn

    Мадона

    rnЖената која уште од првото свое јавно појавување привлече внимание на себе и кое го задржува во целиот свој работен век. Ексцентричен лик кој постојано ги краде туѓите погледи. Тешко е да се одвојат парчиња кои би го опишале нејзиниот стил, бидејќи таа е лик кој постојано се менува.9 највлијателни модни икониrn

    Кејт Мидлтон

    rnТаа е најактуелната модна икона. Примерна, уредна, скромна, но со одредена доза на елеганција. Вака најдобро би можело да се опише стилот на најновата модна икона. Нејзината секојдневна облека е разновидна. Најчесто носи фустанчиња, вообичаено со цветен или морнарски дезен, пантолони и нежни не многу впечатливи додатоци. Но, кога станува збор за јавните кралски појавувања, костумите и фустаните се парчињата кои таа ги одбира. За одредени пригоди нејзиниот стајлинг е дополнет со интересно дизајнирани капи.9 највлијателни модни икони
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни фотографии што изгледаат како слики

    Прекрасни фотографии што изгледаат како слики

    Неверојатно изгледаат зимските пејзажи на Гурам Доленјашвили нацртани само со молив и фотореалистичните портрети на Хуан Франтиско Касас изработени со сино хемиско пенкало. Кога ги гледате, се прашувате дали се работи за цртеж или фотографија. Интересен е и концептот кој ги поврзува фотографиите и цртежите, но на поинаков начин, со доцртување на дел од просторот во самата фотографија. Повторно е време да се запрашаме, дали она што го гледаме е слика или фотографија. Овој пат одговорот е повторно изненадувачки, но приказната за концептот е различна.rnrnПрекрасни фотографии што изгледаат како сликиrnrnБарбара Кол е самоук фотограф, која се занимава со оваа професија уште од 1987 година, кога користела обичен фотоапарат – Polaroid Spectra.rnrnПрекрасни фотографии што изгледаат како сликиrnrnВо 1993 година, една слика од Лусиен Фројд ја инспирирала да го промени правецот на својата работа. Оттогаш фотографира создавајќи дела кои се на границата помеѓу слики и фотографии.rnrnПрекрасни фотографии што изгледаат како сликиrnrnНејзината серија „Насликани дами“ (Painted Ladies) е просто воодушевувачка.rnrnПрекрасни фотографии што изгледаат како сликиПрекрасни фотографии што изгледаат како сликиПрекрасни фотографии што изгледаат како сликиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.