КАФЕ ПАУЗА

Tag: дама

  • Моќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жени

    Моќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жени

    Погледнете дел од најмоќните феминистички цитати од познати жени кои ќе ве мотивираат да го дадете најдоброто од себе. Некои од нив се познати авторки, политички фигури или членови на феминистички движења, но без исклучок сите се храбри жени кои кажале што мислат, некогаш кажувајќи и шега за да ја доловат својата поента.rnrnМоќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жениrn

    „Вистината ќе ве ослободи, но прво ужасно ќе ве налути.“ – Глорија Стејнем (американска новинарка, позната како лидер на движењето на женското ослободување во 60-тите и 70-тите)

    rnМоќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жениrn

    „Секако дека не сум загрижена за тоа дали ги заплашувам мажите. Оние мажи кои би биле заплашени од мене се токму оние за кои немам никаков интерес.“ – Адичи Чимаманда (нигериска писателка)

    rn

    „Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.“ – Маја Анџело (афро-американска поетеса, авторка, актерка и танчарка)

    rn

    „Лично јас никогаш не сум можела точно да дефинирам што е феминизам, она што го знам е дека луѓето ми велат дека сум феминистка секогаш кога ги изразувам моите чувства кои прават да се разликувам од черга.“ – Ребека Вест (британска авторка, новинарка и критичарка)

    rn

    „Сега како возрасна личност разбирам дека саботажата меѓу девојките е трето по ред најлошо женско однесување, веднаш по лигаво зборување и оставање на бебето во контејнер.“ – Тина Феј (американска актерка и комедијантка)

    rnМоќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жениrn

    „Кога мажот го кажува она што го мисли, тој е човек. Но, кога жената го кажува она што го мисли таа е кучка.“ – Бети Дејвис (американска актерка)

    rn

    „Последно кога проверив, тоа колку една девојка има секс не ги оправдува валканите прекари кои ѝ се даваат.“ – Меги Ројер, поетеса

    rn

    „Еднаш еден маж ми рече дека за жена, сум многу вообразена. Јас му реков ‘За маж, ти си некако некултурен.’“ – Ен Хатавеј

    rnМоќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жениrn

    „Жената е како ќесичка чај. Не знаеш колку е силна додека не ја ставиш во жешка вода.“ – Еленор Рузвелт

    rn

    „Дали стварно верувате дека сè што историчарите ни кажуваат за мажите или за жените е навистина точно? Треба да го имате предвид фактот дека сето тоа било напишано од мажи, кои не би ја кажале вистината освен несакајќи.“ – Модерата Фонте (венецијанска писателка и поетеса од 16-ти век)

    rn

    „Што и да одберете, по колку патишта да патувате, се надевам дека нема да одберете да бидете дама. Се надевам дека ќе најдете начин да ги прекршите правилата и да направите по некоја неволја. Исто, се надевам дека ќе одберете да направите некоја од тие неволји во корист на жените.“ – Нора Ефрон (американска новинарка)

    rn

    „Единствената работа за која мажите не се квалификувани се инкубатори и доилки. Од друга страна пак, единствената работа за која жените не се квалификувани е донатор на сперма.“ – Вилма Скот Хајд, американска писателка

    rn

    „Јас не сум дама. Јас сум член на Конгресот, и токму така и ќе продолжам.“ – Мери Нортон, првата жена од демократската партија, член на Конгресот

    rn

    „Имам и мозок и матка, и ги користам и двете.“ – Патриша Шредер, првата жена од Колорадо, членка на Конгресот

    rn

    „Тоа е исто како некој да рече ‘не верувам во автомобили, но возам автомобил секој ден и ми се допаѓа тоа што ме носи на разни места и ми го прави животот полесен и побрз и не знам што би правел без него.“ – Ејми Полер, американска актерка и комичарка (за жените кои се откажуваат од феминизмот)

    rnМоќни и инспирирачки феминистички цитати од познати жени

  • Како да го копирате летниот стил на единствената Одри Хепберн?

    Како да го копирате летниот стил на единствената Одри Хепберн?

    Одри Хепберн останува непресушна модна инспирација, па со отворањето на летната сезона во нашите плакари неизбежно би помислиле токму на неа. Нејзината елеганција, едноставност и префинетост е пример за тоа што значи да се биде модна икона. Еве како да го копирате летниот стил на Хепберн.rnrnКако да го копирате летниот стил на единствената Одри Хепберн?rn

    Бродска дама

    rnИскомбинирајте шорцеви со висок струк, лесна кошула без ракави и ниски сандали со ремчиња. Толку едноставно и префинето. Токму затоа го сакаме стилот на Одри.rnrnКако да го копирате летниот стил на единствената Одри Хепберн?rn

    Слатка девојка на плажа

    rnЗа да креирате класичен и безвременски изглед искомбинирајте шорцеви со вертикални риги, еднобојна маичка на прерамки и еднобојни балетанки.rnrnКако да го копирате летниот стил на единствената Одри Хепберн?rn

    Класично и женствено

    rnДојде време за аксесоарите. Како основа за овој изглед одберете едноставен еднобоен краток фустан и привлечете внимание со аксесоарите. Искомбинирајте марама со дезен со точки, мали округли обетки, очила со мачкест облик, каиш во иста боја со марамата и голема чанта.rnrnКако да го копирате летниот стил на единствената Одри Хепберн?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тајните на француските дами

    Тајните на француските дами

    Автор: Софија Сионоваrnrn„Је ne sais quoi“ e еден од најпознатите француски изрази кој во превод значи „не знам“, но напротив, тој ни малку не го опишува прецизниот и елегантен стил на француските дами. Тој крие интрига и мистерија, и иако модерната француска жена сѐ уште зачувала некои елементи од тоа, оваа реченица во голем дел се коси со францускиот стил бидејќи денес тој дава одговор на сите прашања.rnrn1-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mkrn

    1. Да живее смокингот!

    rnОва парче облека кое зрачи со сериозност и строг крој спротивставувајќи се на женската силуета е измислено во 60-тите години на минатиот век од страна на Ив Сен Лоран, а и денес е застапено во плакарите на модерната жена.rnrn2-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mkrn

    2. Клучот е во едноставноста

    rnНекогаш лесните, релаксирани и едноставни комбинации се оние кои оставаат најголем и најсилен впечаток.rnrn3-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mkrn

    3. Одберете ниски обувки наспроти високи

    rnРамните обувки се првиот избор на француските девојки, а тие се и попрактични за справување со калдрмата.rnrn4-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mkrn

    4. Сведете ги додатоците на минимум

    rnСуптилниот стил со минималистички златни додатоци е вистинскиот начин да изгледате како модерна француска дама.rnrn5-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mkrn

    5. Моторџиска јакна

    rnКога се прашувате какво палто да облечете, најдобар избор е моторџиската јакна. Верувајте, нема покул од тоа.rnrn6-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mkrn

    6. Оставете нешто незавршено

    rnВашата кошула нека биде полуиспуштена надвор од панталоните, некое копче нека остане незакопчано или пак малку подвиткајте ги чизмите и ќе изгледате како намерно да не сте се потрудиле воопшто. Така ќе привлечете внимание, а ќе заштедите и малку време.rnrn7-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mkrn

    7. Покажете малку кожа на невообичаен начин

    rnПокажување на деколте и нозе? Досадно. Француските девојки повеќе сакаат оригиналност како покажување на вратот и рамениците или пак голиот грб.rnrn8-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mkrn

    8. Додајте едно нетипично парче

    rnТесното кожно здолниште предизвикува уште поголема интрига кога му парира на дебел плетен џемпер и патики.rnrn9-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Дамата и еднорогот“ – Трејси Шевалие

    Книга: „Дамата и еднорогот“ – Трејси Шевалие

    Откријте ја мистеријата зад едно од најдобрите светски дела – „Дамата и еднорогот“, таписериите во кои секоја нишка има своја приказна rnrnДамата и еднорогот - Трејси ШевалиеНаслов на оригиналот: The lady and the unicorn – Tracy ChevalierrnrnТрејси Шевалие е родена во Вашингтон, но поголемиот дел од нејзиниот живот го поминала во Лондон. Пред да започне да се занимава со пишување, неколку години работела како уредник во издавачка куќа. И ден-денес вели дека за неа е вистински шок и изненадување секогаш кога ќе биде објавена некоја нејзина книга. Дипломирала на Англиски јазик и книжевност на „Оберлин Колеџ“ во Охајо, а подоцна магистрирала и на креативно пишување на „Универзитетот на Источна Англија“. Има напишано 7 новели, а меѓу нив е и феноменалната „Девојката со бисерна обетка“ која доживеа и своја филмска адаптација со Колин Фирт и Скарлет Јохансон во главните улоги. Нејзина омилена е сината боја која се користела во ренесансните слики, па не случајно првата новела на Трејси Шевалие е наречена „Девствено сино“. Моментално живее во Лондон заедно со нејзиниот сопруг и син.rnrnДамата и еднорогот - Трејси Шевалиеrnrn

    Синопсис

    rn„Дамата и еднорогот“ е базирана на вистински таписерии со истото име, а новелата се фокусира на приказната околку нивната изработка, како и животите на луѓето кои биле на некој начин поврзани со неа. Без никакви претходни заобиколувања, новелата уште на почетокот нè запознава со семејството кое ги нарачува таписериите и уметникот којшто треба да го изработи првичниот концепт.rnrnСамата новела е поделена во глави, но сите се раскажани од страна на различни ликови и на некој начин му дозволуваат на читателот полесно да се поврзе со емоциите на секој лик поединечно. Дејствието е сместено во 15 век во Париз, а подоцна и во Брисел, а она што започнува како типична приказна за забранетата љубов помеѓу уметник и благородничка, открива многу подлабоки прашања поврзани со начинот на живот во овој период од историјата. Шевалие многу суптилно навлегува во односот помеѓу мајката и ќерката, вечниот судир помеѓу староста и младоста, како и улогата на жената и она што се очекува од неа.rnrnДамата и еднорогот - Трејси Шевалие rnrnОна што крутиот господин Жан ле Вист го бара од уменикот Никола Дезиносант – млад, самоуверен, но и доста талентиран заводник, е таписерија која ја прикажува битката кај Нанси, секако со цел да го воодушеви кралот. А она што го бара неговата жена Женевјев де Нантер е целосна спротивност од крвавата сцена, таа ја сака приказната за дамата и еднорогот, приказна за заведување, младост и страст, сè она што одамна веќе не го чувствува, а сè она што допрва ја очекува нејзината 14-годишна ќерка Клод. Така зачнува идејата за овие славни таписерии, кои од забранетите допири на Никола и Клод под масата во работната соба на нејзиниот татко, нè носи до магичната градина на слепата, но преубава Алиенор, каде Никола повторно ги става на дело своите заводнички способности.rnrnОна што ги прави овие таписерии толку посебни е тоа што секој којшто учествува во нивната изработка на кој било начин, остава дел од своите желби да се испреплетат низ везовите. Особено Никола кој свесно или несвесно ги пренесува своите сексуални фантазии во своето дело и ѝ припишува на дамата од приказната дел од карактеристиките на жените кои толку ги посакува. Па така, кога таписеријата е конечно отсечена од разбојот, низ нишките црвена и зелена боја, низ златните и сребрени преливи, всушност се кријат копнежите и невозвратените љубови.rnrnДамата и еднорогот - Трејси Шевалие rn

    Лична критика

    rnМногу критичари се на работ да ја категоризираат Трејси Шевалие како историски писател и можеби тоа е она што толку ме привлекува кон нејзините дела. Автентичноста на нејзините новели и леснотијата со која ме пренесува толку назад во минатото дефинитивно ја прави еден од подобрите автори кои ги имам читано. „Дамата и еднорогот“ е една од нејзините најстари книги, но ја избрав затоа што приказната зад неа и фактот дека станува збор за реално дело (таписериите денес се наоѓаат во музејот Клуни во Париз) ја прави безвремена. А и да бидеме реални, ние жените секогаш паѓаме на самоуверените уметници кои без нималку срам и со толку самодоверба ја заведуваат секоја девојка која ќе ја запознаат.rnrnОна што можеби најмногу ме воодушеви е тоа што и покрај неговото безобразно и неодговорно однесување, Никола ги претставува убавите жени во неговите дела и на некој начин сепак ја изразува неговата почит кон нив.rnrnОд друга страна, голем љубител сум на симболизмот во ренесансната уметност, а во оваа новела, впрочем во повеќето од Шевалие, е застапен во огромна мера. Секоја сцена од секоја таписерија има свое значење, начинот на којшто дамата го гледа, го гали, го храни еднорогот, секој цвет и секое животно скриено во грмушките носи своја порака. Па претпоставувам ме потсетува на фактот дека ништо не е онака како што изгледа и зад дури обична таписерија, се крие прекрасна и трогателна приказна.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Најдобри и најбезбедни начини да ѝ ја покажете вашата љубов

    Најдобри и најбезбедни начини да ѝ ја покажете вашата љубов

    Велат дека чувството кога си сакан е прекрасно, но уште поблагородно чувство е она кога сакаш искрено. Некои луѓе имаат потешкотии кога станува збор за изразување на емоции. Или можеби досега на многу девојки сте им ја признале вашата љубов, но чувствувате дека овој пат е различно, вистинско, па би сакале љубовта да ја искажете поинаку. Доколку во вашиот живот имате посебна дама на која сè уште не сте ѝ навестиле колку ви значи, можеби најдобро е да го сторите тоа што поскоро.rnrnНајдобри и најбезбедни начини да ù ја покажете вашата љубовrn

    Бидете искрени за она што навистина сте

    rnНикој не би требало веднаш да се отвори како на послужавник. И најчесто луѓето не го прават тоа, ова ни е како одбранбен механизам. Но, по одредено време, ќе мора да бидете искрени. Отворете ги картите и видете дали ве прифаќа онакви какви што навистина сте. Доколку може да се носи со вашите маани и предности, имате сигурна основа за понатамошно искажување на вашата љубов.rn

    Згответе храна

    rnМислите дека изреката „Љубовта доаѓа преку стомакот“ важи само за мажите? Размислете повторно. Девојките имаат развиено чувство за забележување ситници, таа ќе се радува што сте го подготвиле нејзиното омилено нешто, макар да биде тоа омлет со сирење за кој и не се потребни некои големи готвачки капацитети. Кога ќе ѝ покажете дека сте издвоиле време да зготвите оброк, дека тој ги содржи нејзините омилени состојки, знајте дека во истиот момент сте ја освоиле и сте ѝ дале до знаење нешто многу важно.rn

    Давајте ѝ комплименти

    rnСекако, без претерување. Жените сакаат комплименти, но исто така и забележуваат кога не се вистинити или кога се претерани. Одвреме навреме дајте ѝ по некој комплимент како знак дека ја забележувате и нејзината надворешна убавина. Но, секогаш бидете искрени. Не давајте ѝ комплимент за нејзината коса ако навистина не ви се допаѓа новата фризура, подобро речете ѝ дека нејзиниот задник изгледа феноменално во новите фармерки.rn

    Изразувајте се себеси преку мали гестови

    rnВеќе ни е јасно дека жените ги забележуваат малите гестови и ситници. Но она што исто така ни е јасно е тоа дека ретки се мажите кои знаат како да ја изразат својата љубов преку мали гестови. За нив не се потребни ни многу пари ни многу време. Да издвоите дел од вашето скапоцено време и да испратите цвеќе или кутија со бонбончиња на нејзиното работно место, не е голема филозофија, но не на секого ќе му текне. Ваквите гестови ги радуваат девојките, плус придонесуваат и таа да се „затреска“ во вас уште повеќе.rn

    Кажете ѝ во лице

    rnСите гестови кои на индиректен начин ја покажуваат вашата љубов се навистина слатки, но еден ден ќе мора да ѝ го кажете тоа во лице, нема да можете постојано да играте расипан телефон. Вие може да сте нежен и внимателен, но доколку по долго време таа не ги чула тие два збора од вас, ќе почне да се сомнева дали чувствата навистина постојат. Бидете мажи, влезете во кола, застанете пред нејзината врата и заѕвонете. Ако не можете веднаш дирекно да ѝ кажете „Те сакам“, почнете со фрази како „Го обожувам мирисот на твојата коса“. Штом девојката сфати дека сте го поминале градот само за да ѝ речете дека го сакате начинот на кој се смее, верувајте, веќе сè ѝ е јасно.rnrnКога нема да чувствувате потешкотии за да направите што било од горенаведеното, всушност кога сето ова би го направиле со задоволство, тогаш знаете дека таа е онаа вистинската.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 правила кои момците не би требало да ги прекршат

    10 правила кои момците не би требало да ги прекршат

    Поседувајќи ги гестовите кои му доликуваат на еден џентлмен, вие сте оние кои добиваат поени. Главниот дел од градењето на вашите карактерни особини, е почитта кон дамите. Тоа е одраз на вашата култура како личност. Со нивното исполнување не се понижувате себеси, туку напротив, докажувате дека вие сте оформена личност со вистински квалитети. Ова се правилата кои момците би требало да ги почитуваат, а колку често се случува нивното прекршување, е веќе друга тема на разговор.rnrn10 Правила кои момците не би требало да ги прекршатrnrn1. Дамите на КОЈА БИЛО возраст, МОРА да ги третирате со почит.rnrn2. НИКОГАШ не дозволувајте вашата девојка, пријателка или колешка да си оди сама дома, особено навечер.rnrn3. Дамата на првиот состанок НЕ ПЛАЌА ни дел од сметката, макар и состанокот да не бил она што сте го очекувале.rnrn4. Не погледнувајте во друга девојка додека ја држите вашата девојка за рака. Невкусно е и понижувачки. ВАШИОТ поглед е сконцентриран на ВАШАТА дама, дури и да има парада на голи девојки околу вас.rnrn5. НЕ СМЕЕТЕ да си дозволите удобно да бидете сместени на столче, додека до вас има девојка која стои.rnrn6. Кога врне дожд, со дамата до вас сте под еден чадор, кој го држите ВИЕ.rnrn7. Кога вашата мајка се враќа од пазарење, ДОЛЖНИ СТЕ да ја ослободите од товарот.rnrn8. СЕКОГАШ ви е дозволено да се однесувате како јунак кога некоја дама е во неволја.rnrn9. Вашата мајка, сестра или пријателка, не смее да биде навредена од кој било, вие МОРА соодветно да реагирате на упатената навреда.rnrn10. Имате ДОЛЖНОСТ да ја ослободите вашата пријателка од типот кој ѝ додева цела вечер.

  • Стилот на Кејт Мидлтон

    Стилот на Кејт Мидлтон

    Магазинот „Тајмс“ заслужено ја вметна меѓу највлијателните личности за 2012 година. Кејт Мидлтон, не само што е интелигентна и образована жена, туку е и вистинска стилска икона. Таа оформува свој препознатлив и моќен стил, па не е чудо што неа ù се восхитуваат жени и девојки ширум целиот свет. Ајде малку да го анализираме нејзиниот стил на облекување.Стилот на Кејт Мидлтон Во април 2011, официјално стапи во брак со принцот Вилијамс и ù беше доделена титулата Војводка од Кембриџ. Нејзиниот венчален фустан не беше пренатрупан со детали, туку едноставен, но воедно и прекрасен. Всушност, како таков би го опишале и целокупниот нејзин стил. Фустанот беше дизајниран од страна на Сара Бартон од дизајнерската куќа Александар Меквин, а за велот инспирацијата потекнува од венчаницата на Грејс Кели.Стилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт Мидлтон Во денешно време не би било ни прикладно, а ни практично членовите на кралските семејства да носат круни, па затоа ја симболизираат ројалноста со носење раскошни шапки. Кејт е препознатлива по нејзините шапки, бидејќи дефинитивно ги има за секаква пригода.Стилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонИ покрај тоа што е прва сопруга на наследник која нема кралско потекло, Кејт совршено се вклопува во кралското семејство на Англија. Погледнете како традиционалното го вметнува во модерното, секогаш доведувајќи го до совршенство.Стилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт МидлтонСтилот на Кејт Мидлтон
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите скулптури во светот

    Најубавите скулптури во светот

    Векови наназад, големите уметници го збогатија човештвото со извонредни творби. Дел од нив се претставени преку уметноста на скулптурите. Ова е листата на топ 10 најубави скулптури низ светот.rn

    Бронзениот Давид (Bronze David)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnОваа скулптура е направена околу 40-тите години од 15 век од страна на Донатело (1386-1466) и е една од најпознатите скулптури денес. Таа е позната по тоа што е првиот проект во бронзена форма за време на ренесансата. Исто така, претставува првата гола машка скулптура направена после античкиот период. На неа е отсликан младиот Давид со енигматска насмевка, кој ја гази отсечената глава на големиот џин Голијат. Тој е целосно гол, освен капата и чизмите кои се направени од ловоров лист и во својата рака го држи мечот на Голијат.rn

    Девојката со птиците (Savannah Bird Girl Statue)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnОва е дело создадено во 1936 година од скулпторката Силвија Шо Џудсон. Оваа скулптура се наоѓа во Лејк Форест, Илиноис и ја достигнала својата популарност кога била објавена на насловната страница на новелата „Ноќ во градината на доброто и злото“. Направена е во местото Радагл, каде што се наоѓа куќата на нејзиното семејство. Девојката со птиците е изработена во бронза и ја отсликува младата девојка која е облечена во едноставно фустанче, со тажен израз на лицето и главата навалена во лево. Таа стои исправено и во своите раце држи два сада кои се сметаат дека се наменети за хранење птици.rn

    Фрлачот на диск (The Discus Thrower)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnЗа жал, ова е изгубена грчка бронзена скулптура направена во периодот 450-460 п.н.е. Познати се голем број римски копии кои првично биле најдени како изработки од мермер. Пример за таква скулптура е Palombara Discopolus. Како и секогаш во грчката атлетика, фрлачот на диск е гол.rn

    Бакнежот (The Kiss)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnБакнежот е мермерна структура направена во 1889 година од францускиот скулптор Огист Роден. Оваа скулптура има доста интересна приказна. Се работи за италијанската аристократка од 13-от век, Франческа, опеана во „Пеколот“ на Данте. Таа се заљубува во Паоло, помладиот брат на нејзиниот маж Џовани Маластета. Но, како што се вели: секоја голема љубов е трагична, па и нивната приказна не е исклучок. Така заљубени и читајќи ја легендата за Ланцелот, биле пронајдени од мажот на Франческа и убиени. Во скулптурата, дури може да се види книгата во раката на Паоло. Впрочем, на самата скулптура се гледа дека при бакнежот нивните усни не се допираат што иницира на тоа дека биле прекинати.rn

    Хермес и малиот Дионис (Hermes and The Infant Dionysus)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnОваа скулптура е позната уште како Хермес од Праксителес или Хермес од Олимпија, а била откриена во рушевините на храмот на Хера. Денес се наоѓа во олимпискиот археолошки музеј. Скулптурата традиционално му се припишува на Праксителес и датира од 4 век п.н.е, врз основа на забелешките на грчкиот патник Павзаниј, кој направил голем придонес за дефинирање на праксителеанскиот стил. Сепак, неговите прибелешки се тема на жестоки контроверзии меѓу историчарите на уметноста.rn

    Правда (Lady Justice)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnДамата-правда е една од најпознатите светски скулптури. Кој е причинител за нејзиното настанување, сè уште не се знае, меѓутоа се претпоставува дека таа потекнува од времето на Грците и римјаните кои ја сметале за божица на правдата и законот. Факт е дека оваа скулптура ги краси сите судници во светот и затоа е толку популарна. За неа се познати и други имиња како Скала на правда и Слепа правда.rn

    Оплакување (La Pieta)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnКреирана од Микеланџело, оплакувањето ја отсликува Богородица како го држи својот син Исус во прегратка. Пред оваа скулптура, Микеланџело не бил многу познат скулптор. Тој имал само околу 20 години кога во 1498 година му било кажано да направи скулптура на Богородица како го оплакува својот син, во вистинска големина. За две години и тоа од само една плоча мермер, тој ја создаде оваа скулптура која кога ја гледате ви навираат солзи во очите.rn

    Мислителот (The Thinker)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnМислителот е исто така дело на Огист Роден. Првичното име на оваа скулптура била „Поетот“ и била наменета да стои пред влезот на музејот на уметности во Париз. Роден го засновал своето дело врз Божествената комедија на Данте и сите статуи претставуваат лик од оваа епска поема. Мислителот, бил првично наменет, да го отслика Данте пред портите на пеколот како размислува за својата поема (финалната скулптура е всушност минијатурна статуа која седи на врвот од портите и размислува за оние кои се под него). Скулптурата е гола, како би се продолжила традицијата на Микеланџело каде што Роден преку неговото херојско дело сакал да отслика и поезија и интелект.rn

    Венера де Мило (Venus de Milo)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnОваа скулптура е создадена некаде меѓу 100-130 година п.н.е. и се верува дека е направена да се отслика убавината на Афродита, грчката божица на љубовта и убавината. Таа е мермерна структура, голема 203 см. Нејзините раце и оригиналното цокле се изгубени, меѓутоа на натписот од остатоците од цоклето се смета дека е дело на Александрос од Антиохија, кое претходно погрешно се мислеше дека е дело на Праксителес. Денес Венера де Мило се наоѓа во музејот во Лувр, Париз и интересно за неа е што била случајно пронајдена на полето на еден фармер.rn

    Давид (David)

    rnНајубавите скулптури во светотrnrnДавид е ремек-дело на ренесансната скулптура, креирано меѓу 1501-1504 година од италијанскиот уметник Микеланџело. Таа е 5,17 метри висока мермерна структура од гол маж. Статуата го претставува библискиот херој Давид, кој е омилена тема во уметноста на Фиренца. Првично била наменета да ја краси катедралата на Фиренца, но потоа била преместена на јавниот плоштад надвор од Palazzo Della Signoria (средиштето на граѓанската влада во Фиренца), каде била пронајдена на 8 септември 1504 година. Поради природата на овој херој, наскоро скулптурата станала симбол за одбрана на граѓанските слободи во Фиренца, која тоа време била град-држава. Во 1873 година, статуата била преместена во академската галерија во Фиренца, а на местото на нејзиното пронаоѓање изработиле иста скулптура на Давид (реплика). Предупредувачиот отсјај во неговиот поглед е свртен накај Рим.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.