КАФЕ ПАУЗА

Tag: цени

  • 10 најевтини бунгалови и вили над вода

    10 најевтини бунгалови и вили над вода

    Сметувањето во вили и бунгалови над вода е наменето за оние со подлабок џеб, но ако веќе сте решиле таму да трошите пари, сајтот Price of Travel го направи изборот на 10 од нив во кои ќе си поминете најевтино. Цените се однесуваат на ноќевања во соба за двајца вон сезона.rn

    Вилите на Златното палмино дрво, Малезија

    rnНајевтините вили над вода се наоѓаат во Малезија, недалеку од Куала Лумпур. Двајца можат да преноќат овде за 118 евра.rnrn10 најевтини бунгалови и вили над водаrn

    Гангехи Ајленд Ресорт, Малдиви

    rnСоба за двајца во најевтините малдивски бунгалови над вода чини 137 евра. Ако некој патува сам, ќе треба да плати само 106 евра за една ноќ над чистата вода на Индискиот Океан.rnrn10 најевтини бунгалови и вили над водаrn

    Корал Лоџ, Островите Сан Блас, Панама

    rnОва тивко одморалиште содржи само шест бунгалови. Цените се движат од 183 евра па нагоре.rnrn10 најевтини бунгалови и вили над водаrn

    Клуб Бали Хаи, Муреа

    rnОсновачите на Клуб Бали Хаи тврдат дека тие ги измислиле првите надводни бунгалови. Без оглед на тоа дали се во право, цената од 189 евра за една ноќ ги прави најевтини во овој дел од Пацификот.rnrn10 најевтини бунгалови и вили над водаrn

    Раијатеа Хаваики Нуи Хотел, Раијатеа, Јужен Пацифик

    rnНа малото островче Раијатеа, кое е изгубено некаде во Јужниот Пацифик се наоѓа овој хотел чии соби се над вода. Ако се упатите натаму ви требаат 192 евра по ноќевање.rnrn10 најевтини бунгалови и вили над водаrn

    Ентонис Ки Ресорт, Хондурас

    rnБунгаловите не се далеку во океанот како кај другите примери од оваа листа, но сепак влегува во оваа категорија. Сместени се на приватен остров недалеку од брегот на Хондурас. Ноќевањето за двајца чини 206 евра.rnrn10 најевтини бунгалови и вили над водаrn

    Отелито Десконсидо, Пуерто Валјарта, Мексико

    rnЗа 206 евра можете да се сместите и во романтичниот Отелито Десконсидо на мексиканскиот брег. Хотелот се снабдува со енергија исклучиво преку соларни панели, така што гостите во некои вечери мораат да се потпрат само на свеќи, што и не им пречи многу.rnrn10 најевтини бунгалови и вили над водаrn

    Еклипс де Мар Аквалоџ, Панама

    rnНоќевањето над карипските води во Еклипс де Мар Аквалоџ е привлечно за оние со поавантуристички дух, поради разните спортски активности кои се нудат. Тоа чини 210 евра.rnrn10 најевтини бунгалови и вили над водаrn

    Медхуфуши Ајленд Ресорт, Малдиви

    rnВонсезонски аранжман на овој малдивски ресорт чини 213 евра. Сите 46 вили важат за доста големи за оваа цена.rnrn10 најевтини бунгалови и вили над водаrn

    Велидху Ајленд Ресорт, Малдиви

    rnМалдивскиот остров Велидху не е толку голем и гламурозен како другите од архипелагот, но затоа е поевтин. Двајца можат за 225 евра да ноќеваат овде и да уживаат исто колку и на околните островчиња.rnrn10 најевтини бунгалови и вили над водаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 мудри заповеди за шопинг на распродажба

    9 мудри заповеди за шопинг на распродажба

    Податокот дека во текот на јануарските попусти жените во Велика Британија трошат повеќе од милијарда фунти за облека која нема никогаш да ја облечат, е и тоа како загрижувачки. За да не постанете и вие жртва на распродажбите, проучете ги нашите мудри совети, кои ќе ви заштедат време и пари.rnrn9 мудри заповеди за шопинг на распродажбаrn

    1. Ѕирнете во плакарот

    rnПред да тргнете на шопинг, преуредете го вашиот плакар, со цел да видите што сѐ чувате во него. Можеби имате нешто одамна заборавено во некоја кутија, па непотребно ќе посегнете да го купите во првиот бутик во кој ќе влезете. Добро разгледајте што имате и што ви фали. Дали се тоа секојдневни парчиња облека, класичен капут, чевли, свечена облека или можеби долго посакуваната кожна јакна? На распродажба се достапни сите модни парчиња, а вие треба да ги изберете оние кои навистина ви се потребни, како и во секој стандарден шопинг.rn

    2. Направете список и заштедете

    rnНа еден лист, напишете што сѐ ви е потребно да си купите, и понесете го со себе за време на пазарењето. На тој начин ќе го заштедите времето во непотребно лутање по продавниците, а воедно ќе заштедите и пари, бидејќи нема да ги расфрлате на непотребни работи.rn

    3. Одредете буџет

    rnОднапред одредете го максималниот износ кој сакате да го потрошите, за потоа да не се каете дека сте го испразниле паричникот. На пример, доколку сакате да потрошите 6.000 денари, извадете токму толку од вашата картица, ставете ги во паричникот и заборавете дека имате уште пари на неа. Кога ќе го потрошите последниот денар од паричникот наменет за купување, ќе заврши и вашиот шопинг.rnrn9 мудри заповеди за шопинг на распродажбаrn

    4. Со испробување започнете пред снижувањата

    rnОблеката која ви се допаѓа, пробувајте ја пред да започне шопинг-лудилото во вашиот град. Кога ќе најдете нешто коешто добро ви стои, запишете од која продавница е и кој број ви одговара. На тој начин ќе заштедите време во чекање пред гардеробите и ќе го зграбите посакуваното парче пред другите. Доколку е веќе доцна за тоа, немојте импулсивно да купувате без да знаете дали бројот ви одговара. Евтино или не, фрлени пари – се фрлени пари.rn

    5. Не го чекајте последниот ден од распродажбите

    rnСо обиколка на трговските центри започнете што побрзо, бидејќи во текот на првите денови кога започнале попустите, повеќето луѓе не се информирани за тоа и плус сите најдобри и најатрактивни парчиња облека се достапни. Во последните денови остануваат само најмалите и најголемите броеви и изборот е многу мал.rn

    6. Заштитете се од манипулативните попусти

    rnНа многу бутици пишува дека има 50% попуст, но кога ќе ги погледнете цените, сѐ е прилично скапо. Нека не ве мамат процентите на излогот. Проверете ги цените во неколку бутици и заклучете што е навистина на попуст, а што е измама која ве мами импулсивно да пазарите зашто има голем „попуст“.rn

    7. Старата цена на производот мора да биде видлива

    rnТрговците честопати врз старата цена ја лепат новата, но по правило на етикетата на артиклите треба да е видлива и старата цена, па и процентот за кој производот е снижен. На овој начин, ќе имате увид колку навистина е голема вашата заштеда. Гужвата, гласната музика и еуфоријата може да ве зашемети, но држете ги очите широко отворени.rn

    8. Инвестирајте во детали

    rnНаместо да купувате евтини грди маици, кои ќе ги носите само дома, инвестирајте во сјајни модни детали. Искористете прилика да го купите посакуваниот накит, шал, долна облека, колан или чанта, додека траат попустите.rn

    9. Одберете ги утринските или вечерните часови

    rnПовеќето од нас одат на шопинг по завршувањето на работното време, поради што трговските центри се пренатрупани, а гужвата е неизбежна. Овие фактори влијаат на нашето трпение, поради што сме подготвени да купиме и непотребни производи. Поради тоа, доколку имате можност, избегнувајте да купувате за време на викендите и касно попладне.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За колку пари можете да си купите Ламборгини?

    За колку пари можете да си купите Ламборгини?

    Ламборгини ги објави цените за своите модели кои ќе бидат достапни во 2012 година. Па доколку размислувате за купување на некои од нивните модели, треба да знаете кој колку би ве чинел. Се разбира, како и на секој друг автомобил цената варира во зависност од тоа што сакате да му додадете на основниот модел. Ова се цените кои светскиот бренд ги нуди во 2012 година за своите основни модели.rnrn

    За колку пари можете да си купите Ламборгини?
    Gallardo LP550-2 Coupe – 187.900 американски долари
    rnrn
    За колку пари можете да си купите Ламборгини?
    Bicolore – 191.900 американски долари
    rnrn
    За колку пари можете да си купите Ламборгини?
    Gallardo LP 560-4 Coupe – 202.000 американски долари
    rnrn
    За колку пари можете да си купите Ламборгини?
    Spyder – 225.400 американски долари
    rnrn
    За колку пари можете да си купите Ламборгини?
    Gallardo LP 570-4 – 237.600 американски долари
    rnrn
    За колку пари можете да си купите Ламборгини?
    Spyder Performante LP 570-4 – 248.000 американски долари
    rnrn
    За колку пари можете да си купите Ламборгини?
    Aventador LP 700-4 – 387.000 американски долари
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.