КАФЕ ПАУЗА

Tag: целулит

  • 5 работи кои треба да ги знаете за целулитот доколку сакате да го отстраните

    5 работи кои треба да ги знаете за целулитот доколку сакате да го отстраните

    Личи како кора од портокал, лошо делува, тврдоглав е и воочлив. Се наоѓа на нозете, на задникот, на стомакот, на рацете… Погодете за што станува збор? Секако, во прашање е вашиот најлош непријател… Целулитот! Објавете му војна! Го дешифриравме и ги откривме најдобрите начини како оваа пролет да започнете борба од која ќе излезете како победник. Девет од десет девојки имаат целулит кој ја менува површината на кожата и ја намалува нејзината цврстина, па ако и вие сте едни од нив, прочитајте ги следниве пет правила што треба да ги знаете за да го запознаете и да го победите вашиот непријател.rnrn1-5-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-celulitot-a-bi-trebalo-dokolku-sakate-da-go-otstranite-www.kafepazua.mk_rn

    1. Маста има ритам

    rnСекоја клетка, па дури и масната, има сопствен биоритам. Така маснотиите од телото се ослободуваат наутро (што се нарекува липоза), а се насобираат навечер (што се нарекува липогенеза).rn

    Што значи тоа?

    rnСамо севкупната грижа за себе може да остави трајни резултати кога е во прашање слабеењето. И кога станува збор за исхраната, вежбањето, па дури и за масажата, важат истите хронобиотички закони, па вистинскиот момент игра одлучувачка улога: акцијата за спречување на насобраните масти мора да следи кога клетката природно се ослободува од маснотијата.rn

    2. Претпладневна и попладневна исхрана

    rnАко сакаме да се храниме здраво без дебелеење, треба да ја почитуваме рамнотежата на полнењето и празнењето на масните клетки, бидејќи овие процеси го регулираат инсулинот.rn

    Што значи тоа?

    rnИнсулинот е клучен процес за собирање резервни масти. Наутро е наједноставно да ги исфрлите масните клетки. Можеме да си дозволиме сладок или месен енергетски појадок. Во првата половина од денот би требало да апсорбираме од 70 до 80% од дневното енергетско внесување. Навечер стартуваат механизмите за интензивно собирање на маснотијата, па оброкот не смее да биде преобилен.rnrn2-5-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-celulitot-a-bi-trebalo-dokolku-sakate-da-go-otstranite-www.kafepazua.mk_rn

    3. Кој е најдобриот спорт?

    rnЦиркулацијата се подобрува со повторување на притисокот на петата.rn

    Што значи тоа?

    rnДека најдобриот спорт во борбата против целулитот е џогингот. Можете да го замените со одење за да ги сочувате зглобовите. Редовно занимавајте се со каква било физичка активност, ако е можно од два до три пати неделно, и минимум 40 минути без прекинување.rn

    4. Што и како да јадете?

    rnУрамнотежената исхрана е важна, како и начинот на којшто јадеме.rn

    Што значи тоа?

    rnЗлатно правило: Од три до пет оброци дневно во исто време. Избегнувајте ги стресните ситуации во текот на оброците, јадете полека и добро џвакајте ја храната. Јадете во одредено време. Исфрлете го „многу жешкото“ и „многу ладното“, бидејќи може да го иритираат вашиот дигестивен тракт. Избегнувајте ја храната која дува (пример, зелје, блитва…)rn

    5. Масажата е клучна

    rnМасажата, тврдат терапевтите, влијае на успешноста на борбата против инфилтрираниот целулит.rn

    Што значи тоа?

    rnМасажата делува на исцедувањето и стимулирањето на микроциркулацијата и ослободува од стресот кој предизвикува складирање на маснотиите и задржувањето вода. Заедно со масажата би требало да пиете минимум еден литар вода дневно.

  • Мед и сода бикарбона: Зошто жените полудеа за овој рецепт?

    Мед и сода бикарбона: Зошто жените полудеа за овој рецепт?

    Полека се приближува времето кога секоја жена почнува да добива напади на паника – доаѓа лето, а на бутините и задникот одлично се гледаат последиците од уживањето во зимската храна и физичката неактивност, во форма на целулит. Ако и вие се пронајдовте во овој опис, тогаш не сте единствени. Дали знаевте дека дури 80% од жените имаат проблем со целулитот, вклучувајќи ги и познатите ѕвезди?rnrnМед и сода бикарбона: Зошто жените полудеа за овој рецепт?rnrnИако на пазарот постојат огромен број производи за борба со целулитот, според дерматолозите, има еден природен лек што е поефикасен од сè што можете да купите. Станува збор за смеса од две состојки што сите ги имаме во нашиот дом – сода бикарбона и мед!rnrnЕдноставно измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица мед, додајте малку вода и ставете ги на оган да зовријат. Откако ќе почне да врие, варете ја смесата 2 до 3 минути, па оставете ја на кратко да се олади (не целосно) и додека е уште млака, масирајте го со неа оној дел од телото каде што имате целулит. Масирајте околу 3 минути, а потоа измијте се со топла вода. На проблематичните делови нанесете чист мед, па масирајте уште 4 до 7 минути.rnrnСпоред експертите, како и жените што веќе го пробале овој рецепт, тоа е најдобриот начин да се ослободите од целулитот и дупките на кожата што прават таа да изгледа рапаво. Масажата со мед ќе ја подобри циркулацијата на крвта, ќе ги намали наслагите со целулит, без притоа да внесувате хемикалии и токсини во вашето тело.rnrnСовет: Не смеете да претерувате со употребата на оваа смеса, особено не со силно притискање за време на масажата бидејќи можете да си ги испукате капиларите.rnrnДознајте и како со кофеин да се изборите против целулитот!

  • 6 видови облека што го кријат целулитот

    6 видови облека што го кријат целулитот

    Многу жени се во потрага по различни начини за да го сокријат својот целулит. Грозниот изглед кој најчесто се појавува на задникот, колковите, стомакот или бутовите може да се појави кај секого, без исклучок. И секако, тој е почест кај оние кои имаат повеќе килограми, но слабите девојки во никој случај не се исклучок.rnrnКолку и да се обидувате да го намалите целулитот со различни креми, вежбање или начин на исхрана, доколку не успеете во вашите намери, постојат одредени видови облека што можат да ви помогнат. Па, погледнете какви парчиња облека би требало да изберете доколку се соочувате со овој грозен непријател.rn

    1. Долна облека која го затегнува телото

    rnПостојат многу видови долна облека кои може да ви помогнат да ги решите проблемите со целулитот, а кои се вклопуваат под речиси секој вид облека.rnrn6 видови облека кои може да ви го сокријат целулитот rn

    2. Хеланки

    rnАко мислите дека хеланките само ви го оцртуваат целулитот, тогаш добрите вести се дека не се сите хеланки исти, така што постојат голем број опции. Можеби ќе треба да вложите неколку денари плус, со цел да си обезбедите хеланки со повисок квалитет, но сепак, на крајот тоа ќе ви се исплати. Исто така, општо прифатено правило е секогаш да избирате црна или некоја потемна нијанса.rnrn6 видови облека кои може да ви го сокријат целулитот rn

    3. Некои видови бикини

    rnАко се чувствувате и самите свесни за својот проблем со целулитот, тогаш костумот за капење не треба да ви биде вашиот најголем непријател. Можете да изберете некои бикини во вид на шорцеви кои ќе ви обезбедат покриеност на вашиот задник и горниот дел на бутовите.rnrn6 видови облека кои може да ви го сокријат целулитот rn

    4. Модели на облека со дизајни

    rnНе морате секогаш да носите едноставна и здодевна облека. Додека светлите бои може да направат да ви биде незгодно, некои парчиња облека со дезени може да ви бидат пријатели, прикривајќи ги вашите несакани дупчиња. Смелите геометриски форми или цветните дизајни ќе го пренасочат вниманието од проблематичните области.rnrn6 видови облека кои може да ви го сокријат целулитот rn

    5. Црни парчиња облека

    rnКога станува збор за прикривање на целулитот, црната боја не е добра само за хеланки, туку и за панталони, здолништа или фустани. Црната боја е позната по тоа што покажува послаба фигура и ги израмнува нерамнините, особено во колковите и областа на задникот.rnrn6 видови облека кои може да ви го сокријат целулитот rn

    6. Хулахопки

    rnСигурно помислувате дека хулахопките се последна опција која може да ви го сокрие целулитот. Но, пред да ги отфрлите од вашиот ум, погледнете подетално на тоа какви избори на хулахопки ви се нудат. Постојат некои кои се подебели и потемни и кои може визуелно да ви ги намалат колковите, задникот и нозете, без разлика дали сте облечени во мини здолниште или мини фустан.rnrn6 видови облека кои може да ви го сокријат целулитот

  • Момците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското тело

    Момците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското тело

    Најголемиот кошмар за сите жени е целулитот. Целулитот е воедно и најголемиот виновник за ниската самодоверба кај жените, како и за нивното одбегнување да го покажат телото на светлина. Станува збор за маснотии кои се собираат под кожата и создаваат видливи дупчиња на нејзината површина. Тие стануваат повидливи како што жените стареат. Жените обично се загрижени дека доколку мажите ги забележат нивните бутови и задник покриени со целулит, ќе си помислат дека се премногу стари, премногу дебели или дека не се доволно згодни за да им бидат сексуално привлечни. Но, што навистина мислат мажите за оваа неминовна појава присутна и кај најслабите девојки? Прочитајте ги нивните одговори…rnrnМомците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското телоrn

    Кога пред вас ќе застане гола жена, што е првото нешто што го забележувате?

    rn

    „Веројатно нејзините гради, бидејќи тие се најзабележливи. Но, веднаш потоа погледот ми залетува накај нејзината вагина.“

    rn

    „Облините, рамената, градите, половината, колковите и нозете.“

    rn

    „Барам дали има тетоважи!“

    rn

    „Стомакот.“

    rn

    „Обликот на телото.“

    rn

    „Градите.“

    rn

    „Лицето.“

    rn

    „Насмевката“

    rn

    „Дали е наежена или не.“

    rn

    „Нејзините гради, обликот и големината.“

    rn

    „Струкот, колковите, вагината.“

    rn

    „Нејзината фигура во целина.“

    rn

    Што ви се допаѓа најмногу кога станува збор за женската кожа?

    rn

    „Нежноста.“

    rn

    „Топлината.“

    rn

    „Обожавам кога девојката има нежна кожа со сладок мирис.“

    rn

    „Директниот допир кожа на кожа е многу сензуален и возбудлив.“

    rn

    „Мекоста.“

    rn

    „Мирисот и можноста за возбудлива предигра што ја нуди.“

    rn

    „Тенот. Обожавам исончан или многу блед тен на кожата.“

    rnМомците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското телоrn

    Со неколку зборови објаснете што е целулит

    rn

    „Маснотии видливи на кожата?“

    rn

    „Маснотии што создаваат дупчиња.“

    rn

    „Акумулирани масни наслаги и соли.“

    rn

    „Масни клетки.“

    rn

    „И јас имам целулит.“

    rn

    „Нормална работа, многу мал проблем.“

    rn

    „Маснотии под кожата.“

    rn

    „Телесни маснотии што имаат специфичен изглед.“

    rn

    „Не сум сигурен што е, но ѝ дава нерамен изглед на кожата.“

    rn

    „Немам поим. Маснотии?“

    rn

    Дали некогаш сте забележале целулит кај жените? Доколку сте забележале, што мислите за него?

    rn

    „Не му обрнувам многу внимание, ниту ми е гајле за него.“

    rn

    „Сум забележал, но не влијае на мојот впечаток.“

    rn

    „На некои жени подобро им стои отколку на други.“

    rn

    „Обично маснотиите се цврсти и тоа е во ред. Но, ако се опуштени насекаде на кожата, тогаш не сум сексуално привлечен.“

    rn

    „Зависи.“

    rn

    „Не секогаш.“

    rn

    „Веројатно да. Но, не размислувам за тоа.“

    rn

    „Понекогаш, нормално е.“

    rn

    „Жената треба да биде ептен во добра форма за да нема целулит. Не ми пречи, освен ако не е претерано одвратно.“

    rn

    „Ретко и зависи од жената. Понекогаш не ми пречи, а облините секогаш се многу секси.“

    rn

    „Го забележувам, ама сеедно ми е.“

    rnМомците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското телоrn

    Кога би требало да ѝ го опишете целулитот на саканата, но притоа таа да не дознае за што станува збор, како би го опишале?

    rn

    „Делот од неа што го прави нејзиниот задник неодолив.“

    rn

    „Нешто што едноставно постои?“

    rn

    „Убави несовршености.“

    rn

    „Прекрасно нешто.“

    rn

    „Таа има повеќе проблеми со него одошто јас. Има многу малку целулит.“

    rn

    „Не знам дали би можел… Навистина не обрнувам внимание. Кога мојата сакана изгуби 8 килограми, морав на внимателен начин да ја потсетам дека не сум забележал ни кога се здебелила.“

    rn

    „Нешто што не е голема работа.“

    rn

    „Не би го опишувал. Зошто би размислувал за тоа? Нема никакво влијание на мојата љубов кон неа.“

    rn

    „Каков целулит?“

    rn

    „Најпросто. Масни линии.“

    rn

    Дали целулитот кај жената влијае на тоа колку ви е привлечна?

    rn

    „Не можам да си замислам дека би можело да влијае, иако теоретски постои можност. Сум бил со многу крупни девојки и на некои места кожата како да им беше одвоена од телото. Тоа не ми беше баш пријатно.“

    rn

    „Не, освен ако нема навистина голем проблем со вишокот килограми.“

    rn

    „Можеби.“

    rn

    „Не ми се допаѓа, но и слабите згодни девојки го имаат, затоа што тоа е нешто нормално. Така што, веројатно зависи.“

    rn

    „Повеќе зависи од нејзиното општо физичко здравје.“

    rn

    „Воопшто не. Сум бил со секакви жени.“

    rn

    „Можеби, ако има навистина многу целулит.“

    rn

    „Би можело, во зависност од тоа до кој степен има целулит и како ѝ стои на фигурата.“

    rn

    „Не, тоа се само маснотии.“

  • 5 митови за целулитот на кои треба веднаш да заборавите

    5 митови за целулитот на кои треба веднаш да заборавите

    Да, целулитот знае да биде навистина здодевен. Но, сепак постои фактот дека 90% од жените го имаат во некоја форма. И покрај тоа што не можете да преземете многу нешта за да се борите со него, треба да ги знаете позитивните и негативните страни, зошто тој се појави и дали можете да се ослободите од него.rnrn5 митови за целулитот на кои треба веднаш да заборавитеrn

    Мит #1 – Само луѓето со прекумерна тежина имаат целулит

    rnНе. Целулитот (маснотиите под кожата кои се појавуваат во вид на дупчиња бидејќи го туркаат сврзното ткиво) воопшто не гледа тежина. И покрај тоа што вишокот килограми можат да го направат полесно забележлив, врз целулитот најмногу влијае стареењето, генетиката, промените во тежината, па дури и оштетеноста од сонцето. И може да им се случи на жени од сите форми и големини.rn

    Мит #2 – Со губењето на тежината ќе исчезне и целулитот

    rnБидејќи промените во тежината се клучен фактор за присуството на целулитот, губењето тежина всушност може да го нагласи неговото присуството, во зависност од начинот на кој ја губите. Диетите кои овозможуваат брзо губење тежина преку изгладување не се воопшто здрави, но исто така можат и да го направат целулитот поочигледен бидејќи овие големи промени за краток временски рок прават кожата да ја изгуби својата еластичност, предизвикувајќи поголемо внимание кон овие лоши дупчиња во неа.rn

    Мит #3 – Кардио вежбите се најдобриот начин да се борите со целулитот

    rnНајпрво, треба да знаете дека сите вежби можат да го затегнат ткивото под кожата со дупчиња. Но, тоа не може да се случи ако само трчате на лента. Вие би требало да почнете да кревате тегови со цел да ја измазните кожата на мускулно ниво. Од друга страна пак, кардио вежбите можат да ви помогнат најдобро да се справите со варијациите во тежината.rn

    Мит #4 – Кремите за зацврстување на кожата се ослободуваат од целулитот

    rnИзвинете, но и покрај тоа што рекламите за овие креми делуваат многу убедувачко, не постои „лек“ кој би можел трајно да го намали целулитот. Одредени продукти, особено оние кои содржат ретинол, можат краткотрајно да ги маскираат малите дупчиња, но на долг рок, едноставно сè уште не постои крема која би можела да ви помогне да се справите со проблемот.rn

    Мит #5 – Липосукцијата може да го направи помалку забележлив

    rnНе само што е многу скапа и болна, липосукцијата всушност може да го направи целулитот полош, бидејќи правите неред во дистрибуцијата на маснотиите, што може да создаде дополнителни дупчиња каде што претходно немало. Држете се до вашата рутина во теретаната и едноставно помирете се со фактот дека одвреме-навреме целулитот им се случува на сите.

  • Подгответе се навреме за летото: 30-минутни вежби за совршено бикини тело

    Подгответе се навреме за летото: 30-минутни вежби за совршено бикини тело

    Целулитот често се смета за најголемото проклетство на жените, бидејќи голем број дами патат од овој упорен проблем – здодевните дупчиња на кожата и масните наслаги во пределот на задникот, бутините и стомакот. Сепак, колку и да сакаме, не можеме да го отстраниме преку ноќ, но постојат неколку вежби кои со малку напор би можеле да ни дадат одлични резултати.rnrnПодгответе се навреме за летото: 30-минутни вежби за совршено бикини телоrnrnСтанува збор за 30-минутни вежби кои можете да ги правите и во удобноста на вашиот дом, а се едни од најефикасните и најевтините методи со чија помош можете да се соочите со целулитот. Едноставно следете го ова видео и за кратко време ќе почнете да забележувате дека тој едноставно се топи и исчезнува од вашето тело.rnrn

  • Магична комбинација која ги брише брчките, килограмите и целулитот

    Магична комбинација која ги брише брчките, килограмите и целулитот

    Станува збор за едноставен рецепт за освежување и вкусен пијалак кој е идеален за меѓу оброците, како и за појадок или вечера, а направен е од состојки кои докажано делуваат позитивно врз вашиот тен, регулирање на телесната тежина и намалување на целулитот.rnrnМагична комбинација која ги брише брчките, килограмите и целулитот rn

    За оваа напивка ќе ви бидат потребни:

    rnЈогурт – совршено делува на маснотиите во телото и го регулира варењето на храната со помош на добрите бактерии кои благотворно влијаат врз дигестивниот систем.rnrnБоровинки, јагоди, капини, малини и рибизли – моќни антиоксиданси кои се преполни со витамин Ц, кој го поттикнува производството на колаген, ја негува кожата и го чува имунитетот.rnrnЃумбир – ја подобрува циркулацијата, ја затегнува и подмладува кожата, ги олеснува грчевите и ја отстранува болката во мускулите.rnrnБанана – содржи огромни количини калциум кој го регулира задржувањето вода во организмот, а со тоа и го намалува насобирањето на целулитот под површината на кожата.rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер сипете го ладниот јогурт (околу 200 милилитри), а по желба додајте и неколку коцки лед, со цел дополнително да го освежите пијалакот. Додајте ја вашата омилена комбинација овошја (на пример, една рака шумско овошје и една банана), а потоа добро измешајте и веднаш сипете во чаша. Поради силниот вкус, со ѓумбирот не треба да претерувате, па токму затоа отсечете дел кој е со големина на нокот од палец. Во напивката можете да додадете и свеж лист нане или малку цимет и мед. Можете слободно да комбинирате и бадеми.rnrnНаправете ја комбинацијата по ваш вкус и имајте на ум дека треба да го испиете овој пијалак веднаш по правењето.

  • Кафе, сол и кокосово масло: Комбинација која ќе го реши вашиот најголем проблем

    Кафе, сол и кокосово масло: Комбинација која ќе го реши вашиот најголем проблем

    Целулитот е еден од најздодевните женски непријатели кој може да се најде на скоро секоја жена во светот. Со доаѓањето на топлите температури и откривањето на вашите нозе, овој проблем станува уште поголем. Па, доколку сакате лесно да се справите со целулитот и да го направите што е можно поневидлив додека отидете на плажа, тогаш погледнете го овој одличен рецепт кој брзо делува.rnrnКафе, сол и кокосово масло: Комбинација која ќе го реши вашиот најголем проблемrnrnТој е едноставен за подготовка и ви се потребни само 3 состојки: мелено кафе, сол и кокосово масло. Во еден сад додајте 10 грама мелено кафе, 6 лажички кокосово масло и 3 лажички сол. Измешајте ги добро состојките. Пред да влезете да се туширате, со помош на четка од природни влакна, тријте на површината каде што имате целулит со цел да ја подобрите циркулацијата и да ја подготвите кожата да ги впие состојките од пилингот.rnrnЗа време на туширањето, кога вашата кожа ќе биде намокрена, со кружни движења нанесете го лосионот. Колку подолго масирате, толку поголем ефект ќе забележите. Кофеинот од кафето ќе ја забрза вашата циркулација и значително ќе ја затегне вашата кожа, зрнцата сол ќе ви направат одличен пилинг, додека пак кокосовото масло ќе ја нахрани и омекне.rnrnПокрај овој домашен лосион против целулит, многу ќе ви помогне доколку почнете да вежбате и да пиете големо количество вода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ослободете се од целулитот за 30 дена: Природен домашен лосион

    Ослободете се од целулитот за 30 дена: Природен домашен лосион

    Со приближувањето на летото повеќето луѓе почнуваат да се грижат за својот изглед, а особено жените. Една од нивните најголеми болки е целулитот. Тоа е естетски проблем кој може да се појави и кај мажите и кај децата, но најчесто на мета се жените со оглед на тоа дека се јавува кај 95% од нив.rnrnoslobodete-se-od-celulitot-za-30-dena-priroden-domashen-losion-kafepauza.mkrnrnБлагодарение на овој рецепт за природен лосион, резултатите ќе ги забележите веќе за 30 дена. Не трошете пари на креми и третмани, дома можете сами да си направите евтино средство кое навистина може да ви помогне.rnrnСоставот на овој лосион е многу поедноставен во споредба со комплицираниот состав на купечките креми и гелови со стотици хемиски состојки кои најчесто не функционираат.rnrnНаправете го овој лосион и секојдневно со него мачкајте ги погодените места. Резултатите ќе бидат набрзо видливи, секако доколку сте упорни.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • ½ јаболко
    • rn011

    • 2 моркови
    • rn011

    • 1 краставица
    • rn011

    • ¼ главица свежа зелка
    • rn011

    • 1 лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНаправете сок од сите овие состојки, добро измешајте и протресете.rn

    Начин на употреба:

    rnНанесувајте го секој ден по еднаш, најдобро пред туширање. Вмасирајте го на сува кожа во деловите кои се зафатени со целулит и погрижете се добро да впие.rnrnОблечете стари памучни хеланки, седете или лежете и после половина час истуширајте се.rnrnОстатокот од сокот чувајте го во фрижидер. Подготвувајте нова тура од лосионот по потреба.rnrnКомбинацијата на овие моќни сокови кои се познати по своето фантастично дејство во дермалната примена, ќе ви ја зацврстат кожата, ќе ви ја поттикнат циркулацијата, ќе ви ја намалат збрчканоста на кожата и секако видливоста на самиот целулит.rn

    Вежби и исхрана кои ќе придонесат за посилни ефекти во текот на третманот

    rnДодека го применувате овој лосион, секој утро пијте по 2 големи лажици јаболков оцет растворен во голема чаша вода.rnrnАко сакате долготрајно да ги задржите добиените резултати, време е да почнете да практикувате и некои други здрави елементи во вашиот живот. Размислете за јога, вежби за зацврстување, брзо одење, пливање, танцување, скокање на трамполина, боречки вештини…rnrnСоздадете секојдневна навика да вежбате по 20 минути 5 дена во неделата. Вашето тело ќе се врати во рамнотежа и ќе се намали целулитот.rnrnИсхраната базирана на намирници со помала количина на масти помага во намалување на целулитот како што се житариците, а исто така помага и за исфрлање на токсините од телото. Овошјето и зеленчукот како аспарагус, авокадо, банана, брокула и крушка се одлични за превенирање на развојот на целулит. Затоа секој ден обидувајте се да јадете по 5 мали порции од овие намирници.rnrnДруги корисни додатоци кои можете да ги вклучите во вашата исхрана се омега 3 масните киселини, лененото масло, гинко билобата и соиниот лецитин. Тоа се многу ефикасни додатоци во исхраната кои делуваат на подобрување на циркулацијата, метаболизмот и штитат од оштетување на клетките.rnrnИ за крај, држете се настрана од алкохолот, шеќерот, цигарите и кофеинот, бидејќи тие ги намалуваат крвните садови и го влошуваат изгледот на целулитот. Исто така обидете се да намалите со внесувањето на сол, со оглед на тоа што таа го поттикнува задржувањето на водата, а со тоа и видливоста на целулитот.

  • 3 едноставни вежби за тело без целулит

    3 едноставни вежби за тело без целулит

    Целулитот во никоја ситуација не помага да изгледате атрактивно, но постојат неколку начини на кои можете брзо да се справите со него. Постојат голем број студии кои тврдат дека појавата на целулитот настанува од лошата циркулација, а еден од најдобрите начини да ја подобрите вашата циркулација е валјакот направен од сунѓер. Тој влијае на истегнување на мускулите и отстранување на јазлите што резултира со подобра циркулација ширум целото тело. Па, доколку сакате брзо да го отстраните целулитот од вашето тело, почнете да ги практикувате овие 3 вежби:rn

    1. Масажа на бутините

    rn(1) 3 едноставни вежби за тело без целулитrnrnОваа вежба ќе ги намали наслагите во горните области на нозете. Седнете на подот, подигнете го задникот и поставете го пенестиот валјак зад горниот дел од бутините. Ставете ги рацете на подот како поддршка и подигнете го вашето тело. Почнете да туркате нагоре – надолу така што валјакот ќе се движи по вашите бутини. Повторете 10 пати.rn

    2. Вртење на колковите

    rn(2) 3 едноставни вежби за тело без целулитrnrnОваа вежба ќе ви помогне да го тргнете целулитот од областа кај колковите. Легнете на вашата десна страна и поставете го пенестиот валјак под вашиот десен колк, притоа задржувајќи ја вашата десна нога исправено. Свиткајте го левото колено и ставете ја левата нога на подот за поддршка. Исправете ја десната рака и почнете со подигнување на вашето торзо. Повторете 10 пати, а потоа сменете ја ногата.rn

    3. Затегнат задник

    rn(3) 3 едноставни вежби за тело без целулитrnrnОваа вежба ќе ви помогне да го отстраните целулитот од вашиот задник. Седнете на пенестиот валјак, ставете ги рацете зад телото за да одржувате рамнотежа и поставете ги петите на подот. Свртете ги колената на десната страна, а потоа почнете да се движите со колковите и колената кон лево. Повторете од 8 до 10 пати.rnrnПокрај овие вежби, можете да користите и третмани со кокосово масло со цел да го забрзате процесот на отстранување целулит. Исто така, многу е важно да внимавате на исхраната, да имате правилна хидратација на телото и редовно да вежбате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.