КАФЕ ПАУЗА

Tag: брза храна

  • Илустрации кои ќе ве мотивираат да им кажете „не“ на брзата храна и на мрзеливоста

    Илустрации кои ќе ве мотивираат да им кажете „не“ на брзата храна и на мрзеливоста

    „Изберете здрав живот“ е пораката што ја испраќаат илустрациите на Оскар Рамос, уметник од Сантјаго, Чиле. Тие се дел од владина кампања, која ги повикува граѓаните да им се спротивстават на нездравите животни навики. Илустрациите се брилијантен приказ на нашите секојдневни дилеми и „битки“ со себеси.Илустрации кои ќе ве мотивираат да им кажете „не“ на брзата храна и на мрзеливостаИлустрации кои ќе ве мотивираат да им кажете „не“ на брзата храна и на мрзеливостаИлустрации кои ќе ве мотивираат да им кажете „не“ на брзата храна и на мрзеливостаИлустрации кои ќе ве мотивираат да им кажете „не“ на брзата храна и на мрзеливостаИлустрации кои ќе ве мотивираат да им кажете „не“ на брзата храна и на мрзеливостаИлустрации кои ќе ве мотивираат да им кажете „не“ на брзата храна и на мрзеливостаИлустрации кои ќе ве мотивираат да им кажете „не“ на брзата храна и на мрзеливостаИлустрации кои ќе ве мотивираат да им кажете „не“ на брзата храна и на мрзеливостаИлустрации кои ќе ве мотивираат да им кажете „не“ на брзата храна и на мрзеливоста
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот

    Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот

    Најголемиот синџир на ресторани за брза храна „Мекдоналдс“, кој дневно опслужува околу 68 милиони луѓе од 119 земји низ светот, започнал со работа во 1940 година како сендвичара, водена од браќата Ричард и Марис Мекдоналд. Оваа сендвичара се наоѓала на улиците „North E Street“ и „West 14th Street“ во Сан Бернандино, Калифорнија. Оригиналното име на ресторанот за брза храна било „McDonald’s Famous Hamburgers“ и во него се служеле повеќе од 40 видови скара.rnrn

    Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
    Првиот ресторан за брза храна „McDonald's Famous Hamburgers“
    rnrnВо октомври 1949 година, откако браќата сфатиле дека најголемиот профит го остварувале од продажбата на хамбургери, тие го смениле менито и во него имало само хамбургери, компири на крукчиња и сок од портокал. Наредната година тие во менито ги вовеле пржените компири и кока-колата. Едноставното мени и лесната подготовка на нивните бургери, им овозможило истите да ги продаваат за 15 центи, отприлика половина цена од бургер во ресторан.rnrn
    Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
    Задоволни купувачи пред ресторанот во 1950 година
    rnrnВо 1953 година, браќата почнале да го шират бизнисот во Феникс, во Аризона и во Дауни, Калифорнија, кој е моментално најстариот постоечки „Мекдоналдс“ ресторан во светот.rnrn
    Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
    Една од првите постави кои работели во Мекдоналдс
    rnrn
    Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
    Изгледот на првиот ресторан осветлен со неонски светилки во Дес Плеинс, Илиноис во 1955 година
    rnrn
    Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
    Денеска е останат само знакот од првиот ресторан во Сан Бернандино, Калифорнија
    rnrn
    Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
    Првиот „Drive-Thru“ на Мекдоналдс во Сиера Виста, Аризона
    rnrn
    Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
    Денешниот изглед на најстариот останат ресторан во Дауни, Калифорнија
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пораки со Браева азбука од сусам испишани на хамбургери

    Пораки со Браева азбука од сусам испишани на хамбургери

    Синџирот ресторани за брза храна Wimply во Јужна Африка, своето мени го прошириле со хамбургери на кои со сусам се испишани интересни пораки со Браевата азбука. Целта на оваа автентична идеја е на гостите со оштетен вид да им овозможат поголемо уживање во дневниот оброк.Пораки со Браева азбука од сусам испишани на хамбургериВештите готвачи внимателно ги пишуваат пораките, редејќи го сусамот со пинцета, зрнце по зрнце. „100% чисто говедско месо!“ е само една од низата пораки, кои гостите можат да ги прочитаат на вкусните хамбургери. По насмевката на нивните лица, во моментот кога ги читаат пораките, може да се заклучи дека идејата е успешна, а напорот не е залуден. Во следното видео може да ги погледнете нивните реакции и подготовката на хамбургерите:rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да престанете да јадете брза и нездрава храна?

    Како да престанете да јадете брза и нездрава храна?

    Дали се трудите да јадете здраво? Повеќето луѓе ја губат битката кога станува збор за избегнување чоколади, сладолед, чипсови, газирани пијалаци и други видови брза храна. Сепак, сите откако ќе му се препуштат на задоволството, отпосле се чувствуваат виновно, па наредните денови јадат здраво, сè до наредното искушение. И така во круг.rnrnКоренот на проблемот најчесто се наоѓа во емоционалната состојба во која се наоѓаме. Кога сме среќни, бараме причина да прославиме со нешто висококалорично, кога сме тажни јадеме од мака. Доколку сакате да ја преминете оваа пречка и да воспоставите контрола врз вашите навики, потребно е да поставите граница помеѓу чувствата и храната. Откако ќе го сторите ова, здравата исхрана повеќе нема да ви биде проблем. Ова се неколку чекори кои можат да ви помогнат да ја воспоставите контролата врз овој проблем.Како да престанете да јадете брза и нездрава храна? rn

    Важно е да си поставите цел

    rnПросечните луѓе јадат брза храна, имаат прекумерна тежина и кај нив постои ризик за заболување од дијабетес или некоја срцева болест. Но дали тоа е нормално? Секако дека не. Нормално е да јадете здрава храна, да бидете витки и здрави. Просечното е релевантен поим, но нормалното не е. Затоа решете во која категорија сакате да се вброите.rn.rn

    Исхраната нека ви претставува мини пресврт во животот

    rnКога внесувате храна во организмот или станувате посилен и поздрав или млитав и без енергија. Почнете редовно да јадете зеленчук и варено/печено место и веднаш ќе се осетите поздраво и поудобно во сопствената кожа. Тоа треба да ви претставува навика исто како што одлучувате дали ќе гледате трач-емисија на телевизија или ќе читате некоја поучна книга. Откако ќе почнете да ја доживувате храната како нешто кое носи промени во вашиот начин на живеење, навиките почнуваат да имаат ново значење. Со тоа ќе успеете да им докажете и на другите дека сте силен и решителен карактер.Како да престанете да јадете брза и нездрава храна?rn

    Застанете цврсто зад ставот дека поважно ви е здравјето отколку задоволството

    rnДоколку навистина сакате да се промените, тогаш морате да се спротивставите на искушението. Што ви е поважно, здравјето или моменталното задоволство од брзата храна? Дадете одговор на следниве прашања:rn

      rn011

    • Дали сакате да имате квалитетен живот, особено во подоцнежните години од животот?
    • rn011

    • Дали сакате да имате повеќе енергија?
    • rn011

    • Дали сакате да сте повитки?
    • rn011

    • Дали сакате поретко да се разболувате?
    • rn011

    • Дали сакате да ги избегнете сериозните заболувања?
    • rn

    rnСо сигурност на сите прашања ќе одговорите потврдно. Сите се водиме во животот според моменталните желби, но понекогаш треба да си поставиме правила и цврсто да застанеме зад нив.rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn