КАФЕ ПАУЗА

Tag: брашно

  • Зошто најмногу се дебелееме на стомакот?

    Зошто најмногу се дебелееме на стомакот?

    Дали некогаш сте се запрашале зошто сè што јадете ви се лепи на стомакот? Прочитајте ги следниве неколку причини зошто тоа се случува и на што да внимавате во иднина.rnrnЗошто најмногу се дебелееме на стомакот?rn

    Брашно

    rn„Пивскиот стомак“ најчесто не е последица само на пивото, туку на сите житарки. Луѓето кои имаат тенденција да јадат многу производи од брашно, кои пак содржат висок гликемиски индекс, се склони кон дебелеење токму на стомакот. Тоа е така, бидејќи денешните житарки, дури и интегралните, се хибриди кои содржат дури и до 10 пати повеќе глутен, за разлика од житарките пред 50 години.rn

    Стрес

    rnСтресот во голема мера влијае врз хормоните. Жлездата која лачи кортизол е истата која го содава адреналинот. Кортизолот е последица на хроничен стрес, може да се акумулира, правејќи хормонална нерамнотежа и да придонесе за собирање на салото околу стомакот.rnrnЖените кои имаат неурамнотежен естроген, премногу или премалку, исто така можат да страдаат од таложење на масти околу стомакот. Кај машките, неурамнотежениот тестостерон е штетен за нивната добра линија. Стресот и тоа како влијае врз овие хормони.rn

    Утеха во храната

    rnАко стресните ситуации ги ублажувате тешејќи се со храна која е полна со рафиниран шеќер, едноставни јаглехидрати и лоши масти, тогаш очекувајте дека ќе ви се зголеми стомакот. Обидете се да најдете поинаков начин за ослободување од стресот. Најдобар начин за тоа е спортувањето.rn

    Несоница

    rnКвалитетниот сон е многу важен чекор за рамен стомак. Пожелно е да спиете непрекинато по 8 часа дневно. Доколку спиете немирно или тешко ви е да спиете, пијте кафе само наутро. Пробајте да се опуштите пред спиење со малку музика или добро филмче и погрижете се во собата да биде потполен мрак и да не биде претопло.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неодолив шлаг од кафе

    Неодолив шлаг од кафе

    Вкусен спој на вашиот омилен напиток и еден универзален десерт

    rnНеодолив шлаг од кафеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 700 мл млеко
    • rn011

    • 1 лажица брашно
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 2 лажици инстант кафе
    • rn011

    • 150 гр шеќер
    • rn011

    • чоколадни трошки/чоколаден прелив
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnОдвојте 50 мл од млекото и помешајте го со брашното. Останатото млеко ставете го на загреана рингла да почне да врие.rnrnОдвојте ги жолчките од белките, и со белките изматете цврст крем. Инстант кафето сипете го во млеко на рингла и мешајте за убаво да се растопи.rnrnКога млекото ќе почне да врие, во него пополека почнете да ја сипувате смесата направена од брашното и останатиот дел од млекото. Во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот, па и нив додадете ги во млекото. На крај сипете го и шлагот од белките заедно со другите состојки.rnrnДобиениот шлаг распоредете го во стаклени садови и оставете го да се олади 2 часа во фрижидер. Пред да го послужите десертот, декорирајте го со чоколадни трошки или чоколаден прелив.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вкусен киндер колач

    Вкусен киндер колач

    Прекрасен лесен десерт, кој одлично ќе се вклопи во вашиот неделен ручек

    rnrnВкусен киндер колачrnrn

    Потребни состојки за пандишпан:

    rn

      rn011

    • 5 јајца
    • rn011

    • 5 лажици шеќер
    • rn011

    • 5 лажици брашно
    • rn011

    • 3 лажици какао
    • rn011

    • 1 пакување ванилин шеќер
    • rn011

    • 1/3 лажиче прашок за печиво
    • rn

    rn

    Потребни состојки за филот:

    rn

      rn011

    • 200 мл слатка павлака
    • rn011

    • 2 лажици мед
    • rn011

    • ½ кесичка желатин
    • rn011

    • 4 лажици вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrn1. Најпрво заедно сматете ги со миксер жолчките од јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер.rnrn2. Брашното, какаото и прашокот за печиво промешајте ги и додадете ги во смесата со жолчките.rnrn3. Белките од јајцата посебно изматете ги, а потоа мешајќи пополека со лажица додадете ги во смесата со другите состојки.rnrn4. Плехот за печење обложете го со хартија и оставете го пандишпанот да се испече 15 минути на 180 Целзиусови степени.rnrn5. Откако пандишпанот ќе се испече, оставете го да се олади, а потоа преполовете го.rnrn6. Слатката павлака, која мора да биде ладна, изматете ја како шлаг и во неа додадете го медот.rnrn7. Желатинот измешајте го со 4 лажици вода, а потоа ставете го на оган да почне да врие. Откако ќе почне да врие додадете го во садот со слатката павлака и матете ги уште една минута.rnrn8. Добиениот фил намачкајте го помеѓу двете половини од пандишпанот. Од колачот исечете коцки и уживајте.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува кога две дечиња си играат со брашно?

    Што се случува кога две дечиња си играат со брашно?

    Додека една мајка од Америка била во тоалетот, нејзините деца ù подготвувале изненадување во дневната соба. Таа се задржала повеќе од вообичаено бидејќи не се чувствувала добро и кога се вратила, целата дневна соба била прекриена со брашно, како во неа да паднал снег. Што се случува кога две дечиња си играат со брашно?Што се случува кога две дечиња си играат со брашно?Што е најтрагично, двајцата виновници не ни биле свесни зошто нивната мајка е толку вџашена и безгрижно си играле во хаосот, небаре брашното е песок, а тие се на плажа.Што се случува кога две дечиња си играат со брашно?Ваквата сцена, мајката ја снимила со домашна камера и ја прикачила на Јутјуб на 17 ноември и видеото досега е погледнато над 800.000 пати.rnrn„Дали вие момци влеговте во брашното?“ – им се обраќа мајката на едногодишниот и тригодишниот син кои го нашле неодамна купеното брашно во кујнскиот елемент и ја уништиле целата куќа. Потоа прави тура низ целата дневна соба и ходникот, при што доаѓа до заклучок дека местото изгледа како „Снешко Белчо да повратил низ целата дневна просторија“.Што се случува кога две дечиња си играат со брашно?Што се случува кога две дечиња си играат со брашно?Дел од нејзиниот опис под видеото гласи:rn.rn

    „Оваа кеса е од 2 кг и 300 г. Не ми верувате? Подајте му една ваква полна кеса на вашето тригодишно дете и видете што ќе се случи.“

    rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Чоколадни бисквити со кафе

    Чоколадни бисквити со кафе

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnСите сакаме да грицнеме нешто пиејќи го утринско кафе, попладневниот чај или вечерното какао. Бисквит, колаче или мафин, изборот е ваш.Чоколадни бисквити со кафеОвој рецепт е за сите оние кои обожуваат чоколадо – брзи, лесни, вкусни и  крцкави чоколадни бисквити со кафе кои дефинитивно ќе ве освојат.rnrnСовет: Тестото е толку вкусно, што постои опасност да го изедете пред да ги направите бисквитите.Чоколадни бисквити со кафеПотребни состојки (за 20 бисквити):rn

      rn011

    • 1 1/2 шолја (за кафе) сенаменско бело брашно
    • rn011

    • 1/2 шолја какао
    • rn011

    • 1 печиво
    • rn011

    • 3 супени лажици путер, омекнат
    • rn011

    • 1 шолја шеќер
    • rn011

    • 2 големи јајца
    • rn011

    • 1/2 шолја corn flakes со чоколадо
    • rn011

    • 2 супени лажица горко филтер кафе
    • rn

    rnНачин на подготовка: Рерната загрејте ја на 220 степени. Во длабок сад, заедно измешајте ги брашното, какаото и печивото. Во друг сад измешајте ги путерот и шеќерот со виљушка, додека не се стопи шеќерот. Потоа, мешајќи го путерот, додавајте ги јајцата, едно по едно и мешајте сѐ додека не се соединат. Потоа, сувите состојки (брашно, какао, печиво) додавајте ги полека во садот со течните состојки. Мешајте додека целата смеса не се соедини. На крајот, додадете ги кафето и чоколадираните corn flakes. Целата смеса измешајте ја со раце, поделете ја на два дела и формирајте ролати. Ролатите ставете ги во калап со хартија за печење. Печете 30 минути. Откако ќе се испече бисквитот, почекајте десетина минути да се излади и потоа од него сечете помали бисквити, со должина по ваша желба. Калапите ставете ги уште 10 минути да се печат и потоа извадете ги.