КАФЕ ПАУЗА

Tag: брана

  • Највисоките работи во светот

    Највисоките работи во светот

    Знаете ли кои се највисоките работи во светот? Највисоката зграда, највисокиот водопад, највисокиот мост…?rnrnНајвисоката зграда во светот е Бурџ Калифа, во центарот на Дубаи. Нејзините 160 ката се исполнети со канцеларии, 900 приватни резиденции, хотел Армани, фитнес-комплекс на 4 ката и палуба за набљудување на 124-от кат.Највисоките работи во светотНајвисоката црква во светот е „Ulm Münster“ во Улм, Германија. Со висина од речиси 162 метра, оваа црква го имала епитетот највисока зграда во периодот од 1890 до 1901 година. За време на Втората светска војна, при едно бомбардирање, голем дел од црквата бил уништен. Денес црквата нуди прекрасна панорама за најхрабрите кои ќе ги искачат сите 768 скали.Највисоките работи во светотНајвисоката пирамида во светот е Кеопсовата пирамида во Гиза, Египет. Таа е едно од оригиналите седум светски чуда. Не е познато кога точно е изградена, но според одредени проценки тоа би требало да биде околу 2.600 година п.н.е. Кеопсовата пирамида во минатото била повисока, но временските услови ја намалиле нејзината висина и денес таа е висока колку една зграда со 45 ката.Највисоките работи во светотНајвисоките водопади во светот се Ангелските водопади во Венецуела. Ангелските водопади се 19 пати повисоки од Нијагарините водопади и заради нивната висина водата паѓа во вид на вител од магла. Овие водопади не беа познати сè додека американскиот авијатичар Џими Ангел не ги прелетал во 1933 година, барајќи злато, па така овие водопади го добиле своето име.Највисоките работи во светотНајвисоката статуа во светот е Пролетниот храм на Буда во Хенан, Кина. Храмот и статуата на Буда која се наоѓа над храмот заедно се високи нешто повеќе од 153 метри. Завршена во 2002 година, оваа статуа била изградена како одговор на нападот на Талибанците во 2001 година.Највисоките работи во светотНајвисокиот мост во светот е вијадуктот Мијо во јужна Франција. Овој коловозен мост е повисок и од Ајфеловата кула во Париз. Единствена конкуренција на вијадуктот Мијо е автопатот „Durango-Mazatlan“ во Мексико, кој се очекува да биде завршен оваа година и да конкурира за највисок мост.Највисоките работи во светотНајвисокиот гејзир во светот е гејзирот во Националниот парк во Јелоустоун. Овој сè уште активен гејзир може да не еруптира со децении. Неговата последна ерупција беше во 2005 година, кога водата и пареата достигнаа височина од 122 метра.Највисоките работи во светотНајголемото панорамско тркало во светот е во Сингапур. Потребни се 32 минути за ова панорамско тркало да направи еден круг. Заради неговата големина, познато е уште и како „тркало за набљудување“. Панорамското тркало во Сингапур не се издвојува само по неговата големина, туку и по кабините кои се статични, за разлика од другите панорамски тркала чии кабини се нишаат.Највисоките работи во светотНајвисоката фонтана во светот е фонтаната на Кралот Фад во пристанишниот град Џеда, во Саудиска Арабија, која водата ја повлекува од Црвеното Море. Муслиманите со години доаѓале во овој град, а таквата посета била на исто ниво и со иста важност како и посетата на Мека.Највисоките работи во светотНајвисоката планина во светот е Монт Еверест. Во Тибет ја нарекуваат „Chomolungma“, што значи „мајка божица на универзумот“. Во Непал ја нарекуваат „Sagarmatha“, или божица на небото. За остатокот од светот беше позната како Врвот 15, сè додека Сер Џорџ Еверест, британски геодет, не ја измерил точната висина и планината го добила неговото име. Но, висината на Монт Еверест постојано се менува затоа што тектонските плочи постојано се поместуваат и така планината секоја година е повисока за 4 милиметри.Највисоките работи во светотНајвисоката бетонска брана во светот е браната „Grande Dixence“ во Швајцарија. Висока 285 метри, со помош на оваа брана се генерира доволно хидроелектрична енергија за осветлување на 400.000 домови. За да се помине целата брана, потребни се 2 часа возење низ јужните Алпи.Највисоките работи во светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

    8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnПриродата на некои места на Земјата им дала повеќе отколку на други. Луѓето во овие места често знаат да го чуваат и користат природното богатство и со тоа да ги направат овие географски региони, бесценета атракција за локалното население, како и за туристите. За жал, на некои места, природата по многу години им го врти грбот и ни најавува дека полека треба да се збогуваме од нив. Еве 8 интересни места во Европа, кои ги чека лоша судбина:rnrn

    1. Манастирот Лукедио во Италија

    rnМанастирот бил изграден од цистерциjански монаси во долините на горниот дел на реката По, во 1123 година. Пределот е познат како Европската лулка на оризот. Имотот денес се нарекува „Principato di Lucedio“ (Кнежевскиот имот на Лукедио). Со оглед на тоа дека блиските алпски глечери сѐ повеќе и повеќе се топат, а количината на дождови е во константно опаѓање, додека за одгледувањето ориз е потребно многу вода, тешко веројатно е дека манастирот и понатаму ќе биде она што беше во последните 9 века.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrnrn

    2. Олимпија, Грција

    rnРодното место на Олимписките игри, долината во Олимпија се наоѓа на Пелопонез, во јужна Грција. Во последните неколку години, екстремно високите температури поттикнуваат сѐ повеќе вулкански ерупции. Во 2007 година, големи пожари го зафатија, а воедно и сериозно го уништија целиот предел. За среќа, археолошкото наоѓалиште остана неоштетено.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrn

    3. Копенхаген, Данска

    rnПоради својата приморска положба, главниот град на Данска, стана еден од големите комерцијални центри во дванаесетти век. Денес, нивото на морето, кое е во постојан пораст, му се заканува по живот на овој симболичен град. Врвни архитекти и инженери прават сѐ што е во нивна моќ (градбата на ново метро) за да го спасат градот од поплави, но за спасување на старите делови од градот, потребни се сериозни заштитни мерки.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrn

    4. Ротердам, Холандија

    rnРотердам е вториот стар европски град кој е загрозен поради својата географска положба. Повеќе од половина град се наоѓа под нивото на морето. Со години овој европски центар зависи од канали и брани, како би се спасил од евентуална инвазија на водата околу него. Кон крајот на 90-тите беше изградена бариера висока 4,88 метри, наизглед како брана, но со ова не се ни оддалеку решени проблемите со надоаѓањето на водата.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrn

    5. Даларна, Шведска

    rnНеодамна во тундрите на Даларна беше пронајдено најстарото дрво во светот. Елата како дрво, доминира во шумите на Шведска и се употребува во повеќе индустрии. Името на покраината значи „долини“. Ова е популарна летна дестинација за жителите од југот поради добриот риболов, убавите кампови и густите шуми. Но, високите температури и ретките летни дождови би можеле да значат крај за овие шуми.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrn

    6. Мит, Ирска

    rnПлодната почва и долгогодишната земјоделска традиција му помогнале на округот Мит, од провинцијата Ленстер, да стане главен производител на компири во Ирска. Покрај фактот дека одгледувањето компири има длабоки врски со ирската историја, постои уште еден факт – тоа што еден просечен ирски граѓанин конзумира околу 100 килограми компири годишно. Според предвидувањата, покачувањето на летните температури и сушите кои претстојат во следните неколку декади би можеле да го искоренат компирот од оваа област.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrn

    7. Каор, градот на долината околу реката Лот, Франција

    rnПроизводството на вино во Каор, јужнофранцуски град, датира уште од времето на Римската Империја. Денес, лозјето во Каор прекрива повеќе од 41 километар квадратен. Гроздовите се крајно чувствителни на климатски промени, така што дури и најмала промена на температурата би можела да значи крај за винарската традиција, како на Каор, така и на многу други делови од земјата.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrn

    8. Езерата на екот (Halligen), Германија

    rnНа северниот брег на Германија, се наоѓаат ниските острови, формирани од плимата на Северното Море. Повремените поплави тука создале еден специфичен екосистем, со плодно земјиште на кое лавандите цутат дури и лете, како и со растенија и живи суштества кои зависат од повремените приливи на солената морска вода. Но, оваа деликатна рамнотежа би можела да се наруши доколку порасне нивото на морето.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.