КАФЕ ПАУЗА

Tag: боја

  • Читање од усни: Бојата на карминот што го носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намери

    Читање од усни: Бојата на карминот што го носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намери

    Првиот состанок е нешто за што девојките многу се подготвуваат. Но, освен на облеката и на вашата коса, посебно внимание треба да обрнете и на карминот кој го користите. Се прашувате зошто? Затоа што тој може да открие многу за вашите намери со мажот со кој излегувате! Погледнете какви сигнали испраќаат одредени бои.rn

    1. Црвена

    rnЧитање од усни: Бојата на кармин која ја носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намериrnrnТрадиционално, ова е боја на љубовта и на романтиката, па црвената боја на кармин ќе му даде до знаење дека вечерта која следи ќе биде многу бурна.rn

    2. Розова

    rnЧитање од усни: Бојата на кармин која ја носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намериrnrnОва е боја на флертот, која одржува среќа, опуштеност и пријателство, а е совршена за вечерно излегување со пријателите или со оној кој би сакале да ви стане нешто повеќе од само пријател. Колку е потемна нијансата, толку вашите намери се помрачни.rn

    3. Беж нијанса

    rnЧитање од усни: Бојата на кармин која ја носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намериrnrnТреба ли нешто да се додаде за оваа нијанса на гола кожа? Овој кармин е шармантен, а истовремено и интимен.rn

    4. Виолетова

    rnЧитање од усни: Бојата на кармин која ја носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намериrnrnОваа боја покажува дека сте авантуристи. Никој нема да може да предвиди како ќе заврши вечерта и дали сакате да започнете нешто или не.rnrnПрвиот состанок секогаш е предизвик, па затоа прочитајте што треба, а што не треба да правите!

  • Историјата на модата: Од што зависи кои бои ќе бидат во тренд?

    Историјата на модата: Од што зависи кои бои ќе бидат во тренд?

    Кога доаѓа новата сезона во светот на модата, многу е лесно да се открие што ќе биде во тренд – само прелистајте ги омилените модни магазини или „прекопајте“ го интернетот и сѐ е тука, како на дланка. Брзо дознавате како би требало да се шминкате, која фризура ќе биде особено популарна, и најважно, кои бои и модни парчиња ќе бидат задолжителни. Но, дали некогаш малку подлабоко сте размислувале за она што сте го прочитале? Зошто баш црвена јакна, а не некоја друга боја? Од што зависи тоа? И како воопшто настануваат таквите модни предвидувања?rnrn1-niz-istorijata-na-modata-od-shto-zavisi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_rn

    „Погледни назад, пред да погледнеш напред!“

    rnПрвиот чекор во предвидувањето на боите што ќе бидат во тренд за сезоната која доаѓа е да се погледне назад, во минатото. Модните дизајнери кои зад себе имаат години и години искуство може со часови да ви зборуваат за тоа како боите пред нивните очи „влегувале“ и „излегувале“ од мода. На пример, во 90-тите години неутралните нијанси биле во мода, а особено популарна била сивата боја. во 2000 година пак доминираше посебната техника на „испарување“ на боите за да се дојде до впечатлив ефект, но веќе при крајот на првата декада од 2000 година во мода повторно беше „чистиот“ изглед.rnrnДенес, како што и самите можеме да забележиме на улиците, љубовта кон боите е појака од кога било порано и сето тоа благодарение на развојот на технологијата, но и порастот на одредени модни брендови кои се карактеризирале како модерни и во тренд. Денес бојата во модата е клучна и затоа предвидувањето на нијансите што ќе бидат во тренд е прилично напорна работа.rnrn2-niz-istorijata-na-modata-od-shto-zavisi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_rnrn2014-та година беше година на розовата боја, а било предвидено и дека истата боја ќе доминира и во текот на 2016-та година. Верувале или не, таа навистина доминираше, без разлика дали вие лично сте ја носеле или не. Најдобар доказ за тоа се бројните модни комбинации за кои се одлучија трендсетерките и модните блогерки. Исто така, оваа боја се носеше во сите варијанти и прилики. Предвидувањето беше успешно!rnrnРозовата боја не случајно е денес тука каде што е, а како тренд се развила под влијанието на 80-тите години. Сега, модните експерти прогнозираат дека тренди тоновите ќе се движат накај виолетовата боја во текот на наредните 2 години. Значи, доколку сакате да бидете модерни, тогаш задолжително набавете нешто во виолетова нијанса, без оглед дали станува збор за аксесоар или парче облека.rnrn3-niz-istorijata-na-modata-od-shto-zavisi-koi-boi-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_rnrnВи откривме која боја ќе биде во тренд за време на месеците кои се пред нас, но, која е тајната на предвидувањето? Како стигнавме до виолетовата боја? Како што веќе напомнавме, за да погледнете „напред“, мора прво да фрлите поглед на она што е назад. За да откриете која боја ќе биде доминантна, морате добро и длабоко да го анализирате општеството, па дури и оние најсуптилните промени кои се одвиваат. Морате да се занимавате и со самите бои и да анализирате како модниот свет се однесува спрема нив, дали е заситен со таа боја и дали има потреба за нови тонови. Мора да анализирате што се случува во светот на индустријата, што се случува во дизајнот, во технологијата, па дури и во политичката и социјалната сфера. Модните експерти знаат дека сето ова може да влијае на модните трендови. Затоа, лесно можеме да заклучиме дека модата во никој случај не се игнорира од целокупниот живот, зар не?

  • Оваа година на модната сцена ќе преовладува жолтата боја: Еве како да ја комбинирате според вашиот тен

    Оваа година на модната сцена ќе преовладува жолтата боја: Еве како да ја комбинирате според вашиот тен

    Жолтата боја е прекрасна, весела а и тешка за да ја комбинирате со вашата облека. Но, бидејќи е предвидено таа да биде една од боите кои ќе бидат тренд оваа година, време е да научите како да ја пронајдете вистинската нијанса за вашиот тен.rn

    Ако вашиот тен е среден и топол

    rnЖолтата боја е во тренд: Еве како да ја комбинирате во согласност со вашата боја на кожаrnrnДали вашата кожа е со златна боја или пак боја на праска? Светло жолтата боја е одлична за топлите тенови на кожата, па затоа изберете нијанса на сонце или ананас.rn

    Темен и неутрален тен

    rnЖолтата боја е во тренд: Еве како да ја комбинирате во согласност со вашата боја на кожаrnrnСветло жолтата боја изгледа прекрасно на подлабоките тенови на кожата – заситените нијанси одговараат со други темни бои.rn

    Ако имате посветол и неутрален тен

    rnЖолтата боја е во тренд: Еве како да ја комбинирате во согласност со вашата боја на кожаrnrnАко имате светол тен тогаш за вас одличен избор се средно-жолтите бои, a убава маслена сенка ќе изгледа прекрасно на кожен материјал.rn

    Ако имате среден и студен тен

    rnЖолтата боја е во тренд: Еве како да ја комбинирате во согласност со вашата боја на кожаrnrnИзлезете храбро носејќи маслени сенки. Нема да зажалите кога облечете палто во друга боја преку вашите рамена, па ќе бидете наградувани со комплименти.rn

    Ако имате топол тен

    rnЖолтата боја е во тренд: Еве како да ја комбинирате во согласност со вашата боја на кожаrnrnБојата во нијанса на цитрон ќе ви прилега најдобро. Во постудените месеци, комбинирајте ја со сиви антилоп детали за да бидете соодветни за сезоната.rnrnЗа да видите уште комбинации, преминете на наредната страница…rn

  • Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 дена

    Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 дена

    Диетите што не даваат долготрајни резултати најчесто се засноваат на изгладнување. Од друга страна пак, не е добро ни да се вложува премногу време и пари за нешто што не води кон видливи резултати, а понекогаш дури и предизвикува дополнително зголемување на тежината. За жал многу од овие диети сè уште се користат од страна на голем број жени што сакаат брзо да ослабат и да ја добијат посакуваната фигура.rnrn(1) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 денаrnrnПа, ако се пронаоѓате во тој опис, имаме изненадување за вас – најдовме брза диета што нема несакани последици и штета на вашето здравје. Станува збор за умерен и шарен режим на исхрана. Во продолжение прочитајте како со помош на боите можете да дојдете до совршено балансирана исхрана што ќе ви помогне да ги изгубите несаканите килограми.rn

    Бел ден

    rn(2) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 денаrnrnПојадок: Фрапе од 200 милилитри немасно млеко и две бананиrnrnУжина: БананаrnrnРучек: Крем супа од печурки, пилешко филе подготвено на скара и парче интегрален лебrnrnВечера: Тестенини со сирењеrn

    Жолт ден

    rn(3) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 денаrnrnПојадок: Фрапе од 200 милилитри соино млеко и парче дињаrnrnУжина: ГрејпфрутrnrnРучек: Крем супа од тиква и рижото со телешко месоrnrnВечера: Омлет со жолта пиперкаrn

    Зелен ден

    rn(4) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 денаrnrnПојадок: Парче леб од ‘рж, паштета од туна и шолја зелен чајrnrnУжина: Зелено јаболкоrnrnРучек: Чорба од брокули и парче леб од ‘ржrnrnВечера: Две шницли бело пилешко месо, подготвени на скара и зелена салатаrn

    Црвен ден

    rn(5) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 денаrnrnПојадок: Фрапе од 200 милилитри млеко и 250 грама малини (може и замрзнати)rnrnУжина: Шумско овошјеrnrnРучек: Две полнети црвени пиперки, парче интегрален леб и салата од доматиrnrnВечера: Тестенини прелиени со сос од домати и пармезан, шолја чај од хибискус

  • Создадена за секое годишно време: Избрана е бојата која ќе ја одбележи 2017-та година

    Создадена за секое годишно време: Избрана е бојата која ќе ја одбележи 2017-та година

    Институтот за бои „Pantone“, открива која боја ќе биде хит во 2017-та година, како помеѓу дизајнерите на облека, така и во уредувањето на домот. Дизајнерите за мода и мебел во 2017-та година ќе ја избираат зелената боја, поточно нијансата со број 15-0343.rnrnСоздадена за секое годишно време: Избрана е бојата која ќе ја одбележи 2017-та годинаrnrn„Оваа боја е симбол за нови почетоци, свежа жолто-зелена нијанса која потсетува на првите пролетни денови кога природата оживува“, пишува во извештајот на овој институт. Оваа боја го илустрира цветењето и богатството на природата кое нѐ опкружува. Таа е симбол на виталност, а нѐ потсетува и на тоа дека треба да земеме длабок здив и да ги наполниме батериите. Се работи за многу флексибилна боја која ги надминува границите на пролетната сезона и која може да се комбинира на различни начини со неутрални, силни и пастелни бои, како и со понежни нијанси.

  • Боја на коса што се менува за 2 секунди: Што мислите за овој тренд?

    Боја на коса што се менува за 2 секунди: Што мислите за овој тренд?

    Доколку не можете да се одлучите помеѓу две бои на вашата коса, зошто да не се обидете и со двете? Токму ова го направила оваа девојка, а резултатот или ќе го обожавате или воопшто нема да ви се допадне – нема трета опција!rnrnБи испробале ли и вие: Боја на косата која се менува за 2 секундиrnrnТаа најпрво покажува една боја на нејзината коса, па со само еден потег од неколку секунди, ги покажува розовите нијанси.rnrn

    rnrnrnТрикот е да ја нијансирате косата и да создадете илузија на една боја. Еве како изгледа тоа погледнато од назад.rnrnБи испробале ли и вие: Боја на косата која се менува за 2 секундиrnrnМожете да го направите ова и со поприродни нијанси, како што тоа го направила оваа девојка.rnrnБи испробале ли и вие: Боја на косата која се менува за 2 секундиrnrnНевообичаено, но изгледа интересно. Би го испробале ли и вие овој начин на фарбање?

  • Која е разликата меѓу кафените и белите јајца?

    Која е разликата меѓу кафените и белите јајца?

    Кога станува збор за купување јајца, дали најчесто посегнувате по белите или по кафените? Дали од нивната боја зависи вашиот избор? Можеби купувате бели бидејќи сте израснале јадејќи ги нив. Или пак, некаде сте чуле дека кафените се подобри за вас, па тие станале вашиот прв избор. Белите и кафените јајца дефинитивно изгледаат различно, а исто така можете и да забележите разлика во цената, но дали тие се разликуваат и по својата содржина?rnrnКоја е разликата меѓу кафените и белите јајца?rn

    Разликата помеѓу кафените и белите јајца

    rnКога станува збор за нивната боја, разликата се крие во видот на кокошка. Најчесто, оние што се со бели пердуви и бели ушни школки несат бели јајца, додека пак, оние со црвено-кафени пердуви и црвени ушни школки несат кафени јајца. Можеби не сте чуле досега, но постојат и видови кокошки што несат сини јајца.rn

    Дали кафените јајца се подобри од белите?

    rnБојата на јајцето не е индикатор за неговиот квалитет. Кога станува збор за вкус и хранливост, не постои разлика помеѓу белите и кафените. И покрај тоа што кафените јајца често се поскапи, тие не се подобри за вас во однос на белите. Разликата во цената е делумно поради маркетиншки трик, делумно поради фактот што кокошките со црвено-кафени пердуви и црвени ушни школки се поголеми од оние со бели пердуви и ушни школки, поради што јадат повеќе – фармерите мора некако да надополнат за зголемената консумација на храна, па ја зголемуваат нивната цена.rn

    Дали кафените јајца се поцврсти?

    rnДоколку некогаш сте забележале дека одредени јајца потешко се кршат од останатите, тоа е поради годините на кокошката, а не поради бојата на самото јајце. Помладите кокошки имаат тенденција да несат јајца со поцврста надворешност, додека пак, постарите со помека. Ова важи и за белите и за кафените јајца.rnrnПа, какви јајца преферирате вие, бели или кафени?

  • Фустан кој ја менува бојата со допирање само едно копче: Модна игра или вистина?

    Фустан кој ја менува бојата со допирање само едно копче: Модна игра или вистина?

    Размислувањето за тоа која боја фустан да ја одберете, веќе може да биде минато со помош на овој фустан со висока технологија. Дизајниран од Шоупо, се чини дека моделот може да ја промени бојата со притискање на само едно копче. Промената од една во друга боја одзема само неколку секунди!rn

    „Јас имам да покажам нешто навистина возбудливо на коешто работев подолго време“, вели госпоѓицата Лу.

    rnФустан кој ја менува бојата со допирање само едно копче: Модна игра или вистина?rnrnОваа 28-годишна девојка продолжува да снима одејќи во модното студио каде што, на изненадување на сите, таа фустанот од една, го променува во друга боја. Имено, Шоупо го создава овој фустан со висока технологија како промена во областа на модата. Дали ова е премногу добро за да биде вистина? Видеото се покажало толку прекрасно, при што многумина се прашувале дали е легитимно.rn

    „Жал ми е, но ова изгледа премногу лажно“, пишува гледач во коментар на Јутјуб.

    rn(2) fustan-koj-ja-menuva-bojata-so-dopiranje-samo-edno-kopche-modna-igra-ili-vistina-www.kafepauza.mkrnrnДруг пак додава:rn

    „Невозможно. Едноставно невозможно.“

    rnНо, Шоупо неодамна изјавила дека овој фустан е создаден во комбинација на технологијата и иновацијата.rn

    „Џејн (Лу) секогаш сакала да биде иновативна и напредна кога станува збор за технологијата. Таа не се натпреварува на пазарот, туку доминира.“

    rn(3) fustan-koj-ja-menuva-bojata-so-dopiranje-samo-edno-kopche-modna-igra-ili-vistina-www.kafepauza.mkrnrnГоспоѓицата Лу го започнала нејзиниот професионален живот во областа на корпоративните финансии. По одредено време размислувајќи за нејзината иднина, таа одлучила да ја пренасочи својата енергија во модата. Сега, нејзината онлајн продавница ShowPo.com наводно има обрт околу 10 милиони долари годишно. Таа дистрибуира облека за 45 земји, има 420.000 следбеници на Инстаграм и 464.000 пријатели на Фејсбук.rnrnПогледнете го видеото за да видите како изгледа промената на бојата на овој фустан.rnrnrnrnШто мислите вие за ова?

  • Направете сами: Кармин од лижавчиња

    Направете сами: Кармин од лижавчиња

    Сте се соочиле ли со ситуација кога ќе вкусите одредени лижавчиња и истите ќе остават боја на вашите заби и усни? Повеќето ќе дадат потврден одговор. Но, дали некогаш сте помислиле оваа несакана последица да ја употребите како кармин? Доколку сега вашиот одговор е не, тогаш време е погледнете како да го направите тоа.rnrnНаправете сами: Кармин од лижавчињаrn

    За подготовка на кармин, потребно ви е:

    rn

      rn011

    • Неколку лижавчиња во боја
    • rn011

    • Пластична кеса
    • rn011

    • Чекан
    • rn011

    • Вода
    • rn011

    • Вазелин
    • rn011

    • Пакување од стар, истрошен кармин
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНајпрво одвиткајте едно лижавче во каква боја сакате и ставете го во пластичната кеса. Потоа, земете чекан и удирајте по лижавчето кое веќе се наоѓа во кесата, сѐ додека не стане како прав. Ставете ја смесата во чаша и додајте малку вода, па промешајте. Земете вазелин, стопете го на 30 секунди во микробранова и префрлете го во друг сад, каде што потоа ќе ја додадете водата со растопеното лижавче. Промешајте, оставете да се замрзне, па повторно промешајте. Земете пакување од стар кармин кој веќе сте го истрошиле и ставете ја смесата внатре. Потоа, ставете го карминот во замрзнувач и почекајте. rnrnДоколку сакате вашиот кармин да изгледа како блед сјај, тогаш можете веднаш да го користите. Но, ако сакате да има поинтензивна боја, тогаш потребно е да додадете боја за храна…rnrnЗвучи интересно, забавно, а и вкусно.rnrnПогледнете го и видеото за подетално да ги видите инструкциите.rnrn

  • Оваа девојка била задевана поради бојата на кожа како јаглен, но денес таа е познат модел!

    Оваа девојка била задевана поради бојата на кожа како јаглен, но денес таа е познат модел!

    Секој човек има некој белег што го прави да биде уникатен, а приказната за оваа девојка е уште еден доказ за тоа. Запознајте ја Кудија Диоп, 19-годишен модел од Сенегал со многу необична боја на нејзината кожа.rnrnОваа девојка била задевана на училиште поради бојата на нејзината кожа, но денес таа е моделrnrnКако дете, таа честопати била тема на исмејување поради нејзиниот изглед. Но, со текот на времето, Кудија научила да се сака себеси онаква каква што е.rnrnОваа девојка била задевана на училиште поради бојата на нејзината кожа, но денес таа е моделrnrnНеодамна, оваа девојка била забележана од страна на модните агенции. Во последните две години, таа ужива во нејзината успешна кариера во модната индустрија.rnrnОваа девојка била задевана на училиште поради бојата на нејзината кожа, но денес таа е моделrnrnСамо погледнете колку мазна и убава кожа има!rnrnОваа девојка била задевана на училиште поради бојата на нејзината кожа, но денес таа е моделrnrnДенес, Инстаграм профилот Melanin Goddess има повеќе од 250.000 следбеници.rnrnОваа девојка била задевана на училиште поради бојата на нејзината кожа, но денес таа е моделrnrnСпоред Кудија, секој поединец е уникатен и никој не треба да се стреми да изгледа како некој друг.rnrnОваа девојка била задевана на училиште поради бојата на нејзината кожа, но денес таа е моделrnrnТешко е да не се согласите со оваа шармантна девојка. Покрај сѐ, секој е убав на свој начин, зар не?rnrnОваа девојка била задевана на училиште поради бојата на нејзината кожа, но денес таа е модел