КАФЕ ПАУЗА

Tag: боја

  • Обоени статуи од 19-тиот век кои се враќаат во живот

    Обоени статуи од 19-тиот век кои се враќаат во живот

    Џејн Лонг е фотограф која веќе некое време бои стари црно-бели фотографии. Неодамна решила да ја примени својата техника и на скулптури од 19-тиот век. Сите статуи, освен една, се дел од истата серија статуи од Чарлс Самер и се наоѓаат во ботаничките градини Баларат. Џејн ги задржала оригиналните имиња на статуите, но се одлучила да не ги употреби во контекст со историските карактери кои ги претставувале. Таа едноставно сакала да ги гледа како убави жени и да си замислува која била нивната приказна. Можете да го посетите и нејзиниот Инстаграм профил за да видите повеќе од нејзината уметност.rn

    1. Хебе

    rn(1)oboeni-statui-od-19-tiot-vek-koi-se-vrakjaat-vo-zhivot-kafepauza.mkrnrn(2)oboeni-statui-od-19-tiot-vek-koi-se-vrakjaat-vo-zhivot-kafepauza.mkrn

    2. Сузана

    rn(3)oboeni-statui-od-19-tiot-vek-koi-se-vrakjaat-vo-zhivot-kafepauza.mkrnrn(4)oboeni-statui-od-19-tiot-vek-koi-se-vrakjaat-vo-zhivot-kafepauza.mkrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Дознајте која боја припаѓа на месецот во кој сте родени и зошто е важно да ја имате во животот

    Дознајте која боја припаѓа на месецот во кој сте родени и зошто е важно да ја имате во животот

    Дали сте забележале дека некои бои ви пријаат повеќе од останатите? Боите може да откријат нешто скриено во вас, а со тоа се занимава бојострологијата (colorstrology). Месецот во кој сте родени често се поклопува со бојата која ви е омилена, а исто така сугерира и со која нијанса би требало да се опкружите за да постигнете рамнотежа во вашиот живот. Еве која боја е врзана за вашиот месец на раѓање и кон која треба да се свртите.rnrnrn

    Јануари – Боја на карамела

    rnОваа боја зрачи со логика, цврстина, практичност и истрајност. Кога ќе почувствувате потреба за одговорност и стабилност опкружете се со оваа боја. Таа ве поттикнува да испловите и да ги остварите сопствените амбиции користејќи дисциплина и упорност.rn

    Февруари – Јоргован или виолетова боја

    rnОваа боја ја поттикнува инспирацијата, мечтата и позитивноста. Препуштете ѝ се кога ќе се чувствувате дека сте емоционално заробени, бидејќи токму таа може да ви помогне да се ослободите и да го пуштите она што ве гуши. Ви помага да го видите најдоброто во луѓето и да ги доживувате луѓето во вашата околина како ваше семејство.rn

    Март – Сино-сива боја

    rnОваа боја зрачи со емпатија, интуиција и суптилност, а треба да ја изберете кога ви е потребна инспирација или кога ви е потребно да се разведрите. Помага да се воочи разликата помеѓу свесното и несвесното.rn

    Април – Боја на црвена пиперка

    rnБоја која е енергична, храбра и огнена и која ви е потребна кога ќе останете без енергија и ќе се чувствувате несигурно. Ви дава ентузијазам и желба за победа, бидејќи таа дава сила и храброст кога се во прашање различните спортови и натпревари.rnrn2-doznajte-koja-boja-pripagja-na-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-i-zoshto-e-vazhno-da-ja-imate-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_rn

    Мај – Зелена боја

    rnОваа нијанса на зелена боја овозможува стабилност, просперитет и виталност што пак ви создава баланс помеѓу силата и ранливоста.rn

    Јуни – Златно-жолта боја

    rnОваа нијанса е стимулативна, позитивна и енергична. Посебно е важна во моментите кога ви е потребна помош во комуникацијата со другите или за подобрување на меморијата. Таа е прозрачна и преполна со позитивна енергија.rn

    Јули – Корално-црвена боја

    rnОваа боја е нежна, сензибилна и блага. Кога ви е потребно емоционално лечење, љубов и грижа, особено после некои тешки трауматични случувања или промени, оваа боја може многу да ви помогне. Укажува на женствена енергија и помага да привлечете љубов и убави работи во животот.rn

    Август – Сончево-портокалова боја

    rnБојата е силна, моќна и зрачи со самодоверба. Свртете се кон неа ако се чувствувате беспомошно, несигурно или ако ви треба поголема креативност и радост. Толку силна и моќна, оваа боја зрачи со својата големина и цврстина.rnrn3-doznajte-koja-boja-pripagja-na-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-i-zoshto-e-vazhno-da-ja-imate-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_rn

    Септември – Виолетово-сина боја

    rnОваа боја е уметничка и зрачи со мудрост и разумност. Таа е задолжителна кога ви треба мир и помош при организирање на вашиот живот. Виолетово-сината боја е примамлива и посебна, и зрачи со убавина, чистота и мудрост.rn

    Октомври – Морско-сина боја

    rnБоја која е балансирана и смирувачка, тука е да ви помогне кога ви е потребен мир и смиреност, односно добар баланс помеѓу она што го примате и давате. Задолжителна е кога се во прашање мирот и смиреноста, бидејќи ве поттикнува да бидете посилни и поодлучни при донесувањето на одлуки.rn

    Ноември – Бордо

    rnИ таа е интензивна, страсна и мотивирачка. Тука е кога ви е потребна помош во одредена фаза од животот или надминување на нешто што ве кочи на емотивниот план. Кога ќе посакате да го зголемите сексуалното возбудување, сетете се на оваа боја. Поттикнува љубов, сила и најдлабоки чувства.rn

    Декември – Тиркизна боја

    rnОваа боја поттикнува мудрост и просветлување, а задолжителна е кога патувате, истражувате или барате некоја нова мистериозна авантура. Длабока и духовна, тиркизната боја симболизира голема мудрост, вистина и оптимизам.rnrn4-doznajte-koja-boja-pripagja-na-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-i-zoshto-e-vazhno-da-ja-imate-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_rnrnДодека сме кај боите, погледнете што значи бојата на вашата аура.

  • Најнов тренд: Шарена флуоресцентна коса

    Најнов тренд: Шарена флуоресцентна коса

    Боите за коса „Pulp Riot Neons“ се светли и шарени. Можеби ќе ви изгледаат обично, но има нешто што ги прави посебни. Овие фарби се флуоресцентни и изгледаат навистина интересно. Колекцијата фарби е УВ реактивна, па косата изгледа уште поневеројатно.rnrnrnrnКомпанијата тврди дека нивните фарби се лесни за нанесување, траат подолго, а избледувањето на бојата изгледа подобро од другите фарби. Дали би пробале некоја од овие бои?rnrnrnrn(3)najnov-trend-sharena-fluroscentna-kosa-kafepauza.mkrnrnrnrnrnrnrnrn(7)najnov-trend-sharena-fluroscentna-kosa-kafepauza.mkrnrn(8)najnov-trend-sharena-fluroscentna-kosa-kafepauza.mkrnrnПогледнете ги и овие совети за бојадисување на коса во домашни услови.

  • Девојки, дали сте подготвени да се заљубите во ментол зелената боја?

    Девојки, дали сте подготвени да се заљубите во ментол зелената боја?

    Помеѓу модните трендови посебно место отсекогаш заземале и боите, а во центарот на вниманието во текот на секоја созна се појавува некоја нова нијанса која одеднаш ја гледаме во сите модни комбинации. Па така, годината која е зад нас ја одбележа пудресто розовата боја, а трендовите за новата сезона сѐ повеќе покажуваат дека црвената боја е потенцијална кралица за есента која ни доаѓа.rnrn4-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_rnrnМеѓутоа и во меѓу сезоната има еден посебен фаворит кој, како што ни изгледа, доаѓа како алтернатива за сите оние кои се заситени од пудрестите, пастелни нијанси. Исто како што новата сезона симболизира нови почетоци и свеж старт, така и ментол зелената боја донесува освежување во нашата гардероба.rnrn2-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_rnrnНијансите на оваа боја веќе ги видовме на костимите за капење, блузите и маиците со карнери, но и на фустаните. Оваа боја изгледа божествено во контраст со исончаниот летен тен, кој уште повеќе доаѓа до израз во пар со ментол нијансите.rnrn1-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_9-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_rnrnМентолот ќе доминира и во наредната сезона, и тоа во сите парчиња облека. Спојте ја оваа боја со фармерки, а доколку носите фустан во оваа нијанса, едноставно облечете тексас јакна врз него.rnrn3-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_5-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_6-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_7-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_8-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_10-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_rnrnСигурни сме дека веќе знаете дека во месец август доминира портокаловата боја, а сега е вистинско време да дознаете како ја комбинираат жените со стил!

  • Во август доминира портокаловата боја: Еве како ја комбинираат жените со стил!

    Во август доминира портокаловата боја: Еве како ја комбинираат жените со стил!

    Бојата на затворската униформа повеќе не е резервирана само за осудениците, барем ако се прашуваат светски познатите дами кои ја обожаваат модата!rnrn8-vo-avgust-dominira-portokalovata-boja-eve-kako-ja-kombiniraat-zhenite-so-stil-www.kafepauza.mk_rnrnМодните писти и улици се преплавени со жени облечени во јака портокалова боја, која буквално преку ноќ стана моден хит за месец август.rnrn7-vo-avgust-dominira-portokalovata-boja-eve-kako-ja-kombiniraat-zhenite-so-stil-www.kafepauza.mk_rnrnСега сè е портокалово – од костими за капење, кратки и долги фустани, до тренерки и мантили.rnrn11-vo-avgust-dominira-portokalovata-boja-eve-kako-ja-kombiniraat-zhenite-so-stil-www.kafepauza.mk_rnrnВо продолжение погледнете како дамите со стил ја вклопиле портокаловата боја во своите модни комбинации.rnrn5-vo-avgust-dominira-portokalovata-boja-eve-kako-ja-kombiniraat-zhenite-so-stil-www.kafepauza.mk_9-vo-avgust-dominira-portokalovata-boja-eve-kako-ja-kombiniraat-zhenite-so-stil-www.kafepauza.mk_6-vo-avgust-dominira-portokalovata-boja-eve-kako-ja-kombiniraat-zhenite-so-stil-www.kafepauza.mk_3-vo-avgust-dominira-portokalovata-boja-eve-kako-ja-kombiniraat-zhenite-so-stil-www.kafepauza.mk_4-vo-avgust-dominira-portokalovata-boja-eve-kako-ja-kombiniraat-zhenite-so-stil-www.kafepauza.mk_rnrnНо, портокаловата е само една од боите во светот на модата што ќе ја освојат новата сезона.

  • Што значи бојата на вашата аура?

    Што значи бојата на вашата аура?

    Сите живи суштества на кои им е потребен кислород имаат аура. Тие генерираат магнетна енергија која може да биде почувствувана, па дури и видена околу физичкото тело. Ние секогаш знаеме кога некој е гневен или пак кога се чувствува убаво. Нема потреба од никакви психички моќи за да можете да почувствувате нечија аура.rnrnshto-znachi-bojata-na-vashata-aura-kafepauza.mkrnrnАко некој помине многу близу до вас, тој може ненамерно да „украде“ дел од вашата енергија. Ако некој ненадејно ве фати за рака, тој го прекинува протокот на енергија околу вашето тело. Пример за ова е кога разговарате со некој и кога мислите дека тој стои премногу блиску до вас, па затоа малку се оддалечувате.rnrnОбично аурата е на 90 сантиметри од вашето тело, но кај жртвите на насилство таа може да биде и до 1.000 сантиметри широка. Аурите често се поврзуваат со луѓето, но всушност секое живо суштество ја генерира оваа енергија. Аурата може да ни даде увид кон духовната, емоционалната и физичката состојба на одредена личност. Погледнете го и значењето на секоја боја.rn

    Црвена аура

    rnЛуѓето со црвена аура секогаш бараат нова авантура. Тие се авантуристи кога станува збор за храна, патување, па дури и сексуални партнери. Нивната мантра е: „Сè ќе пробам барем еднаш.“ Поради овој пристап кон животот, често може да се најдат во непријатна ситуација. Овие луѓе исто така лесно се разбеснуваат, дури и за најмали работи. Но, тие секогаш ќе ви помогнат кога е потребно. Обично имаат силно тело и силен ум и ретко се случува да се разболат. Поради одличното здравје, многу често овие луѓе се добри спортисти. rnrnБрзо им станува здодевно, па постојано бараат нови проекти и врски. Често ги оставаат работите незавршени, но ако нешто навистина сакаат, се држат до тоа и имаат големи шанси за успех. Луѓето со црвена аура се директни и не се плашат да го кажат своето мислење. Обично немаат скриени мотиви и она што го гледате е она што го нудат. Овие личности имаат потреба да бидат први. Нивната натпреварувачка природа секогаш ги мотивира и поради тоа ги очекува голем успех.rn

    Жолта аура

    rnЖолта аура имаат луѓето кои се логичари, аналитичари и кои се многу интелигентни. Тие најмногу успеваат како професори или научници. Работат многу напорно и често се случува да ја ставаат работата пред нивните лични врски. Овие луѓе уживаат во своето друштво и не страдаат од осаменост. Склони се кон проблеми со менталното здравје и може да бидат повлечени и депресивни кога се под стрес. Луѓето со жолта аура имаат одлични вештини за комуникација, веруваат во своите способности и сакаат да ги инспирираат другите.rnrnТие се одлични набљудувачи и лесно ги читаат другите. Поради ова, внимателно ги избираат нивните пријатели. Не се плашат да експериментираат со нови идеи и оригинални концепти. За некои овие луѓе изгледаат чудно и необично. Овие луѓе се привлечени од сè што е необично и мистериозно. Нивната лоша особина е тоа што се премногу критички настроени кон себе и кон другите.rn

    Розова аура

    rnОвие луѓе сакаат да даваат и да помагаат. Секогаш се грижат за своето здравје, внимаваат на исхраната и редовно вежбаат. Тие се романтичари и штом ќе ја пронајдат својата сродна душа, остануваат верни до крај. Тие се природни исцелители и ги чувствуваат потребите на другите. Имаат многу креативни идеи и бујна фантазија. Поради ова, тие се одлични писатели. rnrnЛуѓето со розова аура мразат неправда и конфликти. Секогаш се обидуваат да го направат светот подобро место, па ако треба, тие дури и се жртвуваат. Дисциплинирани се и секогаш имаат високи очекувања од другите. Сите ги ценат поради нивната искреност.rn

    Зелена аура

    rnЛуѓето со зелена аура се креативни и вредни. Тие бараат совршенство во сè што прават. Не дозволуваат да бидат надвладеани од нереални соништа и идеи. Нивната креативност ја искажуваат преку градинарство, готвење и дизајнирање. Овие луѓе ја забележуваат убавината и секогаш се трудат нивниот изглед и нивниот дом да бидат практични и убави. rnrnЛуѓето со зелена аура многу често се популарни и почитувани. Тие се успешни бизнисмени и многу често се богати. Сакаат сигурност и рамнотежа во нивниот живот. Пријателите на овие луѓе секогаш се третирани со почит.rn

    Портокалова аура

    rnОвие луѓе сакаат да бидат во друштво на други и сакаат да ги задоволуваат другите. Најчесто ги даваат најдобрите подароци бидејќи секогаш размислуваат за нив. Тие се добри и искрени и ги чувствуваат емоциите на другите. rnrnЛуѓето со портокалова аура може да бидат многу шармантни, но овој шарм произлегува од нивната чувствителност. Понекогаш овие луѓе лесно избувнуваат, но многу е лесно да им простите бидејќи секогаш се извинуваат искрено. Многу често се среќни и успешни. Нивна лоша особина е тоа што многу често брзаат без да размислат за последиците.rn

    Виолетова аура

    rnОва се луѓе со психички моќи и се многу чувствителни. Луѓето кои имаат виолетова аура се сметаат за мистериозни и таинствени. Тие имаат филозофски, интуитивен ум. Сакаат да учат и никогаш не престануваат да истражуваат. Поради ова, тие се навистина интересни луѓе со многу знаење. rnrnНемаат многу пријатели, но оние кои ги имаат се ценети и сакани. Овие луѓе обично немаат среќа во љубовта, но штом ќе ја пронајдат сродната душа, вистински ја љубат. Тие се чувствуваат поврзано со животните и природата, и ги чувствуваат емоциите дури и на животните.rn

    Сина аура

    rnОваа боја е најретка. Луѓето кои ја имаат се едни од највештите во комуникацијата. Тие умеат да ги искажат своите мисли, идеи, погледи и концепти на многу привлечен начин. Тие се одлични писатели, поети и политичари. Луѓето со сина аура се исто така многу интелигентни и интуитивни. Лесно донесуваат тешки одлуки, добро се организирани и секогаш ги мотивираат и инспирираат другите. rnrnМожат да ја смират секоја ситуација и ја ценат искреноста во нивните врски. Лошата страна на овие луѓе е тоа што се справуваат со премногу, стануваат зависни од работата и ги запоставуваат нивните лични врски.rn

    Златна аура

    rnОвие луѓе се љубители на убавината и се одлични уметници. Тие ги ценат убавите работи во животот и се опкружуваат со нив. Сакаат да ги забавуваат другите и уживаат во големо друштво. Луѓето со златна аура се привлечни и сакаат да го привлекуваат вниманието на многумина. Но, за возврат секогаш одвојуваат дел од нивното време, енергија и љубов. rnrnШармот кој го имаат само додава вредност на нивната привлечност. Тие се одлични слушатели и секој се чувствува важно и ценето во нивно друштво. Тие не сакаат да бидат критикувани и се обидуваат да ги сокријат своите недостатоци на кој било начин. Тие се многу горди и независни, и не сакаат да бараат помош од другите.rn

    Бела/сребрена аура

    rnЛуѓето со сребрена аура се многу надарени. Користењето на овие дарови е нивна животна лекција. Тие се чувствителни, интуитивни и имаат психички моќи. Можат да го користат своето разбирање на духовноста на многу практичен начин. Поради ова, тие ги разбираат речиси сите луѓе, па најчесто се советници или учители. rnrnЛесно донесуваат одлуки и веднаш реагираат кога има некој проблем. Луѓето со оваа аура се привлечни и имаат многу обожаватели. Но, тие исто така се внимателни и претпазливо ги одбираат своите пријатели и љубовници. Овие луѓе изгледаат убаво, имаат добар карактер и многу таленти. Успехот лесно доаѓа кај нив.rn

    Кафеава аура

    rnСветло кафеавата боја на аурата укажува на збунетост или обесхрабреност. Недостаток на самодоверба или страв. Темно кафеавата аура укажува на себичност и склоност кон лажење.rn

    Црна аура

    rnЦрната аура укажува на омраза, негативност, некоја болест или депресија, мизерност. Оваа боја секогаш е лош знак.rnrnСега кога го знаете значењето на боите, научете и како да ја гледате вашата аура и како редовно да ја чистите.rn

  • Дознајте која боја на кармин им помага на жените да се чувствуваат најмоќни (не е црвената!)

    Дознајте која боја на кармин им помага на жените да се чувствуваат најмоќни (не е црвената!)

    Најчесто, моќните бои се впечатливи и ви помагаат да мислите дека можете да го освоите светот. Но, нештата се сменија! Според едно истражување спроведено од страна SkinStore, кармините со неутрална боја најмногу влијаат на моќта на жените. Добро прочитавте! Нијансите кои едвај можете да ги забележите им помагаат на луѓето да се чувствуваат најдобро. Но, тоа не е единствената боја на листава што ќе ве изненади. Се чини дека претопувањето е новото издвојување од толпата.rnrnДознајте која боја на кармин им помага на жените да се чувствуваат најмоќни (не е црвената!)rnrnТрендовите за убавина доаѓаат и си одат, па најверојатно истото се има случено и со моќните бои. Иако црвената боја најчесто се поврзува со женската моќ, 2.000 жени изјавиле дека неутралните кармини прават да се чувствуваат поубави и попривлечни. И покрај тоа што црвената, виолетовата и кафеавата се забавни и впечатливи бои, повеќето луѓе не ги претпочитаат тие нијанси.rnrnВо првите 5 најмоќни нијанси спаѓаат неутралните, светло розовите, боја на малина, темно розовите и светло црвените. Иако има две нијанси на црвена боја во првите 5, светлите нијанси ги заземаат првите 2 места. Верувале или не, суптилните нијанси се официјално новите впечатливи бои кои ќе ви помогнат да се издвоите од толпата.rnrnДознајте која боја на кармин им помага на жените да се чувствуваат најмоќни (не е црвената!)rn

    „Дознаваме дека жените се многу анксиозни кога станува збор за природниот изглед на нивната кожа и постојано се под притисок да изгледаат најдобро што можат“, откриле експертите.

    rnНо, тоа не значи дека луѓето се чувствуваат попријатно во своја кожа. Истражувањето открило дека 50% од жените не би отишле на работа без шминка на лицето, а само 2% од нив изјавиле дека се чувствуваат прекрасно.rnrnРозовата штотуку стана новата црвена и дефинитивно постои причина зошто поседувате толку многу кармини со неутрална боја.rnrnВо продолжение прочитајте како да изберете идеална боја на кармин според бојата на вашата коса.

  • Дознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинации

    Дознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинации

    Некои жени им остануваат верни на класичните бои како што се црната, сивата и кафеавата кои не се толку впечатливи, но постојат и дами кои го обожаваат шаренилото и претпочитаат живи и интензивни бои. Имајќи го ова на ум, постои боја која иако според многумина е навистина убава и весела, само мал дел од жените се осмелуваат да ја вклучат во нивните модни комбинации. Тоа е така затоа што сметаат дека не можат да ја пронајдат вистинската нијанса или мислат дека тешко ќе можат да ја искомбинираат.rnrnДознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинацииrnrnХелен Венејблс, експерт за бои и директорка на компанијата House of Colour, открила дека поголемиот дел од жените се плашат да носат зелена боја. Без разлика дали се работи за нежна нијанса на ментол, потопла нијанса на лимета или темна шумска зелена боја, жените најчесто ја одбегнуваат.rnrnДознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинацииrn

    „Многу наши клиентки имаат аверзија кон зелената боја, но постојат толку убави нијанси за секого“, изјавила Хелен.

    rnЗелената боја лесно може да се комбинира со боите кои се наоѓаат спротивно од неа на основната палета на бои. Меѓутоа, немојте да се ограничувате и храбро комбинирајте ја и со други неочекувани нијанси.rnrnДознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинацииrnrnСмарагдно зелената боја одлично оди со црната. На пример, можете да облечете смарагдно зелена блуза со црни панталони или здолниште, а можете да ја направите и обратната комбинација: Долниот дел нека биде во зелена, а горниот во црна боја.rnrnДознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинацииrnrnКога станува збор за уредувањето на домот, оваа боја се користи многу почесто. Познатиот институт за бои Pantone ја прогласил зелената нијанса со име „Greenery“ за боја која ќе ја обележи 2017 година.rnrnПа, што чекате? Пролетта само што започна, а тоа е одличен повод за да блеснете во зелено!

  • Постојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?

    Постојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?

    Можеби никогаш не сте помислиле на бојата на вашиот пасош, но веројатно сте забележале дека овој документ за патување го нема во многу колоритни изданија. Постојат 4 примарни бои на пасоши во светот и секоја земја има причина за избор на една од нив како боја за корицата. Па, следниот пат кога ќе се најдете во долги редици на аеродромите, сетете се информациите од оваа објава. Времето ќе ви помине побрзо. :)rnrnПостојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?rn

    Црвена

    rnОва е највообичаената боја. Пасошите со ваква корица се најчест избор на земјите со историски или моментален комунистички систем. Граѓаните на Словенија, Србија, Русија, Латвија, Романија, Полска и Кина имаат црвени пасоши. Земјите членки на ЕУ, освен Хрватска, исто така користат пасоши со боја на бургунди или различни нијанси на црвена. И земјите кои сакаат да се приклучат на Европската унија, како што се нашата, Турција и Албанија, неодамна ги сменија пасошите во црвени. Андската заедница на земји: Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу, исто така имаат пасоши со бургунди боја.rnrnПостојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?rn

    Сина

    rnОва е следната боја по вообичаеност. Сината боја на кориците го симболизира „новиот свет“. 15 карипски земји имаат сини пасоши. Во рамките на земјите од Јужноамериканскиот блок, синиот пасош ја симболизира врската со Меркосур – трговска унија. Ова ги вклучува Бразил, Аргентина и Парагвај. Венецуела е исклучок бидејќи исто така припаѓа на унијата, но нејзините жители имаат црвени пасоши. Пасошите на американските граѓани беа променети во сини во 1976 година.rnrnПостојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?rn

    Зелена

    rnПовеќето муслимански земји имаат зелени пасоши, на пример Мароко, Саудиска Арабија и Пакистан. Зелената се смета за омилена боја на пророкот Мухамед и е симбол на природата и животот. Граѓаните од неколку западноафрикански земји, како Буркина Фасо, Нигерија, Брегот на слоновата коска, Нигер и Сенегал, исто имаат документи за патување во различни нијанси на зелена. Во нивниот случај, бојата означува дека припаѓаат на Економската заедница на западноафрикански држави.rnrnПостојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?rn

    Црна

    rnНајретките пасоши во светот имаат црна корица. Овие можете да ги забележите помеѓу граѓаните од некои африкански земји, меѓу кои Боцвана, Бурунди, Габон, Ангола, Чад, Конго, Малави и други. Граѓаните од Нов Зеланд исто така имаат црни пасоши бидејќи ова е националната боја на нивната земја.rnrnПостојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?rnrnПогледнете ја мапата за подобро да ги проучите боите на пасоши кои се карактеристични за сите земји во светот.rnrnПостојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?

  • Науката потврди: Ова се најдобрите бои за секоја просторија во вашиот дом

    Науката потврди: Ова се најдобрите бои за секоја просторија во вашиот дом

    Сигурно многупати досега сте прочитале дека боите можат во голема мера да влијаат на вашиот живот, на тоа како се чувствувате, па дури и на тоа како се однесувате. Ако го земете тоа предвид, тогаш дефинитивно треба добро да размислите за боите што ве опкружуваат за да бидете сигурни дека секогаш ќе ги избирате најдобро, но и за да го избегнете лошото расположение, па дури и незапирливиот апетит. Во продолжение дознајте која боја е совршена за секоја ваша просторија, судејќи според научните заклучоци.rn

    1. Спална соба

    rn2-naukata-potvrdi-ova-se-najdobrite-boi-za-sekoja-prostorija-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rnrnИспробајте „валкано“ сина боја. Сината боја обично се поврзува со мирот, одморот и опуштањето, најверојатно поради тоа што морето и небото се сини, а кога гледате во овие површини, невозможно е да бидете лошо расположени. Судејќи според психолозите, во сината соба ќе имате поквалитетен сон. Немојте да избирате премногу силна нијанса, бидејќи собата секако ќе биде осветлена, но не и премногу темна, бидејќи нема да можете да ја осветлите. Избегнувајте ја виолетовата боја, бидејќи иако по тонот е близу до сината, лошо влијае на вашиот сон.rn

    2. Работна соба

    rn0-naukata-potvrdi-ova-se-najdobrite-boi-za-sekoja-prostorija-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rnrnЗа ова просторија најдобра е зелената боја, бидејќи ја поттикнува креативноста. Ова се случува бидејќи зелената боја асоцира на природа што ви помага да ги прочистите мислите. Секако, немојте да претерувате со нијансата и количината. Избегнувајте ја црвената боја, бидејќи верувале или не, ја намалува аналитичката способност.rn

    3. Кујна

    rn4-naukata-potvrdi-ova-se-najdobrite-boi-za-sekoja-prostorija-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rnrnЦрвената и портокаловата боја го поттикнуваат апетитот, па затоа избегнувајте ги овие бои доколку не сакате да се здебелите. Сината, на пример, е сосема во ред , бидејќи има спротивен ефект. Сепак, кујната би требало да биде во некоја силна нијанса за да ја подигне вашата енергија, особено наутро додека појадувате. Само обидете се да избегнете кобалт сина.rn

    4. Бања

    rn5-naukata-potvrdi-ova-se-najdobrite-boi-za-sekoja-prostorija-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rnrnБелата боја асоцира на чистотија, но е некако „ладна“. Затоа за бањата најдобар избор е нежно розова боја, бидејќи подобро влијае на вас кога ќе влезете во неа, потопла е, и прави да се чувствувате поубаво и попријатно. Свежо и опуштено. Избегнувајте ги неонските бои, бидејќи се премногу напорни.rn

    5. Дневна соба

    rn6-naukata-potvrdi-ova-se-najdobrite-boi-za-sekoja-prostorija-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rnrnАко сакате пријатна, позитивна енергија во вашата дневна соба, во која поминувате најголем дел од времето, најдобар избор би биле топлите песочни нијанси. Од друга страна пак, премногу темните бои нема добро да влијаат на вас, па затоа фокусирајте се на оние посветлите, понежни.