КАФЕ ПАУЗА

Tag: боја

  • Ќе се заљубите на прв поглед: Бојата што најмногу ќе се носи до ладните зимски денови

    Ќе се заљубите на прв поглед: Бојата што најмногу ќе се носи до ладните зимски денови

    И покрај тоа што пудресто розовата боја без сомнение владее во светот на модата, изгледа дека една друга нијанса полека, но сигурно се искачува кон врвот. Станува збор за ментол зелена боја што без сомнение може да донесе освежување во вашиот гардеробер.rnrnrnrnСигурно и веќе ви паднала во очи, затоа што сè повеќе девојки ја бираат за своите костими за капење, маички, блузи со карнери, фустани… Таа одлично стои на потемен тен, а како што можеме да видиме од новите колекции, совршено ќе се согласува и со нашите модни комбинации дури и во длабоката есен, преку капутите, мантилите и џемперите…rnrnrnrnВо продолжение следуваат неколку модели што ќе ве инспирираат и вие да ја одберете токму оваа боја за летниот и есенскиот период.rnrn

  • Нов летен тренд: Костимите за капење во неутрална боја завладуваат со Инстаграм

    Нов летен тренд: Костимите за капење во неутрална боја завладуваат со Инстаграм

    Овој пат не е важен моделот, туку бојата. И како и многупати досега, така и овој пат сестрите Хадид се виновни за раѓањето на новиот тренд. Станува збор за костим за капење со неутрална боја, односно со боја во нијансите на кожата. Овој тренд брзо се шири низ социјалните мрежи затоа што нијансите совршено се вклопуваат со исончаниот тен, правејќи ве многу посексапилни.rnrnrnrnОвие костими за капење ќе им стојат одлично на сите девојки, бидејќи телото изгледа како да е голо, притоа нагласувајќи ги најдобрите страни. Покрај класичната неутрална боја која е мешавина од крем и светло розови нијанси, можете да одберете и потемен тон, доколку сакате да го издвоите материјалот од вашата кожа.rnrnrnrnКако ви изгледаат овие нијанси за костими за капење? Дали би го пробале овој тренд летово или би се задржале на класичните силни бои за плажа?rnrnrnrnОвој неутрален тренд не владее само со костимите за капење. Погледнете ги и овие 10 „голи“ фустани кои прават секоја девојка да се чувствува како принцеза!

  • Каква боја ви е аурата според вашиот хороскопски знак?

    Каква боја ви е аурата според вашиот хороскопски знак?

    Бојата на вашата аура кажува многу за личноста којашто сте. Поради ова, не е ни чудно што секој знак си има посебна боја. Моќта на секој знак во астрологијата се открива преку разни форми на енергија, вклучувајќи ја и аурата. Па, погледнете што вашата боја кажува за вас.nnКоја е бојата на вашата аура според вашиот хороскопски знак?n

    Овен: Светло црвена

    Се разбира дека жестокиот Овен ќе се изрази преку светла и жива црвена. Оваа боја означува страст, сексуалност, агресија, натпреварувачки дух и силна волја. Ова се едни од главните карактеристики на Овните.n

    Бик: Шумско зелена

    Би погодиле ли дека Биковите се претставуваат со оваа боја? Оваа боја покажува моќ на исцелител, личност која го вади најдоброто од другите. Исто така означува и посветеност и приземјеност.n

    Близнаци: Жолта

    Веселите Близнаци ќе се покажат преку жолтата боја. Ова укажува на оптимизам, позитивност, игривост и допир со внатрешното дете. Исто така, жолтата боја го прикажува и ентузијазмот кон животот.n

    Рак: Розова

    Постои ли миг кога Раковите не се вљубени? Оваа боја означува романтични чувства, љубов, сочувство, емпатија и мекост кон секого.n

    Лав: Портокалова

    Лавот со својата енергија го владее светот, па не е ни чудно што неговата аура има најсмела боја. Оваа боја означува здраво его, самодоверба и желба за победа.n

    Девица: Кралско сина

    Комуникативните Девици имаат аура со жива кралско сина боја. Оваа аура укажува на сериозност, логичен и рационален поглед кон животот и желба за искрена комуникација со секого.n

    Вага: Сино-зелена

    Хармоничната и убава Вага е комбинација од зелена и сина. Оваа аура им припаѓа на оние кои се грижат за луѓето околу себе. Тие се смирени, објективни и дипломати во секоја ситуација.n

    Скорпија: Индиго

    Мрачните и мистериозните Скорпии имаат аура со бој на индиго. Ова е бојата на интензивните емоции, интуицијата, мудроста, чувствителноста и способноста да се види вистината без разлика на сè.n

    Стрелец: Светло портокалова

    Овие диви филозофи никогаш не се плашат да пробаат нешто ново. Токму поради ова нивната портокалова аура означува креативност, издржливост и голема самодоверба. Исто така тие имаат и огромен апетит за животот.n

    Јарец: Црвена

    Аурата на посветените Јарци има силна црвена боја. Тие се отпорни и остануваат силни и во најтешките моменти. Јарците се амбициозни и знаат да преживеат.n

    Водолија: Светло зелена

    Аурата на Водолиите укажува на личност која сака да направи промена кон подобро, некој кој ги става туѓите потреби пред своите.n

    Риби: Виолетова

    Магичните и интуитивните Риби се искажуваат преку нивната виолетова аура. Оваа боја е знак за бујна фантазија. Луѓето со оваа боја на нивната аура сакаат да мечтаат и бегаат преку нивната уметника визија.nnДознајте и како да ја гледате и исчистите вашата аура.

  • Дали можете да „слушате“ гифови? Не сте единствени

    Дали можете да „слушате“ гифови? Не сте единствени

    На „Редит“ постои група од над 114.000 корисници кои тврдат дека можат да чујат звук додека гледаат некои гифови. Иако може да се чини како редок феномен, всушност едно од пет лица дефинитивно има впечаток дека слуша звук кога гледа во визуелна претстава на некакво движење. Науката се обидува да даде објаснување на оваа појава. Во новата студија на списанието „Кортекс“ се вели дека 20-30% од луѓето имаат аудио-сензација кога гледаат во гиф што прикажува некакво движење.rnrnНа пример овој:rnrnДали може да „слушате“ гифови? Не сте единствениrnrnИли овој:rnrnДали може да „слушате“ гифови? Не сте единствениrnrnПсихологот Крис Фасниџ, кој е главен автор на студијата, овој феномен го нарекува „визуелно предизвикан аудио одговор“. Тој и останатите автори на трудот сметаат дека се работи за нова форма на состојбата синестезија.rnrnДа се потсетиме: Синестезија е состојба при која нештата кои ги гледаме, на пример букви во азбуката или броеви, ги поврзуваме со некоја боја, а постојат и случаи кога дури и звукот го доживуваме во боја. Постојат и подвидови на синестезијата за кои се верува дека покрај бои, одредени звуци може да предизвикаат и физичка реакција во телото. Ова се случува поради интеракции на импулсите во мозокот, бидејќи невроните се меѓусебно цврсто поврзани. Во основа, синестезијата е ретка појава, ја имаат околу 3% луѓе во светот.rnrnДали може да „слушате“ гифови? Не сте единствениrnrnНо кога се работи за слушањето звук од гиф, тогаш тој феномен е многу почест отколку основната форма на синестезијата. Аудио-визуелното искуство може да биде различно од човек до човек – некои го опишуваат како врева во сетилото за слух, а други како „бел шум“. Оваа појава е слабо проучувана во психологијата, иако постои голем процент на луѓе кои ги имаат ваквите звучни сензации.rnrnДали може да „слушате“ гифови? Не сте единствениrnrnЕдното објаснување е дека за некои појави сме навикнати да бидат проследени со звук. На пример, кога топка отскокнува на игралиште, очекуваме да ги чуеме и ударите или пак, ако гледаме како се крши стакло, сосема нормално е нашиот мозок да го очекува и звучниот елемент.rnrnСпоред студијата, луѓето кои ја имаат оваа појава ретко се свесни дека звук воопшто не постои, бидејќи она што го гледаат, на ниво на мозокот, остава впечаток дека произвело звук. Исто така, поверојатно е да го почувствуваме визуелно предизвиканиот аудио одговор кога точно знаеме каков звук очекуваме. Истото се случува и со гифовите на кои е прикажана интензивна и енергична анимација. Ваквата состојба е почеста кај луѓето кои дале податок дека често им се случува стих или рефрен од песна да им биде заглавен во мозокот со часови, а некогаш и со денови.rn

    Што вели науката за ова?

    rnПостојат повеќе теории зошто некои луѓе слушаат звук при визуелна анимација. Кај некои е вистинска синестезија и не можат ништо против тоа, додека кај други се создава имагинарен звук поради очекувањето тој да постои. Една од можните објаснувања е и тоа што точно можеме да ги поврземе анимациите и гифовите со очекуваниот звук, но притоа сме свесни дека тој воопшто не постои. Во секој од овие случаи, мозокот автоматски ја пополнува празнината, односно звукот кој недостасува.rn

    Дали оваа појава е навистина синестезија?

    rnПостојат многу карактеристики кои ја сместуваат во таа група, но и значајни разлики поради кои може да се разгледува како одделен феномен. Сепак, за да се дојде до конечни заклучоци, потребни се и повеќе истражувања на ниво на работата на мозокот, бидејќи не се работи за биолошка визија, туку за нешто што се формира во визуелниот кортекс.rnrnСосема е веројатно дека најголем дел од ваквите дразби воопшто не сме ги забележувале, сè додека не се појавија токму овие гифови кои оставаат впечаток дека се проследени со звук, иако не се. Секако, постојат и многу други феномени за кои уште не сме свесни, а за кои науката треба да почне да дава одговори.rnrnПогледнете ги и овие 22 фотографии од природни феномени.

  • 7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравје

    7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравје

    Луѓето почнуваат сѐ повеќе да зборуваат за менструалниот циклус и тоа не е повеќе табу тема. Ако знаете како треба да изгледа вашата менструална крв, ќе можете да се поштедите од многу опасни заболувања. На пример, светло розовата боја на менструацијата може да е знак на ниски нивоа на естроген и да укаже на можна појава на остеопороза подоцна во животот. Во продолжение дознајте што открива бојата на менструалната крв за вашето здравје…rn

    1. Розевкаста боја

    rn7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравјеrnrnРозевкастата боја на менструалната крв може да е знак на ниски нивоа на естроген. Доколку многу често џогирате, тоа исто така може да биде причината зошто менструалната крв има светла боја, бидејќи докажано е дека спортувањето, особено трчањето, може да предизвика снижување на нивоата на естроген. Треба да внимавате на ова, бидејќи некои истражувања нашле поврзаност помеѓу нискиот естроген и појавата на остеопороза подоцна во животот.rn

    2. Водлеста менструална крв

    rn7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравјеrnrnВодлестата менструална крв која нема речиси никаква боја или е светло розова, обично значи дека имате недостаток на хранливи материи или дека имате рак на јајчниците. Но, не се вознемирувајте премногу, бидејќи ракот на јајцеводите се појавува само кај 2% од жените.rn

    3. Темно кафеава боја

    rn7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравјеrnrnТемно кафеавата или темно црвената боја на менструалната крв може да значи дека старата крв се задржала премногу долго внатре во матката. Никој не знае зошто ова се случува, но се смета за нешто нормално.rn

    4. Густа менструална крв која изгледа како џем со засирена крв

    rn7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравјеrnrnМенструалната крв која е густа и содржи темно црвени парчиња засирена крв може да значи дека имате ниски нивоа на прогестерон, а високи нивоа на естроген. Но, во повеќето случаи, тоа не мора да значи ништо. Меѓутоа, ако парчињата се големи и многубројни, тоа може да е знак на хормонална неурамнотеженост. Исто така, причината за ова може да се фиброидите во матката, но тоа не е нешто што би требало да ве загрижи.rn

    5. Комбинација од сиво-црвена боја

    rn7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравјеrnrnСивата или сиво-црвенкастата комбинација може да има 2 значења: Доколку не сте бремени, тоа е знак на полово пренослива инфекција, но ако сте пропуштиле барем една менструација, тоа е знак на многу ран спонтан абортус.rn

    6. Боја на брусница

    rn7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравјеrnrnАко вашата менструација има боја на брусница, тогаш тоа е супер и вие сте потполно здрави. Но, она што се смета за нормално за една личност, може да го нема истото значење за друга личност. Најдобро е редовно да одите на лекарски прегледи.rn

    7. Портокалова боја

    rn7 работи што менструалната крв може да ги открие за вашето здравјеrnrnПортокаловата боја исто како и сиво-црвената може да значи дека имате инфекција. Меѓутоа, за да се смета за сексуално пренослива инфекција, менструацијата треба да е придружена и со непријатен мирис и силни болки.rnrnПрочитајте ги и овие 7 вистини кои првата менструација ги открива за вашето здравје во иднина.

  • За најхрабрите и најразличните девојки: Маршмелоу бојата за коса ги освои сите социјални мрежи

    За најхрабрите и најразличните девојки: Маршмелоу бојата за коса ги освои сите социјални мрежи

    Ако сте во потрага по совршена комбинација на руса, бела и сива боја за коса, тогаш го имаме најдобриот предлог за вас! Станува збор за трендот познат како Маршмелоу што ги преплави сите социјални мрежи. Трендот е инспириран и наречен по најпознатиот американски десерт – маршмелоу, што сега го пронајде своето место и во светот на модата. А изгледа дека и на стилистите им се допаѓа.rnrn(4) za-najhrabrite-i-najrazlichnite-devojki-marshmelou-bojata-za-kosa-gi-osvoi-site-socijalni-mrezhi-www.kafepauza.mkrnrnЗа да ја добиете оваа нијанса, треба да измешате руса и сребрена боја за коса. Во комбинација, тие создаваат динамична боја што потсетува на нежни снегулки што се топат во уста. Сепак, барем за првиот обид, подобро е да се консултирате со експерт пред да се обидете сами да ги мешате боите за да не си ја оштетите косата.rnrn(2) za-najhrabrite-i-najrazlichnite-devojki-marshmelou-bojata-za-kosa-gi-osvoi-site-socijalni-mrezhi-www.kafepauza.mkrnrnДобивањето на оваа нијанса е вистински предизвик, па големи се шансите да ви требаат повеќе обиди за да успеете. Исто така потребно е и многу избелување и тонирање, па бидете трпеливи. А за одржувањето пак, имајте на ум дека е потрбна вистинска посветеност и чести посети на фризерскиот салон.rnrn(3) za-najhrabrite-i-najrazlichnite-devojki-marshmelou-bojata-za-kosa-gi-osvoi-site-socijalni-mrezhi-www.kafepauza.mkrnrnПа, како ви изгледа овој тренд? Дали сте доволно храбри и уникатни за да го пробате на својата коса? Додека сме на оваа тема, погледнете ги и лежерните фризури на блогерката Сара Ескудеро како инспирација за секојдневно стилизирање на косата…

  • Бојата на косата може да ви открие на кои болести сте склони

    Бојата на косата може да ви открие на кои болести сте склони

    Гените што го создаваат пигментот во косата регулираат и одредени процеси во организмот што влијаат на факторите за ризик за развивање одредени болести. Бојата на косата може да укажува на слаби точки кога станува збор за здравјето. Па, доколку сакате да знаете на што треба да обрнете внимание и на што треба повеќе да внимавате, пронајдете ја вашата (природна) боја на коса во продолжение…rn

    Русокоси

    rnБојата на косата може да ви открие на кои болести сте склониrnrnРусокосите треба да внимаваат на здравјето на очите и кожата, бидејќи постои поголем ризик за настанување сенилна макуларна дегенерација на окото, што на крајот може да доведе и до слепило. За да се избегне оваа состојба, треба да се консумира овошје богато со лутеин, како што е кељот, грашокот, спанаќот… Овие личности се подложни и на развивање карцином на кожа.rn

    Бринети

    rnБојата на косата може да ви открие на кои болести сте склониrnrnБринетите најлесно можат да ја изгубат косата бидејќи имаат најмалку влакна. Со цел да го избегнат овој проблем, треба да земаат по 18 милиграми железо на ден (или да јадат една чинија овесна каша). Доколку пушат, тие треба што побрзо да ги остават цигарите бидејќи меланинот, што им ја овозможува бојата на косата, ја забавува работата на црниот дроб, па затоа и потешко го разградуваат никотинот. Тие се почувствителни на неговото дејство, па побрзо создаваат зависност. Што се однесува до потешките заболувања, тие најчесто се разболуваат од лимфом, а најретко од меланом.rn

    Црвенокоси

    rnБојата на косата може да ви открие на кои болести сте склониrnrnЦрвенокосите имаат 50% поголем ризик да заболат од Паркинсова болест, а истражувањата покажале дека ако земаат 400 милиграми фолна киселина дневно, значително можат да го намалат овој процент. Црвенокосите почесто се загрижени, бидејќи истите гени што влијаат на нивната боја на коса, влијаат и на начинот на кој организмот им управува со стресот. Во нивната ситуација, генетскиот фактор што им ја овозможува бојата на косата, лошо се справува со стресот. Ако прерано им белее косата, тоа може да укажува на различни здравствени проблеми, но пред сè на недостаток на витаминот Б12 или нарушување на тироидната жлезда.rnrnПогледнете ги и овие 10 знаци на телото што откриваат дека не сте толку здрави колку што мислите!

  • Каква боја е вашиот паричник и како тоа влијае на вашата финансиска состојба?

    Каква боја е вашиот паричник и како тоа влијае на вашата финансиска состојба?

    Според некои верувања, воопшто не е сеедно дали парите во вашиот паричник ќе бидат уредно наредени или невнимателно турнати. Неуредниот паричник го блокира протокот на позитивната енергија и на тој начин внесува неред во вашите финансии. Па, ако сакате да ја подобрите својата финансиска состојба, ви препорачуваме уреден паричник со внимателно наредени пари. Мора да ги почитувате парите доколку сакате тие да продолжат да ви доаѓаат.rnrnkakva-boja-e-vashiot-parichnik-i-kako-toa-vlijae-na-vashata-finansiska-sostojba1rnrnПокрај уредноста на паричникот, постои уште една работа на која треба да внимавате, а тоа е никогаш да не носите (не)платени сметки во него. Тоа привлекува енергија на трошење која ќе ве тера постојано да давате пари за нешто. Од друга страна, обидете се во паричникот да имате само пари и кредитни или дебитни картички, а сè останато сместете го на некое друго место.rnrnШто се однесува до бојата, исто како и боите на облеката или ѕидовите во домот, така и онаа на паричникот може да игра голема улога во вашата финансиска состојба. Па, доколку сакате во целост да го искористите овој трик од Фенг шуи, внимавајте на значењето на следните бои и изберете ја онаа што вистински најмногу одговара на вашиот карактер – којзнае, можеби токму тоа ви било потребно за конечно да заработите повеќе пари!rnrnkakva-boja-e-vashiot-parichnik-i-kako-toa-vlijae-na-vashata-finansiska-sostojbarnrnЦрна и сина – боите на елементот вода. Тие се поврзуваат со богатство, особено црната која има неверојатна моќ да привлекува пари во вашиот паричник. Секојпат кога ќе го отворите за какво било плаќање, тој ќе ви предизвика позитивно чувство и ќе ви повика богатство.rnrnЦрвена – бојата на елементот оган. Таа се смета за најсреќната боја и покрај тоа што многумина ја сметаат за пресилна кога станува збор за паричник, може да ви помогне да го чувате полн ако сте големи потрошувачи.rnrnЗелена – бојата на елементот дрво. Таа исто така е поврзана со растот и позитивната страна на животот. Зелената исто така предизвикува богатство и одлична е за оние што допрва почнуваат да заработуваат.rnrnЖолта, кафена и крем – боите на елементот земја. Овие бои имаат моќ да ви овозможат финансиска стабилност и да ви помогнат да заштедите некој денар. Ако сте големи потрошувачи, најдобрата опција за вас е кафениот паричник.rnrnБела, сива, сребрена или златна – боите на елементот метал. Овие бои исто така можат да го задржат вашето богатство, правејќи го постабилно и потрајно. Златото секогаш се поврзува со луксуз, па ако ја одберете оваа боја за паричник, таа може да ви донесе луксузен живот.rnrnСте знаеле и дека бојата на ѕидовите влијае на должината на сонот?

  • 10 вистински приказни за луѓе со чудна боја на кожата

    10 вистински приказни за луѓе со чудна боја на кожата

    Сигурно веќе сте сретнале некој кој претерал со спрејот за потемнување. Многумина пак претеруваат со шминката и изгледаат навистина смешно. Но, постојат случаи со навистина чудна боја на кожата и тоа од причини што воопшто не се очигледни. Еве неколку приказни за луѓе со сина, зелена и премногу бела боја на кожата.rn

    1. Предозирање со моркови

    rn(1)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mkrnrnМитот дека јадењето моркови ќе ви го подобри видот навечер настанал за време на Втората светска војна од страна Британците. Бидејќи сакале да го прикријат откритието на радарот, Британците ги рашириле гласините дека нивните пилоти јаделе многу моркови за да гледаат подалеку. Ова ја поттикнало консумацијата на моркови. rnrnНо, морковите имаат состојка позната како каротеноид, што им ја дава бојата. Ако јадете премногу храна со висок процент на оваа состојка може да настанат проблеми. Ако јадете премногу моркови, вашата кожа може да стане портокалова. За среќа, лесно е да го отстраните овој проблем – едноставно престанете да јадете храна со многу каротеноиди.rn

    2. Девојките канаринки

    rn(2)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mkrnrnЗа време на Првата светска војна, поради отсуството на мажите кои биле на воените фронтови, работата во фабриките ја презеле жените. Оние кои работеле во фабриките за муниција биле познати како девојките канаринки. Тоа не било така бидејќи пееле, туку експлозивот со кој работеле ја претворал нивната кожа во жолта. rnrnХемикалиите исто така им предизвикувале осипи, проблеми со градите и вртоглавица. Жените кои раѓале во овој период забележале дека и нивните деца имаат жолтеникава боја. За среќа, со текот на времето таа исчезнувала.rn

    3. Зелените деца од Вулпит

    rn(3)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mkrnrnВо 12-тиот век во Вулпит, Англија биле пронајдени едно момче и едно девојче. Она што било чудно е тоа што децата биле зелени. Тие не зборувале и одбивале да јадат сè додека не им понудиле грашок. Едно од објаснувањата за нивната боја е токму љубовта на децата кон грашокот. rnrnДруги сметале дека децата биле анемични поради нередовната исхрана. Момчето починало, но девојчето преживеало. Со текот на времето нејзината зелена боја избледела, а по некое време таа научила и англиски јазик. Тогаш им објаснила на другите дека таа и нејзиниот брат дошле од „Земјата на Свети Мартин“ каде што сите биле зелени и немало сонце.rn

    4. Синото семејство Фугат

    rn(4)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mkrnrnЕдно семејство кое живеело на планините Апалачи имало необично сина боја. Францускиот имигрант Мартин Фугат, се венчал со една локална девојка во 1800-тите. Од 7-те деца кои ги имале, 4 се родиле со сина кожа. Поради мешаните бракови, но и браковите помеѓу роднини, бебињата со сина кожа почнале често да се појавуваат. rnrnДури и во доцниот 20-ти век, потомците на Мартин Фугат биле носени во болница поради нивната сина боја. Причината за оваа сина нијанса е еден ген кој предизвикува нарушување каде што крвта носи помалку кислород. Ова ја прави крвта потемна, па кожата изгледа сина. Денес оваа состојба се појавува многу ретко.rn

    5. Кантаксантин

    rn(5)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mkrnrnУбавиот тен е еден од најважните модни додатоци денес. Оние кои немаат време и пари да потемнат на природен начин, многу често користат солариуми, лосиони за потемнување, па дури и пилули. Пилулите, кои се забранети во САД, многу често содржат хемикалии наречени кантаксантин. rnrnОвие хемикалии се многу слични на каротениодот во морковите. Нивната медицинска употреба е да ја направи кожата помалку чувствителна на сончева светлина. Но кога се консумираат овие пилули, нивото на хемикалиите во телото значително се покачува, па луѓето може да станат жолти, портокалови, па дури и темно кафеави.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Долготрајна боја, здрава и сјајна коса: Со помош на овие трикови бојата на вашата коса ќе трае подолго

    Долготрајна боја, здрава и сјајна коса: Со помош на овие трикови бојата на вашата коса ќе трае подолго

    Дали и вас ве мачи тоа што откако ќе ја бојадисате вашата коса, за неколку дена бојата почнува да избледува и паѓа и вашата коса повторно изгледа како да е подготвена за ново бојадисување? Секако, не треба да ја бојадисувате вашата коса почесто од еднаш месечно заради тоа што на тој начин таа со брзината на светлината ќе се исуши, краевите ќе се уништат и испукаат, а исто така ќе почне да се мрси по целата должина и да опаѓа.rnrnВистина е дека при изборот на бојата за коса клучна улога игра и цената, а за да не банкротирате и да плаќате фризерски услуги кои не може да си ги дозволи секој, ние денес ви откриваме како да го продолжите животот на вашата боја за коса, односно како таа да трае подолго откако ќе ја бојадисате.rnrnДолготрајна боја, здрава и сјајна коса: Со помош на овие трикови бојата на вашата коса ќе трае подолгоrn

    1. Избегнувајте секојдневно миење на косата

    rnТоа секако не значи дека треба да одите со мрсна коса, но обидете се да ја миете најмногу три пати неделно, а при миењето да не ја триете премногу, особено на темето. Ако вашата коса премногу често се масти, тогаш користете шампони за суво миење на косата. За бојата да трае подолго, одличен избор е благиот шампон кој не содржи сулфати.rn

    2. Немојте да ја миете косата со врела вода

    rnВрелата вода ја суши косата на темето, а во исто време прави и бојата да избледува. Најдобро би било да ја миете со ладна вода, но ако не можете да издржите, млаката вода е секако подобра опција од жешката.rnrnДолготрајна боја, здрава и сјајна коса: Со помош на овие трикови бојата на вашата коса ќе трае подолгоrn

    3. Не претерувајте со апаратите за стилизирање

    rnИзбегнувајте користење на апарати за стилизирање кои работат на принцип на топлина, седум дена после бојадисувањето. Фенот, пресата, фигарото и другите апарати за стилизирање всушност го забрзуваат процесот на измивање на бојата.rn

    4. Користете шампон за бојадисана коса

    rnДенес со причина постојат шампони за бојадисана коса, за русокоси, бринети и црвенокоси. Шампонот за бојадисана коса ќе ја третира бојата на вистинскиот начин, а доколку имате црвен подтон на коса кој упорно избива, користете шампон и регенератор за бојадисана коса на база на виолетова боја. Тие ќе ги ублажат портокаловите тонови кои ве нервираат.rnrnДолготрајна боја, здрава и сјајна коса: Со помош на овие трикови бојата на вашата коса ќе трае подолгоrn

    5. Користете маска за коса

    rnХемикалиите кои се наоѓаат во фарбите обично ја оштетуваат и сушат косата, па затоа ѝ е потребна соодветна нега. Еднаш неделно нанесувајте маска која длабински ја храни и регенерира косата. Косата ќе се опорави од бојадисувањето, но и бојата подолго време ќе се задржи на вашата глава.rn

    6. Не ги заборавајте производите со заштитен фактор

    rnПроизводите кои содржат заштитен фактор од сонце не се наменети само за кожата, туку и за косата. Сонцето, исто така, лошо влијае на бојата, бидејќи и самите знаете дека после една недела помината на море, вашата коса е по правило посветла. На косата задолжително нанесувајте заштитен спреј без разлика на годишното време.