КАФЕ ПАУЗА

Tag: блиц

  • Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографи

    Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографи

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnЗа време на празниците, сигурно голем дел од вас ќе посегнат по фотоапаратите за да овековечат некој момент со пријателите, партнерите, семејствата или роднините. Еве неколку совети за да избегнете лоша фотографија, темна, заматена, презаситена со црвеникави или зеленкасти нијанси, со погрешен фокус или пак со премногу детали во позадина кои можат сосема да ја уништат.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографиrn

    1. Дефокусирани фотографии

    rnСе случува вашиот главен предмет да не е во средината на сликата што сакате да ја фатите, па вашиот дигитален фотоапарат може да го постави фокусот на некој друг детаљ околу него. Во ваков случај, придвижете го фотоапаратот полека сè додека предметот не се најде во центарот на сликата што е пред вас. Потоа, притиснете го копчето за фотографирање до половина и задржувајќи го, движете се повторно додека да ја најдете идеалната поставеност на предметот на вашата фотографија. Сè додека го држите копчето на овој начин, предметот ќе остане во фокусот дури и кога ќе го придвижите фотоапаратот за да направите нова композиција.rnrnДруга алтернатива е да ја вклучите опцијата за препознавање лица (ако фотографирате луѓе) и системот автоматски ќе ги лоцира на екранот. Со понапреден фотоапарат пак, можете да фокусирате мануелно, но ова може да ви одземе многу време и да го пропуштите моментот што сакате да го уловите.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографиrn

    2. Заматени фотографии

    rnАко вашите раце треперат или она што сакате да го фотографирате е во движење, може да добиете нејасна и заматена фотографија. Со ова може да се борите преку прилагодување на ISO-параметрите. Ако ја зголемите неговата вредност, блендата ќе биде побрза и ќе ви овозможи полесно да го уловите моментот. Но, треба да знаете дека со зголемување на ISO-вредноста, опаѓа квалитетот на фотографијата, односно се појавува оној точкаст ефект. Сè зависи од видот на фотоапаратот, но прифатливи резултати ќе добиете ако ISO-вредноста варира од 400 до 800. Над ова може да одите само ако планирате фотографијата да остане во електронска форма, односно да не ја печатите.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографиrn

    3. Проблем со балансот на белата боја

    rnСончевата светлина, обичната сијалица, флуоресцентното светло, итн., сите тие произведуваат различни нијанси. Вашиот фотоапарат автоматски ја прилагодува светлината, но тоа не е секогаш успешно. Најчести проблеми се пренагласена портокалово-црвена боја, кога фотографирате во простории осветлени со стандардна сијалица или пак зеленикава нијанса, ако фотографијата е направена под флуоресцентно светло.rnrnЗа да се справите со овој проблем, треба да изберете баланс на белата боја кој ќе одговара на средината. Најдобро е тоа да го сторите мануелно, ако вашиот фотоапарат има таква можност. Можеби ова ви звучи комплицирано, но всушност е брза операција. Го насочувате вашиот фотоапарат кон бел лист хартија и го притискате копчето. Ова овозможува најпрецизна репродукција на боите и не мора да го повторувате пред секое ново фотографирање. Штом еднаш ќе го направите, тоа така и ќе остане сè додека вие не одлучите да го промените.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографиrn

    4. Премногу темни лица

    rnВрз основа на автоматскиот експозициски систем, вашиот фотоапарат се обидува добро да осветли сè што е на фотографијата. Но, во некои случаи не успева во тоа. Како на пример, кога фотографирате на плажа, на јако сонце или во снежни услови, поздината е многу посветла од луѓето на вашата фотографија и ги прави да изгледаат премногу темни. Едно од решенијата е да користите некоја од однапред дефинираните сцени, како на пример, оние за снежни услови, за сонце, плажа…rnrnДруга опција е да го вклучите блицот при правење на секоја фотографија. Во автоматски мод, тој нема да се активира доколку светлината во средината е доволно јака, но може да ви помогне при фаќање надворешни сцени, на тој начин што ќе ги осветли лицата и ќе го улови моментот од некоја динамична акција што сакате да ја фотографирате, дури и кога е многу сончево.rnrnЗа пофина и подобра контрола на светлото, истражете ги опциите за компензација на експозицијата. Дури и фотоапаратите без мануелна контрола ја имаат оваа опција. Таа ви овозможува автоматско подесување заради усогласување со условите што ги гледате. Прилагодувањето на екпозицијата се прави со стискање на копчето плус/минус, зависно од тоа дали сакате да постигнете посветол или потемен ефект. Ова експериметирајте го во вашето слободно време, кога не фотографирате важни настани.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографиrn

    5. Премногу детали во позадината

    rnЧесто сме презафатени фокусирајќи се на предметот на нашата фотографија и не забележуваме што сè има во позадината. Но, кога ќе ја видиме фотографијата отпосле, ќе забележиме дека има еден тон непотребни детали кои го уништуват посакуваниот ефект.rnrnЗатоа, пред да фотографирате внимавајте на опкружувањето. За да добиете почиста фотографија, поместете го субјектот или предметот на вашата фотографија подалеку од елементите кои можат да ја уништат или пак поместете се вие. Во спротивно, може да направите фотографии на кои личноста ќе изгледа како срасната со нешто од позадината.rnrnАко вашиот фотоапарат е со напредни функции, тогаш можете да ја користите опцијата „aperture-priority“, којашто ви овозможува да контролирате колку светло влегува во фотоапаратот и колку од работите се во фокусот на фотографијата. Овој ефект е познат и како длабочина на полето. Плитката длабочина значи дека предметите кои се поблиску до фотоапаратот ќе бидат во фокус, а зад нив ќе се направи фина заматена позадина на фотографијата. Значи, доколку фотоапаратот ви ја дозволува оваа опција, намалувајте ù ја вредноста за да создадете апстрактна матна заднина пред која фокусирано ќе биде претставен предметот на вашата фотографија.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографиrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да си направите домашно фото студио?

    Како да си направите домашно фото студио?

    Фотографирањето не мора секогаш да подразбира користење на скапи додатоци и интересни гаџети. Секако, така е многу позабавно, но исто како кога Џеки Чен ненадејно ќе се најде во тепачка, најважно е што ќе направите со она што моментално го имате во рацете.rnrnЗа домашно фото студио потребни ви се само 5 работи:rn

      rn011

    • прозорец
    • rn011

    • триногалка
    • rn011

    • блиц
    • rn011

    • картон за насочување на светлината
    • rn011

    • заднина
    • rn

    rn

    Како да си направите домашно фото студио?1. Поставете го вашето студио блиску до прозорец

    rnЗа основа на вашето студио можете да употребите маса, шкаф или каков било мебел во домот кој има доволно рамна површина. Доближете го што е можно повеќе до некој прозорец во домот, но така што тој ќе го опфаќа страничниот дел на мебелот што го користите како основа за студиото. Прозорецот ќе биде вашиот главен извор на светлина.rnrnДоколку светлината која доаѓа низ прозорецот е прејака, можете да ја омекнете со бели завеси. Доколку немате бели завеси, едноставно изберете дел од денот кога светлината не продира директно низ вашиот прозорец.Како да си направите домашно фото студио?rn

    2. Поставете го вашиот апарат на триногалка

    rnИма две причини за користење на триногалка:rn

      rn011

    • ви овозможува да ја искористите светлината од прозорецот со подолга експозиција
    • rn011

    • ви овозможува подобра контрола врз поставеноста на вашиот објект на фотографија
    • rn

    rnШтом ја имате светлината од прозорецот, позадината и она што сакате да го фотографирате, нема повеќе да имате потреба да се поместувате или да го менувате аголот на фотоапаратот.rnrnДоколку немате триногалка, можете да размислите да си набавите бидејќи се доста евтини во однос на останатата опрема за фотографирање. Исто така, како стабилизатор можете да употребите неколку книги или пак да ја поставите брзината на блендата на максимум 1/60 за да можете да сликате држејќи го фотоапаратот в рака.Како да си направите домашно фото студио?rn

    3. Користете го блицот како секундарно светло

    rn Многу е важно вашиот блиц да има подвижен стожер.rnrnУпотребете го блицот за да ги тргнете сенките кои ги создава светлото од прозорецот. Вртете го така што светлината ќе се одбива од страничните ѕидови или од таванот сè додека не го постигнете посакуваниот ефект. Оние со пластични капачиња за дифузирање на светлината се најдобри.rnrnНајдобар ефект ќе постигнете доколку го насочите блицот зад вас. Тоа ќе ги отстрани прејако осветлените делови. За да го поправите јакиот ефект на светлината од блицот, можете да користите дифузер, кој лесно ќе го направите од кутивче за филм.rnrnДоколку пак, добивате доволно светлина од прозорецот, не мора да го користите блицот.Како да си направите домашно фото студио?rn

    4. Отстранете ги сенките со картон за насочување на светлината

    rnКартонот за насочување на светлината е најевтиниот елемент во фото-опремата кој можете да го набавите. Земете бел мат картон или залепете купче хартија за печатење за да создадете имитација на картон.rnrnПотпрете го картонот покрај предметот на фотографирање, веднаш надвор од сцената. Прилагодете го аголот сè додека рефлексијата од картонот не ги осветли сенките. Ова е едноставен трик кој има големо влијание врз изгледот на фотографиите кои ќе ги добиете.rnrnДоколку пак, ги обмотате рабовите на парчето картон со станиол, никогаш повеќе нема да имате проблеми со сенките.Како да си направите домашно фото студио?rn

    5. Направете интересна или незабележителна заднина

    rnДали ќе изберете невоочлива или интересна заднина, зависи од она што го фотографирате пред неа, но доколку направите комбинација од двата вида, не можете да погрешите.rnrnКупете хартија за колажи која е многу евтина, а пакувањата доаѓаат со парчиња во многу бои кои одлично изгледаат како заднина за фотографирање на објекти, а се доволно ненаметливи за да го задржат вниманието на она што е пред нив.rnrnДоколку фотографирате мал предмет, може да го потпрете на книга или на географска карта. Ова ќе ја направи заднината интересна, а сепак, ако длабочината на полето е доволно плитка, нема да го одвлекува вниманието. Како да си направите домашно фото студио?Толку. Со ова веќе сте подготвени да правите професионални фотографии во вашето ново фото студио. Притоа, пред да почнете со работа, не заборавајте да ја избалансирате белата боја на сцената, особено доколку користите колоритна заднина. За ова може да ви помогне пластично капаче од чашка.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn