КАФЕ ПАУЗА

Tag: бизнис

  • Луди мажи (Mad Men)

    Луди мажи (Mad Men)

    ТВ серија за животот на луѓето во 60-тите години на XX век и брзите општествени промениrnrnЛуди мажи (Mad Men)Главни улоги: Џон Хем, Елизабет Мос, Џенуари Џоунс, Винсент Картејсер, Кристина Хендрикс, Џон СлатериrnrnЖанр: драмаrnrnПремиера: 19 јули 2007rnrnБрој на сезони: 4rnrnПетта сезона: 25 март 2012rnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    rnБрзиот начин на живот и незапирливите технолошки промени како да направија да се чувствуваме изморени од времето во кое живееме. Можеби токму затоа ТВ серијата „Mad Men“ чие дејство се случува во 60-тите години на XX век, постигнува толку голем успех и популарност кај гледачите. rnrnПред само педесетина години, светот бил многу поинаков од она што е денес. Мажите морале да бидат успешни во кариерата за да носат дома пари, а од нивните сопруги се очекувало да бидат одлични домаќинки и мајки, а навечер страсни љубовџики. За разлика од денес, во овој период на жените им било особено важно да се омажат многу млади. За компјутери и паметни телефони тогаш не можело ни да се сонува, со оглед на фактот дека машината за куцање и телефонот со жица се сметале за врвна технологија.rn


    rn
    rn

    rnПриказна: Дејството на „Mad Men“ се одвива во 60-тите години на минатиот век, во една од најпрестижните маркетинг агенции во Њујорк, „Стерлинг-Купер“, каде фокусот е ставен на најмистериозниот, но и екстремно талентираниот креативен директор Дон Дрејпер. Луди мажи (Mad Men)Тој е еден многу комплексен лик со мрачно минато, кое му создава психолошки бариери во сегашноста и го прави несигурен во љубовниот живот. Навидум среќно оженет со убавата и млада Бети со која има и мали дечиња и одлична кариера во маркетингот кој не е баш ценет во тие години, Доналд изгледа како да живее живот каков што би посакал секој маж. Луди мажи (Mad Men)Но, реалноста е сосема поинаква. Тој живе двоен живот. Гледано отстрана тој е строг шеф на работното место, кој знае како се води бизнис и како се прават пари, а навечер кога ќе се врати во својот топол дом, го пречекува неговата дама со вечера на масата, а по вечерата добива и страсни бакнежи под чаршафите. Но, таа не знае за неговото мистериозно минато, ниту дека тој ѝ е неверен.Луди мажи (Mad Men)Животот на луѓето од овој период се врти околу пет работи: бизнис, љубов, секс, цигари и алкохол. Сите пушат и пијат алкохол секаде и во секое време, дури и додека се на работа. Интересен белег на серијата е и начинот на кој се третирани жените во овој период. На мажите не им претставува проблем да ги изневеруваат нивните сопруги секогаш кога ќе ги привлече некоја друга, а воедно на сопругите не им дозволуваат ниту да погледнат во друг маж, а камоли да ги изневерат. Оние жени кои се вработени, не можат да поминат еден работен ден, без да се почувствуваат понижено од некој колега, кој безобразно флертува со нив, како да се подвижно „парче месо“.Луди мажи (Mad Men)Хомосексуалците се кријат зад своите сопруги, а на хетеросексуалните мажи не им е доволна ниту најзгодната сопруга на светот, па пронаоѓаат утеха во други „мачиња“, многу чашки жесток алкохол и многу кутии испушени цигари. За разлика од денес, во тој период се сметало дека жените не можат да работат високо интелектуална работа, бидејќи „интелигентните“ професии биле наменети само за мажите. Луди мажи (Mad Men)Во борбата против таквиот систем, можат да учествуваат само најхрабрите и најупорните жени, кои се свесни за сопствената моќ. Навидум, ова е машка серија, но преку ликовите Бети, Пеги и Џоун се прикажани почетоците на вториот бран феминистички движења, кога жените се бореле за рамноправност помеѓу нив и мажите.Луди мажи (Mad Men)Во текот на четирите досега снимени сезони многу односи помеѓу ликовите ќе станат комплицирани, но и многу тајни ќе бидат октриени. Дејството постојано се преместува од бизнис климата во светот на маркетингот, кон приватниот живот на главните ликови и нивните љубовни проблеми и психолошки немири. Луди мажи (Mad Men)Сигурно нема да ве остави рамнодушни ниту стилот на облекување кој постоел во ова време. Мажите изгледаат секси „стегнати“ во нивните одела, а жените блескаат во нивните раскошни фустани и специфични фризури. Луди мажи (Mad Men)Сѐ на сѐ, ова е една оригинална и секси ТВ серија, која ќе ве потсети дека светот бил многу поинакво место за живеење пред неколку децении, но и ќе ве натера да направите паралела на моралните и етичките вредности на кои не се водело сметка тогаш, како и на оние кои тогаш постоеле, а се заборавени денес.Луди мажи (Mad Men)Кога и како да ја гледате: Зависно од тоа која епизода ја гледате, серијата може повеќе да одговара за дневна или за ноќна шема. Тоа е така, бидејќи во некои епизоди акцентот е ставен на работењето на главните ликови во маркетинг агенцијата, а во други на љубовните сплетки, сексуални авантури и драми. Не ја гледајте пред спиење, бидејќи за да ја осетите страста на серијата ќе ви биде потребна енергија, но повеќе ќе уживате доколку сонцето е веќе зајдено, така што доцното попладне е идеалниот термин резервиран за „Луди мажи“.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Надарен (Hung)

    Надарен (Hung)

    Автор: Александар НиневскиrnrnТВ серија за еден наставник во средно училиште кој работи како жиголоrnrnНадарен (Hung)Главни улоги: Томас Џејн, Џејн Адамс, Ребека Крескоф и Ен ХешrnЖанр: комедија, драмаrnКреатори: Дмитри Липкин и Колет БурсонrnПремиера: 28 јуни 2009rnОригинален канал: ХБОrnБрој на сезони: 3rnСтатус: завршенаrnВреметраење: 28 минутиrnНаша оценка: 7rnВаша оценка: [ratings]rn

    rnПриказна: „Hung“ или „Надарен“, го следи животот на Реј Дрекер, несреќен и финансиски нестабилен наставник по историја и спортски тренер во средно училиште во предградие на Детроит. Тој исто така е татко на близнаците Дејмон и Дарби кои живеат со нивната мајка Џесика и нејзиниот маж Рони. Откако неговиот дом од детството е уништен во пожар и е приморан да живее во шатор во неговиот двор, на Реј не му остануваат многу опции. Со помош на неговата пријателка Тања, Реј одлучува да го претвори неговиот екстремно голем пенис во прилика за заработка на пари.Надарен (Hung)Надарен (Hung)Епизодите се базираат на обидите на Реј да води „нормален“ живот, додека истовремено го започнува својот бизнис како машка проститутка. Заедно со Тања го започнуваат нивниот бизнис „Консултанти за среќа“.Надарен (Hung)Низ епизодите ќе можете да го видите Реј во повеќе различни ситуации и „позиции“. Заедно со Тања не се обидуваат само да продадат секс, туку се обидуваат да им донесат среќа на нивните клиенти. Во меѓувреме Реј се обидува да биде добар татко на проблематичните близнаци и притоа да ги одржи неговите два животи одвоени.Надарен (Hung)Она што е доста симпатично во серијата е динамиката на врската помеѓу проститутката Реј и макрото Тања. Реј е прикажан како по малку срамежлив средовечен наставник по историја кој несигурно влегува во водите на проституцијата. Додека пак Тања е писателка која работи здодевна работа во весник и одеднаш решава да започне бизнис како макро бидејќи верува дека со нејзините способности, и големиот „алат“ на Реј можат да успеат.Надарен (Hung)Надарен (Hung)Во втората сезона таа динамика ќе биде нарушена од новото макро на Реј – Ленор, која што ја глуми одличната Ребека Крескоф. Ленор работи како животен водич, таа беше донесена од Тања на почетокот за да им помогне, за подоцна да се обиде на повеќе начини да ја отстрани Тања и да го задржи Реј само за себе. Во третата сезона Ленор ќе се обиде да им ги украде клиентите на Тања и Реј, со нејзиниот нов и помлад жиголо Џејсон.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Едно пени – доволен почетен капитал за бизнис

    Едно пени – доволен почетен капитал за бизнис

    На почетокот од оваа година Англичанецот Лук Сеил од Брингтон решил да провери за што сè може да ја замени својата стара паричка од едно пени изработена во 1987 година. Тој се надева дека за една година ќе добие нешто оригинално за својот почетен капитал од едно пени. Проектот го нарекол „1 пени“.Едно пени - доволен почетен капитал за бизнисСвојата паричка тој најпрво ја заменил за три златни рипки, но не планирал да ги задржи, па преку интернет набргу ги сменил за стара гитара.Едно пени - доволен почетен капитал за бизнисЗа гитарата Лук добил неколку понуди, но неговиот избор бил велосипед. Велосипедот бил во добра состојба и му требало само мало дотерување за да изгледа како нов. Во тоа му помогнал неговиот пријател Хари, па размената можела да продолжи. Понудите кои ги добивал, не му изгледале особено привлечни и кога веќе почнал да го губи трпението, му биле понудени 50 фунти за велосипедот. Секако таа понуда ја прифатил.rnrnИако бил задоволен од последната размена, не му било цел да ги задржи парите. Но, што може да се купи за 50 фунти? На интернет му нуделе разни нешта, како кревет, телевизор, флејта, принтер, па и стар Форд фиеста, но најинтересна понуда стигнала од Бугарија.rnrnИдејата на Лук многу му се допаднала на господин Пол Холман од Бугарија, па затоа тој решил да му продаде 10 метри квадратни земја, во близина на брегот на Црно море, за неговите 50 фунти. Тој му кажал дека со неа може да прави што сака. Може да гради на неа, да кампува, да одгледува нешто или да ја продаде.Едно пени - доволен почетен капитал за бизнисИако Лук не знаел ништо за Бугарија, тоа сепак, било понуда што не можел да ја одбие, па сега е сопственик на прекрасно мало парче земја.rnrnКојзнае, можеби ентузијазмот, авантуристичкиот дух, позитивната енергија, креативноста и оригиналноста која ја поседува овој човек, ќе му помогне да создаде од ништо – многу.rnrn

  • Што е забрането на интервју за работа?

    Што е забрането на интервју за работа?

    Сте се потрудиле околу личната биографија и писмото за мотивација. Работодавецот е импресиониран од тоа и следниот чекор е да ве повика на интервју. Помислата од тоа да се сретнете лице в лице со работодавецот или некој од неговите подредени, неретко знае да предизвика нервоза, нетрпеливост и вознемиреност.Што е забрането на интервју за работа?Треба да знаете дека постојат неколку работи на кои апликантите треба да обрнат поголемо внимание за време на интервјуто за работа. Еве листа на грешки кои треба да гледате да не ги направите наредниот пат кога ќе отидете на интервју за работа:rn
    rn

    Доцнење

    rnШто е забрането на интервју за работа?Прво и најважно правило од кое нема ниеден исклучок! Доцнењето, во која било држава е знак на непочитување. Затоа, подобро е да дојдете неколку минути порано на договореното место и да се напиете кафе некаде во близина, отколку да задоцните. Се разбира, понекогаш се случуваат чудни работи токму на денот кога нешто важно ви се случува – метеж во сообраќајот, неодложна семејна работа и сл. Во таков случај, јавете му се на лицето кое ве контактирало за интервјуто и известете го за можното доцнење или во краен случај недоаѓање и воедно замолете го да ви го презакаже интервјуто за друг ден.rn
    rn

    (Не)запознаеност со светот на бизнисот

    rnАко сте невработени не значи дека не треба да ги знаете основите во светот на бизнисот и тоа како тече еден работен ден. Потрошете малку време за да се запознаете со овие работи пред самото интервју. Работодавците скоро секогаш закажуваат интервју за работа за време на работниот ден, а не после него. Затоа, ако чекате да ве поканат на интервју или веќе ви се јавуваат, треба да имате неколку слободни часови од 9 до 17 часот.rn
    rn

    (Не)професионален изглед

    rn

    Што е забрането на интервју за работа?Треба да обрнете внимание на тоа како ќе бидете облечени кога одите на интервју. Облеката, говорот на телото и гестикулациите се клучни за да делувате професионално. Откако ќе се вработите, веќе можете да се подослободите и да се обидете да се вклопите со стилот според кодексот на облекување кој важи во работната околина.rn
    rnrn

    (Не)заблагодарување за дадената шанса

    rnШто е забрането на интервју за работа?Ако ви се посреќило и сте се покажале во најдобро светло, интервјуто може да резултира со потпишување договор за работа. Доколку насетувате дека ова ќе се случи, убаво е да се заблагодарите за укажаната шанса да бидете дел од работниот тим. Немојте долго да чекате за ова. Преку електронска пошта или рачно напишано писмо, изборот е ваш, но сторете го тоа. Ако се одлучите да пратите имејл до повеќе луѓе кои учествувале на интервјуто, тогаш никако не користете ја опцијата cc (carbon copy) за да пратите една порака до повеќемина. Пратете посебни пораки.rn
    rn

    Ѕвонење на телефонот

    rnВо сите професионални ситуации, вработените им се покоруваат на оние со поголема моќ. Тоа значи дека ако му заѕвони мобилниот телефон на шефот додека ве интервјуира, не значи дека и вам ви е дозволено да ви се случи истото. Не залажувајте се. Телефонот исклучете го (не на бип, ниту на вибрации) уште пред да влезете во канцеларијата. Плус, играјте на сигурно – не дозволувајте да ве фатат како скришно зборувате на мобилниот телефон ниту додека чекате во ходникот.rn
    rn

    (Не)покажување почит кон вработените

    rnШто е забрането на интервју за работа?Вработените од административниот персонал, од правната служба и секретарите се често срцето и душата на компанијата. Нивното мислење се цени од „врвот“, така што треба да внимавате како ќе се однесувате со нив. Исто така, тие често се хиперчувствителни поради тоа што се помалку платени од другите. Не ги омаловажувајте и не им ја отежнувајте работата. Можеби наскоро ќе ви станат колеги.rn
    rn

    Кој кого тука интервјуира?

    rnШто е забрането на интервју за работа?Некои мислат дека ако почнат да прашуваат многу прашања за време на интервјуто, така ќе ги импресионираат оние кои интервјуираат. Грешка! Кога сте повикани на интервју за работа, многу добро се знае кој е кандидатот, а кој го врши интервјуто. Неколку пристојни прашања со кои ќе се нагласи вашето познавање за компанијата е она на што треба да се посветите.rn
    rn

    (Не)нормален однос

    rnРаботодавачите треба да определат дали можете да се вклопите во организационата култура што е воспоставена во компанијата. Пред да влезете во просторијата за интервјуирање, анализирајте го однесувањето на другите вработени кои поминуваат во холот, од јачината и темпото на зборување, до говорот на телото и потоа искористете го ова за време на разговорот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини вашето хоби да го претворите во бизнис

    5 начини вашето хоби да го претворите во бизнис

    Сите ние имаме некоја пасија во животот. Нешто што нè исполнува максимално и нè оттргнува од секојдневните случувања. За некои тоа е целосното посветување на работата, а за други – некое хоби кое на животот му дава поинаква димензија и смисла за постоењето. Прочитајте 5 начини како хобито може да ви стане работа со полно работно време:4 начини како вашето хоби да го претворите во бизнисrn

    Понудете бесплатни примероци или големи попусти

    rnАко во слободно време се занимавате со продавање облека, накит, готвена храна или какви било услуги, добро е да ги понудите или тестирате на пријателите. Поканете ги дома и запознајте ги со тоа што го правите, покажете им ги производите и дадете им нешто гратис или со голем попуст. Потоа, прашајте ги што мислат за производот или дадената услуга, како би можеле да ги понудат на нивните блиски и пријатели.rn.rn

    Учете од големите фирми

    rn4 начини како вашето хоби да го претворите во бизнисВнимателно проучете ја стратегијата на големите компании. Видете што прават за да го продадат нивниот производ. Во најдобар случај, прашајте дали некој од вработените таму би сакал да вложи малку труд и енергија за да ве научи на некои трикови и начини за подобра продажба.rn.rn

    Користете интернет

    rn4 начини како вашето хоби да го претворите во бизнисОткако ќе научите некои основни трикови и начини за подобра продажба, почнете да употребувате социјални мрежи за да го раширите вашето хоби на што е можно поголем број луѓе. LinkedIn е одлична за почеток. Ова може да го правите вие самите, но подобро е да повикате некои блиски пријатели да бидат дел од вашиот иден бизнис. Колку поголема посетеност на социјалната мрежа, толку повеќе потенцијални купувачи и поголем успех.rn.rn

    Рекламата е важна!

    rnОва е малку понапредно ниво и многу важен чекор за хобито да стане бизнис. Креирајте веб-сајт за вашиот производ, дизајнирајте лого, смислете некое добро име за фирма и почнете да се афирмирате низ светот. Твитер, фејсбук и јутјуб исто така можат многу да ви помогнат во тоа.rn.rn

    Време е за бизнис

    rnАко вашето хоби го исполнува вашиот живот и, што е уште поважно, може да ви обезбеди парични средства за период од 3 до 6 месеци со повремени трошоци, слободно прогласете го хобито за работа со полно работно време. Со среќа!

  • Српски филм (A Serbian Film)

    Српски филм (A Serbian Film)

    Филм за снаф-филмовите – ги знаете оние филмови нарачани од „болни богатници“ кои се преполни со секс и со насилство и каде што секогаш има жртви кои реално умираат (не онака филмски). Сликите кои ќе ги видите нема да можете да ги извадите од глава ако не со денови, барем со часови.rnrnСрпски филм (A Serbian Film)Режија: Срѓан СпасојевиќrnrnСценарио: Александар Радивојевиќ, Срѓан СпасојевиќrnrnУлоги: Срѓан Тодоровиќ, Сергеј Трифуновиќ, Јелена ГавриловиќrnrnВреметраење: 104 минутиrnrnЈазик: српскиrnrnПремиера: 2010rnrnЖанр: хорор, порнографија, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 5/10rn__________________________________________________________________________________________rnКога пред неколку месеци прочитав дека „Српски филм“ го повлекле од Лондонскиот фестивал на хорор-филм затоа што организаторите премногу го „исекле“, си реков „овие Англичаниве навистина имаат мек стомак“. И повеќето филмофили во Македонија би го помислиле тоа – ние сме „хард кор“ гледачи и можеме да истрпиме речиси сè. Е па не е баш така. За морбидните сцени во Српски филм, мислам дека апсолутно никој не е подготвен. Сепак, ако тргнам да го „бичувам“ филмот и сè што е прикажано, сигурно само ќе ве поттикнам да го гледате (и јас би си рекла – е ова мора да го видам), а од друга страна, не можам при здрава свест и разум да кажам пофални зборови. Така што, ќе ви ги сервирам само информациите, а потоа сè друго паѓа на ваша одговорност.rn____________________________________________________________________________________________rn

    rnПриказна: Милош е пензиониран порноглумец кој „на времето“ бил ѕвезда во бизнисот, а денеска е посветен на синот и на сопругата. Сепак, парите собрани од порно-деновите пополека се трошат, па мора да смисли нешто. Тогаш доаѓа Вукмир, кој му нуди нов проект. Во игра се големи пари, Милош го потпишува договорот, но не знае апсолутно ништо за тоа што треба да снима. Е, тука почнува морбидната игра. Преполн со секс и насилство, во Српски филм апсолутно ништо не е свето, па дури ни децата, всушност, особено не децата. Филмот е напад на сите сетила – лесно е да ги затворите очите на моменти, но разорливиот звук на бебешкиот плач останува во главата. Да, генерално мислам дека цензурата е непотребна, но ете моите недемократски ставови ќе ги ставам во функција кога станува збор за Српски филм – понекогаш некој треба да нè заштити од нашата љубопитност, барем знам дека некогаш некој треба да ме заштити од мојата.Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)Кинематографија: Единствената причина зошто на овој филм му дадов пет поени – „златна средина“, е начинот на кој е снимен и за глумата. Совршено. Иако ментално ве силуваат, па во текот не ни размислувате на овие аспекти, кога ќе помине сè, јасно е дека причината зошто филмот остава таков впечаток се и актерите и кадрите. Српски филм е мрачен како што треба, а приказната не е комплетно линеарна, туку се раскажува и преку „флешовите“ на Милош откако дрогите „излегле“ од телото. Срѓан Тодоровиќ и Сергеј Трифуновиќ се маестрални – луди, бесни, црни…Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)Кога и како да го гледате? Не гледајте го. Ги знаете оние задолжителни препораки на филмовите, а „забрането за лица под 18“ е најверојатно најсилната. За Српски филм листата со забрането треба да биде подолга од овој текст. Па така, полнолетството не е единствен критериум, туку треба да имате и посилно срце, да не сте гадливи, да имате јак „ментален имунитет“. Но, ако ја земеме предвид човековата слободна волја (некој сигурно и ќе го пушти), тогаш олеснете си колку што е можно повеќе – задолжително гледајте го во друштво. Иако тешко дека овој филм ќе заигра во некое македонско кино, но и без тоа не би ви го препорачала во таа атмосфера. Дома ја имате слободата да го исклучите кога ќе посакате, а сигурно во кино впечатокот е посилен (непотребно) – темница, сала, големо платно.Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)

  • Друштвена мрежа (The Social Network)

    Друштвена мрежа (The Social Network)

    Филм за тоа како е да се гази по лешови за да се изгради мултимилионски бизнис, но и за онаа мала (сé уште постојна) трошка на совест. Каков човек треба да бидеш за да станеш најмладиот милијардер во светот?rnrnДруштвена мрежа (The Social Network)Режија: Дејвид ФинчерrnrnСценарио: Арон СоркинrnrnГлавни улоги: Џеси Ајсенберг, Ендрју Гарфилд, Џастин ТимберлејкrnrnЖанр: драмаrnrnВреметраење: 120 минутиrnrnПремиера: 1 октомври 2010rnrnЈазик: англискиrnrnОфицијален веб-сајтrnrn

    Наша оценка: 9/10rn___________________________________________________________________________________________rnМарк Зукерберг е претенциозно копиле кое не знае нормално да комуницира со луѓе освен ако не се во чет-прозорче. Но, Марк Зукерберг е и основач на социјалната мрежа Фејсбук и милијардер, а има само 26 години. Најверојатно, мора во исто време да бидеш и двете за да го поминеш патот до мултимилионски бизнис? Кеш, слава, почит, но и одлуки од типот дали да го оставиш на цедило најдобриот пријател, дали да украдеш нечија идеја, дали да играш валкано. И пак мора да бидеш толку самозадоволен за на крајот на денот да се погледнеш во огледало и да го сакаш тоа што го гледаш. Што е вистина, а што е лага во овој филм? Не си даваме за право да судиме. Сепак, и покрај сé, приказната те фаќа веќе во првите 5 минути и никако да те пушти. А таков филм, независно за кого е направен, секогаш вреди да се види.rn___________________________________________________________________________________________rnrnrnПриказна: Фокусот на филмот е правното сослушување на Марк Зукерберг, на луѓето кои велат дека идејата за Фејсбук е нивна и на неговиот најдобар пријател Едуардо Саверин со кого го почнале бизнисот. Преку нивните искази, приказната оди уште од почетокот на целата историја кога Фејсбук не им бил ни на крај памет, а Зукенберг бил студент на „Харвард“. Филмот е преполн со остар саркастичен хумор, со динамични дијалози… Да, вака кажаната приказна звучи целосно неатрактивно – ех, па кој би сакал да гледа филм за правно сослушување? Иако станува збор за големи пари, ниту еден живот не е загрозен. Сепак, впечатокот е дека „Друштвена мрежа“ посилно го катапултира адреналинот и од повеќето акциони филмови.Друштвена мрежа (The Social Network)Друштвена мрежа (The Social Network)Кинематографија: Кога ќе го видите филмското си-ви на Друштвена мрежа – режисерот Финчер ги потпишал и филмовите „Седум“, „Чудниот случај на Бенџамин Батон“, а сценаристот Соркин го напишал и „Неколку добри луѓе“, грешки би биле непростливи. Брзи кадри и приказна, феноменални актерски остварувања (буквално ниту еден актер не ја утна работата)… Интересно е што приказната е проследена со исклучително динамична музика, што на почетокот е малку смешно (па, добро, не е толку напната приказната за таа музика), но како што навлегуваш, сфаќаш дека посоодветна музика не може да се најде. Го засилува филмското случување за 100 степени.Друштвена мрежа (The Social Network)Друштвена мрежа (The Social Network)Кога и како да го гледате? Да го имавме во некое од нашите кина, ќе ви кажев да го погледнете таму, но како и секој блокбастер така и овој нé заобиколи, па воопшто и не е потребно да давам некаков коментар – едноставно ќе морате да го проследите дома. Секако, навечер и со изгаснати светла. Филмот е доволно интересен и сленговски кажано „ве вози“, така што можете да го гледате и подоцна во ноќта, верувајте, нема да заспиете. Иако глумат само момчиња, и тоа некои од моментално најсексапилните на планетата како Џастин Тимберлејк, сепак, приказната во Друштвена мрежа е и машка и женска така што може да го гледате во секаква комбинација – со пријатели, со девојка/момче, сами…Друштвена мрежа (The Social Network)Друштвена мрежа (The Social Network)

  • Заблагодарете им на козите за кафето

    Заблагодарете им на козите за кафето

    Автор: Мирослава СимоновскаrnrnКој би помислил дека козите се виновни за пронаоѓањето на вкусот што секое утро го буди светот?Заблагодарете им на козите за кафетоСпоред една распространета легенда, уште во 9-от век, едно козјо стадо во Етиопија, во местото Кафа, привлечено од жар црвената боја на плодовите, се доближило до грмушките кафе вкусувајќи го задоволството што ги расонува пилотите и доставувачите на пица.Заблагодарете им на козите за кафетоОвчарот што го чувал стадото, откако го забележал возбуденото однесување кај животните, ги однел плодовите во некој манастир кај група познати монаси. Тие ги свариле чудните „бобинки“ и го испиле напитокот, веднаш чувствувајќи ја возбудливата сензација. Од Етиопија, кафето се ширело до Египет и Јемен и до 15-от век стигнало до Персија, Турција и северниот дел од Африка.Заблагодарете им на козите за кафетоДенес, Бразил е лидер во извозот на кафе, а годишното производство е 110-120 милиони кесички. Магијата на ова „црно злато“, го обиколува светот со 50 билиони шолји, сварени во кафулињата и домовите. Секако, изворниот вкус ја задржува својата свежина поради тоа што зрнцата се чуваат во речиси вакуумска амбалажа и на ладно место.Заблагодарете им на козите за кафетоЗаблагодарете им на козите за кафетоКафето, после нафтата, е втор најизвезуван производ. По сé изгледа, козите „имаат нос“ за бизнис, нели?Заблагодарете им на козите за кафетоrnrn

  • Креативни реклами за автомобили

    Креативни реклами за автомобили

    Производителите на автомобили годишно даваат милиони евра за промоција. Ова не е воопшто чудно, бидејќи добриот маркетинг оди во комбинација со успешниот бизнис, па затоа не треба да се штедат средства при искачувањето кон врвот.rnrnРекламите за автомобили, во последно време станаа филтри за искажување на креативноста на нивните производители, а воедно отворија и ново поле за натпреварување помеѓу нив.Креативни реклами за автомобили - Volkswagen Jetta Модерните реклами се навистина наелектризирани со фантазија и претставуваат уживање, некогаш поголемо и од самиот автомобил. Уживајте…