Џит Банерџи е млад бизнисмен, кој за првпат добил идеја за свој бизнис кога имал само 9 години. Набљудувајќи го однесувањето на луѓето, тој отсекогаш размислувал за тоа што ги тера одредени личности да ги следат своите соништа, додека други остануваат пасивни. Во еден од јавните говори на TED, Банерџи зборува за страста и стремежот кон успех и зошто некогаш самите одбиваме да не ги достигнеме нив, што е тоа што нè запира.rn rn
rnrnГоворот го започнува кажувајќи дека на 9-годишна возраст имал две големи пасии: играњето кошарка и сурфањето на интернет. Така, одлучил летниот одмор да го мине креирајќи веб страна за неговиот омилен спорт. Токму тоа и го сторил. Но, неговата веб страна имала само три посетители: самиот тој, неговата мајка и неговиот татко.rnrnНа 13 години уживал да го минува времето играјќи разни игри на интернет. Така дошол до идеја за сопствена видеоигра. Како заштеда имал 48 долари и 22 центи, што не биле доволно средства за создавање на видеоигра. Така тој повторно, го одложил остварувањето на својот сон.rnrnНа 17-годишна возраст инспирацијата повторно се појавила. Одлучил да основа своја компанија за веб-дизајн. Првата недела, обидувајќи се да придобие клиенти, праќал мејлови, контактирал со потенцијални клиенти и поставувал реклами на интернет. Но повторно завршил разочаран и со наполу скршени надежи.rnrnДенес, како успешен бизнисмен и автор, има прекрасна можност јавно да говори на разни конференции и да го споделува своето искуство. Но, низ целиот процес на пробивање и целење кон своите соништа, една работа никако не му се разјаснила: што ги спречува луѓето да ги следат своите соништа? И кога е вистинското време за исполнување на големата животна цел?rnrnrnrnЕве што сторил за да го добие одговорот:rnrn
„Решив да составам две групи: едната ја сочинуваа луѓе над 25-годишна возраст, а другата под 25. Им поставив 3 прашања. Прво, кога би можеле да сторите што било, што би направиле? Постарите од 25 години ми дадоа најразлични одговори. Некои, исто како мене, сакаа да основаат свои бизниси, други сакаа да го пропатуваат светот. Па морав да знам, дали го правите тоа? Сите едногласно ми одговорија „не“. Па ги прашав зошто? Главно, своите одговори ги групираа во три категории: првата, дека немаат време. Со обврските на работа и семејството, тие немаат доволно време за своите соништа. Втората причина е дека немаат доволно пари. Нивните соништа бараат финансиски средства кои не можат да си ги дозволат. И третата причина е бидејќи мислат дека се стари. Чувствуваат дека нивните животи се веќе дефинирани и не сакаат да ризикуваат почнувајќи нешто сосема ново.rnrnПотоа истите прашања им ги поставив на помладите од 25 години. Најпрво ги прашав, кога би можеле да сторите што било, што би направиле? Некои, исто како и овие постарите, сакаа да го пропатуваат светот, други да започнат кариера како актери, или да пишуваат приказни за деца. Потоа ги прашав дали го прават тоа. Сите едногласно одговорија „не“. Па ги прашав зошто не? И тие ми дадоа три одговори. Прво, рекоа дека немаат време. Со обврските на училиште, активностите после училиште и домашните задачи, не им останува време. Второ, кажаа дека немаат пари. Немаат ништо заштедено, а нивните родители не би ги финансирале. Како трето, кажаа дека се премногу млади.“
rn
rnrnАко оние над 25 чувствуваат дека се стари за голема промена, а оние под 25 се многу млади и неискусни, тогаш кога е вистинското време за победување на големиот предизвик? Дали магичниот број е 25?rnrnСекој се соочува со овие три големи предизвици. Но секој кој ќе се потруди да изнајде начин, некогаш дури и екстремен, ќе ги оствари своите соништа.rn
На крај ви поставуваме три прашања. Кога би можеле да сторите што било, што би сториле? Дали го правите тоа? Зошто не?
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rn
rnrnПред неколку недели, оваа жена се здобила со бројка од 1 милион следачи, со што станала најследената Саудијка, надминувајќи го и познатиот пејач и судија на арапскиот „Идол“
rnrnСаудијците се всушност многу тренди луѓе кога станува збор за социјалните мрежи. Едно истражување открило дека овие луѓе се најактивните корисници на Твитер во целиот свет. Како што истакнува Би-Би-СИ, социјалните мрежи можат да бидат излез за жените од Саудиска Арабија кои живеат ограничен јавен живот, како резултат на забраната за возење за жени и други рестриктивни закони.rnrn
rnrnИнаку Ahlam објавува фотографии од многу брендови, но таа вели дека тие не ја плаќаат, а тоа го прави бидејќи тие се сеприсутни и популарни. Сепак, таа профитира од нејзината работа. Има напишано две книги за нејзината уметност, од кои вели дека создава пристоен приход. Таа сега има и свој мал тим од артисти кои ги има најмено за да ѝ помагаат да ги создаде и фотографира скулптурите.rnrn
rn









































rnrnДали тоа значи дека стекнувајќи знаења и вештини за заработка на што е можно повеќе пари, студентите се учат да бидат алчни? Има податоци кои го потврдуваат токму тоа:rn
rnrnНекои стручњаци го поставуваат прашањето дали на економски факултет се запишуваат луѓе кои веќе веруваат во алчноста и веруваат дека личниот интерес е поважен од колективниот, или пак токму лекциите за максимизација на профитот ги тераат да веруваат во себичноста, особено кога се дел од таква група која го охрабрува тоа. Резултатите од истражувањата го поддржуваат второто тврдење.rn
rnrnАдам Грант, професор на факултетот за бизнис Вортон, укажува на тоа дека во програмата на студентите мора да се даде предност на предмети од типот на социологија и психологија кои ќе имаат за цел да ги научат за соработка, алтруизам и фер однесување. Дотогаш, според него, ќе важи изреката на филозофот Амартија Сен:rnrn
rnrn
Режија:
Во него локалниот мафијаш Марки Тратман (Реј Лиота) во своите простории организира нелегално коцкање за другите локални мафијаши. Свесен дека во тие четири ѕида кружи огромна сума пари од која само дел му припаѓа нему, решава да ангажира двајца луѓе со кои ќе симулира грабеж, ќе им ги земе сите пари без никој да знае за тоа. Операцијата ја изведува успешно, никој не се сомнева во него сè додека една вечер на неколкумина пријатели, исто така криминалци, не им признае дека тој стои зад тој голем грабеж. Поминува без последици поради тоа што присутните во собата не биле оштетени таа вечер, но повеќемина дознаваат за тоа.
Информацијата допира и до локалниот криминалец Џон Амато (Винсент Куратола), кому му доаѓа идеја да најми двајца млади луѓе со цел да организира ист таков грабеж. Тројцата сметаат дека сомнежите ќе бидат насочени кон Марки Тратман, а тие на мира ќе си ги трошат парите. Ќе го извршат грабежот, секој ќе замине на своја страна, но мафијата нема да седи со скрстени раце. Еден од нив го најмува платеникот Џеки Коган (Бред Пит), кој треба да го елиминира оној кој ги ограбил. Тој е доволно искусен во работата и не се сомнева во Марки, сметајќи дека не би направил такво нешто по втор пат, и ќе се впушти во потрага по вистинските виновници.
Овие случувања ќе ги поврзете со светската финансиска криза со помош на познати политичари. Барак Обама, Џорџ Буш и други редовно ќе ве потсетуваат дека начинот на кој се одвива кризата во наводно некриминалниот свет е многу сличен со тековите во мафијашките кругови. Низ дејството се уфрлени повеќе нивни говори во кои зборуваат за кризата и за тоа што е потребно за да се излезе од неа, а секој од нив е даден во точно определен тајминг согласно со случувањата во криминалниот свет од филмот со цел да ја долови оваа поента.
Сето тоа може да звучи како многу мудро сценарио и можност за извонреден филм, но за жал „Убивајќи ги нежно“ остава впечаток како на приказната да ѝ фали нешто или како да не е доработена до крај. Приказната за ограбувачите и платеникот сама по себе може да биде едноставна и не премногу интересна, па затоа е неопходно да се поврзе со зборовите на политичарите за да се сфати вистинската димензија на филмот. Инаку тој може да стане по малку неразбирлив и да не се сфати поентата, а без неа филмот тешко ќе ве импресионира. Не е за сечиј вкус, но ако ве интересираат вакви приказни тогаш сигурно ќе ве забавува во ноќите резервирани за филм.rnrn
rnrn


rnrnНајтемната боја на виножитото е кралската боја во Фенг шуи. Таа во основа е Јинг и поради тоа е боја која го подобрува физичкото и менталното здравје. Виолетовата боја смирува и има способност да ја намали тензијата. Таа исто така е и бојата на богатството и напредокот. Најмногу ја употребуваат компании чии производи се наменети за жени или за деца. Оваа боја означува моќ и висока интелигенција.rnrnВиолетовата боја може да се забележи кај претставниците на големите компании, како и кај медицинските сестри или наставниците. Исто така таа е одлична боја за спа-центрите или за бизнис поврзан со слатки. Виолетовата би требало да е ваш избор доколку водите стресен бизнис, бидејќи таа по природа ги смирува луѓето. Меѓу другото, таа е добра и за бизнис со антиквитети бидејќи на некој начин е и боја која предизвикува носталгија.rn
rnrnЗелената е бојата на природата, свежината, балансот и хармонијата. Без разлика кој е вашиот бизнис, добро е одвреме-навреме да искомбинирате малку зелена боја. Темните нијанси на зелена се поврзани со пари, престиж и богатство, додека посветлите нијанси претставуваат свежина, раст, добрина и симпатија. Избегнувајте ги оние најсветлите и најсилни зелени бои бидејќи се сфаќаат како детинести.rnrnЗелената е одличен избор за кој било бизнис, но дефинитивно не смее да се заборава кај органските, здравствените и бизнисите со храна. Зелената го стимулира апетитот, па поради тоа е одлична идеја да ја имате доколку водите ресторан или кетеринг бизнис.rn
rnrnПортокаловата боја според Фенг шуи е одговорна за организација. Во принцип таа е Јанг, па поради тоа ја подобрува концентрацијата, како и креативноста. Таа е топла и жива боја, енергија комбинирана со забава и најмногу се поврзува со оние луѓе кои се отворени, оптимисти и авантуристи.rnrnОваа боја најмногу се забележува во рестораните, агенциите за патувања и кафулињата. Таа е одлична за кој било бизнис поврзан со деца бидејќи тие најчесто многу ја сакаат оваа боја – колку посветла, толку подобро. Но, не е секогаш најдобар избор за во светот на бизнисот бидејќи премногу од неа може да асоцира на несигурност и арогантност. Бидете внимателни кога ја употребувате портокаловата. Најдобро е да не ја правите доминантна боја, туку да биде само дел од одредени детали.rn