КАФЕ ПАУЗА

Tag: бивши

  • Другар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

    Другар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

    Едно е сигурно, вистинските пријатели се тука едни за други и во добри и во лоши времиња. Па така, без разлика дали треба да се помине цел еден ден слушајќи за бившиот/та и да се повторува по стоти пат колку правилна одлука е тоа што раскинале, никогаш не се буниме за посветеното време, па и нерви. Но, можеби може да се направи нешто повеќе од само едно кафе посветено на неговите/нејзините маани и тешење дека наредниот/та ќе биде вистинскиот/та. Еве неколку начини како најдобро да им помогнеме на пријателите во вакви ситуации.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    1. Прилагодете се на расположението

    rnРаскинувањето со себе носи и промени на расположението, но обично сите одиме во една или во друга крајност – екстремно плачливи или нервозни во стилот „тргни ми се од пред очи“. Без разлика на вентилот кој го избрал вашиот пријател/ка, прилагодете се на секоја ситуација. Сака да гледа срцепарателни драми цела недела? Не заборавајте сладолед. Секое споменување на бившата љубов е проследено со изливи на нервоза? Одете во теретана и цврсто држете ја боксерската вреќа.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    2. Негативни коментари се добредојдени, секако наменети за другата страна

    rnДа бидеме реални, никој не сака да слушне од своите пријатели, и тоа веднаш после раскинувањето, за тоа колку згоден дечко ù бил бившиот или колку паметна девојка му била поранешната. Ако некогаш сте имале нешто негативно да кажете или имало нешто што ве вадело од такт, сега е вистинското време за тоа. Можеби звучи детски и незрело, но токму некој таков коментар можеби ќе измами насмевка.rnrnДевојките можеби ќе се сетат на сцената од „Сексот и градот“, кога Кери се труди да ги убеди сите дека добро се справува со новата врска на Биг и Наташа, и токму среде непријатната тишина Саманта вели „Наташа, какво име е тоа?“. Некој ваков коментар сигурно ќе успее да го/ја насмее. Ако сака да биде малку злобен/на, бидете злобни заедно.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    3. Не дозволувајте да направи нешто за што подоцна ќе се покае

    rnАлкохол и телефон во рака никогаш не се добра комбинација. А сите знаеме колку е лошо чувството кога утредента ќе се разбудиш со мислата дека си испратил некоја не толку пријатна порака кај последниот човек со кој би требало да комуницираш. Направете им услуга на вашите пријатели и не дозволувајте да западнат во слични ситуации. Затоа што дефинитивно е тешко кога подоцна уште и треба да се извиниш со изговор дека алкохолот си го направил своето. Уф!rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    4. Испланирајте нешто на што ќе се радува

    rnБило да е излегување на некое ново место, викенд некаде на страна или пак одење на кино, што и да е што ќе направи да се чувствува подобро. Секогаш е добра идеја да се биде активен, а токму поради тоа што ќе мора да мисли на вашето следно патување нема да има време да размислува за ништо друго, а особено не на бившиот/та. Патем, шопингот е секогаш добра опција.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    5. Или пак, не правете ништо

    rnДоколку почувствувате дека на вашиот пријател/ка му/ù е потребно само повеќе време да биде сам/а, тогаш најдобро што можете да направите е да оставите простор и време за тоа. Секој човек различно се соочува со животните кризи, а вие најдобро ги познавате вашите пријатели и знаете што им треба во моментот. Некогаш, доволно е да знае дека сте тука во кое било време.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    6. Помогнете да се фокусира на другите аспекти од својот живот

    rnОна што можеби најтешко им паѓа на сите после раскинување, особено кога станува збор за долга врска, е како да се прилагодат на фактот дека сè она што претходно го правеле во пар сега мора да го прават сами. Не дозволувајте да се откаже само затоа што сега ќе треба нештата да ги врши сам/сама. Особено важно е да помогнете да си ја поврати самодовербата, поттикнувајќи го/ја на нови предизвици, без разлика дали е тоа ново хоби, нова работа или пак можеби да повика некого на состанок.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

  • Секој четврти маж ги сонува неговите бивши девојки

    Секој четврти маж ги сонува неговите бивши девојки

    Љубоморните жени сега имаат причина плус за грижи. Новото британско истражување на „Premier Inn“, во кое биле испитани 2.000 Британци, открило дека секој четврти маж редовно ги сонува неговите поранешни девојки. Резултатите исто така покажале дека тоа што мажите ги сонуваат бившите, не мора да значи дека тие мечтаат за нив во будниот живот. Напротив, поголемиот дел од испитаниците биле целосно задоволни од нивната моментална љубовна врска.rnrnСекој четврти маж ги сонува неговите бивши девојкиrnrnМожеби романтичните девојки си мислат дека главната улога во сонот на нивните мажи ја играат тие, но вистината е дека нивниот лик во текот на доцните часови во ноќта, можеби е узурпиран од колешката или шефицата на нивното момче, бидејќи 26% од испитаниците изјавиле дека ги сонуваат нивните колешки, а некои дури и мајката на нивната жена.rnrnСпротивно на тоа, повеќе од третина од Британките кажале дека тие ги поминуваат ноќите сонувајќи го нивниот моментален партнер, како и нивните родители или децата. Воедно, било откриено дека блиските пријателки на жените, имаат силно влијание врз нивните соништа, бидејќи една третина од нив тврделе дека честопати им се појавуваат другарките на сон. Како и да е, очигледно и жените се способни за фантазирање во сон, бидејќи 20% од испитаните кажале дека често сонуваат луѓе кои никогаш не ги сретнале во нивниот живот.rnrnПо сè изгледа, стресот и напорот кој го чувствуваме во секојдневието исто така влијае врз она што го сонуваме. 31% од луѓето кажале дека сонуваат соништа поврзани со битните работи кои им го оптоваруваат умот. Со оглед на моменталната светска економска состојба, не е изненадувачки податокот дека 20% од Британците почесто сонуваат кога се под некаков притисок, потенцирајќи дека сè помалку се способни да престанат да мислат на нивната работа.rn
    rn

    Клер Хеј, претставничката на Премиер Ин вели: „Соновите се дел од нашите животи, врз кој немаме никаква контрола. И покрај тоа што можеби некои луѓе не ги гледаме често, тие сепак можат често да се појавуваат во нашите соништа. Истражувањето покажа дека почесто сонуваме кога нешто ни го „мати умот“ или кога сме под стрес, така што одмор кој ќе ви овозможи накратко да избегате од проблемите, може да ви помогне да го „исклучите“ мозокот додека спиете и да уживате во одморањето.

    rnСекој четврти маж ги сонува неговите бивши девојки
    rn

    Експертот за соништа, Давина Меккејл се надоврзува: „Нашите сонови ни помагаат да ги сфатиме, развиеме и процесираме емоциите. Поради тоа, не е чудно што почесто имаме кошмари кога сме под некаков стрес и ги сонуваме проблемите од нашиот буден живот, бидејќи заспаниот ум се труди да ги реши наместо нас. Мирно, релаксирачко опкружување и квалитетно спиење ќе ви обезбедат поспокојни соништа.

    rnЖените најчесто се емоционално поотворени во љубовните врски во однос на партнерот, па поради тоа почесто сонуваат сонови поврзани со нивните моментални проблеми во врската. Од друга страна, мажите имаат тенденција да не ги покажуваат нивните чувства надворешно. Ова значи дека тие се склони да ги решаваат нивните проблеми преку соништата, па оттука произлегуваат соновите со нивните бивши девојки. Според Давина Меккејл, сонувањето на бившите може да илустрира некаква емоционална ранливост или несигурност во врска со нивната моментална партнерка, која ја анализираат преку сонот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.