КАФЕ ПАУЗА

Tag: бивши

  • Минатото ќе ви тропне на врата: 3 хороскопски знаци чија бивша љубов ќе им се врати во животот

    Минатото ќе ви тропне на врата: 3 хороскопски знаци чија бивша љубов ќе им се врати во животот

    Доколку сте помислиле дека сте избегале од минатото, подгответе се за спротивното бидејќи неколку непланирани средби можат да ве навратат на стари спомени. Токму тоа целосно ќе ги смени вашите планови, па затоа ќе имате и само 2 избора – да стапите во брак или целосно да се заборавите еден со друг. Само 3 хороскопски знаци до крајот на оваа година ќе имаат конфузни љубовни ситуации, па откријте дали и вие сте едни од нив…rnrnМинатото ќе ви тропне на врата: 3 хороскопски знаци чија бивша љубов ќе им се врати во живототrn

    1. Овен

    rnМинатото се подготвува да ве потсети. Во овој случај нема да важи онаа реченица: „Минато, те молам опрости ми“, бидејќи како што досега сите врапчиња на гранките научиле – кармата секогаш доаѓа. Некоја ваша бивша љубов ќе воспостави контакт со вас така што ќе ви се јави со зборовите: „Те барам како пријател, да видам како си и што правиш…“ Токму во тој момент играта може да започне. Има големи шанси околу ноември да се смирите и да започнете сериозна врска, па можеби дури и брак. Па, нека ви е со среќа, време беше да се смирите!rn

    2. Близнаци

    rnБлизнаците ќе вкусат дел од „колачот“ кои судбината и кармата им го подготвуваат. Припадниците на овој знак најчесто лесно се провлекуваат низ големи и застрашувачки настани, но изгледа дека овој пат нема да можат да побегнат од духовите од минатото. Оние кои се осамени веќе подолго време, дури сега успеваат да остварат силно и стабилно партнерство, додека пак, оние кои се во емотивни односи ќе налетаат на преиспитување на цврстината на својата врска. Нешто во вас ќе ве натера да контактирате со некој кој одамна не сте го чуле, а за кој сè уште ве врзува нешто длабоко од внатре.rn

    3. Рак

    rnНа Раковите не им е сè мед и млеко. Ситуацијата изгледа вака: Вие во секое поле од животот чувствувате притисок, вклучувајќи го домот, партнерството, бракот, па дури и работата. Проблемите на емотивниот план ќе успеете да ги решите со мир, трпение, истрајност и решителност.  Но, и вам ве следува борба со духовите од минатото. Вие нема да можете да одолеете да одговорите на еден повик од онаа личност која сè уште го чува вашето срце, па ќе отрчате по уште една доза пред да продолжите понатаму со вашиот живот. За оние Ракови на кои љубовта во текот на целата година им бегала, ќе имате шанса за нова во декември, па обидете се да не ја пропуштите таа можност.

  • 8 причини кои дефинитивно ќе ве убедат да останете пријатели со бившиот партнер

    8 причини кои дефинитивно ќе ве убедат да останете пријатели со бившиот партнер

    Да се биде пријател со бившиот партнер не е секогаш најдобра идеја. Некогаш таа личност треба навистина да си замине од вашиот живот и никогаш повеќе да не се врати. Но, ако сте имале мирољубиво и пријателско раскинување и најголемата причина за тоа раскинување било тоа што повеќе си одговарате платонски, тогаш можеби можете да ја спасите вашата поврзаност.rnrn0-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk_rnrnИако да се биде пријател со бивш е тешко и многу ризично, сепак може да има многу придобивки. Ако вежбате трпеливост, љубезност и ако ги почитувате границите на пријателството, еве кои позитивни нешта можат да произлезат од вашето пријателство.rn

    1. Не морате да ги делите заедничките пријатели

    rnАко заедно си бившиот/ата сте биле дел од поголемо друштво, едно од најчестите прашања по раскинувањето е кој да престане да се дружи со нив. Но, ако останете во пријателски односи, и двајцата можете да продолжите да бидете дел од друштвото. Исто така, луѓето надвор од таа врска нема да бидат приморани да одлучуваат со кого да продолжат да се дружат.rnrn1-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    2. Никој не е негативец

    rnГолем дел од раскинувањата се претвораат во навреди, огорченост и презир и ве спречуваат да најдете некоја нова личност. Ако останете пријатели, поголеми се шансите подобро да го пребродите сингл периодот.rnrn2-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    3. Добивате пријател кој најмногу ве познава

    rnВашите пријатели можеби ве знаат добро, но не на истиот начин како што ве познава личноста со која сте излегувале. Вашиот бивш партнер најдобро може да ве прочита и тоа е ретка, но многу важна особина која треба да се поседува за да може едно пријателство да опстои. Тие ќе ви го кажат она што не сакате да го слушнете, иако знаете дека во тие моменти токму тоа ви треба.rnrn3-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    4. Нема за што да се карате

    rnВие веќе ги имавте сите караници, а нивното решение беше раскинувањето.rnrn4-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    5. Имате бескраен извор на шеги

    rnОна што е можеби најубаво нешто во продолжување на пријателството со бивш/а е тоа што можете да се смеете на мааните на другиот. Затоа постојат пријателите, се разбира сѐ додека и двајцата можете да ги издржите „ударите“ на другиот.rnrn5-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    6. Имате помал багаж за следната врска

    rnВашето љубовно минато може многу да му каже на новиот потенцијален партнер. Ако имате историја на лоши раскинувања, тогаш можеби вие сте проблемот, но ако сте имале раскинувања без никакви проблеми тогаш тие ги нагласуваат вашите позитивни квалитети со кои можете да придонесете во новата врска.rnrn6-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    7. Можете да сте среќни еден за друг

    rnМожеби ќе ви биде чудно ако навивате вашиот бивш партнер да пронајде нова љубов, но тоа е многу забавно. И плус, тоа е ефективен начин да им кажете на идните партнери дека немате проблеми со минатото и дека и тие не би требало да се грижат за тоа.rnrn7-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    8. Следното раскинување нема да биде толку страшно

    rnБарем сте научиле дека е во ред да се стави крај на нешто што не функционира. Распаднатата врска не мора да значи дека времето било залудно потрошено – можеби тоа било само потрнлив пат кон прекрасно пријателство.rnrn8-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk

  • Како вистински да го преболите бившиот партнер?

    Како вистински да го преболите бившиот партнер?

    „Секоја приказна има крај, но во животот секој крај е нов почеток.“

    rnСите имаат некој во животот кого се обидуваат да го заборават. Долга или кратка врска, тежок или лесен крај, раскинувањето им паѓа тешко и на двајцата партнери. И додека некои полесно се справуваат со тоа, вие заглавувате во т.н. емоционален слом и не можете никако да продолжите понатаму. Па наместо најдобар пријател да ви станат самотијата, пуканките и романтичните филмови со среќен крај кои само ќе направат да се чувствувате полошо, послушајте ги следниве неколку совети и дадете си себеси втора шанса.rnrnkako-vistinski-da-go-prebolite-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    Исплачете се

    rnНегирањето на емоциите нема да реши ништо. Ако се чувствувате тажно, немојте да ги задржувате солзите. Исплачете ја целата тага која ја носите во себе. Прифаќањето на чувствата е секогаш првиот чекор кон заздравување по раскинувањето.rn

    Прекинете го секој контакт со бившиот партнер

    rnДелува тешко, да. И тешко е – кинете дел од себе, но ова е нешто што морате да го направите. Мора да поставите граници кои колку и да е тешко не смеете да ги преминете. Целосното раскинување е најважниот чекор во процесот на преболување.rn

    Поминувајте што повеќе време со пријателите

    rnВистинските пријателите се лек за сѐ. Тука се кога треба да ве насмеат, тука се за добро и лошо, тука се кога ви се најпотребни. Потребна ви е нивната поддршка, па немојте да се лишувате од неа. Пополнете го слободното време со личности кои ве сакаат и ви го мислат најдоброто, јавете се на пријателот/ката кој/а го/ја немате слушнато долго време и дозволете си да размислувате на сѐ друго освен на него/неа.rn

    Ослободете се од сите работи кои ви будат спомени

    rnНе ви требаат. Ставете ги во кутија, однесете ги во гаража или фрлете ги и заборавете дека постојат. Дополнителните потсетници на вашата врска само ќе направат да се чувствувате лошо секогаш кога ќе ги видите.rn

    Запишувајте ги мислите и чувствата

    rnКога ќе ви дојде да ја кренете слушалката и да му/ѝ се јавите, земете молив и лист хартија и наместо да си отворате стари рани, почнете да пишувате сѐ што ви лежи на душа. Искажете се самите на себе. Потоа искинете го листот и фрлете го во канта. Најлошото помина.rn

    Престанете да анализирате и да се преиспитувате

    rnКога веќе сте раскинале, немојте да се ставате себеси во положба да ја преиспитувате таа одлука. Постои причина зошто врската не опстоила, а сите тие „што ако“ и „можеби ќе беше поинаку ако“ нема да го средат нередот во вашата глава. Не ви се потребни изговори и објаснувања, што поскоро прифатите дека повеќе не сте заедно, толку побрзо ќе го/ја преболите.rn

    Бидете активни

    rnИсчистете ја главата со некоја физичка активност. Ништо не ги растрга мислите како играње еден меч тенис или кошарка со пријателите, трчање на кеј или аеробик. Пасивноста само би ја срушила позитивната енергија која веќе полека, полека ви се враќа.rn

    Искористете ја новостекната слобода

    rnСега кога имате повеќе слободно време за себе, обидете се да го извлечете максимумот. Прочитајте ја книгата која долго време само фаќа прашина на полицата во вашата соба, зачленете се во организацијата на која претходно немавте доволно време да ѝ се посветите, пронајдете ново хоби и дозволете си да се изгубите во времето правејќи нешто што ве исполнува. Сега конечно можете да надоместите за сите оние работи кои ги пропуштивте додека бевте во врска.rn

    Дајте си себеси простор и време

    rnПреболувањето личност која ја сакаме е долг и болен процес. Не постои магично стапче кое цело сивило ќе го претвори во весели бои. Ќе имате и лоши денови кога ќе ви се чини дека ништо нема смисла и дека не сте се поместиле од место, но немојте да дозволите тоа да ве собори на земја. Посилни сте отколку што мислите. Прифатете ги тие моменти како дел од процесот на заздравување и дајте си го времето кое ви е потребно да заздравите. Ценете се себеси пред сѐ.rn

    Останете сингл некое време

    rnВрските започнати во моменти кога се обидувате повторно да се пронајдете себеси и да преболите некого ретко се врски кои успеваат. Сега искористете го времето за себе, дозволете им на гневот и тагата да си заминат пред да го отворите срцето на некој друг. Не ускратувајте си ја шансата дека можеби токму таа личност која се појавува на крајот на улицата по која сега чекорите, е вистинската.rnrnОвие неколку совети сигурно ќе ви помогнат во намерата да продолжите понатаму со чист ум и срце подготвено повторно да сака. И кога ќе ја пуштат на радио песната што некогаш ја викавте ваша, не плашете се да ја смените фреквенцијата. Кога ќе почнат да навираат спомени, бидете храбри и истуркајте ги од мислите, па на нивно место сместете ги амбициите и целите кои ги имате поставено во животот и најдете начин да си ги остварите соништата. Не дозволувајте жалејќи по нешто што било да ја затворите вратата на нешто што може да биде.rn

    „Има многу, многу подобри работи пред нас одошто оние кои ги оставаме зад себе.“ – К. С. Луис

  • 12 чевли за 12 бивши љубовници

    12 чевли за 12 бивши љубовници

    „12 чевли за 12 љубовници“ е креативна колекција со скулптурни чевли, дизајнирани од страна на чилеанскиот дизајнер кој живее во Њујорк, Себастијан Ерасуриз, а инспирирана од неговите лични минати љубовни врски. Секој чевел има свој уникатен дизајн, кој се однесува на одредена жена од неговото минато. Сите 12 чевли се именувани според конкретна бивша љубовница која ги инспирирала, а на неговиот блог може да го прочитате и кусиот интересен опис на врската којашто тој ја имал со секоја од нив.rnrn

    12 чевли за 12 бивши љубовници
    “Jetsetter” Jessica („Џетсетерката“ Џесика)
    rnrnОд Ледената кралица до Медената Наташа, Себастијан успеал да ги рекреира неговите бивши девојки во откачени чевли кои можат да се носат. Чевлите наречени Шефицата Рејчел дури можат да послужат и за две намени, како чевли на високи штикли и како брутално оружје.rnrn
    12 чевли за 12 бивши љубовници
    “Ice Queen” Sophie („Ледената кралица“ Софи)
    rnrnИ покрај тоа што Себастијан споделил неколку фотографии каде што жени стојат облечени во некои од чевлите, многумина мислат дека во некои од нив е невозможно да се оди, како што се Gold Digger или Jetsetter. Како и да е, намерата на дизајнерот е поважна од самата функционалност. Колекцијата чевли претставува документирање на неговата љубов, врските и личната ранливост.rnrn
    12 чевли за 12 бивши љубовници
    “Honey” Natasha („Медената“ Наташа)
    rnrn
    12 чевли за 12 бивши љубовници
    “GI Jane” Barbara („Воинствената“ Барбара)
    rnrn
    12 чевли за 12 бивши љубовници
    “Gold Digger” Alison („Заводничката за пари“ Алисон)
    rnrn
    12 чевли за 12 бивши љубовници
    “Hot Bitch” Caroline („Секси кучката“ Керолајн)
    rnrn
    12 чевли за 12 бивши љубовници
    “Cry Baby” Alexandra („Плачката“ Александра)
    rnrn
    12 чевли за 12 бивши љубовници
    “The Boss” Rachel („Шефицата“ Рејчел)
    rnrn
    12 чевли за 12 бивши љубовници
    “The Virgin” Anna („Девицата“ Ана)
    rnrn
    12 чевли за 12 бивши љубовници
    “Heart Breaker” Laura („Срцекршачката“ Лаура)
    rnrn
    12 чевли за 12 бивши љубовници
    “The Rock” Alice („Каменот“ Алис)
    rnrn
    12 чевли за 12 бивши љубовници
    “The Ghost” Valentina („Духот“ Валентина)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчестите грешки во флертувањето на 20-годишниците

    Најчестите грешки во флертувањето на 20-годишниците

    Од „пијани“ повици и пораки до поттикнување љубомора, ова се дел од најчестите грешки при флертувањето на дваесет-и-нешто-годишниците.rn

    Алкохолот како најдобар другар

    rnДа, алкохолот прави да бидеме поопуштени, но дали тоа е вистинско решение доколку немате храброст да му/ѝ пријдете на дечкото/девојката кој/а ви се допаѓа? Да не зборуваме за стадиуми на пијанство кога веќе не сте ни свои а не ни знаете што зборувате. Како прво, оставате многу лош впечаток а како второ не се покажувате во вистинско светло. Можеби ќе поминевте многу подобро ако бевте трезни.rnrnНајчестите грешки во флертувањето на 20-годишницитеrn

    Задевање како флерт техника

    rnВо ред, кога бевте мали можевте да ѝ го кренете фустанчето на другарката од градинка бидејќи не знаевте како да го привлечете нејзиното внимание. Но на дваесет и нешто години, тоа не е никаков изговор. Ѝ приоѓате на девојка за која мислите дека е навистина слатка и паметна и вашата прва реченица е „Баш супер ти е задникот во тие фармерки.“ Дури и кога задевањето е прифатено од другата страна, тогаш најверојатно ќе развиете пријателски однос, но тешко дека ќе ги добиете посакуваните резултати.rn

    Избегнување комуникација лице во лице

    rnСосем разбирливо е да бидете срамежливи кога некој ви се допаѓа, но до кога би траела таа комуникација преку СМС-пораки и разговори на социјалните мрежи? Дали воопшто тоа е начин да се започне врска? Виртуелната комуникација е одличен начин да се заштитите и неретко сите го гледаме како безбедно поле. Но еден ден ќе мора да соберете храброст и отворено да разговарате со личноста која ви се допаѓа.rnrnНајчестите грешки во флертувањето на 20-годишницитеrn

    „Обележување“ на конкуренцијата

    rnНе значи дека сите останати припадници на вашиот пол ви се конкуренција. Без разлика колку се сомневате, не ја покажувајте љубомората и не поставувајте се кон сите останати како да се ваши конкуренти. Зарем би можеле да го минете цел живот докажувајќи дека сте подобри од другите и уништувајќи го секој оној кој макар навидум ви се чини дека сака да го освои она што е ваше? Нели е заморувачки?rn

    Флертување со други за да го/ја направите љубоморен/на

    rnПостојат многу начини да покажете дека вредите, овој не е еден од нив. Една од најголемите грешки кои ги правиме кога сакаме да заведеме некого е одбирањето сосем погрешен начин за да покажеме колку сме посакувани. Дека навистина е придобивка некој да ве има крај себе, самиот тој ќе сфати по одредено време.rn

    Пребрзо станувате сериозни

    rnКолку и да имате сериозни намери со некој, не доведувајте се во ситуација да зборувате за вашата заедничка иднина уште на првиот или вториот состанок а веќе третиот да биде запознавање со родителите. За сè треба време, така и за љубовта.rnrnНајчестите грешки во флертувањето на 20-годишницитеrn

    Зборувате за бившиот/ата

    rnОва не само што не е воопшто паметен потег туку е вистински рецепт за самоуништување. Зарем навистина сакате да изгледате како очајна личност која не е способна да продолжи понатаму со животот? Никој не сака да си има работа со човек кој не може да го остави минатото зад себе.rn

    Зборување само за себе

    rnСлучајно да не сте малку себични? Или можеби самобендисани? Тоа што треба да разговарате и да се запознавате не значи дека треба да бидете полни со себе и да зборувате само за вас самите.rn

    „Пијани“ повици

    rnДа скратиме: никој не сака повик во 3 сабајле од пијана личност која не само што звучи очајно туку и пореметува нечиј сон.

  • 7 тајни кои смеете да ги премолчите од вашиот партнер

    7 тајни кои смеете да ги премолчите од вашиот партнер

    Клучот за квалитетна врска и успешен брак е искреноста. Сепак, постојат одредени работи за кои дури е пожелно да премолчите за да си направите услуга и себеси и на партнерот.rnrn7 тајни кои смеете да ги премолчите од вашиот партнерrn

    Што мислите за мајка му

    rnОва е една типична тајна која е подобро да биде премолчена. Која корист од тоа ако му кажете дека не можете да ја поднесете неговата мајка? Тој можеби ќе ве разбере, но тешко дека ќе може да преземе нешто околу тоа. Во најлош случај, може да се сврти против вас. Сепак, тоа е жената која му дала живот.rn

    Тајните на вашите другарки

    rnАко некоја другарка ви се довери за нешто што не треба да го кажете никому, тоа треба да се почитува.rn

    Безопасен флерт

    rnВо долгите врски дури е и пожелно повремено партнерите да флертуваат со други. Нормално, ова е безопасно да се премолчи и сосема ОК да се прави одвреме-навреме, сè додека не планирате да одите докрај со некој со кој сте си размениле неколку погледи и срамежливи насмевки.rn

    Скап шопинг

    rnГи здогледавте чевлите на излогот и моравте да ги купите. Не ви се неопходни, а за волја на вистината, скапи се, но едноставно не можете да се одлепите од излогот додека не посегнете по паричникот и да завршите со тоа. Тоа вашиот партнер не мора да го знае. Но внимавајте, доколку сте ги купиле од вашата заедничка сметка, подобро е да го признаете вашиот грев.rn

    Комуницирање со бивши

    rnАко размените неколку збора со некој бивш на Фејсбук или случајно се сретнете некаде и помуабетите некоја минута, тоа не е причина да се возбудувате и веднаш сè да му репортирате на сегашниот партнер. Искреноста само ќе донесе сомнежи. Колку и да сте само пријатели со бившиот, на актуелниот дечко тоа ќе му смета. Но, ако планирате да седнете заедно на кафе, препорачливо е да бидете искрени. Многу полошо е тој да дознае од други кои случајно ве виделе заедно.rn

    Душкање во неговата приватност

    rnАко веќе сте го пикнале носот каде што знаете дека не требало, барем задржете го тоа за себе. Сте му ѕирнале во телефонот додека бил да се тушира, сте ја провериле историјата на посетени сајтови во неговиот прелистувач на компјутерот? Доволно е ова да остане меѓу вас и уредот.

  • 25 знаци дека не сте тип на човек за љубовна врска

    25 знаци дека не сте тип на човек за љубовна врска

    Не е секој за врска, барем не во одреден период од животот. Ако сте во таков период или тоа ви е во природата на карактерот, веројатно ќе се препознаете во голем дел од овие знаци.rn

    1. Сите околу тебе се заљубени

    rn25 знаци дека не сте тип на човек за љубовна врскаrn

    2. Некои веќе се земаат

    rn25 знаци дека не сте тип на човек за љубовна врскаrn

    3. Дури имаат и бебиња

    rn25 знаци дека не сте тип на човек за љубовна врскаrn

    4. Но, кога ќе погледнеш наназад на своите врски, мило ти е што си успеал/а да спасиш жива глава

    rn25 знаци дека не сте тип на човек за љубовна врскаrn

    5. Ги сакаш сите оние физички милувања во врската

    rn25 знаци дека не сте тип на човек за љубовна врскаrnrn

  • Љубовни лекции кои мораме да ги научиме во 20-тите години

    Љубовни лекции кои мораме да ги научиме во 20-тите години

    Човекот учи додека е жив, а овој факт особено важи кога станува збор за љубовта. 20-тите години се период од животот во кој правиме многу грешки, но истовремено учиме и многу лекции. Прочитајте кои љубовни лекции треба да ги научиме најкасно до 30-тата година.rnrnЉубовни лекции кои мораме да ги научиме во 20-тите години rn

    Страста не е љубов

    rnПостои голема разлика помеѓу страста и вистинските романтични емоции, а на секој од нас му треба време и искуство за да може да ја направи разликата. Постојат луѓе кои ќе ви бидат привлечни, исклучиво бидејќи ја чувствувате хемијата помеѓу вас, и покрај тоа што можеби не сте воопшто компатибилни. Не е лошо да постојат разлики во вашите карактери, но морате да внимавате да не влезете во врска со некој кој воопшто не ви одговара, бидејќи сте убедени дека хемијата сама по себе е доволна за да опстане вашата врска.rn

    Немојте да претпоставувате

    rnОва е лекција која, за жал, ја учиме на потешкиот начин. Голем број жени мислат дека мажот со којшто спиеле автоматски станал нивно момче, но во голем број случаи тоа се покажало како неточна претпоставка. Имено, многу мажи пак, сметаат дека секоја жена понекогаш е расположена за забавен секс под чаршафите за една вечер. Затоа, со љубовното созревање жените треба да научат дека само зашто некој маж им се соблекол, не значи и дека е заљубен во нив, а мажите треба да научат да ги прецизираат односите со време – покажување преголем интерес макар и само за секс, жените честопати го поистоветуваат со романтика.rn

    Немојте да зборувате за бившите партнери

    rnОва е грешка која честопати ја правиме, бидејќи сакаме да бидеме отворени и искрени со новиот партнер/ка. Никој којшто е во нова врска, не сака да слуша за тоа каков бил вашиот бивши партнер и поради која причина сте раскинале, а особено не го интересираат проблемите кои сте ги имале. Тоа не значи дека ако сте во нова врска, треба да се преправате дека тоа ви е прв партнер во животот и да глумите неискусни, но ако сакате да спомнете некоја љубовна ситуација од вашето минато, правете го тоа умерено.rn

    Верувајте ѝ на вашата интуиција

    rnНа почетокот од врските, на секој од нас му се пали едно мало црвено светло доколку ни изгледа како нешто да не е во ред со изборот на тој партнер, но поголемиот број луѓе решаваат да го игнорираат, особено во дваесеттите години од животот. Не велиме дека треба да го одбивате секој потенцијален партнер кој има мана, бидејќи никој не е совршен, но доколку од самиот старт нешто не ви штима во целиот однос, голема е веројатноста дека на крај ќе испадне дека сте биле во право. Верувајте ѝ на вашата интуиција доколку почувствувате дека некој не е добар за вас, но верувајте во себе и кога ќе ви се допадне личност, за која обично би велеле дека не е ваш тип.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врската

    10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врската

    Пријателите се навистина драгоцен дел од животот и благодарение на нив среќните моменти се секогаш повесели, а тагата секогаш побрзо поминува. Секако, сето ова важи доколку до нас имаме вистински пријатели кои искрено се грижат за нас. За жал, многу често се случува токму спротивното. Луѓето коишто ги сметаме за блиски започнуваат премногу да се мешаат во личните работи и на тој начин непотребно ги комплицираат односите со останатите луѓе во нашиот живот. Прочитајте ги знаците подолу и дознајте дали пријателите на некој начин ви ја уништуваат врската.rnrn10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врскатаrn

    1. Сметаат дека личноста со која сте во врска не е доволно добра за вас

    rnСигурно ви се случило да запознаете многу драга девојка или мил дечко коишто за кратко време ви станале многу симпатични, но вашите пријатели едноставно не можат да ги поднесат. Обично коментарите од ваков тип се навистина површни и обично се однесуваат на изгледот или на финансиската состојба и во тој случај со сигурност не се наменети за ваше добро. Парите се приватна работа, а изгледот на личноста со којашто планирате да излегувате важно е да ви се допаѓа вам и пријателите треба да го почитуваат тоа.rn

    2. Вашите пријатели се цицачи на внимание

    rnПостојано слушате поплаки дека премногу време посветувате на љубениот/та? Ве исмејуваат секогаш кога ќе изберете состанок со момчето наместо шопинг? Или уште полошо, пропуштен фудбалски натпревар поради вечера со девојката? Во никој случај не треба да го запоставиме другарството кога сме во врска, но тоа не значи дека пријателите не треба да бидат среќни кога ќе пронајдеме личност со која сакаме да го поминуваме времето. Баш напротив!rn

    3. Не ја почитуваат личноста со која сте во врска

    rnДоколку вашите другарки не можат да сврзат две реченици кога ќе ги запознаете со вашето ново момче тоа е непочитување спрема него, но и спрема вас. Изговорот дека немаат заеднички теми не важи, едноставно не сакаат да се потрудат. Од друга страна, кога вашите другари не можат да престанат да зборуваат за други девојки, да зјапаат во натпреварот на телевизорот или едноставно не можат да се воздржат од непристојни разговори во друштво на вашата девојка тоа не само што е непочитување, тоа е и некултура.10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врскатаrn

    4. Постојано ве потсетуваат на минатите врски

    rnРазговорите за бившиот/бившата можат да бидат непријатни и треба да се прават во четири очи: меѓу вас и сегашниот партнер. Нема никаква причина пријателите да споменуваат поранешни врски и тоа треба јасно да им го дадете до знаење.rn

    5. Ви „местат“ други девојки/момчиња додека сте во врска

    rnОсвен ако не сте во врска со личност која е опасна по вашиот живот, ова не е во ред. Како што сте биле способни сами да најдете дечко/девојка, така сте способни да раскинете и да најдете нов/а доколку сакате.rn

    6. Флертуваат со вашиот партнер

    rnБез разлика дали првпат излегувате со личноста, дали имате отворена врска или сте заедно со години, пријателите треба да си ги знаат границите. Сегашни, бивши па и какви било други партнери на другарите/другарките се надвор од опсег!rn

    7. Флертуваат со вас

    rnОва мора уште веднаш да го решите. Доколку постои личност во вашето друштво со која претходно сте биле во врска или можеби сè се сведувало на обичен флерт, тоа мора да го расчистите во истата секунда кога ќе влезете во нова врска.10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врскатаrn

    8. Зборуваат лошо за вас

    rnМожеби нема директно да кажат нешто лошо за вас, но шегите и однесувањето доволно зборуваат. Доколку го прават ова за да се покажат како главни во друштво, а вас да ве омаловажат, размислете дали да ги донесете девојката или дечкото наредниот пат со вас.rn

    9. Знаат премногу ваши тајни

    rnДолго време сте со вашите другари/другарки и знаете скоро сè едни за други, и тоа е во ред. Но во моментот кога ќе почувствувате дека вашите тајни не се безбедни кај нив, особено оние кои можат да ѝ наштетат на врската, мора да изреагирате. Не дозволувајте да ве уценуваат или да ви создаваат тензија особено поради нешто што веќе поминало.rn

    10. Пријатели од спротивниот пол

    rnНајдобро е да разговарате со девојката или момчето за тоа како се чувствуваат да имате најдобар пријател од спротивниот пол. Доколку се разговара навреме, тоа може да функционира нормално, но мора да бидете свесни за дополнителните проблеми кои може да ги донесе во иднина.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 работи кои девојките не ги знаат за момците

    7 работи кои девојките не ги знаат за момците

    Постојат мажи кои не ги знаат основните работи поврзани со нивните девојки, како големината на градникот кој го носи, омиленото цвеќе и сл. Но и девојките не се баш најдобро запознаени со некои работи поврзани со момците. Еве што потајно признаваат припадниците на „погрубиот“ пол.rnrn7 работи кои девојките не ги знаат за момцитеrn

    1. Не им зборува многу на пријателите за вас, но понекогаш зборува за бившите

    rnВо ред, да не збеснуваме веднаш, не е толку страшно. Како прво, ние сме многу полоши во врска со озборувањето со нашите пријателки. Во секој случај, тој нема да им зборува многу за вас на своите пријатели, сепак не би сакал тие да ве замислуваат гола. Но одвреме-навреме кога ќе посака да се пофали, би зборувал за некои поранешни искуства со други девојки. Ситуацијата не е алармантна. Покрај сè, мажите многу почесто зборуваат за спорт или автомобили, ние сме тие кои многу често развиваат полемики за љубовта, сегашните и бившите партнери.rn

    2. Тој мисли дека и други девојки се „жешки“

    rnНикој не е светец, впрочем и вие мислите за некој дечко дека е згоден или сладок. Да, тој може да мисли дека келнерката е слатка, или дека вашата другарка е згодна или дека некоја глумица е навистина секси. Но, тоа не значи дека тој би сакал да има нешто со нив или дека ги вреднува повеќе од вас. Мажите се визуелисти, многу често си создаваат слика во мозокот за многу девојки. На крајот на краиштата, природата такви ги создала.rn

    3. Некогаш ги користи вашите продукти за убавина

    rnОва може да значи дека неговиот шампон се потрошил па ќе посегне по вашиот, кој всушност ѝ дава волумен, сјај и цврстина на косата. Не дека му се важни карактеристиките на шампонот, нему му треба средство за да си ја измие косата. Но, не значи дека не би посегнал по вашиот крем за подочници или пудра за лице доколку во моментот не се чувствува убаво и привлечно.rn

    4. Постојат многу „машки работи“ кои не знае да ги направи

    rnСи замислуваме дека секој маж знае да ги прави т.н. „машки работи“, но постојат исклучоци. Упатствата за менување гума на автомобилот, менување сијалица, поправање некаков електронски уред, не доаѓаат со самиот факт што е машко. Како што и вие не ги знаете сите „женски работи“, така и тој не ги знае сите „машки“.rn

    5. И нему може да му фали самодоверба

    rnМногу често жените знаат да се жалат за својата тежина, изгледот, косата и сл. Но, не значи дека мажите секогаш се задоволни со својот изглед или дека не им е воопшто грижа. Напротив, и нему му смета неговиот голем стомак и ќе бара начин да го намали, или да си ја поправи фризурата. Разликата е во тоа што жените се многу поопседнати со тие работи и повеќе се жалат, но не значи дека мажите не се воопшто.rn

    6. Плаче на романтични филмови

    rnТој може да се жали дека е присилен од неговата девојка да ги гледа, но всушност многу романтични филмови и сам би пуштил да ги гледа доколку тоа би му го дозволувало егото. Можеби ние многу почесто би заплакале на романтичен филм или книга и многу повеќе ги сакаме, но некои од нив и мажите со задоволство би ги гледале/читале.rn

    7. Мастурбира многу повеќе отколку што мислите

    rnНе дека причината сте вие или дека нема доволно секс, тие едноставно така функционираат. Мажите признаваат дека мастурбираат редовно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.