КАФЕ ПАУЗА

Tag: бивши

  • 11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бивши

    11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бивши

    Многу луѓе се обидуваат да им се вратат на врските од минатото. Секако дека понекогаш постојат добри причини зошто би се смириле со поранешниот партнер. Сепак, во повеќето случаи набрзо сфаќаме дека причините за обновување на врската биле само лага. Доколку размислувате да се смирите со вашата поранешна љубов, прочитајте ги 11-те најчести изговори и лаги во кои треба да престанете да верувате…rn

    1. Овој пат ќе биде различно

    rn11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бившиrnrnСветот постојано се менува, па зошто не би можеле да се сменат и работите во вашата врска? Да, ќе се сменат, ама најверојатно на полошо. Според некои истражувања, партнерите кои се смируваат обрнуваат помало внимание на позитивните страни на нивната врска и повеќе се концентрираат на негативните. Многу ретко се обидуваат да ги решат проблемите и обожаваат да се потсетуваат на грешките од минатото.rn

    2. Тој или таа целосно се смениле

    rn11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бившиrnrnЛуѓето не се менуваат, барем не толку брзо и без причина. Ќе ви треба многу силна и искрена желба, мотивација, волја и време за да ја смените дури и најмалата негативна навика. Дали вашиот поранешен партнер ги покажува сите овие особини?rn

    3. Мислите дека никој не ве познава подобро од вашата поранешна љубов

    rn11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бившиrnrnВо право сте. Сте поминале многу време заедно. Сепак, фактот што се познавате толку добро не го спречило вашето раскинување, се согласувате? Можеби токму тоа и било причината за вашата разделба. Не заборавајте дека секогаш мора да постои одредена доза на мистерија во врската.rn

    4. Мислите дека постојат само идиоти и дека нема да најдете подобар партнер

    rn11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бившиrnrnТревата на соседот е секогаш позелена од вашата. Можеби не сакате да ги видите квалитетите на она слатко момче затоа што започнувањето нова врска би значело дека треба да излезете од вашата удобна зона. Можеби не можете да ја видите убавината на новата девојка, бидејќи не сакате да се ослободите од минатото.rn

    5. Си мислите: „Не е совршен/а, но мој/а си е“

    rn11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бившиrnrnЧовечкиот мозок е почувствителен на загубите отколку на победите. Истото важи и за врските. Но, запрашајте се што е подобро: Да живеете среќно до крајот на животот со вашата сродна душа или да имате несреќен живот со „несовршен, но мој си е“ партнер?rnrnПродолжете на следната страница за да ги прочитате и останатите лаги…rnrn

  • Колкава е веројатноста да се смирите со поранешниот партнер според хороскопскиот знак?

    Колкава е веројатноста да се смирите со поранешниот партнер според хороскопскиот знак?

    Секој од нас се нашол на раскрсница прашувајќи се дали некоја врска би успеала доколку ѝ дадеме втора шанса. Можеби некој од вашите поранешни партнери веќе пробал да стапи во контакт со вас или пак, можеби, вие сте помислиле да го направите тоа. Но, пред да преземете што било, проверете колку е веројатно бившиот партнер да ве прими назад според неговиот хороскопски знак.rnrn(1)kolkavi-se-sansite-da-se-smirite-so-poranesniot-partner-spored-horoskopot-kafepauza.mkrn

    Овен: Сѐ додека води до секс

    rnОвните, водени од планетата на војната, Марс, обожаваат да влегуваат во конфликти. Но исто толку уживаат и во нежности и смирување. Па, додека секоја врска ја завршуваат со намера никогаш повеќе да не прозборат со поранешниот партнер, речиси секогаш крајот ќе биде проследен со секс од одмазда.rn

    Бик: Простуваат, но не забораваат

    rnИако се тврдоглави, Биковите неретко простуваат. Дури и кога некој многу ќе им згреши и ќе решат да стават крај, тие сепак со текот на времето можат и да простат. Но ретко, ако не и никогаш, нема да заборават. Биковите имаат дарба да забележат измамник, па доколку се обидувате да се смирите со припадник на овој знак, треба вистински да се каете.rn

    Близнаци: Можно е, но не и веројатно

    rnБлизнаците се тешки за одгатнување. Штом кренале рака од некоја врска, шансите за да ѝ се вратат на истата се од 40 до 60 проценти. Тие многу добро ги гледаат сите страни на ситуацијата, но ова може да доведе до нивно искористување. Штом некој ќе им згреши, не простуваат толку лесно колку што нивниот пријателски однос може да ве натера да поверувате.rn

    Рак: Секако! Кога ќе се вселите?

    rnРаковите ги гледаат нивните партнери како дом, некој кому можат да се вратат, некој кој прави да се чувствуваат безбедно и утешено. Секој може да забележи кога врската на Ракот се распаѓа. Тие се чувствуваат изгубени, и имаат потреба од нова сериозна врска. Во моментот кога ќе се спомне простување, Раковите се спремни да се смират. Можеби не веднаш, но за многу брзо време.rn

    Лав: Сигурно се шегувате

    rnЛавовите никогаш не би се смириле со поранешен партнер. Причината за ова е што или не почувствувале хемија во врската, или партнерот навистина им згрешил. Ако некој му направи лошо на Лав, тој не само што нема да се смири со него, туку Лавот ќе направи сѐ за и целиот град да не ја повтори неговата грешка.rn

    Девица: После сѐ што ѝ направивте?

    rnДевиците можат да простат сто пати пред конечно да решат да се разделат со некого. Но штом ќе дојде до разделба, веројатноста да се поправи штетата е помала од 0,005 проценти. И не само тоа, Девиците секогаш ги обвинуваат бившите партнери за лошиот исход на врската. А тоа, знае навистина да боли.rn

    Вага: Сѐ може да се случи

    rnВагата прифаќа дека има еднакви страни на секоја ситуација, па шансите да се смири со поранешниот партнер се пола/пола. Всушност, бидејќи Вагите се безнадежни романтичари, можат да прогледаат низ многу работи. Само не им давајте нешто лошо за памтење.rn

    Скорпија: Веројатно да

    rnШтом Скорпија ве љубела и ве напуштила, вие сте мртви за неа. Но, има неколку хороскопски знаци од кои не можат целосно да се одделат. Рибите, другите Скорпии и Девиците се знаци од кои тие се прогонувани, без разлика што сакаат да ги заборават. Шансите за овие три знаци се зголемуваат кога е во прашање смирување со Скорпија, па дури и ако е само за една вечер.rn

    Стрелец: Нема шанси

    rnСтрелците, со нивното позитивно однесување, можат да ве натераат да помислите дека би се смириле со вас. Но од друга страна, тие имаат високи стандарди за нивниот морал. Кога се залагаат за нешто, Стрелците се држат цврсто до своето мислење. Дури и кога сакаат да се смират со некој, нема да го направат тоа поради своите принципи.rn

    Јарец: Повторно обединети и чувството е одлично

    rnДа, Јарците даваат втора шанса, но има уште нешто. Тие се како еден вид воспитувачи на своите партнери, па затоа ќе се осигурат дека сте си ја научиле лекцијата пред да ви дадат втора шанса. Сигурно би ве примиле назад, но очекувајте да бидете на „условно“ многу долго време.rn

    Водолија: Не бидете глупави

    rnИскрено, Водолиите се многу зафатени. Тие заборавиле на вас уште во моментот кога сте ја напуштиле просторијата.rn

    Риби: Не, но засекогаш ќе мислат на тоа

    rnРибите се сонувачи, па генерално не би се смириле со поранешен партнер. Но, ќе мислат на тоа во текот на целиот нивен живот. Рибите го одбираат тој начин бидејќи вистинската реалност е многу посурова од реалноста која тие ја имаат во својата глава.rnrnПа, ете. Сега, штом се вооруживте со потребните информации, ви посакуваме среќа!

  • 10 безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившите

    10 безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившите

    По секое раскинување, девојките се чувствуваат безвредно и несигурно. Па затоа, преболувањето вклучува и правење работи кои ќе ги потсетат поранешните партнери на она што го изгубиле. Тоа е сосема безопасно, сѐ додека не ги преминува границите на нормалата. Погледнете кои работи ги прават девојките за да предизвикаат љубомора кај бившите…rnrn10 безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившитеrn

    1. Прават селфи со нивната нова фризура

    rnНовата фризура е многу возбудлив настан во животот на секоја девојка. Кога конечно ќе ја бојадисате косата во боите на виножитото, секако дека тоа треба да се овековечи со фотографија на Инстаграм.rn

    2. Објавуваат стари секси фотографии

    rnМожеби за први април сте се маскирале во згодна жена мачка, па сакате да ги потсетите на тој ваш блескав момент сите ваши следбеници на Инстаграм, вклучувајќи го и вашиот поранешен партнер. Сега е време да ја објавите онаа фотографија по костим за капење од одморот пред 3 години! На тој начин ќе се потсетите дека отсекогаш сте биле прекрасни и дека нема од што да се срамите.rn

    3. Објавуваат мистериозни фотографии од ручек

    rnВие ручате заедно со вашата најдобра пријателка, но вашиот поранешен партнер не мора да го знае тоа. Вистинската пријателка ќе ви дозволи да ја исечете од фотографијата и да ја оставите само нејзината чинија на неа. Тоа ќе отвори многу прашања кај вашите следбеници!rn

    4. Се сликаат со цело друштво

    rnОбично вие сте срамежливи и никогаш не предложувате да направите групно селфи. Но, кога сакате да му покажете на бившиот колку многу уживате во сингл животот, работите се менуваат. Секој ден излегувате и се сликате, обидувајќи се да покажете дека воопшто не сте осамени.rn

    5. Објавуваат фотографии со згодниот пријател

    rnФилип навистина ви е само пријател и ништо повеќе, но вашиот бивш дечко сигурно ќе си помисли дека оваа копија на Џони Деп е вашата нова љубов. Секако, дека срцата што сте ги додале на фотографијата нема да му ги разјаснат работите на вашиот поранешен партнер, туку само дополнително ќе го збунат.rnrn10 безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившитеrn

    6. Се дотеруваат кога знаат дека ќе го сретнат бившиот

    rnСпоред правилата на природата, ќе го видите вашиот поранешен партнер токму тогаш кога косата ќе ви изгледа ужасно и сте излегле со дамка од кечап на маицата. Но, за среќа, тука се родендените на заедничките пријатели кои ќе ви дадат можност да се оправдате. Тогаш го облекувате вашиот прекрасен нов фустан кој ги истакнува вашите атрибути, но никако не признавате дека го правите тоа поради некого.rn

    7. Се трудат да разговараат со нови луѓе, особено со потенцијалните партнери

    rnКога сте во долга врска, не мора да се трудите да разговарате и да бидете фини со сите луѓе што ќе ги запознаете. Но, сингл животот е поинаков, особено ако сакате да најдете нова љубов. Да не ни почнуваме да зборуваме за моментот кога вашиот бивш дечко ќе фрли поглед кон вас и вие одеднаш станувате неверојатно зборлести со момчето до вас.rn

    8. Објавуваат фотографии од згодни славни личности

    rnИако знаете дека нема шанси навистина да бидете со Бред Пит, вие сакате да оставите впечаток дека гледате други мажи и дека воопшто не сте заинтересирани за вашиот поранешен партнер.rn

    9. Го употребуваат зборот „љубовен состанок“ секогаш кога ќе се укаже прилика

    rnСите знаат дека се обидувате да продолжите понатаму и да запознавате нови луѓе, но тоа не значи дека не треба да го потенцирате тоа секогаш кога ќе добиете можност за тоа.rn

    10. Им кажуваат на нивните заеднички пријатели колку се среќни

    rnЗнаете дека ако вашиот поранешен партнер дознае дека изгледате и се чувствувате најдобро од кога било, нема да му биде сеедно. Токму затоа, вие одите поисправено од вообичаено и се обидувате да не се фалите премногу со сите успеси што сте ги постигнале, како и со познатиот манекен кој ве викнал на љубовен состанок. Вашата поранешна љубов не мора да го знае она што го знаат само вашите најдобри пријатели: Дека понекогаш заспивате со огромна кутија сладолед пред вас гледајќи ја омилената серија.rnrnДоколку сте во врска, но имате проблем со љубомората, прочитајте како да се справите со љубоморниот дечко.

  • Едноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некого

    Едноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некого

    По болното раскинување, нормално е сѐ уште да сте вљубени во вашиот поранешен партнер. Потребно е многу време да ја преболите саканата личност и да продолжите понатаму со нова. Но, психологот Џон Алекс Кларк ја открил техниката што ќе ви помогне да го одљубите оној кој ви го скршил срцето. Ова е возможно благодарение на психолошкиот концепт наречен класично условување.rnrnЕдноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некогоrn

    „Преболувањето на саканата личност е исто како да се откажувате од пушење цигари. Кога човек ќе одлучи да се откаже од некоја навика како што е пушењето, првите неколку дена се најтешки. За среќа, тоа станува полесно со текот на времето и со помош на многу трпение и вежбање“, напишал психологот Кларк.

    rnПо раскинувањето, секогаш ќе има нешто што ќе ве потсетува на вашиот поранешен партнер. Можеби ќе станува збор за место, храна, па дури и период од денот или годината. Бившите се дел од вашиот живот, така што нормално е да постојат работи што ќе ве потсетуваат на нив.rnrnКларк советува дека мора да ги уништите овие асоцијации ако сакате да се одљубите.rn

    „Луѓето обично создаваат ментални врски помеѓу две искуства и ги поврзуваат едно со друго. Одредени ситуации или места можат да поттикнат емоционална реакција врз основа на минатите случувања“, објаснил Кларк.

    rnСо други зборови, мора да ги уништите врските што постојат меѓу овие места, храна и периоди со сеќавањата за вашиот поранешен партнер. На пример, ако постојано сте оделе во некој ресторан заедно, по раскинувањето ќе ви биде тешко повторно да одите таму, бидејќи насекаде ќе ја гледате саканата личност. Наместо да бегате од ресторанот како од чума, мислете на добрата храна и пријатната атмосфера што ги нуди.rnrnЕдноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некогоrn

    „Со секое позитивно искуство што ќе го поврзете со некогаш болното сеќавање, страдањето ќе се намалува. Вашето ново убаво сеќавање ќе го заземе неговото место и постепено тоа нема повеќе да ве потсетува на бившиот“, тврди Кларк.

    rnПравете ја оваа вежба редовно и со текот на времето болните чувства поврзани со тоа место ќе се намалат и ќе бидат заменети со позитивни.rnrnКларк е свесен дека техниката на класично условување не е лесна за секого, ниту ќе даде позитивни резултати по секоја цена. Мора да ја прифатите болката предизвикана од скршеното срце, но обидете се полека да ги кинете врските што постојат меѓу вашата поранешна љубов и одредени места и предмети.rn

    „Колку повеќе го поттикнувате вашето страдање, толку подлабоко го туркате во вашата потсвест, поради што ќе ви биде многу потешко да го надминете тогаш кога ќе бидете подготвени да продолжите понатаму“, изјавил Кларк.

    rnПрифатете ја болката и дозволете си да бидете тажни некое време. Но, евентуално ќе мора да продолжите понатаму. Ќе видите дека по краток период, љубовта што сте ја чувствувале за вашиот поранешен партнер ќе биде само едно далечно сеќавање.

  • Студиите покажуваат дека психопатите се оние кои најчесто остануваат пријатели со бившите

    Студиите покажуваат дека психопатите се оние кои најчесто остануваат пријатели со бившите

    Колку и да ви звучи убаво и зрело пријателството со бившите партнер или партнерка, ретко кој успеал да одржи добар пријателски однос без скриени агенди. Едноставно постои нешто навистина чудно и необјасниво во обидот да се одржи врска со личност која се обидувате да ја оставите зад себе на љубовно поле. Изгледа дека и науката го потврдува овој факт.rnrnСтудиите покажуваат дека психопатите се оние кои најчесто остануваат пријатели со бившитеrnrnСпоред една студија спроведена на Универзитетот Оукланд, луѓето со „потемни видови карактери“ остануваат пријатели со нивните бивши партнери исклучиво од практични причини, што е исто толку злобно колку што звучи. Овие практични причини опфаќаат сè од секс до потребата да се искористи и контролира таа личност.rnrnСпоред овие резултати лесно може да се дојде до заклучок дека доколку вие или вашиот бивш партнер сакате да останете во пријателски однос, постои голема шанса дека еден од вас е нарцисоидна личност или психопат, или во најлош случај и двете. Што мислите, дали вашиот партнер има „задни намери“ при обидот да го задржи пријателството меѓу вас?

  • 7 паметни работи што можете да ги направте наместо да му напишете порака на бившото момче

    7 паметни работи што можете да ги направте наместо да му напишете порака на бившото момче

    Знаеме дека ве фаќа „криза“ и дека морате да му го слушнете гласот или да видите порака од него, но исто така знаеме и дека не е добра идеја доколку сте завршиле со него или тој со вас. Затоа во моментите кога ве обземаат чувствата и настапуваат моментите на недостасување, прочитајте го овој наш мал водич и погледнете кои паметни работи можете да ги направите наместо да му пратите порака на вашето бившо момче.rnrn1-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_rn

    1. Излезете да прошетате или уште подобро, одете на џогинг

    rnВо моментите кога ќе ве фати криза и ќе почувствувате интензивна желба нешто да му напишете или да му се јавите, тогаш излезете на чист воздух и прошетајте или трчајте, барем половина час. Тоа ќе ви помогне да ја испразните главата и да ги разбистрите мислите. После враќањето назад, најверојатно и самите ќе сфатите дека праќањето порака е всушност една голема грешка која нема да ви падне повторно на памет (барем не во следните 3 дена).rnrn2-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_rn

    2. Пуштете ја омилената песна и танцувајте

    rnДали постои нешто може подобро да ги излечи љубовните рани од музиката и танцот? Секако дека не! Затоа наполнете се со позитивна енергија и играјте сè додека идејата за праќање порака на бившото момче тотално исчезне.rnrn3-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_rn

    3. Јавете ѝ се на вашата најдобра другарка

    rnНаместо да го куцате неговиот телефонски број, повикајте го вашиот разумен глас – вашата најдобра другарка која ќе ве врати на вистинскиот пат. После разговорот со неа сигурно ќе добиете нови, сјајни идеи, а мислите за него ќе исчезнат.rnrn4-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_rn

    4. Напишете сè што сакате да му кажете, но во својот дневник

    rnАко не можете да ги задржите чувствата и зборовите, напишете ги на хартија наместо да му ги пратите нему. Можеби после пишувањето ќе сфатите дека тој бил голема грешка која не ги заслужува вашите зборови и пораки.rnrn5-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_rn

    5. Шопинг

    rnДали е потребно да објаснуваме зошто терапијата со шопинг ќе го излечи вашето тело и дух, а со тоа и ќе ви ја избрише идејата за допишување со него?rnrn6-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_rn

    6. Задоволете се себеси на кој било начин

    rnНе е важно дали тоа ќе биде шопинг, излежување во креветот, чоколаден сладолед… Едноставно издвојте време за самите себеси и своите лични задоволства! Што и да ви падне на памет во тој момент, направете го! Бидејќи сè друго е подобро од враќањето во минатото и праќањето патетични пораки.rnrn7-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_rn

    7. Посетете фризер, маникир, педикир…

    rnБидејќи ќе се чувствувате како милион долари и идејата за него веднаш ќе исчезне, барем за кратко. А кој знае, можеби баш во тоа издание ќе запознаете некој кој ќе биде вреден за вашите пораки.rnrn8-pametni-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravte-namesto-da-mu-napishete-poraka-na-bivshoto-momche-www.kafepauza.mk_

  • Неколку причини поради кои треба да им бидеме благодарни на нашите бивши

    Неколку причини поради кои треба да им бидеме благодарни на нашите бивши

    Врските коишто се распаднале поради одредени причини, не се целосно бескорисни. Повеќето од нас ги мразат своите бивши, но сепак, мораме да признаеме дека тие нè научија на многу животни лекции. Доколку погледнеме наназад, од некој аспект можеме да кажеме дека залудно сме го трошеле времето, но не смееме да заборавиме дека учиме од минатото и со тоа се подготвуваме за иднината. Секогаш постојат работи на коишто нашите бивши нè научиле. Погледнете дел од нив.rnrnrn

    1. Ни покажаа што ни е потребно

    rnКога излегуваме од една врска, секогаш одиме напред со јасна визија за тоа што ни е потребно во наредната. Тоа го дознаваме од нашите бивши, па следниот пат јасно знаеме што сакаме.rn

    2. Ни покажаа што не ни е потребно

    rnДодека излегувањето од добра врска може да ни покаже што ни е потребно, лошите врски можат да ни покажат од што треба да се држиме настрана. Сигурно идната врска нема да биде идеална, затоа што не постои ништо совршено, но од нашите бивши можеме да научиме што ни пречи. Иако несвесно, нашите бивши нè учат на многу љубовни лекции.rn

    3. Нè научија да ги чуваме работите

    rnИ покрај познатиот ритуал за исфрлање на сите работи по завршувањето на врската, сепак, потајно задржуваме некои. По разделувањето, убавата кошула или прекрасниот накит ни изгледаат многу вредни, не затоа што сме емоционално поврзани со нив, туку затоа што тие се премногу удобни или скапи за да ги фрламе. Ова е уште една причина да им кажеме „Благодарам“ на нашите бивши!rn

    4. Нè направија слободни

    rnНе дека односите се премногу строго определени, туку одредените ограничувања доаѓаат природно. Врските се полни со компромиси, но по раскинувањето, секогаш постои чувство на слобода.rn

    5. Ни дадоа јасна визија

    rnДа не заборавиме да им се заблагодариме на нашите бивши што ни дадоа јасна визија пред да се разделиме. Често пати се лажеме самите себеси додека сме во врска дека сме потполно среќни и дека ништо не може да биде подобро од тоа, но реалноста е дека сè уште има работи коишто сме ги пропуштале. Статусот сингл ни овозможува да се вратиме назад во реалноста и да сфатиме дека на некој начин сме имале магла пред нашите очи. Во некои работи подобро е да уживаме сами.rn

    6. Конечно ни дозволија да бидеме себични

    rnДодека сме во врска правиме работи коишто се корисни и за двајцата, наместо да размислуваме само за себеси. Тоа е сосема нормално, но ограничувањето од некои работи не е секогаш добро. Бришењето на зборот „Јас“ од речникот, не е секогаш здраво. Па, едно искрено благодарам што тие конечно ни овозможија да бидеме себични и да размислуваме малку повеќе за себеси!rn

    7. Ни го дадоа сето тоа време

    rnЗаедно со нашите емоции, ние сме потрошиле и време на таа врска. Поминале месеци и години, за сето тоа да заврши празно. Откако нема повеќе да жалиме, ќе имаме многу време кое инаку би било залудно потрошено.rn

    8. Ни дадоа спомени

    rnКолку и да бидат болни спомените во првиот период по раскинувањето, неколку години подоцна, на нив ќе се присетиме со насмевка. Кога ќе помислиме на забавните моменти коишто сме ги поминале заедно, ќе бидеме благодарни на нашите бивши што ни ги дале сите тие спомени.

  • Отсега Фејсбук ви дозволува целосно да ги избришете бившите од вашиот тајмлајн

    Отсега Фејсбук ви дозволува целосно да ги избришете бившите од вашиот тајмлајн

    Па, сте ја завршиле вашата 3-годишна врска и сега на некој начин се чувствувате добро за тоа. Вие сте го избришале нејзиниот или неговиот број, како и сите пораки и успешно сте ги исфрлиле сите нешта кои ве потсетувале на нив. Единственото прашање кое останува е дали да го/ја избришете и од пријателите на Фејсбук.rnrn(1) Отсега Фејсбук ви дозволува целосно да ги избришете бившите од вашиот тајмлајнrnrnЗа среќа, Фејсбук конечно нашол начин како да се справите со овој проблем, така што овозможува нова низа алатки кои ви дозволуваат да го контролирате начинот на интеракција со бившите партнери. Со почеток од 19 ноември, вие имате нови можности откако официјално ќе го смените вашиот статус на мобилната апликација.rnrn(2) Отсега Фејсбук ви дозволува целосно да ги избришете бившите од вашиот тајмлајнrnrnСпоред Фејсбук, вие можете да ги тргнете таговите на сите заеднички фотографии во истиот момент кога ќе го смените статусот. Исто така можете да го уредите профилот така што ќе се погрижите вашиот бивш или бивша да не може да ги гледа содржините кои ги споделувате. Се очекуваат уште надградби на оваа можност во иднина, но сега за сега ова е сосема доволно за почеток.

  • 6 видови бивши кои секоја жена барем еднаш ќе ги сретне во својот живот

    6 видови бивши кои секоја жена барем еднаш ќе ги сретне во својот живот

    Никој не вели дека патот до вистинскиот е лесен. Токму затоа и повеќето жени мора да поминат низ низа погрешни со цел да сфатат точно што бараат од партнерот и љубовната врска. По текот на овој пат тие ги сретнуваат следниве видови бивши, барем еднаш во својот живот. Некои ќе останат засекогаш покрај нив, додека пак другите едвај ќе ги помнат…rn

    1. Оној кој делува налудничаво

    rn(1) 6 видови бивши кои секоја жена барем еднаш ќе ги сретне во својот животrnrnТој долго време не можел да го прифати фактот дека вие веќе не сте заедно, па токму затоа и постојано ви праќал пораки, ве молел да се смирите, ви праќал цвеќиња на работа, доаѓал пред вашиот дом…rn

    2. Оној кој не го помните

    rn(2) 6 видови бивши кои секоја жена барем еднаш ќе ги сретне во својот животrnrnСекогаш постои барем еден бивш дечко кој едноставно сте го заборавиле. Вие сте се обиделе да бидете во врска, но меѓу вас немало никаква хемија и денес не се сеќавате ниту како се вика, ниту пак како изгледа. Можеби и подобро.rn

    3. Оној со кој прво сте биле пријатели

    rn(3) 6 видови бивши кои секоја жена барем еднаш ќе ги сретне во својот животrnrnВие најпрво сте биле пријатели и одлично сте функционирале, но потоа се одлучиле да пробате дали може да има нешто повеќе меѓу вас. Но, колку подобро сте го запознавале, толку повеќе сте сфаќале дека сте направиле грешка. Можеби потоа сте се обиделе да останете пријатели, но веќе ни тоа не функционирало…rn

    4. Оној по кој сте мислеле дека вечно ќе патите

    rn(4) 6 видови бивши кои секоја жена барем еднаш ќе ги сретне во својот животrnrnНе велиме дека е лесно, но ниту една тага не трае вечно. Кога ќе погледнете наназад и ќе сфатите точно што се случило, ќе разберете и дека можеби вака е подобро за вас. Токму затоа и сега сте спремни за нови предизвици.rn

    5. Оној кој му недостасува на вашето семејство

    rn(5) 6 видови бивши кои секоја жена барем еднаш ќе ги сретне во својот животrnrnТој бил душата на сите ваши фамилијарни забави и никому не му е јасно зошто сте раскинале. Секако, тие никогаш немале можност да ја видат неговата вистинска страна, која вие многу добро ја познавате.rn

    6. Оној по кој сè уште патите

    rn(6) 6 видови бивши кои секоја жена барем еднаш ќе ги сретне во својот животrnrnИако одамна сте продолжиле понатаму, тој секогаш успева да најде начин повторно да биде присутен во вашиот живот. Можеби еден ден…

  • Зошто не треба да ѝ дадете втора шанса на бившата љубов?

    Зошто не треба да ѝ дадете втора шанса на бившата љубов?

    Сите ние би сакале да можеме да запознаваме само луѓе кои ќе останат покрај нас до крајот на нашиот живот и кои никогаш нема да ни нанесуваат болка и разочарување. Но, тоа никогаш не се случува во реалноста, па токму затоа понекогаш сакаме и да ги задржиме оние луѓе кои длабоко во себе знаеме дека не се добри за нас. Сигурни сме дека и вие сте се нашле во ваква ситуација, враќајќи се постојано на стариот живот, барајќи уште шанса со ветување дека овој пат нештата ќе бидат различни. Но, тоа никогаш не се случува…

    rn

    Зошто не треба да ѝ дадете втора шанса на бившата љубов?

    rn

    Заедничко минато

    rn

    Кога ќе одлучите да му/ѝ дадете уште една шанса на бившиот/бившата, вие заедно си давате и ветување дека овој пат ќе биде различно. Токму затоа составувате и список правила според кои треба да се придржувате, со цел вашата врска да може да има иднина. Вие сте толку уверени дека овој пат ќе биде поедноставно бидејќи сметате дека знаете што треба да правите, а што не. Но, едно нешто сте заборавиле да спомнете, а тоа е фактот дека минатото постојано ќе ве ѕирка од зад вашиот грб.

    rn

    Кога ќе налетате на проблем, вие можеби ќе се борите за да го решите, но тешко е да бидете силни и да се држите до почетните правила кога постојано чувствувате дека се сомневате во туѓата лојалност. Претходните грешки ви влијаат така што ве прават премногу внимателни. Толку внимателни што вашиот однос ќе ја изгуби својата природност и спонтаност. Тоа доведува до губење вредност во вашите очи. Доколку сакате навистина да почнете од почеток, вие треба да заборавите сè што се случило помеѓу вас во минатото, а тоа често е многу тешко да се направи.

    rn

    Проблеми во комуникација

    rn

    Кога давате втора шанса, вие сте подготвени да направите сè за овој пат нештата да успеат. Токму затоа и не сте целосно искрени еден кон друг и не ги споделувате вашите внатрешни стравови со цел да ја заштитите врската. Вие толку многу сакате овој пат да биде различно, но вистината е дека вие сте истите луѓе како и претходно и големи се шансите дека повторно ќе се повтори истата ситуација. Особено ако не зборувате искрено и отворено за тоа. Иако луѓето не сакаат промени, сепак тие им се потребни за да продолжат понатаму со својот живот. Време е да го прифатите тоа.

    rn

    Идеализирање на љубовната врска

    rn

    Па, дали треба да му/ѝ дадете втора шанса? Најчесто втората шанса се доживува како еден вид обврска, но и потенцијално решение кое може да доведе до огромни промени во односот. Доколку решите да продолжите понатаму, без да дадете втора шанса, вие сигурно ќе поминете денови размислувајќи дали нештата овој пат би биле различни доколку малку сте се потрудиле.

    rn

    Потоа доаѓаат и моментите кога ќе сфатите дека вторите шанси можат да бидат искористени, но само во оние случаи кога не се наметнати. Имајте на ум дека давањето втора шанса може да биде тешка задача, без разлика како сте се одлучиле на тој чекор. Не се обидувајте да ја идеализирате вашата љубовна приказна и да ја претворите во нешто што таа никогаш не била. Понекогаш не сте свесни, но токму продолжувањето напред е она што навистина ви е потребно. Доволно е само да го направите првиот чекор и многу набрзо ќе сретнете нова личност, со која ќе изградите сосема нова и различна љубовна приказна.

    rn