КАФЕ ПАУЗА

Tag: бисери

  • Направете сами: Уникатен ѓердан од бисери и безопасни игли

    Направете сами: Уникатен ѓердан од бисери и безопасни игли

    Малку метал може навистина да го промени класичниот изглед на бисерите и да им даде доза панк и забава. Овој ѓердан е многу лесен за изработка и е совршен начин за привремено (или трајно) да ги освежите бисерите кои почнале да фаќаат прашина во вашата кутија со накит.rnrn(1) Направете сами: Уникатен ѓердан од бисери и безопасни иглиrnrnСè што ви е потребно за оваа изработка се еден бисерен ѓердан и мали златни безопасни игли. Почнете од централниот дел на ѓерданот, така што ќе поставите 1-2 безопасни игли помеѓу секој бисер, движејќи се кон надвор. Откако ќе завршите, поврзете ги вертикалните безопасни со хоризонтални. Правете го тоа сè додека не поставите безопасни игли помеѓу сите бисери. На овој начин за само неколку минути ќе имате модерен и уникатен ѓердан кој ќе сјае на вашиот врат. Погледнете го следниов фото-туторијал и фрлете се веднаш на работа…rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 парчиња накит кои ѝ се потребни на секоја жена

    4 парчиња накит кои ѝ се потребни на секоја жена

    Дури и да имате голем избор на накит, некогаш едноставно сакате само да земете некое парче без мислење и да знаете дека тоа ќе направи да изгледате прекрасно. Затоа постојат класични парчиња кои дефинитивно секоја жена мора да ги поседува.rnrn4-parchinja-nakit-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    1. Дијаманти

    rnКако најдобри пријатели на жената, ништо чудно што тие се први на листата. Тие се вонвременски и се многу добра инвестиција. Најдобри парчиња со дијаманти се:rn

    Обетки

    rnГи носиме со сѐ: почнувајќи од секојдневна комбинација на фармерки и блуза, па сѐ до елегантен изглед за посвечени прилики. Обетките од дијаманти секогаш ќе изгледаат елегантно и софистицирано. Особено ако патувате и не сакате да носите тешки обетки, тогаш ваквите се најдобриот избор.rnrn1-4-parcinja-nakit-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mkrn

    Алка

    rnПовторно класично парче кое може секако да се носи. Изгледа прекрасно во центарот на вниманието и создава впечаток на елеганција и минималистичка едноставност. За еклектичен микс додадете часовник и други алки. Ако сакате лесна алка одберете го „тенис“ стилот, а ако го сакате звукот на ѕвечкањето на повеќе алки, одберете еден сет кој вклучува повеќе алки.rnrn2-4-parcinja-nakit-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mkrn

    2. Омега ѓердан

    rnЕдноставноста на овој вид просто зрачи со луксузност. Во златни или сребрени нијанси, подебел или потенок, омега ѓерданот секако се вклопува во вашиот стил и притоа му дава малку шарм и зрачи со женственост. Интересно изгледаат кога „ѕиркаат“ од кошулата. Најубаво изгледаат кога имате повеќеслоен изглед: под кошула со јакна со строг крој, тесни фармерки и пар чизми.rnrn3-4-parcinja-nakit-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mkrn

    3. Гломазен прстен

    rnИако беа многу модерни пред неколку години, тие секогаш ќе бидат класично парче кое лесно додава малку ексцентричност на конвенционалниот изглед. За да оставите одличен впечаток одберете голем метален прстен во сребрена или златна боја. За поедноставен и поуметнички изглед одберете сребро, тиркиз или кој било камен. За свечености одберете поголем прстен од скапоцен камен. Иако може да се носат на сите прсти, најдобро стои на показалецот за модерен и ексцентричен изглед. Сепак, кога носите вакви гломазни прстени, остатокот од накитот сведете го на минимум.rnrn4-4-parcinja-nakit-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mkrn

    4. Бисери

    rnПостои стара навика според која колку повеќе стареете, толку поголеми треба да бидат бисерите. За ова, не е сигурно колку е вистинито, но вистина е дека бисерите се најкласичното парче од целиот накит. Одлично изгледаат во која било големина, на која било возраст. Иако за безвременски се сметаат само оние кои што се во само еден ред, тие може да изгледаат и малку преконзервативно. За среќа, во денешно време постојат толку многу начини како да се носат, а сепак да изгледаат модерно.rnrn5-4-parcinja-nakit-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mkrnrnБисерите се во разни големини, облици и бои. Пробајте нешто ново како бисери во повеќе бои, неколку редови бисери кои можат да бидат обвиткани неколку пати на вратот и нетрадационалниот избор наречен „барок“ (бисери кои не изгледаат совршено). Сепак, ако сакате да се држите до класичниот избор на еден ред, пробајте да ги измешате малку така што ќе ги комбинирате со обетки од скапоцен камен во контрастна боја или носете ги со маица, искинати фармерки, високи потпетици и сако.

  • Традиционална дама, модерна девојка или бунтовничка: Вашиот накит го открива вашиот карактер

    Традиционална дама, модерна девојка или бунтовничка: Вашиот накит го открива вашиот карактер

    Дали сте знаеле дека видот на накитот кој го сакате може многу да открие за вашата личност? Одредете го вашиот вкус за накит и проверете како тој ве дефинира.rn

    1. Голем и впечатлив накит

    rnАко сакате да носите големи и светкави парчиња накит кои паѓаат во око, без разлика дали се работи за ланчиња или прстени, тоа за вас открива одредени работи. Вие сте силна личност со цврст карактер и сакате да бидете во центарот на вниманието. Имате самодоверба и не се плашите од животот. Живеете по свои правила и не ви е грижа за туѓото мислење.rnrn1-tradicionalna-dama-moderna-devojka-ili-buntovnichka-vashiot-nakit-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    2. Пирсинг

    rnОние кои сакаат пирсови на веѓите, носот или усните главно се со бунтовнички карактер и се противат на вообичаените општествени норми иако понекогаш не се ни свесни за тоа. Некои пак одбираат пирсинг на невообичаени делови од своето тело за да го привлечат вниманието на себе, или пак сакаат да дадат до знаење дека не им е грижа што мислат другите за нив. Секако, постојат и луѓе кои ставаат пирс само затоа што им се допаѓа.rnrn2-tradicionalna-dama-moderna-devojka-ili-buntovnichka-vashiot-nakit-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    3. Бисери

    rnАко сакате да носите бисери, вие сте личност со традиционални уверувања која сака класични и елегантни работи. Бисерите често се поврзуваат со жените од минатото, а денес ги носат дамите кои го сакаат ретро стилот. Бисерните парчиња накит даваат елеганција на секоја комбинација, а ги носат жени кои сакаат да изгледаат софистицирано и едноставно.rnrnThe girl with pearlsrn

    4. Уникатни парчиња

    rnУникатните парчиња накит вообичаено се избор на модерните девојки кои преферираат рачно изработени и оригинални предмети со кои ќе се издвојуваат од останатите. Сакаат да бидат поинакви и да се истакнуваат.rnrn4-tradicionalna-dama-moderna-devojka-ili-buntovnichka-vashiot-nakit-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    5. Накит во слоеви

    rnЖените кои носат накит во слоеви односно повеќе алки или ланчиња на исто место сакаат да го привлечат вниманието на местото на кое ги носат, како на пример деколтето.rnrn5-tradicionalna-dama-moderna-devojka-ili-buntovnichka-vashiot-nakit-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    6. Винтиџ накит

    rnВаквите парчиња накит кои би ги нашле во орманот на вашата баба, се карактеристични за сентиментални, нежни и женствени дами.rnrn6-tradicionalna-dama-moderna-devojka-ili-buntovnichka-vashiot-nakit-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    7. Накит во боја

    rnСекоја боја има свое единствено значење. Ако сакате да носите црвен накит, значи дека сте прилично отворена личност, додека розовиот ја открива вашата голема страст. Жолтата боја покажува оптимизам, сината – сочувствителност, додека зелената е синоним за искреност.rnrn7-tradicionalna-dama-moderna-devojka-ili-buntovnichka-vashiot-nakit-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14 бисери на мудроста кои можеме да ги научиме од Фиби Буфе

    14 бисери на мудроста кои можеме да ги научиме од Фиби Буфе

    Долго време живеевме, се смеевме и плачевме заедно со ликовите на познатата ТВ серија „Friends“. Всушност, некои луѓе (еве на пример, ние) и до ден-денес гледаме одредени епизоди кои на некој начин си добиле свое место во нашето срце. И покрај тоа што сите си имавме омилен лик од пријателите, Фиби Буфе е онаа која навистина се издвојуваше од останатите. Одвреме-навреме таа знаеше да искоментира нешто коешто ќе нѐ натераше со денови да размислуваме за себе и за животот. Погледнете дел од нејзините брилијантни бисери на мудроста…rnrn15 бисери на мудроста кои можеме да ги научиме од Фиби Буфеrnrn rn

    – „Фиби. Одлично име.“rnrn– „Ти се допаѓа? Можеби би требало да го чуеш мојот телефонски број.“

    rnМудрост: Самодовербата е клучот за успех во животот. Или ако ништо друго, барем за љубовните состаноци.rnrn rn

    „Доколку сакате да добивате мејлови за моите наредни настапи, тогаш ве молам дајте ми пари за да можам да си купам компјутер.“

    rnМудрост: Практичноста секогаш доаѓа на прво место.rnrn rn

    „Познат факт е дека јастозите се заљубуваат во својот партнер за цел живот. И знаете што, навистина можете да видите стари парови на јастози кои се шетаат заедно во своите аквариуми и се држат за нивните клешти.“

    rnМудрост: Вистинската љубов сепак постои.rnrn rn

    „Јас сум Фиби Буфе и имам бебиња кои почнуваат да излегуваат од мене!“

    rnМудрост: Бидете директни, веднаш преминувајте на главното.rnrn rn

    „Имам некое неверојатно чувство дека оваа мачка е мајка ми.“

    rnМудрост: Никогаш не се сомневајте во вашата интуиција.rnrn15 бисери на мудроста кои можеме да ги научиме од Фиби Буфеrnrn rn

    „И си помислив, во ред, еве ми можност да бидам креативна. Па, запознајте ја Принцезата Консуела Бананахамок.“

    rnМудрост: Доколку не ви се допаѓа, не мора да го задржите вашето вистинско име.rnrn rn

    „Можеби понекогаш глумам будала, но јас сум многу повеќе од русокоса двојка со задник, која никогаш не се откажува.“

    rnМудрост: Искрено запознајте се себеси. Онакви какви што навистина сте.rnrn rn

    „Ако сум семоќна, барем на еден ден, ќе сакам мир во светот, да нема повеќе глад, добри нешта за прашумите… И поголеми гради!“

    rnМудрост: Понекогаш малата доза на себичност може да биде добра за нас, но и за другите околу нас.rnrn rn

    „Кравата во ливадите прави муу, кравата во ливадите прави муу. Тогаш фармерот ја удира по главата и ја меле и ете од каде доаѓаат хамбургерите.“

    rnМудрост: Песните не секогаш мора да имаат рима, особено ако пренесуваат важна порака.rnrn15 бисери на мудроста кои можеме да ги научиме од Фиби Буфеrnrn rn

    „Тој беше језив. И злобен. И малку застрашувачки. Сепак, убаво е да се има состанок на денот на вљубените.“

    rnМудрост: Погрижете се секогаш да ги правите оние работи кои навистина ги сакате.rnrn rn

    „Посакувам да можев. Но, не сакам.“

    rnМудрост: Искреноста е најдобрата тактика.rnrn rn

    „Нешто не е во ред со левата фаланга.“

    rnМудрост: Дури и кога критикувате, правете го тоа со самодоверба.rnrn rn

    „Знаев дека нешто не е во ред. Моите нокти воопшто не пораснаа вчера.“

    rnМудрост: Секогаш верувајте им на вашите инстинкти.rnrn rn

    „Деби, мојата најдобра пријателка од основно училиште ја удри гром на мини терен за голф. Секогаш добивам многу силни Деби-вибрации кога и да ги користам оние мали жолти моливи.“

    rnМудрост: Најдете сеќавања дури и во најмалите работи.

  • Охридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познато

    Охридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познато

    Автор: Цветанка АрнаудоваrnrnЛулка на христијанството, некогаш Самоилова престолнина, возвишен заради непроценливото богатство во многубројните христијански храмови благодарение на мајсторите на охридската сликарска школа од XIV век, и она во Галеријата на икони, привлечен и поради пејзажот од кој запира здивот, Охрид е далеку прочуен и по охридскиот бисер.rnrnОхридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познатоrnrnПриродните бисери траат 150 години, но охридскиот бисер трае вечно. Низ охридската чаршија и денес ќе чуете разни приказни за тоа како настанал oхридскиот бисер. Но начинот на кој се изработува е тајна која што се чува скоро еден век. Пренесувана од поколение на поколение, од татко на син, денес ако сакате да видите вистински охридски бисер треба да ги посетите дуќаните на Филеви и Талеви. Тие ја негуваат оваа традиција повеќе од 80 години.rnrnОхридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познатоrn

    Легендата за охридскиот бисер:

    rnВо далечната 1924 година Михајло Филев сопственик на ресторанот по име Голема Србија, сретнал во ресторанот несекојдневен гостин, емигрант од Русија. Престојувајќи подолго време во Охрид тој се спријателил со Михајло Филев. Шетајќи по брегот на Охридското Езеро и разговарајќи на различни животни теми, еден ден виделе рибар кој носел мрежа со плашица, ендемичен вид риба кој и денес живее во езерото. Кога Русинот ја видел рибата, сфатил дека овде е правото место да ја открие тајната која ја носел со себе од Русија, од Бајкалското езеро. И така во знак на пријателство и благодарност за гостопримството, тајната за изработката на охридскиот бисер му била откриена на Михајло Филев.rnrnОхридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познатоrnrnОна што е познато е дека изработката се темели на рачно производство. Основата на бисерот е школка, т.е. срцевината на школката која се гребе и од неа се изработуваат најразлични форми и најразлични големини. Потоа се земаат крлушките на рибата плашица, и од нив се прави емулзија која се нанесува врз основата. Емулзијата е најспецифичниот дел од изработката на бисерот. И начинот на кој таа се изработува е семејна тајна. Емулзијата се нанесува со четка од природен материјал, најчесто од влакна од опашката на верверица или коњ. Секој бисер се мачка пет до шест пати, а од едно до друго мачкање треба да поминат најмалку 45 минути до еден час, за добро да се исушат. Талев вели дека не е препорачливо бисерите да се нижат истиот ден кога се направени, туку е најдобро тоа да се прави следниот ден.rnrnОхридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познатоrnrnНо не отсекогаш бисерите се викале охридски. Тоа име го добиле во 1935 година. Трговците од Битола и од Скопје, кои најмногу купувале, кажувале дека одат во Охрид по бисер, да купат бисер во Охрид и така го добиле сегашното име.rnrnОхридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познато Охридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познатоОхридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познатоrnrnТалеви се особено горди што англиската кралица Елизабета II ги носи охридските бисери специјално изработени токму во нивната работилница. Во 2001 година, на саемот за иновации и рачна изработка „Еурека“ во Брисел, освоиле златен медал за рачна изработка на бисер во конкуренција со над 45 рачни изработки од целиот свет.rnrnОхридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познато Охридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познатоrnrnФилеви пак можат да се пофалат со бисери изработени за шведската кралица Силвија, украинската пејачка Руслана и нашата музичка икона Каролина. И секако, доколку се решите да си го дозволите ова задоволство, да ве краси вистински охридски бисер, во зависност од големината треба да бидете спремни да потрошите од 60 евра па нагоре.rnrnОхридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познато Охридскиот бисер – наше културно богатство, надалеку познато
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: апостолки со бисерчиња

    Направете сами: апостолки со бисерчиња

    Иако се удобни и лесни, апостолките не се за секаде, но дефинитивно се за на плажа и за на некој опуштен викенд, па сигурни сме дека овој интересен туторијал ќе ви се најде периодов и ќе ве направи малку поразлични од останатите. Всушност, најдоброто е што можете да се опуштите и да ја истакнете вашата креативност користејќи различни монистри и бисерчиња во каква боја сакате. За поелегантен изглед кој ќе можете да лесно да го комбинирате, можете да употребите бели бисерчиња со монистри во златни нијанси како на сликите подолу.rnrnНаправете сами: апостолки со бисерчињаrn

    Потребни материјали:

    rn

      rn011

    • 1 пар бели апостолки
    • rn011

    • 1 макара бела лента (или исечете си сами лента од некој бел материјал)
    • rn011

    • многу бисерчиња и монистра (и малечки школки ако успеете да пронајдете)
    • rn011

    • лепак
    • rn011

    • игла и конец
    • rn

    rnЧекор 1: Нанесете малку лепак на надворешната страна од едното ремче, почнувајќи од долниот дел на апостолката и залепете го едниот крај од белата лента.rnrnНаправете сами: апостолки со бисерчињаrnrnЧекор 2: Продолжете да ги обвиткувате ремчињата од апостолката со белата лента сè додека не се целосно покриени. Додавајте лепак одвреме-навреме за да биде лентата посигурна и не заборавајте добро да го опфатите делот кај прстите.rnrnНаправете сами: апостолки со бисерчињаrnrnЧекор 3: Земете уште еден дел од лентата, нанесете лепак на врвот и вртете ја лената над и под ремчињата наизменично. Внимавајте овој дел да не биде премногу краток бидејќи нема да има добар ефект, но не смее да биде ни премногу долг за да ви бидат удобни апостолките.rnrnНаправете сами: апостолки со бисерчиња Направете сами: апостолки со бисерчињаrnrnЧекор 4: Можете да започнете со најинтересниот дел, украсувањето со бисерчиња и монистра! Започнете на врвот, најпрво нанесете лепак, а потоа залепете го првото бисерче. Протнете конец и зашијте од двете страни за да биде посигурно. На истиот принцип додадете ги и монистрата и школките. Продолжете сè додека не го исполните целиот материјал.rnrnНаправете сами: апостолки со бисерчињаrnrnЧекор 5: Вашите нови и уникатни апостолки се готови! Добар маникир и спремни сте за на плажа. :)rnrnНаправете сами: апостолки со бисерчиња Направете сами: апостолки со бисерчињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатки школки на вашата летна трпеза

    Слатки школки на вашата летна трпеза

    Некогаш е доволно само малку труд за да постигнеме вистински ефект. Овие интересни колачиња можете да ги направите за многу кратко време, а ќе изгледаат одлично на вашата трпеза и сигурно ќе бидат запаметени. Одлични се за забави, лесно се подготвуваат и уште полесно се јадат. 🙂Слатки школки на вашата летна трпеза Потребни состојки:rn

      rn011

    • 2 пакувања чајни колачи (можете да употребите со вкус на ванила или путер)
    • rn011

    • топчиња со бело чоколадо за во секоја школка
    • rn011

    • 230 грама путер
    • rn011

    • 680 грама крем-сирење
    • rn011

    • 750 грама шеќер во прав
    • rn011

    • боја за готвење
    • rn

    rnПодготовка на кремот: Матете ги путерот и крем-сирењето со миксер на средна брзина околу 2 минути додека смесата не се соедини. Намалете ја брзината и додадете го шеќерот, па продолжете со матење уште 2 минути. Доколку сакате кремот да биде во боја можете да додадете боја за готвење.rnrnДекорирање: Поставете ги бисквитите со мазната страна кон надвор и со помош на шприц нанесете крем во облик на ѕвезда. Декорирајте ги бисквитите, додадете ги топчињата како на сликата подолу и на крајот поставете го остатокот од бисквитите одозгора. Внимавајте да го задржите обликот на школка. Ставете ги во фрижидер за да се стегне кремот.rnrnЕкстра совет: за ефект на песок во чинијата во која ќе ги служите школките истурете мелени бисквити.Слатки школки на вашата летна трпеза Слатки школки на вашата летна трпеза Слатки школки на вашата летна трпеза
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Жежок тренд за оваа сезона: бисери

    Жежок тренд за оваа сезона: бисери

    Бисерите се поврзуваат со покласични прилики, соодветни се за елегантните вечери, отмените излегувања и гламурозните забави. Сепак, за повеќето девојки, бисерите станаа и неразделен дел од секојдневниот стил на облекување.Жежок тренд за оваа сезона: бисериНовиот тренд на носење повеќе реда бисери создава драматичен и скромен, но префинет изглед. Кога носите едноставна кошула или маичка, додадете бисери во неколку реда и автоматски го трансформирате вашиот изглед.rnrnТрадиционалната боја на бисерите е бела, но со развојот на модата, нив ги гледаме во секакви бои, а сега особено се модерни оние во пастелни бои, од праска боја до светло розова. На овој начин имате многу повеќе можности да ги комбинирате со различна облека, како и да го прилагодите изгледот на вашиот тен.rnrnЦрните бисери се одличен избор за девојките и жените со потемен тен, како и за сите кои сакаат впечатлив, поразличен изглед.rnrnИако првото нешто што ни паѓа на памет кога ќе спомнеме бисери се ланчињата, денес изборот на накит и модни додатоци од бисери е навистина огромен, од обетки и брезлетни па сè до венчиња, јаки и други додатоци како дел од облеката.rnrnЗа ова лето, вистински хит се алките во повеќе слоеви. Искомбинирајте бисери во различни бои за ретро изглед или со други метали и светкави камчиња за поелегантен.rnrnНиз оваа селекција од фотографии пронајдете инспирација за изгледот кој сакате да го постигнете со помош на бисери, притоа знаејќи дека ќе бидете во тренд со последната мода.Жежок тренд за оваа сезона: бисериЖежок тренд за оваа сезона: бисериЖежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисери Жежок тренд за оваа сезона: бисериrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како остригите создаваат бисери?

    Како остригите создаваат бисери?

    Природниот бисер го започнува својот живот во школката на остригите кога некој натрапник, зрно песок или парче храна која плови ќе се протне во нивната внатрешност, односно во заштитната облога која ги прекрива нивните органи.Како остригите создаваат бисери?За да се заштити од иритација, остригата набрзина започнува да го прекрива непосакуваниот посетител со неколку слоеви минерална супстанца. И така, слој по слој, полека се обвиткува зрното песок сè додека не се формира иридисцентен бисер.rnrnВештачките бисери се направени на истиот начин. Единствената разлика е тоа што наместо случајни околности, „фармерот на бисери“ намерно вметнува зрно песок директно во заштитниот слој на мекотелите.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни украси за коса кои можете да ги направите сами

    Прекрасни украси за коса кои можете да ги направите сами

    Шнолки, венчиња, ленти, стегачи и што ли уште не, идеите за вашата фризура да биде интересна и несекојдневна се многубројни. Но за жал, многу од овие прекрасни украси за коса знаат да чинат доста, а често пати се случува да не можеме да пронајдеме токму во онаа боја или форма која што ни треба. За среќа постои начин како да ја употребите вашата креативност и имагинација, а да не потрошите премногу пари.rnrnСледат неколку интересни упатства со чија помош лесно можете да направите свои, уникатни украси за коса и следниот пат кога ќе излезете во град слободно да се пофалите пред пријателките со вашата оригиналност. Кој знае, можеби ќе привлечете и некој заводлив поглед од спротивниот пол.rnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrn

    1. Шноли со кристалчиња

    rnОвие интересни шноли можете да ги направите со конец во каква било боја, но и со различни камчиња, во зависност од гардеробата која ја имате. Всушност, зошто да не направите повеќе различни? Сè што ви треба се шнолки, конец, игла и камчиња кои најдобро е да бидат самите залепени на проѕирна лента, како на сликата, но доколку не најдете такви можете и директно да ги залепите на шнолата.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrnЛентичката со кристалчиња треба добро да ја залепите за шнолата, а ако не успеавте да пронајдете таква, залепете го секое кристалче посебно. Почнувајќи од крајот на шнолата вртете го конецот внимателно во просторот помеѓу две кристалчиња.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrnКрајот од конецот најдобро е да го скриете под долниот дел на шнолата за да не се познава и вашата креација да изгледа што подобро.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrn

    2. Впечатлив украс со бисерчиња

    rnМожеби ќе ви одземе повеќе време да го направите, но дефинитивно вреди секоја секунда. Овој украс е навистина елегантен и можете да го носите за специјални пригоди, но и во оние денови кога навистина сакате да бидете и да се чувствувате посебни. Потребна ви е обична црна шнолка, шнола со повеќе иглички (оние во вид на малечко чешле), подебел конец или тенка жица, лепак и многу бисерчиња.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrnПочнете така што жицата или конецот ќе ја закачите во едно од дупчињата на чешлето за да можете потоа да нанижете бисерчиња.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrnКраевите од секој конец врзете ги цврсто на крајот на другата шнола. Вишокот конец скратете го, а на самите дупчиња од чешлето можете да залепите бисерчиња за уште подобар ефект.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrn

    3. Слатки машнички

    rnОвие машнички се многу лесни за изработка и се одлични кога сакате да го разиграте вашиот стил. Одберете материјал по желба, можат да бидат еднобојни или со некој интересен принт. Можат да се направат од каков било материјал (на пример некоја стара маичка) и не одземаат многу време. Потребно ви е лепак, ножици, шнола и малку креативност. За почеток, погледнете ја изработката на овие едноставни, еднобојни машни.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrn

    4. Шноли и копчиња – разиграна комбинација

    rnТука веќе нема изговори, зашто за оваа креација потребни ви се само копчиња, лепак, обични шноли и неколку минути од вашето време, освен ако не ви стане интересно, па се решите да го искористите секое копче кое што ќе ви се најде по дома. А ефектот е навистина одличен.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.