Без разлика дали работите како дизајнер, програмер, видеомонтажер, пишувате книга или водите блог од дома, вашето работно биро игра многу важна улога во вашето работење. Некои сакаат да им е едноставно и секогаш чисто, други го сакаат пренатрупано, но во секој случај, тоа секогаш мора да е добро организирано за да можете барем вие да се снаоѓате додека работите на него.rnrnОвие прекрасно организирани работни бироа, со многу техничка опрема, кои претставуваат своевидни работни станици, се одличен пример како треба да изгледа едно мало катче на вашето работно место. 












rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: биро
-

Работни бироа кои секој би ги посакал
-

Ослабете додека седите на работното биро
Многу е лесно да се фрли некое килце на себе доколку постојано се седи пред компјутер. Работното биро е совршено место за дебелеење, а причината е очигледна: комбинација од неподвижност и разни грицки кои сакате да си ги „мљацкате“ во текот на денот. Можете да ослабете ако се откажете од грицките, ја користите паузата за вежбање во теретана или, пак, почнете да ги практикувате овие 5 едноставни совети додека сте на местото на злосторството.
rnПонесете си ужина од дома
rnТешкиот работен ден нема да ви дозволи да издржите само со ручекот. Оттаму и ви се јавува потребата за дополнително полнење на стомакот. Затоа, кога веќе сакате да ставите нешто плус во устата, тоа нека бидат 2 тенки парчиња кашкавал или диетален јогурт. Нема да внесете многу калории, а ќе ќе внесете протеини и ќе се чувствувате заситено.rn
Скријте ги грицките
rnДалеку од видик, далеку од ум. Ова е заклучокот од едно скорешно истражување кое покажа дека испитаниците изеле 70% повеќе бонбони кои стоеле во проѕирна тегла, за разлика од количината што ја изеле кога биле складирани во непроѕирна. Па затоа, наместо да ги чувате своите омилени грицки на бирото, каде што најверојатно нема да се задржат ни до 15 часот, тргнете ги настрана, во шкафче или во фрижидер.
rnНабилдајте ги стомачните мускули
rnПрилагодете ја висината на столицата така да колковите ви се на 3-5 см над колената. Потоа навалете се напред за да дојдете со градите над колковите и стегнете ги лопатките (зад рамената) за да го буткате градниот кош кон напред. Со ова едноставно движење ќе го ангажирате горниот дел од телото, па така можете да набилдате „чоколаден“ стомак.rn
Стискајте си го задникот на секој имејл
rnСамо затоа што по цел ден седите на вашиот задник, не значи дека не можете да работите на зацврстување на мускулите. Во моментот кога ќе стиснете на копчето Send, згрчете ги мускулите од долниот дел на телото и задржете така 5 секунди. Потоа, опуштете се 5 секунди. Направете го ова 4 пати. Набрзо, ќе создадете условен рефлекс да се стегате на секој испратен имејл. Доколку имате шеф кој постојано ве бомбардира со пораки, очекувајте да ги видите резултатите за само неколку недели.
rnВежбајте со нозете
rnРетко кој шеф би ви дозволил да правите пауза за да правите склекови или други вежби за затегнување во канцеларијата. Но, тој не мора да знае дека вежбате, нели? Исправете се на столчето. Испружете ја едната нога напред така да дојде паралелна со подот, потоа истегнете го стапалото и задржете така 5 секунди. Спуштете ја полека, одморајќи се 5 секунди и повторете го истово со другата нога. Дузина подигнувања на нозете во текот на денот се доволни за да добиете позатегнати нозе. Дополнително, не заборавајте да правите и кратки вежби за релаксација и ослободување од стрес.
-

Кафе-позадина за вашиот десктоп #18
Уживате кога утрото ќе ви започне со весник и топло кафе, убаво засладено, декорирано, со многу пена на врвот… Две коцки шеќер, тазе кафе во зрна и омилениот печатен медиум на вашето биро – тоа е сè што треба и ова вкусно сервирано кафе ќе ви го направи денот. Време е да ја смените позадината.rnrn

Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп. -

Канцеларија од палети
Палетите во секоја индустриска населба се најнепосакуваните нешта и буквално се фрлаат на улица. Многу архитекти и дизајнери се обидувале да им најдат некоја примена во нивните дела, но никој не успеал да го достигне ова. Во Амстердам, Холандија фирмата MOST Architecture за потребите на агенцијата BrandBase, создале уникатен и потполно употреблив канцелариски простор со нивна помош.rn

Сите работни и конференциски маси, подот, па дури и скалите се изработени од палети во комбинација со стакло, метал и дополнителни штици.rn
Интересната замисла, со уште подобра реализација, претставува одличен работен простор во кој вработените со полн елан и мотивираност можат да ги вршат своите задачи.rn



