КАФЕ ПАУЗА

Tag: безвремен

  • Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседува

    Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседува

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnПокрај чевлите и чантите, неизбежен дел од стилот на една жена која држи до себе е секако, накитот. Добриот и квалитетен (а притоа и безобразно скап) накит е еднакво привлечен како за жените, така и за мажите. Ако порано служел за заведување и за истакнување на општествениот статус, денес е задолжителен аксесоар, со којшто и во обична, неупадлива комбинација, може да направи да изгледате како милион долари. Еве ги четирите „must have“ парчиња:Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседуваrn

    1. Бисерни обетки

    rnИако секогаш биле меѓу првите три места, сепак најголемата популарност ја доживуваат поради модната икона Одри Хепберн. Позитивната страна на бисерите е што секогаш изгледаат добро – без разлика дали ги носите во комбинација со фармерки и обична маичка или на елегантен коктел-фустан, со нив, секогаш оддавате доза на софистицираност.Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседуваrn

    2. Златни белегзии

    rn

    Не само што се забавни за носење, туку и го даваат оној светкав ефект што може да ја освежи целата ваша комбинација. Може да се одлучите за ориентален изглед (повеќе од една) или пак да преовладува едно солидно парче – добрата стара класика. Не мора дури ни да се од вистинско злато – и добра бижутерија би постигнала одличен ефект.Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседува

    rnrn

    3. Срце-привезок

    rnНеговата двојна намена е неодолива – покрај тоа што изгледа одлично без разлика дали е приврзан на ланче или пак на белегзија, во него може да си чувате фотографија од вашите најмили, за и кога сте далеку еден од друг, секогаш да ви бидат блиску до срцето.Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседуваrn

    4. Дијамантски прстен

    rn

    Светкав, бистар, со перфектен засек, дијамантот бил и ќе остане најдобриот пријател на жената. Комбинации има безброј и сите се неодоливи. Тука важи правилото колку поголем, толку подобар, но да бидеме реални, најпосакуван е сепак, вереничкиот.Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседуваrn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Безвремен луксуз во вашиот џеб

    Безвремен луксуз во вашиот џеб

    Луксузниот телефон од Aesir Copenhagen е нов воодушевувачки модел, дизајниран од страна на Ив Беар. Во време кога мобилните телефони вклучуваат толку многу функции и претставуваат сè што ни треба спакувано во еден уред, моделот на Беар може да делува малку „еднодимензионално“. Од почеток до крај, ова е само телефон, без GPS, без камера, без интернет и заразни игри. Ова е уред кој е едноставен и практичен за држење в рака, но истовремено сензационален, со луксузен дизајн.Безвремен луксуз во вашиот џебБезвремен луксуз во вашиот џебИдејата на Ив Беар се базира на ставот дека уредите за комуникација треба да се одликуваат со долготрајност и уникатност, со оглед на големите количини пластиката кои завршуваат во отпадот. Како што постојано излегуваат нови, подобрени верзии од паметните мобилни телефони и со оглед на тоа што договорите со мобилните оператори ни овозможуваат поволни услови за редовно заменување на старите уреди со нови, она што го нуди Баер е луксузен уред од безвремен карактер, но сепак, со основна комуникациска функционалност. Исто како што љубителите на скапи, уникатни часовници, носат еден модел на својот зглоб со децении, така и овој мобилен телефон им е наменет на оние кои сакаат да покажат едноставност и стил преку предметот што го носат во својот џеб.Безвремен луксуз во вашиот џебБезвремен луксуз во вашиот џебТелефонот на Ив Беар е достапен во варијанта со 18-каратно жолто злато и со преработен не’рѓосувачки челик во комбинација со керамика. Но, безвремениот телефон бара инвестирање на безвремена сума. Имено, за златната верзија ќе треба да платите 59.000 американски долари. Па, иако идејата на Беар е за почит, можеби сепак полесно ќе ни биде да размислуваме што да направиме со стариот уред откако ќе го замениме со нов, барем додека не го заработиме првиот милион. А потоа, нема проблем, би се луксузирале.Безвремен луксуз во вашиот џебБезвремен луксуз во вашиот џебБезвремен луксуз во вашиот џебБезвремен луксуз во вашиот џеб