Лондонскиот артист Џереми Меј на старите и неупотребливи книги им дава ново руво и нов начин повторно да оживеат, овој пат во форма на скулптури и уметнички дела кои можат да бидат носени во форма на накит. Тој ги трансформира и преобликува текстовите и илустрациите од книгите во модерни прстени, белегзии, ѓердани и многу други слични предмети. Нивниот слоевит и колоритен дизајн воопшто не наликува на книгите и публикациите од кои потекнуваат, напротив, накитот изгледа како сјаен и стилски моден додаток кој воодушевува со различните форми и облици.rnrn
rnrnМеј го практикува истиот прецизен процес на изработка за секое ново парче. Најпрвин, оди до книжарниците и набавува стари книги кои повеќе не можат да се употребат за нивната оригинална намена. Потоа, внимателно ги отстранува страниците и ги спојува една врз друга. Откако ќе ја обликува хартијата во мали скулптури кои веќе полека почнуваат да наликуваат на накит, Меј додава малку сјај и како финален чекор, повторно ги става во просторот од каде што ги создал. Тој ги продава овие модели на својот официјаленвеб-сајт, како и во неколку продавници и ателјеа низ светот.rnrn
Tag: белегезии
-

Стари, неупотребливи книги трансформирани во прекрасен и екстравагантен накит
-

Елегантен планетарен накит кој ја држи вселената блиску до вашето срце
Благодарение на BeautySpot, сега ќе можете да ја носите вселената околу вашиот врат. Популарниот бутик за накит Etsy shop креирале колекција од модни додатоци наречена „Твојата вселена“ која се состои од ѓердани, белегзии, обетки и прстени од смола, месинг и сребро, во кои се претставени небеските тела од соларниот систем.rnrn
rnrnВисоко квалитетниот, рачно изработен накит е создаден од колекција фотографии од вселената кои ги покажуваат различните осцилации на планетите од Млечниот пат, преработени на начин кој ги открива дури и најситните детали. Резултатот е интересен и се состои од едноставни, колоритни текстури кои одговараат со секоја модна комбинација и се соодветни за секоја пригода. Да се забележи и отслика комплексноста на ѕвездите е една привилегија која нè потсетува колку всушност е неверојатен и чудесен нашиот свет.rnrn -

Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседува
Автор: Ивана ГрујоскаrnrnПокрај чевлите и чантите, неизбежен дел од стилот на една жена која држи до себе е секако, накитот. Добриот и квалитетен (а притоа и безобразно скап) накит е еднакво привлечен како за жените, така и за мажите. Ако порано служел за заведување и за истакнување на општествениот статус, денес е задолжителен аксесоар, со којшто и во обична, неупадлива комбинација, може да направи да изгледате како милион долари. Еве ги четирите „must have“ парчиња:
rn1. Бисерни обетки
rnИако секогаш биле меѓу првите три места, сепак најголемата популарност ја доживуваат поради модната икона Одри Хепберн. Позитивната страна на бисерите е што секогаш изгледаат добро – без разлика дали ги носите во комбинација со фармерки и обична маичка или на елегантен коктел-фустан, со нив, секогаш оддавате доза на софистицираност.
rn2. Златни белегзии
rn
Не само што се забавни за носење, туку и го даваат оној светкав ефект што може да ја освежи целата ваша комбинација. Може да се одлучите за ориентален изглед (повеќе од една) или пак да преовладува едно солидно парче – добрата стара класика. Не мора дури ни да се од вистинско злато – и добра бижутерија би постигнала одличен ефект.

rnrn
3. Срце-привезок
rnНеговата двојна намена е неодолива – покрај тоа што изгледа одлично без разлика дали е приврзан на ланче или пак на белегзија, во него може да си чувате фотографија од вашите најмили, за и кога сте далеку еден од друг, секогаш да ви бидат блиску до срцето.
rn4. Дијамантски прстен
rn
Светкав, бистар, со перфектен засек, дијамантот бил и ќе остане најдобриот пријател на жената. Комбинации има безброј и сите се неодоливи. Тука важи правилото колку поголем, толку подобар, но да бидеме реални, најпосакуван е сепак, вереничкиот.
rn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





























