КАФЕ ПАУЗА

Tag: Behind her eyes

  • Една од најочекуваните серии доаѓа наскоро, a создадена e според популарен роман

    Една од најочекуваните серии доаѓа наскоро, a создадена e според популарен роман

    Поради фактот што поголемиот дел од нашите денови ги поминуваме во сопствениот дом, не е изненадувачки што скоро секоја нова серија ја дочекуваме со голем ентузијазам. Возбудата е поголема кога станува збор за мистериозни наслови од чиј краток опис на заплетот веќе можеме однапред да заклучиме дека епизодите ќе ги изгледаме за една вечер, а подолу издвоивме токму една таква серија!rnrnСкоро сите најдобри серии ја најдоа својата инспирација во некои од популарните романи, а оваа серија не е исклучок, па нејзината филмска адаптација се базираше на популарниот роман на Сара Пинбороу наречен „Зад нејзините очи“ (Behind her eyes).  Истоимената серија е трилер со шест епизоди што го следи животот на самохрана мајка, исто така, психијатарка Луис, а нејзиниот навидум хармоничен живот всушност е обвиткан со превез на тајност.rnrnЦелиот заплет станува покомплициран кога Луис влегува во афера со нејзиниот шеф, додека негува пријателство со неговата сопруга. Сигурни сме дека веќе можете да претпоставите дека драмите во оваа серија нема да изостанат!rnrnhttps://youtu.be/c4LtoWQaLxkrnrnДали прочитавте дека една од најпознатите светски ТВ серии „Игра на тронови“ ќе ја добие својата анимираната верзија?