Фонтаните се места кои ги поврзуваат луѓето. Тука можете да седнете и да јадете, да напишете разгледница или едноставно да ги гледате другите луѓе. Ако се наоѓате покрај некоја фонтана, не заборавајте да си замислите желба и да фрлите паричка.rnrn
rn
Фонтана ди Треви во Рим, Италија
rnСо своите 26 метри во височина и 20 метри во широчина, Фонтана ди Треви е најголемата барокна фонтана во Рим. На фасадата на фонтана прикажана е сцената на пронаоѓањето на чиста вода, а тука се и скулптурите на Нептун, Агрип и римската девица Тривиа. Се верува дека оној кој ќе фрли паричка во Фонтана ди Треви, сигурно ќе се врати во Рим. Според статистиките, секој ден во Фонтана ди Треви завршуваат 3000 евра во монети.rnrn
rn
Фонтаните Петерхов во Санкт Петербург, Русија
rnФонтаните Петерхов се наоѓаат во дворот на палатата Петерхов која Петар Велики ја изградил во Санкт Петербург во 1709 година. Восхитен од Версајските фонтани на Луј 14, Петар Велики изградил исти такви фонтани во дворот на својата палата. Централно место кај фонтаните зазема каскадниот пад на водата покрај кој се поставени статуи во ренесансен стил.rnrn
rn
Фонтаните Белаџио во Лас Вегас, Невада
rnФонтаните Белаџио се ноаѓаат на предната страна од истоимениот хотел. Овие фонтани секојдневно приредуваат претстава од бои и музика која се одржува на секој половина час во попладневните часови и на секои 15 минути во вечерните часови. Фонтаните се поставени на површината на големо вештачко езеро, чија вода постојано се прочистува од хотелскиот отпад.rnrn
rn
Магичната фонтана на Монжуик во Барселона, Шпанија
rnМагичната фонтана во Барселона се наоѓа под Националната палата на ридот Монжуик. Изградена е во 1929 година за потребите на Меѓународната изложба на Барселона. За време на шпанската граѓанска војна, фонтаната била оштетена и не била во употреба сè до 1955 година, кога била реставрирана. Во текот на 1980-тите години, музиката и боите стануваат дел од величествените претстави на Магичната фонтана.rnrn
rn
Бакингемската фонтана во Чикаго
rnБакингемската фонтана во Чикаго е обележје кое се наоѓа во центарот на паркот Грант и се смета за една од најголемите фонтани во светот. Инспирирана е од фонтаната Латона во Версајскиот дворец и е изградена во рококо стил. На 26 август 1927 година Кејт Бакингем ја донирала фонтаната на Чикаго во спомен на нејзиниот брат Кларенс Бакингем.rnrn
rn
Фонтаната на богатството во Сингапур
rnВо 1998 година Фонтаната на богатството се запиша во Гинисовата книга на рекорди како најголема фонтана во светот. Изградена во 1995 година, фонтаната е препознатлива по бронзениот прстен кој според хинду принципите го означува универзумот и претставува единство на духот. Фонтаната на богатството симболично ја означува хармонијата на сите раси и религии во Сингапур.rnrn
rn
Фонтаните во паркот на Версајскиот дворец во Франција
rnФонтаните во градината на Версајскиот дворец имаат централна улога и се користеле за да се демонстрира моќта на човекот над природата. Најпозната од сите е фонтаната „Латона“ на која симболично е прикажано како измачуваната Латона е прогонета со своите две деца, Дијана и Аполон, кои биле казнети така што биле претворени во жаби.rnrn
rn
Фонтаната на кралот Фад во Саудиска Арабија
rnФонтаната на кралот Фад се наоѓа на брегот на Џеда, во западниот дел на Саудиска Арабија. Името го добила според самиот крал Фад кој ја донирал фонтаната на градот Џеда. Оваа фонтана фрла вода во висина од 312 метри над површината на Црвеното Море и затоа е видлива од секоја точка на градот. Брзината на исфрлањето вода достигнува до 375 километри на час со што се трошат 18 тони вода.rnrn
rn
Меморијалната фонтана „Ел Аламејн“ во Сиднеј, Австралија
rnМеморијалната фонтана „Ел Аламејн“ претставува спомен – обележје на војниците кои загинале во 1942 година, за време на Втората светска војна, во две битки или две во Ел Аламејн во Египет. Фонтаната во форма на глуварче е изградена од армискиот ветеран Роберт Вудворд во 1959 година.rnrn
rn
Фонтаната на четири реки во Рим, Италија
rnФонтанатата на четири реки се наоѓа во урбаниот дел на Пјаца Навона во Рим. Изградена е во 1651 година од Џан Лоренцо Бернини. Од центарот на фонтаната се издигнува древен египетски обелиск, додека самата фонтана симболично ја сочинуваат четирите најголеми реки на четири различни континенти: реката Нил во Африка, Дунав во Европа, Ганг во Азија и Рио де ла Плата во Америка.rnrn
rn
Фонтаната во Дубаи
rnФонтаната во Дубаи се наоѓа на вештачкото езеро Бурџ Калифа во центарот на градот. Компанијата која ги дизајнираше фонтаните Белаџио во Лас Вегас, беше одговорна и за изградбата на фонтаната во Дубаи. Во хармонија со арапските звуци и светските музички хитови, фонтаната долга 275 метри исфрла вода во висина од над 73 метри. Фонтаната во Дубаи беше пуштена во употреба на 8 мај 2009 година.rnrn
rn
Фонтаната на желките во Рим, Италија
rnФонтаната на желките, изградена во стилот на доцната ренесанса, се наоѓа на плоштадот „Свети Матеј“ во Рим. Фонтаната била изградена во периодот помеѓу 1580 и 1588 година, од страна на архитектот Џакомо дела Порта и скулпторот Тадео Ландини. Бронзените желки на горниот дел од фонтаната на почетокот не постоеле. Тие биле додадени подоцна, во 1658 година, кога фонтаната била обновена.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





rn


rn


rn
rn
rn

rn

rn
rnrn
За промоцијата на нивниот асортиман на паметни телефони, тие направија неверојатна симулација на видеоиграта во реалниот свет, со дебели топчести птици и прасиња кои експлодираат. Погледнете и уживајте.rnrn
Ви претставуваме дел од неверојатно креативните и артистички портрети на фудбалерите на Барселона, а кампањата, и повеќе од заслужено го носи името „Икони“.










rnrn