Ова е еден од оние празноверни разговори во стилот: колку долго ќе живеете според линиите на вашите дланки или пак колку сте топла личност според топлината и силата на стисокот при поздравување. Сепак со обувките е малку поинаку, бидејќи тие сепак нешто говорат за нашиот карактер.rn
1. Никогаш не би помислиле да облечете нешто под 12 см
rnОчигледно е дека ви се допаѓа вниманието. Вашата самодоверба е на завидно ниво, но кога станува збор за облекување за одредени настани, тешко ви е да намалите со дотерувањето. Но, подобро да бидете претерано дотерани отколку ни малку, нели?rnrn
rn
2. Вашиот највисок пар потпетици се балетанките
rnВие сте прагматист и за вас комфорот е најважен. Имате балетанки во сите бои и од сите материјали. Продуктивни сте, искрени и зборувате без влакна на јазикот. Би било навистина глупаво од луѓето околу вас да ве потценат.rnrn
rn
3. Елегантна девојка која поприма од машкиот стил со оксофордки и рамни чевли
rnИмате голема среќа: ваквиот тип обувки веќе неколку сезони е модерен, но вие не ги носите поради тоа. Вашиот стил е безвременски, разновиден и секогаш изгледате софистицирано и средено. Имате креативна жичка, независни сте и целосно сте способни сами да носите одлуки, без разлика дали на работното место или во вашиот стил.rnrn
rn
4.Чизмите одат со сѐ
rnНе постои обувка во светот која вие сметате дека изгледа подобро од чизмата. Вие сте многу дружељубиви, сакате да патувате и по малку знаете како да изгледате сексапилно. Единствен минус кај вас е што веројатно веќе и немате простор каде да ги чувате.rnrn
rn
5. Влечки засекогаш
rnВие сте личност која носи влечки со сѐ. Имате апостолки за секоја пригода. Инсистирате дека тие се најудобни и дека едноставно се претопуваат во вашите нозе. Имате влечки со монограми, со камчиња и додатоци и постојано ги носите. Иако се супер практични за до продавница или на плажа, надвор од овие околини изгледа малку чудно.rnrn
rn
6. Се држите до патиките за трчање
rnПостојано трчате по децата, ги носите луѓето каде што треба, постојано сте во движење, па зошто да не носите патики за трчање? Тие се удобни, а и онака по цели денови трчате, така? Искрено, не. Со ваквиот однос вие сакате да кажете дека сте премногу зафатени за да ви е гајле или дека имате проблеми со стапалата. Ако сакате да трчате, супер, но сепак задржете ги патиките само за тренинг, а најдете соодветна алтернатива за секој ден.rnrn
rn
7. Зошто да носите потпетици со тенка штикла кога постои полната пета?
rnВие сте микс од стил и удобност кои ги овозможуваат потпетиците со полна пета. Имате цел плакар полн со вакви обувки кои му соодветствуваат на вашиот приземјен прагматизам, а сепак сте модна зависничка. Единствен ваш страв е дека на крај вашите пријатели ќе ја дознаат вашата вистинска висина.rnrn

rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnДоколку ви се допаднаа советите и сметате дека ви беа корисни, погледнете ја и официјалната страна на 
















Моќната комбинација од сила и баланс прикажана од страна на балерината, е повремено придружена од нејзината емоционална болка и плач од бол, бидејќи вложениот напор и физичката исцрпеност тежат врз нејзините пренапрегнати прсти. Перформансот на Сегара поттикнува емпатија кај публиката додека таа се напрега, тежнеејќи кон совршенство. Таа е истовремено, прекрасна и скршена. Според описот на креаторот на проектот, тој
rnrn



rnrn





