КАФЕ ПАУЗА

Tag: бакнежи

  • И животните се бакнуваат

    И животните се бакнуваат

    Изгледа дека луѓето не се единствените живи суштества кои се бакнуваат. Птиците се допираат со клуновите, кучињата се лижат, коњите се тријат со муцките, мачките се мазат. Животните, исто како и луѓето искажуваат чувства преку бакнувањето. Нивните инстинкти ги поттикнуваат да искажуваат љубов, допаѓање, мир, почит и пријателство преку директниот физички контакт кон луѓето и кон други животни. Мајките ги лижат своите бебиња, пријателите се гушкаат, а љубовниците страсно се бакнуваат.rnrnПогледнете ги овие прекрасни 15 фотографии од природата на кои животните се фатени во вистински момент на страст.rnrn1-i-zhivotnite-se-baknuvaat-kafepauza.mkrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 работи поради кои уште повеќе се вљубуваме во нашите партнери

    7 работи поради кои уште повеќе се вљубуваме во нашите партнери

    Малите работи и изливи на нежност ја зголемуваат љубовта меѓу партнерите. Понекогаш во долгите врски сите тие прекрасни нешта ни стануваат навика и забораваме вистински да ги вреднуваме и да бидеме благодарни што можеме да уживаме во нив.rnrn7 работи поради кои уште повеќе се вљубуваме во нашите партнериrnrnОва се дел од најубавите нешта кои треба да ги цените кај вашите љубовни партнери.rn

    1. Нивниот вљубен поглед

    rnОвој поглед доаѓа потсвесно и е една од најслатките работи која прави да се вљубите уште повеќе во личноста. Некогаш тој поглед е придружен со гризење на усните или кревање на веѓите, но секогаш е долг и полн со љубов.rnrn7 работи поради кои уште повеќе се вљубуваме во нашите партнериrnrn

    2. Нивните прекари

    rnДали вашиот партнер има прекар за вас или фраза која често ја употребува? Кога ќе ви се обрати по прекар се чувствувате посебно. Значењето на тие прекари и фрази е нешто што само партнерите го знаат, како да имаат свој јазик кој само тие можат точно да го декодираат.rn

    3. Поспани бакнежи

    rnКолку е прекрасно чувството да се разбудите доцна во ноќта и да почувствувате дека вашиот партнер ве прегрнува или бакнува? На некој начин покажува дека дури и во неговата/нејзината полусвесна состојба ви ја покажува својата љубов.rn

    4. Претставувањето пред другите

    rnКога ќе ве претстави пред некој познаник како негова/нејзин девојка/дечко, како да сака да му се пофали на светот дека ве има. Тоа што ја носите таа титула е важно за вашиот партнер.rnrn7 работи поради кои уште повеќе се вљубуваме во нашите партнериrnrn

    5. Испраќање пораки со охрабрувачка содржина

    rnКога сте пред важно интервју за работа или испит од кој ви се тресат нозете, ви стигнува порака која ви вели дека сè ќе биде во ред и дека вие го можете тоа. Ваквите пораки прават да се чувствувате како Супермен. Некогаш во лоши денови, доволна е и една единствена порака која ви кажува дека некој мисли на вас.rn

    6. Позајмување облека

    rnОва се однесува на девојките, кои на некаков магичен начин секогаш се чувствуваат поудобно во маичката на нивните партнери. Истото важи и кога ќе го добиете нивното палто кога ви е ладно, па се чувствувате како да сте на прв состанок а тој се обидува да ве импресионира.rn

    7. Тоа што знаат како да ги поправат нештата

    rnКога се чувствувате лошо знае како да ве расположи а кога сте уморни знае како да ве релаксира. Помислете на сите моменти кога тој/таа успеал/а да ги поправи работите и сè да тргне на подобро.rnrn7 работи поради кои уште повеќе се вљубуваме во нашите партнери
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Изненадувачки придобивки од бакнувањето

    Изненадувачки придобивки од бакнувањето

    Новите истражувања пронашле огромни придобивки од редовните бакнежи. Топлата комуникација, вклучувајќи го и бакнувањето секако, долго време се сметала за важна и продуктивна. Всушност овој вид приврзаност одамна е дел од трите фундаментални човечки потреби. Истражувачите откриле дека топлата комуникација укажува на функционален однос и задоволство. Кори Флојд од Аризона долго време ги проучувал физиолошките придобивки од топлата комуникација. Тој спровел студија која се фокусирала врз бакнувањето со партнерот и откритијата до кои дошол се неверојатно изненадувачки.rnrnИзненадувачките придобивки од бакнувањетоrnrnФлојд и неговите колеги сакале да разберат како зголемувањето на бројот на бакнежи помеѓу партнерите ќе се одрази на генералните индикатори за стрес и добросостојба. За таа цел, тие проучувале парови кои живееле заедно. Во период од 6 недели, на половина од паровите им била зададена следнава инструкција:rn
    rn

    „Во наредниве 6 недели, ние би сакале вие и вашиот партнер(ка)/сопруг(а) да се бакнувате почесто од вообичаено. На почеток, одвојувајте по неколку минути на ден кои ќе бидат само за бакнување. Со текот на времето би требало да забележите дека тоа ќе станува еден вид рутина во вашата комуникација. Целта е вие да се бакнувате почесто и подолго време отколку што тоа го правите сега.“

    rnИ покрај тоа што голем број фактори биле истражувани, клучните разлики кај паровите биле забележани во однос на нивниот поглед кон задоволството во врската, стресот како и нивото на холестерол. Поточно, во периодот од 6 недели, индивидуите кои го зголемиле бакнувањето изјавиле намалено ниво на стрес и повисоко ниво на задоволство од врската. И најважно од сѐ, нивните физиолошки проценки покажале намалување на холестеролот во крвта.rnrnОвие резултати повторно го потврдуваат големото значење на бакнувањето во љубовните врски. Намалувањето на нивото на холестеролот е особено од големо значење со оглед на негативните последици врз здравјето кои тој може да ги предизвика. Всушност, докторите постојано препорачуваат промена на исхраната и зголемување на физичката активност со цел да се намалат нивоата на холестеролот. Овие откритија ни додаваат уште еден (многу поинтересен) начин кој може да се додаде на оваа листа.rnrnСледниот пат кога ќе почувствувате дека сте под стрес, знаете што треба да направите. :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Феноменална љубовна улична уметност

    Феноменална љубовна улична уметност

    Артистот Алекс Сена кој живее и работи во Сао Паоло, Бразил е надалеку познат по неговите прекрасни и шармантни графити кои ги красат улиците на градот. Неодамна тој нацрта неколку од неговите препознатливи љубовни црно-бели графити и во Мајами, на кои секој минувач гледа со воодушевување. Ова е дел од неговата работа во текот на последните неколку години.rnrn(1) Феноменална љубовна улична уметност Феноменална љубовна улична уметност Феноменална љубовна улична уметност Феноменална љубовна улична уметност Феноменална љубовна улична уметност Феноменална љубовна улична уметност Феноменална љубовна улична уметност Феноменална љубовна улична уметност Феноменална љубовна улична уметност Феноменална љубовна улична уметност
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мачка и куче водат љубов пред камера

    Мачка и куче водат љубов пред камера

    Доколку порано се сметаше дека мачката и кучето се непријатели, денес, сѐ повеќе видеа на Јутјуб го докажуваат спротивното. Овој пат гледаме две слатки животинчиња, неизмерно вљубени еден во друг. Додека мачето го облева со нежни бакнежи и прегратки, кучето мирно лежи и ужива во романсата од соништата. Уште да разбираа дека камера ги снима, ќе помислевме дека станува збор за одлични и добро платени актери. Уживајте во романтикава!rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бакнежи, насмевки и високи потпетици

    Бакнежи, насмевки и високи потпетици

    Денес решив да им се обратам на моите дами, знаете, оние припадничките на посилниот пол. Испровоцирана од девојки кои им робуваат на комплексите од типот да му бидат достојни на дечкото (заборавајќи дека и тој треба да се труди да биде достоен за нив), од девојки кои се затвораат во соблекувалната на своето работно место и трошат време и нерви по телефон, објаснувајќи некои свои постапки наместо да си ја бркаат работата и да си прават пари, девојки кои ќе потрошат толку солзи на некого кого ни уво не го боли за нив… со еден збор, оние кои на секаков можен начин си ги побркале приоритетите во животот.rnrnНе смеете да изигрувате дека сте глупави, кога и научно е докажано дека нашата интелигенција е поголема од онаа на мажите. Секој човек се труди од глупав да испадне паметен, зашто со сила да се правиш глупава кога не си? Каде е она твое ЈАС, она кое никој не смее да го погази? Како е можно така лесно една девојка, која (како демек) се заљубува, да заборави на сите свои принципи?rnrnБакнежи, насмевки и високи потпетициrnrnДа обрнеме внимание на она што ни значи, она што нè исполнува, нè прави среќни… на сите оние мали задоволства, да уживаме и да ги почувствуваме сите убавини на животот.rnrnСакаме розова боја, убави нокти, плишани мечиња, подароци и цветови… И што, треба да бидеме дефинирани како плитки и површни? Не! Имаме право на возбуда и среќа, кафе муабет и оговарање, луди журки и незаборавни ноќи. Имаме право на добар филм, облека и шопинг и многу нијанси на сјаеви за усни… Шарени тетратки, убави слики и украси. Имаме право понекогаш да бидеме и себични. Имаме право на летни авантури, незаборавни дружења и патувања, искусување на љубовта повторно и повторно, макар и не била онаа вистинската.rnrnЕден ден ќе бидеме мајки и нема да можеме да ги ставиме своите потреби пред сè останато. Еден ден нема да ни доликува да се журкаме до зори, сите пари да ги трошиме на себе и да спиеме со своите мечиња. Има време кога ќе мора да броиме калории, сега ги заслужуваме највкусните тортички со секакви преливи. Ќе дојде време кога ќе мора да бидеме смирени и разумни, до тогаш можеме да бидеме палави и темпераментни.rnrnПочувствувајте ја младоста и предајте ù се целосно. Ќе бидете ли некогаш помлади од овој момент? Како жени и девојки, како идни пожртвувани мајки и хероини за своите најблиски, заслужуваме еден куп бакнежи и страст, искрени насмевки и незаборавни дружења… и секако, посакуваните модели на високи потпетици… а не купишта грижи наместо уживање во животот!rnrnДо следното читање, ве оставам во позитивно и розово расположение,rnrnВашата Ели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • H&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDS

    H&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDS

    Автор: Симона РистоскаrnrnОваа година познатиот шведски бренд H&M ја посвети својата кампања за лето 2012 на борбата против ХИВ/СИДА . Целта е да се подигне свеста кај младите денес и да се поттикнат што повеќе да се информираат за тоа како да се заштитат од опасниот вирус. Она што е можеби најважно во врска со оваа кампања, освен вниманието што го привлекува, е фактот дека H&M ќе поделат 25% од приходот од колекцијата на четири различни организации кои помагаат во превенцијата од ХИВ/СИДА преку едуцирање и информирање.  За неверојатно краток период од лансирањето на кампањата, компанијата успеа да подигне преку 6,5 милиони долари. Ова е трета акција од овој тип што ја организира овој бренд.H&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSСамата колекција е интересен микс од весели парчиња со племенски принтови и  хипи стил креирани од интернационални артисти, дизајнери и илустратори со кои компанијата склучи партнерство за новата кампања. Она што компанијата успеа да го потврди е токму тоа што многу дизајнери претходно го имаат констатирано, модата не е само во облеката, модата е поврзана со идеите, начинот на кој живееме и сè она што нè опкружува.H&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSОсвен преку добар шопинг, компанијата им овозможи многу интересен начин на младите да се вклучат уште поактивно во целиот проект – „Бакнување за кауза“. Сè што треба е да ја зграбите драгата личност и да го овековечите бакнежот со добра фотографија. Логирајте се на fashionagainstaids.com и H&M ќе донира по 1 долар за секоја испратена фотографија.H&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDSH&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDS
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите филмски бакнежи на сите времиња

    Најдобрите филмски бакнежи на сите времиња

    Најдобар начин да се стоплите во ладните зимски ноќи, е да си направете топло кафе, да се стуткате во вашето ќебенце и да си пуштите романтичен филм кој само ќе придонесе за потполно да се опуштите во прекрасната зимска идила. Потсетете се на филмските сцени со страсни бакнежи кои ќе ви го одземат здивот и ќе ве натераат да ги гледате по кој знае кој пат.rn

    Casablanca (1942) – Казабланка

    rnБакнежот помеѓу Ингрид Бергман и Хамфри Богарт, ќе ве потсети на романтичната филмска сцена која е една од најгледаните и најпознатите на сите времиња.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Breakfast at Tiffany’s (1961) – Појадок кај Тифани

    rnРомантичните сцени помеѓу преслатката Одри Хепберн и Џорџ Пепард, се класично четиво за сите љубители на романтичниот филм.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Pretty Woman (1990) – Убава жена

    rnКој може да им одолее на прекрасните Џулија Робертс и Ричард Гир во неповторливиот романтичен филм „Убава жена“?rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Four weddings and one funeral (1994) – Четири свадби и еден погреб

    rnРомантичната комедија кога Хју Грант ја открива својата љубов Енди Мекдауел, е задолжителен филмски избор кој истовремено ќе ве разнежни и насмее.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Romeo + Juliet (1996) – Ромео + Јулија

    rnГледањето на класичната Шекспирова драма преработена во модерни услови и истовремено зачинета со страсните бакнежи помеѓу Леонардо Дикаприо и Клер Денс, ни малку нема да ве остави рамнодушни.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Titanic (1997) – Титаник

    rnШармантниот убавец Леонардо Дикаприо и овој пат нè остава без здив во прекрасните романтични филмски сцени со неговата партнерка Кејт Винслет.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Moulin Rouge! (2001) – Мулен Руж!

    rnДоколку сте обожаватели на филмските мјузикли, а сакате тие да бидат и романтични, „Мулен Руж!“ е вистинскиот избор за вас, каде ќе ги видите страсните бакнежи помеѓу Никол Кидман и Иjан Мекгрегор.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Spiderman (2002) – Спајдермен

    rnСпајдермен е филм кој не спаѓа во категоријата на романтични филмови, но токму овде ќе го видите најкреативниот бакнеж на сите времиња.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    The Notebook (2004) – Бележникот

    rnИако овој филм завршува тажно, сепак големата љубов која ја откриваат главните актери и незаборавните споделени бакнежи, се доволни за да придонесат овој филм да биде ваш романтичен избор за викендов.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Twilight (2008) – Самрак

    rnЗа сите тинејџери кои се вљубеници во фантазијата и надреалното, „Самрак“ е одличен избор, кој воодушевува со филмските бакнежи помеѓу Кристен Стујард и вампирот Роберт Патинсон.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.