Дали е можно да се почувствува целосно задоволство во сексот без една ситница? Навистина станува збор за едноставна активност што го заокружува сексуалниот чин и им дава дополнителна жар на сите оние емоции кои до пред неколку секунди таа ги чувствувала. Имајте на ум, дека ако го прескокнете ова, поголемиот дел од жените брзо би го претвориле задоволството во разочарување.rnrn
rnrnМожете да погодите за што станува збор? Што е тоа што го прави сексот целосен и за жените е едноставно совршено? За да го добијат одговорот на ова прашање, група истражувачи испитале 2.400 волонтери, а заклучокот што го добиле е дека интимноста во сексот е подеднакво важна како и техниката, големината на пенисот, посветеноста и сè она што игра улога во самиот однос.rnrnИмено, сè што жените сакаат по сексуалниот однос е прегратка, бидејќи токму ова мало внимание е клучот што го отвора нивното срце, како во сексот, така и надвор од него. Дури 71% од испитаниците истакнале дека се задоволни со својот партнер во креветот само доколку се гушкаат од 5 до 10 минути по односот.rnrnЖените признале дека самиот сексуален чин им предизвикува да се чувствуваат ранливо и малку незаштитено, па прегратката и нежните бакнежи им се како еден вид знак дека мажот крај нив навистина се грижи и сака тие да се чувствуваат убаво.rnrnЕте момци, сега знаете што е тоа што претвора едно сексуално искуство од просечно во неверојатно. Ако сакате вашата партнерка да е целосно задоволна, тогаш знаете што треба да правите!
Tag: бакнежи
-

Момци, дознајте што сака секоја жена по сексот за да почувствува неизмерно задоволство!
-

До сите девојки: 6 места на машкото тело кои копнеат по вашите бакнежи
Бакнежите не се наменети само за усните. Постојат многу ерогени зони на машкото тело на кои треба да им посветите внимание. Лесно е да се занемарат овие места, бидејќи сите секогаш сакаат веднаш да преминат на главното. Но, обидете се еднаш да не брзате и да потрошите малку повеќе време за да направите целото негово тело да затрепери од возбуда. Мажите вистински ќе уживаат доколку ги бакнувате на следниве 6 места од нивното тело…rnrn
rn1. Ушите
rnБакнежите на ушите предизвикуваат огромно задоволство. Можеби не сте знаеле, но тие се сметаат за втората најчувствителна ерогена зона кај мажите по тестисите. Слободно играјте си со нив!rn
2. Брадавиците
rnНе срамете се да им обрнете внимание. Брадавиците обично се поврзуваат со жените, но тие претставуваат силна ерогена зона и за мажите. Исто како кај жените, нивната чувствителност може да варира, така што ќе треба да откриете дали тоа му се допаѓа и на вашиот партнер. Но, не ја отфрлајте таа можност без да се обидете!rn
3. Вратот
rnСигурно досега сте го бакнувале вратот на вашиот партнер, така што ова и не е некое големо изненадување, но добро е за загревање на работите. Нежните бакнежи на вратот ќе му ја зголемат циркулацијата на крвта, а вам токму тоа и ви треба.rnrn
rn4. ’Рбетот
rn’Рбетот е многу чувствителен на допир, така што ќе треба да бидете многу внимателни. Целото негово тело ќе затрепери доколку нежно поминете со прстите или со усните низ ’рбетот. Долниот дел од грбот е исто така многу чувствителен, па слободно задржете се таму подолго време.rn
5. Срамната коска
rnПоточно, областа околу неговиот пенис. Доколку си играте со усните на ова место, но не го допрете пенисот, тоа ќе му предизвика дополнително чувство на возбуда и неизвесност што потоа ќе доведе до огромно задоволство.rn
6. Внатрешниот дел од бутовите
rnБакнежите во овој дел залажуваат и стимулираат истовремено. Играјте си со внатрешниот дел од неговите бутови на сличен начин како со срамната коска. Вашиот партнер ќе се најде во малку ранлива позиција, но тоа е една од убавините на сексот и предиграта.
-

6 необични работи кои му се случуваат на вашето тело кога се бакнувате
Бакнувањето е одлично, што е малку чудно кога ќе размислите подобро. Ако почнете да анализирате како всушност се одвива тоа, целиот процес би можел да стане по малку одбивен и чуден. Кога некој би ве прашал како да бакне некого и зошто воопшто би сакал да го направи тоа, како би му објасниле? Веројатно објаснувањето би изгледало отприлика вака: „Па, кога некој физички ве привлекува, како последица од лачењето на феромони, ги доближувате усните и почнувате да си играте со јазиците со цел сексуално да се возбудите.“rnrn
rnrnЗар не звучи малку необично? Како и да е, бакнувањето прави да се чувствуваме одлично. Тоа е така, поради многуте работи кои се случуваат во нашите тела додека се бакнуваме. Во продолжение, прочитајте кои се тие…rn1. Зголемена циркулација на крвта
rnТокму поради зголемената циркулација на крвта, вашето тело трепери додека се бакнувате. Добриот бакнеж прави крвта да врие, ги буди пеперутките во стомакот и предизвикува чувство на возбуда.rn
2. Чувство на адреналин
rnВо моментите исполнети со страст и возбуда, телото ослободува голема количина на адреналин. Тоа е причината зошто срцето почнува да чука побрзо, дланките се потат и се случуваат сите оние други работи за кои се пишува во љубовните романи.rn
3. Мозокот приредува забава
rnКога бакнувате некого како да има нешто во мозокот што вели: „Пуштете го допаминот! Сега окситоцинот! Време е за незаборавно задоволство и интензивна поврзаност! Ајде да ве видам сите раце горе!“. Да, мозокот знае да биде малку драматичен.rnrn
rn4. Влегувате во зона на релаксација
rnКога се бакнувате, тоа веднаш го намалува нивото на напнатост и стрес што го чувствувате. Ова се однесува само на бакнежите со луѓето кои навистина ве привлекуваат, не значи дека треба да се бакнувате со кого било секогаш кога ќе станете нервозни.rn
5. Плунка насекаде!
rnКога се бакнувате, разменувате околу 9 милиметри плунка со вашиот партнер. Таа плунка содржи 1 билион бактерии. Но, не грижете се! 95% од тие бактерии се безопасни. Секси, нели?rn
6. Ги вежбате мускулите
rnПри бакнувањето, се вклучуваат 24 од вашите мускули на лицето и 100 од другите ваши мускули. Едно добро, долгометражно бакнување може да согори и до 100 калории!rnrnШто чекате? Бакнете го вашиот партнер!
-

Како се бакнуваат хороскопските знаци?
Астрологијата може да ни открие многу работи за нашето однесување и карактер. Таа дури може и да ни открие како се бакнуваме. Во продолжение прочитајте како ѕвездите влијаат на вашиот стил на бакнување, која техника најмногу ви одговора, но и кој хороскопски знак најдобро се бакнува…rnrn
rnОвен
rnСпонтаноста е вашето средно име! Вие сте човек од акција кој прво дејствува, а дури потоа размислува. Обожавате да го фаќате вашиот партнер неспремен и страсно да го бакнувате без оглед каде се наоѓате, па дури и да сте на улица додека надвор истура силен дожд.rn
Бик
rnВие сте сензуална личност која сака да ужива во сѐ, па така и бакнувањето не е исклучок. Бакнежот обично го започнувате со нежен допир на усните, па потоа го претворате во долго, влажно и возбудливо искуство. Преку бакнувањето сакате да му пренесете на партнерот колку го сакате и цените.rn
Близнаци
rnВие сте личност која сака да каже многу работи, па затоа понекогаш ви е тешко да се концентрирате на само една работа. Токму затоа кратките и слатки бакнежи надополнети со заводливи зборови се вашиот главен адут. Сакате прво да го возбудите вашиот ум, пред да ги доближите усните до личноста која ве интересира.rn
Рак
rnПо природа сте сентиментални и се бакнувате со целото ваше срце. Истото го очекувате и од партнерот, па не можете да се предадете на бакнежот доколку не почувствувате одредена доза емоција од другата страна.rn
Лав
rnНиту еден друг хороскопски знак не сака толку многу да биде во центарот на вниманието колку што го сакате тоа вие. Токму затоа не е чудно што се бакнувате „филмски“ како да сте добиле главна улога во „Титаник“ или „Валкан танц“. Лавовите се многу импулсивни, односно обожаваат да бакнуваат страсно на јавни места.rn
Девица
rnМозокот им е секогаш во петта брзина, па затоа на припадниците на овој знак понекогаш им е тешко да се опуштат и да се препуштат на секојдневната размена на бакнежи. Но, кога сте во сериозна врска, а помеѓу вас и партнерот постои силна хемија, инсистирате на долги бакнежи во кои е вклучено целото тело.rnrn
rnВага
rnВие сте романтична душа која сонува за традиционално додворување, љубовни пораки и вечера со свеќи. Лесно ја покажувате вашата нежна страна, па затоа сте многу великодушни кога станува збор за бакнување. Подеднакво ги сакате и површните, и долгите страсни бакнежи.rn
Скорпија
rnВие сте темпераментна личност која се бакнува страсно. Имате способност да направите вашиот партнер да го изгуби тлото под нозе кога се бакнувате. Вашите бакнежи се толку моќни, што партнерот може да се почувствува како да е под влијание на силен љубовен пијалак додека го бакнувате.rn
Стрелец
rnВашите силни страни се спонтаноста и авантуристичкиот дух. Не сакате да се ограничувате и сакате да експериментирате кога се бакнежите во прашање. Но, ќе ја бакнете само онаа личност која во вас разбудила длабоки емоции, бидејќи во животот секогаш тежнеете кон љубовта.rn
Јарец
rnСекогаш играте на сѐ или ништо кога станува збор за љубовта. Самоуверени сте, фокусирани на моментот и сакате да ја задоволите другата страна. Токму затоа ќе го прилагодите бакнежот на потребите на вашиот партнер, односно на стилот кој нему најмногу му одговара. Исто така, ќе му дадете до знаење на партнерот дека сакате да пробате ама баш сѐ.rn
Водолија
rnВие уживате во заведувањето. Кога сакате некого да импресионирате, ќе се потрудите да направите совршена атмосфера со осветлување и музика. Ќе почнете да го бакнувате партнерот нежно и меко, а потоа ќе го продлабочите бакнежот додека не бидете целосно обземени од истиот.rn
Риби
rnВие сте најголемите романтичари кои обожаваат долги и страсни бакнежи од кои нема да можете да се одржите на нозе. Но, имате и ваша игрива страна. Кога сте расположени за игри, ќе го предизвикате партнерот со нежно грицкање и допирање на усните додека и двајцата не изгубите целосно контрола.
-

Љубовен квиз: Дали тој е вистинскиот за вас?
Доколку сте во нова љубовна врска или пак, сте заедно одредено време, но сè уште не сте сигурни дали тој е вистинскиот за вас, тогаш овој едноставен тест од само 5 прашања може многу да открие за вашата врска. Изберете ги оние одговори кои најмногу одговараат на тврдењето над нив, без премногу да размислувате и потоа пронајдете го соодветниот одговор и откријте каков тип момче имате крај вас.rnrn
rn1. Додека се бакнувате, вие:
rnа) Имате чувство како секој пат да е различноrnrnб) Целосно сте опуштени – како конечно да постои светски мир!rnrnв) Многу малку ви недостасува да почнете да се смеетеrn
2. Како најчесто го поминувате вашето заедничко време?
rnа) Се гледате откако тој ќе ви пише „Дали си за?“ по што следат 9 емотикони во различни љубовни нијансиrnrnб) Разговарате за дневните случувања, а потоа гледате епизода од вашата омилена ТВ серијаrnrnв) Загледани сте во Пинтерест. Поточно, вие го правите тоа. Тој најверојатно е на некој веб-сајт со порно филмови.rn
3. Вашиот сексуален живот личи на:
rnа) Џон Мајер и Кејти Пери: непостојан и огненrnrnб) Мила Кунис и Ештон Качер: сигурен и релативно честrnrnв) Оливија Поуп и огромна чаша вино: Кој сексуален живот?rn
4. Најдоброто нешто кај него е:
rnа) За време на сексот ви кажува колку сте секси. И неговите стомачни мускули!rnrnб) Тоа што прави претерано вкусна пица… Или што редовно ве задоволува во кревет? Тешка одлука.rnrnв) Подготвен е да ви купи тампони кога ќе го замолите.rn
5. Што мисли вашата најдобра пријателка за него?
rnа) Го нарекува со погрдни имиња, но таа не го познава добро и затоа не знае што зборуваrnrnб) Откако ќе испие чаша бело вино, тврди дека тој е вашата сродна душаrnrnв) Секој пат кога ќе ја прашате за него, таа ја менува темата – чудноrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]rn
Најмногу одговори под А: Момче дух
rnСега го гледате, сега не. Тој се појавува и исчезнува од вашиот живот кога ќе му падне на памет. Можеби ви изгледа како да сте сродни души, но тоа е така само бидејќи често му се губи траг, па вие скоро и да не го познавате. Внимание: Вистинскиот е секогаш расположен да поминувате време заедно.rn
Најмногу одговори под Б: Цврст како карпа
rnВие двајца веќе некое време мирно пловите заедно. Тој е посветен на вашата врска и лесно би можел, како што вели Фиби од ТВ серијата „Пријатели“, да биде вашиот јастог. Но, не заборавајте дека одвреме-навреме е неопходна и доза романса, како вечерни излегувања во вашиот омилен ресторан или секс кој трае подолго од 15 минути.rn
Најмногу одговори под В: Господин привремен
rnДлабоко во себе вие знаете дека тоа не е тоа кога станува збор за овој дечко, но дури и самата помисла на суровата самотија ве ужасува. Знаете што е најстрашно? Кога играте на сигурно со погрешниот маж, сè до бракот и потоа станувате очајна домаќинка која го изневерува својот сопруг со вистинскиот. Соберете храброст и раскинете му пред да биде доцна, сингл животот не мора да значи и осаменост.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]
-

Натерајте го повторно да ве посакува со помош на овие 3 едноставни чекори
Многу парови со текот на времето ја губат уметноста на заведување или го мешаат нејзиното значење со предиграта, па погрешно претпоставуваат дека таа настанува само во спалната соба. Во својата основа, вистинското заведување вклучува исчекување, а не задоволување. Па, како би можеле да ја вратите уметноста на заведувањето во вашата врска и да ја искористите за да го подобрите вашиот сексуален живот?rnrn
rn1. Прашајте го што го возбудува и направете го тоа преку флерт
rnПобарајте од вашиот партнер да се наврати на времето кога само сте флертувале и кога тој се чувствувал привлечено од вас. Откријте зошто, поточно што е тоа што тој го сметал за толку привлечно. Дали е вашата смисла за хумор? Вашата насмевка? Можеби близината или позицијата на вашите тела? Или пак, тонот на вашиот глас? Откако ќе дознаете, флертувајте секојдневно со вашиот партнер со цел да ја одржувате страста помеѓу вас жива.rn
2. Одново откријте ја романсата помеѓу вас
rnОткријте што е тоа што вашиот партнер го смета за романтично. Многу е лесно да бидете романтични откако ќе дознаете што точно вашиот партнер сака и потоа ќе се фокусирате на тоа. Испланирајте љубовен состанок, создадете романтична атмосфера за време на вечерата и научете како да го зборувате јазикот на вашиот партнер.rn
3. Забавете додека го заведувате
rnУживајте во секојдневните интимни моменти. Откријте точно што и на двајцата ви предизвикува да се чувствувате навистина секси, возбудени и забавете. Ова е особено важно за мажите кои многу често, ненамерно, го сфаќаат овој вид интимност како покана за секс. Токму поради тоа и многу жени се воздржуваат од ваков вид интимност кога не се расположени за секс, но сепак сакаат да се почувствуваат поблизу до својот партнер. За да го избегнете тоа, престанете да претпоставувате дека секоја нежност води кон однос и препуштете се на малите прегратки и бакнежи без притоа да иницирате секс. Покажете му на партнерот дека имате дисциплина, дури и во моментите на најдлабоката возбуда, да го ставите неговото задоволство над вашето.
-

Погледнете кои се здравствените придобивки од бакнувањето!
Преку бакнежите, можеме да искажеме повеќе отколку што можеме со зборови. Повеќе научни истражувања покажаа дека бакнежите ги подобруваат шансите за оргазам, а поради реакциите кои ги создаваат, тие нѐ прават поздрави. Од бакнувањето има многу здравствени придобивки. Погледнете кои се дел од нив.rnrn
rn1. Страсното бакнување нѐ одржува млади
rnПри бакнување се активираат преку 30 мускули на лицето. Благодарение на тоа, бакнежите спречуваат создавање на брчки и го стимулираат обновувањето на кожата.rn
2. Го зајакнува имунитетот
rnБакнувањето го зголемува крвниот притисок и го забрзува пулсот – тоа го зајакнува имунолошкиот систем.rn
3. Троши калории
rnСо помош на долгите и страсните бакнежи може да согорите и до 13 калории. Па следниот пат кога ќе изедете некое колаче, пресметајте колку калории има и потоа фрлете се на работа. А, освен што согорува калории, бакнувањето му помага на организмот и да се опушти.rn
4. Создава чувство на среќа
rnБакнувањето го стимулира ослободувањето на ендорфинот – хормон кој создава чувство на среќа и задоволство. Ете уште еден начин како да се ослободите од негативните мисли.rn
5. Ги намалува алергените реакции
rnБакнежите ја подобруваат работата на хормоните кои дејствуваат како аналгетици. Плус, нѐ ослободуваат од алергените реакции и го одложуваат почетокот на симптомите како што се кивањето и течењето на носот.
-

Кратко и слатко: Совети за секс набрзина за оние моменти кога сте многу зафатени
Во денешно време ретко кој може постојано да си дозволува романтични вечери и повеќечасовно водење љубов. Токму затоа погледнете ги следниве неколку совети со кои можете да се погрижите дека ќе имате одличен секс набрзина!rnrn
rn1. Почнете со бакнежи
rnБакнувањето е процес кој возбудува бидејќи ги буди вашиот нервен и ендокрин систем, па токму затоа ќе ве доведе до хормонално лудило и ќе предизвика страст и желба.rn
2. Не губете време на целосно соблекување
rnВо овие моменти не треба да се фокусирате на вашата облека. Ниту вам ниту на вашиот партнер нема да ви смета доколку носите градник или кошула.rn
3. Менување локации
rnСексот набрзина во кревет ќе ви здодее многу брзо, па токму затоа можете да ја однесете акцијата во некоја друга просторија од вашиот дом, како тоалетот или кујната. Бидете креативни во изборот, бидејќи токму овие промени на локацијата водат кон дополнително возбудување.rn
4. Вклучување фантазија
rnФантазијата може да ви помогне многу брзо да се возбудите доколку сте ограничени со време, па токму затоа дозволете таа да се одигра во вашата фантазија и дополнително да ја разгори вашата сексуална желба. Иако лежите на кревет, замислете дека сте на тропска плажа или на друга егзотична дестинација. На овој начин вие целосно ќе се изолирате од сите препреки и ќе можете да се опуштите и да уживате во сексуалниот однос.rn
5. Вклучете валкано зборување
rnПоиграјте си со зборовите доколку сакате да го постигнете најголемото задоволство. Не се воздржувајте и кажете ги сите оние нешта кои ви поминуваат низ глава. Употребете валкано зборување и разгорете ја фантазијата на вашиот партнер. Кажете му/ѝ ги сите оние нешта кои сакате тој/таа да ви ги направи, а потоа препуштете им се на страстите.
-

Како настинката навистина се пренесува?
Еден од водечките истражувачи Рон Еклс изјавил дека настинката не треба да застане на патот на романсата бидејќи таа не може да се пренесе преку бакнеж. Професорот Еклс тврди дека вирусот се пренесува преку слузта, а не преку плунката. Токму затоа поголеми се шансите да се заразите доколку личноста која е настината ја држите за рака отколку кога се бакнувате. Всушност рацете се најголемите преносители на вирусот.rnrn
rnrnИстражувањето покажало дека и до 21% од оние кои биле настинати откажувале љубовни состаноци од страв да не ја заразат другата личност, додека пак петина од испитаниците изјавиле дека не би спиеле во ист кревет со партнер кој е настинат. Професорот Еклс вели дека обичниот вирус за настинка патува низ слузта од респираторниот систем, па токму затоа не може да дојде во допир со плунката што ни укажува на фактот дека бакнежите не се заразни. Тој исто така додал и дека вирусот се пренесува со раце бидејќи настинатите често кога киваат или кашлаат ја прекриваат устата со нивните дланки и на тој начин дел од исфрлената слуз се закачува за нив.rnrnОва истражување покажало дека луѓето немаат многу разбирање кога станува збор за обична настинка бидејќи се плашат да не се заразат, а не се доволно информирани за начинот на кој вирусот навистина се пренесува. Токму затоа за да го спречите ширењето на настинката мијте ги редовно рацете и слободно бакнувајте го вашиот партнер бидејќи бакнежите се целосно безопасни.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Мали и убави моменти во љубовните врски
Иако итаме кон големите нешта во животот и спектакуларните моменти, свесни сме дека малите нешта го прават животот убав. Ова се дел од најубавите мали и слатки моменти спакувани во незаборавни мигови кои ќе ве потсетат колку го/ја сакате вашиот/ата партнер/ка.rnrn
rnrn1. Ненадеен и неочекуван бакнеж.rnrn2. Утринските бакнежи и гушкања во кревет, иако знаете дека малку ќе доцните на работа.rnrn3. Кога ќе станете наутро, а на масата веќе ве чека подготвен појадок.rnrn4. Две топли шолји кафе во кревет.rnrn5. Кога ќе гледате заеднички слики и снимки од вашите одмори и излегувања.rnrn6. Кога седите еден до друг и молчите, а никогаш не сте се чувствувале попријатно.rnrn7. Кога сте се разделиле само пред половина час и добивате порака дека му/ѝ недостигате.rnrn
rnrn8. Кога на најобичен ден, најнеочекувано ви подготвува слатко мало изненадување и веќе денот не е обичен.rnrn9. Кога ви е тешко и кога ќе ве гушне.rnrn10. Кога синхронизирано ќе кажете или направите нешто.rnrn
rnrn11. Она кога сте на здодевен состанок и одеднаш слатко се насмевнувате кога ќе се сетите на некој убав момент од претходниот ден.rnrn12. Кога ќе почне да готви оброци базирани на вашите омилени состојки, избегнувајќи ги оние кои не ги сакате.rnrn13. Кога дава сè од себе да ве задоволи и да ви покаже колку ве сака.rnrn14. Кога го препознавате неговиот/нејзиниот мирис на вашата постелнина.rnrn15. Она кога ве гледа во очи и ви кажува кои се вашите прекрасни карактеристики поради кои ве сака.rnrn
rnrn16. Кога гледате фудбал заедно и навивате за истиот тим.rnrn17. Малите и слатки подароци како знак на внимание.rnrn18. Кога работите на тежок проект/дипломска/семинарска, и не излегувате од дома, па доаѓа да ве посети носејќи ви го омиленото јадење.rnrn19. На крајот на напорен ден, помислата дека имате некого со кого делите сè.rnrnСлободно надополнете ја листата со уште слатки и романтични моменти. rnrn