КАФЕ ПАУЗА

Tag: б-комплекс

  • Како витамините од групата Б влијаат врз вашиот мозок?

    Како витамините од групата Б влијаат врз вашиот мозок?

    Според истражувачите, витамините од групата Б (позната и како Б комплекс) е една од најважните групи на витамини особено кога е во прашање здравјето на мозокот. На сите нам ни е добро познато дека мозокот користи 20% од вкупната енергија на телото што го прави најактивен орган во организмот. Б витамините играат голема улога во одржување на енергетскиот метаболизам, поради што тие се прецизно регулирани со хомеостатските механизми на мозокот. Во продолжение прочитајте повеќе за здравствените придобивки на Б витамините врз здравјето на мозокот.rnrnКако витамините од групата Б влијаат врз вашиот мозок?rnrnБ витамините влијаат врз меморијата, клеточното сигнализирање, расположението и спиењето. Еве на кои начини влијаат врз зајакнувањето на централниот нервен систем:rn

    1. Ја подобруваат когнитивната функција

    rnДвата флавопротеински коензими добиени од витаминот Б2 или рибофлавинот – FMN и FAD се од витално значење за доставување доволно кислород до мозокот, неопходен за испраќање нервни сигнали и пораки до остатокот од телото. Без оваа група витамини, мозокот едноставно не би го добил кислородот и хранливите материи кои му се неопходни. Од друга страна, пантотенската киселина (витамин Б5), ниацинот (витамин Б3) и тиаминот (витамин Б1) ја одржуваат целокупната когнитивна функција преку подобрување на работата на мозочните клетки. Покрај тоа, Б витамините имаат антиоксидантски и антиинфламаторни својства кои се поволни за целиот организам.rn

    2. Го подобруваат расположението

    rnПовеќето Б витамини (меѓу кои тиамин, пантотенска киселина, фолна киселина, витамините Б6 и Б12) се вклучени во производството на невротрансмитери. Невротрансмитерите им помагаат на невроните да комуницираат меѓусебно и истовремено влијаат врз нашето целокупно расположение и ментално здравје. Еве дел од невротрансмитерите кои се синтетизираат благодарение на Б витамините:rn

      rn 011

    • Серотонинот ги регулира расположението и чувството на среќа.
    • rn 011

    • Норепинефринот го подготвува мозокот за дејствување и ја подобрува концентрацијата.
    • rn 011

    • Допаминот влијае врз расположението, мотивацијата и чувството за награда.
    • rn 011

    • Гама-аминобутерна киселина се прикачува на одреден рецептор во мозокот за да произведе смирувачки ефект и порелаксирана состојба.
    • rn

    rn

    3. Го подобруваат сонот

    rnБ витамините не само што ви помагаат да го подобрите расположението туку и да се смирите по напорниот ден за да може да имате мирен сон секоја вечер. Така на пример, Б6 витаминот ги претвора невротрансмитерите во мелатонин, хормон кој го контролира вашиот деноноќен ритам и вашиот распоред за спиење. Згора на тоа, биотинот ја регулира активноста на тироидната жлезда и надбубрежните жлезди за добар сон.rnrnОткако прочитавте за влијанието на Б витамините врз здравјето на мозокот, можеби ќе сакате да прочитате и која храна благотворно делува на мозокот.rnrnИзвор: mindbodygreen.com

  • 5 витамини за здрава кожа

    5 витамини за здрава кожа

    Здравата и природно сјајна кожа е цел на секој маж и на секоја жена. Но, нејзината убавина доаѓа од она што го внесуваме во себе преку храната. Прочитајте кои витамини се препорачливи за да имате подобар изглед на вашата кожа.5 витамини за здрава кожа

    rnrn

    Витамин А

    rnТој е потребен и клучен за одржување на виталното ткиво на кожата. Ако имате недостаток од витаминот А, вашата кожа ќе биде сува. Внесувајте ја потребната доза на овој витамин преку храната: слатките компири, морковите и ливчестиот зеленчук со изразена зелена боја нека бидат дел од вашето дневно мени. Истражувањата покажуваат дека во допир со кожата, лосионите кои содржат витамин А, ја штитат од акни и влијаат на намалување на брчките.5 витамини за здрава кожаrn

    Б-комплекс

    rnОсвен во вид на апчиња, може да се најде и внесе преку храната: овес, јајца, ориз, банани… Б-комплексот се состои од витамини кои се потребни за вашата кожа, коса и нокти. Ако имате недостаток, може да се појави опаѓање на косата или дерматит. Кремите со Б-комплекс ја хидратираат кожата и прават таа да сјае. Исто така имаат антивоспалително дејство и го изедначуваат тенот.5 витамини за здрава кожаrn

    Витамин Ц

    rnСите цитрусни овошја се преполни со витаминот Ц, како и карфиолот, бабурите и зелените зеленчуци. Витаминот Ц, освен што одлично се справува со настинките, тој ù е и пријател на кожата, во поглед на создавањето на колагенот. Помага при намалување на брчките, ја подобрува текстурата на кожата и влијае заштитно при изложеност на кожата на сонце.5 витамини за здрава кожаrn

    Витамин Е

    rnОвој витамин помага за оштетената и сува кожа. Редовно грицкајте бадеми, ореви, лешници и други јаткасти плодови, јадете маслинки и спанаќ ако сакате сјајна кожа. Тој ќе помогне и во зацврстувањето на вашата коса и враќањето на нејзиниот сјај. За кожа која има изгореници и лузни, препорачливо е да се трие местото со масло со витамин Е.5 витамини за здрава кожаrn

    Витамин К

    rnВитаминиот К се препорачува за кожа со модрици и темни кругови околу очите. Побарајте креми и лосиони кои го содржат овој витамин за да избегнете и настанување на брчки и губење на бојата на кожата. Може да се најде во зеленчук, но најдобро е кога се нанесува локално.rnrn5 витамини за здрава кожа
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn