КАФЕ ПАУЗА

Tag: азбука

  • 5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнат

    5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнат

    Кирилица, латиница, грчко, кинеско и арапско писмо… и тоа се горе-долу сите азбуки за кои знаеме. Иако латиницата е сè подоминантна поради зголемувањето на англискиот јазик на глобално ниво, на планетава сепак постојат и опстојуваат уште многу различни писма, а некои од нив иако не се многу познати, се особено убави.rn

    Мјанмарска (бурманска) азбука

    rnМјанмарската азбука е составена од симболи кои наликуваат на крукчиња и полукрукчиња кои секогаш се цртаат, односно пишуваат, во правец на движењето на стрелките на часовникот. За жал, Мјанмарците сè поретко ја користат оваа естетски прекрасна азбука поради влијанието на индискиот и англискиот јазик. Таа пред сè се користи во верските храмови за време на церемониите.rnrn5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнатrn

    Сингала

    rnСингала е азбука која се користи на островот Шри Ланка. Има преку 50 букви, но само 38 од нив редовно се користат во денешно време. Нејзината употреба е сè поретка, па денес се користи само во будистичките манастири, а се изучува и во училиштата.rnrn5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнатrn

    Грузиска азбука

    rnИако е сместена помеѓу две моќни култури – руската и турската, малата Грузија успеала да го зачува своето оригинално писмо низ годините. Сепак, и таа се соочува со силно влијание на руската култура за време на Советската ера. Наликува на арапското писмо, но е поедноставно за читање.rnrn5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнатrn

    Тагалог

    rnЈазикот на Филипините се нарекува филипино, а ја користат латинската азбука. Филипино е мешавина од јазиците кои одамна се користеле на островот и шпанскиот јазик, а тие стари јазици ја користеле убавата азбука тагалог. Таа потекнува од индо-европските писма и по малку наликува на латинското. И тагалог е азбука во изумирање.rnrn5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнатrn

    Ханачарака

    rnХаначарака била создадена на индонезискиот остров Јава со цел стандардизирање на индонезискиот јазик. Нејзината употреба слабее по забраната за време на јапонската окупација за време на Втората светска војна, а потоа речиси се губи под влијанието на латинското писмо. Денес се користи само на сообраќајните знаци.rnrn5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнатrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките

    Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките

    Норвешкиот фотограф Шел Блок Сандвед ја посветил неговата фотографска кариера, сликајќи ја убавината на светот во којшто живееме. Воедно, направил воодушевувачка колекција со фотографии од пеперутки со зачудувачки шари на нивните крилца. Благодарение на неговиот остар вид, Шел забележал спектакуларни природни дизајни на пеперутките, кои неверојатно многу потсетуваат на буквите од азбуката и едноцифрените броеви. Како резултат на тоа, тој ја оформил фотосеријата „Butterfly Alphabet“.rnrnНеверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперуткитеrnrnВо оваа колекција тој собрал крилца од пеперутки со сите 26 букви од американската азбука, како и со едноцифрените броеви од 0 до 9. Откако ја открил целата азбука низ колоритните крилја на пеперутките, Шел на неговиот веб-сајт започнал да им нуди на муштериите, не само шанса да купат постер со сите букви, туку и да си нарачаат постер по желба со принтови од различни зборови, спелувани со овие уникатни букви, создадени од „мастилото“ на природата.rnrnНеверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бушава азбука на англиски

    Бушава азбука на англиски

    Кога ќе се присетиме на детството, на ограничените ТВ програми и на почетоците на нашето образование, неизбежно е низ сеќавањата да наидеме на „Бушавата азбука“. Со неа ги научивме буквите од нашето писмо, но што е поважно, научивме како нив да ги асоцираме со некои зборови. А – Авијатичар! :)rnrnБушава азбука на англискиrnrn„The Alphabet 2“ е кратко видео, кое по сè изгледа ја користи оваа идеја, притоа применувајќи разни техники и материјали во мали и големи простори. Создадено од мултидисциплинарното дизајн студио во Италија „n9ve, ова видео ù доделува збор и значење на секоја буква, визуелно презентирајќи го на креативен, и секогаш различен начин. Она што недостасува е изговорот на буквите и зборовите.rnrnКако што се напредни новиве генерации, не е лошо да го зачувате видеово како 32-ра епизода од Бушава азбука.rnrnrnrnДа се потсетиме малку и на Бушава азбука… Кое видео е подобро?rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.