КАФЕ ПАУЗА

Tag: автор

  • Декадентниот гениј со еден роман во џебот! Мачниот живот на Оскар Вајлд!

    Декадентниот гениј со еден роман во џебот! Мачниот живот на Оскар Вајлд!

    Злобните гласини и осудувања поради хомосексуалноста целосно ја имаат уништено неговата кариера и општествениот статус. Сепак, тој сега е еден од најсаканите и најпознатите писатели во историјата на човештвото.rnrnДекадентниот гениј со еден роман во џебот! Мачниот живот на Оскар Вајлд!rnrnОскар Вајлд, ирскиот песник и драматург, бил роден во 1854 година. Покрај книжевните творби, овој викторијански автор од својата огромна слава и популарност стигнал до самото дно поради еден од најголемите скандали на 19-тиот век.rnrnОд детството покажувал невидена интелигенција. Неговото книжевно творење вклучува есеи, песни, драми и еден роман – „Сликата на Доријан Греј“ (The Picture of Dorian Gray).rnrnСкромноста не била негова предност. Бил склон кон уживања во разни гозби и пијанки, трошел пари и одел на забави. Имал големо почитување во општеството. Бил духовит, со младешки дух, а можел и со часови да ја забавува публиката смислувајќи брзи шеги. Меѓутоа, во сѐ претерувал.rnrnБил оженет со Констанца и имал два сина. На четириесетгодишна возраст јавно изјавил дека е хомосексуалец. Истата година кога го запознал седумнаесетгодишниот Роби Рос, кој потоа му бил најверен пријател и љубовник.rnrnСепак, негова најголема љубов бил лорд Алфред Даглас, наречен Боузи, кој бил двојно помлад од него. Меѓутоа, Боузи бил причината за пропаста на Вајлд. Таткото на Боузи, авторитетен и влијателен човек, го тужел Вајлд поради што авторот завршил во затвор.rnrnБил приведен на 25 мај 1895, а пуштен на 18 мај 1897 година. Иако претходно бил сакан, по затворањето целиот Лондон му го свртел грбот. Го нарекувале криминалец. Неговото семејство се преселило во Швајцарија и го смениле презимето. Оскар бил физички и емотивно истоштен.rnrnТажен, без пари, без да може да ги види своите деца, починал во Париз. Се претпоставува дека причина за смртта бил сифилисот кој предизвикал церебрален менингитис.rnrnБил погребан на гробиштата Пер Лашез. На неговата гробница има сфинга бидејќи Оскар бил фасцинирал со Египет.rnrnГолем број обожаватели секоја година го посетуваат неговиот гроб, а неговите потомци во 2011 година издигнале стаклен ѕид околу споменикот за да го сочуваат од бакнежите на фановите.rnrnПрочитајте ги и овие одлични цитати од Оскар Вајлд.

  • Што кажува вашиот омилен автор за вас?

    Што кажува вашиот омилен автор за вас?

    Не само што вашата омилена книга открива многу за вас, туку и човекот кој ја создал. Честопати се случува во различни етапи од животот да имате различна омилена книга и автор, а тоа покажува многу за моменталната состојба на човекот. Па, откријте што вашиот омилен автор кажува за вас.rnrn1-Shto-kazhuva-vashiot-omilen-vas-kafepauza.mkrn

    Ернст Хемингвеј

    rnВие сте непредвидливи. Чувствителни и груби, сурови и милосливи. Можете да бидете арогантни и полни со себе, за подоцна во дел од секундата да бидете полни со емпатија и нежност.rnrnВие ги поттикнувате луѓето да го дадат најдоброто од себе, одбивајќи сè што е помалку од вашите лични очекувања.rn

    Ф. Скот Фицџералд

    rnЧесто сте потценувани затоа што по природа сте срамежливи и повлечени, сè додека не ги шокирате и не предизвикате стравопочит кај луѓето со вашите скриени таленти.rnrnРомантичари сте и не се срамите да го признаете тоа. И покрај славата и восхитувањата кои можете да ги достигнете, вие сепак трагате по љубов. Некого со кого ќе можете да патувате, некого кого ќе го сакате и некого со кого ќе можете да ги споделите книжевните вкусови.rn

    Џејн Остин

    rnИако сте романтична душа, не го пружате на дланка вашето големо срце и не ги погазувате вашите приоритети за љубовта. Сакате да бидете почитувани исто толку колку што сакате да ви се восхитуваат.rnrnВие сте независни и диви. Секогаш сте во потрага по нешто поголемо од она кое вашиот мозок може да го замисли.rn

    Фјодор Достоевски

    rnМислител и филозоф. Понекогаш имате проблем да се опуштите и да уживате затоа што сте интровертна личност која премногу размислува. Вие сте револуционер, анархист и имате нескротлив дух.rnrnМожете да поминете денови и денови сами со своите мисли и идеи и тоа ве прави среќни. Го сакате човечкиот ум и сите оние милиони места на кои можете да отпатувате со него.rnrn4-Shto-kazhuva-vashiot-omilen-vas-kafepauza.mk_rn

    Лав Толстој

    rnНа прво место ви се моралните вредности и цврсто се држите до нив. Вашите чувства и барања се секогаш во склад.rnrnВие сте религиозна и духовна личност, која не ги негира учењата на другите.rn

    Џ. К. Роулинг

    rnВие живеете во свој свет. Вие фантазирате и романтизирате и би го смениле овој свет, во кој живеете со некој друг, подобар.rnrnЗа вас велат дека сте сонувач, но просто вие сте само оптимист. Верувате дека доброто ве чека таму некаде и подготвени сте да го пронајдете.rn

    Херман Хесе

    rnВие сте сконцентрирани на духовното во себе. Понекогаш сте малку изгубени и збунети, но вие добро се познавате себеси и затоа не се плашите да го продолжите доживувањето.rnrnМожеби не ја знаете вашата патека, но се познавате себеси. Можеби не знаете каде одите, што правите, по што трагате, но знаете дека нема да запрете додека не го пронајдете.rn

    Џ. Р. Р. Толкин

    rnВие сте неверојатно интелигентна личност, но и голем фанатик. Вие сте господар во вашиот свет, но верувате и ги почитувате и туѓите.rnrnНе се плашите од искуства, им дозволувате да ве обликуваат и дефинираат.rnrn2-Shto-kazhuva-vashiot-omilen-vas-kafepauza.mkrn

    Х. Л. Борхес

    rnВие сте поет и сонувач. Сè анализирате и раслојувате. Полни сте со страст и со имагинација, но исто така сте и приземјени и искрени. Ги сакате мистериите и мисловните лавиринти.rnrnСакате да ги гледате реално работите откако ќе ги согледате од сите аспекти.rn

    Силвија Плат

    rnВие сте брилијантни, но несфатени. Се сомневате во себе, не можете да си ги согледате сопствените таленти и дарби, дури и кога добивате пофалби за истите.rnrnНе ви се важни материјалните добра и обожувањата, едноставно сакате да си го живеете животот. Вие сте остроумни и длабоко размислувате за нештата, па затоа тешко го отворате вашето срце за другите.rn

    Оскар Вајлд

    rnВие сте непредвидливи. Храбри и темпераментни, некој кој постојано трча од едно на друго место. Вие се вклопувате во секое друштво и во секоја работа која ќе ја пробате.rnrnВие секогаш ги зашеметувате луѓето со вашите идеи и тие ве сакаат поради вашата духовитост и интелигенција.rn

    Чарлс Буковски

    rnВие имате нежно срце прегазено со текот на годините. Вие сте дијамант сокриен зад валканите и проколнати зборови. Често сте оцрнети и занемарени поради вашата груба надворешност.rnrnЛуѓето не ја гледаат вашата вистинска страна сè додека не се осмелат да ви се доближат. Во вас се крие голем љубовник.rnrn5-Shto-kazhuva-vashiot-omilen-vas-kafepauza.mk_rn

    Џ. Д. Селинџер

    rnВе сте бунтовник и мислител. Можете да поминете денови, недели и години разглобувајќи ги работите за животот и сте склони кон егзистенцијални кризи. Ја сакате идејата за фамилија и цврстата поврзаност на друштвата.rn

    Чарлс Дикенс

    rnВие сте набљудувач на општеството и сакате да давате критика за вашата генерација. Родени бунтовници сте и секогаш се грижите за губитниците.rnrnВие немате никаков проблем да целите точно во центарот и да ги испратите сите во бестрага.rn

    Марк Твен

    rnВие сте комичен лик, но оние кои ви се блиски знаат дека вашата смисла за хумор произлегува од вашата интелигенција и длабоките размисли.rnrnПонекогаш не си ги гледате способностите толку јасно како другите, па затоа си ја пробувате среќата во многу професии.rn

    Габриел Гарсија Маркез

    rnВие сте остри на јазик и не се плашите да го кажете она што го мислите. Ги сакате метафорите затоа што го прикажуваат вашиот живот и оној кој го фантазирате.rnrnВие ги анализирате луѓето и вашиот начин на живеење. Ве привлекуваат политиката и социјалните реформи и бескрајното повторување на историјата.rnrnLibrary with a book ladder and lamprnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цитати на познатите автори на книги за самопомош

    Цитати на познатите автори на книги за самопомош

    Автор: Бојанаrn
    rn

    „Пишувај за да бидеш разбран, зборувај за да бидеш слушнат и читај за да пораснеш.“ – Лоренс Кларк Пауел

    rnЗа читањето книги се смета дека е активност со најголеми интелектуални придобивки. Различни луѓе сакаат да читаат различни книги кои одговараат на нивната личност, преференции и стремежи. Без разлика на различноста во читачките навики и вкусовите на публиката, популарноста на книгите за самопомош се зголемува со геометриска прогресија.rnrnЗголемената популарност на книгите за самопомош е показател за потрагата на модерното општество кон максимизирање на личната среќа преку процесот на самооткривање со помош на книги кои нудат совети за модификации во однесувањето и ветувања за позитивни животни промени.rnrnВо продолжение следат неколку цитати на познати автори на книги за самопомош, кои влијаеле на животите на милиони читатели ширум светот.rnrnЦитати на познатите автори на книги за самопомош
    rn

    „За два месеци може да добиете повеќе пријатели интересирајќи се за другите, отколку за две години обидувајќи се да ги натерате другите да се интересираат за вас.“ – Дејл Карнеги („Како да добиеме пријатели и да влијаеме врз луѓето“)

    rn

    „Почетната точка на секое достигнување е ЖЕЛБАТА. Имајте го ова постојано на ум. Слабата желба носи слаби резултати. Само мал оган создава малку топлина.“ – Наполеон Хил („Мисли и збогати се“)

    rn

    „Смеењето го отвора срцето и ја успокојува душата. Никој не треба да го сфаќа животот толку сериозно и да заборави да се смее на себеси.“ – Робин Шарма („Калуѓерот што го продаде своето Ферари“)

    rn

    „Стравот кој дозволувате да се создаде во вашиот ум е полош од ситуацијата која всушност реално постои.“ – Спенсер Џонсон („Кој го здипли моето сирење“)

    rn

    „Првичната причина за несреќа никогаш не е ситуацијата, туку мислите за неа.“ – Екарт Тол („Нова земја“)

    rn

    „Сè што презирате и она на што остро реагирате кај другите, истото се наоѓа и во вас.“ – Екарт Тол („Нова земја“)

    rn

    „Моќта е во вашите мисли, затоа останете будни. Со други зборови запаметете да запаметите.“ – Ронда Бирн („Тајната“)

    rn

    „Повеќето луѓе не слушаат со цел да разберат, слушаат со цел да одговорат.“ – Стивен Кови („Седумте навики на високо ефективните луѓе“)

    rn

    „Човечките суштества се лоши оценувачи, изложени на суеверија, предрасуди и длабока тенденција да го гледаат она што сакаат да го видат, а не она што вистински постои.“ – Скот Пек („Патот по кој поретко се оди“)

    rn

    „Нашето минато може да објасни зошто страдаме, но не смееме да го користиме како изговор да останеме во ропство.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

    rn

    „Не може да имате убав живот, а негативен ум.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

    rn

    „Трпението не е способност да чекаме, туку способност да имаме добар став додека чекаме.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

    rn

    „Секоја секунда е можност да го промените животот, бидејќи во секој момент може да го промените начинот на кој се чувствувате.“ – Ронда Бирн („Моќта“)

    rn

    „Егото не е она што вистински сте. Егото е слика за себеси, општествена маска, улогата која ја играте. Вашата општествена маска расте со одобрување. Бара контрола и се одржува со моќ бидејќи живее во страв.“ – Дипак Чопра („Седумте духовни закони на успехот“)

    rn

    „Светот е она што мислите за него, затоа мислете РАЗЛИЧНО и вашиот живот ќе се промени.“ – Пол Арден („Што и да мислиш, мисли го спротивно“)

    rn

    „Подобро да жалите за она што сте го направиле, отколку да жалите за она што никогаш не сте го направиле.“ – Пол Арден („Што и да мислиш, мисли го спротивно“)

    rn

    „Никогаш не чувствувајте срам бидејќи сте се обиделе нешто и не сте успеале. Оној којшто никогаш не доживеал неуспех, никогаш не се ни обидел.“ – Ог Мандино („Најголемиот трговец на светот“)

    rn

    „Само навика може да покори друга навика.“ – Ог Мандино („Најголемиот трговец на светот“)

    rn

    „Во бескрајот на животот во кој се наоѓам, сè е совршено, цело и потполно, а сепак животот постојано се менува. Не постои почеток, а ни крај. Само постојано кружење на материјата и доживувањата.“ – Лујза Хеј („Како да го излечите својот живот“)

    rn

    „Никогаш не ја сфатив потребата децата да ги паметат датумите на битките. Тоа е губење време и ментална енергија. Наместо тоа треба да учиме важни работи како што се: како функционира мозокот, како да ги водите своите финансии, како да ја одберете својата професија, како да станете подобар родител, како да воспоставите врски кои ќе ве исполнат и како да стекнете самодоверба и сигурност во себе.“ – Лујза Хеј („Како да го излечите својот живот“)

    rn

    „Вашата потсвест има одговор за сите ваши проблеми. Пред да заспиете ако ѝ предложите на потсвеста: Сакам да се разбудам во 6 часот наутро, таа ќе ве разбуди точно во тоа време.“ – Џозеф Марфи („Моќта на потсвеста“)

    rn

    „Знајте дека вербата е како семе засадено во земја. Засадете ја идејата (семето) во вашиот ум, полевајте ја и оплодувајте ја со надеж и таа ќе роди плод.“ – Џозеф Марфи („Моќта на потсвеста“)


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мисли од Џејн Остин

    Мисли од Џејн Остин

    Автор: Бојана Мандевскаrnrn„Гордост и предрасуди“, „Ема“, „Убедување“, „Разум и чувства“, „Паркот Мансфилд“ – на што ве асоцираат овие наслови? Дали можеби Џејн Остин е една од вашите омилени авторки?rnrnСтанува збор за англиска романсиерка, родена во 1775 година во Стивентон, Хемпшир. Големата поддршка од страна на нејзиното семејство значајно придонело за развојот на Џејн како професионален писател. Најголемата слава нејзините дела ја доживеале по нејзината смрт.rnrnДозата на реализам како и грубите коментари и употребата на слободен индиректен говор и иронија во нејзините дела, придонеле Остин да стане еден од најчитаните светски автори и најобожавана писателка во англиската книжевност.rnrnМногу мудри мисли се содржани во нејзините книги.rnrnМисли од Џејн Остинrnrn rn

    „Пријателството е најдобар мелем за болката од љубовното разочарување.“

    rnrn

    „Колку малку од трајната среќа му припаѓа на еден пар кој се зближил бидејќи нивните страсти биле поголеми од нивните доблести.“

    rn

    „Постојат луѓе, кои, колку повеќе правиш за нив, толку помалку ќе прават за себе.“

    rn

    „Знаете, себичноста мора секогаш да се простува, бидејќи не постои надеж дека може да се излечи.“

    rn

    „Половината од светот не може да ги разбере нештата во кој ужива другата половина.“

    rn

    „Ако жената се двоуми дали да го прифати мажот или не, тогаш без сомнеж треба да го одбие. Ако се најде во состојба да се колеба, дали треба да каже ‘да’, треба веднаш да каже ‘не’. Во бракот не смее да се влезе со несигурни чувства и со половина срце.“

    rn

    „Суетноста и гордоста се различни нешта, иако овие зборови често се употребуваат како синоними. Човек може да биде горд без да биде суетен. Гордоста повеќе се однесува на нашето мислење за себе, додека пак суетноста на она што другите го мислат за нас.“

    rn

    „Личноста, без разлика дали е господин или госпоѓа, која не ужива во добар роман, мора да е неподносливо глупава.“

    rn

    „Штом толку многу часови поминав убедувајќи се себеси дека сум во право, зарем не постои причина да се плашам дека можеби грешам?“

    rn

    „Никому не му пречи да има нешто што е предобро за него.“

    rn

    „Со сигурност нема толку богати мажи во светот, колку што има жени кои ги заслужуваат.“

    rn

    „Големата заработувачка е најдобриот рецепт за среќа за кој некогаш имам чуено.“

    rn

    „Не постои шарм како нежноста на срцето.“

    rn

    „Добро позната вистина е дека сингл маж кој има големо богатство мора да сака сопруга.“

    rn

    „Пружи ѝ на девојка образование и добро запознај ја со светот, 10 наспрема 1 дека таа има сè што ѝ треба за да ѝ биде добро во животот, без понатаму да биде трошок за никого.“

    rn

    „Понекогаш, жената може да изгледа подобро на дваесет и девет одошто изгледала 10 години претходно.“

    rn

    „Ниеден маж не се навредува од воодушевувањето на друг маж од жената која тој ја сака. Само жената е таа која тоа може да го претвори во измачување.“

    rn

    „Да им ласкате и да ги следите другите, без да ви ласкаат и да ве следат вас е состојба на полууживање.“

    rn

    „Оние кои не се жалат никогаш не се сожалувани.“

    rn

    „Кога мислењето е општо, обично е исправно.“

    rn

    „Човековата природа е благонаклонета кон оние кои се наоѓаат во интересни ситуации, па кога млад човек ќе се ожени или ќе умре, со сигурност ќе се зборува добро за него.“

    rn

    „Ако работите се одвиваат неповолно еден месец, сигурно ќе се поправат наредниот.“

    rn

    „Суетата во комбинација со немоќна глава ги произведува сите зла.“

    rn

    „Она што треба да се направи како што треба, не може да се направи премногу брзо.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој стои зад популарното смајли?

    Кој стои зад популарното смајли?

    Ова жолто, среќно лице попознато како смајли, секој од нас барем еднаш во денот го споделува со пријателите од другата страна на компјутерот, на крајот од некоја шега, после некоја позитивна мисла или забелешка. Не постои човек кој не го познава г-динот Смајли, но ретки се оние кои знаат дека ова насмевнато лице има свој автор. За првпат го нацртал американскиот уметник Харви Бел (Harvey Ball)…rnrnКој стои зад популарното смајли?rnrnВо почетокот на 60-тите години, во Америка стартувал процес на спојување на големите осигурителни компании. Тој се одвивал бавно и болно, и започнал да влијае негативно на осигурениците. Со други зборови, несигурноста за иднината ги направила расеани и тажни. Такво било расположението и во државната осигурителна компанија.rnrnПретставниците на „State Mutual Life Assuracne Cos. оf America“, одлучиле да го подигнат духот на своите соработници и да ги натераат да се насмевнуваат секогаш кога се сретнуваат со некој клиент, кога ја креваат телефонската слушалка или работат со документи. За да ја постигнат својата цел, тие дошле до идеја да спроведат необична рекламна кампања. Сфатиле дека имаат потреба од јасен симбол, кој лесно ќе се запомни, па затоа во декември 1963 година, се обратиле до уметникот и графичар Харви Бел и од него побарале да креира лого за кампањата. Така настанало среќното жолто лице.rnrnПодоцна Харви признал дека работата ја завршил за не повеќе од 10 минути. За трудот му платиле 45 долари и тоа е целата сума која некогаш ја добил за логото. Тој дури и не побарал да го регистрираат како трговска марка, ниту пак ги заштитил авторските права. Според зборовите на неговиот син Чарлс Бел, тој никогаш не зажалил за тоа. На оваа тема, Харви обично велел:rn

    Сепак, јас можам да јадам само еден бифтек и не можам да возам истовремено неколку автомобили.“

    rnВо 1971-та, францускиот претприемач Френклин Лоуфрани ја искористил ситуацијата, го регистрирал симболот како трговска марка во повеќе од 80 земји и го нарекол смајли. Лоуфрани тврдел дека токму тој го измислил насмеаното лице, во 1968 година во Париз. Тој ја основал корпорацијата „Smiley licensing“ и за неколку години заработил огромно богатство низ целиот свет, многу јасно заобиколувајќи ја Америка. Харви никогаш не го тужел Лоуфрани, но се појавиле и други „креатори“ коишто тврделе дека токму тие го дизајнирале насмеаното лице.rnrnКој стои зад популарното смајли?rnrnНасмевката за кусо време станала хит, се појавила врз картички, маици, капи…, со други зборови на сè што можело да се продаде. Кон крајот на 1972 година, биле произведени над 50 милиони смајли беџови. Никој во тоа време и не помислувал на некакви авторски права. Поштенските служби на САД отпечатиле дури и марка со насмевнатото лице на Харви. На крајот на краиштата, уморен од сето тоа, Харви одлучил да патентира нова верзија на насмевката, на која ги ставил и своите иницијали. Тој со воодушевување раскажувал за својот пронајдок.rn

    Никогаш во историјата на човештвото и на уметноста не е создадено нешто кое е толку широко распространето, и кое носи среќа, радост и задоволство. Нема ништо друго кое е толку едноставно, а кое станало поим за сите, велел Харви.

    rnНо, како и за сè друго, некои фрлаат сомнеж и врз оваа, засега најприфатена историја на смајлито. Бернард Спајн тврди дека фирмата „Sunkist“ уште во 30-тите години ги рекламирала своите портокали со овој симбол, дека цртала смешни усни врз овошјето, а дека слични насмеани човечиња се забележани и во детската книга „Мanners can be fun“ на Munro Leaf`s, издадена во 1936 година.  Но, таа црно-бела далечна сличност, тешко може да се спореди со делото на Харви.rnrnПо извесно време, Харви конечно ја определил својата мисија на земјата. Тој се видел себеси како амбасадор на среќата и го измислил Меѓународниот ден на насмевката (World smile day). Сметал дека треба да постои ден посветен на доброто расположение и на добрите дела, кој ќе се одржува под слоганот „Направи добро. Помогни му барем на еден човек да се насмевне.“rnrnКој стои зад популарното смајли?rnrnХарви очигледно бил еден среќен човек. Неговите деца тврдат дека тој никогаш не почувствувал злоба и омраза кон оние кои незаконски располагале со неговото дело, заработувајќи милиони. Починал на 12 април, во 2001 година, на 79 годишна возраст.rnrnДенес неговиот син Чарлс ја предводи корпорацијата и внимателно следи кој и како го користи брендот на неговиот татко.rn

    Нашата мисија е да создаваме, продаваме и лиценцираме сè што го носи брендот „Harvey Ball signature smiley“. Потписот на Харви Бел гарантира дека производот е оригинален, објаснува Чарлс.

    rnНо, она што всушност е важно, е дека целата добивка по исплатата на даноците оди за добротворни цели.rn

    Ние им помагаме на децата во целиот свет. Ниту една друга корпорација која ги користи насмеаните лица не го прави тоа, додава тој.

    rnГодинава, на 7 октомври „Меѓународниот ден на насмевката“ ќе се прославува по 14-ти пат. И како и секогаш, повикот до сите луѓе ќе биде: „Направи нешто добро. Помогни му барем на еден човек да се насмевне.“ Традиционално, на овој ден, насекаде ќе грее жолтото насмеано лице, насликано од Харви.rnrnКој стои зад популарното смајли?

  • Неверојатно реалистични слики

    Неверојатно реалистични слики

    Том Мартин е млад уметник кој користејќи акрилни бои, ги создава најзачудувачките слики. Гледајќи во нив, сигурно ќе си помислите дека тоа се фотографии, но реалноста е дека тие се слики насликани лично од авторот.rnrnХиперреализмот настанал од фотореализмот, кое пак како движење настанало во 70-тите години од 20-тиот век и има за цел да создава уметност која е пореална и од реалните фотографии. Хиперреалистите се обидуваат не само грубо да ја копираат фотографијата со боја, туку да додаваат нови елементи, својствени за нив, кои ги нема во оригиналот.rnrnДваесет и три годишниот Том Мартин е еден од најреспектираните хиперреалисти кој своите дела ги претставил на многу изложби насекаде во светот, а најмногу во галериите во Лондон и во Ротердам.rnrnПогледнете дел од неговите феноменални дела:Неверојатно реалистични сликиНеверојатно реалистични сликиНеверојатно реалистични сликиНеверојатно реалистични сликиНеверојатно реалистични сликиНеверојатно реалистични сликиНеверојатно реалистични сликиНеверојатно реалистични сликиНеверојатно реалистични сликиНеверојатно реалистични сликиНеверојатно реалистични сликиНеверојатно реалистични слики