КАФЕ ПАУЗА

Tag: автомобили

  • Животот во еден минијатурен свет

    Животот во еден минијатурен свет

    Браќата близнаци Фредерик Браун и Герит Браун сакале да го вчудовидат и импресионираат светот, а сега може слободно да се каже дека тие дефинитивно си ја оствариле целта во целост. Тие ја изградиле најдолгата минијатурна железничка пруга во Европа.rnrnЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светrnrnЗа да го креираат ова чудо т.н „Miniatur Wunderland“, кое можете да го посетите во Хамбург, Германија, тие потрошиле 8 милиони евра, 700 кг вештачка трева, 4.000 тони челик и 558.000 часови напорна работа. Денес овој минијатурен свет на чудата се состои од седум тематски одвоени делови, сместени на површина од 1.000 метри квадратни: Шведска, Кнуфинген, Австрија, Харц, Хамбург, САД и Скандинавија.rnrnЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светrnrnВо овој свет, исто како и во реалниот, луѓето организираат концерти, слават празници, штрајкуваат, се случуваат сообраќајни незгоди, па дури и избувнуваат пожари, кога пожарникарите дотрчуваат за да го изгасат секое жарче во земјата-играчка. Возовите и автомобилите се движат како да се вистински. Се менуваат и годишните времиња. Бродови контролирани со радио, си пловат во водата, која е вистинска.rnrnЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светrnrnСекогаш нешто се случува, токму како што е во реалниот живот, а целиот овој свет е контролиран од 40 компјутери. Овој чудесен минијатурен свет е фантастичен пример за тоа како едно хоби се претворило во добар бизнис. Група ентузијасти работеле на оваа паралелна реалност уште од 2000 година, а денес сите имаме прилика да ги видиме резултатите од нивниот труд.rnrnЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светrnrnСе сеќавате на најголемиот минијатурен аеродром во светот? Тој е „масло“ на истиве браќа и претставува составен дел од „Miniatur Wunderland“.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стаклените автомобилски кули на „Фолксваген“

    Стаклените автомобилски кули на „Фолксваген“

    Посетителите на „Autostadt“, атракција во склоп на фабриката на „Фолксваген“ во Волфсбург, Германија, можат да доживеат едно интересно искуство. Во склопот на овој парк постојат две стаклени кули, наречени „CarTowers“ кои се високи по 60 метри и во нив се сместуваат по 800 нови возила од фабриката.rnСтаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Кулите и фабриката се поврзани со подземен тунел долг 700 метри, па така готовите нови автомобили, механички се превезуваат до кулите, а оттаму роботска платформа ги распоредува по различни катови. Посетителите на оваа атракција, која е преплавена со преку 2 милиони туристи годишно, имаат можност, во група од 6 души да се најдат во стаклена кутија и да го доживеат неверојатното искуство, кое секојдневно го поминуваат новите возила.Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“Стаклените автомобилски кули на „Фолцваген“rn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Уникатно насликани автомобили

    Уникатно насликани автомобили

    Уметноста можеби не познава граници, но страсните љубители на автомобилите знаат да ги поместат уште подалеку. Каросеријата е добра подлога за цртање и боење. Во продолжение, серија од најкреативно насликаните автомобилски каросерии…Уникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобилиУникатно насликани автомобили
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 10 најморничави напуштени градови

    10 најморничави напуштени градови

    Од секакви причини, со текот на времето, некои градови тотално умираат. Некои поради војни, други поради природни катастрофи, трети поради грешки на човекот. Сепак, нивните остатоци остануваат да сведочат за животот и историјата на местата, но мораме да се согласиме, сите тие делуваат многу морничаво.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

      rn011

    • Локација: Припјат, Украина (100 километри оддалечен од Киев)
    • rn011

    • Напуштен од: 1986 година
    • rn

    rnПриказна: На 26 април, 1986 година се случи големата експлозија во Нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа на 14,5 километри северно од градот. Повеќето вработени во централата живееле во градот, кој бил изграден токму за таа намена. Иако се преземени сите соодветни мерки за изолирање на реакторот, сепак градот и понатаму останува несигурен за живот. Засега во градот се врати само дивиот свет. Волците ловат диви свињи помеѓу опустошените згради и во напуштениот забавен парк, кој за некое чудо беше отворен утредента после експлозијата, за време на евакуацијата.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Оваа област наречена Сан Жи оригинално беше предвидено да биде одморалиште за американските војници, кое се наоѓа северно од Тајпеј. Местото е многу познато по неговата архитектура и често се вели дека има НЛО-шмек. Сепак, изведбата наиде на тешкотии уште на самиот почеток. За време на изградбата многу работници починале во сообраќајни и многу други невообичаени незгоди. Отприлика загинале околу 20 луѓе, а за секоја незгода се верува дека имало натприродна причина за нејзиното случување. Некои шпекулираат дека одморалиштето било изградено врз холандски гробишта, други пак несреќите ги препишуваат на статуата на змејот која била уништена за време на градењето. Во секој случај, местото никогаш не ги дочека своите први гости, а проектот беше напуштен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Изграден на еден карпест врв, целта на градот Крако била да биде тешко освоив. Сепак, поставувањето на градот на карпа, почнало да претставува опасност за неговиот интегритет. По неколку земјотреси и лизгања на земјиштето, Крако бил напуштен, а луѓето се симнале на пониско земјиште. Денеска градот е одличен за истражување, а во него можат да се најдат голем број интересни цркви, како што е „Санта Моника дела Стела“.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Некогаш успешна рударска заедница за дијаманти, Колманскоп сега е пустински град на духови, каде што во куќите е добредојден само песокот. Пустинскиот град бил изграден кога Германци откриле големи минерални богатства во регионот. Тие го изградиле градот во германски стил, со театар, сала за балови, како и со трамвајски систем, прв во Африка. Пустината го проголтала градот, откако рударите се отселиле. Песокот ги преплавил куќите, ги покрил улиците и полека ги избришал знаците од цивилизација.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на индустриската револуција во Јапонија, компанијата „Мицубиши“ го изгради овој далечен остров, околу едно големо наоѓалиште на јаглен. Островот станал дом на 5.000 жители, кои биле помеѓу првите, кои во Јапонија живееле во згради направени од бетон. Скоро еден век, рударите со своите семејства живееле на островот. Сепак, во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, во Јапонија почнале да се затвораат сите рудници за јаглен, па така се случило и со овој. Денеска во градот владее една пост-апокалиптична атмосфера, со празни улици и трошни згради и една морничава индустриска тишина. Од 2009 година, островот е отворен за туристи, и сите можат да ги посетат напуштените театри, кина, продавници, згради и другите објекти на него.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на Втората светска војна, нацистичките трупи дошле во градот и целосно го уништиле, притоа убивајќи 642 луѓе. Запалените автомобили и живеалишта останале замрзнати во времето за да посведочат за монструозноста на војната и за спомен на луѓето кои го изгубиле својот живот. Овој масакр е еден од најтешките моменти во човештвото. Сите посетители на местото се замолуваат да останат тивки додека шетаат по меланхоличните улици.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Во 1962 година, избувнал пожар во една депонија во градот. Пожарот кој брзо се ширел ги потпалил и наоѓалиштата за јаглен кои се наоѓаат под градот и оттогаш до ден денеска, огнот не престанува. Чад излегува од дупките по улиците и огромни дупки ненадејно се отвораат насекаде по земјата испуштајќи пламени и топлина која достигнува до 1.000 степени. Градот пополека низ годините бил евакуиран, иако мал дел од жителите сè уште не сакаат да се иселат, верувајќи дека се случува заговор против нив од страна на државата, за да им бидат одземени имотите под кои се наоѓаат големи наоѓалишта на јаглен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Од 2005 година овој град е заштитен од УНЕСКО. Хамберстон бил рафинерија за шалитра и се наоѓал во пустина, северно од Чиле. Животот во Чилеанскиот пампас бил екстремно редок, а населбата како Хамберстон била живеалиште и место за работа на многу рудари. Сепак, непријателската животна средина се покажа како непријатна и заканувачка по животот на жителите.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на златната треска и во неговите најдобрите времиња, Боди бил еден од најголемите градови во цела Калифорнија. Боди прераснал во место исполнето со карактеристики на голем град, како што се цркви, болници, пожарни, па дури и кинеска улица. Денеска градот е празен и посетителите можат да прошетаат по улиците на надежта и златото.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Илјадници грчки христијани живееле неколку стотици години во овој град, јужно од Фетие, во југозападна Турција. Овој град останал празен по Грчко-Турската војна. Повеќе од 500 куќи и неколку цркви скапуваат во оваа градина на распаѓачки скулптури. Некои се надеваат на повторно оживување на овој град, како што се фармерите и занаетчиите кои почнаа да го населуваат, но во многу мал број.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Автомобили направени од празни лименки

    Автомобили направени од празни лименки

    Автомобилите се составен дел од секојдневието на луѓето, па затоа многу често тие претставуваат инспирација за уметниците и скулпторите. На пример, Сенди Сандерсон, кој живее во Хамилтон, Нов Зеланд, ги собира празните лименки од сокови и пиво и од нив создава фантастични класични автомобили со многу прецизни детали.rnАвтомобили направени од празни лименкиКога ќе ја погледнете неговата работа, ќе забележите колку Сенди внимава на деталите на неговите мајстории. Суспензијата, ентериерот, моторот, тркалата, па дури и педалите и рачната кочница се направени до перфекција. За изработка на еден автомобил, тој троши од 8 до 30 лименки, а целиот процес на изработка му одзема околу еден месец.rnАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиПоголемиот дел од неговите автомобили се продаваат, а цените се движат од 472 до 1.537 американски долари. Можеби станува збор за голема сума, но мора да се признае дека тие навистина изгледаат прекрасно.rnАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименки
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стоунхенџ на американски начин

    Стоунхенџ на американски начин

    Кархенџ е интересна реплика на англискиот мегалитен споменик Стоунхенџ, направен од стари американски автомобили. Тој е лоциран во близина на градот Алајанс во Небраска.rnСтоунхенџ на американски начинКархенџ е замисла на Џим Рејндерс, кој го конструирал како споменик за својот татко во 1987 година. Оттогаш тој стана позната туристичка дестинација, која ја посетуваат повеќе од 80.000 луѓе годишно.rnСтоунхенџ на американски начинКархенџ е направен од 38 стари автомобили наредени во круг со дијаметар од 29 метри. Повеќето од автомобилите се наредени исправено и се закопани во дупки длабоки 1,5 метар, со багажникот надоле. На останатите кои се наоѓаат одозгора им се заварени основите една со друга, за стабилност на сводот. Сите се обоени со сива боја, за да изгледаат автентично како камења. Во близина на Кархенџ има уште неколку скулптури направени од автомобили во разни бои, кои исто така го привлекуваат вниманието на туристите кои доаѓаат секојдневно.rnСтоунхенџ на американски начинСтоунхенџ на американски начинСтоунхенџ на американски начинСтоунхенџ на американски начинСтоунхенџ на американски начин

  • Фотографии од градот што не постои

    Фотографии од градот што не постои

    Малкумина би биле истрајни и би се вложиле толку многу во подготовките за правење фотографии со силен реален ефект за еден, сепак, имагинарен град.rnФотографии од градот што не постоиШеесетгодишниот Мајкл Пол Смит создава макети на имагинарен град преку спомените од својата младост. Потоа, истите ги вклопува во погодно избрана реална околина и на крајот ги фотографира. Неговите фотографии навистина ја постигнуваат целта, односно успеваат да не вратат во времето и да не однесат на местото.rnФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постои.rn

    Она што започна како вежба за правење модел на зграда и нејзино фотографирање, заврши како сон, односно реконструкција на градот во кој израснав. Не е тотална реконструкција на градот, но е доловување на моите спомени.

    rnФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографиите од имагинарниот град Еглин Парк се уверливи, не само поради тоа што се совршено интегрирани во реалната околина, туку и поради тоа што е прецизно доловен секој детаљ во сцените. Своите модели Мајкл ги поставува на маса и ги надополнува со автомобили и камиони од неговата богата колекција.rnФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиМасата ја поставува во близина на некоја улица или паркинг каде што хоризонтот одлично се вклопува со неговиот модел. Тој исто така прави и вечерни слики од градот, кои ги изведува во неговиот дом, само со едноставно светлосно подесување. Тој може дури и да ги менува временските услови и годишните времиња, правејќи влажни улици, дожд, па дури и снег од сода бикарбона.Фотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постои

  • Дали и вие сте љубител на Ламборгини?

    Дали и вие сте љубител на Ламборгини?

    Ламборгини е италијански производител на возила, основан на 30 октомври 1963 година. Основачот Феруцо Ламборгини бил голем љубител на спортски автомобили и затоа многу често ги купувал најновите модели на Ферари и Масерати, но секогаш нешто му пречело и не ги задоволувало неговите критериуми. Затоа ја отворил компанијата со цел да создаде свој совршен, отмен, супер брз автомобил. Доколку би ги погледнале сите модели на Ламборгини, заклучокот дека ја остварил својата цел ќе биде неизбежен. Дали и вие сте љубител на Ламборгини?Еве неколку интересни факти, на кои најверојатно не сте наишле.rnrn1. Најбрзиот модел на Ламборгини, со пријавена брзина од 370 км/ч, е Ле Манс верзијата на моделот Мурчелаго R-GT. Најбрзиот модел на Ламборгини направен за улично возење е Мурчелаго LP640 со пријавена брзина од 340 км/ч. Двата модела се со V12 мотор, со повеќе од 6000 кубика.rnrnДали и вие сте љубител на Ламборгини?2. Ламборгини на почетокот опстојувал како самостоен производител, но во 1978 компанијата банкротирала и била купена од Крајслер. Од 1998 година, па сѐ до денеска, Ламборгини е во сопственост на германската компанија Ауди.rnrn3. Првиот модел на Ламборгини е направен во 1963 година и бил наречен 350 GTV и можел да развие брзина до 280 км/ч. Првиот модел кој можел да развие брзина над 300 км/ч бил конструиран во 1974 година и бил наречен Каунтач.rnrnДали и вие сте љубител на Ламборгини? Дали и вие сте љубител на Ламборгини?4. Моделите Каунтач, Диабло и Мурчелаго имаат крилни врати, (можат да се ротираат нагоре и странично) само Гаљардото нема. Диаблото и Каунтачот повеќе не се произведуваат, па така Мурчелагото е единствениот модел кој се произведува со препознатливите крилни врати.rnrnДали и вие сте љубител на Ламборгини?Дали и вие сте љубител на Ламборгини?Дали и вие сте љубител на Ламборгини?5. Не постои Ламборгини со мотор послаб од V8, а повеќето од нив се произведени со мотор V12.

  • Креативни реклами за автомобили

    Креативни реклами за автомобили

    Производителите на автомобили годишно даваат милиони евра за промоција. Ова не е воопшто чудно, бидејќи добриот маркетинг оди во комбинација со успешниот бизнис, па затоа не треба да се штедат средства при искачувањето кон врвот.rnrnРекламите за автомобили, во последно време станаа филтри за искажување на креативноста на нивните производители, а воедно отворија и ново поле за натпреварување помеѓу нив.Креативни реклами за автомобили - Volkswagen Jetta Модерните реклами се навистина наелектризирани со фантазија и претставуваат уживање, некогаш поголемо и од самиот автомобил. Уживајте…