КАФЕ ПАУЗА

Tag: автомобили

  • Најубавите кабриолети на светот

    Најубавите кабриолети на светот

    Замислете си некој од овие кабриолети, сонце, малку ветар во косата, гласна музика и некоја драга личност покрај вас…rnrn

    Најубавите кабриолети на светот
    Porsche 911 Cabriolet
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Chevrolet Camaro
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    BMW 3 Series
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Ferrari California
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Bugatti Veyron Grand Sport
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Mini Cooper Convertible
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Aston Martin V8 Vantage Roadster
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Ford Mustang
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Audi TT Roadster
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Maserati Grancabrio
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Mercedes SL Class Convertible
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Chevrolet Corvette Grand Sport
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Audi R8 Spyder
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Mazda MX-5
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Jaguar XKR
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Volkswagen Golf Cabriolet
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Lotus Elise
    rnrn
    Најубавите кабриолети на светот
    Porsche Boxster
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледаше САД пред еден век?

    Како изгледаше САД пред еден век?

    Овие црно-бели фотографии од САД се направени на почетокот на дваесеттиот век. Направени се низ повеќе земји и навистина ќе ве воодушеват. На нив ќе видите стари автомобили, импресивна архитектура и облакодери, возови, шинобуси, бродови, улици, железнички станици, а знаејќи го фактот дека некои од нив се направени пред 100 години навистина ќе останете со подзинати усти. Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Историјата на најпознатите автомобилски логоа

    Историјата на најпознатите автомобилски логоа

    Голем дел од автомобилските логоа, кои биле создадени за време на подемот на автомобилската индустрија, претставуваат конкретни теми или идеи зад кои се кријат интересни приказни.rn
    rn

    Духот на екстазата, Ролс Ројс

    rnЛогото кое се наоѓа на хаубата на секој Ролс Ројс е исто толку екстравагантно како и самиот автомобил. Сепак, потеклото на „Духот на екстазата“, лого кое е познато и како „Сребрената дама“ или „Летечката дама“, е прилично скандалозно. Првото лого било дизајнирано за автомоблиот на Џон Волтер Едвард Монтагу, вториот барон Монтагу од Болие и уредник на списанието Car Illustrated во почетокот на 1900-тите години. Дизајнер на логото бил скулпторот Чарлс Робинсон Сајкс, кој идејата за женската фигура ја добил од Еленор Веласко Торнтон, секретарка и не толку тајна љубовница на баронот. Првичното лого претставувало женска фигура облечена во лесна облека која го држи прстот на усните што всушност ја означува тајната љубов на баронот и секретарката. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Амблемот во венец, Кадилак

    rnКога Вилијам Марфи и Хенри Леланд во 1902 година ја основале компанијата Кадилак, тие сакале да му изразат благодарност на основачот на Мотор Сити, Антоан де Кадилак. Марфи и Леланд не го искористиле само неговото име, туку и грбот кој го регистрирале како трговска марка во 1906 година. И додека модерното лого вклучува венец и чист дизајн, првичната верзија опфаќала две групи од по три патки кои го симболизирале Светото Тројство и круна со девет врвови кои ги означувале античките точки на Франција. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Црниот пастув, Ферари

    rnЦрниот пастув на златна позадина за првпат се појавил во 1932 година на Гран При трката во Белгија, но на автомобилите од компанијата Алфа Ромео. Истиот амблем се појавил и многу порано, за време на Првата светска војна, кога ги красел борбените авиони управувани од италијанскиот гроф Франческо Барака, познат како „кавалер на небото“. По смртта на пилотот, неговата мајка му го претставила амблемот на Енцо Ферари кој ја направил позадината жолта и ги додал боите на италијанското знаме. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Змијата на Алфа Ромео

    rnЛогото на Алфа Ромео е креирано од страна на еден италијански сликар во 1910 година и претставува комбинација на два симбола од раниот период на Италија. Од десната страна се наоѓа „biscione“, односно змија која јаде луѓе, која се наоѓала и на грбот на средновековниот благороднички ред Висконти. Од левата страна, пак, има црвен крст на бела позадина кој истовремено е и амблем на Милано. Логото било редизајнирано во 1918 година, кога бил додаден темносин прстен околу него на кој биле напишани зборовите „Алфа“, „Ромео“ и „Милано“. Конечниот изглед логото го добило во 1970 година. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Ѕвездата со три крака, Мерцедес Бенц

    rnОткако „Мерцедес“ станало официјално трговско име за автомобилската групација „Дајмлер-Мерцедес“, компанијата побарала дефинирање на логото. Во 1909 година, Пол и Адолф Дајмлер, синови на основачот на компанијата Готлиб Дајмлер, ја презентирале идејата за користење на ѕвездата како симбол за амблем на автомобили. Готлиб Дајмлер, кој прво работел како технички директор во Келн, ја нацртал ѕвездата на една разгледница која ѝ ја испратил на сопругата. Во разгледницата пишувало дека ѕвездата означува напредок и дека еден ден ќе сјае на неговата фабрика. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Рондото на БМВ

    rnМонгумина ја знаат приказната за логото на БМВ на кое белиот пропелер се врти кон синото небо. Но, ова објаснување е чиста заблуда. Рондото всушност е комбинација од црн круг на кој е напишано името на компанијата и слики кои личат на сините и белите дијаманти од знамето на слободната Баварска држава. Сепак, шемата на боите на дијамантите е обратна од онаа на знамето затоа што во тоа време било забрането националните симболи да се користат како трговски марки. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Панделката на Шевролет

    rnПрепознатливата панделка на Шевролетот е креација на Вилијам Дурант, ко-основачот на Џенерал Моторс и Шевролет. Но, постојат различни приказни за настанувањето на логото. Најприфатена е верзијата според која Дурант бил инспириран од шарата на тапетот во еден хотел во Париз. Сепак, неговата ќерка во книгата „Мојот татко“ ќе напише дека Дурант ја добил идејата за логото за време на една вечера кога ги погледнал супата и пилешкото месо. За разлика од неговата ќерка, сопругата на Дурант во едно интервју изјавила дека тој го забележал логото додека читал весник во хотелска соба во Вирџинија. Историјата на најпознатите автомобилски логоаrn

    Стрелата на Понтијак

    rnЏенерал Моторс за првпат го пуштил Понтијак во употреба во 1926 година, како придружна марка на својата автомобилска линија во Оукленд. Зборот „Понтијак“ потекнува од американско–индијанскиот главатар Понтијак кој кренал неуспешен бунт против Британците. Оваа референца посебно се однесувала на оригиналното лого кое личело на американско–индијанска капа. Ова лого било во употреба сè до 1956 година, кога било заменето со препознатливата и стилизирана црвена стрела со сребрена ѕвезда во средината. Историјата на најпознатите автомобилски логоа
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Компилација за одбележување 50 години од првиот филм за Џејмс Бонд

    Компилација за одбележување 50 години од првиот филм за Џејмс Бонд

    Компилацијата е создадена за да се одбележат 50 години од излегувањето на првиот филм за агентот Џејмс Бонд. Првиот филм „Dr. No“ својата премиера ја имал на 5 октомври 1962 година, а главната улога ја толкувал Шон Конери. Оттогаш до денеска се снимени 23 продолженија, а честа да го глумат овој лик ја имале 6 актери, Шон Конери, Џорџ Лазенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон, Пирс Броснан и Даниел Крег. Последниот филм за тајниот агент „Skyfall“ својата премиера ја имаше на 23 октомври 2012 година во Лондон.Компилација за одбележување 50 години од првиот филм за Џејмс БондОваа компилација е составена од најдобрите моменти во филмовите за британскиот агент Џејмс Бонд, неговите најдобри цитати, исечоци од главните песни за филмот, неговите прекрасни девојки, исечоци од акциони сцени, неговите моќни автомобили и сѐ друго што го претставува овој легендарен лик.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

    Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

    По повод 50-годишнината од појавувањето на серијалот филмови за Џејмс Бонд, ова се најпопуларните автомобили на тајниот агент 007, препознатливи по својата брзина и неверојатните додатоци. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Бентли Марк 4 во филмот „Од Русија со љубов“ (1963)

    rnАвтомобилот Бентли Марк 4 е исто толку легендарен колку и Астон Мартин ДБ 5; тој се појавува во многу романи на Флеминг. Но, за жал, овој автомобил е фиктивен исто како и неговиот сопственик, Џејмс Бонд. Ваков модел на Бентли всушност никогаш не е произведен. Возилото во филмот „Од Русија со љубов“ е кабриолет со кој Шон Конери ќе ја заведе Силвија Тренч. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Астон Мартин ДБ 5 во филмот „Голдфингер“ (1964)

    rnЕден од најпознатите автомобили на тајниот агент 007, без сомнение е Астон Мартин ДБ 5. Овој уникатен автомобил веднаш стана заштитен знак на серијалот филмови за Џејмс Бонд. Дизајнот на Астон Мартин ДБ 5 вклучува автоматски пушки, стакла отпорни на куршуми, ротирачки регистарски таблички и фамозното седиште за исфрлување. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Тојота 2000 ГТ во филмот „Само двапати се живее“ (1967)

    rnКон крајот на 60-тите години, многумина сметаа дека Тојота 2000 ГТ е само уште еден футуристички автомобил. Но, се покажа дека не е така. Тојота произведе 350 возила од овој модел и секој од овие автомобили поседуваше напредни инженерски техники, тркалезни сопирачки на секое тркало, 6-цилиндричен мотор, видео монитор, безжичен телефон и стерео систем со гласовна контрола – додатоци кои во тоа време не биле стандардни. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Форд Мустанг Мак 1 во филмот „Дијамантите се вечни“ (1971)

    rnОткако веќе ги покори злобните организатори, Советскиот Сојуз и заводничките, беше само прашање на време кога Џејмс Бонд ќе го освои и американскиот Форд Мустанг. Во една од многуте спектакуларни акробатски сцени, Џејмс Бонд (Шон Конери) го вози Мустангот во една тесна уличка само на две тркала. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    АМЦ Матадор Купе во филмот „Човекот со златен пиштол“ (1974)

    rnНајдобриот автомобилски трик во серијалот филмови за Џејмс Бонд е дефинитивно автомобилот кој се претвора во авион. Франциско Скарамана и Ник Нек го користат овој автомобил за да ја киднапираат Мери Гуднајт и за да го реализираат планираното бегство. Трансформацијата се случува кога крилјата, опашката и пропелерот биле прикачени на вистинскиот автомобил кој, пак, ја имал функцијата на трупот на авионот. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Лотус Есприт во филмот „Шпионот кој ме сакаше“ (1977)

    rnУште една сензационална трансформација на автомобилот на Џејмс Бонд беше претставена во филмот „Шпионот кој ме сакаше“. Во моментот кога Бонд (Роџер Мур) излета во Средоземното Море, неговиот автомобил веднаш се претвори во вистинска подморница вооружена со проектили земја–воздух и торпеда. Лотус Есприт беше толку популарен што си обезбеди место и во следниот филм „Само за твоите очи“. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Цитроен 2 ЦВ во филмот „Само за твоите очи“ (1981)

    rnНеверојатно е како автомобилот на Џејмс Бонд, Цитроен 2 ЦВ, за време на една потера помина низ два автомобила Пежо 504. Тоа што го прави овој автомобил посебен е фактот дека секој дел од оригиналниот Цитроен бил заменет со елементи со високи перформанси, инаку веројатно брзо би се распаднал. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Рускиот тенк Т – 55 во филмот „Златно око“ (1995)

    rnИако официјалниот автомобил на Џејмс Бонд во филмот „Златно око“ е БМВ, рускиот тенк Т-55 со својата тежина од 40 тони, вооружен со 100-милиметарски топ, две автоматски пушки и мотор со 580 коњски сили, го надминува БМВ-то. Со помош на овој тенк, Бонд (Пирс Броснан) поминува преку автомобили, низ згради и пука во воз на патот. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    БМВ 750 ИЛ во филмот „Утрото никогаш не умира“ (1997)

    rnИако во споредба со другите автомобили на Џејмс Бонд, БМВ 750 ИЛ е помалку спортски, но не и помалку спектакуларен автомобил. Тој е опремен со неколку предвидливи подобрувања, како ракетни лансери, засилени гуми и секачи на жици. Едно од позначајните подобрувања беше можноста агентот да управува со возилото користејќи го мобилниот телефон. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Астон Мартин В 12 во филмот „Умри друг ден“ (2002)

    rnКон крајот на 1990-тите години БМВ беше заштитен знак на Џејмс Бонд сè до 2002 година, кога во филмот „Умри друг ден“ тајниот агент му се врати на британскиот производител Астон Мартин. Моделот Астон Мартин В 12 беше опремен со веќе познатата опрема (седиште за исфрлање, ракетни лансери, митралези, зашилени гуми за возење по мраз, како и со уред кој го прави автомобилот невидлив). Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Астон Мартин ДБС во филмот „Казино Ројал“ (2006)

    rnПочетоците на Астон Мартин ДБС се наоѓаат во филмот „Тајната служба на Нејзиното Височество“ од 1969 година, но својот врв го достигна во 2006 година во филмот „Казино Ројал“ кога, според Гинисовата книга на рекорди, автомобилот се преврте седум и пол пати во еден спектакуларен трик. Во однос на опремата, Астон Мартин ДБС е скромен, поседувајќи само полуавтоматски пиштол со придушувач, медицински комплет и компјутерски линк до МИ6. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Трансформацијата на Ферари низ годините

    Трансформацијата на Ферари низ годините

    Ферари е компанија за производство на спортски автомобили, основана од Енцо Ферари во 1929 година. Сè до 1947 година, овие автомобили биле наменети само за трки. Денес Ферари е симбол за луксуз и богатство.rnrn

    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari 212 Export Vignale Coupe, 1951 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari 212/225 Inter Touring barchetta, 1952 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari, 1953 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari 500 Mondial Berlinetta, 1954 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari 410 SuperAmerica Pinin Farina Coupe, 1955 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari 250 GT Boana Coupe, 1956 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari 250 GT Tour de France, 1957 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari 412 S, 1958 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari 250 GT LWB Scaglietti Spyder California, 1959 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari 250 GT SWB Scaglietti Berlinetta, 1961 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari 250 GT SWB California Spider, 1962 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari 250 SWB California Scaglietti, 1963 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari 275 GTS/4 Nart Spyder, 1967 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari Enzo, 2003 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari F430 Spider, 2005 година
    rnrn
    Трансформацијата на Ферари низ годините
    Ferrari F430 Spider, 2006 година

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    Кога патувате низ светот, покрај со различните луѓе и обичаи, голема е веројатноста да се сретнете и со најразлични закони – некои премногу строги, други глупави, трети смешни… Но, какви и да се, штом се закони, треба да се почитуваат, бидејќи нивното непочитување може значително да го олесни вашиот паричник, а не е исклучена ниту можноста да завршите зад решетки.rnrnСписанието Travel&Leisure направи список на 10-те најдосадни закони, со кои се судираат недоволно информираните туристи:rn

    1. Гренада – забрането е шетање во бикини!

    rnНа плажа, може да си лежите во бикини колку ви душа сака, но немојте ниту да помислите да тргнете во прошетка, без претходно, преку нив да наметнете уште нешто. Казната за овој „грев“ изнесува 270 долари, но по настојување на локалниот туристички одбор, властите не го применуваат премногу овој закон.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    2. Данска, Чешка – задолжително вклучете ги автомобилските светла!

    rnОд неодамна и ние можеме да се пофалиме со овој закон. Значи, како во овие европски земји, така и во Македонија возењето со запалени светла на автомобилите е задолжително, без оглед на сезоната или времето. Иако изгледа по малку чудно, сепак има разумно објаснување за тоа – истражувањата покажале дека возењето со вклучени светла значително ги намалило инцидентите во сообраќајот, бидејќи возачите навремено го забележуваат возилото, кое им се приближува од спротивната страна.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    3. Германија – забрането застанување на автопат!

    rnДа снемате гориво на автопат во Германија е строго забрането. 🙂 Ако од какви било причини го сопрете вашиот автомобил, бидете подготвени да се соочите со строгите сообраќајни критериуми во земјата. Истите важат и за пешачењето по перфектните германски автопати, кое исто така, е строго забрането! Затоа, ако се подготвувате за пат во оваа земја, претходно добро наполнете го резервоарот, затоа што запирањето чини безмалку 100 евра, а пешачењето уште толку.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    4. Италија – не ги хранете гулабите!

    rnВо Венеција забраната за хранење на гулабите е еден совршено логичен закон, бидејќи со намножувањето на овие птици, прекрасните венецијански дворци се преплавуваат со нивниот измет, а чистењето чини многу пари. Така што, ако ве фатат како го делите вашиот сендвич со гулабите на плоштадот Св. Марко, ќе мора да се простите од околу 60 долари. Ако пак, го повторите делото, може да добиете и неколку пати „посолена“ казна, односно одморот ќе ве чини дополнителни 600 долари.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    5. Канада – ограничено е плаќањето со жолти центи

    rnНасекаде во светот парите си се пари, независно од нивната номинална вредност, но не и во Канада. Локалните закони определуваат колку максимум монети може да користите за плаќање на сметката. Целта за ваквото ограничување е да не им го губите времето на касиерите, продавачите или келнерите со бескрајно броење на жолтите центи.rnrnНо, може да се каже дека законот не е баш прецизен. Во него стои дека клиентот може да плати „соодветна сума“ во центи, но никаде не пишува колку изнесува таа „соодветна сума“. Колку монети се премногу, не е јасно прецизирано. Нема казна за овој грев, но продавачот во некој маркет може да одбие да ви продаде нешто, ако смета дека му давате премногу ситни парички.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    6. Москва – исперете ги автомобилите или платете казна

    rnПогрижете се за чистотата на вашиот автомобил кога сте во Москва или ќе се судрите со законот. Внимавајте и на изгледот на вашата возачка дозвола, зашто и таа може да ви создаде проблеми. Но, никаде не пишува колку тие треба да бидат валкани за да заработите казна – тоа е оставено на проценка на „компетентните органи“. Како и да е, внимавајте, бидејќи казната изнесува 100 долари!rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    7. Обединети Арапски Емирати – забрането е конзумирање храна на јавни места за време на Рамазан!

    rnАко патувате во ОАЕ за време на Рамазан, бидете исклучително внимателни. Јадењето на улица во светиот дел од денот може да ве чини многу. Може дури и да се најдете зад решетки, како двајца британски туристи, кои се дрзнале да го нарушат строгото муслиманско правило, регулирано со закон. Наместо на плажа, поминале три седмици во затвор. Друг поданик на кралицата пак, платил 275 долари, бидејќи непретпазливо испил сок на јавно место.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    8. Франција и Англија – никакви бакнежи на железничките станици!

    rnСпоред многумина, романтиката на француските железнички станици била „погребана“ во 1910 година. Оттогаш бакнувањето за збогување на перонот е забрането со закон! Всушност, законот е прифатен за да обезбеди почитување на возниот ред и не е предвидена казна за прекршителите на ова необично правило.rnrnСепак, службениците имаат право да ве замолат да се повлечете на посебно означено место за бакнување, кое се наоѓа близу до паркингот… Вам сигурно ви звучи чудно, но на некои Британци очигледно им се видело добро смислено, па забраната ја вовеле и на дел од островот.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    9. Тајланд – казна ако сте разголен до половината додека сте зад воланот!

    rnДа ја соблечете кошулата во тропските горештини на азиската држава можеби изгледа како добра идеја, но внимавајте – казната за такво „освежување“ е 10 долари.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    10. Сингапур – строго со мастиките

    rnЏвакањето мастики, плукањето по улиците и хранењето на птиците се апсолутно забранети на островот Сингапур! Всушност, непријатности може да навлечете и ако заборавите да пуштите вода во тоалетот. Законот, кој го забранува сето ова, е донесен исклучително заради естетски причини, бидејќи не е пријатно да се шетате по улици, покриени со нечии исплукани мастики и птичји измет. Уште погрозно е да влезете во нечист тоалет…rnrnОва строго правило претрпело мали измени во 2004 година, кога било дозволено џвакањето на никотинските мастики „Nicorette“.  Но, ништо и од ова, ако со себе не го носите рецептот со кој докторот ви го препишал средството против пушење тутун. Локалните лекари пак, се задолжени да водат списоци на сите пациенти, на кои им ја препишуваат ваквата терапија.rnrnЧудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.