КАФЕ ПАУЗА

Tag: автентичност

  • 9 причини зошто луѓето се чувствуваат загрозено од вашиот карактер

    9 причини зошто луѓето се чувствуваат загрозено од вашиот карактер

    Повеќето луѓе кои се лажни или глумат некој што не се, често се чувствуваат загрозени покрај личностите кои се автентични и доследни на себе. Додека ви се чини дека некои луѓе без причина се однесуваат лошо со вас, знајте дека тоа е само рефлексијата од нивната загрозеност.rnrn9 причини зошто луѓето се чувствуваат загрозено од вашиот карактерrnrnКога сте автентични во толпа луѓе, и покрај непријатностите што ги чувствувате, и покрај стравот, можете да направите многу луѓе да се чувствуваат загрозено од вашиот карактер, бидејќи повеќето не се способни да бидат автентични. За жал, многу луѓе се менуваат во зависност од групата на луѓе во која се наоѓаат и често поставуваат маска за да ги импресионираат другите. Доколку почувствувате дека некој често ве отфрла од неговото друштво, а сепак сте автентични и љубезни, прочитајте ги следниве причини зошто е тоа така.rn

    1. Останувате доследни на вашите верувања

    rnБез разлика со кого зборувате, кога вашите верувања се нападнати, останувате доследни на нив. Вие можеби не ги наметнувате вашите верувања на другите, но кога тие се ставаат под знак прашалник, вие цврсто ги браните.rn

    2. Се издвојувате од останатите

    rnНаместо да ги следите трендовите и да се обидувате да бидете во чекор со сите, вие танцувате на ритамот на вашата музика. Вашиот стил е уникатен и не само што го претставува вашиот вкус за облека, туку го покажува и вашиот автентичен карактер.rn

    3. Вам не ви е потребно постојано друштво за да се чувствувате среќни

    rnИако уживате да бидете во друштво на други луѓе, тоа не е услов за вашиот ум постојано да се „движи“. Вие уживате со социјалните денови, но помеѓу нив, вам ви е потребно време да бидете сами за да учите и да растете. Останатите луѓе, кои не ја обожаваат убавината на тишината, може да си помислат дека вие сте асоцијални, но тие не се во право!rn

    4. Секогаш се надградувате

    rnНаместо некогаш да допрете до дното, вие продолжувате да учите и да растете. Вие уживате во подобрувањето на вашиот живот, како и на самите себе. За оние кои се задоволуваат со минимум – тие се загрозени од вас. Но, не дозволувајте да ви ја засенат светлината.rn

    5. Вие сте љубезни

    rnГи третирате луѓето со љубезност и сочувство и вистински ги сакате со целото ваше срце. Без разлика со кого зборувате, вие сте оригинални. Всушност, лажните луѓе можат понекогаш да бидат добри и љубезни, но кога маската ќе им падне, тоа не е убава слика за гледање.rn

    6. Не дозволувате останатите да преминуваат преку вас

    rnВие не започнувате расправија со некого, тоа не е ваш стил. Но, доколку некој се однесува со вас многу лошо, вие веднаш му ставате до знаење дека нема да дозволите такво однесување.rn

    7. Не ви е потребно внимание

    rnМногу луѓе имаат постојана потреба целото вниманието да биде свртено кон нив. Но, вам не ви е грижа дали луѓето ве гледаат или пак, дали ве прифаќаат. Но, сепак во повеќето случаи, тие ве забележуваат.rn

    8. На повеќето луѓе им се допаѓате

    rnВо група од 5 личности, 4 од нив ќе кажат дека им се допаѓате веднаш по запознавањето, па лажните луѓе можат да се почувствуваат загрозено.rn

    9. Имате голема вредност

    rnНаместо цело време да зборувате, вие имате многу добри карактерни особини. Вие сте самоуверени, љубезни, вложувате напори во сè што работите и имате постигнато многу. Секако дека претставувате закана за љубоморните личности.rnrnПрочитајте ги и овие 7 причини поради кои интровертните луѓе се попривлечни од останатите.

  • 3 нешта без кои ниту една жена Водолија не може да живее

    3 нешта без кои ниту една жена Водолија не може да живее

    За Водолијата тотално незамисливо е да не биде она што навистина е. Токму поради оваа карактеристична автентичност, сите сакаат да бидат во нејзина близина. Оваа жена сака да го живее животот така што нема да задоволува ничии други потреби освен своите. Таа ќе се впушта во различни видови авантури и ќе учи по пат. Водолијата е природен лидер, па затоа и ја користи оваа карактеристика за да направи позитивна промена. Па, доколку сакате да ја задржите Водолијата во својот живот, погледнете без што таа никогаш не би можела да живее!rnrn3 нешта без кои ниту една жена Водолија не може да живееrn

    1. Слобода да оди каде сака, во кое било време

    rnВодолијата е воздушен знак, па затоа е и многу желна за надворешна стимулација. Таа е свесна за својата внатрешна моќ и не постои ништо на светот што може да ја сопре во своите намери. Таа е полна со живот и сака да ги држи нештата под своја контрола. Затоа и мора да внимавате да не ја згушите, бидејќи без доволно воздух, нејзиниот пламен ќе згасне.rn

    2. Авантури зад секој агол

    rnОваа жена е свесна за својата сила, но исто така и точно знае што сака. Таа е голем визионер, па неретко без размислување создава нешто сосема различно од другите околу неа. Таа има сопствена мотивација и инспирација, па лесно ги надминува тешките предизвици и брзо расте и еволуира во личност на која сите се горди. Монотонијата ја убива.rn

    3. Независност и слободен ум

    rnВодолијата мора да биде слободна за да се чувствува добро. Таа се плаши од врзување во секој поглед. Токму затоа и често менува работни позиции и долго време ѝ е потребно да се одлучи на брак, бидејќи се плаши дека интимната близина со партнерот може да ја згуши. Тоа е и причината поради која си има прибежиште – тајно место каде што сама ќе се одмори од секојдневниот стрес и ќе ги наполни батериите за нова тура предизвици.rnrnКога сме кај Водолиите, дознајте и зошто тие се сметаат за најмудрите жени во зодијакот!

  • 5 начини како да останете најдобрата верзија од себе

    5 начини како да останете најдобрата верзија од себе

    Во светот кој брза, трча и никогаш не застанува, не е лесно да се остане искрен и автентичен кон себе и сопственото „јас“. Многу лесно можеме да ги замениме нашите ставови и да започнеме да чекориме по патот кон кој некој друг нè упатил. Завидливо ги набљудуваме туѓите животи на социјалните мрежи и ги споредуваме со нашиот, копнеејќи по романтична врска, патувања и животен стил што најчесто не се реални. Ако се препознавте во овие зборови, не грижете се, не сте единствени. Кога животот ќе ви изгледа „нестабилен“ и не сте сигурни дали живеете во „своја магија“, застанете и вдишете длабоко. Најчесто до ова доаѓа кога не се слушаме себеси и нашата интуиција, не ги следиме своите желби и не се посветуваме на работите што нè прават среќни.rnrn1-5-nachini-kako-da-ostanete-najdobrata-verzija-od-sebe-www.kafepauza.mk_rnrnДури и ако моментално не чувствувате дека живеете во „својата магија“ во наредните редови ви откриваме 5 начини како да останете најдобрата верзија од себе. Можеби некои од овие совети ќе ви изгледаат тешко применливи, односно бараат поголем труд, но верувајте ни, навистина се вредни за тоа.rn

    1. Играјте во свој ритам

    rnЗа да останете најдобра верзија од себе, пред сѐ морате да се сакате и да останете верни на личноста која сте, без разлика на тоа што е во тренд или кои стандарди вашето општество моментално ги смета како показатели за убавина, успешност во кариерата или остварена личност. Ако вашите приоритети се поразлични од приоритетите на другите луѓе околу вас, тоа е сосема во ред.rnrnНикој, ниту вашите родители, ниту пријателите, ниту еден астролог, а камоли општеството не може да ви каже каде се крие вашата среќа. Затоа гледајте на тоа вака – вие сте една личност на планетата која е баш онаква каква што сте вие. Да, сите ние сме слични на овој или на оној начин, но вие сте единствена личност која изгледа како што изгледате, која говори како вас, која чекори по улицата како вас или се смее како вас. Затоа осветлете го светот со вашата светлина и не споредувајте се со другите. На светот му е потребна вашата магија.rn

    2. Воведете мали ритуали за нега – вашата кожа ќе ви биде благодарна

    rnСега е вистинско време да започнете да ја градите иднината на вашата кожа. Сите ние живееме брзо, спиеме малку, понекогаш не ја отстрануваме шминката од лицето и потоа се чудиме од каде се појавила токму таа акна на образот, зошто нашите пори се проширени, а тенот ни е блед? И од каде тие брчки околу очите и надуените капаци? Важно е секогаш да користите и хидратантна крема со висок заштитен фактор без оглед на временските услови, бидејќи УВ зраците може да продрат низ вашата кожа и кога е облачно. Исто така, користете и посебна крема која е наменета за пределот околу очите.rnrn2-5-nachini-kako-da-ostanete-najdobrata-verzija-od-sebe-www.kafepauza.mk_rn

    3. Дружете се со луѓето што ги сакате

    rnОва делува како основен совет, но всушност премногу често ги одложуваме средбите со луѓето кои најдобро нè познаваат, кои ни помагаат да се опуштиме и да размислуваме за други работи кои немаат врска со кариерата или работите кои нè оптоваруваат, бидејќи сме презафатени. Запрашајте се, колку навистина сте зафатени, а колку работи од вашата листа со обврски може да почекаат? Не е страшно ако не ги прецртате сите десет точки кои сте ги планирале. Пријателите ќе ви го вратат еланот и позитивната енергија, па затоа не заборавајте ги.rn

    4. Пронајдете го вашиот момент на мир и тоа секојдневно

    rnСекојдневно одвојувајте од половина до еден час време за себе. Тогаш едноставно „исклучете се“. Изгасете го мобилниот телефон, известувањата, заборавате на проблемите и обврските кои ве чекаат тој ден и посветете се на себе. Без разлика дали тогаш ќе одлучите да заминете на прошетка, да возите велосипед, да трчате или да вежбате јога, пронајдете го вашиот „вентил“ кој ќе ви помогне да се обновите и да се опуштите за денот кој е пред вас.rn

    5. Разубавете го светот околу себе

    rnКако што имате работи кои ве мачат, така и другите имаат свои проблеми. За да останете најдобрата верзија од себе, обидете се да го направите животот помалку комплициран за луѓето околу вас. Бидете причина за нечија насмевка, дајте некој комплимент, понудете помош кога ќе забележите дека е потребна и бидете отворени за промени. Тие го прават животот поинтересен.rnrn3-5-nachini-kako-da-ostanete-najdobrata-verzija-od-sebe-www.kafepauza.mk_rnrnЖивотот постојано ви дава можности, а овие животни шанси никако не смеете да ги пропуштите.

  • Најавтентичните доживувања во животот: Бидете свесни за нив и ќе се чувствувате непобедливо!

    Најавтентичните доживувања во животот: Бидете свесни за нив и ќе се чувствувате непобедливо!

    Темпото на животот е забрзано, па од секојдневните обврски не успеваме да најдеме ни секунда да уживаме во малите работи, и да размислиме дали нешто ни недостасува. Малите животни моменти, и емоциите кои доаѓаат со нив, треба да го исполнуваат животот, бидејќи без разлика на сѐ, тие не можат да бидат лажни, а не можат ниту да се сокријат. Следуваат дел од најавтентичните доживувања на кои мораме да обрнеме внимание и да бидеме секогаш свесни за нив.rnrn1-10-najavtentichni-raboti-vo-zhivotot-bidete-sekogash-svesni-za-niv-i-navistina-kje-se-chuvstvuvate-posebno-www.kafepauza.mk_rn

    1. Солзи

    rnЗа поголемиот дел од луѓето солзите се одлика на тага. И нормално е да се лијат солзи кога ќе се изгуби саканата личност или некој близок, но треба да знаете дека солзите се чести и во моментите на блаженство. Бидејќи се вели дека очите се огледало на душата, тогаш солзите се оние кои ја изразуваат љубовта во нашите срца.rn

    2. Насмевка

    rnНе треба да ги спомнуваме лажните насмевки и измамниците, туку само оние кои се вистински среќни што ве гледаат, и што искрено се смеат. Насмевките имаат моќ да ја осветлат целата просторија, па затоа и овие луѓе секогаш можат да ве расположат.rnrn2-10-najavtentichni-raboti-vo-zhivotot-bidete-sekogash-svesni-za-niv-i-navistina-kje-se-chuvstvuvate-posebno-www.kafepauza.mk_rn

    3. Изненадување

    rnНајубавото чувство кое не може ништо да го замени е кога на лицето на другите луѓе ќе видите дека се позитивно изненадени. Чувството на љубов е непроценливо.rn

    4. Збунетост

    rnКога сте искрени, се случува да не можете да ги сокриете емоциите. Го знаете она чувство кога образите ви поцрвениле и кога чувствувате дека сите гледаат во вас? Токму во тие моменти излегуваат вашите вистински емоции. Кога ви е срам за нешто, треба да знаете дека тоа е само човечка емоција.rn

    5. Промени

    rnКога е нешто поразлично, не можеме а да не забележиме. Некои промени се суптилни, а други пак драстични. Секоја промена треба да ја разберете.rnrn3-10-najavtentichni-raboti-vo-zhivotot-bidete-sekogash-svesni-za-niv-i-navistina-kje-se-chuvstvuvate-posebno-www.kafepauza.mk_rn

    6. Убавина

    rnВистинската убавина не може да се сокрие. Неа можеме да ја видиме секаде, како и да ја пронајдеме дури и во наједноставните места. И тоа треба постојано да го правиме.rn

    7. Одлучност

    rnКога гледате дека некој се бори за нешто што вам ви изгледа невозможно, не може да не ве инспирира. Волјата да не се откажувате не доаѓа лесно, но ве турка нанапред.rn

    8. Радост

    rnВистинската радост се наоѓа во наједноставните работи, па сигурно ви е познато она чувство на блаженство кога ќе ја доживеете. Дури и кога ќе видите дека некој отвора поклон и се воодушевува, ви се исполнува срцето. Воодушевувањето и енергијата се заразни, а токму со ваквото чувство ќе им ги згреете срцата на другите.rnrn4-10-najavtentichni-raboti-vo-zhivotot-bidete-sekogash-svesni-za-niv-i-navistina-kje-se-chuvstvuvate-posebno-www.kafepauza.mk_rn

    9. Храброст

    rnМногу моменти во животот бараат голема храброст. Многу често е потребно да бидете храбри – и кога сте на улица, и кога правите нешто необично и несекојдневно, и кога треба да му пријдете некому.rn

    10. Љубов

    rnЉубовта е главната мотивација, само треба да научите да ја гледате во сè што правите. Треба да пронајдете љубов во пријателите, семејството, треба да ја давате на другите без услови и барања, бидејќи љубовта ве поврзува на сите можни начини, а токму тоа и ви е потребно за успех.rnrn5-10-najavtentichni-raboti-vo-zhivotot-bidete-sekogash-svesni-za-niv-i-navistina-kje-se-chuvstvuvate-posebno-www.kafepauza.mk_

  • Извадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубов

    Извадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубов

    Секој сака да најде вистинска, длабока, страсна љубов која ќе трае вечно. Зошто се чини тоа невозможно во денешно време? Колку и да ви изгледа како научна-фантастика, сосема е возможно да привлечете таков вид љубов. Но, клучот лежи во тоа што морате да бидете автентични. Автентичноста се дефинира како оригиналност или вистинитост. Со оглед на тоа, автентична личност би била онаа која е уникатна и се издвојува од останатите. Такви се впрочем сите луѓе на светот, само треба тоа да го покажете.rnrnИзвадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубовrnrnЗа жал, многу често му дозволуваме на срамот да ја надвладее нашата потреба за изразување на нашите оригинални разлики. Се стремиме кон тоа да бидеме исти како сите други за да се вклопиме, да бидеме прифатени и да оствариме поврзаност сo луѓето. Ние се прилагодуваме, менуваме и ја намалуваме нашата автентичност со тоа што ставаме маски за го скриеме нашето вистинско „јас“.rnrnИ што се случува? Успевате да се поврзете. Но, тоа не е онаа силна и значајна врска по која копнеат вашето срце и душа, затоа што не е создадена на вистински автентичен начин. Маската што ја креирате со цел да бидете прифатени само создава бариери и ве спречува да го добиете она што вистински го сакате.rnrnДали сте забележале дека кога почнувате да се гледате со некого одеднаш се однесувате поразлично? Ви се допаѓаат нови работи и ве интересираат нови активности? Нормално дека новите искуства и проширувањето на погледите се прекрасни нешта и ако запознаете некој што ќе ја зголеми и надополни вашата автентичност, само напред! Но, честопати се обидуваме да се промениме себеси или да скриеме некои работи за да бидеме прифатени и да се вклопиме во нечиј живот. Нашата силна желба за создавање љубовна врска нѐ метаморфозира и нѐ претвора во нешто друго.rnrnИзвадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубовrnrnМожеби се плашите дека ако немате исти интереси со партнерот или ако се покажете во вистинско светло ќе бидете отфрлени. Тоа е разбирливо, бидејќи нема ништо поболно од тоа да ја покажете вашата ранливост и потоа да бидете одбиени. Но, што ако целосно се вклопите во нечиј живот и развиете долга врска, можеби дури и се венчате, имате деца и по неколку години одеднаш се чувствувате исцрпено, монотоно и заробено? Како ќе се чувствувате доколку живеете во кафез што сте си го направиле самите за себе само за да бидете нешто што не сте? Морате да ја земете предвид и болката што се јавува како последица од распадот на таквата врска, недостатокот на блискост и несреќниот живот.rnrnТешко е да се префрлите од вашата навика да се вклопувате во сечиј свет до прифаќањето на вашата автентичност, но некои луѓе веруваат дека овој проблем се јавува како резултат на неурамнотeженост на вашата чакра во папочната област (соларна плексус чакра). Сигурно сте збунети и се прашувате за што станува збор.rnrnНие сме енергетски суштества. Во најстарите верски написи на Ведите, постои верувањето дека луѓето имаат седум енергетски центри, односно чакри, кои се вертикално поставени почнувајќи од основата на ’рбетот па сѐ до темето на главата.rnrnИзвадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубовrnrnАко повеќе сакате да го разберете ова од научна гледна точка, според квантната физика сите ние сме направени од енергија и сите сме поврзани преку таа енергија. Многу често, како последица од животните искуства, ние се затвораме за да се заштитиме. Кога го правиме тоа, ние ги заклучуваме нашите енергетски центри, односно чакрите. Поради тие пречки ние не можеме да ја привлечеме и задржиме љубовта што ја посакуваме.rnrnКога се чувствувате немоќни, имате проблем со ниска самодоверба или се плашите дека ќе изгледате смешно ако ја покажете вашата автентичност, тоа значи дека вашиот трет енергетски центар, односно соларната плексус чакра, е заклучен.rnrnДоколку според вас ова звучи логично и има смисла, земете ги предвид следниве 4 совети за да станете поавтентични и да заблескате со вашата појава…rn

    1. Поминувајте повеќе време на сонце

    rnВашата соларна плексус чакра е жолта исто како сонцето. Сончевата светлина може да ја балансира оваа чакра. Ставете млеко за сончање, излезете надвор и апсорбирајте сончева светлина 15 минути, секогаш кога можете.rnrnИзвадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубовrn

    2. Ослободете се од чувството на срам

    rnЗапрашајте се од што се срамите најмногу. Напишете го тоа на парче хартија и потоа изгорете го на сигурно место. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од чувството на срам и ќе ја трансформирате енергијата од срам во љубов.rn

    3. Запаметете ги и повторувајте ги следниве позитивни афирмации

    rn

      rn011

    • Јас сум моќен/на.
    • rn011

    • Јас верувам во сопственото водство.
    • rn011

    • Јас сум автентичен/на.
    • rn011

    • Јас сум моќниот креатор на мојот живот.
    • rn011

    • Јас ја користам мојата моќ за да направам позитивна разлика во светот.
    • rn

    rn

    4. Грижете се за вашиот стомак

    rnПроблемите со дигестивниот систем, црниот дроб и надбубрежните жлезди се знаци дека балансот во вашиот соларен плексус е нарушен. Неурамнотеженоста во вашето емотивно и духовно кралство создава неурамнотеженост во вашето тело. Добра идеја е да потрошите малку време за да се погрижите за вашето физичко здравје. Јадете повеќе зеленчук и помалку глутен и млечни производи.rnrnСо тоа што ќе ја ослободите вашата соларна плексус чакра, ќе можете да бидете автентични во сите животни области, особено во љубовта. Кога ќе се чувствувате сигурни и самоуверени да се покажете во вистинско светло, ќе ја привлечете вистинската личност за вас и ќе ја доживеете големата љубов која отсекогаш сте ја посакувале.

  • Чудноста е нормална: Еве зошто треба да ги прифатите вашите апсурдности!

    Чудноста е нормална: Еве зошто треба да ги прифатите вашите апсурдности!

    Да се биде чуден е привилегија во денешно време, но голем дел од луѓето не го сфаќаат тоа. Чудноста е можеби најголемата човечка дарба затоа што таа нѐ чини различни. Социјалниот притисок да се совпаднеме во која било група нѐ комформира и ограничува, но многу се ретки луѓето кои се спремни да се ослободат од комформистичките пранги. Не се плашете да се одвоите од другите, тоа ве прави уникатни, а уникатноста треба да се слави, не да се крие. Кога ќе ја прифатите својата чудност тогаш ќе престанете да се осудувате себеси и ќе бидете среќни.rnrn0-chudnosta-e-normalna-eve-zoshto-treba-da-gi-prifatite-vashite-apsurdnosti-kafepauza.mkrn

    1. Не постои нормално

    rnШто е всушност „нормално“? Тоа е концепт кој го поставува социјалната средина како некаков вид репер за прифатливо однесување. Сите сме чудни – што значи никој не е чуден. Карактерот е една голема палета од однесувања – некои луѓе се гласни, некои тивки. Некои се креативни, други се аналитични. Нема правилно и нормално, постои само природно. Сепак, она што на некому му е природно на друг не му е. Не грижете се да се совпаднете во социјалниот репер, грижете се да бидете природни.rn

    2. Она што сметате дека е чудно кај вас е всушност вашата моќ

    rnСите имаме различни карактери кои ни го даваат идентитетот што го имаме. Она што нѐ прави различни всушност е нашата скриена моќ. Можеби изгледа чудно, но можеби едноставно не сте научиле како да ја користите таа моќ. Наместо да го поминувате животот криејќи се и совпаѓајќи се во масите трудете се да се одвоите. Користете ја вашата чудност и ќе ја пронајдете вашата тајна моќ.rn

    3. Чудноста полесно се памети

    rnАко лесно се вклопувате во социјалната хиерархија, тогаш вие сте просечни и давате просечни резултати. Никој не би платил за да види нешто просечно и очекувано. Луѓето ги сакаат неочекуваните работи кои им го заробуваат погледот на еден или друг начин. Она што ви дава карактеристика на чудна личност е токму тоа што ве прави да бидете интересни затоа што вие сте нешто што другите не се. Луѓето ги помнат чудните нешта, не секојдневните.rn

    4. Светот има потреба од поголема автентичност

    rnЛуѓето се гладни и во потрага по нови идеи и нова оригиналност. Чудноста е барана затоа што е реална и искрена. Кога ќе започнете да се прифаќате со вашите чудности тогаш на луѓето околу вас им давате дозвола да го направат истото. Сите сакаме да бидеме автентични, но се плашиме да бидеме први. Искреноста им е значајна на другите луѓе. Можеби тие нема да ви го кажат тоа, но длабоко во себе го мислат. Сакаме да бидете искрени, сакаме да бидете чудни.rnrn1-chudnosta-e-normalna-eve-zoshto-treba-da-gi-prifatite-vashite-apsurdnosti-kafepauza.mkrn

    5. Целата уметност се базира врз чудни идеи

    rnСите креативни достигнувања досега – без разлика дали во музиката, во сликарството, во бизнисот или науката по дефиниција се различни и бараат нов начин на размислување – дотогаш сметан за чуден. Ова е креативната бенефиција од чудноста. Прифаќањето на чудноста ви отвора нови хоризонти и нови перспективи. Иновацијата не се случува во комфор зоната. Иновацијата се случува кога отпадниците го предизвикуваат светот со чудни идеи.rn

    6. Опирањето ве прави темни

    rnФакт е дека се чувствуваме подобро кога можеме искрено да се изразиме, па дури и да ги изразиме нашите апсурдности. Секогаш ќе постојат луѓе кои нема да го прифаќаат или нема да го разберат нашиот карактер и сето тоа е во ред, но кога ги криеме нашите уникатни карактеристики и ѝ се противиме на нашата природна чудност се чувствуваме лошо. Нашиот карактер станува темен. Исто како црната дупка која се појавува како недостаток на светлина, така и одбивањето на нашата внатрешна светлина нѐ чини темни и резултира со обратна проекција на сопственото „јас“. Чудноста е дел од вас и во ред е да ја оставите да блеска.rn

    7. Кога ќе се издвоите ќе ги најдете луѓето слични на вас

    rnМногу луѓе се плашат да излезат од социјалните граници затоа што не сакаат да бидат осудувани и да останат сами. Спротивно на вашето размислување, ако се истакнете од масите нема да бидете сами. Баш напротив, ќе најдете луѓе слични на вас. Голем број од луѓето не ги пронаоѓаат ваквите луѓе затоа што се плашат да го пуштат она што предобро го знаат и да се впуштат во авантура кон непознатото. Кога ќе ја прифатите својата чудност и кога ќе стоите зад она во што верувате, тогаш ќе ги најдете оние кои го направиле истото пред вас и ќе им служите како инспирација на оние кои треба допрва да го направат тоа.rn

    8. Секоја нова идеја на почетокот е чудна

    rnДури и најдобрите идеи на почетокот се чудни. Новата идеја е како биолошка мутација – на почетокот нема смисла, но потоа наоѓа цел и примена. Идеите се средство со кое општеството еволуира и се движи напред. Кога Хенри Форд го претставил првиот автомобил, тоа изгледало чудно и дури непотребно. Во една прилика рекол „Ако ги прашував луѓето што сакаат, ќе ми одговореа побрзи коњи.“ Наместо тоа, Форд ризикувал со дотогаш непозната идеја. Изгледало чудно, но денес автомобилите се дел од нашето секојдневие.rnrnrn

    9. Ако се криете на крај можете да зажалите

    rnФакт е дека секој се труди да се спротивстави на социјалниот притисок на свој начин. Никој не се осврнува на животот мислејќи „Посакувам да бев како другите.“ Ако го поминете животот сакајќи да бидете како другите, наместо да бидете најдобрата верзија од себеси, големи се шансите дека ќе зажалите за тоа. На крајот, да го живеете вашиот вистински живот најискрено и најреално е единственото значајно нешто.rn

    10. Светот ќе ви се покори кога ќе станете вашата вистинска верзија

    rnЛичната перцепција е многу моќно нешто. Кога се гледате како способни, тогаш и луѓето околу вас ве гледаат така. Кога ја поседувате вашата чудност и ја прокламирате како ваша силна страна, никој не може да ви суди. Изборот е ваш. Дали ќе се фокусирате да се вклопите во социјалната хиерархија или ќе ги свиткате границите на светот за тој да се совпадне со вас?

  • 40 навики на автентичните луѓе

    40 навики на автентичните луѓе

    Ние живееме во контрадикторен свет. Како деца сме поттикнати да бидеме верни на себе и да ги следиме нашите соништа, но како возрасни често сме под притисок на општеството и во тој процес знаеме да се изгубиме. Но, некои луѓе сепак ја поседуваат способноста да живеат автентичен живот. Тие се храбри и бестрашни. Тие имаат неверојатна емоционална силина и лични убедувања. Погледнете ги 40-те навики на автентичните луѓе кои можат да нè инспирираат сите.rnrn40 навики на автентичните луѓеrnrn1. Тие ги прават секојдневните активности на личен и уникатен начин.rnrn2. Тие со почит ги игнорираат инструкциите.rnrn3. Не се брзаат при разбирањето на уметноста. Но, потоа ја искористуваат предноста од нивното откритие.rnrn4. Тие работат вредно во сите аспекти на нивниот живот.rnrn5. И покрај тоа што некои од нив се сметаат за необични, тие не чувствуваат срам во однос на тоа какви се.rnrn6. Тие не се плашат од судирите. Наместо тоа, ги ценат можностите да го погледнат светот од нови перспективи.rnrn7. Тие обожаваат да имаат пријатели со разновидни позадини.rnrn8. Тие не се воздржуваат кога станува збор за споделување искрени мислења.rnrn9. Тие уживаат да бидат сами. Токму тогаш тие се слободни да ги истражуваат најдлабоките агли на нивниот ум.rnrn10. Тие се свесни за себе и знаат да се шегуваат за нивните маани.rnrn11. Тие се активни слушатели кои можат дури да ги слушнат и промените во нивната околина.rnrn12. Тие го сфаќаат фактот дека совршенството не постои.rnrn13. Тие ги знаат своите граници и никогаш не почнуваат повеќе нешта одoшто можат да постигнат.rnrn14. Тие често се навраќаат на своето минато и на изборите кои ги направиле.rnrn15. Тие се љубопитни за причините поради која нештата се случуваат.rnrn16. Тие не прифаќаат „не“ за одговор.rnrn17. Тие секогаш имаат план, со повеќе од еден резервен план.rnrn18. Интелектуалната стимулација ги возбудува повеќе од што било друго.rnrn19. Тие се проактивни и размислуваат јасно пред да преземат акција.rnrn20. Тие се тивки во сите случаи освен кога се дел од значаен разговор.rnrn21. Тие слушаат меѓу линии и наоѓаат подлабоко значење за време на „кежуал“ разговор.rnrn22. Вистински автентичните луѓе разбираат како мозокот им ги процесира информациите.rnrn23. Тие секогаш се полни со почит.rnrn24. Тие имаат голема поддршка кон себе и другите. Често охрабруваат.rnrn25. Нивниот прв впечаток за другите гледа подалеку од површната убавина.rnrn26. Тие се љубопитни и гладни за знаење.rnrn27. Тие го знаат одговорот на прашањето уште пред тоа да биде поставено.rnrn28. Тие разбираат дека секоја акција создава реакција.rnrn30. Тие наоѓаат светло и во лошите ситуации и многу ретко осудуваат.rnrn31. Тие разбираат дека автентичноста не е иста како пријатноста.rnrn32. Тие скокаат на секоја можност за нови и егзотични авантури.rnrn33. Тие носат живост секаде каде што одат.rnrn34. Тие слушаат совети, но ги прифаќаат само ако се во согласност со нивните мислења.rnrn35. Виновните задоволства им се многу важни. Тие учат преку несериозна игра.rnrn36. Тие се грижат за околината и се емпатични кон животните.rnrn37. Тие се заинтересирани за социјалните проблеми.rnrn38. Автентичните луѓе живеат во моментот.rnrn39. Тие ретко гледаат во своите мобилни телефони во јавност.rnrn40. Тие ја истражуваат нивната блиска околина.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога почнав да се сакам себеси – Чарли Чаплин

    Кога почнав да се сакам себеси – Чарли Чаплин

    Се претпоставува дека поемата „Кога почнав да се сакам себеси“, Чарли Чаплин ја напишал на својот 70-ти роденден, на 16 април 1959 година.rnrnКога почнав да се сакам себеси - Чарли ЧаплинrnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив дека секогаш и во секоја приликаrnсум на вистинското место, во вистинското време,rnи дека сè што се случува е така како што треба да биде.rnОттогаш можам да бидам спокоен.rnДенеска знам: тоа се нарекува ВЕРБА.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив колку може да биде навредливо за некојrnкога се обидувам да му ги наметнам моите желби,rnиако знам дека моментот не е вистински и дека таа личност не е подготвена за тоа,rnпа дури и тогаш кога таа личност сум јас.rnДенеска знам: тоа се нарекува ПОЧИТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnможев да препознаам дека емотивната болка и страдањетоrnсе предупредување да не живеам против сопствената вистина.rnДенеска знам: тоа се нарекува АВТЕНТИЧНОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпрестанав да копнеам за друг животrnи можев да видам дека сè околу мене беше повик за растење.rnДенеска знам: тоа се нарекува ЗРЕЛОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпрестанав да се лишувам од моето слободно време,rnпрестанав да планирам грандиозни проекти за иднината.rnДенеска го правам само она што ми причинува задоволство и радост,rnона што го сакам и заради кое моето срце се смее.rnГо правам на мој начин, со мое темпо.rnДенеска знам: тоа се нарекува ИСКРЕНОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпобегнав од сè што не е здраво за мене,rnод јадења, луѓе, работи, ситуации…,rnод сè што ме влечеше надолу и ме оттргнуваше од самиот себе.rnНа почетокот тоа го нарекував „здрав егоизам“,rnно денеска знам: тоа е ЉУБОВ КОН САМИОТ СЕБЕ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпрестанав да сакам секогаш да сум во право,rnа на тој начин помалку грешев.rnДенеска знам: тоа се нарекува СКРОМНОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnодбив да живеам во минатотоrnи да се грижам за мојата иднина.rnЖивеам овде и сега.rnДенеска знам: тоа се нарекува СВЕСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnвидов дека моите мислиrnможат да ме направат мизерен и болен.rnНо, кога моите мисли побараа сила од срцето,rnмојот ум доби важен партнер.rnДенеска знам: тоа се нарекува МУДРОСТ НА СРЦЕТО.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив дека нема потреба да се плашиме од дискусии, конфликти и проблеми,rnбидејќи дури и ѕвездите понекогаш се судираат,rnно потоа создаваат нов свет.rnДенеска знам: тоа се нарекува ЖИВОТ.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.