КАФЕ ПАУЗА

Tag: Австралија

  • Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребен

    Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребен

    Големиот корален гребен е најголемиот морски гребен во светот, познат по својата природна убавина, однадвор и однатре. Гребенот, кој претставува огромна атракција за туристите од сите делови на светот е едно од Седумте природни светски чуда. Тој е лоциран во Коралното море, на брегот во Квинсленд, во северно-источна Австралија.Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребенТој всушност претставува комбинација од над 2.900 посебни корални гребени и 900 острови, се протега на површина од 344.400 квадратни километри, а е долг над 2.900 километри. Тој е поголем од Кинескиот ѕид и може да се види од вселената. Гребенот е најголемата постоечка структура составена од живи организми. Се смета дека во него има 350-400 видови корали, милијарди малечки организми, познати како корални полипи и разнообразни други морски животинки.Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребенВо 1975 година владата оформила тело кое се вика Морскиот парк на Големиот корален гребен (GBRMPA), кој оттогаш па наваму, го ограничува туризмот, риболовот и пловењето од страна на посетителите, сè со цел да се сочува и заштити гребенот. Други видови штета кои можат да му се случат на Големиот корален гребен се преливање на водата, побелување на коралите како резултат на климатските промени и цикличното труење на морските грабливци од страна на морските ѕвезди т.н. Круна од трње, кои шират отров.Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребенОвој гребен е многу популарна дестинација за туристите, особено за оние кои доаѓаат од островите Витсандеј  и градот Кернс. Туризмот е важна економска активност, од која земјата заработува 1 милијарда долари годишно.Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребен Доколку сакате повеќе да се информирате за ова неверојатно чудо на природата, погледнете го видеото.rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Изнајмете го островот во форма на срце

    Изнајмете го островот во форма на срце

    Сопственик на овој прекрасен остров во форма на срце е Сер Ричард Бренсон, газдата на „Virgin Group“. Островот се наоѓа на реката Носа во Австралија и е наречен „Makepeace“.rnИзнајмете го островот во форма на срцеДо него лесно се пристапува со бротче или со хеликоптер, а Бренсон го има купено во 2003 година со цел неговите вработени од Австралија да го употребуваат како еколошки центар за ритрит. Денеска секој може да помине неверојатен одмор на овој остров распослан на 25 ара, на кој истовремено луксузно можат да се сместат 22 гости. Цената на ноќевање за еден човек изнесува 8.000 американски долари, а за тие пари ќе добиете уживање во огромниот базен, вилата направена од бамбус, раскошната градина, тениските игралишта, барот, сауната и прекрасните плажи.Изнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеВо вилата од бамбус има 3 огромни апартмани, а на островот има и уште 3 дополнителни помали вили. Градината и ентериерот насекаде низ островот изобилува со прекрасни скулптури, специјално дизајниран индонезиски мебел, џакузи од вулкански карпи и украсно осветлување.Изнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срце
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Животинско кралство (Animal Kingdom)

    Животинско кралство (Animal Kingdom)

    Филм за работите кои немаме право да ги избираме, како што е семејството и што кога тоа ќе се сврти против насrnrnЖивотинско кралство (Animal Kingdom)Режија: Дејвид МишоrnrnИграат: Бен Менделсон, Гај Пирс, Џејмс Френчвил, Џеки ВиверrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 јуни 2010rnrnЖанр: трилер, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnНема милост за тебе ако си дел од лавовското стадо. Доколку и наштетиш на групата, па и ако си мал лав, таа ќе се сврти против тебе. Биди сигурен во тоа. Ти останува само да се браниш. Дали ќе бидеш изеден или ќе излезеш само со гребнатини, ќе покаже твојата игра. Можеби ви изгледа дека оваа рецензија е наменета за документарен филм од програмата на Animal Planet, но грешка сте. Токму на овие сурови животински принципи функционира и семејството Коди кое е предмет на вивисексција во австралискиот трилер „Животинско кралство”. Сурово, да. Но за да преживееш, ти останува само да се соочиш.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    Приказна: Џошуа Коди (Џејмс Френчвил) е тинејџер чија мајка умира од предозирање со хероин. Прва сцена: тој и мајка му седат пред телевизорот, а на екранот „тече“ некој австралиски квиз. Мислиш сè е во ред, обичен ден во семејството. Но сликата на мир се крши кога влегуваат болничарите и тогаш сфаќаме дека жената е всушност мртва. Нема плач, нема емоци, сè е толку рамно, тивко, линеарно што просто боли. Оставен сам на себе, Џошуа одлучува да исконтактира со семејството на мајка си од кого таа го чувала понастрана целиот нејзин живот. Тогаш почнува неговата приказна во семејството Коди.

    rn

    На чело со чопорот е бабата на Џошуа, Џенин (Џеки Вивер) која под свое крило ги има тројцата браќа: Ендрју, кој е ограбувач, Дарен, кој, пак, е на почеток на својата ограбувачка кариера и Крег, дилер со дрога. Џенин се чини дека е вљубена во своите момци, некако инцестуозно. Не оди до крајност, но некако секоја сцена меѓу неа и нејзините синови по малку ве наежува. Во семејството Коди се шмрка кокаин на маса, се чистат пиштоли со кујнската крпа, а Џошуа е новодојденецот кој треба да стане дел од стадото. Сè тргнува во погрешен правец (ако и некогаш било на вистинскиот) откако најдобриот пријател и соработник на Ендрју, Бери (Џоел Едгертон) кој практично е дел од семејството, ќе биде застрелен од полицијата. Тоа повлекува серија луди одмазднички акции кои прават турбулентни промени во семејството Коди.Животинско кралство (Animal Kingdom)„Животинско кралство“ е свеж филм во повеќе аспекти. Станува збор за режисерско деби на Дејвид Мишо кој досега, пред сè, пишувал сценарија. Актерите, пак, не се толку експонирани освен можеби Гај Пирс („Мементо”, „Говорот на кралот”, „Л.А. Доверливо”). Сепак, и покрај тие ризици, станува збор за одлично обликувано кинематографско парче. Забележлива е изведбата на Џеки Вивер која е номинирана за најдобра споредна улога на претстојниот Оскар. Таа портретира „лавица“ која се чини дека е нежна и грижлива, но нејзиниот поглед кажува дека би ги забила своите канџи во секого, па дури и во својот внук, само за да ги зачува синовите. Нејзината прегратка е нежна, нејзиниот збор е утешителен што те прави за момент да се почуствуваш сигурен, дури и кога ти е тешко да се свртиш кон неа. Но, острата канџа доаѓа одзади. Животинско кралство (Animal Kingdom) Кинематографија: Начинот на кој „Животинско кралство” е снимен и музиката во позадина создава илузија на константен притисок, неизвесност… не знаеш што следува, но треба да се пазиш. Атмосфера на непредвидливост, како да си младенче кое пие вода во саваната и сосема можно е некој посилен од никаде да се нафрли врз тебе. Сепак, драматични (хорор) пресврти не се дел од овој филм. Повеќе или помалку, сè е некако мирно, па дури понекогаш и реакциите на големите настани (како смрт) се толку благи, што е надвор од што било, што може да се нарече нормално. Станува јасно дека ова е приказна за група (поголеми или помали) социопати. Па, не може да се очекува нормалност.Животинско кралство (Animal Kingdom)Кога и како да го гледате: „Животинско кралство” е вечерен филм, всушност секој филм за дрога и оружје е вечерен. Ова не е релаксиран филм, па не го пуштајте кога сакате да се олабавите по напорниот ден и  да му дадете на мозокот „филмска оаза“. Имајте предвид дека е пропратен со одредена тензија. Инаку, не дека некоја сцена е толку сурова што ќе ве извади од памет, сме виделе и повеќе. Поради присуството на оружје и дрога, подобро е „Животинско кралство” да не го гледаат деца.Животинско кралство (Animal Kingdom)

  • Накит инспириран од храна

    Накит инспириран од храна

    Дизајнерката Lucky Folk од Австралија ја спојува храната со златото и среброто во нејзината колекција од накит. Морската храна е нежно ланче, тестенините се обетки, солените переци – прстени и елегантни брошеви. Вели дека мексиканската кујна за неа била главна инспирација. Љубителите на храната дефинитивно ќе уживаат во оваа колекција, достапна во Австралија.Накит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од хранаНакит инспириран од храна

  • Највисоките луди железници во светот

    Највисоките луди железници во светот

    Првата луда железница (rollercoaster) е направена во далечната 1885 година. Од тогаш до денеска нивната еволуцијата е во постојан раст. Сопствениците на најголемите забавни паркови во светот знаат што треба за да се победи конкуренцијата, па така ги создаваат овие грандиозни зданија за луда забава. Иако, можеби нема да дочекаме да видиме нешто слично кај нас, сепак можеме да погледнеме кои се најголемите луди железници во светот.rn.rn

      rn011

    • rn

      #5. Millennium Force

      rn

    • rn011

    • Забавен Парк: Cedar Point
    • rn011

    • Локација: Охајо, САД
    • rn011

    • Висина: 94 метри
    • rn

    rnНајвисоките ролеркостери во светотИскомбинирана од рамни и брзи делови, со ненадејни кривини и превртувања, нуди неверојатно доживување од кое ќе врискате без престан. Иако започнува со брзина од скромни 24 километри на час, по спуштањето од највисоката точка, развива брзина до 150 километри на час. Притоа, за време на возењето ќе имате поглед кон прекрасното езеро Ири.rn.rn

      rn011

    • rn

      #4. Steel Dragon 2000

      rn

    • rn011

    • Забавен Парк: Nagashima Spa Land
    • rn011

    • Локација: Нагашима, Јапонија
    • rn011

    • Висина: 97 метри
    • rn

    rnНајвисоките ролеркостери во светотОфицијално беше отворена во 2000 година, година на змејот во Азија, и оттогаш е главна атракција во овој парк. Претставува рекордер поради фактот што е најдолгата луда железница која користи подигање на синџир (2 479 метри). Може да развие 154 километри на час, што е сосема доволно да ви подзастане срцето.rn.rn

      rn011

    • rn

      #3. Tower of Terror II

      rn

    • rn011

    • Забавен Парк: Dreamworld
    • rn011

    • Локација: Квинсленд, Австралија
    • rn011

    • Висина: 115 метри
    • rn

    rnНајвисоките ролеркостери во светотЗа првпат беше пуштена во употреба во 1997 година и, по реновирањето, повторно отворена годинава. Таа е единствената која се наоѓа помеѓу првите луди железници, а не е од САД или Јапонија. Со брзина од 160 километри на час се искачувате до највисоката точка и потоа со истата брзина паѓате наназад по истиот пат по кој сте дошле.rn.rn

      rn011

    • rn

      #2. Top Thrill Dragster

      rn

    • rn011

    • Забавен Парк: Cedar Point
    • rn011

    • Локација: Охајо, САД
    • rn011

    • Висина: 130 метри
    • rn

    rnНајвисоките ролеркостери во светотКога беше направена во 2003 година, се појави како највисоката, најбрзата и најстрмната на светот, сѐ додека не се појави првата на оваа листа. Развива брзина од 0 до 193 километри на час за само 3.8 секунди, а полукружниот лак кој се наоѓа на највисоката точка од 130 метри само ја надополнува возбудата.rn.rn

      rn011

    • rn

      #1. Kingda Ka

      rn

    • rn011

    • Забавен Парк: Six Flags Great Adventure
    • rn011

    • Локација: Њујорк, САД
    • rn011

    • Висина: 139 метри
    • rn

    rnНајвисоките ролеркостери во светотЛудата железница која го имаше своето деби во 2005 година, ги урна сите рекорди. Не само што е највисока, со 139 метри, туку е и најбрзата, со максимална брзина од 206 километри на час, а оваа брзина ја достигнува за само 3.5 секунди. По искачувањето до врвот со толкава брзина, следува спуштање по извртена шина која води за надоле, а притоа брзината останува непроменета.rnНајвисоките ролеркостери во светот