КАФЕ ПАУЗА

Tag: Австралија

  • Фотографии со плажи сликани од птичја перспектива

    Фотографии со плажи сликани од птичја перспектива

    Фотографот Грај Милин, патува околу светот од САД, до Бразил, па до Австралија за да ги фотографира најубавите плажи од височините на небото, додека лета со хеликоптер.rnrnФотографии со плажи сликани од птичја перспективаrnrn rn

    „Одозгора, едноставните плажи и базени добиваат друга димензија, која ми овозможува да го гледам светот од уметничка перспектива. Луѓето и предметите на плажите формираат интересни облици за фотографирање. Моите дела се визуелна прослава на боите, светлината, формите и летниот блескот.“

    rnФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаФотографии со плажи сликани од птичја перспективаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите плажи од списанието „Sports Illustrated“

    Најпознатите плажи од списанието „Sports Illustrated“

    Секоја година во февруари излегува нов број на модното списание специјализирано за костими за капење, „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Фотографиите се прават на најегзотичните места ширум светот, а ова се плажите кои се нашле на насловните страници. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Шарк Беј, Австралија

    rnШарк Беј е прекрасна плажа која се наоѓа северно од Перт. Црвените песочни дини, тиркизната вода и делфините привлекуваат илјадници туристи годишно. Во 1985 година, „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ ја донесе Полина Поришкова во Шарк Беј, каде што младиот модел позираше за нејзината втора насловна страна. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Мауи

    rnМауи е вториот најголем хавајски остров познат белите песочни плажи и кристално сината вода. На Мауи можете да уживате во неповторливата глетка на изгрејсонцето преку вулканската карпа Халеакала. Овој остров беше одлично место за насловната фотографија од ланскиот број на Sports „Illustrated Swimsuit Issue“, кога позираше рускиот модел Ирина Шеик. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Домениканска Република

    rnДомениканската Република претставува прекрасна мешавина од шпанска, африканска и локална култура, храна и историја. Таа го дели островот Хиспаниола заедно со Хаити. Прекрасните доменикански плажи може да ги видите во „Sports Illustrated Swimsuit Issueод 1987 година, кога на насловната страна се најде популарната Ел Макферсон. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Фангнга Беј, Тајланд

    rnЗаливот Фангнга се смета за национално богатство на Тајланд, поради што тајландската влада сака Обединетите Нации да го прогласат ова место за светско културно наследство. Во далечната 1988 година, Ел Макферсон се појави уште еднаш на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, овој пат позирајќи на карпестото крајбрежје во близина на Пукет. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Сејшелите

    rnРомантичните Сејшели сместени во Индискиот Океан претставуваат одлично луксузно засолниште за љубителите на нуркањето и риболовот. Овие острови имаат тропска температура во текот на целата година, а во 1979 година песочните плажи на Сејшелите се најдоа на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ заедно со моделот Кристи Бринкли. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Ланзароте, Шпанија

    rnВо 1992 година Шпанија беше во центарот на вниманието на светската јавност, не само заради Олимписките игри кои се одржаа таа година во Барселона, туку и заради вулканскиот остров Ланзароте, познат по плажите Плаја Бланка и Пуерто дел Кармен, кој заедно со американскиот модел Кети Ајленд се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Јамајка

    rnЗемјата на реки и потоци, како што уште се нарекува Јамајка, во 1983 година ја красеше насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Американскиот модел Шерил Тигс беше фотографирана под водопадите на реката Дан, во близина на гратчето Очо Риос. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Кенија

    rnВо 1982 година, американскиот модел Керол Алт, се најде на насловната на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, позирајќи на зајдисонце, на коралниот крајбрежје на Кенија, облечена во црвен костим за капење. И додека синооката убавица беше во преден план, во позадина се протегаше Индискиот Океан по кој пловеа белите едрилици. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Јужна Африка

    rnНајвпечатливите места во Јужна Африка, пустината Калахари, африканските резервати и полуостровот Кејп, се места кои не само што се привлечни за туристите, туку и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Во 1996 година, американската манекенка Тајра Бенкс, облечена во бикини со леопардски принт, беше фотографирана токму на овие места кои подоцна се најдоа на насловните страници. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Бахамите

    rnВодата околу Бахамските Острови е толку бистра што можете да гледате на длабочина до 70 метри. Заради тоа, Бахамите се најпосакувана дестинација за нуркање и пливање. Во 2005 година, Бахамите беа најпосакувана дестинација и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, па затоа се најдоа на насловната страна, заедно со американскиот модел Каролин Марфи. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Козумел, Мексико

    rnВо далечната 1964 година, на насловната страна на првиот број на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ се појави германката Бабет Марч која, облечена во скромни бели бикини, позираше на островот Козумел, кој се наоѓа источно од мексиканскиот полуостров Јукатан. Тогаш Козумел беше ново и сè уште неоткриено место, а денес неговите гребени се заштитени заради ретките видови на риби кои егзистираат тука. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Бора Бора

    rnБора Бора е синоним за рајски остров со бели песочни плажи и кристална сина вода. Тропскиот амбиент кој е карактеристичен за Бора Бора, во 1986 година придонесе овој остров да се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, кога на бескрајните песочни плажи се најде Ел Макферсон. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Малдиви

    rnМалдивите беа одбраната дестинација која се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1998 година, кога Хајди Клум беше во фокусот на насловната фотографија. Пријатните температури во текот на целата година и недопрената природа ги прават овие корални острови и денес едни од најубавите места на земјата. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Аруба

    rnПалм Бич, Игл Бич и Бејби Бич се најжешките точки на карипскиот остров Аруба, објавени на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1984 година. Полина Поришкова уште еднаш се фотографираше за ова списание, но овој пат позираше на островот Аруба кој некогаш беше холандска колонија. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Барбадос

    rnНекогашна британска колонија, а денес веќе независна држава, островот Барбадос е идеален за оние кои ги сакаат топлото време, мирната вода и песочните плажи, од кои најпознати се плажите Браунис и Брендонс, лоцирани околу главниот град на Барбадос. Во 2003 година, чешкиот модел Петра Немцова позираше на Барбадос за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Сент Џон, Американски Девствени Острови

    rnДве третини од островот Сент Џон отпаѓа на националниот парк, што прави овој остров да биде беспрекорен. Плажите се мирни, песочни и се протегаат долж целиот северен брег. Во 2008 година, на овој остров, американскиот модел Мариса Милер беше фотографирана за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Бермудите

    rnБританската традиција оставила голем печат врз културата на Бермудските Острови. Попладневниот чај и голфот се само дел од многуте атракции кои ги нудат Бермудите. Дел од шармот на овие острови е и ограниченото возење кое се сведува само на велосипеди и скутери. Можеби тоа ја привлече и Даниела Пестова која се фотографираше на Бермудите за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ од 1995 година. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Тунис

    rnИако северниот дел на Африка е политички доста нестабилен и небезбеден за патување, тимот на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ одлучи во 2001 година мексиканскиот модел Елза Бенитез да биде фотографирана на медитеранското крајбрежје во Тунис, за насловната страна на списанието. Тунис е посакувана туристичка дестинација заради посебната мешавина од берберска, арапска, римска и феникиска култура и заради прекрасните крајбрежни плажи. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Канкун, Мексико

    rnМексиканската ривиера на Маите се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1975 година, кога моделот Шерил Тигс повторно беше одбрана да биде во фокусот на насловната фотографија, овој пат позирајќи на плажите во Канкун. Освен заради рајските плажи, Канкун е привлечен за туристите и заради многубројните спортови на вода, рушевините од храмовите на Маите и луксузните одморалишта. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustrated
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најтоплите места на Земјата

    Најтоплите места на Земјата

    Во потрагата по спас од летните горештини во Македонија, внимавајте да не завршите на некоја од следните дестинации: :)rn

    1. Азија

    rnСо измерени 70,7 степени Целзиусови, пустината Лут во Иран е најжешкото место во светот. Толку е жешко, што ни бактериите не можат да виреат. Во едно од истражувањата, на овие температури било оставено отворено стерилизирано млеко, кое и по неколку дена не било расипано. После ова Лут е прогласена за абиотска зона. Пустината е опкружена со планини и е дом на најголемата песочна пирамида во светот.rnrnУлтражешко азиско лето има и градот Тират (Tirat Tzvi) во Израел, каде живата во термометрите се искачува до 53,7° С.rnrnНајтоплите места на Земјатаrn

    2. Африка

    rnНајвисоката температура на континетот е регистрирана во градот Ел Азизија, Либија. Таму на 13 септември 1922 година се измерени 57,8 степени Целзиусови.rnrnНајтоплите места на Земјатаrn

    3. Северна Америка

    rnДолината на смртта пак, го држи рекордот за највисока температура во западната хемисфера. На 10 јули 1913 година, таму се измерени 56,7° C, малку под највисоките температури во Либија. Долината на смртта е дел од пустината Мохаве во Источна Калифорнија, САД. Таа е позната како едно од најниските, најсувите и најжешките места во Северна Америка.rnrnНајтоплите места на Земјатаrn

    4. Австралија

    rnОвде летата се навистина жешки и достигнуваат температури до 47° C. Но, оваа граница е драстично надмината во 2003 година, во државата Квинсленд, кога биле измерени 68,9° C. Меѓу најжешките места на континетот е и грaтчето Однадата во Јужна Австралија. Таму на 2 јануари 1960 година, живата во термометрите се искачила на 50,7° C.rnrnНајтоплите места на Земјатаrn

    5. Европа

    rnОбидете се да прошетате во центарот на Севиља, Шпанија, напладне во месец јули и ќе дознаете што значи да се живее во најжешкото место во Европа. Таму во летниот период температурите несомнено се искачуваат до 40° C, со исклучок на 4 август 1881 година, кога во градот е регистриран најтоплиот ден на континентот, со измерени 50° C.rnrnНајтоплите места на Земјата

  • Најубавата плажа во светот

    Најубавата плажа во светот

    Плажата „Whitehaven“ е дефинитивно најубавата плажа во светот. Се наоѓа на островот Whitsunday, североисточно од Австралија. Оваа плажа мора да се види, пред сè поради кристално чистата вода и снежно-белиот песок кој едноставно мами да го допрете и почувствувате.rnrnrnrnОваа неодолива плажа се протега во должина од 7 километри. Само што ќе пристигнете и ќе ја видите, ќе знаете зошто е една од најфотографираните плажи во светот. Има добиено повеќе награди, за најубава плажа, најпријателска плажа, а во 2010 година го доби признанието за нај-еко плажа од CNN.rnrnrnrnПокрај неверојатно проѕирната вода, оваа плажа е позната и по песокот кој има снежно-бела боја. Тајната за оваа боја лежи во составот на песокот, кој содржи дури 98% силициум диоксид. За разлика од обичниот песок, овој песок не задржува топлина, така што слободно можете да се опуштите и да пешачите на плажата со саати.rnrn

  • Волшебен природно осветлен блескаво-син брег

    Волшебен природно осветлен блескаво-син брег

    Сите ние сме виделе сини животинки во морските длабочини, но ништо слично на ова. Астрофотографот Фил Харт успеал да го фати овој волшебно-блескав, но природен феномен и притоа да направи прекрасни фотографии. Блескаво-сината светлина, т.н. биолуминесцентен ефект е дефанзивна реакција на микроорганизмите во езерото Гипсланд во Австралија. Нивниот светлосен ефект е сличен на оној кој го предизвикуваат сините медузи во водите на брегот на Британска Колумбија.Волшебен биолуминисцентен брегОвие мали суштества се наречени Noctiluca scintillans, а попознати се како „морски блесок“. Тие емитуваат светлосина светлина со цел да ги предупредат локалните алги за нарушувањето на мирот. Во суштина, секое движење на водата ќе резултира со ваков одговор. Без разлика дали мали дечиња си играат во водата или пак водата природно се бранува, овие микроорганизми ќе емитуваат светлина во околината. Овие непаразитски суштества можат да се најдат на повеќе локации низ светот, но сликите на Харт се единствени и исклучително живописни.rn.rn

    „Биолуминесценцијата предизвика огромно внимание. Фотографиите се направени за време на летен камп, кога заедно со моите пријатели си поминувавме одлично во вечерите, играјќи и експериментирајќи со фотографски идеи. Но, штом излезе месечината по неколку дена, светлината сè потешко се забележуваше. Копнееме по денот кога ќе можеме пак да ја видиме светлината на истиот начин, но за тоа може да помине доста време,“ – изјавува Харт.

    rnПриказната на Харт за тоа како овие микроорганизми завршиле во Австралија е фасцинантна. Несомнено, треба да му заблагодариме за овие прекрасни фотографии.Волшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храбар Дедо Мраз им носи подароци на тигри во Зоо

    Храбар Дедо Мраз им носи подароци на тигри во Зоо

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnДа се биде Дедо Мраз и не е толку лесна работа. Неговиот најголем страв повеќе не е дали ќе успее да им однесе подароци на сите, туку дали тоа ќе го стори без да настрада. Храбар Дедо Мраз им носи подароци на тигри во ЗооОвој храбар Дедо Мраз, лично и без ниту една гребнатинка, им подари играчки, храна и млеко на суматранските тигри Баши и Сунита, кои живеат во зоолошка градина во Австралија. Внимателно избегнувајќи ги канџите на овој загрозен вид мачки, успева дури и да ги нахрани.Храбар Дедо Мраз им носи подароци на тигри во ЗооХрабар Дедо Мраз им носи подароци на тигри во Зооrn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко дело

    Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко дело

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnДали би прифатиле ваков предизвик? Дали би украле, ако знаете дека добро ќе се „офајдите“, а за тоа нема да одговарате пред законот? Или да речеме дека копнеете по нечија уметност, а таа може да биде ваша единствено ако ја украдете. Не да ја купите, не да ја освоите, туку буквално да ја украдете.Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко делоТаква чудна можност нуди синџирот хотели „Art Series“. Ги повикува гостите за момент да се претворат во вешти крадци на оригиналното уметничко дело „No Ball Games”, вредно 15 илјади долари. Делото е на мистериозниот и контроверзен британски цртач на графити, Бенкси и во моментот виси на ѕид во еден од хотелите.Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко делоВо предизвикот наречен „Укради го Бенкси“ ќе може да се вклучи секој што ќе одлучи да преноќи во хотелите на „Art Series“. Ако успее да ја пронајде сликата и да ја симне од ѕидот без да биде забележан, ќе може и да ја задржи. Но, ако некој го види додека се обидува да ја изврши кражбата, тогаш ќе мора да ја врати назад и да се задоволи единствено со остатокот од удобниот престој во хотелот.Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко делоОваа несекојдневна идеја на „Naked Communications“ која гласи „Остани ноќта, укради го делото“ е маркетиншки трик за привлекување гости во „Art Series“,  кој располага со три објекти во овој стил, лоцирани  во Мелбурн.  Делото ќе ротира во секој од нив, сè додека некој од гостите не го украде. Можност да станат негови сопственици ќе имаат цели три месецa.Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко делоЗа идентитетот на авторот на делото Бенкси, засега само малку се знае. Тој е еден од најпознатите улични уметници, кој работи под псевдоним. Роден  е во 1970 година во Бристол, Англија и до ден денеска црта во сенка. Познато е дека бил обучуван за касап и дека најверојатно е син на сервисер за фотокопири, а со овој вид уметност почнал да се занимава откако му се приклучил на графичкиот бум во 80-те. Во еден од извештаите на Би-Би-Си, кој се однесувал на графитите, Бенкси бил наречен „уметнички терорист“.Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко делоИнаку, групацијата хотели „Art Series“, овој маркетиншки потег одлучила да го реализира мотивирана од еден инцидент поврзан токму со уметноста на Бенкси. Се работи за кражба во која бил откорнат дел од ѕид со негов графит, а кој подоцна бил продаден преку E-Bay за 20 илјади фунти. Дополнителен мотив било и тоа што во Австралија кражбите се вистинска реткост. Во некои ресторани, со  цел да привлечат внимание и гости, сопствениците нуделе пари за успешна кражба во просторијата.rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Извонредните Валаманови водопади

    Извонредните Валаманови водопади

    Во самото срце на прашумата, низ малку накосена падина се извива Камениот поток, пробивајќи се низ испреплетените дрвја и грмушки. Од ниските палмови листови капе роса што се собира во текот на ноќта, а високо горе низ листовите се пробива утринското сонце. Насекаде во шумата се слушаат гласовите на какаду, што најавуваат уште дожд. Колку е побрз водотекот, толку во кривулестите води на потокот има повеќе вртлози.Извонредните Валаманови водопадиИзвонредните Валаманови водопадиОваа шума се наоѓа во источна Австралија во близина на градот Игнам. Потокот се спушта низ клисурата и паѓа во реката која е 278 метри пониско. Тоа се Валамановите  водопади – голема и тенка сребрена лента од вода. Камениот поток е еден од многубројните потоци што извираат на крајбрежјето на Северен Квинсленд и се влеваат во реката Херберт.Извонредните Валаманови водопадиИзвонредните Валаманови водопадиТука, на најјужниот агол од австралиската прашума, живеат повеќе растителни и животински видови отколку на кое било друго место. Најкарактеристични се заспаниот опосум, големата зелена гаталинка, како и питоните кои се долги по 20 метри.Извонредните Валаманови водопадиИзвонредните Валаманови водопадиИма и огромен број птици, инсекти и разни други животинчиња. Ова е земјата на клунарот, кој претставува цицач со големина на мачка што несе јајца. Тој е меѓу ретките цицачи што се размножува со јајца.Извонредните Валаманови водопадиИзвонредните Валаманови водопадиrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Црвеното срце на Австралија

    Црвеното срце на Австралија

    Улуру или Ајерс рок е масивна портокалово-кафена песочна карпа која се наоѓа точно во средишниот дел на Австралија. Лоцирана е на 450 км југозападно од најблискиот голем град Алис Спрингс. Оваа карпа која нагло се возвишува во сува рамница настанала како резултат на песочните наноси кои ветрот ги носел со векови, поточно пред 680 милиони години. Карпата е долга 3,6 км, широка 3 км, а висока 348 м.Црвеното срце на АвстралијаУлуру преставувало свето место за Абориџините, австралиските домородци. Денес Улуру претставува еден од многубројните национални симболи на Австралија. На долниот дел од карпата има голем знак со кој се замолуваат луѓето да не се искачуваат по неа, бидејќи античките традиции и верувања не го дозволуваат тоа. Но, тој знак реално не ги спречува луѓето дури ни на жешкото време да се искачуваат по стрмната карпа. За да се минимизира бројот на несреќи, поставени се огради на кои авантуристите можат да се придржат ако се лизнат. Црвеното срце на АвстралијаВо знак на сеќавање на оние кои починале обидувајќи се да се искачат на брдото, направени се плочи со нивните имиња.rnЦрвеното срце на АвстралијаОваа вдлабнатина е дело на природата, а потсетува на лице на домородец во профил.Црвеното срце на АвстралијаЦрвеното срце на АвстралијаНавечер, кога карпата „спие“, ја менува својата боја. Поточно, во текот на денот, таа неколку пати ја менува својата боја, во зависност од интензитетот на светлината од Сонцето.Црвеното срце на АвстралијаПокрај оваа карпа има мало езерце, кое се оформило со насобирање вода од дождовите низ каналите на карпата.Црвеното срце на АвстралијаОва е погледот кон карпестите планини Kata Tjuta, кои се наоѓаат на 50 км од Улуру, а се дел од истиот национален парк „Uluru Kata Tjuta“.Црвеното срце на АвстралијаЦрвеното срце на Австралија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Фантастична куќа на едно ниво

    Фантастична куќа на едно ниво

    Оваа куќа е одлична за во неа да се смести едно големо семејство. Нејзиниот модерен изглед и комфор овозможуваат уживање во секој поминат миг во неа. Изработена е од компанијата „SJB Architects“ од Австралија, а лоцирана е во малото гратче Шорехам, кое се наоѓа јужно од Мелбурн.Фантастична куќа на едно нивоПрекрасната природа околу неа, може да се види од огромните прозорци во секоја просторија од куќата. Покрај неколкуте спални соби, големата кујна, дневната и работната соба, во неа има и голем базен, кој практично се наоѓа на еден од балконите. На средината од куќата има трпезарија на отворено и простор со сепариња за уживање со добро друштво. Прекрасна е зарем не?Фантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно нивоФантастична куќа на едно ниво

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn